КАФЕ ПАУЗА

Tag: доживување

  • Откријте како ја доживувате љубовта преку овој тест на личноста!

    Откријте како ја доживувате љубовта преку овој тест на личноста!

    Понекогаш фантазирате за љубовта, а понекогаш ја идеализирате. Оваа визија се менува со текот на годините, па понекогаш сте фокусирани исклучиво на физичката привлечност, а понекогаш повеќе ги цените романтичните гестови.rnrnОткријте како ја доживувате љубовта преку овој тест на личноста!rnrnПогледнете ја внимателно оваа фотографија и фокусирајте се на она што прво ќе го забележите – ќе откриете кој е вашиот најголем љубовен сон.rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”1. Женско лице” active=”false”]Ако видовте женско лице, се надевате дека љубовта е таа што целосно ќе ви го исполни животот. Вие сте романтична душа и цел живот сонувате за искрена и вистинска љубов. Иако вашите соништа се сосема нормални, важно е да не се залажувате. Сцените што сте ги гледале во филмови или сте ги читале во романи не мора да се случуваат во реалниот живот за љубовта што ќе ја сретнете. Љубовта не може да ги замени вашите лични недостатоци и ако сте незадоволни од нешто, важно е самите да работите на тоа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”2. Пеперутки” active=”false”]Ако видовте пеперутки, сметате дека љубовта освојува сè. Иако љубовта има моќен позитивен ефект и може да ги инспирира луѓето да се однесуваат сочувствително и грижливо, важно е да се разбере дека љубовта сама по себе не е доволна за да ги решите сите предизвици со кои се соочувате во животот. Наместо да верувате дека љубовта победува сè, важно е да развивате емоционална интелигенција, комуникациски вештини, самосвест и способност за соочување со предизвиците што ги носи животот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”3. Цвеќиња” active=”false”]Ако видовте цвеќиња, вашиот таен љубовен сон е романсата никогаш да не избледне. Некои луѓе се поромантични од другите, но и најромантичните луѓе во светот не можат постојано да ви подаруваат цвеќиња. Иако романсата можеби нема да трае, тоа не е причина да сметате дека вашата врска со партнерот е влошена. Всушност, романтичните моменти ќе бидат многу повредни доколку не се случуваат постојано.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”4. Небо” active=”false”]Ако го видовте небото, вашиот таен сон за љубовта е секогаш да биде присутна во иста мера физичката привлечност. Иако физичката привлечност е важна, таа не е единствениот одлучувачки фактор во врската. Успехот на врската зависи од многу фактори, а емоционалната приврзаност, меѓусебното разбирање и поддршката честопати се поважни отколку физичкиот изглед на партнерот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете која ваша особина најмногу ги привлекува мажите.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • 4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работи

    4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работи

    Замислете си ја следнава ситуација: Конечно завршивте со напорната работа и добивте убава плата. Се обидувате да смислите на што да ги потрошите тешко заработените пари за да се наградите. Што би одбрале од следниве работи:rnrn4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работиrnrn1. Нов телевизор или одмор во странство?rnrn2. Парче накит или убав оброк во ресторан?rnrn3. Најновиот модел на мобилен телефон или некаков курс за да научите нешто ново?rnrnОдговорите на овие прашања можат да ви откријат како ги трошите вашите пари. Дали ги трошите на материјални работи кои најверојатно ќе ви донесат големо задоволство или на нови искуства кои не знаете дали ќе ви се допаднат? Ако се соочите со донесување ваква одлука, секогаш одбирајте го искуството. Во продолжение прочитајте зошто тоа е вистинскиот избор според науката…rn

    1. И покрај тоа што предметите имаат подолг рок на траење, искуствата пружаат поголемо уживање

    rn4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работиrnrnПредметите траат подолго време од доживувањат. Додека новиот кауч ќе можете да го користите со години, патувањето на Хаваи ќе чини исто толку пари, но ќе трае само неколку дена. Според оваа логика, најпаметно би било да купите кауч, се согласувате? Од економична гледна точка можеби, но од емотивна гледна точка, науката докажува нешто поинакво.rnrnДоктор Гилович, професор по психологија, по две децении истражување дошол до заклучокот дека искуствата носат поголема радост од предметите.rn

    „Еден од најголемите непријатели на среќата е адаптацијата. Купуваме работи за да нѐ направат среќни и успеваме да го постигнеме тоа. Но, тоа не трае долго. Новите работи се возбудливи на почетокот, но потоа се прилагодуваме на нив“, објаснил докторот.

    rnБез разлика колку сте возбудени поради што сте купиле нешто ново, порано или подоцна истиот предмет ќе стане само уште еден дел од вашиот дом. Ќе се навикнете на него. Доколку сакате повторно да ја разгорите искрата во вашиот мозок, ќе мора да купите нешто поново и подобро.rnrnДоживувањата, од друга страна, пак, се привремени. Посета во градскиот музеј, час по танцување, едномесечно патување околу Азија… На сите овие активности некогаш ќе им дојде крајот. Фактот што тие не траат долго е нивната најголема предност.rnrnДоживувањата не спаѓаат во вашата секојдневна рутина, па затоа уживате во нив додека траат. Предметите траат подолго од првичниот момент на возбуда и со текот на времето тие не се веќе толку интересни. Од емоционална гледна точка, искуствата предизвикуваат поразлични чувства од оние што ги предизвикуваат предметите.rn

    2. Доживувањата понекогаш можат да ви го сменат животот

    rn4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работиrnrnКога луѓето зборуваат за нешто што им го сменило животот, најчсто мислат на некакво искуство, а не на некаков предмет што го поседувале. Постои научно докажана причина за ова. Доктор Гилович објаснил дека нашите искуства формираат многу поголем дел од нашата личност за разлика од предметите. Без оглед на тоа колку си го сакате вашиот нов автомобил или голема куќа, тие никогаш нема да станат дел од вас. Но, качувањето по карпи во Нов Зеланд или нуркањето во океан се искуства што можат да ве променат. Тие стануваат дел од вашиот идентитет.rnrnСо оглед на тоа што нашите животи се сочинуваат од настани, логично е тврдењето дека искуствата имаат поголемо влијание на нас од работите што ги поседуваме. Некој необичен настан може да ве принуди полесно да се прилагодувате на незгодни ситуации, да научите нешто ново за себе или да развиете начин на размислување кој никогаш претходно не ви ни паднал на памет.rnrnНа пример, иако смеењето заедно со некој уличен продавач во Колумбија е момент што трае една минута, сознавањето дека можете да се поврзете со човек од сосема различно потекло ќе ви ја открие универзалната природа на хуморот.rnrnОсвен тоа, Гилович открил дека луѓето повеќе се каат кога ќе пропуштат некое искуство отколку кога ќе пропуштат предмет. Тешко е да се повторат доживувањата, додека предметите можете да ги набавите подоцна. Ако пропуштите да отидете на забавна авантура со пријателите, никогаш нема да можете да ги преживеете настаните што се случиле.rnrnПроширувањето на хоризонтите и можноста да ги сведете пропуштените можности на минимум се добра причина зошто би требало секогаш да одбирате доживувања наместо предмети.rn

    3. Материјалните работи стануваат дел од вашата рутина, а доживувањата ви помагаат да излезете од неа

    rn4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работиrnrnПроблемот кај доживувањата е тоа што тие подразбираат преземање ризици. Од таа причина, најчесто се двоумиме пред да започнеме нешто ново. Што ако отидеме на одмор кој нема да ни се допадне и сакаме да си одиме дома? Што ако се запишеме на некаков курс и сфатиме дека не нѐ интересира тоа? Што ако отидеме на настани и цела вечер ја поминеме сами во ќош? Ова се сосема добри причини зошто не би сакале да бидеме проактивни и да преземеме нешто.rnrnНо, истражувањата покажале дека вреди да се преземе ризик. Дури и тогаш кога одреден настан не поминал како што треба, Гилович дознал дека луѓето зборувале позитивно за него. Дури и тогаш кога ќе искусиме нешто што нема да ни се допадне, нашите сеќавања за тоа доживување се подобруваат со текот на времето.rnrnНа пример, замислете си дека сте отишле на патување со пријателите и цело време врнело додека сте биле таму. Секако дека не сте го посакувале тоа, но можете да извлечете многу позитивни работи од целата ситуација. Можете да го искористите тоа време за да се зближите со други луѓе или со насмевка да се сеќавате како сте прескокнувале вирчиња за да стигнете до продавницата со сувенири и да почекате да помине дождот.rnrnЕдна од најголемите причини зошто треба да одбирате искуства наместо предмети е фактот што доживувањата многу тешко можат да се споредат. Кога ќе купите најнов модел на мобилен телефон, можеби ќе бидете задоволни од него некое време додека не се појави некој кој има подобар модел од вашиот.rnrnДоживувањата не можат толку лесно да се споредат. Можеби ќе почувствувате завист ако чуете дека некој отишол на Малдивите и престојува во луксузен хотел, но тоа не значи дека неговиот одмор е подобар од вашето патување со автобус околу Европа. Сите искуства се различни.rnrnНовите искуства нудат безброј можности. Можеби ќе стекнете нови пријатели, ќе научите интересни обичаи или ќе развиете нов начин на размислување. Предметите, од друга страна, пак, се предвидливи. Тие се сигурни и ќе ви го дадат она што сте го очекувале.rn

    4. Доживувањата се минливи, но можат да се претворат во прекрасни сеќавања

    rn4 научно докажани причини зошто треба да одбирате доживувања наместо материјални работиrnrnИако истражувањата покажале дека секогаш треба да одбираме доживувања, нам ни требаат и предмети и искуства во животот. Нема поента да патуваме и да се впуштаме во авантури на сметка на работите што ни се неопходни за егзистенција. Истовремено, важно е да сфатиме дека сите луѓе имаат различно мислење на оваа тема. Некои трагаат по задоволството предизвикано од нови глетки, миризби и звуци, додека други се радуваат кога ќе го украсат домот со нов предмет.rnrnДоколку забележите дека постојано спаѓате во втората категорија луѓе, обидете се да направите нешто поразлично. Зошто да не отидете на патување или да се запишете на некој интересен курс? Можеби ќе имате еден блендер помалку дома, но затоа ќе создадете сеќавања што ќе ви останат за цел живот.rnrnПрочитајте ги и овие интересни факти кои ќе ве натераат почесто да патувате.

  • 10 непријатни ситуации кои секој ги има доживеано

    10 непријатни ситуации кои секој ги има доживеано

    Сите имаме моменти кога сме загрижени или сме под стрес. Но, освен поголемите проблеми кои постојат во нашиот живот, има и некои мали, секојдневни и навидум незначајни работи кои понекогаш може да претставуваат уште потешки грижи. Погледнете ги следниве ситуации кои секој ги искусил барем еднаш во својот живот.rn

    1. Кога шефот ќе ве викне во канцеларија

    rn

    Ме отпуштаат од работа! Тоа е сигурно!
    Ме отпуштаат од работа! Сигурно!
    rn

    2. Кога пребарувате на Гугл што значат симптомите кога не се чувствувате добро

    rn

    Имам настинка една недела.  Гугл: Најверојатно умираш.
    Имам настинка една недела.
    Гугл: Најверојатно умираш.
    rn

    3. Кога го чекате договорениот повик во одредено време, но телефонот не ѕвони

    rn

    Тој вети дека ќе ми се јави во 12:00 на пладне. Сега е 12:02! Мора да се случило нешто лошо!
    Тој вети дека ќе ми се јави во 12. Сега е 12:02! Мора да се случило нешто лошо!
    rn

    4. Кога слушате врева сред ноќ

    rn

    А-а-ах! Што беше ова? Кој е таму?
    А-а-ах! Што беше ова? Кој е таму?
    rn

    5. Една ненадејна вознемирувачка мисла е доволна за да се препотите

    rn

    Дали ја исклучив пеглата?
    Дали ја исклучив пеглата?
    rn

    6. Се плашите да влезете во продавница доколку внатре нема други купувачи

    rn

    Се надевам дека сѐ уште го немаат забележано моето присуство
    Се надевам дека сѐ уште го немаат забележано моето присуство.
    rn

    7. Кога мислите дека сте го оставиле телефонот дома, па почнувате да паничите

    rn

    Дали телефонот е со мене? Па, каде е? Фала Богу овде е.
    Дали телефонот е со мене? Па, каде е? Фала Богу! Овде е.
    rn

    8. Кога се срамите од вашите желби

    rn

    Оваа вечер ќе имам гости на вечера.  Вистината: Омиленото ТВ шоу, каучот и многу ужина.
    Оваа вечер ќе имам гости на вечера.
    Вистината: Омиленото ТВ шоу, каучот и многу грицки.
    rn

    9. Секогаш сте нервозни пред да запознаете некој

    rn

    Колку многу луѓе има... Секој ќе гледа во мене кога ќе влезам... аах!
    Колку многу луѓе има… Сите ќе гледаат во мене кога ќе влезам… аах!
    rn

    10. Постојано си правите свои приказни

    rn

    Здраво! Како го помина викендот?  Здраво, Ден! Добро, ти благодарам.
    Здраво! Како го помина викендот?
    Здраво, Ден! Добро, ти благодарам.

  • Познат психолошки експеримент покажува како другите луѓе ве гледаат и доживуваат

    Познат психолошки експеримент покажува како другите луѓе ве гледаат и доживуваат

    Ако можевте да влезете во главата на случајните минувачи и да се погледнете себеси од нивните очи, тогаш многу лесно би можеле да дознаете како другите луѓе ве доживуават. На пример, дали тој фустан ве прави да изгледате послаби? Дали новата кошула ги истакнува позитивните аспекти од вашето тело? Ние можеме само да ги замисливме одговорите, но сер Франсис Галтон спровел цел експеримент на оваа тема и бил изненаден од добиените резултати. Па, за што точно станува збор?rnrnПознат психолошки експеримент покажува како ве гледаат и доживуваат другите луѓеrnrnЕден ден, сер Франсис Галтон решил да направи интересен експеримент. Пред да започне со неговата секојдневна прошетка низ улиците на Лондон се убедил себеси дека е одвратен човек и дека сите во Англија го мразат. Тој се фокусирал на оваа мисла неколку минути и потоа тргнал на својата редовна прошетка. Но, таа воопшто не била обична, како и претходните.rnrnТој доживеал непријателски став полн омраза од случајните минувачи без некоја видлива причина. Многу луѓе едноставно се тргале од него, додека неколку пати можел да чуе и погрдни зборови од нив. Кога Галтон поминувал покрај пристаниште, еден од тамошните работници го удрил толку силно со својот лакт, што тој паднал долу во калта.rnrnИзгледа дека дури и животните биле непријателски настроени кон него. Кога Галтон поминал покрај питом коњ, животното го удрило кутриот човек толку силно што тој повторно паднал наземи. Психологот се обидувал да поттикне симпатија од очевидците, но за негово изненадување, луѓето почнале да го бранат коњот. Галтон веднаш решил да се врати дома бидејќи не сакал неговиот квази-експеримент да му донесе посериозни последици.rnrnОваа приказна може да се прочита во многу психолошки книги. Но, не станува збор за магична материјализација на мислите. Кога Галтон се фокусирал на неговата опасна мисла за себеси, тој почнал и да се однесува во согласност со неа. Неговите манири и фацијални експресии се промениле, давајќи им на сите до знаење дека тој знае каков однос заслужува од останатите.rnrnПостојат 2 многу важни заклучоци од оваа приказна:rn

      rn011

    1. Вие сте оние кои верувате дека сте. Променете ги вашите мисли и ќе се смените себеси, како и односот на другите луѓе кон вас.
    2. rn011

    3. Нема потреба да им кажувате на другите за вашата емоционална состојба. Тие самите ќе ја почувствуваат.
    4. rn

  • Индија – патување кое ќе ве остави без зборови

    Индија – патување кое ќе ве остави без зборови

    Индија е една од најубавите земји во светот. Сместена во Јужна Азија, оваа неверојатна земја е родно место на најстарата цивилизација. Најстарите човечки остатоци се најдени токму во Индија, а датираат од пред 30.000 години. Оваа земја е и дом на величествениот Таџ Махал, мавзолејот на Мумтаз Махал која била жена на царот Шах Џахан. Индија е земја со богата историја која би заинтригирала секого и разновидна култура ишарана со неверојатни и прастари обичаи кои и ден-денес се почитуваат. Како таква, Индија е секојдневно посетувана од милиони луѓе кои доаѓаат од целиот свет за да се опијат барем малку од неверојатниот шмек на оваа неверојатна земја.rnrn(1)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrnrnАко сѐ уште размислувате зошто да ја посетите Индија, следниве причини сигурно ќе ве убедат.rn

    1. Разновидната култура

    rnИндија нуди единствен бран на разновидни култури. Потпирајќи се на повеќе од 5.000 години постоење, оваа земја е лулка на цивилизацијата. Од времето на махараџите (царевите), па сè до денес, оваа земја е испреплетена со воодушевувачка историја која ја красат културите на четирите главни религии кои опстојуваат таму: хиндуизам, будизам, џаинизам и сикизам. Индија е дом на повеќејазично и мултиетничко општество кое ќе ве одведе на патување кое не се опишува со зборови.rnrn(2)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

    2. Единствениот вкус на храната

    rnДефинитивно едно од најуникатните доживувања во Индија е единствениот вкус на храната. Почнувајќи од пребогата муглајска кујна на северот, слатките кои се топат во уста на истокот, наанот и ротисот на западот и конечно доаѓајќи до зачинетиот вкус на југот, индиската храна ќе направи да се чувствувате постојано гладни за повеќе. Полн стомак и исполнета душа, ќе посакате да останете таму засекогаш.rnrn(3)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

    3. Шарените материјали

    rnШаренилото на Индија ќе го видите и почувствувате каде и да се свртите додека шетате по улиците на оваа прекрасна земја. Најубавите материјали и најуникатните дезени никого не оставаат рамнодушен, па од секого можат да направат зависник од купување. Бидете подготвени да се вратите со 2-3 торби повеќе, бидејќи комбинацијата од индиските бои и индиските цени е неверојатно привлечна.rnrn(4)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

    4. Гостопримството

    rnТопли и мили, луѓето во Индија ќе ви покажат целосно друга страна на гостопримството кое го знаете. Секогаш има место за уште еден човек во автобусот, секогаш ќе се најде уште еден кревет во и така малата колиба и секогаш ќе има да се одвои малку храна за гостинот дури и кога не го барате тоа од нив. Секогаш подготвени да ви помогнат и секогаш со отворени врати, дури и ако сте налетале на семејна прослава. Топлината и љубезноста на Индијците и силните прегратки на малите деца ќе ви го стоплат срцето и ќе ви го разубават денот како што ништо друго не може да го направи тоа.rnrn(5)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

    5. Животот во Индија

    rnПод индиското небо сѐ е можно. Фестивали, знаменитости, сафари – романтика и авантура сплотени во едно додека го правите секој следен чекор низ оваа фасцинантна земја. Поинакво од сѐ што ви е познато досега и надалеку позабавно од што и да имате друго на ум, Индија ќе ги исполни сите ваши очекувања и повеќе. Ќе ве однесе на патување кое се доживува само еднаш во животот и ќе ги оствари сите ваши соништа, дури и оние кои не сте знаеле дека ги имате.rnrn(6)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

    6. Градовите и селата

    rnУлиците на Индија ќе ви понудат уникатно искуство и поглед на индискиот народ и култура. Прегусто населените градови, хаосот по улиците по кои се движат од луѓе до велосипеди, автомобили и, секако, слонови и крави, вкусните деликатеси и украси кои се продаваат насекаде околу вас – сето ова е дел од едно неверојатно доживување додека се губите низ звуците и мирисот на индиските градови. Хаосот и буката на Индија се токму тие кои ќе ве привлечат и освојат со својот единствен шарм.rnrn(7)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

    7. Плажите и планините

    rnОна што ја комплетира целата слика на Индија се прекрасните плажи и планинските прибежишта. Гледајте го зајдисонцето на југот во Кануакумари или брцнете ги нозете во Хималајската река која е толку ладна што ќе ви дојде да вриснете. Сѐ на сѐ, индиската топографија ќе ви го одземе здивот.rnrn(8)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

    8. Спиритуалноста

    rnДвете најраспространети религии во Индија се хиндуизмот и будизмот. Сакале или не, Индија ќе ве поздрави со единственото намасте (поздравот со споени дланки и поклонување) и ќе ве натера да се поврзете со она во кое верувате длабоко во себе. Индијците се големи верници и почитувачи на обичаите, па бидете подготвени на секој чекор да се сретнете со изведување на некој ритуал кој ќе го збогати вашето искуство и ќе ве научи нешто повеќе за Индија и индискиот народ.rnrn(9)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

    9. Модернизмот наспроти старомодноста

    rnИако каде и да погледнете, обичаите и културата на Индија се оние кои ќе ве освојат, вашиот престој таму може да биде и повеќе од задоволителен. Доколку не сте заинтересирани за единственото искуство кое ќе го добиете со преспивањето кај некое индиско семејство, секогаш може да се сместите во некој од модерните хотели и престојувалишта, како и интересните и шарени одморалишта извајани на модерно-индиски начин. Технологијата не е далеку од Индија, па пристапот до телефони и интернет е овозможен секаде освен во одредени мали села. Во поглед на превозот, секогаш може да се качите во автобус, такси или да изнајмите кола и шофер кои ќе ве однесат каде и да посакате и сето тоа по доста поволни цени.rnrn(10)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrn

    10. Убавината на градовите и знаменитостите

    rnШармот на Индија е единствен по својата природа. Селата, градовите, патиштата, знаменитостите, природните богатства и единствената култура се сите дел од едно неверојатно искуство кое ќе го носите со себе засекогаш. Па кога сте веќе таму, не пропуштајте да ги посетите: Таџ Махал (Агра), езерото Пангонг (Ладак), мостовите од живи корени (Мегалаја), Чадар – смрзнатата патека покрај река, Островите Андаман, Ран – најголемата солена пустина во светот, плажата Ганапатипуле (Махараштра), езерото Цомго (Сиким), индискиот град на духови Бангар, планинското место Кашмир, егзотичната Гоа, Палатата на ветрови (Џаипур, Раџастан), магичната Керала, историјата на Делхи, пештерите Аџанта (Аурангабад), долината Нубра и многу други кои неминовно ќе ве освојат.rnrn(11)-indija-patuvanje-koe-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

    7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знае

    Сите луѓе барем еднаш во својот живот биле лудо вљубени во личност без која не можеле да си го замислат својот живот. Овие врски некогаш завршувале, но некогаш траеле „засекогаш“. Без разлика на ситуацијата, погледнете ги овие 7 нешта низ кои секој кој бил заљубен поминал и токму затоа многу добро ги познава…rn

    1. Чувството да се биде доживеан на еден сосема нов начин

    rn7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знаеrnrnЕдна од најмагичните нешта кога станува збор за заљубувањето е чувството на новост која следува со него. Вашиот партнер е мистерија. Вие сте мистерија. Одеднаш имате нова личност во вашиот живот која сака нешто повеќе од вас и која е фасцинирана од сите ваши карактеристики. Што мислите, зошто заљубените се фасцинирани од очите на другиот? Бидејќи тие можат да ја забележат оваа новост во нив.rn

    2. Бавното откритие на животот на друга личност

    rn7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знаеrnrnПокрај неверојатното чувство да се биде виден во ново светло, постои и исклучителна сензација при откривањето на животот на друга личност. Пред вас стои странец, кој досега немал никакво влијание врз вашиот живот, но одеднаш ве фасцинира повеќе од што било друго на светов. Одеднаш сфаќате дека сакате да знаете повеќе, да знаете сè! Сакате да ги откриете сите оние нешта кои ја прават оваа личност уникатна и посебна…rn

    3. Стравот да се каже „Те сакам“ и битката која следува со него

    rn7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знаеrnrnИзгледа дека овие 2 збора многу лесно можат да предизвикаат вашето срце да експлодира, но истовремено се и премногу тешки за признавање. Болката која произлегува од стравот да се изговорат овие зборови е застрашувачка, но и ни покажува дека емоциите се реални, дека постојат и дека се наши. Па, зошто е толку тешко да се кажат? Накратко, стравот од одбивање. Нам не ни е доволно само да кажеме дека некого љубиме, туку сакаме и да го слушнеме тоа. Тежнееме кон взаемноста на ова чувство.rn

    И моментот кога конечно ќе ги изговориме овие 2 збора

    rn7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знаеrnrnЕдноставно мора да бидеме храбри и да имаме верба дека после изговарањето на овие магични зборови, сè ќе си дојде на своето место. Ако не се обидеме, како ќе знаеме дека може да биде уште подобро?rn

    4. Неверојатноста која стои позади првите искуства

    rn7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знаеrnrnНикој никогаш не го заборава првото „Те сакам“ кое било гласно изговорено. Првиот пат кога таа ве фатила за рака или првиот пат кога тој ви го дал своето палто за да не ви биде ладно. Вие никогаш нема да го заборавите првиот состанок со неа, ниту пак таа ќе го заборави вашиот прв бакнеж за добра ноќ. Сите овие „први“ моменти не само што служат како потсетници за вашите добри денови, туку постојат и како нешта на кои сите им се радуваат и ги очекуваат со нетрпение.rn

    5. Наоѓање знаци насекаде

    rn7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знаеrnrnСекогаш е примамливо одговорноста за постоењето на љубовта да им ја припишуваме на оние мали и суптилни нешта кои ги забележуваме во секојдневието. Таа го сака истиот пијалак како вас? Тоа мора да е знак. Или пак, тој има куче со истото име како вашето? Да, дефинитивно станува збор за знак! Од каде знаете? Можеби навистина е така. Или пак, тоа е само една голема заблуда која ни овозможува полесно да го разбереме она што го доживуваме. Но, сепак тие на еден начин предизвикуваат зближување помеѓу партнерите.rn

    6. Географијата на телото на новиот љубовник

    rn7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знаеrnrnЕден сосема нов стил на учење започнува откако партнерите ќе почнат да ги истражуваат нивните тела. Вие почнувате да трагате по нови рутини кои доведуваат до задоволство. Откривате каде треба да допрете и како да го сторите тоа. Кога ќе слушнете воздишка, знаете дека сте на вистинското место. Новата љубов е непозната, па токму затоа почнете со истражување.rn

    7. Неодоливото верување во „засекогаш“

    rn7 нешта кои секој заљубен човек многу добро ги знаеrnrnНе постои ниту еден пар во светот кој не размислувал за венчавка и заеднички живот. Ова ни говори за фундаменталната потреба да се има човечки придружник. И некои среќни луѓе, одвреме-навреме ја откриваат оваа личност во форма на љубов. Некои луѓе дури успеваат и да останат со оваа личност до крајот на својот живот, притоа заеднички поминувајќи ги сите препреки и градејќи живот исполнет со многу среќа и задоволство.

  • Како вашиот подзнак влијае на впечатокот на другите за вас?

    Како вашиот подзнак влијае на впечатокот на другите за вас?

    Вашиот подзнак во хороскоп ја покажува вашата надворешна страна, влијае на првиот впечаток кој луѓето го добиваат за вас, на вашата дружељубивост и на начинот на кој вие ги доживувате и се поврзувате со другите.rnrnДоколку не го знаете вашиот подзнак, проверете го со помош на калкулатор, за кој ќе ви треба точното време и местото на вашето раѓање.rnrnКако вашиот подзнак влијае на впечатокот на другите за вас?rnrnОвен – прави да изгледате поотворено, живо, независно и доминантно.rnrnБик – прави да изгледате смирено, стабилно, повлечено и самоуверено.rnrnБлизнаци – прави да бидете комуникативни, духовити, позитивни и љубопитни.rnrnРак – прави да изгледате срамежливо, суптилно, љубезно и инуитивно.rnrnЛав – прави да изгледате магнетски привлечно, експресивно, цврсто и елоквентно.rnrnДевица – прави да изгледате порезервирано, внимателно, аналитично и нервозно.rnrnВага – прави да изгледате пошармантно, оптимистично, дружељубиво и толерантно.rnrnСкорпија – прави да изгледате потаинствено, тивко, замислено и мистериозно.rnrnСтрелец – прави да изгледате повесело, директно, тврдоглаво, и искрено.rnrnЈарец – прави да изгледате повнимателно, контролирано, сериозно и посветено кон деталите.rnrnВодолија – прави да изгледате поидеалистички, прогресивно, противречно и пријателски.rnrnРиби – прави да изгледате поромантично, чувствително, несигурно и прилагодливо.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрономски доживувања во 2012

    Астрономски доживувања во 2012

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnОваа година ќе имате причина често да гледате во небото и да се воодушевувате од небесната глетка. Доколку сте во можност, не заборавајте ги овие датуми и периоди од годината и уживајте во природните феномени на небесните тела во 2012.Астрономски доживувања во 2012rn

    4 јануари: метеорски дожд „Квадрантиди“

    rnВечерва метеорскиот дожд „Квадрантиди“ го достигнува својот врв во североисточна Америка. Тој е меѓу најсилните метеорски дождови. Зависно од каде набљудувате, за еден час можат да се видат до 100 метеори. Најдобрите шанси да се ужива во оваа глетка се во 3 часот наутро, кога небото ќе биде најтемно. Тогаш најубаво ќе можат да се видат сино обоените метеори. Квадрантиди е единствениот метеор кој носи име по непостоечко соѕвездие. Созѕвездието по кое бил именуван не постои од 1922 година.Астрономски доживувања во 2012rn

    Од 20 февруари до 12 март: појавата на Меркур

    rnВо февруари и март, најскриената планета Меркур ќе може да се види со голо око. Планетата во овие дваесетина дена ќе се движи далеку од сјајот на Сонцето, заради кој во останатиот период од годината, таа е практично невидлива. Најдобра за набљудување ќе биде 20 минути по зајдисонце или пред изгрејсонце. Појавата на оваа планета ќе биде надополнета со сјајните Венера и Јупитер, кои исто така, ќе бидат видливи на западната страна од небото, во истиот период. На 5 март планетата ќе биде најдалеку од Сонцето и највидлива. За да ја набљудувате, доволен ќе ви биде само еден обичен двоглед. Во останатиот период од годината, Меркур не може да се набљудува, бидејќи е преблиску до Сонцето во однос на нашата планета.Астрономски доживувања во 2012rn

    3 март: Марс во опозиција

    rnНа 3 март, таканаречената црвена планета ќе биде најблиску до Земјата, односно ќе биде оддалечена 100.744.934 километри и комплетно ќе биде осветлена од Сонцето. Ова е одличен ден за набљудување и фотографирање на Марс. Во ова астрономско доживување ќе можете да уживате преку целата ноќ. Во август 2003 година, Марс била уште поблиску до Земјата, односно на околу 50.000.000 километри оддалеченост.Астрономски доживувања во 2012rn

    13-14 март: заеднички настап на Венера и Јупитер

    rnВенера и Јупитер тогаш ќе бидат најблиску една до друга или на околу 3 степени оддалеченост. Двете најсветли планети, по залезот на Сонцето ќе направат преубава небесна глетка, во која ќе уживате со голо око. После овој датум тие ќе почнат полека да се разделуваат. На 25 и 26 март небесната сцена ќе ја надополни месечевата светлина, со што глетката ќе стане уште поубава.Астрономски доживувања во 2012rn

    5 и 6 мај: метеорски дожд „Аквариди“ и полна месечина

    rnВо овие два дена ќе се случи метеорскиот рој „Аквариди“. Тоа е слаб метеорски дожд, со максимум 10 метеори на час. На 6 мај очекувајте ја и најголемата полна месечина во 2012 година. Таа уште толку ќе ја намали видливоста на метеорите, но оние најсјајните кои ќе дојдат од правец на соѕвездието Водолија, сепак, ќе можат да се видат. Веднаш по полноќ, свртете се кон исток и набљудувајте ја оваа несекојдневна појава.Астрономски доживувања во 2012rn

    20 мај: Ануларна соларна еклипса

    rnНа овој датум ќе може да се види затемнувањето на Сонцето. Патеката ќе започне од источна Кина, преку јужна и централна Јапонија, Тихиот Океан, Западна Америка. Делумно, затемнувањето ќе може да се види и во Источна Азија и Северна Америка. Дискот на Месечината ќе биде помал, со што околу неа ќе се појави огнен сончев прстен.Астрономски доживувања во 2012rn

    4 јуни: делумно затемнување на Месечината и полна Месечина

    rnВо 12:12 часот, ќе се појави полна Месечина, а ќе следи и нејзино делумно затемнување, кое ќе биде видливо во Азија, Америка, Австралија и на Тихиот океан.Астрономски доживувања во 2012rn

    5 јуни: транзит на Венера преку Сонцето

    rnОва е еден од најретките астрономски настани, поретки дури и од враќањето на Халеевата комета, која се појавува на секои 76 години. Досега биле забележани само 6 транзити на Венера. Овој транзит ќе биде целосно видлив во голем дел од Источна Азија, Алјаска и Источна Австралија. Во текот на изгрејсонцето, тој ќе може да се види и во Источна Африка, Западна Азија и низ цела Европа, што значи и кај нас. Делумно ќе можат да го погледнат и во добар дел од САД, за време на зајдисонцето. Следниот транзит на планетата треба да се случи дури во 2117 година. Кога Венера е во транзит низ сончевиот диск, на неа се појавува мала црна дамка од Сонцето, но доволно голема да се види со голо око. Потенцијалните набљудувачи, за да ја видат силуетата на Венера, ќе треба да преземат посебни мерки на претпазливост, исто како и за затемнувањето на Сонцето.Астрономски доживувања во 2012rn

    12 и 13 август: метеорски рој „Персеиди“

    rnПерсеидите се меѓу поголемите метеорски дождови. Нивниот максимум е 90 метеори на час. Месечината во овој период ќе биде високо на небото, па на набљудувачите ќе им предизвика мала непријатност, со тоа што ќе им ја намали видливоста. Но, тоа сепак, ќе биде незначително. Затоа, свртете го погледот кон североисток, застанете на некоја темна локација, далеку од населените осветлени места и уживајте во метеорскиот дожд. Помали метеорски дождови од овој вид ќе може да се забележат и во периодот од 23 јули до 12 август.Астрономски доживувања во 2012rn

    13 ноември: целосно затемнување на Сонцето

    rn

    Но, ова ќе биде видливо само на Јужниот Пацифик и во делови од Северна Австралија. Практично целата патека е над вода. Делумно ќе можат да го набљудуваат во источна Австралија и Нов зеланд. Првото комплетно затемнување на Сонцето е регистрирано во јули 2010 година. На овој датум во 23.08 часот ќе се појави и млада месечина.Астрономски доживувања во 2012

    rnrn

    3 декември: Јупитер во опозиција

    rnНа 3 декември најголемата планета Јупитер ќе биде во опозиција, односно најблиску до Земјата. Ќе биде во целост осветлена од страна на Сонцето и ќе може да се набљудува со голо око. Слободно изберете локација и со себе понесете фотоапарат.Астрономски доживувања во 2012rn

    13 и 14 декември: метеорски дожд „Близнаци“

    rnТој ќе биде најинтересниот метеорски дожд годинава. Неговиот максимум е 120 метеори на час. Вечерта на 13 декември, ќе започне да доаѓа од над источниот хоризонт, од правецот на соѕвездието „Близнаци“ и ќе паѓа цела ноќ. Но, најдобро е да се набљудува по полноќ. Ќе има млада месечина, односно небото ќе биде темно, а метеорскиот дожд поволен за набљудување. Мал број метеори ќе бидат видливи и една недела пред 13-ти, како и пет дена после 14 декември.Астрономски доживувања во 2012rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мистеријата зад феноменот дежаву

    Мистеријата зад феноменот дежаву

    Ви се случило ли да се најдете во друштво на вашите пријатели, разговарајќи на одредена актуелна тема, а за момент да почувствувате дека веќе сте биле таму, сте го правеле истиот муабет, на истиот начин во идентична околина? Ако сте доживеале ваква или слична состојба, тогаш вие спаѓате во оние 70% од луѓето кои во текот на својот живот искусуваат дежаву.rnrnМистеријата зад феноменот дежавуrnrnСамиот термин дежаву доаѓа од францускиот јазик (оригинално: „déjà vu“) што во превод значи „веќе видено“. Оваа состојба се опишува како грозоморно чувство на нешто познато, предизвикано од нешто што мислиме дека порано сме го доживеале, иако свесно знаеме дека тоа не е така. Ваквото чувство трае 10-20 секунди и потоа исчезнува ненадејно исто како што се појавило.rnrnНаучниците имаат голем проблем да откријат зошто се случуваат ваквите состојби кај луѓето бидејќи тие доаѓаат неочекувано и не можат вештачки да бидат предизвикани. Сите што имаат искусено дежаву, велат дека тоа е чувство, кое им дошло од никаде и дека не траело многу долго. Па, дури и со најнапредните техники за скенирање на мозокот и други истражувачки методи, научниците и понатаму се мачат да го објаснат овој феномен.rnrnМистеријата зад феноменот дежавуrn

    Што со сигурност знаеме за состојбата дежаву?

    rn1) Епилептичарите често доживуваат интензивно чувство на веќе видени ситуации непосредно пред да добијат напад. Поради ова, научниците шпекулираа дека причината за дежаву е неправилното електрично празнење на мозокот што може да предизвика создавање на погрешна претстава за сеќавањата. Со оглед на тоа дека и луѓе без здравствени проблеми доживуваат дежаву, ова објаснување не ја исцрпува мистеријата во целост.rnrn2) Дежаву најчесто доживуваат луѓето на возраст помеѓу 15 и 25 години, но може да се искуси на секоја возраст, а честотата варира од човек до човек.rnrn3) Чувството на веќе видео е дефинитивно чудно и грозоморно. Не е нешто од типот: „Еј, го имам видено ова порано!“ или „Го имам правено ова!“ Чувството е необично и по малку непријатно бидејќи знаете дека сте ја направиле токму истата работа на истиот начин, но од некои необјасниви причини не можете да се сетите на тоа. Самото чувство не е негативно, но не е ниту баш пријатно.rnrnДруга теорија која го објаснува овој феномен е дека нашите мозоци мешаат ситуации од сегашноста со нешто што сме доживеале во нашите соништа и фантазии. Докажано е дека линијата помеѓу реалноста и она што ни е во мислите е многу тенка. На пример, можете да си замислувате дека изведувате мечкин скок во сала за вежбање и да се почувствувате како навистина да сте го извежбале. Ова е и научно потврдено. Според ова, лесно се изведува заклучокот дека дежаву-то може да биде резултат на нешто слично што сме го доживеале во сништата. Но, ако еднаш сте доживеале дежаву, веројатно нема да ви биде верно ова објаснување.rnrnНекои психијатри го припишуваат чувството на неусогласеноста во мозокот што предизвикува грешење на минатото и сегашноста. Многу парапсихолози веруваат дека доживувањето на ваквата состојба е поврзана со искуства од минатите животи.rnrnШвајцарскиот научник Артур Функхаузер, пак, разликува различни искуства при состојба на дежаву, на пример, веќе видено, веќе доживеано и сл.rnrnКако и да е, чувството кога доживувате дежаву е необично и интересно. Се надеваме дека спаѓате во оние 70% бидејќи дефинитивно, состојбата на дежаву е нешто поразлично од секое друго човечко искуство. Истражувањата на темата продолжуваат.rnrnЖамеву(jamais vu) е состојба која е спротивна од состојбата на дежаву. Таа подразбира непријатно чувство на доживување некоја ситуација за првпат, и покрај рационалното сфаќање дека ситуацијата е порано искусена. Личноста моментално не препознава некој збор, место или нешто друго што таа вообичаено го знае.rnrnОвие две состојби често се ставаат во иста група со уште една, прескву (presque vu) или состојба на скоро видено. Ова претставува феномен на неможност за враќање на некој збор од меморијата во комбинација со парцијално присетување и чувство дека враќањето од меморија неизбежно ќе се случи. Народски при оваа состојба често велиме дека нешто ни е на врв на јазик.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.