КАФЕ ПАУЗА

Tag: долна облека

  • 5 видови долна облека која може да биде лоша за вашето здравје

    5 видови долна облека која може да биде лоша за вашето здравје

    Повеќето жени ја обожаваат долната облека поради удобноста која ја нуди, како и поради различните модели кои се направени за секоја можна прилика. Но, сепак, постојат некои видови долна облека при чиј избор треба да бидете повнимателни.rnrn1-5-vidovi-na-dolna-obleka-koja-mozhe-da-bide-losha-za-vasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_rn

    1. Долна облека која е премала

    rnПоголемиот дел од жените нема да облечат премали гаќички, но ако спаѓате во оној помал дел, тогаш внимавајте на неколку работи. Всушност, премалата долна облека може да иницира несакано триење кое може да доведе до иритации. Исто така, несоодветната долна облека може да предизвика создавање на внатрешни влакна.rn

    2. Испотена долна облека

    rnПосле вежбањето треба веднаш да ја смените долната облека, бидејќи дополнителната влага може да го стартува создавањето на габични и бактериски инфекции. Гаќичките кои се специјално направени за тренинг и вежбање можат и тоа како да ви помогнат при овој проблем.rn

    3. Синтетичка долна облека

    rnУдобната долна облека најчесто е направена од памук, и тоа со добра причина. Секако, станува збор за прозрачноста. Колку што можете, избегнувајте ја долната облека која е направена исклучиво од синтетички материјали. Таквата долна облека ја задржува влагата и може да предизвика габична инфекција.rnrn2-5-vidovi-na-dolna-obleka-koja-mozhe-da-bide-losha-za-vasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_rn

    4. Танга

    rnПоради специфичниот дизајн, тангите се помалку хигиенски од останатите видови гаќички. Така, ако имате бактерија, како на пример Е. Коли (најчестата бактерија во дебелото црево), таа може прво да се пренесе на материјалот од задниот дел на гаќичките, а ако сте физички активни, тој дел може да се помести до вагината или каналот за мокрење. Сепак, ако сте здрави и не сте склони кон добивање инфекции, тогаш опасност за вашето здравје нема.rn

    5. Долна облека за обликување на телото

    rnКога е исцртувањето на фигурата во прашање, многу жени обожаваат да ја користат магијата на долната облека за обликување на телото. Меѓутоа, и таквите парчиња облека носат некои ризици. Честото носење на претесна долна облека за обликување на телото може да доведе до дигестивни проблеми како и до инфекција на уринарниот тракт.

  • Бралет: Чипкана долна облека која можете гордо да ја покажете

    Бралет: Чипкана долна облека која можете гордо да ја покажете

    Бралет е нов вид женска долна облека која до сега ги освои срцата на милион жени ширум светот. Овој романтичен градник со чипка е навистина полн погодок, бидејќи нема пуш-ап, ниту пак жици, туку може само да ви овозможи удобност, природност и сензуалност. Освен тоа, овој вид на градник можете да го носите дури и под работните одела, за да ја разбудите фантазијата.rnrn1-bralet-chipkana-dolna-obleka-koja-mozhete-gordo-da-ja-pokazhete-www.kafepauza.mk_rnrnИсто така, за вас спремивме неколку одлични идеи кои ќе ви помогнат да ја вклопите оваа волшебна долна облека со останатата дневна гардероба.rnrn

  • 8-те најчести грешки кои ги правиме со долната облека

    8-те најчести грешки кои ги правиме со долната облека

    Повеќето луѓе ја сфаќаат долната облека здраво за готово. Таа е под облеката, не се гледа и токму поради тоа многумина мислат дека не треба да обрнуваат внимание на тоа што го купуваат и го носат директно на кожата и на најинтимните делови од телото. Постојат грешки кои најчесто ги правиме без воопшто да размислиме на можните последици. Дизајнерката и основач на линијата за долна облека White Rabbit, Мариана Хернандез, посочува на 8-те најчести грешки што луѓето ги прават при изборот и начинот на кој тоа влијае врз самата личност.rnrn(1) 8 најчести грешки кои ги правиме со долната облекаrn

    1. Помали бројчиња

    rnПовеќето жени имаат обичај да купуваат едно до две помали бројчиња од големината која реално им е потребна. Со тоа, тие мислат дека ќе го стегнат телото, но напротив, потесната долна облека создава нерамнини по нашето тело, кои се многу видливи кога ќе облечеме алишта врз нив.rn

    2. Погрешна долна облека за одредена модна комбинација

    rnСакате да облечете тесен фустан и под него танга гаќички? Тоа не е секогаш најдоброто решение. Треба да внимавате на текстурата, ткаенината и бојата на фустанот што ќе го облечете.rn

    3. Долна облека со нитни и тантели

    rnКога купувате долна облека внимавајте таа да биде мазна и рамна. Моделите кои имаат додатоци, како нитни, шевови и тантели, не изгледаат баш најдобро кога врз нив ќе облечете потесна облека. Исто така тие додатоци може да ја притискаат кожата, да остават трага и да ве повредат.rn

    4. Мрежеста долна облека во лето

    rnМрежестата долна облека во лето можеби изгледа супер избор (има дупки и низ неа кожата дише), но внимавајте, тоа не е секогаш вистинскиот избор. Оваа долна облека најчесто е изработена од синтетички материјали како полиестер, којшто може да задржува топлина, пот и влага. Наместо тоа носете памучна и мека долна облека, која што може добро да се испере, а истовремено нема да ја задржува влагата на вашето тело.rn

    5. Бела долна облека под бели алишта

    rnОва е многу честа грешка којашто ја прават жените. Белата боја ќе ја истакне разликата помеѓу двете парчиња облека и ќе предизвика контраст кој воопшто нема да изгледа убаво. Затоа, кога носите бели алишта, најдобро би било под нив да облечете долна облека во боја слична на вашата кожа или со потемно кафеави нијанси.rn

    6. Светла долна облека со темни алишта

    rnВаквата комбинација на многумина им изгледа многу логична, но, многу често се случува, материјалот од кои се изработени алиштата да биде потранспарентен и преку него да се рефлектира светлата долна облека. Ова особено доаѓа до израз на некои фотографии. За да не се доведете во непријатна ситуација, практикувајте и под темните модни комбинации да носите темна долна облека.rn

    7. Ја перете долната облека во машина за алишта

    rnМашинското перење во голема мера ја уништува еластичноста и ткаенината. Топлата вода, центрифугата и детергентите за перење можат вашето омилено парче да го претворат во обична парталава крпа. Затоа, некои парчиња од долната облека, како корсети, градници со тантели и други почувствителни модели и материјали, перете ги на рака со течен детергент. Исто така, многу е важно долната облека да се суши природно.rn

    8. Штедите на долна облека?

    rnДолната облека е една од работите за кои можеби не треба да штедите премногу. Таа директно доаѓа во допир со вашата кожа и најинтимните делови од телото, поради што може да предизвика низа инфекции доколку не е добро скроена или е изработена од неквалитетен материјал. Евтините парчиња долна облека можеби ќе ви помогнат да заштедите малку пари, но можат да предизвикаат долгорочни проблеми.

  • Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

    Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

    Веројатно никогаш не ви паднало на памет дека долната облека што моментално ја носите можно е да не прилега на формата на вашиот задник. Сигурно не сте ни помислиле дека формата на задникот зависи од поставеноста на карлицата и колковите, количината на масти и нивната распределеност, големината на мускулите на задникот и начинот на кој тие се прицврстени за бутната коска. Резултатот од сите овие параметри е задник кој припаѓа на една од петте можни категории. Исто како што избирате градник кој совршено ви одговара според обликот на градите, можете да изберете и долна облека која најдобро ќе ви прилега според формата на задникот. Застанете пред огледало и откријте во која од следниве 5 категории можете да го сместите вашиот задник, како и која е соодветната долна облека за вас.rnrnОдберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задникrn

    1. Форма на квадрат

    rnДоколку линијата помеѓу вашите колкови и надворешната страна на бутовите паѓа под прав агол надолу, вашиот задник има форма на квадрат.rnrnИдеалната долна облека за вас: Женски боксерки, бикини, танга, сите овие се удобни и совршено стојат на жени со рамен задник во форма на квадрат. Избегнувајте обични гаќички со еластични рабови кои имаат вишок материјал, бидејќи се набираат и може да не изгледаат убаво под облеката која ја носите.rnrn(2) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задникrn

    2. Форма на V

    rnАко линијата помеѓу карлицата и колковите паѓа под остар агол навнатре, тогаш вашиот задник е во форма на V. Овој облик на задник е најчест кај жени што имаат широки раменици и многу тесни колкови.rnrnИдеалната долна облека за вас: Одберете длабоки гаќички, боксерки или бикини што немаат големи отвори за нозете бидејќи во спротивно нема целосно да го покријат вашиот задник. Задникот во форма на V може да делува како да е спуштен, па затоа внимавајте отворите за нозете да бидат така поставени што ќе можат да го обликуваат задникот и да му дадат подефинирана форма.rnrn(3) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задникrn

    3. Форма на А

    rnЖените со крушовиден облик на телото обично имаат задник во форма на А и широки колкови.rnrnИдеалната долна облека за вас: Доколку имате задник во форма на буквата А, веројатно имате пополни бутови и затоа најудобно би ви било во долна облека со поголеми отвори за нозете. Носете танга, бикини или боксерки од растеглива чипка, а одбегнувајте гаќички со еластични рабови кои можат да бидат неудобни.rnrn(4) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задникrn

    4. Форма на круг

    rnТука нема што многу да се објаснува, доволно е само да се споменат имињата Ким Кардашијан, Бијонсе и Џеј Ло и веднаш сè ќе ви биде јасно. Доколку сакате да имате задник во кружна форма, кој денес е многу популарен, треба да работите на тоа да ги зацврстите мускулите за тој да изгледа поистакнато.rnrnИдеалната долна облека за вас: Кружниот задник си бара повеќе материјал за да може целосно да биде покриен, во спротивно делот од долната облека што се наоѓа помеѓу нозете ќе се помести наназад и ќе го спушти ластикот напред на половината. Танга, длабоки гаќички и растегливи боксерки со централен шев се идеални за вашиот облик на задник.rnrn(5) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задникrn

    5. Форма на превртено срце

    rnОвој облик на задник, исто како и кружните задници, подразбира крива линија на надворешната страна од колковите, но со поголем волумен на долниот дел од колкот.rnrnИдеалната долна облека за вас: Поради тоа што вашиот задник и колкови се полни, а бутовите ниски, гаќички со високи отвори за нозете нема целосно да ви го покријат задникот. Одберете длабоки гаќички, боксерки или бикини со ниски отвори за нозете. Ако сте загрижени дека задникот ви изгледа спуштен, видете дали отворите за нозете на вашата долна облека му даваат форма на задникот создавајќи ја илузијата на „поткренат задник“.rnrn(6) Одберете ја идеалната долна облека според формата на вашиот задник

  • Мачката на оваа жена не сака да престане да краде долна облека од непознати мажи

    Мачката на оваа жена не сака да престане да краде долна облека од непознати мажи

    Не е тајна дека мачките се зајадливи животни кои сакаат да се одмаздуваат и кои го користат своето меко крзно и преслатки погледи за да ги инфилтрираат домовите на човековите суштества кои не сфаќаат колку се експлоатирани. Мебелот и човечкото месо најчесто стануваат жртви на бескрајните промени во расположение кои мачките ги покажуваат, но ако сте маче кое бара оригинален начин да го отежни животот на својот сопственик, сѐ што треба да направите е да размислите надвор од кутијата во која обожавате да седите.rnrnМачката на оваа жена не сака да престане да краде долна облека од непознати мажиrnrnОткако одлучила дека раскинувањето на материјалот на фотелјите веќе не ѝ интересно, Бриџит, мачката од Нов Зеланд решила да најде нов начин да ги задоволи своите основни нагони и започнала да го бара својот плен во соседството. Но, Бриџит не почнала да остава мртви глувци на праговите на соседите на нејзината сопственичка, како што најчесто прават другите мачки. Нејзината цел? Машка долна облека… И многу чорапи.rnrnСопственичката на Бриџит, Сара Нејтан, вели дека нејзината мачка се вратила дома со 11 пара долна облека и 50 пара чорапи во рок од два месеци и додека не е точно сигурна за нивното потекло, таа има чувство дека станува збор за само една личност. Со надеж дека ќе го пронајде човекот кој веројатно мислел дека полудува низ овие два месеци со тоа што постојано ја губи својата долна облека и чорапите, Сара објавила едно писмо во кое оставила свој контакт, ја објаснува ситуацијата и им се извинува на оние на кои им биле украдени работите, велејќи дека може да им ги врати. Таа се шегува, велејќи дека кој и да е жртвата на нејзината мачка, ќе биде среќен што таа ќе се сели.rnrnМачката на оваа жена не сака да престане да краде долна облека од непознати мажи

  • Направете сами: Антиалергиски детергент од 3 состојки

    Направете сами: Антиалергиски детергент од 3 состојки

    Поради сите отровни материи кои ги содржат куповните детергенти, многу луѓе користат алтернативни средства за перење на облеката, посебно за долната облека

    rnrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • органски сапун
    • rn011

    • 600 грама сода бикарбона
    • rn011

    • 20 капки етерично масло по желба
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПриродниот органски сапун изрендајте го во чинија и додајте ја содата. Добро промешајте и додајте го и етеричното масло. Повторно промешајте и подготвената смеса ставете ја во стаклен сад.rn

    Зошто да почнете да користите природен детергент?

    rnПриродниот прашок за облека има многу предности во однос на куповниот. Неговата изработка е брза, едноставна, лесна и евтина, а со додавањето на етеричното масло, овој детергент добива мирис каков што посакувате. Погоден е и за луѓето кои се борат со алергиите, бидејќи постои многу мала можност за појава и развој на какви било симптоми. Со неговото користење го заштитуваме телото и организмот од сите непотребни токсини и што е најважно, природниот детергент не ја загадува околината.

  • Само за женски очи: Најсексапилните фитнес модели на Инстаграм!

    Само за женски очи: Најсексапилните фитнес модели на Инстаграм!

    Тие не се само слатки и презгодни, туку се и едни од најпознатите манекени во светски познатите кампањи за долна облека. Затоа и можете да ги забележете на многу фотографии од светските брендови како што се Келвин Клајн или Армани. Сигурни сме дека нема да можете да одолеете на нивните фотографии на Инстаграм. Ова се најсексапилните фитнес модели на Инстаграм.rnrn1-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    1. Френки Самарата

    rnМанекенот кој досега ги красеше насловните страници на магазинот „Вог“ и има само 21 година е токму овој неодолив Американец од Округот Оринџ. Неговиот Инстаграм профил е преплавен со негови секси фотографии, па ние сме сигурни дека нема воопшто да зажалите ако започнете да го следите уште денес.rnrn2-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 3-0-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 4-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    2. Алесио Поци

    rnАлесио Поци се наоѓа на листата на најбарани машки модели, а досега имавме прилика да го видиме во кампањите на водечките италијански брендови – Рикардо Тиши, Долче & Габана и Версачи. За 20 години, тој има сè, а највпечатлив е неговиот италијански шарм со кој просто зрачи.rnrn5-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 6-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 7-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    3. Томас Сколудик

    rnМомчето кое има скоро 30 години, досега ги красеше кампањите на брендовите Армани и Долче & Габана, а моментално живее во Лос Анџелес. Затоа не е чудно што неговите фотографии на Инстаграм се главно полуголи, а тој самиот е миленик на 40.000 следбеници од кои со сигурност 99% се девојки.rnrn8-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_9-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 10-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    4. Тобијас Соренсен

    rnОвој неверојатно сексапилен фраер, најверојатно поголемиот дел од вас го познава од рекламите за долна облека на брендот Келвин Клајн, но и од рекламите на Долче & Габана. Како и нема да го познавате кога овој манекен е еден од најбараните модели на денешницата! Но за жал, мораме да ве разочараме, бидејќи Тоби има девојка, и тоа каква девојка – Ангелот на Викторија Сикрет, Џасмин Тукис. Знаеме, знаеме, потполно е неодолив.rnrn11-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 12-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 13-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_rn

    5. Ксавијер Серано

    rnКсавијер Серано живее живот на релација Милано – Сицилија, од каде што и потекнува, токму поради тоа што е еден од главните адути на модното дуо Долче & Габана. Доколку не знаете за кое момче станува збор, сè ќе ви се разјасни во оној момент кога ќе ги погледнете неговите фотографии, бидејќи овој сексапилен Италијанец дефинитивно е еден од фраерите кој ќе ви го разубави денот секојпат кога ќе го погледнете неговиот Инстаграм профил.rnrn14-12-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 15-12-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_ 16-12-samo-za-zhenski-ochi-najseksapilni-fitnes-modeli-na-instagram-www.kafepauza.mk_

  • Најдоброто од двата света: Што сакаат мажите од нивните сопруги, а што од љубовниците?

    Најдоброто од двата света: Што сакаат мажите од нивните сопруги, а што од љубовниците?

    Кога зборуваме за сексуални афинитети не е исто она што го сакаат слободните мажи во потрага по постојана партнерка и она по што копнеат зафатените мажи. Меѓутоа, вистината е дека сите тие би сакале сето она што го бараат да го најдат во една жена. Зошто вие не би биле таа?rnrnКога после долг период на „суша“ ќе се вратат во игра со нова девојка, мажите се многу внимателни, па затоа и немаат толку големи барања во сексот, но кога се во постојана врска нивните апетити растат. Не само што ги искажуваат нивните скриени сексуални фантазии кои би сакале да ги остварат, туку за љубовници одбираат жени кои ќе им ги исполнат неостварените еротски соништа.rnrn0-najdobroto-od-dvata-sveta-shto-sakaat-mazhite-od-nivnite-soprugi-a-shto-od-nivnite-ljubovnici-kafepauza.mkrn

    1. Орален секс

    rnОралниот секс секогаш е пожелен. Сите мажи се спремни да возвратат со иста мера, а дамите кои ова му го ускратуваат на својот партнер всушност го лишуваат од едно од најголемите потајни сексуални задоволства за кои сонува секој маж.rnrnОженетите мажи имаат забелешка дека нивните сопруги само ќе ги „обработат“ колку да пројде редот, а тие посакуваат тоа да го прават поредовно и со поголема страст – како на почетоците од врската. А ако вие не сакате, тој ќе најде некоја што сака.rn

    2. Секси облека

    rnНа мажите во бракот им недостасува малку фантазија. Во нова врска мажите покажуваат романтика на тој начин што ќе ви предложат на пример да ја облечете нивната кошула. Во бракот, секси облеката е заменета со најудобната облека која воопшто не е секси. За засекогаш да го имате во вашата дланка, памучните гаќички и пижамите заменете ги со тантелна долна облека.rn

    3. Само не рутина

    rnАко не сте во долга врска или брак, тој би сакал да му кажете што сакате и како го сакате тоа, а уште подраго би му било сето тоа да му го покажете и лесно да го заведете – чекор по чекор, сѐ додека не настане обострано задоволство.rnrnНа мажите во брак им недостасуваат изненадувања. Во една анкета, тие рекле дека би биле посреќни кога нивните жени би ги споделиле нивните тајни мисли кои ќе ја разбијат монотонијата. Затоа, одведете го на некое место или измислете свое љубовно сценарио.rn

    4. Локација

    rnМажите со своите љубовници вообичаено одбираат да водат љубов на места каде што никој досега не пробал. Едно од најпосакуваните места е работната канцеларија. Мажите во брак имаат малку помали барања. Затоа што живеете заедно, нив би им се допаднал секс кој не е во кујната или дневната соба затоа што тоа се места кои ги асоцираат на секојдневните обврски.

  • Модни грешки кои познатите трендсетерки никогаш не ги прават

    Модни грешки кои познатите трендсетерки никогаш не ги прават

    Не се вели залудно „од грешките се учи“, а доколку станува збор за модни грешки, тогаш оваа поговорка важи дупло. Затоа не е чудно што многу познати трендсетерки, кои на почетокот од нивната кариера имаа некои помали и поголеми грешки, со текот на времето ги научија најважните модни лекции, па денес нема шанси да ги видите како ги прават овие модни утки.rnrn1-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    1. Не носат впечатливи чанти

    rnНикогаш нема да ја видите актерката Сиена Милер како носи иста боја на чанта како бојата на нејзината облека. Таа се одлучува за впечатлив модел, а особено во некоја комплементарна боја.rnrn2-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    2. Излегуваат од дома без аксесоари

    rnВистинските аксесоари на најдобар можен начин може да ја надополнат секоја дневна комбинација. Па така, нема никогаш да ја видите Роузи Хантингтон-Вајтли како излегува од домот без ниту еден стилски моден детаљ на себe.rnrn3-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    3. Не носат прикладна долна облека

    rnЗа облеката која сте ја одбрале да изгледа совршено, мора да водите сметка за тоа каков вид долна облека ќе изберете, бидејќи од неа зависи каков впечаток ќе оставите. Емили Ратајковски тоа го знае најдобро и никогаш не греши во тоа.rnrn4-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    4. Покажуваат премногу или премалку кожа

    rnВо сè треба да се биде умерен, а правилото вели дека никогаш не треба да откривате ниту да прекривате премногу. Затоа Алекса Чанг секогаш наоѓа компромис во своето облекување, па мини здолништето го носи во комбинација со затворена кошула.rnrn5-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    5. Претеруваат со деталите

    rnЕдно од најважните модни правила гласи „помалку е секогаш повеќе“, па затоа Кери Вашингтон за фустанот со впечатлив принт избира класични црни чевли и чанта со впечатливи, но никако нападни бои.rnrn6-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    6. Носат исклучиво ретро детали

    rnЗа да изгледате денес кул кога носите ретро дневни комбинации или детали, неопходно е да ги комбинирате со детали или дневни парчиња кои се во тренд. Експертот кој тоа го спроведува на дело е токму британската манекенка Кара Делавињ.rnrn7-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_rn

    7. Носат претесна облека

    rnСекоја жена која има стил знае дека, за да изгледа совршено, мора да носи гардероба чиј крој потполно ѝ одговара. Затоа популарната холивудска актерка и оскаровка Риз Витерспун никогаш нема да ја видите во дневни комбинации кои потполно не ѝ одговараат.rnrn8-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

  • 6 правила за долната облека според кои треба да живее секоја жена

    6 правила за долната облека според кои треба да живее секоја жена

    Девојки, време е да признаеме дека не зборуваме доволно за долната облека. Доказ? Дали знаевте дека погрешниот пар долна облека за време на вежбање може да го зголеми ризикот од инфекции? Или дека постојат моменти кога е добро да не носите долна облека? Затоа што сме скоро сигурни дека не знаевте, подготвивме 6 важни правила кои дефинитивно мора да ги знаете.rnrn0-6-pravila-spored-koi-treba-da-zhivee-sekoja-zhena-kafepauza.mkrn

    1. Оставете ја да дише

    rnОсвен што е неверојатно неудобна, кога ја носите подолг временски период, тесната долна облека е многу нездрава за вашата вагина затоа што спречува ветреење. А освен кројот, важен е и материјалот.rnrnПамучната долна облека е најдобра поради тоа што ѝ дозволува на кожата да дише. Синтетичките материјали ја задржуваат влагата и можат да создадат иритација на кожата.rnrnИако памукот е првиот и најдобриот избор, некогаш изгледа лошо под облеката. Затоа постојат и други избори како: полиестер, најлон, ликра или мидер – овие материјали некогаш се порастегливи и подобро изгледаат под облеката, а сепак имаат памучни делови.rn

    2. Користете прашок за алишта кој не создава иритации на кожата

    rnОбрнете што е можно повеќе внимание на кожата која се наоѓа „таму долу“. Користете хипоалергенски прашок кој е направен за чувствителна кожа – без бои и парфеми. Исто така избегнувајте да ја плавите облеката ако таму се и вашите гаќички. Ако ги плавите гаќичките, ризикувате да ги уништите затоа што тие ќе се излитат и плус, може да се изложите на хемикалии кои при реакција со ластикот создаваат алергиска реакција на кожата.rn

    3. Менувајте ги

    rnОчигледно е, така? Освен тоа што треба да ги менувате секојдневно, треба да избегнувате да седите во влажен пар, особено во спарно летно попладне, или уште полошо после вежбање, затоа што тоа е најлесниот начин да закачите габична инфекција.rnrnДолната облека собира влага, а бактериите и габите обожуваат да се размножуваат во топли и влажни средини. Без разлика дали сте подложни на инфекции или не, користете ја влагата како знак дека треба да ги фрлите гаќичките. Ако имате вагинален исцедок – ја чувствувате влажноста, тогаш е време да ги фрлите за перење.rnrnИсто така важно е да знаете дека гаќичките имаат рок на траење – кога е ластикот е попуштен, тие не стојат на место и создаваат дополнително триење, тогаш време е да ги фрлите и да си купите нов пар.rn

    4. Размислете пред да облечете танга

    rnПоради природата на нивниот дизајн, тангите можат да предизвикаат создавање на колонии од бактерии кои се движат кон и во вагината. Ова може да го наруши нормалното живеалиште на бактериите и да го зголеми ризикот од вагинални и уринарни инфекции.rnrnНикако, повторуваме, никако не вежбајте во танга. Инвестирајте во добар пар гаќички наменети исклучиво за вежбање. Голем дел од спортската опрема веќе содржи вакви елементи. Градниците, чорапите, шорцевите и долната облека сега имаат некаков најлонски материјал кој ја апсорбира потта и ја отстранува од телото за тоа да останува суво. Последното нешто што би сакале е да седите во влажен пар гаќички.rnrnСовет плус: Лимитирајте ја употребата на танга – носете ги само кога апсолутно морате.rn

    5. Проучете ги дамките

    rnНе треба да набљудувате толку одблизу колку што мислите, но треба да внимавате затоа што вашиот исцедок може многу да ви каже за вашето здравје и дали сѐ е нормално таму долу.rnrn„Нормалното“ е различно за секоја девојка. Белиот исцедок не секогаш е загрижувачки, но ако тој има лош мирис или имате крв, а не е време за месечниот циклус, тогаш треба да посетите доктор.rn

    6. Кога не треба да носите гаќички?

    rnВеројатно сте се прашувале кога е во ред да не носите гаќи, а тоа е кога ниеден друг материјал не ја допира т.е. не создава триење на вулвата. Исто така, има некои моменти кога мислите дека не треба да носите гаќи, а всушност треба. Не, не станува збор за моментите кога ќе одлучите да носите фустан на ветровит ден.rnrnКако што горе објаснивме, секогаш носете долна облека кога вежбате. Ако не носите, поради триењето, може да ја иритирате кожата. Уште еден случај кога носењето долна облека е препорачливо е со фармерки – затоа што тие можат да предизвикаат плускавици и инфекции во и околу вагината.rnrnНајбезбедна варијанта е да не ги носите кога спиете. Всушност, тоа е една од најздравите опции. Ако жената има проблеми со вагината, исцедокот или чувствува болка, тогаш спиењето голи е најдобра опција.rnrnЗа крај, постојат многу различни типови гаќички и секако дека ќе најдете нешто што одговара на сите критериуми – да изгледа убаво и прави да се чувствувате убаво.