КАФЕ ПАУЗА

Tag: дома

  • 5-минутни едноставни вежби за тонирано тело и добра циркулација

    5-минутни едноставни вежби за тонирано тело и добра циркулација

    Веќе со месеци секојдневно си ветувате себеси дека „од утре“ ќе почнете да вежбате, но тоа никако да се случи? Верувајте, не сте единствените. Ако дневниот распоред ви е постојано исполнет и не знаете како би нашле час-два дневно за вежбање доколку се зачлените во фитнес-центар, ние го имаме вистинското решение за вас, кое нема да ви ги расипе плановите. Секој од нас, има 5 слободни минути во денот, така? rnrn5-минутни едноставни вежби за тонирано тело и добра циркулацијаrnrnОвие 6 куси видеа со вежби, кои доколку редовно ги правите ќе ги затегнат вашите мускули на нозете, бутините, задникот, рацете и стомакот, ќе ви одземат точно 5 минути и 35 секунди. Немате повеќе причини со кои ќе ја оправдате вашата неактивност и мрзеливост. Сѐ што ви е потребно е подлога за вежбање, лесни тегови и интернет конекција за да го вчитате нашиов пост. Ако сте поамбициозни, повторете ги вежбите повеќе пати. Со среќа!rnrnrnrnВо видео-плеерот има 6 видеа наредени во плејлиста. Стиснете на копчето „play“ на дното од видео-плерот за да ги погледнете сите видеа (прво копче од десно).rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што прави куче кога ќе го оставите само дома?

    Што прави куче кога ќе го оставите само дома?

    Со сигурност некогаш сте се запрашале што прави вашето куче додека не го гледате, односно доколку го оставите заклучено дома.rnrnШто прави куче кога ќе го оставите само дома?rnrnЕден досетлив сопственик, поставил камера во еден ќош од својата куќа, за види што прави неговиот миленик додека тој е излезен. Погледнете го видеото и дознајте.rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како навистина изгледа работењето од дома?

    Како навистина изгледа работењето од дома?

    Оние кои секојдневно мораат да станат рано и да одат на работа, сонуваат за работење од дома, бидејќи така ќе можат да поспијат подолго благодарение на тоа што не мора да губат време во патување. Сепак, работењето од дома, може да биде голем недостаток, а не предност во однос на вашата работа и вашето секојдневие. Едно е сигурно, работењето од дома бара огромна дисциплина, а вашиот удобен дом, многу пати ќе ви го одвлече вниманието од работните задачи.Како навистина изгледа работењето од дома?Едно истражување открива што сѐ луѓето прават, додека паралелно ги извршуваат своите професионални должности. Па така, луѓето кои работат од дома, немаат проблем на сред секс да се јават кога ќе им заѕвони шефот на телефон, открива необичното истражување, спроведено од страна на британската интернет компанија Ecigarettedirect, која продава електрични цигари.rnrnЕве како изгледа работењето од дома:rn

      rn011

    • Повеќе од половина луѓе или 64% работат во своите пижами.
    • rn011

    • Околу 20% од анкетираните одговориле дека работеле голи барем еднаш во изминатата година. Некои дури признале и дека одговараат на телефонските повици од клиенти додека се на WC шолја.
    • rn011

    • Околу 80% од нив, додека работат гледаат и телевизија, а 37% од нив признаваат дека тоа малку ги деконцентрира.
    • rn011

    • Околу 70% попатно ги завршуваат и куќните обврски.
    • rn011

    • 1 од 20 луѓе ќе одговори на телефон додека има секс.
    • rn011

    • 4 од 10 луѓе тркнуваат да повежбаат фитнес или друга физичка активност во текот на работното време.
    • rn011

    • Една третина од луѓето одат на шопинг по облека или храна, додека се практично „на работа“.
    • rn011

    • Околу 15% велат дека најдобрата предност на работењето од дома, е тоа што можат колку сакаат да пушат цигари во својата „канцеларија“.
    • rn

    rn

    Еден испитаник рекол: „Проблемот со работењето од дома е тоа што станува матна линијата помеѓу приватниот и професионалниот живот. Лесно е да заборавите дека сте на работа, особено кога партнерот е дома заедно со вас. Морам да признаам дека се има случено да почнеме да се бакнуваме и прегрнуваме и во најдобриот момент да бидеме прекинати од телефонски повик од шефот или некој клиент. Обидот да се остане професионален во таквите моменти е вистински предизвик. Верувам дека таквите инциденти ќе се намалат доколку работата е заснована на видео повици.“

    rn

    Друг вели: „Обожавам да одам на шопинг во текот на работното време, бидејќи така можам да ги завршам моите домашни обврски преку недела, наместо за викендот кога во сите маркети има многу гужва. Работењето од дома нуди многу поголема флексибилност. Сѐ додека си ги завршувам моите задачи, на мојот шеф не треба да му биде гајле каде и кога сум во даден момент. Сепак, малку е чудно кога ќе ми заѕвони додека ја плаќам сметката на каса.“

    rnПортпаролот на ecigarettedirect.co.uk изјавил дека не биле изненадени од податокот дека „домашните“ работници гледале ТВ во своето работно време, но биле „малку“ шокирани од бројот на луѓе, кои ги користат работните часови за да бидат интимни со својот партнер.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да отворите шише без отворач?

    Како да отворите шише без отворач?

    Се собрало добро друштво, владее убава атмосфера, има пијачка… но нема отворач за шишиња. Научете ги добро овие неколку трикови за отворање шишиња без употреба на отворач и забавата нема да ви се расипе.rnrnКако да отворите шише без отворачrn

    Со заби

    rnЗабите се доволно цврсти да отворат шише, а можете да ги употребите така што ќе го сместите капачето помеѓу двете вилици, со горната ќе притиснете надолу, а со долната вилица ќе загризете на капачето.rnrnrn

    Со голи раце

    rnСè што треба да направите за да отворите шише на ваков импресивен начин е да го забиете капачето во внатрешниот дел на раката и силно да завртите. За разлика од силното, бавното и меко завртување многу ќе боли, па затоа не се штедете.rnrnrn

    Каков било раб

    rnЦврстите рабови од каков било предмет во ваша близина може да ве спасат ако немате отворач за шише. Наједноставно е да го поставите шишето на работ на масата во коса положба и да удрите по капачето. Внимавајте ударот да не биде премногу силен затоа што многу лесно може да се скрши грлото на шишето.rnrnrn

    Со запалка

    rnОва е доста едноставен метод. Запалката треба да ја земете во посилната рака, да ја поставите веднаш под капачето, додека со послабата рака цврсто ќе го држите горниот дел на шишето. Притиснете со запалката на капачето повеќе пати сè додека шишето не се отвори.rnrnrn

    Со банкнота

    rnПревиткајте една банкнота на половина, а потоа мотајте ја најцврсто што можете. На крај превиткајте ја на половина и веќе сте го добиле вашиот импровизиран отворач за шишиња. Земете ја банкнотата во вашата посилна рака и поставете ја веднаш под затворачот, а над другата рака со која треба да го држите горниот дел на шишето. Повлечете како со вистински отворач и ќе се изненадите од моќта на банкнотата.rnrnrn

    Со клучеви

    rnКлучевите од станот или од автомобилот на едната страна имаат еден нерамен дел којшто треба да се постави исто како запалката или банкнотата, а потоа да се притисне неколку пати додека капачето не се искриви доволно за лесно да се извади.rnrnrn

    Со чекан

    rnЧеканот не треба да го употребите за да удрите по шишето и така да го отворите. Од него потребен ви е само оној дел наменет за вадење шајки, само што овојпат на местото на шајката треба да го поставите капачето.rnrnrn

    Со токата од ременот

    rnПовеќето токи всушност и личат на отворачи за шишиња. Треба само соодветно да се постават врз капачето и да се притисне.rnrnrn

    Со друго шише

    rnПоставете ги капачињата на две шишиња едно врз друго, така што нема да бидат поставени како запалката или клучевите, затоа што треба да се искористи забестиот дел од капачето. Повлечете го горното шише нагоре и капачето на шишето одоздола лесно ќе излезе.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите дома

    7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите дома

    Супер би било доколку сите дома имавме посебна соба за фитнес. Но бидејќи тоа е само далечен сон на повеќето луѓе, еве неколку едноставни вежби за кои не ви се потребни специјални направи, а можат многу да ви помогнат при зацврстување на вашите мускули. За да ви биде забавно додека вежбате, пуштете музика или некој филм.rn

    1. Пешачење

    rnДоколку времето ви дозволува, излезете на кратка прошетка околу вашиот дом. Ако пак времето си има други планови, прошетката можете да ја направите и во домот. Ако имате скали во близина, искористете ги за загревање. Качете се и симнете се неколку пати по нив. Ако сметате дека тоа е премногу лесно за вас, земете корпа со испрани алишта или неколку шишиња вода кои ќе ви послужат како тегови. Во случај да немате скали во близина, не грижете се, како за почеток завртете неколку кругови во вашиот дом.rnrn7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите домаrn

    2. Скокови за истегнување

    rnОвие скокови секогаш се забавни и се добар начин да се потсетите на часовите по физичко во основно и во средно. Тие исто така се одлични кардио вежби и совршени за загревање на вашето тело.rnrn7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите домаrn

    3. Склекови

    rnИ покрај тоа што повеќето луѓе не ги преферираат бидејќи се тешки, постојат неколку трикови при нивното правење кои ќе ви ги олеснат, но истовремено ќе го задржат истиот ефект врз вашето тело. Наместо да ги држите нозете исправени, потпрете се на вашите колена и правете ги побрзо. Кога ќе почувствувате дека ви стануваат лесни, пробајте го истото само со едната рака зад грб.rnrn7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите домаrn

    4. Вежби со подигнување на нозете

    rnИ покрај тоа што правилно е да ги држите нозете исправени при подигнувањето, за почеток можете малку да ги свиткате кај колената. Има неколку комбинации на оваа вежба. Паралелно подигнување на двете нозе или наизменично. Кога ќе почнете да ги чувствувате како многу лесни, правете ги во комбинација со вежбата за стомачни мускули.rnrn7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите домаrn

    5. Џогирање во место

    rnОваа вежба можете да ја правите во ритамот на музиката или пак додека гледате некоја ТВ серија или филм. Се препорачува да носите добри патики, за да се намали притисокот на вашите стапала.rnrn7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите домаrn

    6. Клекнувања

    rnОдлични вежби за зацврстување на вашите нозе и задник. За подобар ефект земете нешто потешко во вашите раце (шишиња вода, конзервирано овошје…) и ќе почувствувате разлика за само една недела. Доколку веќе имате кондиција за оваа вежба пробајте да ја правите со скокање.rnrn7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите домаrn

    7. Танцување

    rnСами сте дома? Пуштете музика и почнете со танцување. Никој не ве гледа така да можете целосно да се опуштите со движењата… Скокајте, трчајте и забавувајте се низ вашиот дом. Танцувањето е одлично за вашето срце, а доколку го практикувате секојдневно, може многу да ви помогне во одржување на вашата телесна тежина.rnrn7 едноставни вежби за затегнување на телото кои можете да ги правите дома
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работата од дома создава стрес и караници

    Работата од дома создава стрес и караници

    Иако примарна цел на оние луѓе кои прифаќаат да работат од дома им е поминувањето на поголемиот дел од времето со своето семејство, како и заштеда на некој денар на сметка на превозот и храната, сепак, последните истражувања докажуваат дека е неопходно да излегувате од дома за да ги наполните батериите и да ги избегнете непотребните кавги и недоразбирања.Работата од дома создава стрес и каранициИнститутот „Rensselaer Polytechnic“ од Њујорк открил дека работата од дома исцрпува повеќе од онаа на работното место. Нивната цел била да го докажат стресот при мешање на приватниот и професионалниот живот. Докажано било дека четири од пет работници кои имаат работно место надвор од домот, се чувствуваат лошо затоа што не можат да ги ускладат семејните и работните обврски, а оние кои работат од дома се во уште полоша состојба.Работата од дома создава стрес и караници Нивниот најголем проблем се куќните обврски, кои не стигнуваат да ги завршат иако се дома, како и караниците со домашните, поради долгиот период поминат заедно во истиот простор. Колку повеќе домашните проблеми и караници се мешаат со работните обврски, толку поголем е стресот врз лицето кое работи од дома. Па така, иако технологијата овозможува работење од дома, сепак треба да убаво да се размисли дали е паметно да се одбере ваква опција.rnrnШто мислите вие? Работењето од дома е придобивка или недостаток на јасна граница помеѓу приватниот и професионалниот живот?rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Канцеларија во двор за оние кои работат од дома

    Канцеларија во двор за оние кои работат од дома

    Работењето од дома станува сè поголем тренд во модерното општество, благодарение на брзиот интернет кој го има во речиси секоја куќа, можноста за групна комуникација, видео комуникација преку сервиси како Скајп наместо состаноци во живо, целодневното проверување имејл-пораки на паметните телефони, намалувањето на трошоците за превоз и уште многу други причини.Канцеларија во двор за оние кои работат од домаНо, останувањето во рамките на вашиот удобен дом има и свои недостатоци како неодвојување на личниот од професионалниот живот, немање работна атмосфера, немање фиксно работно време, ниту можност за разменување збор-два со колегата спроти вас кој би го имале во канцеларија. Ако се борите со ваков проблем најверојатно ви е потребна ваква малечка, практична и лесно пренослива канцеларија која ќе ви создаде пријатна работната атмосфера во вашиот куќен двор.Канцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од домаМини-канцеларијата, т.н. „OfficePOD“, ја овозможува таа работна атмосфера која ја немате во вашата дневна соба и плус е доволно голема за да собере канцелариски стол, убаво биро за компјутерот, фиоки за вашите папки со документи и плус е лесно пренослива, во случај да се селите во друга куќа. Ако сакате да вработите некој во вашата фирма, можете да купите уште една канцеларија за него итн.Канцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од домаГолемината на оваа практична канцеларија со модерен дизајн изнесува 2.1 на 2.1 метри. Составена е од повеќе парчиња кои се спојуваат, а тоа ја овозможува нејзината едноставна инсталација, дури и во дворовите кои имаат најкомплициран пристап. Ова е една одлична идеја и практично решение за вашиот проблем, нели?!Канцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од домаКанцеларија во двор за оние кои работат од дома

    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

    Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

    Расипани пиксели често се појавуваат и на сосема нови екрани. Штом еднаш забележите макар еден расипан пиксел на вашиот монитор, тој ќе биде постојан извор на иритација секогаш кога ќе го користите. Доколку имате гаранција, проверете дали таа важи за бројот на расипани пиксели со кои вие се соочувате, но и не мора да трчате веднаш во продажниот салон бидејќи тие може или да ве вратат назад или да ви го задржат лаптопот или мониторот со недели. Расипан пиксел може да се поправи прилично едноставно и во домашни услови, а за ова не треба да бидете експерти.

    rn

    Како да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?

    rnrn

    Што е пиксел?

    rnНаједноставно кажано, тоа е една точка од сликата, која може поединечно да се контролира. Сите точки ја формираат целата слика. Екранот се состои од мрежа од стотици пиксели, кои се подвижни, за која цел ги менуваат боите. Секој пиксел се состои од 3 под-пиксели, црвен, зелен и син. Секој од нив пак, е напојуван од транзистор кој ја контролира активната состојба на пикселот.rnrnРасипан пиксел е оној кој не ја прикажува очекуваната боја на екранот. Тоа значи дека тој се има или заглавено на некоја боја, моментално се има исклучено или пак сосема исклучено, што веќе претставува мртов пиксел.rnrnВсушност течниот кристал во под-пикселот понекогаш не се распоредува еднакво и тоа е причина пикселот воопшто да не се вклучи. Ако сите три под-пиксели се зафатени со проблемот, тогаш се случува состојба на моментално исклучување. Во друг случај, транзисторот може да е расипан и тогаш пикселот е нон стоп вклучен (гори) или исклучен (црн) и тогаш се работи за мртов пиксел. Ако видите пиксел во друга боја или бел, шансите да го поправите се големи, но и за црн пиксел има уште малку надеж.rn

    Како да ги откриете расипаните пиксели?

    rnИма неколку онлајн алатки кои ќе ви помогнат во тоа…rn

    LCD2

    rnВклучете го тестот за сите 5 бои (зелена, сина, црвена, бела и црна) едно по друго и видете дали ќе се јават некакви проблеми.rnrnКако да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?rnrnВо последната верзија од оваа алатка можете да направите „масажа на пиксели“ што може да поправи заглавен пиксел со честа стимулација. Па, ако забележите некоја неправилна точка или цел регион на вашиот LCD екран, вклучете ја опцијата „Fix My Screen“ и оставете го софтверот да работи околу еден час.rnrnКако да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?rn

    IsMyLcdOK

    rnIsMyLcdOK пак е портабл-апликација за Виндоус со која можете да правите различни тестови за проверка на пикселите, а корисниците на Мекинтош, може да го пробаат Pixel Fix.rnrnКако да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?rn

    Online Monitor Test

    rnСо оваа алатка можете да тестирате расипани пиксели, но и квалитетот на вашиот монитор воопшто. Можете да ја користите онлајн верзијата или пак да ја инсталирате на компјутерот.rnrnЗа да тестирате, изберете ја опцијата HTML window. На цел екран ќе се префрлите со F11.rn

    Како да поправите расипан пиксел?

    rnРасипан пиксел единствено може да се поправи со често стимулирање и со надеж дека притоа ќе успеете да го вратите во живот. Постојат два начини, едниот е софтверски, другиот е мануелен.rn

    UDPixel

    rnДоколку немате цел час за да се обидете да го поправите расипаниот пиксел со  опцијата „Fix My Screen“ на LCD2, можете да го користите UDPixel за локално да работи на расипаниот пиксел со помош на опцијата undead pixel“.rnrnКако да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?rn

    JScreenFix

    rnИ ова е една онлајн апликација која користи Јава-аплет за да ги поправи заглавените пиксели.rnrnКако да ги поправите расипаните пиксели на вашиот LCD монитор?rnrnСепак, најуспешно се покажува методот на рачно одглавување.rn

    Рачна поправка

    rnАко ниедна од овие алатки не ви го реши проблемот, сепак има уште малку надеж. Ова е една брза техника, но убави поопширни упатства можете да најдете и на wikiHow и на instructables.rn

      rn011

    • Исклучете го мониторот
    • rn011

    • Земете влажна крпа за да не го изгребете екранот.
    • rn011

    • Притиснете со крпата (веројатно ќе ви треба и некој остар предмет под крпата) врз местото на екранот каде го пронајдовте заглавениот пиксел. Внимателно, немојте да притискате отприлика, па да зафаќате со притисок и околни пиксели бидејќи вака може и нив да ги расипете.
    • rn011

    • Додека притискате, вклучете го компјутерот и екранот.
    • rn011

    • Престанете со нанесување притисок. Заглавениот пиксел би требало да се одглави.
    • rn

    rnАко и оваа метода не помогне, веројатно ќе мора да се вратите кај вашиот продавач.rnrnАко сте имале некое непријатно искуство или пак успешно сте решиле проблем на некој од овие начини или на друг, пишете ни коментар.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.