КАФЕ ПАУЗА

Tag: дрога

  • Стигнува нов напиток – кафе со марихуана

    Стигнува нов напиток – кафе со марихуана

    Граѓаните на државата Вашингтон набрзо ќе можат да купат кафе во кое е „вбризгана“ одредена количина марихуана. Засега сѐ тече по планот, а напитокот кој се нарекува „Legal“ ќе почне да се продава веќе од следниот месец по малопродажна цена од 9-11 долари.rnrn1-stignuva-nov-napitok-kafe-so-marihuana-kafepauza.mkrnrnЛадното кафе ќе се продава во стаклени шишенца и ќе содржи околу 20 мг THC. Ефектот кој ќе го почувствува корисникот после испиеното кафе со марихуана би бил „како да испил чаша вино“, вели еден од производителите Адам Стајтс.rnrn„Ова кафе мава право во глава. Сакавме да постигнеме ефект сличен на оној кој го има специјалното индиско пиво IPA (India Pale Ale) или чаша вино. Нема да ставаме многу THC за да не им биде непријатно на консументите, а посебно на оние кои по првпат ќе се сретнат со марихуана“, додава Стајтс.rnrnПокрај кафето со марихуана, компанијата произведува и газиран сок од цреши, крушка и ѓумбир и сок од калинка надополнети со марихуана.rn

    2-stignuva-nov-napitok-kafe-so-marihuana-kafepauza.mk

    rnКорисниците на марихуана веќе долго време ја употребуваат оваа дрога како додаток во разни јадења и пијалаци, најмногу во колачи и лижавчиња. Исто така веќе со години наназад некои марихуаната ја ставаат во кафе или во топло чоколадо.rnrnНе е познато дали „Legal“ ќе биде достапен и во Колорадо, американската сојузна држава каде што исто така марихуана е легална. Во Вашингтон марихуаната е легализирана од 2012 година.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Животот на едно двегодишно девојче кое расте со родители-зависници од дрога

    Животот на едно двегодишно девојче кое расте со родители-зависници од дрога

    Руската фотографка Ирина Попова направила еден контроверзен проект наречен „Another Family“, со кој навлегува во животот на едно семејство кое живее во мрачно подрачје на модерна Русија. Таа го фотографирала семејниот живот на 2-годишната Анфиса и нејзините родители-зависници, со тоа поттикнувајќи нѐ да се запрашаме: Дали таа била само непристрасен набљудувач или морала, како секое човечко битие, да интервенира во животот на малото девојче?rnrn1-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mkrnrnПроектот започнал кога Ирина наишла на мајката на Анфиса, Лила, на улиците на Сент Петербург во 2008. Лила била многу пијана, а имала бебе во количката. Но, на предлогот на Ирина за фотосесија, Лила веднаш се согласила, па дури и ја поканила фотографката во нивниот стан. Таму Ирина го запознала момчето на Лила, Паша. Фотографката поминала 2 недели во нивниот запустен стан, каде што невенчаниот пар постојано се забавувал.rnrnСуровите и провокативни слики зборуваат за опасностите од негрижата за детето, но и за семејната љубов која ни дава сила да издржиме, понекогаш дури и во иста фотографија.rnrnФотографиите го привлекоа вниманието на многумина на интернет, кои бесни заради негрижата на родителите кон ова дете, побараа девојчето да биде отстрането од оваа опасна околина.rnrnВо продолжение фотоприказната за малата Анфиса.rn

    Паша и неговиот гостин се агресивни кон општеството во панк-култура стил.

    rn2-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mkrn

    Анфиса си игра со цигарите на мајка ѝ која спие.

    rn3-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mkrn

    Лила се враќа дома од забава со Анфиса која спие во количката.

    rn4-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mkrn

    Анфиса е во опасност додека се доближува до работ на прозорот во станот на нејзините родители. Сепак, таму е поставена безбедносна мрежа која не се гледа убаво на фотографијата.

    rn5-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk6-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk 7-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk 8-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk 9-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mkrn

    Анфиса јаде бебешки микс додека нејзините родители ја чистат собата после забава.

    rn10-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk11-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mkrn

    Лила бара пари од возачот на автомобилот користејќи ја ќерка си како изговор, велејќи дека ѝ требаат за храна за деца.

    rn12-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mkrn

    Лила и Паша се скараа на улица за пари. Си заминаа во различни насоки, но во последен момент, и двајцата се свртеа назад.

    rn13-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mkrn

    Лила и Паша се одмораат на тротоарот после долготрајно „журкање“ со многу дрога и алкохол.

    rn14-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mkrn

    Анфиса не беше одземена од нејзините родители и почна да оди во градинка. Нејзината мајка Лила го напушти семејството. Нејзиниот татко Паша сега се грижи за неа.

    rn15-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk 16-zhivotot-na-edno-dvegodishno-devojche-koe-raste-so-roditeli-zavisnici-od-droga-kafepauza.mk
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали сакам да имам деца во вакво време?

    Дали сакам да имам деца во вакво време?

    Бев малечка кога Врчак беше популарен со песните за дрогата. Паметам дека, додека другите мајки им ги покриваа очите на децата, мајка ми не ми забрануваше да ги гледам неговите спотови. Како вчера да беше паметам кога рече дека треба да знам што се случува во светот, дека човек не е никогаш премногу мал за да знае дека постојат лоши работи. И тие се тука. Да излезеш на улица и ќе те мавнат по чело.rnrnЛекцијата која треба да им се одржи на малите деца, не е од типот на Црвенкапа – не зборувај со непознати. Не е тоа доволно, особено не во нашево време. Ги спасуваме децата ако им ги затвориме очите пред ужасите или пак ги правиме многу поранливи, бидејќи кога-тогаш ќе мора да излезат од стакленото ѕвоно.rnrnДа се разбереме, лошотилукот не е пронајдок на новото време, го имало отсекогаш. Но дали полека но сигурно достигнува кулминација?rnrnДали сакам да имам деца во вакво време?rnrnСветот се дели на сиромашни и богати, на слаби и дебели, на високи и ниски, на геј и срејт, на провинцијалци и граѓани, на црни и бели, на христијани и муслимани… и ова е само мал вовед во сите поделби. А за да ги видиш злобата и нетрпеливоста не треба да одиш далеку. Доволно е да притиснеш плеј на видео со ознака ВОЗНЕМИРУВАЧКО. И да имаш силен стомак за да поднесеш макар дел од тоа.rnrnСе сеќавам на случка од основно. Дете од мојот клас пријави дека дечко од поголемите класови го заплашувал и му нудел дрога. Најталентираната личност во моето училиште – училишниот психолог, го изнесе детето пред оној обвинетиот и го праша дали тој е тој што му се заканувал. Детето, се разбира од страв негираше. Бев мала, но и тогаш сфатив дека тој „психолог“ има пилешки мозок.rnrnДенешните родители ги испраќаат децата на училиште со грч во стомакот. Дали денес некој ќе го навреди или натепа моето дете, дали некој ќе му понуди дрога, дали моето дете ќе го избере вистинскиот пат во животот? Но и покрај сè ќе кренат раце од обидот да побараат помош кај школскиот педагог или психолог, оти знаат дека тој/таа не сака да му/ѝ биде расипан раатот и паузата за кафе и цигара (која најчесто е со времетраење од полно работно време) – рака на срце и големо извини за екстремно ретките исклучоци.rnrnНовите генерации имаат голема одговорност – да донесат на свет здрави, сакани и заштитени деца во ерата на нетрпеливоста, осудувањето и насилството. Како идни професори, полицајци, пожарникари, доктори, психолози, педијатри… имаме обврска да дадеме сè од себе и да го заштитиме и туѓото исто како да е наше, бидејќи така ни налага работата. Таа професија сме ја одбрале зашто ја сакаме, зашто сме способни и грижливи, зашто треба да дадеме 100% од себе за да го направиме макар малку подобар светот. А ако си на таа позиција оти татичко те сместил или оти сакаш да наредуваш и да си го полниш џебот, само помагаш светот да се упати побрзо по ѓаволите.rnrnСте виделе како лебедите се движат со своите малечки? Мајката напред, малите во средина, таткото позади. Ги заштитуваат од напад, од зло, од несреќа. Родителскиот инстинкт го имаат и животните. А некогаш на луѓето им треба животински инстинкт и сила за да си ги заштитат децата. Џексон пееше за човекот во огледалото. Пееше дека секој треба да започне од себеси. Токму тоа и да го сториме. Се погледнувам во огледало. Сакам ли да имам деца во денешно време? Ќе успеам ли да ги заштитам? Што ќе биде ако не успеам да бидам со нив до моментот кога ќе бидат доволно силни да застанат на свои нозе? Бидете искрени, како идни родители ви се вртат тие мисли во главата понекогаш.rnrnЗатоа дајте го најдоброто од себе. Можеби нема да го промениш светот, ниту да спречиш војна, но ќе направиш заштитна обвивка околу себе и ќе промениш макар еден живот, а тоа понекогаш е повеќе од доволно.rnrnЕли rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)

    Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)

    Филм инспириран од животот на брокерот Џордан Белфорт

    rnФилм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)Режија: Мартин СкорсезеrnrnГлавни улоги: Леонардо Дикаприо, Џонан Хил, Марго РобиrnrnВреметраење: 180 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 декември 2013rnrnЖанр: биографија, комедија, криминалистикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnШто се случува со еден човек кога ќе почне да заработува повеќе отколку што може да потроши? Кој ќе живее и работи во џунгла каде што нема ни 5 минути слободно време за одмор? Што се случува кога работата едноставно ќе го проголта и ќе се препушти на живот без никакви правила и контрола? Дали тој човек ќе остане ист?rnrnФилм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)rnrnПриказната го следи животот на еден брокер, Џордан Белфорд (Леонардо Дикаприо), кој на само 26 години успеал да заработи скоро 50 милиони долари. Тој сакајќи да се пробие, да заработи пари и да го привлече вниманието на големите брокерски фирми на Волстрит, отворил своја фирма која работела на малку поинаков начин од останатите. А под поинаков начин, сакаме да кажеме не баш легален начин. Користејќи ги дупките во законот и своите неверојатни способности за убедување, тој многу брзо успеал да ја прошири фирмата притоа здобивајќи се со прекарот „Волкот од Волстрит“.rnrnФилм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street) Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)rnrnЗаработувајќи неизмерно многу пари и работејќи во фирма каде што единственото правило е „не прифаќај НЕ за одговор“, Белфорд заедно со целиот свој тим почнуваат да живеат живот без контрола, проследен со многу алкохол, дрога и проститутки. Одеднаш тој ќе стане легенда во брокерските кругови. Преку ноќ сите ќе сакаат да работат за него и да бидат како него. Слободно може да се каже дека во еден момент тој дури ќе биде и непобедлив.rnrnФилм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street) Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)rnrnНо, секако работите не можат вечно така да траат. Некој би се запрашал кога е доста. Кога треба да се откажеш и едноставно да се повлечеш од тој брз и луд живот. За жал, за амбициозниот Белфорд тоа не беше опција. И токму тоа ќе го доведе до огромни проблеми.rnrnФилм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street) Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)rnrnИ покрај тоа што на неколку моменти ќе почувствувате како приказната да не е доволно обработена, овие 180 минути ќе ви поминат побрзо отколку што можете да замислите. Леонардо Дикаприо едноставно се надмина себеси со својот перформанс, а истото можеме да го кажеме и за останатите ликови кои одлично го следат. Темата која се обработува во овој филм е многу тешка, но со начинот на кој ни е пренесена можеме да извлечеме премногу лекции. Накратко, доколку не ви пречат експлицитните сцени, голотијата и големиот број пцости, вие уште во првите 15 минути ќе бидете целосно навлечени, чувствувајќи се како да го преживувате сè она што ќе му се случува на Белфорд и испитувајќи се себеси што вие би направиле во слична ситуација.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Отишол во затвор за да побегне од жена му

    Отишол во затвор за да побегне од жена му

    Италијански престапник кој бил осуден на домашен притвор, побарал да го префрлат во вистински затвор, зашто не можел веќе да го поднесе животот со неговата сопруга. Не се случува често, некој кој е осуден на куќен притвор да побара да го префрлат во вистински затвор. Но, токму ова се случило во Италија, каде што човек кој ја отслужувал својата казна во сопствениот дом, побарал од властите да продолжи да ја отслужува зад решетки, во вистински затвор.rnrn

    Отишол во затвор за да побегне од жена му
    Илустрација
    rnrnТриесетгодишниот Валид Чабани е осуден на домашен притвор поради поседување и дистрибуција на наркотици. Кога полицијата дошла во неговиот дом, тој побарал да го префрлат во затвор.rn
    rn

    „Исклучително ми е тежок животот со сопругата. Уморен сум од непрекинатата борба со неа.“ – изјавил Чабани, а пренеле локалните италијански медиуми.

    rnСудот ја прифатил желбата на Валид, па го префрлиле во затвор во Тоскана, каде што ќе продолжи да си ја отслужува казната.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кул факти за серијата „Breaking Bad“

    Кул факти за серијата „Breaking Bad“

    ТВ серијата „Breaking Bad“ доживеа мега популарност ширум светот. Ако додека се емитуваше, во просек имаше по 3-4 милиони гледачи, нејзиниот крај стана епски, кога претпоследната епизода достигна гледаност од 7 милиони гледачи, а последната, рекордни 10,3 милиони. rnrnСеријата е хит и на сајтовите за торенти, каде последната епизода за 12 часа нелегално била симната повеќе од 500.000 пати. Изненадувачки, но најголемиот дел од симнувањата не доаѓаат од САД, туку од Австралија, по што следат САД и Британија. Според ова, финалето на „Breaking Bad“ може да стане една од најпиратираните епизоди оваа година. Во продолжение прочитајте некои интересни факти поврзани со снимањето на оваа уникатна серија.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Волтер Вајт и Хајзенберг постојат во реалноста. Пред серијата да почне да се емитува, Волтер Вајт од Алабама се наоѓал на листата најбарани криминалци поради производство и тргување со метамфетамин. Сепак не станува збор за професор по хемија болен од рак, но во медиумите се појави истата година кога и хит серијата на AMC. Од друга страна, Хајзенберг, алтер егото на Вајт, е посветен на физичарот Вернер Хајзенберг, еден од најзначајните физичари на 20 век и добитник на Нобелова награда.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Креаторот на серијата, Винс Гилиган, открил дека Џеси требало да умре до крајот на првата сезона. Но, тимот го сменил мислењето откако го виделе неверојатниот актерски перформанс на актерот Арон Пол.rnrn9-тата епизода од 5-тата сезона е посветена на тинејџерот Кевин Кордаско, суперфан на шоуто, кој умрел од рак во март, 2013 година. Пред неговата смрт, Кевин се запознал со Брајан Кренстон и Винс Гилиган и други важни членови на фамилијата „Breaking Bad“. Му било дури и понудено да ги прочита сценаријата за да дознае како ќе заврши серијата, но Кевин одбил бидејќи не знаел дали ќе може да ја чува тајната.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Sony и AMC на почетокот не сакале да го викнат Брајан Кренстон на аудиција, бидејќи во минатото бил познат по неговите комични улоги. Многумина го паметат Брајан Кренстон како татко од „Malcolm in the Middle“. На аудицијата првин биле повикани Џон Кјусак и Метју Бродерик за да го глумат Волтер Вајт. Откако и двајцата ја одбиле улогата, Винс Гилиган го повикал Кренстон.rnrnАктерот Дин Норис, познат како детективот Хенк, добил понуда да ја игра една од главните улоги во некој ситком, додека сè уште се снимала првата половина од 5-та сезона. Размислувајќи за финансиската стабилност на неговото семејство, тој му ја предложил на Винс Гилиган идејата да го убијат Хенк во првите 8 епизоди, убедувајќи го дека ќе биде шокантно и неочекувано. Гилиган одбил и му рекол дека Хенк му е многу потребен за втората половина од сезоната.Кул факти за серијата „Breaking Bad“На најавната шпица од секоја епизода се појавува хемиската формула C10H15N, заедно со бројот 149.24 и зборот „Meth“ може да се види на самиот почеток. C10H15N е формула за метамфетамин, кој има молекуларна маса 149,24.rn

    rnАктерот Ар Џеј Мити кој го глуми Волтер Џуниор во серијата, има церебарална парализа во реалниот живот, но во многу поблага варијанта. За потребите на улогата, тој морал да научи да оди со патерици и да ја намали брзината на движење.rnrnИмето на карактерот на Боб Оденкирк во серијата за адвокатот Сол Гудман, е произлезено од „It’s all good, man“.rnrnСиниот кристален метамфетамин навистина е поскап, но не е поквалитетен. По појавувањето на серијата, многу дилери почнале да додаваат боја за храна за да ги уверат муштериите дека станува збор за квалитетен производ како оној што го продава Хајзенберг. Инаку, кога актерите во серијата пушат метамфетамин, тие всушност пушат шеќер или кристализирани лижавчиња, но не вдишуваат. Погледнете како се прави лажен метамфетамин за потребите на серијата.rn

    rnБрајан Кренстон има истетовирано тетоважа со логото од Breaking Bad, на прстот каде што се носи бурма.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Поради стравот дека некои гледачи би можеле да го копираат рецептот за правење дрога на Волтер Вајт и серијата да ја доживеат како водич за правење син, кристален метамфетамин, Гилиган и неговите сценаристи со експертите се договориле да ја помешаат реалноста со фикцијата, т.е. да презентираат и хемиски неточни сцени.rnrnПрезимето на детективот Хенк Шрејдер, е исто така поврзано со хемија. Германскиот научник Герард Шројдер (1903 -1990) бил човекот, кој случајно го открил хемиското оружје нервен гас.rnrnИ покрај тоа што главниот лик во серијата е некој кој прави многу криминални дела, сепак голем дел од фановите, омразата ја насочија не кон Волтер, туку кон неговата сопруга Скајлер. Фановите креираа многу Фејсбук и веб-страници, каде ги набројуваат многуте недостатоци на Скајлер. Тие станаа толку познати, што актерката Ана Ган самата изјави дека има т.н. „проблем со улогата“, кој се однесува на телевизискиот феномен, гледачите силно да ги мразат женските улоги како Скајлер, Кармела Сопрано од „Сопранови“ и Бети Дрејпер од „Момците од Медисон“, и покрај фактот дека тие се само невини сопруги на мажи, кои се негативци или криминалци.Кул факти за серијата „Breaking Bad“Серијата заврши со 62-та епизода. 62-от елемент во периодичниот систем на елементите е самариум, изотоп кој се користи за третирање на различни форми рак, вклучително и рак на белите дробови.rnrnЊу Мексико, локацијата на која се снимаше серијата, заработуваше по 1.000 долари по епизода, кои одеа за локалниот економски развој.rnrnКарактерите и нивните вредности се презентирани според бојата на облеката која ја носат во серијата. Скајлер најчесто носи сино, што симболизира чистина, излез и безбедност. Џеси честопати носи жолто и црвено. Жолтото симболизира нестабилност и опасност, а црвеното агресија и насилство. Џеси носи и сиво кога закрепнува од користење дрога, а таа боја означува вина и покајание. Кул факти за серијата „Breaking Bad“ Зелената боја, која симболизира алчност, ја носи Волтер, бидејќи е заглавен помеѓу неговото семејство и бизнисот со дрога. Кога се раѓа ќерката на Вајт, розовата бојата е претставена во овој спектар, како симбол на наивност. Агентот Хенк ја носи предупредувачката портокалова боја претставувајќи ја полицијата, а Мари често носи виолетово, која го симболизира нејзиното живеење во заблуда и самозалажување. И други актери во серијата носат виолетово, секојпат кога се измамени или во заблуда. Џејн, зависничката од хероин, носи црно и ја симболизира смртта.rnrnПред да работи како актер, Брајан Кренстон и неговиот брат работеле во ресторан на Флорида, а нивниот шеф бил непријатен човек кој постојано викал и сите ги мразел. Потоа шефот бил убиен и полицијата испитувајќи ги сите вработени, дознала дека многу луѓе често размислувале за негово убиство. Браќата Кренстон дале отказ пред убиството и тргнале на патување со мотор низ САД, што било многу сомнително за полицијата, поради што некое време ги водела како осомничени за убиството.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the New Black)

    ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the New Black)

    Ако завршиш во женски затвор, ќе ти се промени не само животот, туку и личностаrnrnТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)Главни улоги: Тејлор Шилинг, Лора Препон, Џејсон БигсrnrnЖанр: криминалистика, драма, комедијаrnrnКреатор: Џенџи Коан (креаторката на „Weeds“)rnrnПремиера: 11 јули 2013rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англиски, шпански, руски…rnrnНаша оценка: 9rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnНетфликс ги објави сите 13 епизоди одеднаш, колку што ја чинат првата сезона. И верувајте, сите ќе ги изгледате во 3 дена.ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)Во најкратки црти, се работи за Пајпер Чепман, која добива затворска казна во времетраење од 15 месеци, за шверц на пари од дрога – криминално дело кое се случило пред повеќе од 10 години, а во кое е вмешана нејзината тогашна партнерка Алекс. Пајпер се помирува со својата судбина и се труди максимално подготвено и одговорно да ги одлежи петнаесетте месеци кои ги добила. Но… животот во затвор ти се менува уште првиот ден.rnrnТука важат сосема други правила. За еден погрешен збор може да останеш без јадење со денови, за погрешен поглед може да бидеш начекан во тоалетот, за обраќање со погрешен тон на погрешен човек може да завршиш во самица каде што слушајќи ги врискањата и завивањата преку ѕидовите од другите келии, тотално ќе изгубиш чувство за времето.ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)Во оваа средина ги има и типичните работи: корумпирани службеници, мажи кои ја злоупотребуваат униформата за да добијат сексуално задоволство од сексуално гладните затворенички, еден куп лезбејски активности, закани, сопки, забивања ножеви в грб…rnrnСо оглед на минатото на Пајпер (била во врска со женски партнер) и нејзината сегашна ситуација (ѝ претстои брак со нејзиниот свршеник Лери), уште на почетокот може да се очекуваат интересни пресврти во приказната. Но, тоа е сè што можете да очекувате и да насетите – изненадувања, пресврти и зинати усти на крајот на секоја епизода.ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black) ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)ТВ серијата е базирана на вистинска случка, а е правена според истоимената книга на Пајпер Керман која претставува мемоар за нејзините искуства од затворот. Иако има многу сличности со реалните случки, сепак екранизираната верзија има „аксесоари и шминка“ кои го надополнуваат ефектот на самата приказна.rnrnОва е серија која ги има сите квалитети на куп – солидна, несекојдневна приказна, фантастична глума, симпатична доза хумор и тамам шминка колку за да биде мерачки гледлива. Чувството пак на тензија и исчекување, многу добро се балансира со случки кои континуирано разоткриваат елементи од дејството, но истовремено воведувајќи го во нови и оставајќи нова доза неизвесност за следната епизода.ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)Вреди да се истакне како се избрани и изградени карактерите. Не само што глумат одлично, нивниот целокупен изглед е толку автентичен што ќе помислите дека продуцентите го правеле кастингот во вистински затвор.rnrnНасловот на серијата има врска со портокаловата униформа која ја добива секоја затвореничка додека не „созрее“ за да добие друга, но всушност се работи за паметна игра на зборови во која е содржан психолошкиот момент на „црното“ кое доаѓа подоцна.ТВ серија: Портокаловата е новата црна (Orange is the new black)
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

    Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

    Ви недостига ли малку адреналин во вашето здодевно секојдневие? Доколку џебот ви е длабок и сакате да ја уништите монотонијата, имате ексклузивна можност да ѝ платите на француската компанија „Ultime Realite“ да ве киднапира, чисто онака за разонода. Кој го гледал филмот „The Game” (1997) со Мајкл Даглас, веднаш ќе се сети за што станува збор.rnrnБи платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?rnrn30-годишниот Жорж Зиксус од Франција ја основаше оваа компанија уште пред 3 години, која зa 1.300 американски долари нуди основен пакет: сосема неочекувано ве киднапираат непознати луѓе, ве сместуваат во багажник, а потоа неколку часа ве држат на непозната локација.rnrnОние со подлабок џеб, кои сакаат да се почувствуваат како во вистински крими- филм од Холивуд, можат да си нарачаат и поекстремно искуство, кое предвидува подолго сценарио со пострашно искуство, вклучуваjќи бркотници со хеликоптери и бродови.rnrnКлиентите можат сами да си одберат сценарио, а при нарачката потпишуваат договор дека киднапирањето може да се случи кога било. „Киднаперите“ ќе ве следат неколку дена и кога најмалку ќе претпоставувате, во погоден момент за нив, ќе ве начекаат на улица или на друго место и ќе ве киднапираат.rnrnБи платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?rnrnНа сајтот на компанијата пишува: „Ќе поминете низ вистинска сензација од насилство, терор и страв, кои се јавуваат во реалното киднапирање. Тоа е психолошки шок кој нема лесно да го заборавите.“rnrnИскуството го споредуваат со некои други екстремни спортови како што се скокање со банџи и слободно паѓање од авион со падобран.rn
    rn

    Никој во текот на киднапирањето не е повреден, бидејќи тоа не е дел од планот. Ние заеднички размислуваме за физичките и психолошките ограничувања. Она што јас го нудам е тотално контролирано искуство, кое овозможува да ја проширите вашата лична визија. Сѐ е возможно. Јас го идентификувам она што мојот клиент го сака и потоа се трудам истото да го претворам во акција. Се разбира, доколку клиентот во одреден момент почувствува дека ги надминал границите на неговата издржливост, може да ја прекине играта, служејќи се со претходно договорената лозинка. Може да се каже дека целта на оваа компанија е да се допре до најголемиот страв на клиентот, она што се прикрадува од крајот од неговиот ум, она за коешто никогаш не се осудил да зборува гласно.“ – вели Рожер

    rnКомпанијата нуди и други специфични услуги како што се: да бидете преводници во потера по бегалец, да бидете следени од ловци на награди, да присуствувате на сопствениот погреб, да поминете една ноќ во мртовечница или да си го испробате талентот за некои „сиви“ бизниси, како на пример шверц на дрога.rnrnОваа компанија нуди пакет од искуства, кои звучат освежувачки. Нешто што секојдневните луѓе можеби нема никогаш да го искусат. Но, нивната работа не е толку воодушевувачка за сведоците или луѓето кои поминуваат во близина во текот на „киднапирањето“ и немаат поим дека станува збор за лажен настан. Сервисот не е стриктно илегален, но портпарол од француската полиција изјавил дека компанијата ќе мора да ги предупредува локалните надлежни органи, за да нема вознемирувачки повици од сведоците.rn
    rn

    Според француската полиција и кривичниот закон, не постои причина да го забраниме сервисот, бидејќи жртвата го одобрува настанот, што значи дека не се случува криминал. Но да, работите можат да се искомплицираат доколку некој пријави киднапирање и полицијата се вмеша.“ – објаснува портпаролот

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Дивјаци (Savages)

    Филм: Дивјаци (Savages)

    Филм за борбата на едно пријателство против бруталните мексикански нарко-картелиrnrnФилм: Дивјаци (Savages)Режија: Оливер СтоунrnrnУлоги: Тејлор Кич, Арон Тејлор-Џонсон, Блејк Лајвли, Бенисио Дел Торо, Селма Хајек, Џон ТраволтаrnrnВреметраење: 131 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 6 јули 2012rnrnЖанр: криминалистички трилерrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rn

    Од информативните емисии веројатно знаете колку се брутални мексиканските нарко-картели кога некој им се спротивставува. Има киднапирања, убиства, отсечени глави и сите останати грозоморни дела кои можете да ги замислите. Никој не е амнестиран. Жртвите варираат од обични препродавачи на дрога, па сè до полицајци, судии, јавни обвинители и политичари. Овој филм раскажува приказна во која двајца луѓе ќе застанат против ваквата смртоносна машинерија во име на едно пријателство.Филм: Дивјаци (Savages)Филм: Дивјаци (Savages)Чон (Тејлор Кич) и Бен (Арон Тејлор-Џонсон) се двајца одгледувачи на многу квалитетна марихуана кои од заработката живеат комотен живот на брегот на Калифорнија. Покривот го делат со нивната најдобра пријателка и заедничка девојка Офелија (Белјк Лајвли). Додека си го живеат идиличниот живот, ќе добијат видео клип со луѓе на кои некој им ги сече главите. Тоа е испратено од Ладо (Бенисио Дел Торо), главниот извршител на еден мексикански картел кој сака бизнисот да го шири преку границата. Тие ќе бидат повикани кај раководителите на картелот кои сакаат партнерство со нив, но знаејќи како работат тие, Бен и Чон ќе одбијат.Филм: Дивјаци (Savages)Свесни дека Мексиканците нема да застанат овде и ќе тргнат по нив да ги убијат, двајцата прават планови за бегство во Азија. Ќе ѝ кажат на Офелија дека планираат да ја земат со себе без да ѝ ги кажат причините за заминувањето. Но, пред самото заминување таа ќе биде киднапирана од картелот. Бен и Чон ќе добијат видео повик од водачот на картелот Елена Санчез (Селма Хајек), која ќе ги извести дека Офелија ќе остане во заложништво една година, период во кој тие двајца треба да работат за нив, а во спротивно таа ќе биде убиена. Тие двајца немаат избор освен да ги слушаат наредбите на Санчез, но во исто време ќе коваат планови за ослободување на Офелија. Оттука почнува битката на Давид против Голијат, двајцата најдобри пријатели против дивјаците од моќниот мексикански нарко-картел.Филм: Дивјаци (Savages)На „Дивјаци“ (Savages) не му недостигаат сцени кои ја отсликуваат нечовечноста во светот на бизнисот со дрога. Ова особено се чувствува во оние сцени каде што се појавува Ладо, ликот на Бенисио Дел Торо кој во овој филм дава перформанс за паметење.Филм: Дивјаци (Savages)Дејството е полно со пресврти. Тоа може да го задржи вашето внимание повеќе од два часа, при тоа не можејќи да претпоставите каков ќе биде крајот. Дефинитивно еден од највозбудливите кои се појавија во 2012 година, ова е филм кој не би требало да го пропуштите.Филм: Дивјаци (Savages)


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравје

    Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравје

    Дали постои вистина во изреката „во здраво тело, здрав дух“? Еден од најстарите митови во психологијата е дека нашите умови се одвоени од нашите тела. Но, денес постојат премногу истражувања кои ни покажуваат како нашето психичко здравје е директно под влијание на мозокот и биологијата. Голем дел од ова влијание доаѓа од она што сме го наследиле преку гените, за кое немаме многу голема контрола. Секако, здравата исхрана и вежбањето исто така играат многу важна улога во одржување на здравјето на нашето тело и ум и токму тоа е тоа, над кое секој од нас има целосна контрола.Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравјеПрочитајте за неколку од најновите откритија кои ни ја укажуваат важноста на здравата исхрана и вежбањето за психичкото здравје, како и неколку совети со чија помош ќе можете да ги подобрите овие аспекти од вашиот живот:rn
    rn

    Храната која ја јадете влијае на вашиот мозок

    rnВашиот мозок има потреба од здрава исхрана за да функционира најдобро што може. Храната која е потребно да ја консумирате мора да биде богата со карбохидрати (извор на енергија за мозокот), витамини, минерали, протеини (за изградба на нови невротрансмитери) и незаситени масти (посебно омега-3 киселини кои ги подобруваат когнитивните способности).Поврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравје Можете да задоволите голем дел од овие нутрициони потреби така што ќе јадете многу свеж зеленчук, овошје, житарици, квалитетно месо и риба. Психолошките студии покажале дека здравата исхрана која се состои од овој вид на храна, значително го намалува ризикот од психолошки нарушувања како анксиозност и депресија.rnrnКлучна „храна за мозокот“ која мора да ја имате на ум е:rn

      rn011

    • Риба, јајце, месо од животни кои биле хранети само со трева.
    • rn011

    • Бадеми, лешници, ореви…
    • rn011

    • Производи од житни растенија
    • rn011

    • Многу овошје и зеленчук
    • rn011

    • Вода
    • rn011

    • Кафе или чај
    • rn

    rn
    rn

    Вежбањето помага при подобрување на психолошкото здравје и когнитивната способност

    rnПоследниве неколку години, научниците успешно докажале дека вежбањето е исто толку важно за нашето психичко здравје како и одржувањето на балансирана исхрана. Една студија покажала дека децата кои не биле физички активни имале понизок академски просек во однос на оние кои редовно вежбале, кај кои се забележало зголемено подобрување на меморијата, вниманието и донесувањето одлуки. Истите резултати биле пронајдени и при тестирање на помлади и постари возрасни луѓе.rnПоврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравјеСпоред истражувачите, постои цврст доказ дека вежбањето може да биде од корист при голем број извршни функции кои вклучуваат мултитаскинг, планирање и себе-контрола. Вежбањето исто така помага при намалување на ризикот за појава на депресија, бидејќи на тој начин се испуштаат невротрансмитери како ендорфин, серотонин и анандамид, кои се познати по подобрување на расположението и чувствата на задоволство.rn
    rn

    Намалете со алкохолот, цигарите и употребата на дрога

    rnДругата страна од нашето физичко и психичко здравје се опасните навики кои вклучуваат претерано консумирање алкохол, цигари и дрога. На многу начини, злоупотребата на овие супстанци претставува наша сопствена ментална болест. Исто така, постои вистина и во тоа дека оние кои се впуштаат во ова однесување, можат понатаму во животот да развијат различни видови мозочни абнормалности и ментални болести како на пример, оштета на мозокот предизвикана од алкохол.rnПоврзаноста помеѓу физичкото и психичкото здравјеНаправете разумна одлука да бидете попаметни кога станува збор за дрогата и исфрлете ја целосно од вашиот живот. Што се однесува до алкохолот и пушењето, ако не можеме да ве убедиме во спротивното, барем обидете се да бидете повнимателни и посвесни за нивното влијание на вашето тело, бидејќи како и сѐ останато што внесувате во вашиот организам и тие ќе влијаат на некој начин врз вашиот мозок и психичкото здравје.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.