КАФЕ ПАУЗА

Tag: дома

  • Навистина добри изговори да ја поминете вечерта во удобноста на својот дом

    Навистина добри изговори да ја поминете вечерта во удобноста на својот дом

    Дали некогаш сте се нашле себеси како повеќе ви се допаѓа идејата да останете во удобноста на сопствениот дом со топла чаша чај во рака отколку да излезете некаде со пријателите? Голема е веројатноста дека одговорот е да и тоа повеќе пати. Кратко и јасно, уживањето во домашна атмосфера во омилените пижами, со добар филм и голема количина пуканки знае да биде многу подобра опција од какво било излегување.rnrn(2)-navistina-dobri-izgovori-da-ja-pominete-vecherta-vo-udobnosta-na-svojot-doma-kafepauza.mkrnrnНо, што е со пријателите? Како тие ќе го сфатат вашето останување дома? Што ако помислат дека нешто не е во ред и можеби сте им лути? Што ако тие ви се налутат? А што ако ништо од ова не се случи, бидете искрени со нив и реално им кажете зошто сепак одбирате да останете дома наместо да излезете да се забавувате со нив?rnrnДоколку мислите дека вашата причина не е доволно добра, можеби следниве неколку навистина добри изговори ќе ве убедат во спротивното.rn

    1. Не сте расположени и не сакате да им ја расипете вечерта на останатите

    rnВашето присуство не е задолжително и доколку не се чувствувате расположени за забава, тогаш не мора ни да одите на забавата. Верувајте, вашите пријатели ќе ви бидат благодарни за ова.rn

    2. Сакате да му посветите време на вашето милениче

    rnКога вашиот ден е комбинација од милион различни обврски, а дома ве чека вашето милениче на кое му се потребни љубов и нега (да не се лажеме, и на вас!), тогаш останувањето дома со него е навистина добар изговор да не излезете со пријателите. Малку гушкање и мазење, можеби кратка прошетка и секако, долгоочекуваниот одмор во топлината на вашиот дом каде не мора да се грижите како изгледате бидејќи вашето милениче ве сака без разлика на сè – тоа е некогаш најдобрата опција за вечерта.rn

    3. Не ви се допаѓа местото/друштвото/планот за вечерта

    rnНе секогаш планот за излегување ги вклучува само најдобрите пријатели, вашето омилено место за забава ниту пак се одвива според тоа како вие сакате. А кога нешто или сè од тој план не ви се допаѓа, тогаш не сте обврзани да го правите тоа. На крајот на краиштата, едно неизлегување не значи ништо, пријателите може да ги видите и на денско кафе.rn

    4. Следното утро мора рано да бидете на работа

    rnБидејќи не би ви било прв пат и знаете како е да одите мамурни на работа, сосема е очекувано да сакате да го избегнете тоа. Останувањето во дискотека до раните утрински часови со кој знае колку испиени коктели и шотови и не е баш добар рецепт за успешен и продуктивен ден на работа, а да не зборуваме за мачнината со која ќе треба да го преживеете.rn

    5. Немате пари

    rnПроблем кој најчесто се јавува на крајот на месецот, но е со тапија најголемиот проблем на сите кои одбираат останување дома наместо забава. Факт е дека излегувањето ќе ве чини доста пари, никогаш не се застанува на една пијачка нели? А кога немате пари тогаш нема ни што да правите. Вашите пријатели ќе го разберат ова.rn

    6. Не се чувствувате добро

    rnДали навистина ви е потребен подобар изговор од ова? Кашлате и/или ве боли глава, стомак, а можеби и го фаќате вирусот кој се шири кај вас на работа. Не се чувствувате добро и тоа е секогаш добар изговор да останете дома наместо да излезете некаде со пријателите. Едноставно, не сакате да си ја влошите здравствената состојба и тоа е тоа.rn

    7. Не ви се излегува

    rnРабота – дома, дома – работа, милион обврски во меѓувреме и на крајот на денот сè што сакате е да го прегрнете јорганот и да се одморите, можеби со добар филм и омилените грицки. Не ви треба гужва ниту гласна музика, туку тишина и одмор. Што е подобро од тоа?rnrnПа, дали се согласувате?

  • Што не би требало да им кажувате на луѓето кои не сакаат да излегуваат?

    Што не би требало да им кажувате на луѓето кои не сакаат да излегуваат?

    Излегувањата се омилената активност на многу луѓе, но „многу“ не ги опфаќа сите луѓе на планетава. Да, постојат луѓе кои попрво би седеле дома и би гледале филм отколку да одат на некоја луда забава, а тие луѓе во ниеден случај не сакаат да ги слушнат овие реченици. Но, ако веќе им ги кажете, тогаш не се чудете ако ви возвратат со вакви цинични коментари.rnrn0-shto-ne-bi-trebalo-da-im-kazhete-na-lugjeto-koi-ne-sakaat-da-izleguvaat-kafepauza.mkrnrn„Ајде ќе биде забавно!“ – Можеби ќе биде, а може не, но знаеш што е дефинитивно забавно? Мојот совршен план за седење на каучот со пуканки. Па, затоа останувам на тоа.rnrn„Воопшто не си излегол/а цела недела.“ – Знам, тоа е ми е омиленото нешто неделава.rnrn„Мислам дека си во депресија.“ – Затоа што не сакам да пијам кригла пиво и да пеам песни од Кеша на полноќ? За твоја информација, тоа не е симптом на депресија.rnrn„И сега ќе останеш овде сам/а? Ох, тоа е толку тажно.“ – Тажно?! Ќе си правам постер со лепак, светки и букви од самолеплива хартија и потоа ќе јадам чипс по долна облека. Тоа ни малку не звучи тажно.rnrn„Ама сите ќе бидат возбудени што ќе те видат“ – Ох тоа е толку слатко! Потсети ги дека ги сакам, но и дека јас сум одговорен/а за моите одлуки и многу ретко се чувствувам удобно на забави.rnrn„Ќе престанам да те канам на вакви нешта затоа што никогаш не доаѓаш.“ – Хм, сурово, но фер.rnrn„Ти мразиш забава?“ – Не, не, не! Обожавам забава, затоа ќе останам дома и ќе го средувам плакарот додека ја слушам Сиа.rnrn„Зошто не сакаш да излеземе? И онака немаш планови!“ – Да јадам пица и да ја гледам омилената серија мене ми звучи како совршен план, така што, прашањево не ти држи вода.rnrn„*Внеси име на пријател/ка што ја обожуваш* ќе биде таму! Ти ја обожуваш *дотичната личност*! – Да навистина го/ја сакам и се договорив да излезам на кафе со него/неа следната недела и тоа ќе биде забавно тогаш, а не сега!rnrn„Немој да се срамиш. Сите ќе те сакаат.“ – И треба. Проблемот е во тоа што си се сакам себеси повеќе и сакам да бидам со себеси.rnrn„Мораш да се опуштиш малку. Под преголем стрес си.“ – Точно така! И дел од тој стрес моментално доаѓа кога ме тераат да правам работи што дефинитивно не сакам да ги правам.rnrn„Но ќе има *вметни нешто навистина екстравагантно и необично за журка* – Не е важно колку е добра забавата. Сепак, таму ќе има луѓе и ќе треба да се пресоблечам. Така што, не фала, можеби следниот пат.

  • Вежбајте дома: Брзо и едноставно затегнување на мускулите на нозете

    Вежбајте дома: Брзо и едноставно затегнување на мускулите на нозете

    За овие вежби ви се потребни само малку време и трпение и многу брзо ќе имате затегнати мускули на нозете без да треба да одите во теретана. Со следниве 3 вежби можете многу брзо и едноставно да ги затегнете вашите мускули на нозете и доколку ги комбинирате со редовни прошетки, брзо одење и возење велосипед, за кратко време ќе забележите одлични резултати.rnrnВежбајте дома: Брзо и едноставно затегнување на мускулите на нозетеrn

    1. Истегнување на нозете

    rnЗа оваа вежба потребно е да го исправите грбот, да го затегнете стомакот и да ги ставите дланките зад главата. Потоа качете се со едната нога на степер (или скала), а другата подигнете ја странично колку што можете. Повторете 15 до 20 пати, а потоа сменете ја ногата.rn

    2. Половични клекнувања

    rnПоставете ги двете стапала во иста линија и испружете ги рацете пред телото, спуштајќи ги колената надолу. Внимавајте колената и бедрата да ви бидат паралелни со подот. Оваа вежба повторувајте ја 3 минути.rn

    3. Скок, па клекнување

    rnЗастанете покрај степер (или скала) и благо раширете ги нозете. Потоа скокнете врз него и свиткајте ги нозете за да застанете во клекната положба. Вратете се назад. Повторувајте ја вежбата од 10 до 15 пати, притоа внимавајќи вашите нозе да бидат во иста ширина како колковите. По првата серија од оваа вежба, одморете се неколку минути и потоа повторете уште 15 пати.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Филм: Дома (Home)

    Филм: Дома (Home)

    Филм за една вонземјанска раса која ќе ја окупира Земјата со цел да се скрие од своите смртоносни непријатели

    rn(1) Филм: Дома (Home)Режија: Тим ЏонсонrnrnГласови: Џим Парсонс, Ријана, Стив Мартин, Џенифер ЛопезrnrnВреметраење: 94 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 27 март 2015rnrnЖанр: авантура, анимација, комедијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnВонземјанската раса Був е една од најдобрите во Универзумот кога станува збор за бегање. Тие постојано се еден чекор пред нивниот смртоносен непријател, расата Горг, кои и покрај силниот труд на Був изгледа некако секогаш успеваат да ги најдат. Токму затоа тие патуваат од една на друга планета, кои Горг без никакво размислување ги уништуваат целосно откако ќе пристигнат.rnrn(3) Филм: Дома (Home)rnrnПриказната започнува со доаѓањето на Був на Земјата. Тие ќе ги префрлат сите луѓе од целата планета на едно место, во еден голем град, а тие ќе се населат во сите останати земји. За само неколку секунди тие целосно ќе ја трансформираат планетата да одговара на нивните потреби.rnrn(2) Филм: Дома (Home)rnrnНа самиот почеток веднаш имаме можност да го запознаеме слаткото вонземјанче Оу (Џим Парсонс) кое уште на прв поглед ќе забележите дека се издвојува од останатите. Тоа сака да се забавува, да се дружи и да има многу пријатели – нешта кои не се својствени за оваа раса. И така Оу сакајќи да го покани својот „пријател“ Кајл (Мет Џоунс) на неговата забава, по грешка ќе ја испрати пораката на сите во Универзумот, вклучувајќи ги и Горг. Исплашен дека ќе биде казнет, тој почнува да бега и на тој начин налетува на Тип (Ријана) и нејзината мачка Пиг. Тие брзо ќе се спријателат поради фактот што имаат заеднички непријатели и ќе тргнат во потрага по мајка ѝ на Тип.rnrn(4) Филм: Дома (Home)rnrnНа својот пат ширум планетата, Оу ќе почне многу да учи за луѓето, како и за тоа што значи да се биде човек. Тој под влијание на ова храбро девојче ќе почне да ја проширува својата перспектива за оние нешта кои вредат, па токму затоа и ќе почне да се менува. Интересно кај овој филм е тоа што човештвото е претставено од една сосема поинаква перспектива. Ние ги гледаме луѓето преку очите на вонземјанче кое ни најмалку не наликува на човек. Па, доколку сте расположени за лесно анимирано филмче од кое можете да извлечете силна поука, тогаш ви препорачуваме да го гледате „Дома“. Гарантираме дека нема да бидете разочарани.rnrn(5) Филм: Дома (Home)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Порив за патување: Кога секаде по малку ви е дома

    Порив за патување: Кога секаде по малку ви е дома

    Луѓето кои имаат порив за постојано патување не можат да седат само на едно место. Тие имаат потреба постојано да бидат во движење и избегнуваат да се скрасат. За некои тоа трае само додека се млади и сакаат со голема љубопитност да го истражуваат светот, а за други тоа трае цел живот. Овие луѓе обожаваат да се селат од еден во друг град или држава заради училиштето или работата, но и кога тоа не се случува тие се обидуваат да најдат малку слободно време и да одат на кое било место кое нема да им изгледа познато и кое ќе можат да го истражуваат како мали дечиња кои прв пат љубопитно се соочуваат со некоја нова мистерија на животот. За тоа треба да се направат одредени жртви, пред сè да го напуштат домот и да бараат комфор надвор од зоната на комфорот. Затоа тие можат да нè научат нешто во врска со тоа каде е домот: дали тој е каде што е срцето, каде што се враќаме или од каде што потекнуваме.rnrnПорив за патување: Кога секаде по малку ви е домаrn

    Домот е таму каде што е срцето, но тие имаат оставено дел од срцето на многу места

    rnТие не се луѓе кои мислат дека престојот од два дена на едно место може да им даде претстава за тоа место. За разлика од луѓето кои ангажираат туристички агенции за да им го покажат накратко само она кое е „најважно“ за едно место, овие патници преферираат да останат подолго време и да го почувствуваат градот, неговиот пулс и динамика, да ги запознаат луѓето и да добијат суптилен впечаток од тоа место. Кога треба да заминат чувствуваат дека губат дел од себе со напуштањето на тој град, но сепак желбата за движење е многу поголема и знаат дека можат да најдат нов дом каде било под ова небо.rnrnПорив за патување: Кога секаде по малку ви е домаrn

    Домот е местото каде што се враќате, но тие сакаат постојано да се движат, а не да се враќаат на едно исто место

    rnТие како постојано да го бараат својот дом. Како да не се чувствуваат комфорно во својата комфорна зона, туку во непознатото кое ја задоволува нивната неисцрпна љубопитност и желба да учат за светот. Овие луѓе се ученици на светот кои мораат постојано да ги менуваат училниците. Својот дом го наоѓаат во движењето од едно на друго место. Тие почувствувале и знаат колку е убаво да се припаѓа на една заедница, но знаат и дека нивната заедница не може да биде ограничена со политички граници и етничка припадност.rnrnПорив за патување: Кога секаде по малку ви е домаrn

    Домот е местото од каде што потекнуваш, но тие се граѓани на светот

    rnСекоја личност домот си го сфаќа на различен начин. Кога некој ќе нè праша од каде сме, ние кажуваме каде сме пораснале или каде живееме во последните години. А што би требало да речат овие номади кои не можат да седат на едно место? За нив домот е нешто поинакво. Ако домот е местото од каде што доаѓаме, односно местото кое ни е најдобро познато, но што се случува кога цел свет ќе ни стане познат? Што ако сакаме да живееме на повеќе места истовремено? Патувањето прави тие да го гледаат целиот свет како една целина од различни и прекрасни луѓе и затоа тие им припаѓаат на сите нив. Се плашиме од луѓето кои не ги познаваме, но тие ги познаваат повеќето култури и затоа ги сакаат. Луѓето со порив за патување сфаќаат дека сите доаѓаме од истиот свет и затоа цел свет ни е дом.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 13 чудни вистини кои ги знаат само оние кои работат од дома

    13 чудни вистини кои ги знаат само оние кои работат од дома

    Во моментов го читате овој текст наместо да работите, нели? Доколку сте почнале со работа од дома, тогаш со сигурност ќе се пронајдете во овие 13 нешта. Но, ако имате нешто да дополните на оваа листа, слободно споделете со нас во коментарите подолу…rnrn13 чудни вистини кои ги знаат само оние кои работат од домаrn

    1. Не изгледа воопшто онака како што планиравте кога почнавте

    rnВие сигурно планиравте секое утро во 9 часот да се сместите на вашата работна маса која е чист и мирен простор во вашиот дом и да започнете со работа. На овој начин ќе имате повеќе време за вежбање, здрава исхрана, па дури и за курсот за кој со години немавте време поради тоа што останувавте до доцна во канцеларија. Како одат овие планови?rn

    2. Зборувањето со себе не е ништо невообичаено

    rnВие сте сами по цел ден, па токму затоа и нема кој да ве сослуша кога ќе дознаете некоја неверојатна информација или пак, кога ќе ја изгледате новата епизода од вашата омилена ТВ серија. Но, тоа не ви е проблем. По краткото и интензивно воздржување вие почнувате гласно да си ги искажувате овие мисли. Што има врска тоа што никој не ве слуша?rn

    3. Облекувањето е огромно постигнување

    rnОва се случува некаде околу 17 часот, по завршувањето на вашето работно време и малку пред да почнат другите членови од вашето семејство да се враќаат дома. Но, понекогаш кога сте помрзливи ги пречекувате и во пижами. Сте имале тежок ден на работа, сигурно ќе разберат.rn

    4. Нормалната облека одеднаш ви станала неверојатно неудобна

    rnОсобено градниците. Кога неколку месеци го поминувате поголемиот дел од денот во удобни и меки пижами, сè останато станува исклучително неудобно. Дури почнувате и да се запрашувате како претходно сте успевале толку долго да бидете во таа облека.rn

    5. Мотивирањето е навистина е тешко

    rnДоколку имате краен рок, одеднаш сфаќате дека правите сè освен завршувањето на вашите работни обврски. Изгледа дека за само неколку часа вие сте успеале цел дом да го исчистите, сите алишта да ги исперете, да подготвите ручек… Но, сè уште не сте готови со средувањето по дома…rn

    6. Твитер и Фејсбук се вашите соработници

    rnИ вие сте онлајн ЦЕЛО ВРЕМЕ!rn

    7. Но, кога конечно ќе најдете време за работа, вие ги завршувате работите многу побрзо

    rnИзгледа дека вашите родители биле во право кога ви велеа да направите 5-минутна (читајте: 5-часовна) пауза која ја подобрува концентрацијата.rn

    8. Развивате чудна параноја

    rn„Зошто шефот не ми одговори на мејлот? Го пратив пред 20 минути! Можеби треба да го препратам. Или можеби ме мрази и веќе никогаш нема да побара ништо друго од мене и потоа ќе умрам од глад и ќе ме изедат мачките!!!“rn

    9. ТВ програмата за готвење е одлична

    rnМожете да гледате луѓе како готват по цел ден и никогаш да не ви здодее…rn

    10. Попладневна дремка

    rnВие навистина не сакавте да заспиете и искрено верувавте дека каучот е многу поудобно место за читање на тој документ. Но, 2 часа подоцна се будите со документот врз вашето лице. Упс.rn

    11. Не постои подобар начин на одмарање од мониторот од лудо танцување во вашата дневна соба

    rnМожевте да го научите танцот на песната „Shake It Off“ од Тејлор Свифт во вашата канцеларија? Секако дека не.rn

    12. Кога е сончево се чувствувате екстремно вообразено

    rnСе сеќавате на сите оние топли денови кои сте ги поминале во канцеларија со тажни луѓе чии погледи лутаат низ прозорецот и гласно воздивнуваат и сфаќате дека повеќе не ве ограничуваат 4-те ѕида. Вие можете да ја однесете вашата работа во парк или на тераса од кафуле. Ха!rn

    13. Никогаш повеќе нема да стапнете во канцеларија

    rnЗошто би го направиле тоа? Работата од дома е одлична!

  • 12 миленици кои не знаеле дека нивните стопани ќе се вратат дома порано

    12 миленици кои не знаеле дека нивните стопани ќе се вратат дома порано

    Овие слатки домашни миленици уживаат во опуштена атмосфера правејќи го она што го сакаат, но на нивно големо изненадување, стопаните им се вратиле дома порано. Погледнете ги смешните реакции и изрази на нивните лица.rnrn12 миленици кои не знаеле дека нивните стопани ќе се вратат дома пораноrnrn

  • 10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанок

    10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанок

    Направете си и себеси а и неа услуга со тоа што нема да го уништите вашиот прв состанок на некој од овие начини.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    1. Кај вас дома

    rnДа гледаме филм? Ха ха. НЕ!rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    2. Спортски настан

    rnОсвен ако не е луда по спорт, спортските настани дефинитивно не се соодветни за прв состанок. Ни на крај памет да не ви падне да ја однесете во обложувалница да гледате фудбал заедно бидејќи дебело сте уплатиле, а шансите ви се големи.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    3. Во гласен клуб

    rnБи требало да разговарате и да се запознавате, а не да не можете меѓусебно да се чуете.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    4. На кое било место кое не можете да си го дозволите

    rnНе целете премногу високо. Не мора првиот состанок да биде на многу луксузно и скапо место. Поентата е да се чувствувате природно а не да ја минете вечерта препотувајќи се во исчекување на сметката.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    5. Заедно со вашето друштво

    rnЦела вечер ќе се чувствува како тринаесетто прасе. Значи не, без други луѓе на вашиот прв состанок.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    6. На семејни средби

    rnВо никој случај.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    7. Места кои сте ги посетувале со бившата

    rnКое било место каде може да налетате на неа или кое ви носи спомени. Нова женска, нови места, нови спомени.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    8. Во кино

    rnМногу е клише, а и немате можност да разговарате. Чувајте ја оваа идеја за понатаму.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    9. На домашна журка или роденден

    rnНе можете да ја носите како ваша придружничка ако никој не ја познава. На сите ќе им биде непријатно.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанокrn

    10. На шопинг

    rnМолам?! Многу работи се погрешни во оваа идеја.rnrn10 места на кои никако не смеете да ја однесете девојката на прв состанок

  • Што правите кога ќе си дојдете дома од работа?

    Што правите кога ќе си дојдете дома од работа?

    Не е сеедно дали веднаш ќе се раскомотите и ќе се пресоблечете во тренерки и папучи, ќе јадете од нога или ќе го претворите домот во канцеларија и веднаш ќе продолжите со работа. Она што прво го правите кога ќе се вратите дома после напорен ден на работа, говори многу за нас, барем така тврдат психолозите.rnrnshto-pravite-koga-kje-si-dojdete-doma-od-rabota-kafepauza.mkrnrnОпуштените личности веднаш се пресоблекуваат, а најмногу од сè ја ценат удобноста, слободата и не сакаат ништо што би ги ограничувало во животот.rnrnАко од врата веднаш се фаќате за фрижидерот, бидејќи сте толку гладни што мислите дека би ја изеле сета храна сосе него, тогаш би требало да промените нешто во своето однесување. Оваа навика укажува дека туѓите потреби секогаш ги ставте пред своите.rnrnМожеби веднаш ја земате опремата за вежбање, готвите и чистите или трчате во теретана? Тоа значи дека сте дисциплинирани, мотивирани сакате рутини.rnrnОд друга страна, ако сакате само да се спуштите во фотелја и да ја гледате омилената серија, постои веројатност дека не сте баш задоволни од начинот на кој го водите животот, па наместо да се соочите со своите проблеми, уживате во набљудување на туѓите.rnrnОние пак, кои постојано ја носат работата дома, имаат комплекс бидејќи веруваат дека без нив фирмата, работата или проектот веднаш ќе пропаднат.rnrnКаква е вашата рутина кога се враќате од работа?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да бидете попродуктивни ако работите од дома?

    Како да бидете попродуктивни ако работите од дома?

    Доколку работите од дома изложени сте на многу нешта кои ве деконцентрираат и ви го пренасочуваат фокусот од главните обврски и задачи. Работната средина игра голема улога во продуктивноста. Кога последен пат ви се случило да сфатите дека поминал цел ден а вие одвај сте извршиле дел од планираните обврски? Многу ситни и неважни „обврски“ кои си ги задавате во меѓувреме може да ве направат крајно непродуктивни. Ова се 5 совети кои ќе ви помогнат да бидете навремени, продуктивни и одговорни ако работите од дома.rnrnКако да бидете попродуктивни ако работите од дома?rn

    1. Подгответе се на целосна изолација

    rnПодгответе се на полно работно време од дома и изолирајте се целосно од надворешниот свет. Не, не сте слободни за кафе-муабет со пријател/ката бидејќи по правило вие сте на работа, иако технички сте дома. Одберете мирна и светла просторија во домот каде никој нема да ве вознемирува. Добро е тоа да не биде вашата спална соба за вашиот мозок автоматски да прави разлика меѓу приватниот простор за одмор и местото каде си ги извршувате обврските.rn

    2. Кафето ви е најголем пријател

    rnЛуѓето кои работат од дома постојано се пред компјутер, изложени на неговото зрачење кое дополнително ја цица енергијата. Кафето е најголем пријател на оние кои работат од дома, токму затоа секој компјутерски гик на филмовите е прикажан со шолја кафе. Мирисот на доброто кафе може да ве инспирира и да ви вдахне позитивна енергија, а доволно јако кафе ќе направи да работите како приклучени на струја. Не претерувајте со кафето, но сепак имајте го при рака.rn

    3. Имајте пишан план и не работете две работи истовремено

    rnВашиот мозок не може да се фокусира на повеќе работи истовремено. Работењето повеќе работи истовремено кои ментално ве исцрпуваат само ќе резултира со куп започнати, но недовршени работи и со нервоза и губење мотивација. Имајте пишан план кој е пожелно да го изготвите една вечер порано. Може да користите некоја кул апликација која ќе ви помогне да се фокусирате на вашите цели и да останете продуктивни.rn

    4. Затворете ги сите прозорци што не ви се потребни

    rnДа, тоа прозорче од Фејсбук на вашиот екран и тоа другото за дневен хороскоп. Не ви требаат и не можете да останете фокусирани на вашите обврски ако постојано ве „ѕиркаат“ разни примамливи содржини крадејќи ја вашата концентрација. Не отворајте 20 прозорци истовремено туку научете пред себе да го имате стриктно само она што ви е потребно. Исто, исклучете го звукот на телефонот. Тешко ќе биде да го искористите вашиот потенцијал максимално ако телефонот упорно ви ѕвони.rn

    5. Дефинирајте го вашето работно време

    rnДефинирајте кога започнува вашето време, кога имате пауза и кога завршува. Пробајте да се однесувате како до вас постојано да е вашиот невидлив шеф кој гледа дали работите или „забушавате“. За време на паузата може да јадете, да проверите мејл или да одговорите на приватните телефонски повици.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.