КАФЕ ПАУЗА

Tag: дозвола

  • Драги жени, дозволено ви е…

    Драги жени, дозволено ви е…

    Драги жени, дозволено ви е да ви недостига, сè додека вашето срце не реши да престане да копнее по него. Дозволено ви е да се чувствувате неудобно во својата кожа. Дозволено ви е и да ги чувствувате сите емоции што ќе ве обземат.rnrnrnrnДозволено ви е да не знаете сè, да правите грешки и да учите на потешкиот начин. Дозволено ви е да не бидете во ред, да останете во кревет и да го исклучите телефонот во текот на целиот ден, ако токму тоа ѝ е потребно на вашата душа.rnrnДозволено ви е одвреме-навреме да си дадете дозвола да не правите ништо, да изедете премногу колачиња, да гледате серии… Дозволено ви е и да побарате помош, да се предадете и да си одвоите доволно време за заздравување.rnrnДозволено ви е да имате сопствен глас и гласно да говорите, дури и кога гласот ви трепери. Дозволено ви е да престанете да се казнувате себеси, да си опростите и да си бидете најдобриот пријател и најголемиот фан.rnrnДозволено ви е да се ослободите, да се оттргнете од сите токсични нешта, врски и места во вашиот живот, како и од старите, негативни верувања и минати болки што ве задржуваат наназад. Дозволено ви е да носите што и да посакате.rnrnДраги жени, дозволено ви е да се дефинирате себеси, да го најдете вашето значење за тоа што значи да се биде жена, мајка, пријателка и партнерка. Вие самите одлучувате и што значи да се биде добро човечко суштество на оваа планета.rnrnДозволено ви е сами да ги одберете личностите што вие ги сметате за семејство. Дозволено ви е да одберете со кого сакате да го минувате своето време и како да им помагате на луѓето во вашиот живот.rnrnДозволено ви е и самите да дефинирате што значи да се биде бестрашна жена, да се има верба и доверба во моќ поголема од самите себе. Дозволено ви е и да се сакате себеси во целост, дури и кога се чувствувате скршено.rnrnДозволено ви е да се чувствувате прекрасно, секси и вредно. Дозволено ви е да бидете интелигентни, амбициозни и итри. Дозволено ви е и да бидете возбудени, да уживате во сексот и да можете да кажете да, но и не.rnrnДозволено ви е и да одлучите што точно посакува вашето срце. Дали сакате да бидете мајка, сопруга или нешто сосема друго. Дозволено вие да одлучите и како ќе си ги исполните сопствените денови што го сочинуваат вашиот живот.rnrnДозволено ви е да бидете жените што навистина сте!rnrnДраги жени, вие исто така сте и убави и никогаш не дозволувајте некој да ве убеди во спротивното!

  • 8 знаци дека другите луѓе не можат да си играат со вас

    8 знаци дека другите луѓе не можат да си играат со вас

    Во одреден момент од животот, сите ќе престанеме да им дозволуваме на луѓето да си играат со нас. Ќе почнеме да си го браниме сопствениот став и нема да дозволиме никој да нѐ разочара. Доколку вие сте станале дел од овие поединци, сигурно самоуверено се соочувате со светот, дури и во најризичните ситуации. Ова се 8-те знаци дека не им дозволувате на другите да си играат со вас…rnrn8 знаци дека другите луѓе не можат да си играат со васrn

    1. Работите на себе

    rnСакате да станете подобри и вашата упорност ве прави непобедливи. Ѝ дозволувате на енергијата да тече низ вас и да ве полни со позитивни вибрации. Немате време за драми.rn

    2. Знаете кога треба да ги прекршите правилата

    rnПонекогаш животот ни поставува нереалистични и непотребни правила. Иако не треба сите правила да се прекршуваат, животот ќе ви биде многу полесен ако знаете кои да ги прекршите. Не се плашите да бидете казнети за вистинската цел.rn

    3. Знаете да простите

    rnЛуѓето кои знаат да простуваат се многу моќни. Обично премногу долго држиме лутина, а тоа воопшто не е здраво. Ослободете се од гневот и простете им на оние кои ви згрешиле, дури и да не ја заслужуваат вашата прошка.rn

    4. Не барате ничие одобрување

    rnДури и на најсилните луѓе понекогаш им се случува да паднат во оваа замка. Не заборавајте дека единственото одобрување што треба да го барате се крие однатре. Туѓите мислења не би требало да ви значат.rnrn8 знаци дека другите луѓе не можат да си играат со васrn

    5. Се соочувате со вашите стравови

    rnКога се плашите од нешто, не бегате. Сите понекогаш се затвораме во нашето мало кутиче мислејќи дека целиот свет сака да ни наштети. Токму поради тоа пропуштаме многу работи во кои би можеле да уживаме или од кои би можеле да научиме нешто.rn

    6. Се фокусирате само на работите што можете да ги контролирате

    rnАко нешто е надвор од ваша контрола, не заслужува да остане заглавено во вашиот ум. Секогаш ги завршувате работите токму како што треба. Кога би можеле да промените нешто, би го сториле тоа, но не можете. Сте го прифатиле фактот дека ако постои нешто што не можете да го контролирате, тоа не е ваш проблем.rn

    7. Знаете колку вредите

    rnМногу е важно да знаете колку вредите. Самопочитта нема да им дозволи на другите луѓе да си играат со вас. Доколку навистина се цените себеси, никој нема да може да ве обезвредни.rn

    8. Не им дозволувате на токсичните луѓе да останат во вашиот живот

    rnАко забележите дека постои токсична личност во вашиот живот, веднаш ја отстранувате. Се работи за вашиот живот и нема да дозволите никому да ви ги попречи патот. Сите заслужуваме да го живееме животот од нашите соништа.rnrnПа, што откривте за себе? Дали им дозволувате на луѓето да си играат со вас? Доколку не се пронајдовте во горенаведените знаци, би требало да поработите на себе. Откако ќе ја добиете потребната самодоверба, ниту едно мислење или критика нема да можат да ви застанат на патот.rnrnДознајте и кои се 8-те карактеристики што ги одликуваат моќните луѓе.

  • 15 нешта за кои не се грижат среќните луѓе

    15 нешта за кои не се грижат среќните луѓе

    Среќата не е дестинација каде треба да се стигне, среќата едноставно е пат низ животот, начин на размислување и гледање на нештата. Кога ќе ги погледнете среќните луѓе сфаќате дека тие шират топлина, љубезност и разбирање, дека се чувствуваат удобно во својата кожа и се прифатиле себеси такви какви што се. Најважно од сè тие не се преокупирани со наоѓање среќа бидејќи знаат дека таа е пред нив, спакувана во сите мали животни задоволства. Еве за што не се грижат навистина среќните луѓе и за што не треба да се грижи никој од нас.rnrn15 нешта за кои не се грижат среќните луѓеrn

    1. Материјалните работи

    rnСекако, материјалните работи се важни, и како што некој рекол подобро ќе плачам во Ферари отколку во Југо. Но, дали материјалните работи треба да ни бидат главниот фокус во животот? Дали се мерило за нашата среќа? Не. Одберете да си ја вршите работата со страст и љубов, да дадете најмногу од себе за да разубавите нечии животи, а кога одвреме-навреме ќе се слеат пари, бидете задоволни, но не зависете од нив. Луѓето кои се зависни од материјалните нешта ја наоѓаат својата лажна среќа во нив и никогаш не им е доста, никогаш нема да бидат исполнети ниту пак вистински среќни.rn

    2. За она што ќе го добијат за возврат

    rnНе е добро дело доколку очекувате награда, и никогаш нема јасно да ги видите „сметките“ колку сте дале и колку ви должат. Наместо да се преокупирате со тоа, живејте слободно, правете добри дела не очекувајќи „исплата“ за истите.rn

    3. За очекувањата и нормите на општеството

    rnПостојаните обиди да ги задоволите другите и да се вклопите негде може да бидат стресни и да влијаат многу лошо на вашата среќа. Наместо тоа, живејте го животот на ваш начин. Да, многу полесно е да се каже отколку да се направи, но претпоставувам за тоа е потребно вежбање. Почнете да се ослободувате себеси и да се чувствувате удобно во својата кожа. Бидете свои и со тек на време тоа ќе ви стане навика. Наместо да следите некои здодевни веќе поставени шеми, вие создавајте свои правила. Никој не гради среќно постоење со обидите да се вклопи некаде или да биде нечија копија, нели?rn

    4. За предрасудите на луѓето

    rnЛуѓето имаат многу предрасуди, најчесто со цел да се чувствуваат подобро самите за себе бидејќи им недостига самодоверба. Среќните луѓе не се грижат за предрасудите на општеството бидејќи знаат дека тие се поставени од личности кои се борат со своите комплекси. Во живеењето на својот сон нема да ги попречи нивниот пол, возраст, висина, потекло, боја на кожа и сл.rn

    5. За нечија дозвола

    rnНели е заморно да се живее со постојана потреба да се задоволат сечии барања? Што правиме доколку за сè чекаме зелено светло од некој друг? Можеби токму на тој начин го одлагаме нашиот исполнет живот. Никогаш нема сите да се согласуваат 100% со вас и секогаш ќе има некој кој ќе ве гледа со сомнеж. Вие сепак продолжете и сторете го она што сте го наумиле. Не дозволувајте ничие мислење да ве обесхрабри.rn

    6. За потребата постојано да се во право

    rnНема некој кој знае сè и кој има одговори на секое прашање. Бидете отворени за нови лекции и не поставувајте се како супериорни личности кои знаат сè што треба да знаат за животот. Не секогаш ќе бидете во право и тоа е во ред. Слушнете што другите имаат да ви кажат. Некогаш најголемите лекции доаѓаат кога најмалку ги очекувате.rn

    7. Не се зависни од погодно опкружување

    rnЗошто да се преокупирате со вашето опкружување и да дозволите тоа да ви биде пречка во животот? Променете го она што не ви одговара, прифатете го она што не може да го промените, дајте сè од себе. Никогаш околностите нема да бидат совршени, сепак одберете да дејствувате.rn

    8. За споредување со другите

    rnПостојаното споредување со другите е нездрава навика која ве спречува да живеете слободно. Никогаш нема да знаете како им е на другите и никогаш нема да ја согледате објективната слика. Наместо тоа, одберете да се споредувате самите со себе. Гледајте секој ден да станувате подобра верзија од себеси.rnrn15 нешта за кои не се грижат среќните луѓеrn

    9. Не се мешаат во туѓите животи

    rnМешањето и зборувањето за туѓите животи е само показател дека твојот живот не е доволно возбудлив и исполнет. Среќните луѓе одбираат да си ги средат сопствените дворови наместо да зборуваат за туѓите.rn

    10. Не се грижат за озборување

    rnОзборувањето е плитка карактеристика на луѓето кои немаат попаметна работа, и среќните луѓе се свесни за тоа. Озборувањата се шират како вирус и со секое прекажување добиваат нова форма. Одберете да не го пополнувате слободното време со ваква активност и да ја запознаете личноста сами наместо да ја оцените според тоа што другите зборуваат.rn

    11. Не трошат време на отровни врски

    rnБез разлика дали станува збор за љубовна или пријателска врска, секој од нас искусил токсична врска која ви ја зема позитивната енергија и не ви дозволува да живеете слободно. Да, можеби на почетокот ќе ви биде тешко отсечно да пресечете и ставите крај, но за брзо ќе си бидете благодарни самите себе. Опкружете се со позитивни личности кои ве надградуваат и ве мотивираат да го истакнете најдоброто од себе, само така може да бидете среќни.rn

    12. Не чуваат омраза и лоши мисли

    rnОдберете да им простите на луѓето од вашето минато, не заради нив туку заради самите себе. Чувањето омраза во себе и памтењето на лошите работи само се пласти слој по слој уништувајќи ве и оневозможувајќи ви да живеете слободно.rn

    13. Не обрнуваат внимание на лагите

    rnСекој лаже понекогаш, само што некој лаже навистина често. Среќните луѓе не се грижат за оние кои шират лаги и невистини за нив или за нивните пријатели и блиски. Таквите личности едноставно ги игнорираат.rn

    14. Не трошат време на самосожалување

    rnПонекогаш животот не е фер, и не само кон поединци туку кон сите. Наместо да заглавите во шема на самосожалување, вперете го прстот најпрво кон себеси. Што вие може да направите за да ја подобрите ситуацијата? Ако животот ви зададе удар а вие одберете да останете на земја сожалувајќи се, никогаш нема да се исправите на нозе и да се обидете повторно.rn

    15. Не размислуваат за одмазда

    rnКроењето планови за одмазда ви троши скапоцено време и ја цица позитивната енергија. Секој може да му згреши некому, некогаш и несвесно. Ослободете се од тој товар и дозволете вашиот слободен, среќен и успешен живот да зборува наместо вас.

  • 5 знаци дека таа е татина ќерка

    5 знаци дека таа е татина ќерка

    Кога би требало да дадеме еден вид урбана дефиниција за поимот „татина ќерка“, или ако сакате „татина галеница“, тоа би звучело вака: девојка која е чувана во стаклено ѕвоно од страна на нејзиниот татко, кој би направил сè за неа. Ако сака да студира на скап универзитет, нема проблем, таа е неговата иднина. Ако момчето ја повредило, нема збор, тој е мртов човек.rnrnШала на страна, тоа што вашата девојка е чувана како зеница во окото на татко ѝ, не мора да значи дека е лоша работа. Таа е девојка чија самодоверба и чија поставеност во љубовните врски наголемо е под влијание на односот со нејзиниот татко. Тоа што е вреднувана и чувана од страна на татко ѝ е само показател за тоа дека токму истото го очекува од вас и нема да се задоволи со ништо помалку од љубов, почит и разбирање.rnrn5 знаци дека таа е татина ќеркаrnrnАко не сте сигурни дали вашата девојка е татина галеница, обрнете внимание на следново:rn

    1. Многу брзо го запознавте нејзиниот татко

    rnНекои девојки би чекале со недели дури и месеци пред да ве запознаат со нивниот татко. Но не и татината ќерка. Таа знае колку е важно мислењето на татко ѝ и ако татичко не ве сака вашата врска нема иднина. Нејзиниот татко е човекот на кого му верува најмногу, па ако сака да провери дали сте „материјал“ за сериозна врска или брак, ќе ве однесе на „тестирање“ многу брзо.rnrn5 знаци дека таа е татина ќеркаrn

    2. Пред брак мора да побарате дозвола од татко ѝ

    rnМожеби не сте традиционални и не ви е ни на крај памет да ја „барате нејзината рака“ од татко ѝ, но татината ќерка пред да ви рече конечно „да“ ќе побара од вас да го направите тој мал и симболичен гест. На тој начин покажувате голема почит кон нејзиниот татко, а неговиот благослов ќе ѝ значи многу. Тоа што татко ѝ го одобрува вашиот брак ѝ влева сигурност, бидејќи знае дека тој умее да процени дали во иднина вие би биле добар сопруг и татко.rnrn5 знаци дека таа е татина ќеркаrn

    3. Секогаш татко ѝ е прв на листата на повици

    rnТешко е да се натпреварувате со нејзиниот татко, бидејќи во нејзините очи татко ѝ е човекот кој едноставно знае сè и е способен за сè. Неретко ако ѝ се расипе колата или ако ѝ треба каква било помош, по автоматизам ќе му се јави на татко ѝ. Иако е веќе возрасна девојка, нејзиниот татко во телефонскиот именик во никој случај не е потпишан по име или едноставно „тато“, туку потпишан е како „татичко“ или со некој прекар од детството.rnrnОва неретко може да ви смета, па дури и да ве повредува. Доколку дојде до тоа едноставно разговарајте со неа, бидејќи во никој случај намерата не ѝ е да ве повреди свесно. Едноставно уште од детството нејзиниот татко е личноста на која ѝ се обраќа за „итна помош“. Кажете ѝ што ве мачи и дека на моменти навистина се чувствувате бескорисно бидејќи сте ставени во втор план. Доколку ве сака, со сигурност ќе ве разбере.rn

    4. Ќе бара да продолжите од таму каде што застанал нејзиниот татко

    rnТатко ѝ ја научил дека човекот кој вистински ќе ја сака никогаш нема да ги стави своите потреби пред нејзините. Таа го слушнала советот „Вистинскиот маж никогаш нема да те стави после фудбалот, ти ќе му бидеш број 1 приоритет.“ Ова може да ви звучи страшно, но би биле изненадени колку татковците вложуваат грижа и внимание за своите ќерки. Од вас ќе се очекува да продолжите таму каде нејзиниот татко застанал. Вие ќе треба да бидете тој кој ќе ја почитува и вреднува и кој ретко кога ќе се осмели да ѝ рече „не“. Вечера и цвеќе нема да се бара од вас само првите два месеци. Едноставно тоа ќе ви стане рутина.rnrn5 знаци дека таа е татина ќеркаrn

    5. Некогаш и несвесно ве споредува со него

    rnДа се разбереме, татко ѝ е нејзината прва љубов, и бидете сигурни дека таа ве споредува со него. Девојките речиси секогаш во момчето ги бараат карактеристиките на нивните татковци, без разлика дали физички или карактерни особини. Внимавајте на малите знаци. На пример, може да ви рече дека имате слична насмевка со татко ѝ, или дека ѝ се допаѓа тоа што возите внимателно исто како кога татко ѝ ја носел на училиште.rnrnАко ја пронајдовте во сите горенаведени точки, со среќа, бидејќи излегувањето со татина галеница може да биде вистински предизвик. Но од друга страна, бидете сигурни дека ако му се допаднете на татко ѝ и му покажете дека сте заштитнички настроени кон неа, ќе ја имате неговата поддршка, и иако никогаш нема да признае, ќе ве засака како свој син.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 работи кои луѓето со голема самодоверба не ги прават

    15 работи кои луѓето со голема самодоверба не ги прават

    Да се има самодоверба значи да се верува во себе и во своите способности. Ако не веруваме во себе, зошто некој друг би верувал во нас? Доколку сакате да ја подобрите својата самодоверба или пак да проверите колку навистина имате верба во самите себе, обрнете внимание на оваа листа од 15 работи за кои луѓето со голема самодоверба кажуваат големо НЕ.rnrn15 работи кои луѓето со висока самодоверба не ги праватrn

    1. Не наоѓаат изговори

    rnДоколку не пристигнале навреме на работа, не го обвинуваат сообраќајот ниту времето, едноставно задоцниле. Не се служат со изговори од типот „Немам време“, „Моите околности се тешки“, или „Не сум доволно добар/ра за тоа“, туку ќе најдат време, ќе ги променат нештата над кои имаат моќ да влијаат и ќе научат да бидат доволно добри во што било. Луѓето со голема самодоверба се свесни дека оној кој не сака – наоѓа изговори, додека оној кој вистински посакува нешто – наоѓа начини.rn

    2. Не ги одбегнуваат нештата од кои се плашат

    rnНикогаш нема да дозволат стравот да ги управува нивните животи. Најстрашните работи во нашите животи најчесто се токму оние со кои треба да се соочиме за да постигнеме определена цел и да еволуираме како личности. Луѓето со високо ниво на самодоверба се свесни дека работите за кои чувствуваат страв се токму оние работи кои вреди да се направат.rnrnКога еднаш ќе се соочите со стравот, ќе сфатите дека и не бил толку голем, но колку повеќе го одбегнувате, тој сè повеќе расте. Еве на пример, да речеме дека исто како малите деца се плашите од „чудовиштето под креветот“. Луѓето со самодоверба нема да спијат со запалена светилка ниту пак да појдат во креветот на мама, туку ќе го изгаснат светлото и ако треба ќе поминат една вечер под креветот, за дури и ако постои чудовиштето да му докажат дека нема да му дадат можност да ги контролира.rn

    3. Не живеат во стаклено ѕвоно

    rnОние со голема самодоверба нема да останат во безбедната зона туку ќе преземат ризици и ќе направат промени бидејќи безбедната зона е токму она место каде соништата умираат. Ако, да речеме, се стремите кон вашето тело од соништата, но останувате физички неактивни поради болката во мускулите и големиот напор кој се бара од вас, вие никогаш нема да ја постигнете вашата цел. Ќе останете на каучот гледајќи филмови и грицкајќи чипс. Но ако свесно се изложите себеси на тој физички напор, ќе сфатите дека и болката во мускулите се намалува по одредено време и истиот тој напор ќе ви стане рутина која ве носи до целта.rn

    4. Не ги одлагаат работите

    rnНе го чекаат „вистинското време“ или „вистинските околности“, бидејќи ако се поставите така, никогаш нема да дојде тоа вистинско време кое го чекате. Тие преземаат акција сега, денес, во овој момент, правејќи околностите да се прилагодат на нивните планови и цели, а не обратно.rn

    5. Не се преокупирани со туѓите мислења

    rnСе грижат за другите и не се однесуваат себично, но кога станува збор за туѓото мислење, не се преокупирани со она што другите го мислат за нив. Го живеат животот на свој начин, некогаш правејќи работи кои другите не ги разбираат, но нема да дозволат нивните соништа да зависат од мислењата на другите. Се фокусираат на оние кои им се блиски и за кои знаат дека ќе ги поддржат без оглед на сè, а што се однесува за остатокот од светот, не се преокупираат со идејата да ги импресионираат другите бидејќи знаат дека не е возможно секој да има добро мислење за нив.rnrn15 работи кои луѓето со висока самодоверба не ги праватrn

    6. Не ги осудуваат луѓето

    rnСекој е различен и секој има свои проблеми, свое мислење и си го носи сопствениот товар. Луѓето кои имаат самодоверба не чувствуваат потреба да омаловажат некој друг со цел да се чувствуваат подобро самите за себе.rn

    7. Не дозволуваат недостатокот на ресурси да ги спречи

    rnСвесни се дека сè е возможно со доволна количина на креативност како и упорност. Нема да драматизираат околу сè она што го немаат туку ќе ги искористат сите оние нешта кои им се на располагање. Мислите дека најуспешните личности во светот секогаш ги имале сите потребни ресурси на сребрен послужавник? Не, туку одбрале да ги остварат своите цели и покрај сè.rn

    8. Не се споредуваат со другите

    rnНе се споредуваат со другите бидејќи се свесни дека никогаш не можат да знаат за туѓите околности. Единствената личност со која се споредуваат и натпреваруваат се самите себе. Гледаат да еволуираат во подобра личност од она што биле вчера.rn

    9. Не се фокусираат на квантитетот туку на квалитетот

    rnСекогаш ќе се одлучат за квалитет наспроти квантитет. Свесни се дека не можат совршено да се согласуваат со секоја личност со која ќе стапат во контакт, и тоа е во ред. Наместо тоа, тие се фокусираат на квалитетот на нивниот однос со другите.rn

    10. Не се зависни од позитивниот фидбек

    rnЖивотот понекогаш не е фер и некогаш работите не тргнуваат по замислената линија. Не секогаш околностите во животот ќе ви сигнализираат кренати палци и позитивен фидбек, не можете да контролирате буквално сè. Но она што можете да го контролирате е вашата реакција на случувањата во животот.rn

    11. Не ги избегнуваат непријатностите во животот

    rnСвесни се дека во животот неретко ќе треба да се соочат со непријатни и тешки ситуации, но тоа е многу подобро решение отколку избегнувањето што пак придонесува самиот проблем да се мултиплицира.rn

    12. Не се откажуваат лесно

    rnТие се свесни дека неуспехот е дел од сечиј живот и дека постојат две опции: да се исправиш по падот и да пробаш повторно или да се откажеш. Запомнете, неуспехот и не е толку лош. Со негова помош вие сте побогати за едно животно искуство и точно знаете како правилно да постапите во иднина.rnrn15 работи кои луѓето со висока самодоверба не ги праватrn

    13. Не им треба ничија дозвола

    rnНе чекаат зелено светло од околината, од општеството или од кој било. Секогаш пред да преземат акција си велат: Ако не јас, кој? Ако не сега, кога?rn

    14. Не се ограничуваат себеси

    rnНема да дозволат да бидат ограничени од какви било норми, правила или забрани. Ќе излезат од кутијата, ќе ги надминат границите ако треба, но ќе најдат начин да го остварат својот сон и да стигнат до определена цел. Тоа што навидум стигнувањето до таа цел изгледа невозможно го сфаќаат како уште поголем и поисплатлив предизвик, а не како ненадминлива пречка.rn

    15. Не ги прифаќаат нештата пред самите да размислат за нив

    rnЛичностите со голема самодоверба секогаш одржуваат доза на „здрав скептицизам“. Им даваат можност на другите да го кажат своето мислење, но секогаш ќе размислат со своја глава и ќе ги одделат важните од неважните информации. Ништо што ќе прочитаат или чујат не го сфаќаат како универзална вистина туку го преиспитуваат според своите сфаќања и интереси.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто не треба да ви е грижа што другите мислат за вас?

    Зошто не треба да ви е грижа што другите мислат за вас?

    rn

    „Може да бидете најзрелата и најсочната праска во светот, но секогаш ќе се најде некој кој не сака праски.“ – Дита Вон Тиз

    rnСекој сака да биде почитуван и да им се допаѓа на другите, но што се случува кога туѓото мислење станува наша опсесија и почнува многу да влијае на нашата самодоверба? Дали треба да дозволиме нашите успеси, нашата работа, нашиот надворешен изглед, целосно да бидат оценувани преку туѓите очи? Ова се 5 причини зошто не треба да се оптоварувате со тоа какво мислење имаат луѓето за вас.rnrnЗошто не треба да ви е грижа што другите мислат за вас?rn

    Луѓето секогаш ќе веруваат во она што тие сакаат да веруваат

    rnМоже да потрошите премногу време и напор за да му се допаднете некому, да привлечете повеќе внимание, или да го смените мислењето кое некој го има за вас, но сето тоа би ви било залудно. Со вашите постапки и зборови до некој степен можете да влијаете врз туѓото мислење, но никогаш целосно да го промените.rnrnРаботата е во тоа што, луѓето веруваат во она што сакаат. Можеби личноста чии симпатии сакате да ги привлечете има одреден круг на луѓе со кои сака да е блиска, или има некакви предрасуди, најверојатно строги и глупави, така што никогаш нема да го смените начинот на кој ги оценува луѓето. Па тогаш зошто да вложите толкав труд? Енергијата насочете ја кон луѓето кои ве ценат и ве сакаат такви какви што сте.rn

    Не е ваша работа што другите мислат за вас

    rnКолку повеќе се грижите што другите мислат за вас, толку повеќе тоа ќе влијае на вас. За брзо време ќе почнете самите да си поставувате граници и нема да бидете слободни во својата кожа, секогаш размислувајќи како другите гледаат на вас. Дали навистина мислите дека доколку се трудите премногу и кон сите сте добри, секој ќе има добро мислење за вас? Дали мислите дека вреди да потрошите толку време пробувајќи да влијаете врз туѓото мислење, наместо да го надградувате сопственото?rnrnОставете ги луѓето да мислат што сакаат, тоа е нивно право и слобода, и не е ваша работа, дури и ако размислуваат за вас. Вие имате свој живот и бидете зафатени живеејќи го по свои правила.rnrnЗошто не треба да ви е грижа што другите мислат за вас?rnrn

    Луѓето не се грижат толку колку што мислите

    rnЛуѓето озборуваат за да си пополнат време, не мора да има некоја голема и важна причина. Доколку сте интересни и успешни, ќе ве озборуваат уште повеќе. Но, вистината е дека секој од нас, некој повеќе некој помалку, главно се фокусира на себе. Така што, додека вие губите време пробувајќи да влијаете врз туѓото мислење за вас, луѓето всушност најмногу се преокупирани со самите себе.rn

    Не ви е потребна ничија дозвола

    rnПрекрасно е чувството да се биде почитуван и некој да се огледува на тебе. Но, не можете целосно да влијаете на туѓото мислење, трудејќи се луѓето секогаш да го сакаат она што го правите. Доколку станете опседнати со тоа од сите да бидете сакани или пофалени, на добар пат сте да го изгубите здравиот разум, бидејќи тоа никогаш нема да успеете да го постигнете. Најважно е да се прифатите себеси со сите ваши маани и предности, а пофалбите кои ќе доаѓаат одвреме-навреме, едноставно сметајте ги за бонус, но никогаш не станувајте зависни од нив.rn

    Не се важни оние кои не ве почитуваат, важни се оние кои ве почитуваат

    rnКога луѓето не нè сакаат, ние уште повеќе се трудиме да нè засакаат. Кога луѓето нè одбиваат од себе, вложуваме огромен напор да нè прифатат. Можеби е самиот предизвик, или желбата да им докажеме дека не се во право. Но тоа е бесконечен круг од кој нема излез. Вистината е дека постојат луѓе кои нè сакаат без оглед на сè, и нè прифаќаат такви какви што сме, остануваат покрај нас и нè поддржуваат. Откријте кои се луѓето околу кои не чувствувате притисок и со кои можете да бидете свои и слободни, и почитувајте ги бидејќи не е лесно да се прифатат несовршеностите.rnrnЗошто не треба да ви е грижа што другите мислат за вас?rnrnСекако, туѓото мислење до некој степен е важно. Не би смееле да се претвориме во бесчувствителни суштества кои не се грижат апсолутно за ништо и воопшто да не го почитуваме туѓото мислење. Она што треба да научиме е кои се луѓето чие мислење вреди да го почитуваме. Најважно е да знаеме каде е границата, односно кога ги слушаме туѓите мислења за наше добро, а кога дозволуваме целосно да ја обликуваат нашата личност.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 12 златни животни правила

    12 златни животни правила

    Покрај популарните мисли овековечени со перото на познатите философи, постојат и мудри анонимуси, како оној што ги напишал следните животни правила… 🙂12 златни животни правила1. Кога нешто ќе отворите, погрижете се истото и да го затворите.

    rn2. Ако нешто вклучите, не заборавајте и да го исклучете.rnrn3. Ако отклучувате, треба и да заклучувате.rnrn4. Ако нешто расипете или скршите, признајте го тоа.rnrn5. Ако нешто не можете да поправите, побарајте помош од некој што може.rnrn6. Ако нешто сте позајмиле, вратете го.rnrn7. Ако нешто навистина вреди, грижете се за него.rnrn8. Ако направите забуна, разјаснете ја.rnrn9. Кога нешто несоодветно ќе поместите, вратете го назад.rnrn10. Ако ви е потребно нешто што му припаѓа на друг, побарајте дозвола за негово користење.rnrn11. Ако нешто не ви оди, баталете го.rnrn12. Кога нешто не е ваша работа, не поставувајте прашања.rnrnИмате ли и вие некое животно правило кое сте го зацртале како резултат на вашето досегашно искуство, а кое би сакале да го споделите тука?rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каде цртањето графити е легално?

    Каде цртањето графити е легално?

    Без разлика дали го сметате за вандализам или за неопходност на урбаното живеење, цртањето графити е забрането. Тоа е општествено најмалку прифатената форма на уметност, па можеби поради тоа предизвика толку голем отпор и опстана како супкултура. Сепак, со афирмацијата на хип хоп културата во последните години, односот кон неа почна да се менува, па веќе некои градови одвојуваат простор каде што цртањето графити е легално.rn

    Мелбурн

    rnrnВластите на Мелбурн ја одредиле улицата Хосиер Лејн како место каде што графити-уметниците можат да се изразат. И не само што овде тоа е легално, туку и се поттикнува, така што улицата е вметната во сите туристички водичи како атракција која мора да се посети. Дури и мистериозниот и контроверзен британски цртач на графити Бенкси оставил свој „отпечаток“ овде, а сопствениците на зградата веднаш поставиле стакло за да го заштитат неговото дело.rnrnКаде цртањето графити е легално?rnrn

    Венис Бич, Калифорнија

    rnНа Венис Бич во Калифорнија има ѕид којшто никогаш не е сив и каде никогаш не е здодевно, затоа што минувачите постојано имаат можност да ги следат уметниците на дело. Ѕидот е многу популарен меѓу уметниците, па нивните цртежи ретко се задржуваат подолг период, поради тоа што секогаш доаѓа некој друг што црта нешто ново врз нив.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Париз

    rnПариз е град на уметноста и има повеќе места каде што е овозможено изразување преку графити. Оние што имаат намера да цртаат овде нема зошто да се плашат од полицијата, но проблем може да им претставува територијалноста на одредени групи на графити-уметници. Постојат случаи каде што тие дури применуваат и насилство со цел да го одбранат просторот каде што тие цртаат.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Квинс, Њујорк

    rnВо блокот 5Поинтз во Квинс, Њујорк, секој уметник на графити може слободно да се изрази без да биде задеван од полицијата, но само по претходно одобрување од Мерес Уан – кураторот и основач на „5Поинтз“, арт-центар за уметници кои работат со аеросол.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Цирих

    rnЦирих важи за еден од најчистите градови во светот, а неговите жители отсекогаш се труделе и ѕидовите да ги одржат чисти. Но, со менувањето на односот кон графити-уметноста, градот издвои еден мал простор каде што тоа може да се практикува. Роте Фабрик порано било местото каде што цртачите се прикрадувале за нелегално да ја реализираат својата страст, а денес не само што тоа е едно од ретките места во светот каде што тоа е дозволено, туку е и поддржано од властите.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Копенхаген

    rnКопенхаген е познат како еден од најлибералните градови во светот, меѓу другото и заради тоа што на одредени локации дозволува цртање графити. На ѕидот кај Сидхавнен секој ден има артисти кои работат, а нивните дела траат по неколку дена додека не дојде некој друг да црта врз нив.rnrnКаде цртањето графити е легално?rn

    Тајпеј

    rnИако тајванската престолнина сè уште не ги легализирала графитите, сепак тоа не се смета за вандализам и полицијата не им прави проблеми на цртачите, сè додека сопствениците на ѕидовите не се пожалат.rnrnКаде цртањето графити е легално?
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.