КАФЕ ПАУЗА

Tag: дрога

  • Како дрогата влијае на мозокот? – Артистка цртала автопортрети 9 часа под дејство на LSD

    Како дрогата влијае на мозокот? – Артистка цртала автопортрети 9 часа под дејство на LSD

    Безброј артисти експериментирале со дрога за да дознаат како таа влијае врз нивната работа. Инспирирана од „Деветте цртежи“ – серија слики добиени како резултат на експеримент на американската влада во 50-тите години од минатиот век, корисничката на Редит whatafinethrowaway ја замолила нејзината пријателка да црта автопортрети додека е под дејство на LSD. Таа зела 200 микрограми LSD и нацртала 11 автопортрети во рок од 9 часа.rn

    „Ѝ требаа помеѓу 15 и 45 минути за секој цртеж. Не ѝ беше тешко да се фокусира, тоа баш ме импресионираше. Таа едноставно го сакаше тоа што го правеше. Не знам дали промената на стилот беше намерна или не“ – пишува нејзината пријателка на Редит.

    rnИако не поддржуваме употреба на дрога, сепак е навистина интересно да се видат вакви цртежи и ефектот на дрогата преку уметноста.rn

    15 минути откако зела LSD

    rn1-kako-drogata-vlijae-na-mozokot-artistka-crtala-avtoportreti-9-chasa-pod-dejstvo-na-lsd-kafepauza.mkrnrnВо моментот сѐ уште немало никакви забележливи ефекти…rn

    По 45 минути

    rn2-kako-drogata-vlijae-na-mozokot-artistka-crtala-avtoportreti-9-chasa-pod-dejstvo-na-lsd-kafepauza.mkrn- Чувствуваш нешто?rn- Неrn- Тоа се многу светли бои.rn- Да. Веројатно ќе станува полошо.rn

    По 1 час и 45 минути

    rn3-kako-drogata-vlijae-na-mozokot-artistka-crtala-avtoportreti-9-chasa-pod-dejstvo-na-lsd-kafepauza.mkrn

    По 2 часа и 15 минути

    rn4-kako-drogata-vlijae-na-mozokot-artistka-crtala-avtoportreti-9-chasa-pod-dejstvo-na-lsd-kafepauza.mkrnrn„Купувањето боички беше добра идеја.“rn

    3 часа и 30 минути

    rn5-kako-drogata-vlijae-na-mozokot-artistka-crtala-avtoportreti-9-chasa-pod-dejstvo-na-lsd-kafepauza.mkrnrn„Не ги нацртав очите. Сакаш да ги нацртам? Не ми се цртаат очи.“rn

    По 4 часа и 45 минути

    rn6-kako-drogata-vlijae-na-mozokot-artistka-crtala-avtoportreti-9-chasa-pod-dejstvo-na-lsd-kafepauza.mkrnrn„Еве ти. Сега сум виолетова.“rnrn(Подоцна) „Очите ги цртам на крај. Не сакам цртежот да ме гледа додека го цртам. Еве, не сакам цртежот воопшто да ме гледа.“rn

    По 6 часа

    rn7-kako-drogata-vlijae-na-mozokot-artistka-crtala-avtoportreti-9-chasa-pod-dejstvo-na-lsd-kafepauza.mkrnrn„Го изгубив моливот. Ми останаа само боичките.“rn

    По 6 часа и 45 минути

    rn8-kako-drogata-vlijae-na-mozokot-artistka-crtala-avtoportreti-9-chasa-pod-dejstvo-na-lsd-kafepauza.mkrn

    По 8 часа

    rn9-kako-drogata-vlijae-na-mozokot-artistka-crtala-avtoportreti-9-chasa-pod-dejstvo-na-lsd-kafepauza.mkrnrnПо 45 минути поминати во темница со нежни звуци од Пинк Флојд, таа повторно почнала да црта…rn

    По 8 часа и 45 минути

    rn10-kako-drogata-vlijae-na-mozokot-artistka-crtala-avtoportreti-9-chasa-pod-dejstvo-na-lsd-kafepauza.mkrnrnНе била баш задоволна од претходниот, па овој го почнала директно.rnrn„За време на претходниот се обидов да го нацртам она што ми е во главата, но сред цртање нештата почнаа да се случуваат надвор од мојата глава.“rn

    9 часа и 30 минути по земање LSD

    rn11-kako-drogata-vlijae-na-mozokot-artistka-crtala-avtoportreti-9-chasa-pod-dejstvo-na-lsd-kafepauza.mkrnrnДодека ефектите од дрогата избледувале:rnrn- Сакаш да го нацрташ последниот? Онака нормален?rn- Ќе се обидам.

  • Дали вашиот партнер е зависник? 3 знаци да откриете за сигурно

    Дали вашиот партнер е зависник? 3 знаци да откриете за сигурно

    Никогаш не треба да претпоставувате дека сите големи зависници се лесно препознатливи и на 3 чекори оддалеченост од живеење на улица. Некои од најуспешните луѓе ширум светот се или биле зависници без никој ништо да забележи, бидејќи понекогаш тие навистина успешно го кријат својот проблем. Па, доколку сакате да откриете дали и вашето момче е зависник, тогаш обрнете внимание на следниве 3 знаци…rnrnДали вашиот партнер е зависник? 3 знаци да откриете за сигурноrn

    1. Причина за зависност

    rnПред да почнете да ги барате симптомите за зависност, најпрво обидете се да забележите дали воопшто има причина за неа. На овој начин подобро можете да разберете дали и зошто тој злоупотребува дрога. Доколку не постои причина, големи се шансите дека тој не е зависник. Но, од друга страна пак, одредени препишани лекови или бурен ноќен живот можат да доведат до зависност, дури и покрај тоа што нема други видливи проблеми.rnrnПостојат многу причини зошто луѓето почнуваат да злоупотребуваат дрога: несигурност, анксиозност, срамежливост, депресија, потреба за подобар перформанс (атлетски или интелектуален), желба да се најде своето место во нова група пријатели, потреба за зголемена сексуална желба, неможност за спиење, постојан замор, како и ментална или физичка траума.rnrnДрогата е краткотрајно решение на даден проблем. Таа не ги решава вашите проблеми, туку на некој начин само ги одложува. Но, доколку постојано ја користите вие ќе добиете нов проблем кој само ќе ја влоши вашата ситуација. И не сите ја имаат потребната сила да се извлечат од неа доволно долго за хемијата во нивниот мозокот да може брзо да се врати во нормала. Зависниците често веруваат дека имаат контрола над дрогата, па токму затоа и не се плашат дека ќе станат зависници. Но, со тек на време, доколку продолжат со истото темпо, нивното тело ќе почне да ја бара дрогата, оставајќи ги целосно под нејзина контрола.rnrnЕдно интересно истражување ни покажува дека секогаш има потајна причина зошто настанува зависноста, па токму затоа и треба да им се помогне на зависниците да го решат овој проблем со цел полесно да се справат и со зависноста. Доколку се сомневате дека вашето момче е зависник, кои се причините кои би можеле да го доведат до оваа состојба? Дали има очигледни?rn

    2. Промени во однесувањето

    rnПовеќето зависници полека се движат кон оваа состојба, па токму затоа и сите ги измамуваат дека се под контрола. Откако ќе развијат зависност, повеќето од нив почнуваат да живеат во негирање. Но, дрогата целосно ќе ја промени нивната перцепција на реалноста. Зависноста ќе ги натера да се правдаат за нешта кои никогаш претходно не би ги направиле, а тоа го прават и најблиските за нив. Крадење, лажење, насилство… Сите овие нешта им стануваат нормални во периодот кога им е потребна дрогата и бидејќи им е најважна, тие би сториле сè за да ја земат.rnrnНа некој начин тие го оправдуваат секое дејство кое мислат дека ќе ги доведе до нивната следна доза и откако ќе ја земат, тие се под нејзино влијание и воопшто не размислуваат чисто. Како резултат, нивното однесување се менува дури и без тие да забележат, па токму затоа и вие мора да ги набљудувате внимателно. Имајќи го тоа на ум, некои зависници се потешки да се откријат преку промените на однесувањето бидејќи или користат помало количество или пак, едноставно таа не им влијае толку драстично. Не мора да значи дека секој зависник ќе стане насилен или ќе прави незамисливи нешта кога има потреба од дрога. Но, сепак постојат начини на кои можете да ги забележите малите промени во однесувањето кои го издаваат.rnrnДоколку ги забележите следниве нешта, тогаш треба да му обрнете повеќе внимание со цел да бидете сигурни.rn

      rn011

    • ненадејни промени во карактерот или самодовербата
    • rn011

    • ненадејно зголемување на енергијата кое не е проследено со позитивна животна промена (како вежбање, соодветно спиење, подобра исхрана…) или хиперактивност
    • rn011

    • ненадејна промена на пријателите, оддалечување од моменталните пријатели или претерано зафатен социјален живот
    • rn011

    • недостаток на мотивација и генерална психичка отсутност
    • rn011

    • претерана среќа
    • rn011

    • претерана уморност
    • rn011

    • крадење (за да ја поддржат својата зависност)
    • rn011

    • недостаток од интересирање за својот физички изглед
    • rn011

    • ненадејно зголемување на мотивацијата
    • rn011

    • таинствено и мистериозно однесување
    • rn011

    • намалена координација
    • rn011

    • промени во апетитот
    • rn011

    • неспособност за концентрација
    • rn011

    • неспособност за спиење
    • rn011

    • промени на расположението
    • rn011

    • лажење
    • rn011

    • параноја и анксиозност
    • rn

    rn

    3. Физички промени

    rnДрогата влијае врз телото. Некои телесни промени се полесни за забележување од други, но доколку погледнете внимателно сигурно ќе можете да ги забележите…rn

      rn011

    • промени на телесната миризба
    • rn011

    • екстремно проширени (големи) или стеснети (мали) зеници, кај кои светлината не предизвикува соодветна промена на нивната големина
    • rn011

    • црвени очи
    • rn011

    • растечен нос
    • rn011

    • нееднакво отчукување на срцето
    • rn011

    • нејасен говор
    • rn011

    • точки од инјекции
    • rn011

    • нафрлање на кожата
    • rn011

    • халуцинации
    • rn011

    • очи кои сјаат
    • rn011

    • зголемување на тежината
    • rn011

    • надуено лице
    • rn011

    • кашлање
    • rn011

    • повраќање
    • rn011

    • потење
    • rn011

    • тикови
    • rn011

    • треперење
    • rn

    rn

    Што да направите доколку тој навистина е зависник?

    rnДоколку откриете дека вашето момче се бори се зависност, најпрво информирајте се колку што можете повеќе на оваа тема. Лесно е да се лутите или пак, да се соочите директно со него, но на тој начин воопшто нема да помогнете. Направете истражување и разговарајте со професионалец пред да ѝ пристапите на целата оваа работа. Справувањето со зависноста може да биде голем проблем, тежок за справување, па токму затоа и покрај професионалната помош, ним им е потребно многу љубов и поддршка со цел да успеат да се извлечат.rn

    Дополнителни информации

    rnПогледнете ги овие информации кои би можеле да ви помогнат со вашата битка:rnrnМит 1: Справувањето со зависноста зависи од волјата. Вие можете да престанете веднаш да ја земате доколку навистина го сакате тоа.rnrnРеалност: Долготрајната изложеност на дрогата го променува начинот на кој вашиот мозок функционира, па токму затоа и телото има силна потреба од неа. Овие промени во мозокот не можат да бидат победени само со чиста волја.rnrnМит 2: Зависноста е болест, па затоа и не можете ништо да направите.rnrnРеалност: Повеќето експерти се согласуваат дека зависноста е болест на мозокот, но тоа не значи дека сте беспомошна жртва. Промените во мозокот настанати под влијание на дрогата можат да бидат третирани и вратени во нормала преку терапија, медикаменти, вежбање и други видови третмани.rnrnМит 3: Зависниците мора да паднат на дното пред да почнат да се подобруваат.rnrnРеалност: Справувањето со овој проблем може да почне во кој било момент, но сепак е подобро да се почне најбрзо што може. Колку подолго сте изложени на дрогата, толку посилна станува зависноста, а со тоа и потешка за третирање.rnrnМит 4: Не можете да натерате некого да се лечи, тие мора сами да побараат помош.rnrnРеалност: Третманот не мора да биде доброволен со цел да биде успешен. Многумина кои биле натерани да почнат со терапија од страна на своето семејство, соработници или легалниот систем имале успешен исход во својата борба со дрогата. Откако нивниот мозок малку ќе се прочисти, тие самите ќе сакаат да продолжат со подобрување.rnrnМит 5: Третманите не успевале претходно, па токму затоа и нема поента да се почне повторно.rnrnРеалност: Справувањето со зависноста е долг процес кој често вклучува навраќање на дрогата. Но, овие повраќања не мора да значат дека третманот не успеал или пак, дека ви нема спас. Доколку повторно се вратите на лекувањето, големи се шансите дека овој пат ќе успеете.rnrnИ за крај, никогаш немојте…rn

      rn011

    • да се обидувате да ги казнувате, да им се заканувате, да ги поткупувате или да им попувате
    • rn011

    • да се претворите во маченик – избегнувајте ги сите емоционални реакции кои би можеле да создадат појава на вина и потреба да се посегне повторно по дрога
    • rn011

    • да го прикривате или да наоѓањето изговори за него, како и да го штитите од негативните последици на своето однесување
    • rn011

    • да ја преземете одговорноста за неговото дело, оставајќи го без чувство на достоинство
    • rn011

    • да криете или фрлате дрога
    • rn011

    • да се карате со него додека е под дејство на дрога
    • rn011

    • да земате дрога покрај него
    • rn011

    • да се чувствувате виновно или одговорно за неговото однесување.
    • rn

  • Што му прават кафето, алкохолот и дрогата на вашиот мозок?

    Што му прават кафето, алкохолот и дрогата на вашиот мозок?

    Постојат голем број супстанци кои можат да направат хаос во мозокот. Некои од нив се легални, додека пак другите не, некои помагаат, а некои одмагаат, но факт е дека сите тие директно влијаат врз мозокот. Па, погледнете што се случува со вашиот мозок доколку е под влијание на кафе, алкохол или одредени видови дрога…rnrnШто му прават кафето, алкохолот и дрогата на вашиот мозок?rnrnКафето е најосновната дрога која голем број луѓе ја користат. Кофеинот има моќ да ви овозможи привремено добро расположение и да ве држи будни. Но, и покрај тоа што кафето најчесто расонува, тоа исто така може и да ве направи нервозни. Тоа можете лесно да го избегнете со намалување на количините кои ги внесувате во вашето тело.rnrnАлкохолот исто така има силно влијание врз вашиот мозок. Тој го забавува размислувањето, дишењето и бројот на отчукувања на срцето. Вие се чувствувате добро по консумирањето алкохол бидејќи тој има моќ да го зголеми нивото на допамин, исто како и другите дроги или оние нешта во кои уживаме, како сексот или омилената храна.rnrnМарихуаната е една од најчесто користените дроги која постојано има свое место на вестите. Нејзината активна состојка, „THC“, го зголемува нивото на допамин и води кон чувство на задоволство, а кај некои луѓе дури и до еуфорија.rnrnХероинот во мозокот се претвора во морфиум и така може да влијае врз начинот на кој умот ги перципира болката и наградата. Од друга страна пак, поголемиот дел од лековите против болка, имаат моќ да ве направат зависни. Истражувањата ни покажуваат дека оние кои ги злоупотребуваат имаат и до 40% поголеми шанси да преминат на тешки дроги, како што е хероинот, бидејќи тој има слично влијание врз мозокот.

  • 6 легални видови храна кои можат да предизвикаат халуцинации

    6 легални видови храна кои можат да предизвикаат халуцинации

    Не ве охрабруваме да консумирате од набројаните намирници со цел да си предизвикате халуцинации. Целта на овој текст е исклучиво информативна. Сепак постојат некои видови храна кои можат да се купат или да се најдат во природата, кои се легални а можат да направат да гледате работи кои најверојатно не се случуваат.rnrn6 легални видови храна кои можат да предизвикаат халуцинацииrn

    1. Кафе

    rnЗа злоупотреба на кофеин се смета кога ќе консумирате 250 милиграми од него, а толку отприлика има во 350 мл кафе. Тогаш уште е рано за халуцинации, но ако испиете 7 шолји веќе е можно да слушнете некои звуци кои другите не ги слушаат или да видите духови.rn

    2. Афион

    rnПознато е дека афионот содржи морфиум и кодеин. Треба премногу да се изеде од него за да се почувствува нешто, но може да придонесе да извадите позитивен тест на дроги.rn

    3. Црници

    rnДоста ги има кај нас и речиси нема некој што не ги јадел, но сепак нема никој кој имал халуцинации од нив. За тоа теоретски треба да се изедат огромни количини од кои веројатно ќе добиете дијареја пред да стигнете до „интересните слики“.rn

    4. Стилтон сирење

    rnСамо 20 грама од стилтон сирењето е доволно за да почнете да гледате слики кои обично не ги гледате. Тоа е потврдено и преку една британска студија.rn

    5. Главата на рибата сарпа салпа

    rnДоколку оваа риба изела доволно од вистинските алги и планктони, нејзината глава може да предизвика халуцинации. Ако не јадела од нив, тогаш е безопасна. Инаку таа може да се најде само на источниот дел на Атлантикот и Медитеранот.rn

    6. Морско оревче

    rnШест до осум лажици од него предизвикуваат слаби халуцинации, а покрај тоа и вртоглавица, мачнина, тешкотии со мокрењето и параноја.

  • Филм: Луси (Lucy)

    Филм: Луси (Lucy)

    Автор: Златко Ѓорѓијоскиrn

    Просечниот човек употребува само 10% од својот мозок. Замислете што сè би можел со 100%?!

    rn1-film-lusi-lucy-kafepauza.mkrnrnРежија: Лук БесонrnrnУлоги: Скатлет Јохансон, Морган Фримен, Амр Вејкд, Мин-сик ЧоиrnrnВреметраење: 89 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 јули 2014rnrnЖанр: акција, научна фантастика, трилерrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВо ладни и врнежливи денови како овие есенскиве сигурно често ви доаѓа после работа да ја откажете пијачката со колегите и да посакате да изгледате еден квалитетен филм. Ако сакате трилер-акции со примеси на научна фантастика, тогаш „Луси“ е вистинскиот избор за вас. Класична акција која од сосема мирна приказна преоѓа во незамисливо хаотичен трилер. Бидете подготвени, во текот на гледањето нивото на адреналин ќе ви се менува исто како што се менува неизвесноста во филмот.rnrn2-film-lusi-lucy-kafepauza.mkrnrnСторијата е пренесена хронолошки и паралелно откако Луси, која студира и живее во Тајпеј, е вовлечена во работа како дилерски курир од страна на нејзиното ново момче, чијшто работодавач е г. Јанг, главниот нарко дилер во тоа подрачје. Луси ја доставува нарачката со високо вредната синтетичка дрога CPH4. Гледајќи го убиството на своето момче, таа е киднапирана и кесичката со дрога ѝ е насилно сошиена во стомакот. Заплетот настанува кога супстанцијата од кесичката несреќно ќе навлезе во нејзиниот крвоток.rnrn10-film-lusi-lucy-kafepauza.mkLUCY 5-film-lusi-lucy-kafepauza.mkrnrnКако што хронолошки се прикажуваат дејствијата на опијатите врз главниот опортунист, паралелно се случуваат многу научни и полициски акции кои имаат огромен удел во перфекцијата на филмот. Со овој филм режисерот покажува дека и малите луѓе можат на сосема необичен начин преку ноќ да се предефинираат во светски херои, и така да помогнат за развојот на човештвото. Покрај тоа, главната порака на филмот остава многу простор за размислување на темата: Што би било доколку би користеле поголем процент од мозокот? И додека гледате, сигурно ќе посакате да сте на местото на Луси.rnrn7-film-lusi-lucy-kafepauza.mk9-film-lusi-lucy-kafepauza.mkrnrnСума сумарум, „Луси“ е квалитетно парче филм, кое ќе ви ја разубави вечерта, а посебно ако сте љубители на научно-фантастичните трилер-акции. Ако ги исполни вашите очекувања сигурно ќе сакате и продолжение. Нема да ви кажам ништо повеќе за да не ви го одземам задоволството ако решите да го гледате. Само ќе ви речам: „Уживајте!“rnrn4-film-lusi-lucy-kafepauza.mk8-film-lusi-lucy-kafepauza.mk6-film-lusi-lucy-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Книга: „Бело-црвен свет“ – Дорота Масловска

    Книга: „Бело-црвен свет“ – Дорота Масловска

    (1) Книга: „Бело - црвен свет“ - Дорота МасловскаАко имате барем малку идеја што се случува во светов во последно време, книгава не би требало да ја пропуштите

    rn

    Наша оценка: 9/10

    rn

    Ваша оценка: [ratings]

    rnrnДорота Масловска имала само 18 години кога ја напишала „Бело – црвен свет“. Романот, примен од критичарите и од публиката со широко раширени раце, свеж литературен бран во младешки, контроверзен стил, е сè уште своевиден феномен и сè уште нашироко се зборува за истиот. Масловска има доживотно членство во клубот на големите имиња, а со првите неколку страници ќе сфатите дека е целосно заслужено, дури и ако не го повтори успехот со ниту едно друго дело.rnrnВпрочем, не мора ниту да ви се допаѓа книгата, дури многу веројатно е дека темата и стилот на пишување ќе бидат тешко сварливи за некои, но не верувам дека постои читател кој би можел да го оспори талентот, имагинацијата и способноста за конструктивна критика на младата авторка. Особено ако земеме во предвид дека поголем дел од осумнаесетгодишниците не гледаат ни вести а камо ли да имаат волја и способност да напишат книга која во завиена форма и преку младешки глупирања всушност ќе му тресне во фаца некои сериозни муабети на општеството.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrnrn


    rnrnГлавниот лик е Анджеј, или „Силниот“ ако баш сакате, бидејќи е главен во друштво, дрзок на јазик и остар во размилувањата, веројатно бидејќи поголем дел од времето е на спид и плус врти неколку женски во книгата. Го запознаваме во моментот кога неговата голема љубов Магда му пренесува преку нејзината другарка дека меѓу нив е готово. И Магда е на спид поголем дел од времето, плус се мафта со руски војници. Анджеј, нормално ја мрази поради тоа, но земено во предвид дека не прави нешто многу покорисно со неговиот живот а и можеби ќе може да ја легне пак во скоро време, спремен е да и прости и некоја таква грешка. Не дека е ова нешто многу трагично, горе – долу нивните животи не се разликуваат од животите на нивните врсници. Поголемиот дел од нив се невработени, без перспектива, огорчени и конфузни. Плус, се наоѓаат сред полско – руска војна под бело – црвено знаме.rnСцените и разговорите, горчливи во поголем дел од романот, се пренесени низ конфузни и набиени мисли на Анджеј кој дури и разговорите со другите му ги прераскажува на читателот, како да ги преработува прво и никогаш како да не ни дава „директно“ да ги слушнеме другите ликови (сигурно постои соодветен термин за ова, таму некаде во книгите по македонски јазик).rn
    rn

    „Името ти е убаво, Магда, исто како и твоето лице. Твоите раце се убави, твоите прсти, нокти, нели можеме да останеме заедно? Ако сакаш, ќе те однесам одовде каде сакаш. Можеби дури и во болница, ако е неопходно. Ме прашуваш дали сум пиел, е па, сум пиел, ама не е ничија работа дали сум пиел или не. Ајде одиме, ајде само да влеземе во колата и да одиме, ќе те однесам секаде, дури иако десет илјади Руси сакаат да ни направат тестови за алкохол и дрога. Ми велиш да не те заебавам, да престанам…“

    rn(2) Книга: „Бело - црвен свет“ - Дорота МасловскаrnrnНекогаш не можев да одлучам дали навистина е дијалог или сè се случува во неговиот ум. И помеѓу сите „љубовни“ дискусии, драми и расправии кои единствено асоцираат на незрелост и преголема конзумација на дрога одеднаш се наоѓате сред монолог за некое општествено прашање. Сите прашања тргнуваат од политика, од војни, од слаба економија, од лошо образование, од нефункционални семејства и се враќаат пак таму, со ниту еден одговор, само некој краток горчлив бунт кој никој не го перцепира.rn
    rn

    „Не се согласувам многу со даноците, предлагам држава без даноци, каде што моите родители нема да се убиваат од работа за некои принцови што пушат и си имаат свои апартмани и телефонски броеви во време кога работите не се баш толку едноставни. Како и да е, како што реков, економската ситуација во земјава е категорично заебана…“

    rnКнигата е сплет на набиени случки, од трагични разговори до халуцинации од спид па до некои просветлувачки моменти кои кратко траат. Анджеј и сите попатни ликови се само одраз на уништена младина до срж, бунтовници со причина но без кауза. Трагично, но поголем дел од нив не знаат ниту на која страна треба да се свртат. Масловска, дури им се приклучува како еден од ликовите при крајот, генијален потег кој само додава на оригиналност. На моменти, чувството е како да сте вовлечени во „Requiem for a dream“ во генијалната режија на Дарен Аронофски, па се префрлате во сцени на „Trainspotting“ на Дени Бојл, а корицата неизбежно ме потсети на „Romper Stomper“ на Џефри Рајт… ако овие се наоѓаат на вашата листа на топ филмови, книгава не би требало да ја пропуштите. Всушност, ако имате барем малку идеја што се случува во светов во последно време, не би требало да ја пропуштите.rnrn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 26 ноември 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Најчудните начини на шверцување забележани на царините

    Најчудните начини на шверцување забележани на царините

    Веројатно секојдневната работа на цариниците не е многу интересна, но понекогаш наидуваат на случаи кои вообичаените проверки им ги претвораат во интересно искуство. Иако не успеале да ја поминат царината, луѓето кои стојат зад овие изуми заслужуваат заслуга за креативност.rnrn

    Пари во кифлички
    Пари во кифлички
    rnrn

  • Најопасните градови во светот

    Најопасните градови во светот

    Патувањето низ светот е одличен начин за поминување на вашиот одмор, но не сите градови се шармантни како оние во брошурите. И покрај тоа што секој голем град има свои проблеми, некои се полоши од други. Според едно истражување, наредниве 10 градови се најопасните во светот, па можеби би било мудро доколку ги избегнувате. И покрај тоа што станува збор за многу убави места, овие градови преставуваат преголема опасност за еден просечен турист. Многу е полесно да посетите место каде што нема големи шанси да налетате на залутан куршум, се согласувате?rn

    1. Сан Педро Сула, Хондурас

    rnНајопасните градови во светотrnrnВеќе втора година по ред, овој град го држи рекордот за највисок процент на убиства. Тој е на првото место од листата на најопасните градови со неверојатни намерни 169 убиства на секои 100.000 жители, што во просек излегува по 3 убиства на ден во текот на целата година.rn

    2. Акапулко, Мексико

    rnНајопасните градови во светотrnrnАкапулко порано било популарна туристичка дестинација, но денес, на прекрасните плажи можат да се видат само мал број туристи. Картелите со дрога се огромен проблем во Мексико, кој постојано расте. Големиот број мртви тела покрај пристаништето се секојдневна глетка во овој град, правејќи ја областа тешка и неподнослива за престој.rn

    3. Каракас, Венецуела

    rnНајопасните градови во светотrnrnГлавниот град на Венецуела, Каракас, има огромен процент на убиства кој достигнува и до 122 на секои 100.000 жители. Градот секојдневно е под притисок на картелите со дрога, уличните пресметки и вооружените грабежи. Жителите на овој град, како и посетителите, постојано мора да внимаваат, без разлика на областа од градот во која се движат. Доколку некогаш решите да го посетите Каракас, не правете го тоа сами и никако не излегувајте надвор без придружба.rn

    4. Дистрито Сентрал, Хондурас

    rnНајопасните градови во светотrnrnИ покрај тоа што ниту еден голем град не е имун на насилство, во Дистрито Сентрал има огромно ниво на насилство. Опасностите во овој град често се поврзуваат со екстремната сиромаштија, корупција на владата и големото присуство на мафијата. Токму ова насилство ги одбива сите туристи.rn

    5. Тореон, Мексико

    rnНајопасните градови во светотrnrnИ покрај тоа што Тореон е еден од најважните индустриски и економски центри во Мексико, тој исто така спаѓа и во најопасните градови ширум светот. Во овој град нема проблем со организиран криминал, ниту пак со продавање дрога, но тој сепак има висок процент на убиства, кој достигнува и до 87 на секои 100.000 жители во текот на една година.rnrn

  • Книга: „Страв и гадење во Лас Вегас“ – Хантер С. Томпсон

    Книга: „Страв и гадење во Лас Вегас“ – Хантер С. Томпсон

    Книга: Страв и гадење во Лас ВегасМоже да се каже дека книгава долго време беше на безбедна дистанца од мене, ја чував на горните полици од мојата имагинарна библиотека од книги кои морам да ги прочитам, но секогаш малку штрчеше, да ме предизвикува. Во меѓувреме се подготвував, читав критики, читав за Томпсон, гледав дури и по некој трејлер од филмот и сѐ на сѐ можеше да се каже дека знам што ме очекува кога конечно дојде во мои раце.rnrnЛеле колку згрешив! За оваа книга не може да се подготвите. Освен ако не сте доктор по новинарство кој со полн багажник разновидни наркотици во црвен кабриолет, со својот луд другар тргнува за Лас Вегас. Мислам дека дури ни тогаш.rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrn


    rnrnХантер С. Томпсон си го резервира своето место и тоа во предните седишта на арената на американската литература како основач на гонзо новинарството, репортажа во која новинарот се вклучува во приказната до тој степен што станува главниот лик во истата. „Страв и гадење во Лас Вегас“ е најдобар пример за овој доста критикуван правец којшто многумина не го ни признаваат и сметаат дека е само изговор и оправдување за налудничаво однесување. И веројатно не се многу далеку од вистината. rnrnРаул Дјук (алтер его на Томпсон) е новинар кој треба да покрие репортажа во Лас Вегас за познатата трка на мотори Минт 400, но од не баш јасни причини, Дјук се решава да го искористи ова патување платено од новинарската куќа и да го брка Американскиот сон. Наводно, Американскиот сон бил да си под дејство на 3-4 различни наркотици одеднаш, додека возиш 200 км/час во пустина со твојот уште поиздрогиран пријател/адвокат, дишеш етер којшто испарува од подот на кабриолетот и халуцинираш дека си во земјата на лилјаците. Ова само во првите дваесеттина страни од книгата.rnrnКнига: Страв и гадење во Лас ВегасrnrnКога конечно стигаат во Лас Вегас работите стануваат уште „поинтересни“ и го оправдуваат насловот на книгата. Лудиот микс од наркотици ги доведува до константна параноја која кулминира кога двајцата пријатели стануваат опасност за себе, меѓу себе и за сите околу себе. Краток момент на трезнење го тера Дјук да сфати колку далеку отишле работите и конечно трга на пат кон дома. И тогаш, единствениот вистински комичен момент во целата приказна: добива телеграма од својот уредник кој му вели дека не смее да го напушти Лас Вегас бидејќи треба да покрие национална конференција на јавни обвинители и да присуствува на четиридневен семинар за дроги и опасни наркотици. Ха!rnrnКнигата оживува на големиот екран во 1997 година со Џони Деп и Бенисио дел Торо во главните улоги, а покрај во „Страв и гадење во Лас Вегас“, Деп повторно го глуми Томпсон во „Дневник на румот“. Како и книгите, филмовите се исто толку луди и култни истовремено.rnrnБи сакала да верувам дека халуцинациите се дело на брилијантна имагинација, но јавна тајна е дека Томпсон целата книга ја има напишано врз основа на сопственото доживување. Всушност, не е ни тајна, човекот во бројни интервјуа отворено си зборувал за приказната. Сепак, помеѓу лудите ноќи во Лас Вегас, хорор халуцинациите, неповрзаните разговори и постојаните ситуации опасни по живот, нема да можете да ја оставите книгата. Можеби поради трошките надеж кои ги фрла повремено дека ги разбира последиците кои неминовно ќе го следат, свесноста дека по сопствен избор се претвора во животно без никаква самоконтрола а можеби и поради фактот дека ако некој преживеал вакво нешто, ретко кој би се осудил да пишува за истото. Некако, длабоко во себе, под сиот страв и гадење се замислувате дека му симнувате беж рибарски шешир и му честитате на храброста и лудоста. rnrnХантер С. Томпсон е роден на 18 јули 1937 година. Можеби ќе си славевме заедно роденден да не се застрелаше во 2005 година на 67 години. Човек кој доживеал 67 години, а го преживеал сето ова, сигурно ќе живееше барем уште девет. Е тоа ќе беше журка :)rn
    rn

    „Можеби значеше нешто. Можеби не, на крајот… но никакво објаснување, никаков спој од зборови, музика или сеќавање не можат да го достигнат тоа чувство кога знаеш дека си бил жив тука, во тој агол од времето и светот. Што и да значи тоа…“

    rn

    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 9 јули 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn

  • Книга: „Шангај бејби“ – Веј Хуј

    Книга: „Шангај бејби“ – Веј Хуј

    Книга која руши многу предрасуди и никого не остава рамнодушен

    rnКнига: „Шангај бејби“ – Веј ХујПо издавањето во 1999, „Шангај бејби“ е забранета поради отвореното, експлицитно излагање на еротиката во овој контроверзен роман, што само ги направи читателите гладни да ја прочитаат приказната, воедно зголемувајќи ја популарноста на писателката.rnrnПриказната на младата Коко е делумно автобиографска и го отсликува кинеското општество кон крајот на 20–тиот век. „Шангај бејби“ е нејзиниот прв роман а воедно доста провокативно и контроверзно дело што ја прави Хју дел од лидерите на новата генерација модернисти. Тоа е приказна за љубовта, телесна спроти духовна, за страста, неверството, дрогата и самозапознавањето.rnrn


    rnrn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачкиот центар ТРИ

    rnrn


    rnrnКоко работи како келнерка во едно кафуле во Шангај каде го запознава Тјантјан. Љубовта меѓу нив расте, но останува делумно платонска поради импотенцијата на Тјантјан. Сепак, Коко останува со својот љубен, дури и ја напушта работата и почнува да живее со него, посветувајќи се на пишувањето на својот роман.rnrnСплетот на околности ја носи до Марк, оженет Германец кој службено е во Шангај. Марк не може да ѝ одолее на младата Коко и нејзиниот пикантен флерт и за брзо меѓу нив разгорува страсна афера.rnrnДелумно како модерната верзија на Леди Четерли, Коко е растргната меѓу платонската љубов кон Тјантјан кој себеси си наштетува со консумацијата на дроги, и силната еротска страст која ѝ ја нуди Марк и на која не може да остане рамнодушна. Знаејќи дека што и да одлучи нејзината одлука ќе распара многу срца, вклучувајќи го и нејзиното, Коко продолжува во меланхолично трагање по себеси, својата сексуалност, како и инспирација за нејзиното следно пишано дело.rnrnКнига „Шангај бејби“ – Веј ХујrnrnЈавно и без влакна на јазикот Веј Хју ни подава како на чинија парче од својата душа. Преку една урбана приказна ни дава јасна слика за кинеското општество во крајот на 20-тиот век, за пороците, страстите и забранетите овошја кои секогаш се најслатки. Со по некоја мрачна, но и ведра страна извезува една приказна која е преконтроверзна за тогашното општество. Прашањето е дали денешното ќе може да ја „свари“?rnrnКнига која нема да ве остави рамнодушни. Ќе ве заинтригира пишувањето на авторката, нејзиното нескромно себељубие и реално раскажување. На моменти ќе ја сакате, на моменти ќе ве иритира, но секогаш ќе ве интригира за повеќе. Многу ми се допаднаа цитатите од големите имиња на почетоците на секоја глава и нејзината храброст да признае една толкава вистина за себеси кршејќи многу предрасуди наметнати од општеството. Искрено ја препорачувам. Едно вакво искуство со сигурност ќе ви годи.rnrn
    Книжарница ТРИ, ГТЦ, I кат
    тел: 02/3238-722
    knizarnica@kniga.com.mk
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдТРИ и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до среда, 11 јуни 2014. rnrnДобитниците ќе бидат известени преку профилите на Кафе пауза на Фејсбук, Твитер и на Пинтерест.rnrnНаградите ќе можете да си ги подигнете со документ за лична идентификација во книжарницата ТРИ.rnrn