КАФЕ ПАУЗА

Tag: дома

  • Ќе ви измамат насмевка на лицето: Предлози за совршена филмска вечер во вашиот удобен дом

    Ќе ви измамат насмевка на лицето: Предлози за совршена филмска вечер во вашиот удобен дом

    Времето што ќе го поминете дома можете да го искористите на многу начини, од дружење со семејството до учење нови работи, играње игри, вежбање итн. Но, за да внесете малку смеа и позитивна енергија, особено во овој период кога вестите ве вознемируваат, погледнете го овој список и изберете некој од филмовите што ќе ви го подобрат расположението.rn

    1. „Голема риба“ (Big Fish)

    rnhttps://youtu.be/M3YVTgTl-F0rn

    2. „Потрага по среќа“ (The Pursuit Of Happyness)

    rnhttps://youtu.be/DMOBlEcRuw8rn

    3. „Валкан танц“ (Dirty Dancing)

    rnhttps://youtu.be/eIcmQNy9FsMrn

    4. „Подобро не може да биде“ (As Good As It Gets)

    rnhttps://youtu.be/rrRl2QQKkI8rn

    5. „Полноќ во Париз“ (Midnight in Paris)

    rnhttps://youtu.be/FAfR8omt-CYrn

    6. „Вистинска романса“ (True Romance)

    rnhttps://youtu.be/P6DW0HtpT-0rn

    7. „Добриот Вил Хантинг“ (Good Will Hunting)

    rnhttps://youtu.be/PaZVjZEFkRsrn

    8. „Чудесната судбина на Амелија Пулен“ (Le Fabuleux Destin d’Amélie Poulain)

    rnhttps://youtu.be/RMbFcxbLMrYrn

    9. „Те чека мејл“ (You’ve Got Mail)

    rnhttps://youtu.be/bjP4s7UUnK8rn

    10. „Џуно“ (Juno)

    rnhttps://youtu.be/QuN0Z65sp5crn

    11. „Мали женички“ (Little Women)

    rnhttps://youtu.be/AST2-4db4icrn

    12. „Луда, глупава, љубов“ (Crazy, Stupid, Love)

    rnhttps://youtu.be/8iCwtxJejikrnrnПогледнете го и овој список со филмови што ќе ве прошетаат низ светот овој викенд.

  • Мајка која ги подучува своите деца од дома има 9 одлични совети за родителите: Ако станат нервозни, сторете го ова!

    Мајка која ги подучува своите деца од дома има 9 одлични совети за родителите: Ако станат нервозни, сторете го ова!

    Оваа мајка ќе ви даде неколку совети како вашите деца да учат, иако се во домашни услови поради коронавирусот.rnrnХјули Шнајдер е мајка на 4 деца и таа изведува настава од дома уште од 2018 година, па одлучи да им олесни родителите преку неколку совети. Нејзините поголеми деца имаат 7 и 2 години, додека нејзиното најмало дете има 9 месеци. Таа и нејзиниот сопруг го отпишале најстарото дете од приватно училиште до 2028 година.rnrnМајка која ги подучува своите деца од дома има 9 одлични совети за родителите: Ако станат нервозни, сторете го ова!rnrnТаа вели дека домашното образование е слично и на самото одгледување на децата, некои денови ќе бидат одлични, а некои денови ќе се прашувате дали можете да издржите. Според неа треба да имаме на ум дека децата се чувствуваат на ист начин како во училиштето.rnrnОва семејство се решило на ваков чекор затоа што сметало дека 80% од учењето е градење карактер, а 20% е делот со основни работи што треба да ги знаат. Мајката смета дека домашно образование нуди многу можности и ја овозможува радоста што недостасува во јавните училишта.rnrnХјули го направила овој список со врвни совети за едукација во домашни услови, бидејќи се надева дека тој ќе им помогне на другите, особено на оние кои одеднаш се нашле во ваква ситуација заради коронавирусот.rn

    1. Социјални мрежи

    rnОграничете го времето што вашите деца го поминуваат пред екранот и бидете сигурни дека тие ги завршиле своите задачи пред да седнат зад екранот. Обидете се колку што е можно повеќе да креирате игри и да ги насочите кон некое хоби со фокус на некои едукативни и креативни активности.rn

    2. Активности

    rnСо нив градете замоци, играјте друштвени игри или читајте им гласно, дајте им да сликаат или да редат лего-коцки.rn

    3. Нивното расположение

    rnБидете сигурни дека децата обаќаат внимание на нивното расположение и не ги принудувајте да прават нешто што не сакаат. Ако се нервираат, променете го вашиот пристап.rnrnПодгответе им ужинка, направете им го омилениот напиток.rnrnОбидете се да се ставите на нивно место зашто така решението ќе го најдете полесно.rn

    4. Вашето расположение

    rnАко чувствувате дека нервозно реагирате на вашите деца, запрашајте се зошто сте такви. Ставете се на нивно место и размислете како би сакале некој да ве третира.rn

    5. Слободно време

    rnПронајдете некакво задоволство додека го поминувате времето со своите деца. Бидете тука за нив во секое време, особено сега кога не сте во канцеларија и имате повеќе време за нив.rn

    6. Меѓусебни односи

    rnАко имате повеќе деца, научете ги да изградат добри меѓусебни односи. Сега е вистинската можност да се збижат уште повеќе.rn

    7. Слушајте ги

    rnАко ви поставуваат прашања за работите околу нив, истражете ги заеднички и одговорите им. На пример, како да изградат мост, како сами да создадат некој предмет, како да ги истражуваат растенијата што ги имате дома… Сфатете ги сериозно и едуцирајте ги.rn

    8. Бонтон

    rnСега кога децата се со вас 24/7, имате можност да ги воспитате и да ги научите на бонтон уште подобро. Не дозволувајте им да се прекинуваат меѓусебно и поставете им јасни граници, рутини и распоред. Ако се доволно возрасни, дајте им задолженија – нека ги измијат садовите, нека ги наредат алиштата, или нека ги соберат играчките.rn

    9. Издржете

    rnДецата често ќе плачат и ќе се жалат, бидете подготвени на тоа. Во никој случај не им одговарајте нервозно и не ширете негативна енергија, туку дајте сè од себе за да им помогнете и да го решите проблемот што се појавил. Хјули, исто така, препорачува да се користи Јутјуб со видеа со вежби за деца, аудио книги и други материјали. Таа додава дека треба да танцувате, да се шегувате и да си играте со децата.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 16-те паметни деца кои разговараат подобро од возрасните.

  • 4-те хороскопски знаци што попрво би останале дома отколку да излезат бидејќи каучот ги повикува

    4-те хороскопски знаци што попрво би останале дома отколку да излезат бидејќи каучот ги повикува

    Некои хороскопски знаци живеат за да бидат во центарот на вниманието во што поголема група луѓе, но некои едноставно уживаат кога се во удобноста на својот дом, сами или со најблиските. Па, ако се најдете на оваа листа, тогаш дефинитивно попрво би останале дома отколку да излезете надвор бидејќи нема нешто подобро од каучот во вашиот дом.rnrnrn

    1. Бик: Вашиот дом е вашето среќно место

    rnВие знаете дека удобноста и луксузот ви се најважни во животот. Вашата идеја за добро поминато време вклучува меки тренерки, вкусни грицки и Нетфликс маратон. Вие обожавате да бидете опкружени со сите оние нешта што ги сакате и тоа ви гарантира да имате незаборавна ноќ секогаш штом останете дома. Ако излезете, којзнае што ќе се случи. Но, кога сте дома, вие имате целосна контрола, и знаете како да си направите помин вреден за помнење.rn

    2. Рак: Само сакате да се гушкате со саканите

    rnВие сте чувствително суштество и премногу излегување или премалку останување дома може многу да ве истошти. Сигурно сакате да останете дома со семејството, со саканата личност и со домашните миленици многу повеќе од што било друго во животот. Според вас, останувањето дома не мора да биде здодевно. Тоа може да биде најдобрата забава во градот. Вие ќе си ги облечете најслатките пижами, ќе си ја пуштите омилената музика, ќе запалите неколку свеќи и ќе создадете вистинско засолниште. Постои причина зошто Ракот е поврзан со рак. Вие имате школка што треба да ја чувате.rn

    3. Скорпија: Само дома можете да бидете личноста што навистина сте

    rnВие не се отворате многу лесно. Кога излегувате со нови луѓе, имате тенденција да се затворите во себе и да чекате многу дур конечно им дадете пристап до себе. Понекогаш дури станува збор и за години. Токму затоа и преферирате да останете дома, каде што не мора да се борите со идеи за „мал разговор“. Вие можете да кажете сè што ќе ви падне на ум, да бидете со оние што вистински ги сакате и да сте опкружени со вашите омилени предмети. А ако излезете, тогаш имате навистина добра причина за тоа.rn

    4. Јарец: Обожавате да правите работи во или околу вашиот дом

    rnВие можеби сте амбициозни кога станува збор за вашите планови и дефинитивно уживате да излегувате со пријателите. Но, во вашиот живот исто така постои и едно интровертно и приватно место, каде што е изграден вашиот рај. Вие имате илјада проекти на кои сакате да работите во домот, за забава, и понекогаш едвај чекате да се вратите дома за да го завршите тоа што сте го почнале утрото. Можеби станува збор за сложувалка, за плетење џемпер, за правење торта или пак, за составување велосипед од нула… За вас, нема нешто подобро од креативна работа со вашите раце.rnrnДознајте и кои се 3-те хороскопски знаци кои оваа пролет лудо ќе се вљубат.

  • 8 важни тестови за здравјето коишто можете да ги направите и дома

    8 важни тестови за здравјето коишто можете да ги направите и дома

    Некои луѓе ги избегнуваат превентивните медицински прегледи или бидејќи немаат време, или поради стравот од доктори. Но, самите можете да направите неколку тестови со кои ќе добиете информации за здравјето. Овие методи ќе ви помогнат да откриете дали е време да се обратите кај експерт или сосема сте во ред.rn

    1. Ендокрин систем

    rn8 важни тестови за здравјето коишто можете да ги направите и домаrnrnЕден од најголемите показатели на здравјето е големината на вашата половина. Па, измерете го обемот на околу 2,5 центиметри над папокот. Ако сè е во ред, кај жените големината би требало да биде не повеќе од 86 центиметри, а кај мажите не повеќе од 101 центиметар. Луѓето со поголема половина имаат 5 пати поголем ризик да добијат дијабетес тип 2. Властите во Јапонија во 2008-ма година одлучиле да донесат закон со кој ги обврзуваат луѓето со голем стомак да посетуваат посебни сеанси за слабеење.rn

    2. Мозок

    rn8 важни тестови за здравјето коишто можете да ги направите и домаrnrnПотребен ќе ви биде празен лист хартија, пенкало или маркер и помош од пријател. Нацртајте часовник и кажете му на пријателот да ви каже колку е часот со часови и минути. Потоа нацртајте ги стрелките така што ќе го покажуваат кажаниот час. Тестот вклучува многу процеси во мозокот. Деловите одговорни за движење на рацете и визуелната перцепција работат повеќе, па затоа неможноста да се нацрта часовник и стрелки може да биде знак за деменција.rn

    3. ‘Рбет

    rn8 важни тестови за здравјето коишто можете да ги направите и домаrnrnПотребни ќе ви бидат две ваги. Застанете со левото стапало на едната, а со десното на другата вага. Тежината и на двете треба да биде отприлика иста. Ако има голема разлика помеѓу резултатите, тоа може да покажува дека вашиот колк е изместен. Најдобро е да го посетите лекарот.rn

    4. Респираторен систем

    rn8 важни тестови за здравјето коишто можете да ги направите и домаrnrnЗа овој тест ќе ви биде потребна штоперица. Застанете и мерете си го пулсот 30 секунди. Потоа седнете и вдишете 3 пати без издишување. Држете го воздухот колку можете повеќе и бројте го времето. Со издишувањето проверувајте го пулсот 30 секунди.rn

    Резултати:

    rn

      rn 011

    • Ако не можевте да го држите воздухот повеќе од 40 секунди, можеби респираторниот систем не ви е во ред. Просечните броеви се од 40 до 49. Ако можете да го држите воздухот повеќе до 50 секунди, вие сте во одлична форма.
    • rn 011

    • Пресметајте го пулсот со следнава формула: Резултатот треба да биде разлика помеѓу бројот на отчукувања 30 секунди пред тестот и 30 секунди по тестот. Ако добиете 1, 2 или помалку, во ред е. Ако добиете поголем број, можеби на вашиот кардиоваскуларен систем му е потребен повеќе кислород.
    • rn

    rn

    5. Коски

    rn8 важни тестови за здравјето коишто можете да ги направите и домаrnrnПогледнете ги вашите нокти. Ако се рапави и испукани или имаат бели дамки, тоа не е само козметички проблем. Оваа состојба можеби покажува дека вашето тело нема доволно витамин Б, железо или дека постои зголемен ризик од остеопороза.rn

    6. Вид

    rn8 важни тестови за здравјето коишто можете да ги направите и домаrnrnГледајте 30 секунди во прозорец, па затворете ги очите. Отворете го левото око, затворете го, па отворете го десното око. Ако сликата и на двете очи е замаглена и линиите повеќе не се паралелни, тоа може да биде знак за макуларна дегенерација или губење на видот.rnrnМожете да направите уште еден тест во близина на паркинг. Оддалечете се од кој било автомобил 20-тина метри и обидете се да ја прочитате регистарската табличка. Ако не можете, најдобро е да посетите лекар.rn

    7. Слух

    rn8 важни тестови за здравјето коишто можете да ги направите и домаrnrnОбидете се да слушнете што зборуваат луѓето на растојание од 5-6 метри. Ако не можете да разберете ништо, најдобро е да одите на лекар. Важно е да знаете дека овој метод не функционира на бучни места. Во кафетерија со гласна музика не можете да ја слушнете ни личноста до вас.rn

    8. Црн дроб

    rn8 важни тестови за здравјето коишто можете да ги направите и домаrnrnПогледнете се во огледало во кое можете да го видите целото ваше тело. Дали има слој сало над вашата половина? Тоа се масти околу црниот дроб што не му дозволуваат правилно да работи.rnrnОд друга страна пак, и пожолтените белки во очите, масното ткиво (особено на очните капаци) и обложениот јазик се симптоми дека нешто не е во ред со вашиот црн дроб.rnrnПогледнете и што ви кажуваат дланките за вашето здравје.

  • 30 нешта што се случуваат кога ќе се заљубите во животот дома

    30 нешта што се случуваат кога ќе се заљубите во животот дома

    До неодамна не сте можеле ни да замислите да пропуштите забава или да се вратите дома трезни, но изгледа како нештата драстично да се смениле и едноставно не можете да си објасните што се случило. Наместо журкање со пријателите, попрво би лежеле на удобниот кауч, наместо бурни ноќи до раните утрински часови, попрво би си легнале порано за убаво да се наспиете… Се пронаоѓате? Погледнете ги следните 30 нешта што со сигурност ќе ви се случат кога ќе се заљубите во животот дома…rnrn30-neshta-shto-se-sluchuvaat-koga-kje-se-zaljubite-vo-zhivotot-doma-www.kafepauza.mkrnrn1. Почнувате да си легнувате многу рано.rnrn2. Почнувате и да се будите многу рано. Дури и за викендите.rnrn3. Трошите повеќе пари за намирници бидејќи повеќе готвите и јадете дома.rnrn4. Купувањето во маркет и подготовката на храната ве возбудува.rnrn5. Сте престанале да се грижите за отворањата на „жешките“ нови ресторани.rnrn6. Попрво би лежеле на удобниот кауч наместо да се туркате во голема толпа.rnrn7. Сите ваши стравови од пропуштање магично се трансформирале во радости за пропуштеното.rnrn8. Се жалите колку е тешко да изберете што да гледате на Нетфликс, па дури и на телевизија.rnrn9. Сериозно, понекогаш ви требаат од 30 до 40 минути да одберете филм или ТВ серија.rnrn10. Дури и сонувате да создадете апликација што ќе ви помогне при изборот за што да гледате.rnrn11. Но, кога ќе сфатите колку време и труд треба да се вложи во тоа, веднаш се премислувате.rnrn12. Имате многу време за измислување нешто ново. А можеби и не. Зарем е важно?rnrn13. Се чудите како порано сте имале толку интензивен социјален живот.rnrn14. Во последно време попрво би останале дома во пижами отколку да излезете дотерани.rnrn15. Одите на социјалните настани од најблиските само затоа што не можете да ги избегнете.rnrn16. А кога ќе се појавите на ваков настан, лесно изведувате „худини“ и ве снемува на прва шанса.rnrn17. Интересно е што не ни имате облека за излегувања, па мора да импровизирате.rnrn18. Но, поседувате МНОГУ удобна облека за лежење по дома.rnrn19. Во ретроспектива, високите потпетици изгледаат многу тешки за користење.rnrn20. Исто така, обожавате попусти.rnrn21. Прво проверувате дали некаде има попуст, а дури потоа одлучувате дали вреди за да излезете.rnrn22. Би направиле буквално сè за да одбиете покана и да се дружите со блиските дома.rnrn23. Читате многу книги.rnrn24. И едвај чекате да си легнете порано за викендите наместо да испиете уште една пијачка.rnrn25. Се негувате со топли бањи и хранливи маски за лице.rnrn26. Не носите шминка, освен ако не е специјален настан, како венчавка на најдобрата пријателка.rnrn27. Не се сеќавате кога последен пат сте се разбудиле со мамурлак.rnrn28. Уживате во ритуалите како „филмски маратон“ или „целодневно гејмање“.rnrn29. Правите забавни работи во првата половина од денот, а потоа одмарате до следното утро.rnrn30. Конечно ја сфативте вредноста на забавувањето и ценењето на животот.rnrnПрочитајте ги и овие размислувања во кои ќе се пронајдат само „бабите“ во друштвото!

  • Дали работењето од дома е подобро од работење во канцеларија?

    Дали работењето од дома е подобро од работење во канцеларија?

    Замислете личност која работи од дома. Сигурно првото нешто што ви паѓа на ум е некој што носи пижами и што гледа видеа на својот лаптоп. Ако сте го помислиле ова, не сте единствените.rnrnsb10062935a-002rn

    „Многумина мислат дека работењето од дома е одложување од дома“, изјавил Николас Блум, професор по економија на Универзитетот Стенфорд.

    rnНо Блум помислил дека работењето од дома вклучува многу повеќе нешта од гледање серии цел ден. Професорот работел од дома за својата претходна работа и сфатил дека тој тренд станува сè попознат. Тој пронашол и неколку истражувања на оваа тема.rn

    „Сè што пронајдов беше многу позитивно за работењето од дома. Покрај тоа, ова не е лесна тема за истражување. Потребно е постојано набљудување и доволно испитаници за да се исполнат групите, а испитаниците треба да се согласат да работат на истражувањето подолг период. Можеби ќе се најде компанија чии работници ќе се согласат со ова.“

    rnЗа среќа, Блум познавал некој кој имал пристап до критичните елементи. На едно од неговите продавања доаѓал Џејмс Лианг, кој ја има најголемата агенција за патување во Кина со околу 16.000 вработени.rn

    „Еден ден додека разговарав со Џејмс тој спомна дека неговата компанија била заинтересирана да им дозволи на вработените во Шангај да работат од дома.“

    rnКанцеларискиот простор во огромниот кинески град е скап, па компанијата очекувала високи сметки, најмногу бидејќи вработените требало долго да патуваат до работното место. Компанијата сепак се двоумела за оваа драстична промена.rnrnБлум и Лианг направиле контролирана проба за да го тестираат овој принцип на работа. Повеќе од 500 вработени од компанијата волонтирале, и речиси половина од нив ги исполнувале условите за квалификација. Некои од условите биле да имаат приватна соба дома која ќе ја користат за работа, да бидат вработени во компанијата најмалку 6 месеци и да имаат добра Интернет конекција. Луѓето кои имале роденден на парен датум работеле 4 дена неделно, а оние со непарен останале во канцелариите како група за контрола.rnrnДали вработените би можеле да одолеат на 3-те најголеми замки во домот – креветот, телевизорот и фрижидерот? Она што најмногу ги загрижувало менаџерите е тоа што вработените биле многу млади и би биле посклони кон одвлекување на вниманието ако не се под надзор. Целото истражување траело 9 месеци.rnrnКога ги добиле резултатите, и Блум и Лианг биле счудоневидени.rn

    „Ова беше неверојатно. Компанијата заштеди 1.900 долари од вработен во текот на истражувањето, и тоа на трошоци за канцеларии. Ова беше очекувано. Она што навистина нè изненади е тоа што вработените не само што редовно си ја вршеа работата, туку нивната продуктивност беше зголемена за 13,5%, за разлика од оние кои работеа во канцеларија. Тоа е како секој вработен да работел уште еден ден повеќе.“

    rnВработените кои работеле од дома исто така земале пократки паузи, поретко се разболувале и поретко ги користеле одморите.rnrnПридобивките не вклучувале само продуктивност – оние кои работеле од дома биле многу позадоволни со работата. Но, половина од волонтерите изјавиле дека се чувствувале изолирани. Исто така, многумина сметале дека не биле доволно сами. Оние кои живееле со родителите биле подготвени да се вратат во канцеларијата.rnrnЗаклучокот е дека компаниите ќе добијат многу повеќе ако им дозволуваат на вработените да работат од дома.rn

    „Мојот совет е да пробаат неколку начини за да го остварат ова“, изјавил Блум

    rnМоже да се работи од дома кога времето е лошо, или пак во летните месеци кога децата на вработените не одат на училиште. Работењето од дома може да биде дел од унапредувањето или пак, како еден вид бонус. Ако се намалува продуктивноста кај вработениот, тој секогаш ќе може да се врати во канцеларијата.rnrnЕден или два дена неделно е идеално за работење од дома. Бидејќи компаниите секогаш сакаат да ги имаат најдобрите работници, работењето од дома може да звучи уште попримамливо на понудата за работа.rn

    „Потребата да се оди 5 дена на работното место се појавила кога луѓето требало да одат во фабрика и да произведуваат нешто. Но, компаниите кои сè уште ги третираат вработени на тој начин губат многу“, изјавил Блум.

    rnПогледнете ги и чудните вистини кои им се познати само на луѓето кои работат од дома.

  • Без изговор: 6 апликации што се најдобри за вежбање во вашиот дом!

    Без изговор: 6 апликации што се најдобри за вежбање во вашиот дом!

    Веќе нема да можете да наоѓате изговори за да избегнувате тренинзи, особено кога ќе сфатите колку апликации постојат што се наменети токму за оваа цел. Со нив можете да вежбате на кое било место и во кое било време, а со тоа и ќе престанете да наоѓате оправдувања за прескокнување на вежбите.rnrnБез изговор: 6 апликации што се најдобри за вежбање во вашиот дом!rnrnПа доколку не сакате да одите на групен тренинг, во теретана или пак, едноставно немате време за тоа да го правите, разгледајте ја добро оваа листа, и пронајдете ја апликацијата што најмногу ви се допаѓа. Секоја од нив може да ви овозможи да вежбате во рамките на својот удобен дом, со виртуелен тренер што ќе направи да се почувствувате како вистинска ѕвезда…rn

    1. Qinetic

    rnОваа апликација е совршена за оние што не можат да се натераат да станат порано за да вежбаат во теретана. Вие можете да ги најдете најдобрите вежби од различни фитнес експерти на едно место – без разлика дали сакате зумба, јога или нешто сосема различно…rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Apple.rn

    2. Freeletics Bodyweight

    rnАко сакате да ја користите сопствената тежина за да оформите мускули, тогаш оваа апликација е најдобриот избор за вас. Таа исто така доаѓа и со една голема предност – мора да поминете низ фитнес тест пред да почнете да вежбате со цел вашиот распоред на вежбање да биде оформен според вашите лични потреби.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Apple и Android.rn

    3. Sworkit

    rnОваа апликација ви овозможува да изберете дали сакате кардио вежби, вежби за сила, истегнување или пак некоја комбинација од нив. Одлична е за почетници бидејќи детално ги покажува правилните изведувања на сите вежби.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Apple и Android.rn

    4. Keelo

    rnЗа сите оние што се во потрага по вежби со висок интензитет, оваа апликација е совршена за вас! Таа ќе ви помогне да се доведете во топ форма надвор од теретаната, а предност е тоа што постои и можност за соработка со виртуелен тренер што ќе ви ги одговори сите прашања што ги имате.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Apple.rn

    5. Workout Trainer

    rnОваа апликација содржи илјада бесплатни вежби со инструкции што ве водат чекор по чекор додека не ги научите правилно. Без разлика дали барате начин да ги зацврстите стомачните мускули или само сакате да ја вратите кондицијата, оваа апликација дефинитивно ја содржи совршената програма за вас.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Apple и Android.rn

    6. 7 Minute Workout

    rnМожеби 6 минути вежбање на ден не се доволни за да забележите некаква разлика на вашето тело, но со 7 веќе можете да правите чуда. Тоа е минималното време што треба да го издвоите за да почнете да забележувате резултати, а оваа апликација ви помага до тој степен што не мора да се грижите буквално за ништо освен за самото изведување на вежбите.rnrnАпликацијата е достапна за корисниците на Apple и Android.rnrnПогледнете ги и овие лесни рутини за вежбање дома за кои не ви е потребна опрема!

  • Лесни рутини за вежбање дома за кои не ви е потребна опрема

    Лесни рутини за вежбање дома за кои не ви е потребна опрема

    Вежбањето од дома изгледа како одлична идеја, но само во првите 5 минути. Дома нема кој да ве мотивира и да ви го одвлекува вниманието од имејлот на кој треба да одговорите. Тогаш престанувате со вежбање за да завршите некоја работа и си велите дека ќе продолжите, но постојано излегува нешто што ве одвлекува од тоа. Погледнете некои одлични рутини за вежбање кои ќе ви помогнат да издржите до крај и кои можете да ги најдете на вашиот смартфон или на Јутјуб.rn

    Рутина од 7 минути

    rn(1)lesni-rutini-za-vezhbanje-doma-za-koi-ne-vi-e-potrebna-oprema-kafepauza.mkrnrnДа, навистина трае само 7 минути. Но како можете да постигнете нешто за толку кратко време? Тајната е вежбањето во интервали. Иако сите повторувања ќе ви одземат 45 минути, ако немате толку време во ред е да направите помалку повторувања. И секако, кога вашата рутина за вежбање трае кратко, сигурно ќе можете да издржите до крај. Една од овие 7-минутни рутини можете да најдете тука за андроид и тука за ајфон.rn

    Табата – 45 минути

    rn(2)lesni-rutini-za-vezhbanje-doma-za-koi-ne-vi-e-potrebna-oprema-kafepauza.mkrnrnОва е уште една фантастична и лесна рутина. Овде правите серија од вежби кои се поделени во 8 х 20 секундни циклуси. Како и во претходната рутина, и овде сите повторувања ќе ви одземат 45 минути, но можете да направите помалку доколку немате време. Симнете ја апликацијата за ајфон тука.rn

    30-дневен предизвик за стомачни

    rn(3)lesni-rutini-za-vezhbanje-doma-za-koi-ne-vi-e-potrebna-oprema-kafepauza.mkrnrnМожете да најдете повеќе верзии на овој предизвик. Добрата работа со оваа рутина е што почнувате со многу лесни вежби, а ви одзема малку време. Кога ќе почнете да се ближите кон потешките вежби, вие веќе ќе имате посилни мускули и нема да ви биде толку тешко да ги направите. Овие предизвици можете да ги пронајдете лесно на Пинтерест и да го одберете оној што најмногу ви одговара.rn

    Рутина со тоалетна хартија

    rn(4)lesni-rutini-za-vezhbanje-doma-za-koi-ne-vi-e-potrebna-oprema-kafepauza.mkrnrnНајдоброто нешто за оваа рутина е тоа што ви треба „опрема“ која веќе ја имате дома. Вежбите се предизвикувачки и доволно различни за да ги вежбате сите мускулни групи. А како таа изгледа? Погледнете го следново видео:rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=aaa_zb7GwWcrn

    Вежби во кревет

    rn(5)lesni-rutini-za-vezhbanje-doma-za-koi-ne-vi-e-potrebna-oprema-kafepauza.mkrnrnСовршени за мрзливите утра, оваа рутина ќе ви одземе само 5 минути. Можете да го зголемите времето на вежбање и бројот на повторувања за да се предизвикате. Во продолжение ви претставуваме 6 такви вежби…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=pcUIlotonpMrnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Неколку причини зошто останувањето дома е подобра идеја од излегувањето

    Неколку причини зошто останувањето дома е подобра идеја од излегувањето

    Зошто излегувањето би било најприфатлива опција кога доаѓа викенд? Зошто останувањето дома не би било подобро? Некои луѓе ги согледуваат придобивките од останувањето во својот дом, а други пак не можат ни да го замислат тоа. Сите имаме барем по еден пријател којшто нѐ убедува да излегуваме секогаш кога ќе имаме слободно време. Се разбира, излегувањето може да биде забавно, но како и сѐ друго во животот, така и овде треба да постои рамнотежа. Не можете да излегувате секогаш. Понекогаш останувањето дома е најдобрата опција за вас. Еве неколку причини со чија помош ќе им докажете на вашите пријатели зошто овој викенд решивте да останете дома.rnrnrn

    1. Можете да бидете целосно свои

    rnКога сте дома не треба да се грижите да импресионирате никого или пак да се трудите постојано да имате лажна насмевка на вашето лице. Во домашна атмосфера можете да бидете 100% свои без да се грижите што мислат другите за тоа. Можете да носите што сакате, да јадете што сакате и да правите што сакате. Ова речиси и не би можеле да го правите кога излегувате затоа што би настојувале да се однесувате онака како што општеството смета дека е „нормално“, а тоа не е секогаш пријатно. Кога ќе останете дома ќе имате слобода да бидете онакви какви што сте, без страв дека ќе бидете осудувани од другите.rn

    2. Тоа е целосно бесплатно

    rnДа бидеме реални, ниту едно излегување не поминува без трошење пари. Можеби ќе решите да одите на прошетка, но сепак ќе завршите на некое место каде што ќе потрошите пари. Ништо не е бесплатно, туку напротив, цените на храната и пијалаците се високи, па дали би можеле да си дозволите постојано излегување? Останувањето дома не значи дека ќе ви биде досадно. Постојат голем број слободни извори на забава, без разлика дали е тоа интернетот со различните предности коишто ги нуди или пак искажувањето на вашата креативност.rn

    3. Ќе ја сочувате вашата енергија

    rnКога излегувате трошите енергија за смеење, разговарање и многу други активности. Малку време поминато во друштво нема да ве измори многу, но доколку постојано е така, тогаш тоа на некој начин може да биде исцрпувачко за вас. Доколку останете дома можете да ја насочите својата енергија на други работи или пак, конечно да ги завршите задачите коишто одамна ве чекаат. Секој има долга листа на нешта којашто може да ја направи во својот дом.rn

    4. Ќе избегнете трошење време

    rnМожеби понекогаш кога излегувате се прашувате што треба да правите или пак каде да одите, при што потрошувате премногу време размислувајќи и дискутирајќи за правилната одлука. Можете да го избегнете ова залудно потрошено време така што ќе изберете да седите дома! Вашиот дом нема работно време, а веќе знаете и кои опции ги имате.rnrnrn

    5. Ќе го правите она што го сакате

    rnСѐ повеќе се зборува дека младите седат дома и дека треба да поминуваат повеќе време надвор. Со изборот да останете дома вие покажувате дека го правите она што вие го сакате, а не она што го наложуваат другите. Секогаш е подобро да го правите она што ви се допаѓа, а не она што ви кажува општеството. Па, кој друг освен вас знае кој е вистинскиот избор?rn

    6. Ќе избегнете бесмислени разговори

    rnКолку пати сте излегле со луѓе и сте се нашле „заглавени“ во бесмислени разговори? Навистина, напорно е да се правите заинтересирани за нешто што ви е здодевно и така да ја поминете целата вечер. Наместо да го правите ова, зошто не си одвоите време за себе, да останете дома и да ги избегнете овие бесцелни разговори. Така повеќе ќе се запознаете себеси и своите потреби.rn

    7. Не мора да се грижите за другите

    rnКога ќе излезете секогаш треба да размислувате за она што ќе го кажете и она што ќе го направите, за да не ги навредите другите, а исто така треба да внимавате секој да биде вклучен во разговорот. По некое време тоа може да ве измори, па затоа, останете дома и бидете безгрижни.rn

    8. Ќе имате повеќе избори

    rnКога сте со група луѓе, секогаш треба да има компромис. Некој треба да избере што да се прави, а колку често тој избор го правите вие? Колку се пронаоѓате во активностите коишто не сакате да ги правите? Кога ќе останете дома, наместо да излегувате, можете да се фокусирате на своите желби и да ги следите своите приоритети.

  • Мини канцеларии: Прекрасни идеи со кои ќе уживате во работата од дома

    Мини канцеларии: Прекрасни идеи со кои ќе уживате во работата од дома

    Зборот канцеларија веднаш асоцира на голема просторија сместена во некоја зграда, која најчесто се дели со повеќе колеги. Но, денес пристапот кон работата полека се менува. Благодарение на Интернетот и социјалните мрежи, сè поголем број луѓе се одлучуваат за работа од дома. Ние ви нудиме неколку едноставни, но прекрасни идеи за уредување на домашна мини канцеларија. Овие фотографии докажуваат дека за удобна и пријатна работна атмосфера не ви е потребен голем простор, туку со малку фантазија и креативност, тоа може да биде само едно ќоше од вашиот дом. Создадете си минијатурна домашна канцеларија која ќе биде ваша инспирација и во која ќе уживате додека работите.rnrn

    (1) Мини канцеларии: Прекрасни идеи кои ќе ве натераат да работите од дома
    Сè е бело – одберете маса, полици и столица во истата боја како ѕидот, за визуелно да го отворите работниот простор
    rnrn