Музичарот и фотограф Рубен Ву е познат по неговиот метод каде што користи дрон со светла со кој ги осветлува пејзажите. Со ова им дава неверојатен изглед на неговите фотографии. Овие фотографии се дел од неговиот проект Lux Noctis на кој работи уште од 2016-та година.rnrn
rn
„Првиот дрон го добив во 2014-та година. Уште од детството сонував за летачка камера за да можам да ги гледам пејзажите од невозможни перспективи. Па, важен дел во моето фотографирање беше користењето на камера со далечински управувач. Почнав да правам фотографии и музички видеа со неа и експериментирав користејќи проектори за да направам вечерни графички дезени. Концептот Lux Noctis потекна од овие експерименти – го користам дронот како воздушен извор на светлина наместо камера.“
rn
rnrnРубен е фасциниран од пејзажите на планините и пустините бидејќи самотијата и богатото природно чудо што го нудат му даваат инспирација и можност да се фокусира на својата работа. Истражувањето на овие средини навечер претставува вистински предизвик.rnrn
rn
„Фотографиите се направени со долга експозиција и потребно е добро да се осмислат и наместат. Според мене вистински занает е да се создадат ноќни фотографии, а користењето воздушни светилки со далечински управувач е само дел од тоа.“
rn
rnrnВо текот на проектот тој користел разни камери, но последната е Fujifilm GFX50S, а дронот е модифициран модел на DJI Phantom.rnrn
rnrnЛокациите што ги фотографира бараат добра подготвеност од страна на Рубен.rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn


rnrnДа замислиме дека сакате да направите фотографија од водопад. Отвореноста на блендата во времетраење од 1 секунда ќе има многу поразличен ефект од онаа која е 1/800 од секундата. Во првата ситуација ќе добиете фотографија на која водата ќе изгледа како полека да се движи, правејќи ја матна, додека пак, во втората ситуација фотографијата ќе изгледа како да замрзнала еден момент од времето, правејќи ја неверојатно детална. Токму тоа била идејата и на голем број артисти кои експериментирале со различно време на отвореност на блендата, што резултирало со фотографии кои се магични и исклучителни. Погледнете ја оваа разновидна галерија која ќе ви ја разгори имагинацијата и ќе ве инспирира и вие да почнете да правите ваков вид фотографии…rnrn




























































rnrn
rn









rnrn
Додека вселенската станица кружела околу Земјата со околу 27,36 километри на час, инженерот Дон Петит направил фантастични фотографии сликајќи со 30-секундна експозиција, кои потоа софтверски ги споил за да прикаже 10-15-минутно движење. Ротацијата била доволно брза за да го „замати“ природниот изглед на Земјата и да ја прикаже со разнобојни снопови светлина, како и да улови траги од ѕвездите, Аурора и светлина распрскана по целата површина на Земјината топка. Добиениот резултат е вчудовидувачки!






Погледнете повеќе фотографии на неговиот 

Светулките се фотографирани на различни локации во јапонските префектури Манива и Окајама, во периодот помеѓу 2008 и 2011 година.
Фотографиите се направени непосредно после бурна дождлива сезона во периодот јуни-јули, кога светулките се собираат на куп за да се парат.
Најверојатно чувството е волшебно да се биде помеѓу толку голем број златни, светкави инсекти, а креаторите на овие фотографии успеале тоа чувство да ни го пренесат во еден уникатно спакуван облик, кој ги одмора очите и душата.




rnrn










rnrn
rnrnФотографите кои сакаат да сликаат навечер имаат избор помеѓу вештачка светлина и долга експозиција, односно изложување на сцената неколку секунди, минути, па дури и часови се со цел на филмот или на дигиталниот сензор да му се овозможи доволно време да направи добра фотографија. Овие ноќни фотографии од градот на светлината се правени токму со оваа техника. Погледнете ги, одлични се.rnrn






rnrn rnrn
За да ги направи овие воодушевувачки фотографии со ѕвездени патеки низ австралиското небо, на Харисон му биле потребни околу 15 часа. Тие се направени со долга експозиција, над театралното езеро Епалок, во близина на Бендиго во Викторија, Австралија.
Употребувајќи леќа со долга експозиција, тој ги креирал овие ѕвездени патеки благодарение на ротирањето на Земјата, создавајќи впечаток како ѕвездите кружно да се движат на небото.
36-годишниот г. Харисон, го купил неговиот прв фотоапарат минатата година, за да направи фотографии, кои ќе ги преслика на облека и предмети, кои сакал да ја продаде на eBay.rn
