За разлика од возрасните, децата само што почнуваат да го разбираат светот и работите што се случуваат во него. Затоа нивните размислувања обично одат во многу различна и неочекувана насока. Нивните неверојатни досетки се најчестата причина за смеа кога целото семејство ќе се собере на трпезата. Следуваат неколку незаборавни детски разговори кои ќе ви го разубават денот и ќе ве насмеат до солзи:rnrn
rnrn1. Таткото забележал дека синот заспал на каучот и решил да го крене и да го однесе во кревет. Како што почнал да го крева внимателно, момчето промрморило во сон:rnrn- „Врати ме таму кај што ме најде!“rnrn2. Додека мајката го чекала синот да се облече за да излезат, решила да го забрза процесот:rnrn- „Ајде, дај ми ја ногата!“rnrnМомчето ја кренало неговата лева нога, но мајката имала поинаква идеја:rnrn- „Дај ми ја десната!“rnrnМомчето ја кренало неговата десна нога, но мајката повторно се премислила:rnrn- „Не, злато, другата!“rnrnСинчето погледнало наоколу и збунето рекло:rnrn- „Но, нема повеќе нозе!“rnrn3. 3-годишно момче отишло на доктор за проверка на слухот. Докторот прошепотил:rnrn- „Чоколадо.“rnrnМомчето со шепот одговорило:rnrn- „Не, благодарам. Алергичен сум.“rnrn4. 3-годишно налутено момче го гледало својот татко додека тој пушел на балконот. Човекот го забележал погледот на детето полн со презир и неодобрување и го прашал:rnrn– „Што е проблемот, сине?“rnrn – „Тато, пушењето е штетно по здравјето, така?“rnrn – „Така е, сине.“rnrn – „Но, тато, ти сепак пушиш?“rnrn – „Да, сине.“rnrn – „Тато, дали тоа значи дека ти си идиот?“rnrn5. Типичен разговор помеѓу еден татко и син:rnrn – „Тато, дали ти сè уште растеш? Дали ќе станеш повисок?“rnrn – „Не, сине.“rnrn – „Тогаш зошто продолжуваш да јадеш?!“rnrn6. Мајка и ќерка си играле животни. Мајката се преправала дека е коза, а нејзината 2-годишна ќерка дека е нејзиното бебе коза. Таткото без да знае за ова влегол во собата и одеднаш го слушнал заповедниот глас на неговата мала принцеза:rnrn- „Еј, козо! Стави ми сок!“rnrnМожете само да го замислите неговиот израз на лицето!rnrn7. Една мајка излегла на прозорецот и викнала по нејзиниот син кој си играл надвор во градината:rnrn- „Берни, доаѓај дома веднаш!“rnrnМомчето ја погледнало и одговорило:rnrn– „Што е сега? Смрзнувам од студ?“rnrn – „Не, умираш од глад!“rnrn8. 6-годишно момче со восхит гледало во средените нокти на неговата учителка:rnrn– „Леле, колку долги нокти имате!“rnrn – „Да, ти се допаѓаат?“rnrn – „Нормално! Сигурно се одлични за качување по дрва!“rnrn9. 5-годишната ќеркичка се вратила дома од градинка лошо расположена. Причината за тоа била што не се покажала добро на првиот час по читање. Со солзи во очите застанала пред огледало и рекла:rnrn– „Јас сум толкава глупача!“rnrnПродолжила да се гледа во огледалото замислено. Потоа смирено рекла:rnrn– „Ама, убава глупача.“rnrn10. Една жена броела ситни пари во супермаркет. Одеднаш, една од паричките паднала долу. Жената му викнала на синот:rnrn-Злато, ај те молам крени ја!rnrnПред да може момчето да реагира, некој човек се наведнал, ја кренал паричката и ѝ ја дал на мајката велејќи:rnrn– „Секако, не сум јас твоето злато, ама повели.“rnrnМомчето налутено го погледнало и рекло:rnrn– „Нормално дека не си! Зошто ја крена тогаш?“rnrn11. Мајка и син се шетале по улица држејќи се за рака, кога една сосетка поминала и забележала:rnrn– „Ама големо момче, уште ја држи мама за рака!“rnrnМомчето ја погледнало мајка си и ѝ рекло:rnrn– „Мамо, таа е само љубоморна затоа што нејзините деца се пораснати. Немој да се грижиш за тоа што го кажа! Знаеш што? Сега и ќе те бакнам исто така.“
Tag: досетки
-

11 детски разговори кои ќе ве насмеат до солзи
-

За добар почеток на денот: Кратки шеги кои без сомнение ќе ве насмеат
Убаво е ако можеме секој ден да го започнуваме со шега која ќе извлече насмевка на нашето лице. Па, потоа и денот ќе биде добар со нас и тој ќе ни се насмее. Можеби ќе ни се смее поради лошата фризура или шарената маица, но зарем е важно ако е од срце и без зла намера?rnrn
rnrn1. Знаете дека станува збор за вечерни вести кога тие почнуваат со „добро вечер“, а потоа продолжуваат да ви докажуваат зошто вечерта не е добра.rnrn2. Од Бог побарав велосипед, но знам дека тој не работи така. Наместо тоа украдов велосипед и побарав опростување.rnrn3. Врските се како алгебра. Гледате во вашиот Х и се прашувате каде е Y.rnrn4. Смејте се на вашите проблеми, секако веќе сите други се смеат.rnrn5. Порано бев нерешителен. Сега повеќе не сум сигурен.rnrn6. Ако мислите дека никој не се грижи дали сте живи, обидете се да прескокнете неколку рати од кредитот.rnrn7. Пијте кафе! Правете ги глупостите во животот побрзо и со повеќе енергија.rnrn8. Имате два избора во животот: Да останете осамени и мизерни или да се стапите во брак и да посакувате да сте мртви.rnrn9. Парите зборуваат… Но сѐ што моите знаат да кажат е „збогум“.rnrn10. Две погрешни одлуки не прават една исправна. Земете ги вашите родители како пример.rnrn11. Тимската работа е важна. Ви овозможува да обвините некој друг кога ќе биде потребно.rnrn12. Го знаете она скокотливо мало чувство кое го имате кога ви се допаѓа некој? Тоа е само здравиот разум кој заминува од вашето тело.rnrn13. Драг алкохолу, имавме договор со кој требаше да ме направиш посмешен, попаметен и пошармантен… Гледав видео… Треба да зборуваме.rnrn14. Некои луѓе велат „Ако не можеш да ги победиш, придружи им се“. Јас велам „Ако не можеш да ги победиш, победи ги“, бидејќи тие ќе очекуваат да им се придружите, па ќе го имате елементот на изненадување.rnrn15. Интересно е како изјавата „треба да зборуваме“ всушност значи „треба да ме сослушаш“.rnrn16. Ништо не го уништува петокот како фактот дека е вторник.rnrn17. Славна личност е некој што цел живот се обидувал да стане познат, а потоа носи темни очила за да не го препознаат.rnrn18. Ако треба да учиме од нашите грешки, тогаш зошто некои луѓе имаат повеќе од едно дете?rnrn19. Не расправајте се со идиоти. Ќе ве спуштат на нивно ниво и ќе ве победат со искуство.rnrn20. Токму во моментот кога мислите дека ќе ги споите двата краја, некој го поместил крајот.rnrn21. Дали Гугл е жена? Бидејќи не ви дозволува да ја довршите реченицата без да ви понуди сугестии.rnrn22. Нели е прекрасно да се живее во 21 век? Каде што бришењето на историјата е поважно од создавање нова.rnrn23. Јас дефинитивно можам да чувам тајни. Но, луѓето на кои им ги кажувам не знаат.rnrn24. Мојата работа е сигурна. Никој друг не ја сака.rnrn25. Секогаш позајмувајте пари од песимисти. Тие нема да очекуваат да им ги вратите.rnrn26. Чудниот момент кога излегувате од продавница без да купите ништо и сѐ што ви текнува е мислата: „Однесувај се нормално, ти си невин/а“.rnrn27. Знаење е кога знаете дека доматот е овошје. Мудрост е кога нема да го ставите во овошна салата.rnrn28. Материјализам: Купување нешта кои не ни требаат, со пари кои ги немаме, за да импресионираме луѓе кои не ни значат ништо во животот. -

Астрологијата и сексуалната предигра
Се обидувате да ги „загреете“ страстите помеѓу вас и вашиот партнер за обострано да уживате во претстојната ноќ? Астрологијата и овој пат ќе ви помогне да сфатите што е тоа кое вас двајца ве возбудува и ќе ви обезбеди незаборавно сексуално доживување под чаршавите?rnrn
rnЗемјени знаци: Бик, Девица и Јарец
rnДел од предиграта на овие знаци се вкусна храна и квалитетно вино. Тие обожаваат масажа, прегратки, допири и еден куп нежности. Земјените знаци се страсни и сензуални типови луѓе, кои брзо ќе се возбудат и ќе се препуштат на милувањата под чаршавите, но само доколку сите нивни сетила, се комплетно задоволени.rnrnСовет: Доколку вашиот партнер е земјен знак, ви советуваме да го нагостите со гурманска храна, добра музика, пријатен мирис и безброј нежни допири. Ако и понатаму се двоумите дали вашиот партнер е подготвен да ја помине вечерта со вас и „да оди до крај“, пробајте со масажа на стапала, притоа употребувајќи лосион со свежа арома или масло.rn
Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец
rnСтраст, возбуда и опасни, авантуристички доживувања ги „палат“ огнените знаци. Овие личности посакуваат креативност и спонтаност во спалната соба и сакаат да испробуваат нови секс-пози и да експериментираат со повеќе различни партнери. Искусни и по малку диви, огнените знаци ценат кога личноста со која се во кревет, ќе ја покаже својата „дива страна“.rnrnСовет: Доколку се спремате да излезете на состанок со некој огнен знак, изберете некоја невообичаена локација и облечете се во примамлива секси облека. Изненадете ги со некоја интересна играчка или некој специјален подарок. Заземањето улоги или некои други авантуристички сексуални игри, дефинитивно ќе го возбудат вашиот партнер, кој е огнен астролошки знак.rn
Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија
rnОвие остроумни и интелигентни личности ќе се возбудат во оној момент кога нивниот ум ќе биде стимулиран. Со добар разговор, разменување интересни идеи и кажување досетки, ќе го одведете вашиот воздушен знак во кревет побрзо отколку што сте очекувале. Бидејќи бакнежите, милувањата и гушкањата не се дел од нивниот заводнички репертоар, пробајте да ги освоите со одбрани интелигентни реченици.rnrnСовет: Ако вашиот партнер припаѓа во астролошката категорија воздушни знаци, неколку часа пред да излезете на состанок со него, испратете му секси СМС-порака или имејл, бидејќи тој неверојатно многу ужива во сексот преку телефон. Пронајдете некои еротски приказни и книги и испратете им ги на вашиот партнер, пред да се видите, за да му ги „подгреете“ страстите.rn
Водни знаци: Рак, Скорпија и Риби
rnРомантичните и чувствителни водени знаци, сакаат прво да се почувствуваат емотивно поврзани со партнерот, пред да се поврзат на други начини. Ним им е потребно да мислат дека нивниот партнер можеби е нивната животна судбина или дека нивната врска има некаква цел и води кон нешто или пак да осетат обострана магнетска сексуална привлечност, пред да се „претопат“ во прегратките на својот партнер. Целосно ги вклучуваат нивните емоции во секоја ситуација, па ако не сте доволно внимателни со нив во своите постапки, тие ќе се премислат во врска со вас и ќе го вратат односот кој го градите, за неколку чекори наназад.rnrnСовет: Магнетизирајте го вашиот партнер кој спаѓа во категоријата водни знаци, со долготраен, непрекинат контакт со очи, бидејќи тој ќе го „прочита“ она што го чувствувате за него преку вашиот поглед. Кога им се обраќате на овие знаци кажете малку, но одбрани зборови кои ќе имаат подлабоко значење за нив. Водните знаци ценат нежна, но истовремено длабока и страсна ноќ под чаршафите и еден куп бакнежи.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.