КАФЕ ПАУЗА

Tag: другар

  • 10 одлични причини зошто е убаво да бидете во љубовна врска

    10 одлични причини зошто е убаво да бидете во љубовна врска

    Во секоја врска постојат подеми и падови и бидете сигурни дека ниту една врска не е совршена. Добро е да го знаете ова, бидејќи доколку имате преголеми очекувања или критериуми, тоа може да ве доведе до неуспех. Секоја врска подразбира некоја бесмислена борба, малку љубомора и малку драма, ама на крај, навистина е добро да се биде во врска. Кои се најдобрите работи во една врска, погледнете во продолжение.rnrn1-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    1. Ако имате среќа, може да добиете нов најдобар пријател.

    rn2-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    2. Секогаш имате некого со кого можете да уживате во кревет – и да правите сè што ќе посакате. Очигледно е…

    rn3-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    3. Кога сме веќе кај тоа, претплатени сте на неограничено галење.

    rn4-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    4. Секогаш имате планови за викендот. Вашите пријатели не сакаат да излегуваат вечерва? Секогаш можете да излезете со вашето момче или девојка!

    rn5-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    5. Конечно вашата мајка ќе престане да ви досадува со тоа дека е време да најдете некој за посериозно.

    rn

    6-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_

    rn

    6. Можете да престанете да се нервирате околу сите пропаднати состаноци и врски. Се чувствувате одлично, бидејќи го/ја имате него/неа!

    rn7-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    7. Имате некого на кого можете да му се жалите за секоја ситница која ве мачи… А тој/таа МОРА да ве слуша и да ве разбере.

    rn8-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    8. Исто така, имате некого на кого можете да се потпрете секојпат кога ви е тешко. А тоа е толку прекрасно чувство!

    rn9-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    9. Секогаш имате придружба, без разлика каде одите. Ви треба некого со кого би заминале на журка? Или на семеен ручек? Тој/таа е тука!

    rn10-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_rn

    10. Вие сте заљубени и добро се чувствувате, а тоа се гледа на вас. Вие едноставно блескате!

    rn11-10-odlichni-prichini-zoshto-e-ubavo-da-bidete-vo-ljubovna-vrska-www.kafepazua.mk_

  • 10 знаци дека сте апсолутен Овен во хороскоп

    10 знаци дека сте апсолутен Овен во хороскоп

    Еден од најважните знаци дека сте вистински Овен во хороскоп е дека сте родени помеѓу 21 март и 19 април. Според другите:rnrn10 знаци дека сте вистински Овен во хороскопrn

    1. Сакате да бидете водач, а другите сакаат да ве следат

    rnПоседувате харизма, иницијативност и независност кои ве прават роден водач. Никогаш не ви недостасува ниту амбиција.rn

    2. Не сакате луѓе кои ви шефуваат и ви кажуваат што да правите

    rnВие сте водачот, а не овој што следи. Постојано тежнеете работите да ги направите онака како што мислите и како што ви одговара, а не како што мислат другите дека треба.rn

    3. Тешко се справувате со поразите

    rnПонекогаш се однесувате и малку агресивно кога работите не одат како што посакувате. Овенот знае да боде со роговите во такви моменти.rn

    4. Ги надминувате сите стравови така што се соочувате со нив

    rnНе сте бестрашни, и вие на моменти се плашите како и сите други, но имате храброст своите рогови да ги насочите кон стравовите и да ги победите.rn

    5. Ентузијастички започнувате да се занимавате со многу работи одеднаш, а на крајот имате проблем да се справите со сите нив

    rnСакате да започнувате да правите нешто и обично сте многу добри во тоа што го правите, но понекогаш енергијата ја делите меѓу премногу работи и на крајот заглавувате некаде.rn

    6. Секогаш сте спремни да пробате нешто ново

    rnХрабри сте и не се колебате да влезете во авантура. Нема друг хороскопски знак кој како вас веднаш е спремен за авантура, особено кога тоа е со друштвото.rn

    7. Компетитивни сте

    rnСекогаш сакате да биде чекор пред другите и поради тоа понекогаш луѓето ви здодеваат. Во тие моменти сакате да бидете личноста која носи живост во вашата група.rn

    8. Вие сте одличен другар на кој секој може да се потпре во тешките моменти

    rnОвните се заштитнички поставени во однос на пријателите и емпатијата им е силна страна. Знаат да ги остават авантурите настрана ако некому му треба нивната помош.rn

    9. Знаете да бидете по малку арогантни

    rnСвесни сте за своите квалитети, тоа ви носи популарност, а понекогаш знае и да ве однесе до границата меѓу самоувереноста и ароганцијата.rn

    10. Знаете како да се забавувате

    rnАко нема забава, вие ќе ја создадете. Затоа другите „се лепат“ за вас кога сакаат убаво да си поминат.

  • Другар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

    Другар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

    Едно е сигурно, вистинските пријатели се тука едни за други и во добри и во лоши времиња. Па така, без разлика дали треба да се помине цел еден ден слушајќи за бившиот/та и да се повторува по стоти пат колку правилна одлука е тоа што раскинале, никогаш не се буниме за посветеното време, па и нерви. Но, можеби може да се направи нешто повеќе од само едно кафе посветено на неговите/нејзините маани и тешење дека наредниот/та ќе биде вистинскиот/та. Еве неколку начини како најдобро да им помогнеме на пријателите во вакви ситуации.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    1. Прилагодете се на расположението

    rnРаскинувањето со себе носи и промени на расположението, но обично сите одиме во една или во друга крајност – екстремно плачливи или нервозни во стилот „тргни ми се од пред очи“. Без разлика на вентилот кој го избрал вашиот пријател/ка, прилагодете се на секоја ситуација. Сака да гледа срцепарателни драми цела недела? Не заборавајте сладолед. Секое споменување на бившата љубов е проследено со изливи на нервоза? Одете во теретана и цврсто држете ја боксерската вреќа.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    2. Негативни коментари се добредојдени, секако наменети за другата страна

    rnДа бидеме реални, никој не сака да слушне од своите пријатели, и тоа веднаш после раскинувањето, за тоа колку згоден дечко ù бил бившиот или колку паметна девојка му била поранешната. Ако некогаш сте имале нешто негативно да кажете или имало нешто што ве вадело од такт, сега е вистинското време за тоа. Можеби звучи детски и незрело, но токму некој таков коментар можеби ќе измами насмевка.rnrnДевојките можеби ќе се сетат на сцената од „Сексот и градот“, кога Кери се труди да ги убеди сите дека добро се справува со новата врска на Биг и Наташа, и токму среде непријатната тишина Саманта вели „Наташа, какво име е тоа?“. Некој ваков коментар сигурно ќе успее да го/ја насмее. Ако сака да биде малку злобен/на, бидете злобни заедно.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    3. Не дозволувајте да направи нешто за што подоцна ќе се покае

    rnАлкохол и телефон во рака никогаш не се добра комбинација. А сите знаеме колку е лошо чувството кога утредента ќе се разбудиш со мислата дека си испратил некоја не толку пријатна порака кај последниот човек со кој би требало да комуницираш. Направете им услуга на вашите пријатели и не дозволувајте да западнат во слични ситуации. Затоа што дефинитивно е тешко кога подоцна уште и треба да се извиниш со изговор дека алкохолот си го направил своето. Уф!rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    4. Испланирајте нешто на што ќе се радува

    rnБило да е излегување на некое ново место, викенд некаде на страна или пак одење на кино, што и да е што ќе направи да се чувствува подобро. Секогаш е добра идеја да се биде активен, а токму поради тоа што ќе мора да мисли на вашето следно патување нема да има време да размислува за ништо друго, а особено не на бившиот/та. Патем, шопингот е секогаш добра опција.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    5. Или пак, не правете ништо

    rnДоколку почувствувате дека на вашиот пријател/ка му/ù е потребно само повеќе време да биде сам/а, тогаш најдобро што можете да направите е да оставите простор и време за тоа. Секој човек различно се соочува со животните кризи, а вие најдобро ги познавате вашите пријатели и знаете што им треба во моментот. Некогаш, доволно е да знае дека сте тука во кое било време.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнешrn

    6. Помогнете да се фокусира на другите аспекти од својот живот

    rnОна што можеби најтешко им паѓа на сите после раскинување, особено кога станува збор за долга врска, е како да се прилагодат на фактот дека сè она што претходно го правеле во пар сега мора да го прават сами. Не дозволувајте да се откаже само затоа што сега ќе треба нештата да ги врши сам/сама. Особено важно е да помогнете да си ја поврати самодовербата, поттикнувајќи го/ја на нови предизвици, без разлика дали е тоа ново хоби, нова работа или пак можеби да повика некого на состанок.rnrnДругар/ка ти само што раскина? 6 начини како навистина да помогнеш

  • Астрологијата и вашите најдобри пријатели

    Астрологијата и вашите најдобри пријатели

    Какви сакате да бидат вашите најдобри пријатели? Со кои најдобро ќе се журкате и ќе поминувате безброј часови заедно? Кои ќе бидат покрај вас, во моментите кога тоа ви е најпотребно? Дознајте што вели зодијакот за пријателите и карактеристиките кои ги имаат нивните хороскопски знаци.rnrnАстрологијата и вашите најдобри пријателиrn

    Овен

    rnВашиот страстен и енергичен карактер привлекува динамични и интересни пријатели, па во вашето друштво секогаш ќе има некој лав и стрелец. Ќе се чувствувате стабилни и застанати цврсто на земја, ако вклучите бик во вашата екипа, бидејќи тој може да ја урамнотежи вашата импулсивна природа и тенденцијата кон избрзани реакции. Девиците можат да ви помогнат да останете фокусирани и правилно да ја канализирате вашата креативна енергија. Ако во друштво имате јарец, кон него ќе имате најголема почит. Лавот и водолијата одлично ви одговараат за дружба и забава. Најцврста конекција можете да изградите со спротивниот хороскопски знак, милата вага. Ракот и јарецот ја делат со вас иницијативноста и спремноста за акција во секој момент, поради што исто така би можеле да ви бидат добри пријателчиња.rn

    Бик

    rnДа се биде бавен и постојан има свои предности, а тоа најдобро ќе го сфатат оние родени во хороскопските знаци девица и јарец, бидејќи ја делат вашата практична природа. Кога ви е потребен некој да ви каже поинакво мислење од вашето, близнаците ќе ви дадат доволно инспирација за да направите еден „брејнсторминг“. Вагата може да ви помогне да си ги потиснете страстите и потребата од задоволства, кога морате да останете фокусирани на некоја работа и напорно да работите кон нејзино комплетирање. Рибите можат да ви бидат екстремно лојални и верни пријатели. За вас, пријателствата не претставуваат однос „на ти го – дај ми го“, туку очекувате во што е можно повеќе ситуации да биде по ваше, поради што треба да имате пријатели кои ќе можат да ја поднесат таа ваша карактеристика. За среќа, скорпијата е доволно паметна и силна за да ја добие вашата почит, а секогаш ќе се чувствувате удобно во друштво на лав и водолија, бидејќи високо ја цените нивната упорност секогаш да ја завршуваат започнатата работа.rn

    Близнаци

    rnАко вашите пријатели не се динамични и активни, вие брзо ќе го изгубите интересот за нив. Со вагата и водолијата секогаш ќе поминувате многу време заедно, бидејќи тие ја споделуваат со вас смислата за забава и интеракција. Друга цврста врска можете да изградите со некој кој е овен во хороскоп. Вие се воодушевувате на неговата храброст и го следите секој негов чекор со радост. Ракот, може да ви даде една стабилност и здраво влијание, кое знаете дека навистина ви е потребно. Според вас, пријателствата треба да бидат флексибилни и отворени, а тоа никој нема да го разбере подобро од стрелец. Исто така, одлично ќе се согласувате и со рибите, кои умеат да бидат исто толку флексибилни и забавни колку вас.rn

    Рак

    rnВам ви се потребни пријатели кои ќе можат да ја сфатат вашата емотивност и длабочината на вашите чувства и ќе можат да излезат на крај со вашите променливи расположенија. Скорпијата и рибите, секогаш ќе бидат сочувствени со вас кога тоа најмногу ќе ви биде потребно. Обратете се кај пријател со хороскопски знак лав, за да ви помогне да научите да се наметнете и докажете себеси, кога е навистина важно тоа да го сторите. Бикот секогаш ќе ви претставува стабилна основа. Ќе уживате да станете дел од неговите омилени активности, бидејќи знаете дека секогаш можете да сметате на добра забава помината со него. Исто така, можете да имате „лесна“ комуникација и добро пријателство со луѓе со хороскопски знаци вага и овен.rn

    Лав

    rnВие сте силни, динамични и снаодливи, но сепак морате да бидете опкружени со луѓе на кои можете да им верувате. Овенот и стрелецот можат да ви бидат одлични пријатели, со кои секогаш одлично ќе се забавувате, а и со близнаците може да ви биде доста забавно. Бидејќи отсекогаш сте се восхитувале на луѓе кои имаат практичен и амбициозен поглед кон животот, ќе сакате некој јарец исто така да биде дел од вашата екипа. Во секој случај, вашите пријатели треба да бидат достојни за да ја заслужат топлината и страста од ваша страна, па можеби ќе се изненадите ако оформите цврсто пријателство со некоја водолија. Нејзината искулирана, речиси неразбирлива карактерна природа, постојано ќе ве интригира и прави љубопитни. Исто така, водолијата ќе знае точно како да ве спречи да избегате од реалноста. Други луѓе кои можат да извршат добро влијание во вашиот живот, се оние со хороскопски знаци скорпија и бик. Овие пријатели ќе можат да си ги остварат нивните ветувања и да останат услужни кон вашите потреби.rn

    Девица

    rnВие сте сигурни и доволно цврсти да се грижите сами за себе, но сепак обожавате кога имате емоционално стабилни пријатели како бикот и јарецот, кои ќе ве поддржат за сè. Сензибилноста на ракот исто така ве привлекува, дури можете да помислите дека тој е знакот на кој можете да се потпрете дека ќе се грижи за вас во оние ретки мигови кога навистина ви е потребен. Водолијата ви помага да ја видите целосната слика, додека близнаците можат да ви помогнат да ги наредите сите коцки во мозаикот, секоја на свое место. Исто така рибите ги сметате за личности кои ги прифаќаат вашите фантастични совети и кои ви ја пробудуваат имагинацијата и романтичната страна. Храбрите стрелци, а зафатените близнаци можат да ви претставуваат добри, забавни пријатели, затоа што ја споделуваат вашата способност да го смените правецот, кога имате потреба од нешто различно во животот.rn

    Вага

    rnВам не ви е тешко да најдете друштво кое ќе ја цени вашата способност да слушате и да бидете отворени, но кога ќе посакате да направите реален и рационален муабет, секогаш ќе појдете кај вашите пријатели родени во знакот на водолија и близнаци. Скорпијата ви нуди уникатна перспектива на животот, додека пак драматичната имагинација на лавот често може да ви ја разбуди уметничката страна. Сепак, за најдобар пријател најсигурен облог ви е овенот. Предизвикот за скротување на овој див ѕвер и доведувањето на неговата навидум неограничена енергија во рамнотежа, ја истакнува вашата забавна страна. Раковите и јарците со својот став дека можат сè да постигнат и направат, ви нудат фини можности за созревање и проширување на хоризонтите.rn

    Скорпија

    rnДали некогаш ќе најдете некој кој ќе ги исполнува вашите стандарди за перфекција? Најверојатно нема, но сепак уживате во друштво исполнето со инвентивни луѓе, како што се ракот и рибите. Со овие емоционално интелигентни влијанија, ја здобивате способноста да се соочите со чувствата и да делувате по нив. Јарецот може да ви помогне да ги искажете тие чувства, додека кај лавот ќе ја почитувате неговата харизма и способноста за лидерство. Кога имате потреба од некој со цврст карактер, кој ќе ве викне да излезете откако ќе заглавите со денови дома, бикот е тука за да настапи. Исто така, ќе забележите дека лавот и водолијата се одлични дипломати во ваша околина, затоа што тие се најкомфорни во обидот да се одржи имиџот на стабилност во друштвото.rn

    Стрелец

    rnВие сте типичен слободен дух и луѓето се воодушевуваат на вашата независност. Ги обожувате луѓето кои ја почитуваат слободата и кои додаваат возбуда во вашиот живот. Такви се лавот и бестрашниот овен. Девицата ви претставува одличен работен партнер, преку кој можете да ја канализирате вашата енергија во нешто продуктивно. Доколку барате некој за придружба или пак некој кој ќе го сметате за најдобар другар, важно ви е тоа да е личност која целосно ќе се посвети на другарството, но која паралелно ќе прави нешто друго во животот подалеку од вас. Близнаците, рибите и девицата се идеалните пријатели за вас.rn

    Јарец

    rnЗа вас неопходно е пријателите да ви се самоуверени, па токму затоа секогаш можете да се потпрете на земјените знаци девица и бик. Вагата исто така е одлична за вас, обезбедувајќи го потребното ниво на влијание на праведност што ви овозможува да го избегнете постанувањето деспот. Некогаш може нема да ви се допадне „мекиот“ пристап, но ќе знаете дека тоа е добро за вас. Кога ќе си дојдете дома и ќе се чувствувате празно, ќе ви биде потребен некој кој ќе ве разгалува безусловно. Воспитувачката енергија на ракот е добра за вас. Вагата и овенот се многу слични на вас, па ќе се пронајдете на истата бранова должина.rn

    Водолија

    rnВистина е, вие сте оригинални и само оние кои ќе го прифатат тоа ќе претставуваат задоволувачка придружба за вас. Знаци со кои најлесно ќе се сложувате се вагата и близнаците, затоа што ја споделувате способноста да ја „спуштите топката“ и да ги решите работите рационално. Сепак, најверојатно скорпијата ќе ја најдете како најзадоволувачки микс на влијанија кои ќе ве научат на лојалност и респект. Раковите ќе бидат од голема помош за прашањата поврзани со вашата кариера и со она што го вели срцето. Бидете сигурни дека во вашето опкружување имате луѓе кои се динамични и бесрамни, кои ве заслужуваат, како што е лавот. Со леснотија ќе се справувате со скорпијата и бикот, поради нивната способност да бидат логични, смирени и конзистентни.rn

    Риби

    rnРибите мораат да бидат внимателни при одбирањето на луѓето во нивното друштво, бидејќи тие ги апсорбираат сите влијанија, и добрите и лошите. Ракот и скорпијата изгледа се најсигурните пријатели, бидејќи ја споделуваат истата емоционална ранливост. Идеалистичкиот стрелец ќе ја разбере вашата потреба да ја користите вашата имагинација и да бидете доволно креативни за да бидете диви. Ќе му се восхитувате на авантуристичкиот јарец. Сепак на крајот на денот, ваши најблиски пријатели ќе бидат оние кои ќе ви помогнат да се справите со илузионистичката реалност, додека сè уште се восхитувате на сопствената способност да избегате од реалноста за момент. Девицата е идеална за оваа работа, но исто така можете да се спогодите и со близнаци и стрелец, кои ја споделуваат вашата способност да пронаоѓате начини за едноставно функционирање.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 чекори до поздрав социјален живот

    5 чекори до поздрав социјален живот

    Дали сте знаеле дека социјалниот живот кој го водите може да влијае врз вашето здравје? Според мислењето на експертите, одржувањето цврсти и здрави пријателства може да ви го продолжи вашиот живот. Не е спорно тоа дека секој сака да има пријатели, со кои ќе ги споделува сите среќни и несреќни моменти, но во денешниов динамичен, стресен начин на живот, изгледа како секој да има сè помалку време да одвојува за пријателите. Луѓето кои ги сакате не треба да бидат на последно место во вашиот планер. Заедно со членовите на семејството и љубовниот партнер, пријателите се креатори на вашиот здрав, среќен и исполнет живот.rnrn5 чекори до поздрав социјален животrnrnСпоред  истражувањето на проф. д-р Елизабет Ломабрдо, која е автор на книгата „A Happy You: Your Ultimate Prescription for Happiness“ (Вие среќни: Вашиот најдобар рецепт за среќа), имањето добри пријатели, може да ви помогне да се борите против болести и депресија и да ве охрабри да оформите здрави навики. Следуваат неколку нејзини совети за тоа како да формирате и да ги одржувате вашите пријателства за цел живот.rn

    1. Бидете отворени за нови пријателства

    rnКога сме помлади, дружењето и воопшто пронаоѓањето другарчиња преставува најлесната работа на светот, но со текот на животот, како што растеме, шансите за запознавање нови луѓе сè повеќе се стеснуваат. Ломбардо предлага да ги зголемувате шансите за започнување нови пријателства преку зачленување во различни организации и интересни курсеви за кои имате страст и амбиција или волонтирање за некоја кауза во чија цел верувате.rnrn5 чекори до поздрав социјален животrn

    2. Дадете им приоритет на вашите пријателства

    rnИмате еден тон обврски во текот на денот: одите на работа, факултет (или и двете), каде имате милион задачи кои ви ги дал шефот или професорите и кога ќе се вратите дома имате време само да јадете, да зачистите што сте растуриле, да се видите со вашиот партнер (ако го имате) и да си легнете да поспиете зашто утре ве чека истото. Но, Ломбардо истакнува дека е исклучително важно пријателите да ви бидат приоритет во животот. „Имањето добри другари има безброј предности. Тие ви помагаат да го „притиснете“ копчето за рестартирање кога се чувствувате под стрес. Една фина вечера со пријателите може да ви помогне да се чувствувате порелаксирано и да ви даде доволно енергија за да се справите со преостанатите обврски кои ве чекаат.“ – вели таа.rnrn5 чекори до поздрав социјален животrn

    3. Бидете добар другар

    rnТоа е исто толку едноставно колку и следењето на златното правило: „Третирајте ги другите онака како што сакате тие да ве третираат вас“. Ако сакате да изградите цврсти пријателства, прво што треба да научите, е како да бидете добар пријател. „Цврстото другарство, подразбира земање, но и давање.“ – објаснува Ломбардо. Без разлика дали тоа значи дека треба да вратите на имејл пораката, телефонскиот повик или да му се заблагодарите на вашиот пријател за роденденскиот подарок кој сте го добиле од него, секогаш имајте на ум дека пријателствата претставуваат двонасочна улица.rn

    4. Бидете самоуверени

    rnМногу е важно да одржувате отворена комуникација со вашата група пријатели и гласно да ги кажувате вашите потреби. Ломбардо објаснува дека не треба да очекувате пријателите да ви ги „прочитаат“ мислите и да сочувствуваат со вас. Таа исто така вели дека не треба да се чувствувате виновни бидејќи понекогаш поминувате повеќе време со пријателите, отколку со вашиот партнер или со вашето семејство. Тоа е време кое го двоите за самите себе и кое сте го заслужиле.rnrn5 чекори до поздрав социјален животrn

    5. Преиспитајте си ги чувствата во врска со вашето друштво

    rnДали вашите пријатели прават да се чувствувате неисполнето, исфрустрирано и како да не се вклопувате во „нивниот свет“? „Целта на друштво сочинето од луѓе кои ве сакаат и поддржуваат, е да ви го зголеми чувството на среќа и да ви го минимизира нивото на стрес, а не да ви создава нервоза или да ве пренатрупува со задолженија или обврски.“ – објаснува Ломбардо. Ослободете се од негативната енергија и опкружете се со позитивни, грижливи пријатели, кои ќе го извлечат најдоброто од вас.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.