КАФЕ ПАУЗА

Tag: дожд

  • Половично делче и празнина

    Половично делче и празнина

    Автор: Миле Трајкоскиrn(поднесено преку „Предложи содржина“)rnПоловично делче и празнинаТој: Тука си во некој полусвет, во некој полусон.rnТаа: Ти никогаш ни тоа не си го имал.rnТој: Зарем можев да го имам?rnТаа: Можеше.rnТој: Без тебе?rnТаа: Без нас.rnТој: Немав ништо, знаеш и ти.rnТаа: Никогаш не си ми кажал.rnТој: Еве сега знаеш.rnТаа: Знам за празнината твоја.rnТој: Jас за твојата половина која не е цела.rnТаа: Со празнина не можеш да ја пополниш.rnТој: Кога замина, само тоа остана.rnТаа: Не се обиде да ме запреш.rnТој: Не сакав да бидам виновникот кој ќе ти го менува животот.rnТаа: Сега си.rnТој: Зарем ќе останеше?rnТаа: Не е важно сега тоа.rnТој: Никогаш и не било.rnТаа: Паметиш врнеше?rnТој: Tи сакаше дожд.rnТаа: Tи ги криеше твоите солзи.rnТој: Дождот беше посилен и од твоите.rnТаа: Секогаш ќе биде.rnТој: Никогаш повеќе, оти нема веќе солзи.rnТаа: Дождот секогаш ќе ги има капките.rnТој: Заборави.rnТаа: Види паѓа дожд.rnТој: Дојди со мене.rnТаа: Не можам, морам да заминам по мојот пат.rnТој: Земи го и дождот.rnТаа: Ќе оставам дел кај тебе, засекогаш да ги крие нашите солзи.rnТој: Чао.rnТаа: Немам време за тоа повеќе.rnrnСакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 13 чадори поради кои ќе го засакате дождот

    13 чадори поради кои ќе го засакате дождот

    Чадорот е едно од оние нешта кои не сакаме да ги употребуваме многу. Сепак, кога ситуацијата наложува да носиме чадор поради лошите временски услови, сакале или не, мора да понесеме еден со нас. Па за да биде целата работа поинтересна, еве некои модели кои ги смислиле дизајнерите низ светот.rn

    1. Чадор со часовник

    rnЈапонските дизајнери смислиле начин како да дознаете колку е часот преку вашиот чадор. На неговата внатрешност се испишани часовите, а вградениот компас ќе ви покаже накаде треба да се свртите. Па така, со помош од светлината, чадорот ќе ви го означи точното време.rnrn13 чадори поради кои ќе го засакате дождот13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    2. Чадор со визир

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    3. Чадор-оклоп

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    4. Чадори за подобрување на расположението

    rnЛошото време може да растажи многумина. Токму затоа се направени овие два чадори, едниот со ротирачки тркалца, а другиот со печат на врвот. Двата модела оставаат „смајли“ откако ќе ги натопите во некое вирче.rnrn13 чадори поради кои ќе го засакате дождот13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    5. Чадор за покажување револт кон дождот

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    6. Чадор кој прикажува поинаква слика во тмурните денови

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    7. Чадор со пиштол

    rnОвој уникатен изум овозможува водата да се слева низ рачката во пиштолчето, а за понатаму сите знаете како се употребува. :)rnrn13 чадори поради кои ќе го засакате дождот13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    8. Чадор со држач за чаша

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    9. Чадор кој се претвора во чанта

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    10. Чадор со кој можете да играте голф

    rnОвој изум е на дизајнерот Себастијан Еразуриз. Тој обожава да игра голф, па честопати на голф-терените морал да оди со чадор поради лошото време. Токму затоа го создал овој модел.rnrn13 чадори поради кои ќе го засакате дождот13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    11. Чадор-ранец

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    12. Самурајски меч

    rn13 чадори поради кои ќе го засакате дождот13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrn

    13. Чадор кој свети

    rnКако што водата паѓа на површината од чадорот, енергијата од ударот на капките врз проводната мембрана се трансформира во електрична енергија, која ги напојува ЛЕД-светилките. Тоа му овозможува на чадорот да свети. Колку посилно врне, толку посилно свети чадорот. Моделот е создаден  за да можат возачите на автомобили да ве видат и во темница, со цел да не завршите мокри или повредени.rnrn13 чадори поради кои ќе го засакате дождотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 најубави мочуришта на Земјата

    10 најубави мочуришта на Земјата

    Мочуриштата се сметаат за грозоморни места, места каде живите суштества умираат, а мртвите живеат. Како и да е, тие се дел од важни биосистеми и резервати на бројни цицачи, птици, водоземци и влекачи. Ова е топ 10 листа на некои од најубавите мочуришта ширум Земјата.10 најубави мочуришта на Земјатаrn

    1. Големото тажно мочуриште, Вирџинија и Северна Каролина, Америка

    rnГолемото мрачно мочуриште се наоѓа на границата на Вирџинија и Северна Каролина и претставува една од последните диви области во Источна Америка. И покрај своето име, ова место е далеку од мрачно и тмурно. Мочуриштето, со векови наназад било уништувано од сеча и лошо управување, но во 1974-та работите почнале да се подобруваат. Според Википедија, во 1973-та бил создаден национален камп за ова мочуриште кога корпорацијата Унион Камп од Франклин, Вирџинија, донирала 49.100 хектари земја. Ова мочуриште изобилува со жив свет и е живеалиште на голем број цицачи како црна мечка, видра и рис. Можат да се најдат преку 200 видови птици, од кои 96 видови тука се гнездат. Има и околу 70 видови влекачи и водоземци.10 најубави мочуришта на Земјата rn

    2. Мочуриштето Окаванго, Боцвана

    rnОкаванго-делтата претставува најголема внатрешна делта на Земјата. Се наоѓа во боцванската пустина Калахари и опфаќа 15.000 километри квадратни. Изобилува со жив свет, особено со бројни видови цицачи и птици, од кои повеќето доаѓаат за време на сезоната на дождови. Тогаш во делтата се акумулираат 11.000.000.000.000 литри вода годишно, од кои 60 % искористуваат растенијата при транспирација, 36 % испарува, а само 2 % од таа вода се влева во езерото Нгами.10 најубави мочуришта на Земјатаrn

    3. Мочуриштата Бангвеулу, Замбија

    rnЛоцирани во Замбија, Бангвеулу, што значи „каде небесната вода го допира небото“, се дефинитивно, едни од најубавите мочуришта на Земјата. Сите лагуни и канали од овие мочуришта дејствуваат како регулатори на поплавите во долината Луапула. Според локалните легенди, Бангвеулу е местото каде живеело митолошкото суштество Emela-ntoukа, со големина на слон, но во форма на носорог. Иако има многу приказни кои укажуваат на тоа дека овие суштества постоеле и локалните херои ги гонеле, сепак нема  доволно докази за тие да се потврдат.10 најубави мочуришта на Земјатаrn

    4. Сливот Атчафалија, Луизијана, Америка

    rnОва е најголемиот базен во Америка кој се наоѓа во централна Луизијана. Освен тоа што е прекрасно место, ова мочуриште е единствено кое има растечки делта системи. Околните сливови се формирани од еднолични чемпресни мочуришта и бари. Атчафалија е дом на загрозената црна мечка како и на многу птици и други животни. Поради потребата од контрола на поплави и вода, изградени се насипи за да ја канализираат водата и да дејствуваат како амортизери. Овие насипи се важни барикади при урагани и други природни катастрофи и се од огромно значење при заштитата на крајбрежната животна средина на Луизијана. Уништувањето на овие делта системи е една од поголемите еколошки грижи со кои се справува САД во моментов.10 најубави мочуришта на Земјатаrn

    5. Мочуриштето Окефоноки, Џорџија и Флорида, Америка

    rn

    Се смета за едно од седумте природни чуда на Џорџија, иако со една нога влегува и во Флорида. Со околу 438.000 хектари, тоа претставува најголемиот тресет во Северна Америка, како и во светот. Првобитното име на ова мочуриште доаѓа од изумрениот јазик Хитичи што значи „клокотот на водата“ или „трепетот на земјата“. Во еден период мочуриштето било во опасност да стане жртва на една титаниумска рударска операција, но со протести, подоцна таа била откажана. Познато е по разните видови влекачи и водоземци, а исто така е и дом на многу месојадни растенија.10 најубави мочуришта на Земјата

    rnrn

    6. Пантанал, Бразил, Парагвај и Боливија

    rnПантанал е едно од најголемите водени земјишта, ако не и најголемо во светот и е, исто така, едно од најубавите. Поголемиот дел се наоѓа во Бразил, но делови зафаќаат и дел од териториите на Боливија и Парагвај. Проценетата површина на ова мочуриште е од 145.000 до 190.000 километри квадратни, со што 80 % од територијата, во тек на дождовната сезона, секогаш е под вода. Областа е толку голема, што содржи повеќе регионални екосистеми. Може да се пофали со прекрасните пејзажи како и со тоа дека е живеалиште на преку 10.000 видови птици, риби и безрбентници.10 најубави мочуришта на Земјатаrn

    7. Мочуриштето Ла Диг, Сејшели

    rnЛа Диг е четврт по големина населен остров на Сејшелите и неговите мочуришта се втора најголема туристичка атракција, после плажите. Ла Диг е природното живеалишта на црната рајска птица, која е толку загрозен вид што има само околу 100 живи видови.10 најубави мочуришта на Земјатаrn

    8. Мочуриштата на реките Тигар и Еуфрат, Западна Азија

    rnОбласта помеѓу овие две реки порано била позната како Месопотамија. Денес водата од овие мочуришта кои се наоѓаат тука, го одржува нивото на водата во овие две реки. Опкружени со пустини, овие мочуришта се најголем извор на вода во Персискиот Залив. Во 1994 година, Ирак, под режимот на Садам Хусеин, работеше на тоа да ги исуши овие мочуришта и да го пренасочи водотечението на реките, со цел политичка контрола на локалните Арапи кои зависат од овие води. Ова доведе до загуба на околу 52 нативни видови риби, водни птици, биволи, диви свињи и многу други видови. Исто така, расправиите околу водените права врз ова мочуриште помеѓу Турција, Сирија и Ирак, го деградираа овој извор на вода за многу локални жители. Се надеваме здравиот разум и пред сè желбата да се зачува овој природен резерват ќе надвладеат.10 најубави мочуришта на Земјатаrn

    9. Еверглејдс, Флорида, Америка

    rnОваа водена земја е една од трите мочуришта кои се означени како мочуришта од глобално значење од страна на УНЕСКО. Името потекнува од јазикот на Индијанците Семиноле и значи водено место обраснато со трева. Мочуриштето опфаќа повеќе екосистеми како области со трева, области со чемпреси и мангрови мочуришни области. Овие области се место за гнездење на големите алигатори. Друг екосистем што спаѓа тука е областа на тропските растителни видови кои растат и формираат мали острови. Еден од најголемите проблеми со кои се соочува Еверглејдс е континуираното пренасочување на водата за човечки потреби. Неконтролираното користење на водата доведува до недостаток на вода за наредната сезона. Ова е особено тешко за загрозените видови (популацијата на еден вид загрозена птица е опадната за 90 % во текот на изминатиот половина век).10 најубави мочуришта на Земјатаrn

    10. Мочуриштето Кандаба, Филипини

    rnКандаба на Филипините е едно од најубавите водени подрачја во светот. На околу 32.000 хектари, тоа претставува најголемото светилиште за птици, особено за оние кои мигрираат. Во последниот попис на Филипините, рекордот е срушен и тоа со забележани 17.000 птици за 24 часа. За време на дождовната сезона, областа е целосно под вода, но од ноември до април се суши и има погодно земјиште за одгледување ориз и лубеници.10 најубави мочуришта на Земјатаrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто го сакаме летото?

    Зошто го сакаме летото?

    Мирисот на жештината, блесокот на сонцето, одблесокот на сончевите зраци во водата, раззеленетите паркови, расцветаните градини, разиграните облачиња, секси здолништа, апостолки што шлапкаат по асфалтите и дигаат прав по песочните плажи… Ах, колку многу причини има да се сака летото… Секое годишно време има свои предности и носи различни убавини, но додека трае летото, треба максимално да уживаме во него бидејќи ќе мине за миг. Како се доживува летото?rn

    Летото е како…

    rn

    Лето
    цвет кој ја видел убавината на денот
    rnrn
    Лето
    бавчи полни со црвени овошки на зелени дрвја
    rnrn
    Лето
    нешто суво, жешко, жолто…
    rnrn
    Лето
    добра топка сладолед во корнет
    rnrn
    Лето
    магичен одблесок на сончевите зраци од водените површини
    rnrn
    Лето
    бесконечна игра – прскање во вода и со вода
    rnrn
    Лето
    читање добра книга на раат
    rnrn
    Лето
    забава за сите кои знаат како да се забавуваат
    rnrn
    Лето
    многу денови поминати високо во воздухот
    rnrn
    Лето
    залез на сонце кој не сакате да го пропуштите
    rnrn
    Лето
    скокање во вода
    rnrn
    Лето
    детска радост
    rnrn
    Лето
    облаци кои играат на небото
    rnrn
    Лето
    разлеани капки вода кои танцуваат под сончевите зраци
    rnrn
    Лето
    крајбрежје, вода, песок, плажа…
    rnrn
    Лето
    свежи краткотрајни дождови
    rnrn
    Лето
    момент за семејството
    rnrn
    Лето
    капка роса на тревата
    rnrn
    Лето
    природата насликана со весели бои
    rnrn
    Лето
    одмор на планина
    rnrn
    Лето
    романтична средба под отворено небо
    rnrn
    Лето
    топол поглед
    rnrn
    Лето
    страстен бакнеж
    rnrnШто е за вас летото? Што го прави ова годишно време незаборавно во вашиот живот? rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Медитативен ресторан инспириран од торнадото

    Медитативен ресторан инспириран од торнадото

    Практично е невозможно да не се заљубите во ова место на прв поглед и да не сакате барем еднаш да ја имате честа да седнете на ручек или на кафе, уживајќи во совршено дизајнираниот простор. Ресторанот се вика „Twister“, а е лоциран во Киев, па доколку ве води патот накај Украина, никако не пропуштајте ја можноста да го посетите.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадото„Виновниците“ кои го комплетирале целокупниот ентериер во овој модерен европски ресторан се дизајнерското украинско дуо Serghii Makhno и Vasiliy Butenko. Ресторанот е составен од двокатен оддел за јадење и релаксирачки бар. Во „Twister“ ќе се чувствувате како птичка во лет, додека го пиете вашиот коктел или додека вечерате под кровот кој потсетува на торнадо.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоГлавната цел додека бил уредуван просторот на овој ресторан, била да се креира една природна, модерна и удобна атмосфера. Двокатниот оддел за јадење, е инспириран од два природни феномена: торнадо и дожд. Шесте балкони во кои се сместени свиените сепариња, имаат облик на торнадо, а ламбите во облик на капки, претставуваат дожд кој паѓа од небото. Сите овие фантастично реализирани модерни дизајнерски идеи, создаваат една природна атмосфера која ја гарантира удобноста на муштериите, а природните кафени нијанси, создаваат смирувачки ефект.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоВо барот пак, ѕидовите се набоцкани со дрвени стапчиња, а ваквата декорација создава чувство како да седите во птичјо гнездо, во кое ви е топличко и пријатно. Фотелјите, потсетуваат на шишарки, а ќе се сложите дека делуваат како седењето на нив да е многу удобно.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоЦелиот простор е така дизајниран за да создаде релаксирачка атмосфера и да го поттикне медитативниот дух кај муштериите.

  • Зошто врне?

    Зошто врне?

    Ако очекувавте објаснување за оваа природна појава, подобро ѕирнете во учебниците по географија или информирајте се на интернет. Овој пат, причината е објаснета на сладок, но сепак тажен начин.rnrnЗошто врне?Зошто врне?Зошто врне?Зошто врне?Зошто врне?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бунарот на вештерката

    Бунарот на вештерката

    „Бунарот на вештерката“ е несекојдневно атрактивно место во естонското село Тухала. Овој бунар во поголемиот дел од времето изгледа многу нормално и не е поразличен од кој било друг. Но кога има силен наплив, тој почнува да исфрла огромни количини вода над површината и го поплавува целиот предел околу него. Според легендата, вештерките од Тухала се собираат во подземната сауна и меѓусебно жестоко се тепаат со брезови гранчиња, несвесни за урнебесот што го предизвикуваат на површината.rnrnБунарот на вештеркатаrnrnВистината е дека бунарот се наоѓа над подземна река, а не дека станува збор за некаква чудна „ферка“ помеѓу вештерки :). Кога поројните дождови ќе го преполнат коритото на реката, притисокот на водата станува толку силен, што од бунарот почнува да блика огромна количина вода. Ова чудо на природата најчесто трае неколку дена.rnrnБунарот на вештеркатаrnrnБунарот е само 2,5 метра длабок, но поради силниот подземен притисок, млазот вода може да достигне висина до половина метар над површината. Се вели дека од овој бунар може да се излеат до неверојатни 100 литри вода во секоја секунда.rnrn

    Бунарот на вештерката
    „Бунарот на вештерката“ кога нема прелевање на вода
    rnrnНо, бунарот не кипи после секој посилен дожд. Последен пат тоа се случило во април, 2010, а претпоследен пат во 2008, по пауза од 3 години.rnrnБунарот на вештеркатаrnrn„Бунарот на вештерката„ е многу популарен во Европа и секоја година е посетуван од 15.000 – 20.000 љубители на дивата природа, вклучително и голем број туристи кои одат на крстарење низ светот и доаѓаат да го посетат атрактивното место.rnrnБунарот на вештеркатаБунарот на вештеркатаБунарот на вештеркатаБунарот на вештеркатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудни направи за пушачите од минатото

    Чудни направи за пушачите од минатото

    Во поодамнешните времиња, кога не постоеле компјутерите и интернетот, луѓето се труделе да го потрошат своето време правејќи некои креативни пронајдоци со кои си го олеснувале животот.rnЧудни направи за пушачите од минатотоОвие луди пронајдоци наменети за пушачите, никогаш не ни почнале масовно да се произведуваат, но сепак мора да се каже дека се доста креативни и интересни.rn.rn

      rn011

    • Овој концепт ја заштитува вашата цигара да не се изгаси за време на дожд.
    • rn

    rnЧудни направи за пушачите од минатото.rn

      rn011

    • Само за страсни пушачи –  запалете ја целата кутија цигари одеднаш.
    • rn

    rnЧудни направи за пушачите од минатото.rn

      rn011

    • Специјално само за парови кои сакаат да споделуваат…
    • rn

    rnЧудни направи за пушачите од минатото.rn

      rn011

    • Не дозволувајте да ви падне пепелта. Казните денеска се доста високи.
    • rn

    rnЧудни направи за пушачите од минатото.rn

      rn011

    • Одличен додаток за во друштво. Овој пат никого нема да гушите.
    • rn

    rnЧудни направи за пушачите од минатото

  • Магични дождовни капки

    Магични дождовни капки

    Спојот на природата и уметноста често знае да ги претвори магичните природни убавини во трајни спомени за неповторливите моменти и состојби. Овие прекрасни фотографии со магични капки од фотографот Андреј Осокинa се еден пример за тоа.rnrnМагични дождовни капки Магични дождовни капки Магични дождовни капки Магични дождовни капки Магични дождовни капки Магични дождовни капки Магични дождовни капки Магични дождовни капки Магични дождовни капки Магични дождовни капки Магични дождовни капки Магични дождовни капки Магични дождовни капкиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.