КАФЕ ПАУЗА

Tag: допир

  • 10 знаци дека тој ќе биде добар во кревет

    10 знаци дека тој ќе биде добар во кревет

    Иако многумина не би поверувале, постојат многу знаци кои покажуваат дали тој е добар во кревет дури и ако никогаш не сте го виделе на дело. Овие нешта укажуваат на добар љубовник, па ако сте љубопитни продолжете да читате.rnrn10-znaci-deka-toj-kje-bide-dobar-vo-krevetrn

    1. Сака да знае како се чувствувате

    rnВе прашува како ви поминал денот, како се чувствувате, што е тоа што ве прави среќни. Ако тоа го прави секојдневно, постои голема веројатност да биде исто толку заинтересиран за тоа што сакате а што не во кревет.rn

    2. Знае каде да ве допре

    rnСекој негов допир како да е однапред испланиран да ги испровоцира вашите ерогени зони. Истото очекувајте го во кревет.rn

    3. Прави да се чувствувате полни со самодоверба

    rnВе третира како да сте најубавото и најсекси суштество на светот. Ако ви влева толкава самодоверба ќе бидете помалку свесни за мааните на вашето голо тело, што ќе резултира со подобар секс.rn

    4. Вреден е и амбициозен

    rnИако ова ви звучи смешно, ако тој е вреден и амбициозен секогаш ќе биде за акција наместо мрзеливо да лежи и секогаш ќе сака да поттикнува нови нешта и промени.rn

    5. Добро игра

    rnЗнаеме, и ова ви звучи смешно. Но, оној кој игра добро и знае да се опушти додека игра, негува посебна страст и нема срам од своите чувства.rn

    6. Воспоставува интензивен контакт со очи

    rnЗнае како да си игра и да освојува со очите. Самиот негов поглед прави да ви се затресат колената. Да, тој очигледно знае што прави.rn

    7. Не избрзува

    rnНе се обидува да ви ја пикне раката под блуза 10 секунди после поздравот. Тоа значи дека е воздржан, ненападен и веројатно ќе издржи многу подолго тогаш кога ќе биде потребно.rn

    8. Не осудува

    rnНе осудува често и прифаќа промени и различни мислења и сфаќања. Тоа значи дека е отворен за промени и на интимно поле.rn

    9. Се чувствувате удобно во негово друштво

    rnНе се плашите, не чувствувате потреба да се преправате. Ако нешто ви пречи и му кажете да прекине тој престанува. Многу е важно како се чувствувате во негово друштво и каква енергија пренесува, исто колку што е важно колку ве почитува и ги слуша вашите желби и потреби.rn

    10. Самоуверен е

    rnШто значи дека ќе биде слободен па и двајцата ќе се чувствувате убаво и удобно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дознајте колкав „алат“ има без да му влезете в гаќи

    Дознајте колкав „алат“ има без да му влезете в гаќи

    Жените отсекогаш сакале да пронајдат мудар начин да дознаат со колкав „алат“ располага некој за кого се заинтересирани, без притоа тој да дознае. Бидејќи никој не може да гледа низ панталони, итриците смислиле разни индиректни методи за утврдување на големината на машкиот полов орган.rnrn1-doznajte-kolkav-alat-ima-bez-da-mu-vlezete-v-gakji-kafepauza.mkrnrnСе верува дека големината на стапалата, носот и Адамовото јаболко откриваат колкав е пенисот, но овие начини на проверка не се потврдени. Сепак, постојат и неколку сигурни начини да дознаете што ве чека во кревет. Еве ги во продолжение.rn

    „Случаен“ допир

    rnСекогаш можете визуелно да процените колкав му е, особено ако носи тесни пантолони. Но, ако тоа не е доволно, неопходно е да прејдете на преглед со допир. За почеток најдобро би било да бидете суптилни, особено кога е во прашање првиот состанок. Најдобар начин е да го намамите на некаква игра со закачкање, па потоа случајно да прејдете со раката врз негово меѓуножје.rnrnАко не сте задоволни од резултатите, направете го ова повторно за една минута. Голема е веројатноста дека овој пат ќе биде доста поголем.rn

    Седнете му во скут

    rnСосема наивното седење во скут додека разговарате за нешто може да ви открие повеќе одошто мислите. Лесно ќе почувствувате што се крие во пантолоните, особено ако се сконцентрирате на тоа. Во овој случај ќе ви биде од корист доколку одвреме-навреме се поднаместувате.rn

    „Само да земам нешто“

    rnСедите во кафуле, флертувате, но не можете да престанете да се прашувате за она што се наоѓа во неговите пантолони. Еден од можните начини е да се навалите да дофатите нешто преку него, на пример вашата чанта која тактички сте ја позиционирале покрај неговата столица. Сосема случајно со раката ќе го почешкате неговото меѓуножје, а на своето место ќе си се вратите со торбата, но и со одговор на вашето прашање.rnrn0-doznajte-kolkav-alat-ima-bez-da-mu-vlezete-v-gakji-kafepauza.mkrn

    Петинг

    rnАко не сакате да дојде до секс, но многу ве интересира големината на неговиот пенис, петингот е супер опција. Ова е најсигурниот начин да ја процените неговата големина, а во зависност од тоа до каде сте спремни да одите, сè може да се заврши преку панталоните, или пак под нив.rn

    Потурете го со вашиот пијалак

    rnЕден од најстарите трикови кој сме го виделе во многу филмови е случајно да му истурите пијалак на неговите панталони. Потоа секако ќе се понудите да го избришете за да ја поправите штетата. Патем искористете ја приликата за да го испитате теренот.rn

    И статистиката може да помогне

    rnПознато е дека просечната големина на пенисот е различна кај различни народи, па ако одите на патување во Кина, веројатноста дека ќе најдете некој на кој не му е мал, не е многу голема. Проверете ја деталната статистика за земјите од Европа.rn

    Појдете на базен

    rnАко тој е спортски тип, сигурно ќе биде заинтересиран да појдете заедно на пливање. Машкиот костим за капење е најдобар пријател на секоја девојка, бидејќи без грешка открива сè што сакате да знаете. Плус, во вода лесно можете божем случајно да ја испитате ситуацијата и со рака.rn

    Погледнете ги неговите прсти

    rnГолемината на дланките може многу да открие за момците, а помеѓу останатото и должината на неговиот пенис. Научниците тврдат дека мажите кои имаат показалец пократок од домалиот прст имаат подолг пенис. А колку е разликата поголема, толку е пенисот подолг.rnrnПогледнете го и неговиот палец, бидејќи момците со долги и широки палци воглавно имаат со што да се пофалат.rn

    Консултирајте се со мобилна апликација

    rnАпликацијата за смартфони The Predicktor наводно прилично прецизно може да ја одреди должината на пенисот врз основа на неколку информации како што се висината, сексуалната ориентација и должината на прстите.rnrn

  • 10 психолошки ефекти на несексуалниот допир

    10 психолошки ефекти на несексуалниот допир

    За да се снајдеме во животот, најмногу се потпираме на нашите очи и уши додека пак, допирот е сетило кое многу често се заборава без разлика на тоа што и тој игра голема улога во запознавање и доживување на светот. Дури и краток допир на раката може да влијае на начинот на кој размислуваме. Погледнете ги наредниве 10 психолошки ефекти кои ќе ви ја покажат моќта на несексуалниот допир.rnrn10 психолошки ефекти на несексуалниот допирrn

    1. Допир за пари

    rnДобро тајмиран допир може да ги охрабри луѓето да вратат нечиј изгубен предмет. Во еден експеримент, корисниците на телефонска говорница кои биле благо допрени по раката од страна на експериментаторот, во поголем број случаи му ја враќале изгубената паричка која била дел од експериментот за разлика од останатите. Според понатамошни истражувања во ова поле се открило дури и дека луѓето оставале поголем бакшиш доколку келнерот или келнерката благо ги допреле гостите по раката.rn

    2. Допир за помош

    rnЕдно истражување покажало дека луѓето повеќе помагаат доколку се допрени. Во оваа студија, случајни минувачи кои биле нежно допрени за раката во поголем број помагале кога испитувачите ги испуштале од рака работите кои ги носеле. Со само еден допир желбата за помош кај луѓето се зголемила од 63% на 90%.rn

    3. Допир за согласност

    rnВо една студија која била спроведена од Вилс и Хам во 1980 година, учесниците биле замолени да потпишат петиција. 55% од оние кои немале никаков физички допир со испитувачите ја потпишале, додека пак бројката се зголемила до 81% кај оние кои биле допрени еднаш во горниот дел од раката. Во слична студија испитаниците биле замолувани да пополнат прашалник. Овој пат допирот ја зголемил согласноста од 40% на 70%.rn

    4. 2 допира за поголема согласност

    rnВаидис и Халими-Фалковиц во 2008 година ги повториле овие експерименти и откриле дека оние кои биле допрени 2 пати во поголем број ги пополнувале прашалниците. Интересно е и тоа што ефектите биле уште поголеми кај мажите кои добиле допир од женски испитувач.rn

    5. Допир за борба

    rnКога Долински во 2010 година спровел експеримент за согласност во Полска, тој добил многу различни резултати за мажите и жените. Изгледа дека мажите во Полска реагирале лошо на допирот поради поголемата застапеност на хомофобијата. Но, за жените резултатите биле сосема исти како и во другите истражувања. Ова ни укажува дека во зависност од културата, мажите различно го прифаќаат допирот.rn

    6. Допир за продажба на вашиот автомобил

    rnЗа разлика од Полска, Франција е култура каде што допирањето е прифатливо и помеѓу мажите. Токму затоа француските истражувачи Ерсо и Гегон во салон за продажба на половни автомобили на еден дел од мажите им пристапувале со допир од 1 секунда на раката, додека пак на другиот дел без никаков допир. Истражувањето открило дека доволен е само 1 допир од 1 секунда за потрошувачите да станат поискрени, попријателски настроени и посогласни.rn

    7. Допир за љубовен состанок

    rnСигурно нема да бидете изненадени доколку слушнете дека мажите покажуваат повеќе интерес за жените кои нежно ги допреле. Гегон во 2010 открил дека мажите многу лесно погрешно го интерпретираат несексуалниот допир на раката како сексуална заинтересираност. Но, она што е уште поинтересно е тоа што жените исто така добро реагирале доколку мажот ги допре за рака во моментот кога им бара телефонски број. Гегон смета дека ова се случува поради фактот што жените го поврзуваат краткиот допир со доминација.rn

    8. Допир за моќ

    rnДопирот комуницира нешто витално за моќните врски. Хенли во 1973 година набљудувал луѓе во голем град додека тие ги извршувале своите секојдневни обврски. Луѓето кои имале тенденција да ги допираат другите (наспроти оние кои биле допирани) најчесто имале повисок статус. Изгледа дека оние кои повеќе ги допираат другите луѓе имаат поголема моќ во општеството.rn

    9. Допир за комуникација

    rnДопирот доаѓа во многу различни форми и може да комуницира голем број емоции. Токму оваа разновидност била демонстрирана во една неверојатна студија спроведена од Хертенстеин во 2006 година. Користејќи само допир на предниот дел од раката, учесниците во оваа студија се обидувале да пренесат 12 различни видови емоции на друга личност. Оние кои требало да ја откријат таа емоција, без разлика на тоа што не можеле да го видат оној кој ги допира, ниту самиот допир, одлично ги распознавале гневот, стравот, одбивноста, љубовта, задоволството и симпатијата. Оваа точност се движела помеѓу 48% и 83%.rn

    10. Масажа за математика

    rnДоколку сѐ ова може да се направи со само еден допир, замислете што сѐ можете да постигнете со масажа. Со помош на една студија која ја спровел Филд во 1996 година, учесниците кои добивале масажа два пати во неделата во период од 5 недели не само што биле порелаксирани, туку исто така постигнувале повисоки резултати на тестот по математика.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Паметен телевизор од „Samsung“ кој ќе работи на гласовни команди

    Паметен телевизор од „Samsung“ кој ќе работи на гласовни команди

    Компанијата „Samsung“ на саемот „CES 2014“ кој ќе се одржува од 7 до 10 јануари 2014 година во Лас Вегас ќе го претстави својот најнов модел на паметен телевизор. Овој паметен телевизор ќе има унапредена можност за користење преку говорни команди, а екранот ќе биде сензитивен на допир.rnrnПаметен телевизор од „Samsung“ кој ќе работи на гласовни команди rnrnСервисот за гласовна интеракција разбира 11 јазици, а во 2014 година ќе се прошири за уште дополнителни 12 земји.rnrnНа овој начин со гласовна команда ќе можете да го промените каналот, да сурфате на интернет, да ја проверите временската прогноза, да прочитате вести додека гледате некој канал и многу други работи. Покрај тоа екранот ќе биде сензитивен на допир, па многу лесно со неколку движења на прстите ќе можете да смените канал, да го засилите или намалите тонот, да ја проверите програмата на телевизијата, да ја подесите сликата и сите останати работи кои ги нуди паметниот телевизор.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир

    Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир

    Со помош на каков било пар ракавици и спроводлив конец, можете да направите ракавици со кои ќе можете да го користите вашиот мобилен телефон или таблет без да морате да ги соблечете. Постапката е многу едноставна и нема да ви треба ничија помош.rnrnНаправете сами: Зимски ракавици за екран на допирrnrnСè што треба е да сошиете неколку паралелни линии на делот од ракавиците каде што влегуваат прстите кои најмногу ги користите при ракување со уредите. Откако ќе го направите ова пробајте ги и ако не фаќаат добро, зашијте уште конец. Во суштина, сè додека конецот го допира вашиот прст внатре и екранот од надворешната страна, би требало да имате функционални спроводливи ракавици.rnrnНаправете сами: Зимски ракавици за екран на допир Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир Направете сами: Зимски ракавици за екран на допир
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Поезија: Зракот

    Поезија: Зракот

    Пратено од: Симона НечковскаrnrnПоезија: ЗракотrnrnНејасен зрак кој продира во најраните утрински часови,rnrnте повикува како во далечен недопирлив сон, и трча пред тебе,rnrnа ти неосетно почнуваш да го следиш…rnrnКако примамена од опојност, и некоја длабока миризба,rnrnод која не можеш да се дозаситиш,rnrnи во тој момент, се крие зад првото свртување, исчезнува…rnrnА ти забрзуваш, се плашиш да не изгубиш трага,rnrnтрчаш, нозете се испреплетуваат една од друга, паѓаш,rnrnи лежиш некоја минута, дозволуваш да потонеш…rnrnОд една страна се вовлекуваш во корењата на дното,rnrnи се опушташ, се предаваш,rnrnод друга страна те држат рацете на бесконечностаrnrnпред тебе, таму горе, во најубавата тишина…rnrnЗатвораш очи за да се сетиш пак…rnrnна она што те примамува да потонеш во сон,rnrnи истото кое повикува кон будење,rnrnи кое те тера да дишеш,rnrnда ја слушаш сопствената тензија,rnrnда ја голташ сопствената возбуденост,rnrnда ја бараш повторно причината…rnrnво секоја клетка која била помилувана,rnrnзашто остана допрена,rnrnод неговите раце…rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 причини зошто да имате повеќе физички контакти со блиските

    7 причини зошто да имате повеќе физички контакти со блиските

    Без разлика дали сте личност која сака или не сака допири, постојат повеќе причини за да ги зголемите физичките контакти во вашите блиски врски. Погледнете дел од нив:rnrn7 причини зошто да имате повеќе физички контакти со блискитеrnrn1. Физичкиот контакт испушта хормони кои прават да се чувствувате добро. Една од причините поради кои прегратката, држењето за раце и допирите прават да се чувствуваме добро е бидејќи овие однесувања го зголемуваат нивото на окситоцин, хормон кој ја намалува болката и предизвикува смирувачки сензации. Според едно истражување, окситоцинот се зголемува за време на сексуални оргазми, но и како резултат на нежен допир.rnrn2. Физичкиот контакт ја одржува љубовта во бракот. И покрај тоа што љубовта помеѓу сопружниците има тенденција да го предвидува нивото на нивната физичка блискост, може да се случи и спротивното. Односно, според една студија се покажало дека количината на физичкиот контакт помеѓу мажот и жената може да предвиди колку всушност тие навистина се сакаат.rnrn3. Физичкиот контакт е поврзан со нискиот притисок. Една студија покажала дека оние жени кои добиваат повеќе прегратки од нивните романтични партнери имаат понизок крвен притисок. Но, сè уште не се знае дали ова се случува и кај мажите.rnrn4. Физичкиот контакт прави да изгледате како личности на кои може да им се верува. Верувале или не, физичкиот контакт може да го подобри начинот на кои другите ве гледаат. Според едно истражување, со допирот можете да ја зголемите вашата доверливост во очите на луѓето околу вас.rnrn5. Физичкиот контакт ги намалува хормоните за стрес. Според една студија, со зголемувањето на физичката наклонетост кај романтичните партнери, се намалуваат дневните нивоа на хормонот кортизол, кој е одговорен за стресот.rnrn6. Физичкиот контакт е поврзан со зголеменото задоволство во врската. Една студија покажала дека партнерите кои се повеќе физички наклонети еден кон друг се и позадоволни во својата врска.rnrn7. Со денешниот физички контакт утре ќе бидете во подобро расположение. Придобивките од физичката блискост не се ограничени само на моментот. Според едно истражување, за жените, впуштањето во физичка блискост со саканата личност значи подобрување на расположението наредниот ден.rnrnСекако, придобивките од физичките контакти најчесто се ограничени само на блиските врски. Интересен е фактот дека физичката блискост со непозната личност може да предизвика стрес. Во некои ситуации оваа блискост може да биде од корист, на пример кога медицинска сестра држи пациент за рака, но во повеќето ситуации се случува сосема спротивното.rnrnКога станува збор за нежни допири како прегратки, држење за раце или пак, каков било друг вид допири со саканата личност, тогаш најчесто крајниот ефект е подобрување на врската, на физичкото здравје, како и на психичката добросостојба. Токму поради овие причини мора да најдете време за допири! Па, ајде започнете уште веднаш. Одете кај вашиот партнер и без да му кажете ништо, едноставно гушнете го…

  • 10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебе

    10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебе

    Автор: Бојана МандевскаrnrnЗапозна интересен тип. Можеби подолго време ти се допаѓа некое момче од соседството или во мислите ти е оној кој седи пред тебе на предавањата или пак се интересираш за некој твој познаник/пријател со кој се познавате и дружите одамна. Се среќавате случајно, излегувате и се дружите со исти личности, идете на исти места, дури и бевте излезени насамо. Но сепак, не знаеш на што си и дали тој навистина е заинтересиран за тебе. Еве неколку знаци кои укажуваат на тоа:rnrn10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебеrnrn1. Навален е кон тебе – Дали машкото е заинтересирано за тебе, тоа може да се забележи по начинот на кој тој застанува или седи кога си во негова близина. Ако неговото тело е благо навално кон тебе, тоа е знак дека сака да ти се приближи.rnrn2. Неговите очи светат – Една стара поговорка вели „очите се огледало на душата“. Доколку тој е навистина заинтересиран за тебе, неговиот поглед ќе биде фокусиран на тебе, а очите ќе му добијат некаков посебен сјај кога ќе бидеш во неговиот видокруг. Доколку и ти си заинтересирана за него, возврати му на погледот и прати му нежна насмевка.rnrn3. Допир – Доколку тој е заинтересиран, ќе стори сè за да биде во твојата непосредна близина. Ќе ги сака и ќе ужива во оние нежни и „случајни допири“. Допирите по раката, косата, коленото се знак дека му допаѓаш.rnrn10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебеrnrn4. Станува дел од твоето опкружување – Доколку многу често почнете да налетувате еден на друг, тоа е или игра на судбината или пак тој се обидува да се поврзе со тебе. Почнуваш да го гледаш на места на кои дотогаш воопшто не се појавувал, на пример почнува често да доаѓа во твоето омилено кафуле, читалната. Доколку и ти си заинтересирана за него, искористи ги овие средби и договорете го вашиот следен заеднички „судир“.rnrn5. Добар слушател – Целото негово внимание додека сте излезни заедно ти го посветува тебе, внимателно те слуша и ги запаметува дури и деталите од вашите меѓусебни разговори. Заинтересиран е за тебе и сака да ги дознае сите работи кои ги кажуваш, ситниците кои ти се допаѓаат и работите кои ти пречат.rnrn10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебеrnrn6. Се согласува со твоите избори – Не му пречи да гледа филм кој ти си го избрала, не му пречи ако заглави со тебе во шопинг, не се жали за изборот на местото каде ќе ручате заедно. Едноставно ги прифаќа работите кои тебе ти се допаѓаат. Ова се многу позитивни реакции кои покажуваат за неговите искрени намери кон тебе.rnrn7. Се смее на твоите шеги – Не си добра во кажувањето вицеви, правењето шеги, а тој сепак се смее на нив. Тоа значи дека го почитува твојот труд и ти дава на знаење дека и покрај овој мал недостаток, сепак му се допаѓаш и си кандидатка за која тој има посериозни намери.rnrn10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебеrnrn8. Нервозен е – Ако тој е заинтересиран за тебе, ќе забележиш дека одеднаш станува нервозен, возбуден, почнува забрзано да дише, почнуваат рацете или гласот да му треперат. Возрасните личности, а особено машките сакаат своите емоции да ги држат под контрола, не сакаат неочекувани емоционални испади. Па затоа, доколку тој почне да станува нервозен или возбуден во твоја близина, во одреден момент за да го сокрие тоа, може и неочекувано да замине од местото. Биди фина и потруди се да го опуштиш и верувај ќе ти биде благодарен за тоа.rnrn9. Почнува да се отвора – Мажите и жените се различни. Таа е вербална, тој не. Таа е водена од длабоки емоции, додека пак тој е визуелно суштество. Жените сакаат јасно да ги изразуваат своите емоции, тие се рационални суштества и не се срамат да заплачат, додека пак мажите се постегнати и не така лесно ги искажуваат своите чувства. Па, доколку тој почне да се отвора и да ги покажува своите емоции, да раскажува за одредени емотивни моменти од неговиот живот, сфати го тоа како многу позитивен знак и голем напредок во вашиот однос.rnrn10 знаци дека вистински е заинтересиран за тебеrnrn10. Те држи блиску до себе – Можноста да се случи романса е збир од меѓусебната физичка и емоционална привлечност. Доколку тој почувствува емоционална поврзаност со тебе и забележи дека имате заеднички желби и интереси, ќе сака и ќе се труди да биде со тебе. Ќе те чува близу до себе, ќе се грижи и ќе ја користи секоја прилика да те види, да седне блиску до тебе, да те допре… Ќе стори сè што е потребно за што подолго да бидеш блиску до него. Искористи го ова и возврати му на истиот начин.

  • Работи за кои забораваме да бидеме благодарни

    Работи за кои забораваме да бидеме благодарни

    Сте рекле „благодарам“ за овие прекрасни работи во кои секојдневно уживате? Благодарам за сонцето, ветрот, виножитото и насмевките. За сетилата, љубовта, падовите и искачувањата…rnrnРаботи за кои забораваме да бидеме благодарниrnrnБиди благодарен/на:rnrn1. Затоа што се будиш наутро, дишејќи. Што и да ти тргне лошо во текот на денот, можеш да се вратиш чекор назад, да земеш здив и да почнеш од почеток.rnrn2. За твоите сетила, со кои можеш да ги гледаш убавините на светот, да ги чуеш капките на дождот по олуците, да го почувствуваш допирот на саканите, да го вкусиш омиленото овошје, да ги мириснеш цветовите…rnrn3. За способноста да зборуваш и да ги искажеш своите мисли.rnrn4. За твоето срце, кое уште од самиот момент кога си се родил/а те одржува во живот.rnrn5. Затоа што имаш чувства, болка која те прави посилен/на, тага за да ја цениш среќата, страв за да ги знаеш твоите можности за успех.rnrn6. За виножитото, кое е најава за сонцето после дождот.rnrn7. За планините, ливадите, нивите и ридовите.rnrn8. Затоа што сонцето, ѕвездите и месечината го осветлуваат твоето небо.rnrn9. За ветрот и воздухот кој го дишеш.rnrn10. Затоа што имаш избор да правиш што сакаш во животот. Да, постојат одредени ограничувања, но тие се пречка само за оние кои не се упорни.rnrn11. За твоите родители, кои ти дале живот.rnrn12. За твоите раце со кои ги допираш луѓето кои ти значат.rnrn13. За твоите нозе со кои се искачуваш до врвот.rnrn14. За падовите и неуспесите кои те направиле упорна личност.rnrn15. Затоа што постојат луѓе кои искрено те сакаат.rnrn16. Затоа што постои некој кој сè би дал за тебе.rnrn17. Имаш дом кој е твое засолниште.rnrn18. Затоа што имаш кревет каде можеш да спиеш.rnrn19. За твоето семејство и пријателите.rnrn20. Заблагодари се и за твоите непријатели.rnrn21. Затоа што можеш да плачеш дур да мине лошото.rnrn22. Можеш да јадеш и да пиеш.rnrn23. Имаш струја, топла вода, храна и облека.rnrn24. Можеш да сонуваш и да ги оствариш своите соништа.rnrn25. За насмевката, која е мелодија на животот.rnrn26. За книгите кои ти даваат мудрост.rnrn27. За обувките кои ги штитат твоите стапала.rnrn28. За музиката која го подигнува твојот дух.rnrn29. За верата која ти дава сила.rnrn30. За твојата работа, која ти ги овозможува потребните средства за живот.rnrn31. За компјутерот кој ти ја олеснува работата.rnrn32. За интернетот кој те поврзува со најблиските.rnrn33. За способноста да оставиш белег со своето постоење.rnrn34. За животот кој го живееш и сè што можеш да направиш со него.rn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Допир (Touch)

    Допир (Touch)

    ТВ серија за неверојатната поврзаност на луѓето низ целиот свет…rnrnдопир (touch)Креатор: Тим КрингrnrnГлавни улоги: Кифер Сатерленд, Дејвид Мазуз, Гугу Мбата-Роу и Дени ГловерrnrnЖанр: ДрамаrnrnЈазик: АнглискиrnrnПретставена на: 25 јануари 2012rnrnПремиера: 22 март 2012rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnНаша оценка: 10rnrnВаша оценка:[ratings]
    rn


    rnШто ако судбината е формула? Што ако случајноста е равенка? Што ако нашите животи се дел од шема? Секоја мисла, секое земање воздух, секое дејство е поврзано… Драма која ги поврзува науката и духовното, со цел да ги истражи скриените врски кои ги поврзуваат сите луѓе на светот. rn


    rn

    rnПриказна: Уште во самиот почеток на оваа ТВ серија, главниот лик Џејк (Дејвид Мазаус) успева да допре до целата публика на многу уникатен начин, оставајќи ги сите во длабока мисла. Тој вели: rn
    rn

    „Односот е секогаш ист – 1 на 1,618 и тој постојано се повторува. Овие шеми, математички според дизајнот, се скриени на отворено пред сите нас. Само треба да знаете каде да барате. 7.080.360.000 луѓе живеат на оваа мала планета, но само неколку можат да ги забележат сите поврзаности. Денес ќе се испратат над 300 милијарди имејлови, 19 милијарди СМС пораки, но сепак сите во еден момент ќе се почувствуваме осамено. Просечниот човек ќе каже 2.250 зборови на 7,4 различни индивидуи во текот на денот, но дали овие зборови ќе се употребат за лошо или за добро? rnrnПостои стар Кинески мит за црвениот конец на судбината. Според овој мит Боговите врзуваат црвен конец околу глуждовите на луѓето и ги поврзуваат со сите оние на кои им е судено да се „допрат“ некогаш во животот.“

    rnдопир (touch)Џејк до сега нема кажано ниту еден збор. Тој постојано нешто пишува или црта и на прв поглед изгледа како да е фасциниран од бројки кои за нормален човек немаат никаква смисла. Мартин (Кифер Сатерленд) цел живот се обидува неуспешно да комуницира со Џејк, кој покажува малку емоции и не дозволува да биде допрен од никого. Тој често бега од училиште и секогаш му се јавуваат на Мартин од полиција да му кажат дека го пронашле неговиот син. Поради тоа го посетува Клеа Хопкинс (Гугу Мбата-Ро) која е социјален работник со цел да утврди дали Мартин е способен да го задржи својот син.допир (touch)После 11 години од својот живот, со помош на бројките, Џејк ќе успее да го натера татко му да го „слушне“. Со надеж дека конечно ќе успее да комуницира со својот син, тој се обидува да најде алтернативно објаснување за тоа што се случува. Потрагата ќе го одведе до Артур Телер (Дени Гловер), на кој воопшто нема да му звучи чудно дарбата која Џејк ја поседува. Со негова помош, Мартин ќе почне да се води според уникатната способност на својот син, според бројките кој тој ги пишува и на неверојатен начин ќе ги спојува сите оние на кои им било судено да се „допрат“. Клеа и покрај тоа што е нова во работата, тоа ќе го сфати како очаен обид од таткото да се поврзе со својот син, но многу наскоро ќе почне да забележува некои знаци кај Џејк кои ќе укажуваат на спротивното.допир (touch)Без разлика дали се работи за среќа, случајност, добар тајминг или влијание од судбината, постојат настани кои не допираат сите нас, како дел од внатрешната поврзаност на неверојатно прецизниот универзум. Џејк има способност да ги забележува овие поврзаности. Тој успева да ги гледа минатото, сегашноста и иднината на свој начин и секогаш кога ќе забележи дисбаланс на рамнотежата се обидува да ја поправи.допир (touch)допир (touch)Кога да ја гледате: Од 27 Март, секој вторник во 20:55 ќе се емитува на програмата „Fox Life“. Оваа ТВ серија бара да бидете одлично расположени и во добро друштво за да можете активно да ги следите сите настани.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.