Со нејзиниот моќен глас и бунтовен карактер, кралицата на блузот Џенис Лин Џоплин за само четири години кариера остави длабока трага во историјата на музиката. Џоплин важи за еден од најдобрите женски вокали на сите времиња. Тексашкиот бунтовник прерано ја заврши својата музичка кариера и не успеа докрај да му ги наметне своите прогресивни ставови на општеството. Алкохолот и дрогата брзо го згаснаа нејзиниот живот. Во историјата замина на 27 години, кусо по смртта на легендарниот Џими Хендрикс.rnrn
rnrn
„Би ја менувала иднината за вчера.“
rn
„Не компромитирај се себеси, ти си сè што имаш.“
rn
„Јас сум само една од оние обични, чудни луѓе.“
rn
„Мораш да го зграбиш, додека можеш.“
rn
„На сцената, водам љубов со 25.000 различни луѓе, а потоа заминувам сама дома.“
rnrnrn
„Да се биде интелектуалец, значи создавање многу прашања, без одговори. Можеш да го преполниш животот со безброј идеи, а сепак, да одиш сам дома. Сè што навистина имаш, и е важно се чувствата. Тоа е музиката за мене.“
rn
rn
„Грижејќи се за иднината, можеш да ја уништиш сегашноста.“
rn
„Секогаш сакав да бидам уметник, што и да значи тоа, како што другите девојки сакаа да станат стјуардеси. Читав. Цртав. Мислев.“
rn
„Не можам да зборувам за мојата музика, јас сум внатре во неа. Како можете да опишете нешто однадвор, кога сте внатре во него?“
rn
„Слободата е само уште еден збор за тоа дека нема што да загубиш…“
rnrnrn
„Сега, кога сум тука, каде сум?“
rn
„Ниту еден маж не направил да се чувствувам толку добро, како што тоа го прави публиката.“
rn
„Знаете ли зошто сме заглавени со митот дека само обоените луѓе имаат душа? Затоа што белите луѓе не им се препуштаат на чувствата.“
rn
„Кога пеам се чувствувам како кога првпат се вљубив. Тоа е повеќе од секс.“
rn
„Публиката сака и очекува блуз-пејачите да бидат очајни и мизерни.“
rnrnrn
rn
„Како што откривме во возот, утре всушност никогаш не се случува. Секој нареден ден е ист како претходниот.“
rn
rn
rn
„Зошто треба да се враќам наназад и да звучам медиокритетски, само за да можам да звучам исто и по 20 години.“
rn
rn
rn
„Глупости, животна средина!?“
rn
rn
rn
„Бидејќи тие не се тоа што го нарекуваме ритам.“
rn
rn
rn
„Ќе биде долго и тешко патување, но ќе успееме.“
rn
rnrnrn
rn
„Мислам, премногу мислам, затоа пијам.“
rn
rn
rn
„Жива закопана во блуз.“
rn
rn
rn
„Требаше да бидам на насловната страница на ‘Newsweek’, но почина претседателот Ајзенхауер. Четиринаесет срцеви удари, а мораше да умре баш во мојата недела.“
rn
rn
rn
„Татко ми никогаш не би ни купил телевизор, тој не би дозволил да има телевизор во куќата.“
rn
rn
rn
„Уморна сум од сите овие хипи-глупости.“
rn
rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn


Главни улоги:

Приказната е толку едноставно поставена, а толку сложено се развива. Нема епизода која ќе ве разочара (освен можеби една или две), нема момент кој ќе ви дозволи да одлутате, нема секунда во која ќе престанете да се запрашувате што ќе се случи потоа.




rnrn
Режија:
„Животинско кралство“ е свеж филм во повеќе аспекти. Станува збор за режисерско деби на Дејвид Мишо кој досега, пред сè, пишувал сценарија. Актерите, пак, не се толку експонирани освен можеби Гај Пирс („Мементо”, „Говорот на кралот”, „Л.А. Доверливо”). Сепак, и покрај тие ризици, станува збор за одлично обликувано кинематографско парче. Забележлива е изведбата на Џеки Вивер која е номинирана за најдобра споредна улога на претстојниот Оскар. Таа портретира „лавица“ која се чини дека е нежна и грижлива, но нејзиниот поглед кажува дека би ги забила своите канџи во секого, па дури и во својот внук, само за да ги зачува синовите. Нејзината прегратка е нежна, нејзиниот збор е утешителен што те прави за момент да се почуствуваш сигурен, дури и кога ти е тешко да се свртиш кон неа. Но, острата канџа доаѓа одзади. 

