Секој сонува за долг живот, барем потсвесно. Никој од нас не е целосно помирен со фактот дека сме смртници и сите се држиме за секоја секунда од свесниот живот. Доколку сакате да живеете подолго, потребно е да вложувате во себе. Ќе биде потребно да направите неколку промени, а во тоа ќе ви помогнат 9-те навики на долговечните луѓе.rnrn
rn
1. Имаат верба
rnЕдно истражување го проучувало начинот на живот на Италијанци на возраст од 90 до 100 години. Резултатите покажале дека голема улога во нивната долговечност има силната врска со Католичката црква. Духовноста и наоѓањето смисла, односно свесноста дека сме дел од поголема слика, придонесува за долговечноста.rn
2. Излегуваат
rnКако што стареете, сè повеќе време минувате помеѓу четири ѕида. Ова има лошо влијание на здравјето бидејќи помалку се движите и ги губите социјалните контакти.rn
3. Јадат грав
rnГравот е богат со влакна и протеини и е често застапена намирница во исхраната на долговечните луѓе.rn
4. Не пушат
rnНаједноставниот начин да го подобрите вашето здравје.rn
5. Позитивни се
rnЕдно истражување од 2012-та година ги проучувало Ашкеназите, Евреи кои потекнуваат од северните делови на Европа. Целта била да се открие тајната за нивната долговечност, а испитаниците биле на возраст од 95 до 107 години. Научниците откриле дека повеќето од нив се оптимисти и имаат смисла за хумор.rn
6. Вежбаат
rnИстегнувањето и едноставните вежби ги спречуваат паѓањето и скршениците, нешто што кај старите луѓе може да биде и фатално.rn
7. Уживаат
rnБританецот Сем Хегесеј, дури и во неговата 100-та година редовно одел во фитнес центар и вежбал јога, пилатес и таи чи.rn
„Јадам по три оброци дневно – житарици за појадок, богат сендвич за ручек и лесна вечера. Избегнувам црвено месо и алкохол. Неколку пати неделно пијам и чаша шампањ“, изјавил старецот.
rn
8. Владеат со нивниот живот
rnИстражувачите од Универзитетот Рочестер во Њујорк, тврдат дека две третини од тоа дали ќе ја доживееме 100-тата година е во наши раце. Станува збор за животните навики и ставовите. 100-годишниците одамна го презеле животот во нивни раце, знаат дека е дар и чудо и дека не треба да го доживуваме премногу сериозно.rn
9. Волонтираат
rnСтарите луѓе имаат животно искуство, вештини и мудрост кои ги споделуваат со оние кои ќе останат. Навистина ќе се чувствувате добро кога ќе ѝ вратите нешто на заедницата, а волонтирањето е одличен начин да го направите тоа.rnrnПогледнете ги и знаците кои укажуваат на долг и здрав живот.


rn
rnrnОвие мажи и жени иако имаат над 80 години, сепак се когнитивно млади. Ова значи дека нивните мозочни и метални способности се имуни на дегенерацијата која повеќето од нас ја искусуваат со текот на времето. Додека другите полека се движат кон сенилност, меморијата, употребата на јазикот и когнитивните способности на овие луѓе се сосема во ред. Овој факт останува вистинит дури и кога покажуваат биолошки знаци на деменција.rnrnИстражувачите кои држеле говор на 


rnrnЕдно од најдолговечните кучиња е чивавата која веројатно затоа е и толку малечка. Во просек, тие живеат помеѓу 15 и 20 години, додека најстарата забележана чивава на светот починала изминатава година на 20 години.rn
rnrnЕдно од најпопуларните кучиња кое долго ги усреќува и радува своите сопственици – јоркширскиот териер, живее помеѓу 17 и 20 години.rn
rnrnОвие крзнени топки во просек живеат помеѓу 12 и 16 години. Нивните влакна се многу меки и густи и сопствениците обожаваат да им прават интересни кучешки фризури, како што е случајот и со најпознатиот померанец – Бу, кој секогаш изгледа како плишано мече.rn
rnrnОвие кучиња имаат многу енергија и жив, динамичен карактер и обично живеат помеѓу 12 и 15 години, но можат да доживеат и повеќе. Еден од најстарите јазавичари на светот, по име Шанел, доживеал дури 21 година.rn
rnrnЖивотниот век на овие паметни кучиња кои можете лесно да ги тренирате, обично трае помеѓу 12 и 15 години. Сепак, најстарата пудлица по име Шејмус живеела дури 20 години.rn
rnrnУште едно популарно мало кученце кое со своите сопственици ужива од 12 до 15 години. Малтезерот е древно кинеско куче чии корени потекнуваат од Малта, од каде и го добива своето име.rn
rnrnОвие кучиња имаат прекрасен карактер и просечен животен век како и преостанатите мали кутриња, односно од 12 до 15 години. Ласа Апсо се наводно одгледувани за да помогнат во чувањето на будистичките храмови.rn
rnrnСтанува збор за едно од најпознатите мали кутриња со кое ве очекуваат 12 до 15 години среќа и веселба. Како и малтезерот, така и оваа раас се древни кинески кучиња кои се обожавани низ скоро целиот свет.rn
rnrnБигловите се сметаат за едни од најдобрите домашни миленичиња, посебно за децата, бидејќи се послушни и сакаат да бидат активни. Во просек живеат помеѓу 12 и 15 години, но познатиот бигл Буч, кој починал во 2003-тата, живеел дури 27 години.rn
rnrnОва весело кутре е полно со енергија и обожава да си игра, а исто така можете и лесно да го тренирате. Во просек живее помеѓу 12 и 15 години, а е најсреќно кога времето го поминува активно, играјќи си со своите сопственици.


