КАФЕ ПАУЗА

Tag: друштво

  • Хороскопски знаци што тешко се снаоѓаат во ново или во големо друштво

    Хороскопски знаци што тешко се снаоѓаат во ново или во големо друштво

    На многу луѓе им е тешко да се опуштат во ново или во големо друштво, но постојат и поединци кои веднаш се вклопуваат во друштвото и лесно комуницираат со нови луѓе. Одредени хороскопски знаци особено тешко се справуваат во друштвени ситуации, непријатно им е да се опуштат пред другите и не знаат како да се однесуваат. Овие хороскопски знаци едноставно се избезумуваат кога се наоѓаат во поголемо или во ново друштво.rnrnХороскопски знаци што тешко се снаоѓаат во ново или во големо друштвоrn

    1. Девица

    rnДевицата може да биде премногу самокритична и да мисли дека сите околу неа ја осудуваат. Бидејќи постојано го мислат тоа, на овие личности им е непријатно кога се во поголемо друштво. Кога Девицата се чувствува непријатно, обично кажува нешто погрешно, дури и ако однапред размислувала што ќе каже. Припадниците на овој хороскопски знак едноставно не можат да се опуштат и да бидат тоа што се.rn

    2. Риби

    rnРибите се чувствуваат непријатно во поголемо општество затоа што се премногу нурнати во сопствените мисли. Тие фантазираат додека луѓето околу нив разговараат и кога конечно ќе се вклучат во разговорот, не можат да сфатат за што разговараат останатите. Кога некој се потсмева со нив, Рибите не знаат како да се однесуваат, па се чувствуваат непријатно. Личностите родени во овој хороскопски знак обично се индивидуалци и затоа им е тешко да се вклопат во ново опкружување.rn

    3. Јарец

    rnНе е невообичаено Јарците да се чувствуваат како да не се во чекор со со своите врсници. Тие ги сакаат традиционалните вредности и докажаните работи, па затоа се чувствуваат непријатно и глупаво кога се во поголемо или во ново општество. Припадниците на овој хороскопски знак треба да се ослободат од таквиот стрес и да не размислуваат многу за тоа дали се вклопуваат во одредено друштво или не, па така ќе им биде помалку непријатно.rn

    4. Рак

    rnРаковите се чувствителни и сè сфаќаат лично. На пример, ако некој се шегува на нивна сметка, во текот на остатокот од забавата ќе се чувствуваат непријатно и затоа не се љубители на големите собири. Освен тоа, припадниците на овој хороскопски знак честопати имаат трема пред нови луѓе, што може да предизвика проблеми во говорот и во одржувањето контакт со очите.rn

    5. Овен

    rnКога Овенот не е во форма, тој зборува необични работи и започнува расправии. Во такви случаи, Овенот обично кажува нешто што предизвикува конфликт или едноставно звучи погрешно. Личностите родени во овој хороскопски знак не знаат за автоцензура, особено во ситуации кога се чувствуваат непријатно. Поради тоа, никогаш не знаете што да очекувате од нив кога се наоѓаат во ново или во големо друштво.rnrnПрочитајте кои 5 хороскопски знаци се преправаат дека се грижат за другите.

  • 11 брутално искрени фази на партнерите што имаат врска без обврски, а се дел од исто друштво

    11 брутално искрени фази на партнерите што имаат врска без обврски, а се дел од исто друштво

    Да имате момче со коешто редовно се гледате, особено кога не сте во потрага по нешто сериозно, може да биде одлично искуство. Меѓутоа, и покрај тоа што звучи како одличен лабав „аранжман“ за инволвираните страни, понекогаш може да биде многу тешко да се најде соодветен партнер за вакво нешто. Поради тоа, многу често се случува да завршат заедно, луѓе коишто се знаат долго време и се дел од исто друштво. Предноста е, што веќе се познавате, помеѓу вас има симпатии, но тоа што сте од исто друштво, може да биде малку проблематично. Емоциите можат многу брзо да станат комплицирани и никој не знае што ќе се случи со друштвото, ако вашата врска без обврски, не успее.rnrn11 брутално искрени фази на партнерите што имаат врска без обврски, а се дел од исто друштвоrnrnПријателствата се комплицирани, а сексот уште повеќе ги комплицира работите. Тоа не значи дека никогаш не треба да се обидете да имате нешто повеќе со пријател, бидејќи не се знае однапред што прекрасно може да произлезе од тоа, но бидете сигурни дека знаете во што се впуштате и со кого. Ако не сте сигурни како ќе биде, тогаш веројатно ќе поминете барем во неколку од овие брутално искрени фази:rn

    1. Имате само пријателски однос и ништо повеќе од тоа

    rnТоа е тоа, вам официјално ви е доста од започнување љубовни врски. Сите мажи со коишто сте пробале нешто, испаднале ужасни и едноставно кревате раце од идејата за нешто сериозно. Меѓутоа, вие сè уште имате потреби, така? Кога би можеле да најдете некој стабилен партнер, со којшто ќе имате секс без обврски, а истовремено ви се допаѓа и го почитувате како личност. Почнувате да размислувате дали веќе имате таков пријател во вашето друштво. Тој делува кул, на некој начин ви е сладок, ама сепак не! Вие сте само пријатели и ништо повеќе од тоа, така?rn

    rn

    rn

    2. Сметате дека е привлечен, ама сепак тоа не е добра идеја

    rnВо ред е, веќе сте сигурни дека многу ве привлекува, но сепак тој не е опција за вас. Оваа личност е ваш пријател и дел од вашето блиско друштво, па ако сте интимни со него, може целата дружба да стане чудна и непријатна. Но, кога подобро ќе размислите, идејата да видите како изгледа гол, не е најлошото нешто што може да се случи. Исто така, малку флертување нема да направи штета никому, така?!rn

    rn

    rn

    3. Излезени сте, пиете алкохол, па можеби треба да се случи нешто повеќе?

    rnИзлезени сте некаде со вашето друштво и неколку пијачки подоцна, момчето коешто го меркате веќе некое време, изгледа уште пожешко од претходно. Згора на тоа, тој исто така флертува со вас. Без разлика, сè уште мислите дека лоша идеја е да се случи нешто меѓу вас. Ама може и не е така лоша идеја?! Двајцата сте возрасни, зрели личности, не е само до алкохолот, туку чувството е заедничко. Ама не, сепак не е добра идејата. Сепак морате да мислите како сето тоа би влијаело на целото ваше друштво.rn

    4. Флертувањето преминува во бакнување

    rnОпаа, за кое друштво и какви последици правевме муабет? Сега флертувањето премина во страсно бакнување. Дали е чудно што сето ова многу ви се допаѓа? Сепак, тоа е само бакнеж и од сето тоа може да остане само оваа случајна, луда ноќ, во којашто сте испиле малку повеќе и сте правеле глупости. Ама сепак, се чувствувате премногу добро додека го правите ова.rn

    rn

    rn

    5. Завршувате „по грешка“ во неговиот стан

    rnСе прашувате како воопшто завршивте кај него? Ах, да, започнавте со бакнување. И двајцата знаете дека нагло преминувате во фаза, од која нема враќање назад. Се договарате дека нема ништо необично во ова што се случува, бидејќи и двајцата сте возрасни личности и можете да се справите со што и да се случува понатака. Вака започна вашата врска без обврски и двајцата се чувствувате супер во врска со оваа одлука. Сепак, откако се разделивте, почнавте да се сомневате дали е сето ова добра идеја, но свесни сте дека самиот секс беше одличен и се договоривте дека ова нема да донесе никакви лоши последици.rn

    6. Се сретнувате со цело ваше друштво првпат после сексот

    rnСе чувствувате чудно, дефинитивно не ви е пријатно ни на двајцата. Вашите пријатели се повторно на куп, си се дружат како и вообичаено, ама сега вие и „пријателот“ делите заедничка тајна. Тајна во којашто и двајцата бевте сосема голи. Прашањето е, дали сакате да вратите сè како што било претходно или можеби сакате повторно да се обидете. Си мислите дека вторава опција е дефинитивно лоша идеја, па си викате дека ова беше само секс за една вечер и ништо повеќе.rn

    rn

    rn

    7. Зошто сте пак во неговиот стан? И овој пат по грешка завршивте заедно?

    rnПосле сето размислување, пак сте таму, во неговиот дом и страсно му ги соблекувате пантолоните. Очигледно, ова не било само за една вечер! Не знаете што точно е, ама и на двајцата ви се допаѓа тоа што го правите, па оставате работите сами да си течат по природен пат и што ќе се случи – нека се случи!rn

    8. Сè се одвива одлично, ама сè уште ја криете големата тајна од другарите

    rnСега и на двајцата ви е јасно дека има нешто повеќе меѓу вас, па редно време да поставите некакви основни правила. Сега за сега, никој од вашето друштво не смее да знае дека се гледате, а можеби и никогаш не треба тие да дознаат. Реалноста е дека вашата заедничка тајна, прави вашиот однос да биде уште пожежок. Се обидувате да се однесувате нормално како и претходно, но вашите пријатели започнуваат да се сомневаат дека има нешто што не знаат за вас двајца.rn

    9. Вашите пријатели ја дознаваат вистината за вас

    rnВашата голема, секси тајна во оваа фаза, е разоткриена! Сите ваши пријатели имаат свое мислење околу тоа што го правите и тоа само дополнително ве збунува. Некои ваши пријатели се очигледно возбудени за тоа што го правите, а вас ве фаќа страв дека тие ќе имаат преголеми очекувања, за нешто од коешто потенцијално може да не испадне ништо. Други пријатели пак, се по малку скептични и не го одобруваат вашиот лабав однос, па вие и партнерот, се чувствувате лошо бидејќи немате поддршка од блиските. Во оваа фаза, не само што почнувате да се сомневате во тоа што го правите, туку почнувате да се сомневате и во вашите пријатели, што уште повеќе ги комплицира работите.rn

    10. Официјално сте во криза и не знаете што понатаму

    rnОкеј, целото ваше друштво официјално знае дека сте пријатели за секс, па сега во главата почнуваат да ви се вртат разни прашања од типот: „Дали ќе остане засекогаш вака? Дали кај некој од вас ќе се развијат чувства или ќе останете во кежуал врска? Што ако вие сакате од ова да произлезе сериозна љубовна врска? Што ако тој го посака тоа? Што ако тој не сака и продолжи да се гледа со други девојки? Дали ќе имате право да се лутите околу тоа? Што значи сево ова?“ Почнувате премногу да паничите. По сè изгледа, вашето лабаво, случајно гледање, полека се претвора во сериозна ситуација, поради која ќе мора да следува сериозен разговор околу иднината.rn

    rn

    rn

    11. Правите сериозен муабет и одлучувате што понатаму

    rnРазговаравте и беше премногу чудно. Но, да бидеме реални, вие не сте единствените личности на коишто ова влијае некако. И вашите пријатели имаат некакво право на глас во сето ова, па доколку сакате да ја задржите вашата екипа, ќе мора реално да размислите што сакате да произлезе од вас двајца. Тоа значи дека, без разлика дали ќе одлучите да прекинете, да терате без обврски или да започнете вистинска врска, сега е време да ја донесете таа одлука и да ја спречите колатералната штета којашто може да настане во иднина, ако нештата не се јасно дефинирани.rn

    rn rnrnПрочитајте ги и овие 7 знаци кои покажуваат дека е време да ја прекинете врската со вашиот пријател со бенефиции.

  • Зошто луѓето сакаат да гледаат телевизија во друштво на милениците?

    Зошто луѓето сакаат да гледаат телевизија во друштво на милениците?

    Според резултатите од спроведена анкета врз корисници на Нетфликс, дојдено е до заклучок дека секој втор љубител на ТВ серии и филмови повеќе би сакал да ги следи во друштво на миленичето, наместо со партнерот. Резултатите од анкетата покажале и точно кое милениче е најдобро друштво за гледање телевизија.rnrnЗошто луѓето сакаат да гледаат ТВ во друштво на милениците?rnrnОсвен што повеќе од половина испитаници се изјасниле дека претпочитаат да гледаат телевизија заедно со своето милениче, изненадувачки е резултатот дека најчест животински вид вклучен во оваа активност се птиците.rnrnДури 84% од учесниците во анкетата кои се сопственици на птица, изјавиле дека редовно ги гледаат своите омилени серии и филмови заедно со нив. Истото го изјавиле 82% од претплатниците на Нетфликс кои чуваат куче и 76% од корисниците што се сопственици на мачки.rnrnНајчеста наведувана причина зошто е тоа така е што испитаниците живеат сами со своето милениче, додека друг дел пак, сметаат дека нивното друштво им помага да се релаксираат. Помал дел од испитаниците нагласиле дека миленичињата се најдобри партнери во гледање телевизија, бидејќи тие не судат за изборот и вкусот на ТВ содржините.rnrnДознајте и кои се неверојатните придобивки од чувањето птица како миленик.

  • Работи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечер

    Работи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечер

    Никој не сака да го одбива друштвото кога станува збор за излегување. Иако целиот ден ви бил многу напорен и сте планирале да го прегрнете креветот веднаш штом стигнете дома, вашите пријатели ви се јавуваат и ве убедуваат да излезете со нив на коктели или да отидете во најновиот отворен бар. Како би можеле да одбиете таква покана?!rnrnРаботи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечерrnrnОд страв да не пропуштите нешто, вашиот инстинктивен одговор е „Доаѓам!“. Но, уште следниот ден се каете поради вашата непромислена одлука. Колку и да сакате да се социјализирате, понекогаш најдобро е да си останете дома. Ова се работите поради коишто немаше да жалите денес доколку не излезевте вчера…rnrn1. Длабоката тага што ја чувствувате кога алармот ќе почне пишти во 7 наутро.rnrnРаботи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечерrnrn2. Болката на очите поради закоравената стара шминка.rnrn3. Новиот пар чевли што некако успеавте да го уништите по само една вечер.rnrn4. Погледот полн со омраза што ви го дава вашето куче поради тоа што сте го згазнале случајно кога сте упаднале низ влезната врата минатата вечер.rnrn5. Бесконечниот молк на вашите родители, партнери или цимери што најверојатно сте го заслужиле иако немате поим каде сте згрешиле.rnrn6. Ждерењето на остатоците од ручекот во 3 часот наутро.rnrnРаботи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечерrnrn7. Пасивно-агресивните пораки на мајка ви поради тоа што не сте ја известиле дека безбедно сте стигнале дома.rnrn8. Пукнатиот екран на вашиот телефон што сега ќе треба да го менувате по 5-ти пат.rnrn9. Закоравеното, неизмиено тавче кое останало во лавабото цела вечер откако очигледно сте одлучиле дека мора да си испржите јајца кога сте дошле дома.rnrn10. Доколку и денес сте на работа, не можете а да не го забележите интензивниот прекорен поглед на вашиот шеф додека влегувате во канцеларијата и изгледате како да ве прегазил воз.rnrn11. Убиствената главоболка која некако успева да ве убеди дека пиењето по 3 аспирина на секои 6 часа е добра идеја.rnrn12. Смрдеата од вашите неизмиени пазуви, бидејќи бевте премногу уморни за да истуширате наутро.rnrnРаботи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечерrnrn13. Игнорирањето на вашиот најдобар пријател поради тоа што сте му го скршиле телефонот додека сте се обидувале да го искористите за да им се јавите на вашите поранешни партнери од пред 3 години.rnrn14. Паниката додека брзате да ја тргнете ознаката од сите засрамувачките фотографии што сте ги објавиле минатата вечер на Фејсбук.rnrn15. Сите миризби околу вас што ги чувствувате како директен напад на вашите ноздри.rnrn16. Часот по вежбање што најверојатно сега ќе го прескокнете по трети пат оваа недела.rnrn17. Новите модрици на вашата рака со непознато потекло.rnrn18. Опсесивното проверување на телефонот на секои 2 минути за да видите дали сте добиле порака од слатката девојка или дечко на коишто сте им го дале бројот вчеравечер.rnrnРаботи поради коишто немаше да се каете денес доколку си останевте дома вчеравечерrnrn19. Константната дехидратација што ниту една количина на вода не може да ја реши.rnrn20. Болната неизвесност што ја чувствувате додека ја проверувате вашата сметка во банка.rnrn21. Тресењето и вибрирањето на вашите мускули од сиот тој кофеин што сте го внеле за да го преживеете денот.rnrnПо бурната ноќ, прочитајте како да се ослободите од утринскиот мамурлак.

  • 13 знаци дека на некој начин ги мразите сите луѓе

    13 знаци дека на некој начин ги мразите сите луѓе

    Дали често ви се случува кога се будите наутро, првата мисла која ќе ви помине низ главата да е дека ќе треба цел ден да се справувате со луѓето на работа, дома, во текот на другите активности? Дали таа помисла создава непријатно чувство во вашиот стомак и ве тера пак да се вратите в кревет? Можеби самата мисла дека треба да се измешате со луѓе за вас е вистински кошмар?rn(0) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrnДоколку е така не грижете се, не сте сами. Многу луѓе едноставно не се создадени да бидат во друштво или да бидат затворени во просторија каде што има повеќе различни карактери. Издвоивме 13 знаци кои ќе ви потврдат дека вие не ги сакате дружењата и комуникацијата со луѓето.rn

    1. Одбивате покани за дружење

    rn(1) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    2. Се чудите како очите сè уште ви се на место и покрај толку многу превртувања

    rn(2) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    3. Забавите не се баш за вас

    rn(3) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    4. Вашата најчесто користена фраза е „Ги мразам сите“

    rn(4) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    5. Сосема ви е во ред идејата да си останете сами до крајот на животот

    rn(5) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    6. Не се плашите да ги навредувате луѓето

    rn(6) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    7. „Без предрасуди“ не се однесува на вас

    rn(7) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    8. Ги покажувате вашите недостатоци пред огромен број луѓе

    rn(8) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    9. Ги променувате правците на движење само за да избегнете средба со познајници

    rn(9) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    10. За вас нема ништо поубаво од тоа да одите по празен тротоар

    rn(10) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    11. Избегнувате разговор по секоја цена и давате чудни објаснувања за тоа

    rn(11) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    12. Не се ни приближувате до места каде има фестивали и концерти

    rn(12) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓетоrn

    13. Вашето омилено друштво е самите вие

    rn(13) 13 знаци дека прилично многу ги мразите луѓето

  • Луѓето кои размислуваат позитивно секогаш се опкружени со голем број пријатели

    Луѓето кои размислуваат позитивно секогаш се опкружени со голем број пријатели

    Сигурно сте веќе свесни дека доколку ги негувате позитивните мисли, тоа може да има големо влијание на вашето расположение, но и на односите што ги остварувате со другите луѓе. Ова се неколкуте причини зошто луѓето кои размислуваат позитивно имаат широк круг пријатели и одлично се снаоѓаат на секое поле во животот…rnrnЛуѓето кои размислуваат позитивно секогаш се опкружени со голем круг на пријателиrn

    Секогаш привлекуваат добри односи

    rnНегативното размислување предизвикува ниска самодоверба и може да ве попречи во остварувањето на сопствените цели. Јасната и доследна визуелизација, како и уживањето во односите со другите може да биде моќен поттик за стекнување самодоверба кога станува збор за комуникација со луѓе. Ако сакате повеќе да се поврзете со луѓето околу вас започнете да си кажувате позитивни афирмации, дека вие ги заслужувате тие врски и активно замислувајте ги добрите меѓусебни односи.rn

    Пронаоѓаат конструктивни решенија

    rnСекој понекогаш доаѓа до конфликт со своите блиски, но ако имате позитивен став кон животот и љубовта тогаш големи се шансите дека ќе размислувате конструктивно кога ќе се соочите со неволји. Без разлика дали стресот е предизвикан од некои надворешни фактори или произлегува од некој проблем во комуникацијата внатре во врската, првиот чекор кон трајната промена е вербата во тоа дека работите можат да се подобрат. Ова се однесува на сите односи во вашиот живот било да се работи за вашиот работодавец или колега. На секое поле од животот мора да покажете одлучност. Не се опседнувајте со проблемот. Прво утврдете го, а потоа целата ваша енергија насочете ја кон тоа да пронајдете решение.rnrnКога разговарате со другите за некој проблем, секогаш гледајте да дадете коментар кој влева надеж. Наместо да кажете „Не знам како ќе ја надминеме оваа ситуација!“, кажете нешто како „Решението на проблемов изгледа како голем предизвик, но ние ќе работиме заедно и ќе пронајдеме решение кое ни одговара и на двајцата“.rn

    Покажуваат поголема емпатија

    rnПозитивниот став, освен тоа што води до решението, ви помага да ја разберете туѓата перспектива и да покажете безусловна почит. Оваа карактеристика е особено корисна во љубовните односи, кога вашата способност да ја согледате вредноста и важноста на туѓата перспектива ќе ве доведе до подобра и поцврста емоционална интимност. Едноставните работи можат да ви помогнат да покажете поголема сочувствителност за вашиот партнер, како на пример некој грижлив коментар доколку сметате дека можеби сте кажале нешто непромислено.rn

    Пријатни се за во друштво

    rnСигурно сте забележале колку е напорно да се биде со некој кој на сѐ гледа негативно. Од друга страна, пак, кога поминувате време со позитивна личност која со восхит гледа на светот и верува дека можете да постигнете сѐ што ќе посакате, веднаш се полните со енергија и добивате мотивација. Доколку размислувате позитивно, вашите најмили и вашите колеги ќе бидат среќни во вашето друштво и секогаш ќе ви се обраќаат за совет. Нареден пат кога ќе се дружите со некого, поставете си цел да дадете барем два искрени комплименти и три мотивирачки забелешки. Ќе видите како веднаш ќе станете омилената личност во вашето друштво, а и самите ќе го смените погледот кон светот кој ќе стане попозитивен и поинспиративен.

  • 5 типови луѓе кои ви требаат за да ги преживеете доцните 20-ти

    5 типови луѓе кои ви требаат за да ги преживеете доцните 20-ти

    Познатата изрека вели: „Со кого си – таков си“. Затоа многу е важно во доцните 20-ти години, кои се на некој начин одлучувачки во животот, да бидете опкружени со луѓе кои ќе го извлекуваат најдоброто од вас. Сите тие треба да бидат индивидуално посебни, но соединети во својата различност на тој начин што ќе се формира едно функционално и енергично друштво. Следуваат 5-те типови луѓе кои треба да ги задржите крај себе или пак, да ги пронајдете и додадете во вашиот круг на пријатели доколку сè уште не се дел од него.rnrn5 типови луѓе кои ви требаат за да ги преживеете доцните 20-тиrn

    Одговорниот

    rnОва е еден од оние пријатели со кои се гледате многу ретко, најмногу еднаш месечно, колку да бидете во тек со работите што ви се случиле. Најчесто станува збор за постара личност која ви служи како пример и од која влечете инспирација. Благодарение на неговото или нејзиното богато искуство, секогаш може да ви понуди мудри зборови, совети, утеха, мотивација и решение на проблемите со кои се соочувате. Во ова пријателство нема никакви очекувања, а тоа што поминало многу време од вашата последна средба воопшто не ја намалува енергијата и флуидот кој постои меѓу вас секогаш кога повторно ќе се видите.rn

    Спиритуалниот

    rnСите имаме по еден пријател или колега од работа кој одвреме-навреме ни пишува инспиративни пораки за да ни го подигнат духот. Тој нè потсетува дека животот не е само тоа што се случува на работа или факултет и дека треба секој момент да го искористиме максимално. Кога имате изгубено волја и верба, тие се тука да допрат до вашата душа и да ве натераат не само да верувате во себе, туку и да ја согледате сета убавина што ја нуди светот. Овие луѓе ве потсетуваат дека сè ќе биде во ред доколку ја храните душата со позитивни мисли.rn

    Социјалната пеперутка

    rnСтанува збор за личноста која ќе ве извлече од вашата зона на удобност и ќе ве натера да се опуштите и забавувате. Тие ја прифатиле вашата интровертна личност во нивниот екстровертен живот со цел да ве поттикнат да живнете малку. Ним може да им се јавите во секое време. Тие секогаш ќе бидат расположени за вечерно излегување во градот исполнето со танцување, запознавање нови луѓе и создавање нови животни искуства. Несомнено е дека ќе си поминете најубаво со оваа личност која знае да ве насмее и да води интересни дискусии до доцна во ноќта. Овие луѓе ви го прават животот повозбудлив и ве потсетуваат дека надвор постои цел нов свет што сè уште не сте го истражиле.rnrn5 типови луѓе кои ви требаат за да ги преживеете доцните 20-тиrn

    Авантуристот

    rnШто е животот без малку авантура? Доколку сакате да пробате нешто ново и возбудливо, како планинарење или скокање со падобранец, ова е личноста која секогаш можете да ја побарате. Таа ви овозможува да сфатите дека понекогаш во животот треба да се ризикува за да се почувствува моќта на адреналинот. Заедно планирате одмори, патувања низ Европа и посетување егзотични дестинации. Патувате низ целиот свет! Мотото на овој пријател е: „Живеј во моментот!“rn

    Ученикот

    rnПонекогаш потребно ви е да бидете нечиј ментор и да имате помлада личност во вашиот живот на која ѝ се потребни вашите совети и животни мудрости. Ученикот се огледува на вас и ги следи вашите стапки. Тоа не е затоа што овие луѓе немаат свое јас, туку затоа што го ценат вашето мислење и вашите дела. Исто така, ви помагаат да останете во тек со најновите трендови бидејќи секогаш се во центарот на случувањата.rnrnНе го заборавајте бесценетото значење на вашето друштво и секогаш одвојувајте време за вашите пријатели без разлика на тоа колку ви е напорно на работа или колку многу обврски имате. По многубројните разочарувања на кои ќе наидете во текот на животот, финалната селекција на луѓето околу вас е многу важна за вашиот понатамошен личен развој. Не си го трошите времето на минливи пријателства. Бидете со луѓе кои ве поддржуваат, инспирираат, мотивираат и ја извлекуваат најдобрата верзија од вашата личност.

  • 7 причини зошто луѓето што пијат виски се пријатно друштво

    7 причини зошто луѓето што пијат виски се пријатно друштво

    Вискито најпрво се користело како медицинска супстанца, позната како „вода за виталност“, но набрзо ја стекнало својата популарност и станало еден од најбараните пијалаци во светот. Првото виски било дестилирано во 15-от век во Шкотска, а набрзо потоа се распространило ширум светот и денес е пијалак во кој уживаат многу луѓе. Во основно училиште сите сме учеле за штетноста на алкохолот, но консумирањето виски во умерени количини може навистина позитивно да влијае на вашето здравје и пред сè расположение. А пијачите на виски тоа го знаат најдобро, па во продолжение прочитајте за нивните позитивни карактеристики и придобивките од дружбата со нив. rnrn7 причини зошто луѓето што пијат виски се пријатно друштвоrnrn1. Вискито е пијалак за релаксација. Не е пијалак за луѓе кои сакаат внимание, тој не изгледа посебно, искрено дури и не изгледа убаво. Токму затоа луѓето што пијат виски се посреќни луѓе. Тие одбираат да се такви бидејќи тоа им се допаѓа, а не затоа што изгледа добро од страна. Нема да сретнете вистински пијач на виски кој изгледа нервозно и загрижено.rnrn2. Не се плашат од малку болка. Доброто виски може да ве „изгори“ додека се лизга низ вашето грло, но дефинитивно вреди. Сѐ што е вредно да се направи, мора да боли, а пијачите на виски знаат дека е подобро да биде претопло или преладно, отколку да биде здодевно.rnrn3. Тие се релативно здрави. Луѓето најчесто го пијат вискито чисто или со диетален газиран сок. За разлика од другите алкохолни пијалаци, пијачите на виски не внесуваат дополнителни калории и шеќери. Поради ова, мамурлакот после пиењето виски е поблаг, па затоа и можете слободно да уживате во денот после бурната ноќ. Исто така, пиењето виски го намалува ризикот од рак, деменција, инфаркт и срцеви заболувања.rnrn4. Знаат да ги ценат малите нешта. Вискито е едноставен пијалак. Луѓето кои знаат да ги вреднуваат малите, едноставни нешта, секогаш се посреќни.rnrn5. Знаат да внесат забава во секојдневниот живот. За разлика од текилата или елегантните коктели, во вискито можете да уживате после работа или да го пиете за време на вечерата. Вискито е пијалак за луѓето кои сакаат да уживаат во денот и да се опуштат, без постојано да мора да присуствуваат на луди забави.rnrn6. Тие се безвременски. Вискито е вистински безвременски пијалак, а не само вкус кој ќе го заборавите после една недела. Тоа е нешто кое го одбирате кога ќе созреете доволно за да признаете дека постарите луѓе биле во право. Тоа е истата зрелост која ќе ве спаси од непотребната драма во преостанатиот дел од животот.rnrn7. Тие уживаат во природата. Вискито неофицијално е официјален алкохолен пијалак во дрвените викендички насекаде низ светот. Дали некогаш сте виделе несреќен човек седнат пред каминот во својата куќичка во шумата? Секако дека не.rn

  • 28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштво

    28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштво

    Девојките се супер, немојте да не сфатите погрешно, но да се биде блиски со момци е нешто сосема различно. Постојат толку многу забавни нешта кои можете да ги правите со група момци бидејќи тие ќе ви го штитат грбот, без разлика на тоа што се случува. Нештата стануваат особено интересни ако вие сте единствената девојка во вашето друштво. Со оглед на тоа дека сте постојано опколени со мажи, нештата знаат да станат многу чудни. Погледнете ги 28-те нешта кои се случуваат ако вие сте таа девојка:rn

    1. Не смеете да го спомнете вашиот месечен циклус. Никогаш!

    rn(1) 28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштвоrn

    2. Имајќи го тоа на ум, немате од кого да побарате тампон.

    rn(2) 28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштвоrn

    3. Тие ќе ги исмејуваат вашите дечковци, без разлика за кој станува збор.

    rn(3) 28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштвоrn

    4. Жените со кои тие се во врска, најчесто ви се љубоморни. Сите.

    rn(4) 28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштвоrn

    5. И големи се шансите дека воопшто не ве сакаат.

    rn(5) 28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштвоrn

    6. Вашите пријатели се однесуваат чудно заштитнички, па затоа и никој не си игра со вас.

    rn(6) 28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштвоrn

    7. Тие ги носат вашите тешки работи, не затоа што се грижат, туку затоа што не сакаат да ве чекаат додека се обидувате самите да го сторите тоа.

    rn(7) 28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштвоrn

    8. Вие сфаќате дека тие се опуштени сè додека не го расипете единственото нешто што им значи. Потоа настанува експлозија и воопшто не е пријатно.

    rn(8) 28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштвоrn

    9. Понекогаш, вие сте „мајката“ во друштвото и мора да носите рационални одлуки за сите.

    rn(9) 28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштвоrn

    10. Со тек на време учите како да бидете посилни. Ако се обидувате да се жалите, тие ви помагаат да зајакнете.

    rn(10) 28 нешта што се случуваат ако сте единствената девојка во вашето друштвоrn

  • Лажен мачо тип: Како да препознаете дека глуми нечуствителен за да го импресионира неговото друштво?

    Лажен мачо тип: Како да препознаете дека глуми нечуствителен за да го импресионира неговото друштво?

    Машкиот егоизам кој толку ги нервира жените особено доаѓа до израз кога тие се со нивните пријатели, па не би требало да се зачудите ако вашиот сакан глуми нечувствителен и недопирлив мачо мен пред нив.rnrnСекоја жена барем еднаш во животот сретнала некој „фраер“ кој кога е насамо со неа е прекрасен и нежен, но штом некој од неговите пријатели се појави, или кога сте во пошироко друштво, тој се претвора во ужасно момче кое на сите начини се обидува да се покаже дека е кул.rnrn0-lazhen-macho-tip-kako-da-prepoznaete-deka-glumi-nechuvstvitelen-za-da-go-impresionira-negovoto-drushtvo-kafepauza.mkrnrnНајлесниот начин како да го постигне тоа е да глуми како да не му е важно за неговата девојка – затоа што повеќето од нив мислат дека вистинските фраери се нечувствителни и горделиви индивидуалци на кои другарите им се поважни од врската. Еве како можете да го забележите дали е еден од нив.rn

    1. Ја навредува вашата женственост

    rn„Зошто го носиш тоа?“ – еден од најлошите примери.rnrnВистината е дека многу му се допаѓа како изгледате, но затоа што сака да ги импресионира другарите и да испадне кул маж кој не сака дотерани девојки, можно е да ви го рече ова.rn

    2. Глуми дека мрази врски

    rnИако може да му биде најубаво во врската со вас и веројатно е свесен за сите предности во вашиот однос, сепак знае дека фраерите пред друштвото не треба да покажуваат романтика и никако не смеат да откријат дека им е пријатно во друштво на убава девојка која ја сакаат. Затоа ќе глуми дека секаков вид врзување му е напорно.rn

    3. Не сака да покажува емоции

    rnАко се случи да му кажете нешто убаво пред други луѓе, а тој само ви преврти со очите како тоа да му оди на нерви, тогаш имате работа со типичен глумец кој се обидува да се докаже. Секако дека му годат вашите убави зборови, но сака да се покаже како нечувствителен пред неговата машка екипа.rn

    4. Кога е со друштво ве третира многу поинаку отколку кога сте сами

    rnКога е сам ви се јавува на телефон и звучи навистина заљубено, но штом е во близина на некој другар, го менува гласот и се однесува како да му е сеедно, дури и како да сте му напорни. Ваквите мажи се лажни мачо типови кои мислат дека вистинскиот маж не смее да покажува емоции, иако кога сте сами се однесува како мало дете кое е зависно од вас.rn