КАФЕ ПАУЗА

Tag: ДНК

  • Колку е лесно да се клонира вашето лице?

    Колку е лесно да се клонира вашето лице?

    Американската артистка Хедер Дуи Хагборг ја приближила уметноста многу блиску до науката, со нејзиниот експериментален проект „Stranger Visions“, во кој пресоздава човечки лица од ДНК што ја наоѓа на предмети фрлени на улиците, како што се плукната гума за џвакање, паднати влакна или отпушок од цигара.“(1) “(2)Работејќи заедно со биолошката лабораторија „Genspace“, артистката имала можност по пат на анализа на ДНК да ги открие физичкиот изглед, полот, бојата на очите, културолошките корени на луѓето. Со истражувањето спроведено во овој проект не можело да се одреди возраста на личноста од која е најдена ДНК, па артистката решила да ги конструира нејзините маски како да се лица на 25-годишни луѓе.“(3) “(4)И покрај тоа што Хедер признава дека нејзините 3Д портрети можеби не изгледаат идентично како луѓето чијашто ДНК ја користи, таа тврди дека маските дефинитивно би личеле барем на роднина на личноста.“(5) (6) Колку е лесно да се клонира вашето лице?Уметничката серија презентира еден, иако застрашувачки, сепак и фасцинантен факт за тоа колку може да се открие за еден човек од неговата ДНК и колку е лесно да се дојде до неа. Секојдневно, во јавност сите ние оставаме бесконечно количество на скапоцена информација. Зарем не ве застрашува помислата дека еден ден може да влезете во некоја уметничка галерија и да го видите внатре сопственото лице?“(7) (8) Колку е лесно да се клонира вашето лице? (9) Колку е лесно да се клонира вашето лице? (10) Колку е лесно да се клонира вашето лице?Во јуни, артистката ќе зборува за нејзиниот проект и ќе презентира дел од проектот, во Лонг Ајленд, Њујорк.rnrn

    Хедер со својот генетички добиен портрет од себеси
    Хедер со својот генетички добиен портрет од себеси

    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Извонредни фотографии и факти за горилата

    Извонредни фотографии и факти за горилата

    Пред да ја спориме или одобруваме Дарвиновата теорија за еволуцијата, би било добро да се информираме и за горилата. 🙂 Следуваат неколку интересни податоци и одлични фотографии од овој, за жал, загрозен вид човеколики мајмуни…Извонредни фотографии и факти за горилата1. Горилата се најголемите преживеани примати во светот и најблиски „роднини“ на човекот, веднаш по шимпанзата (bonobo и common chimpanzee). Тие се фасцинантни животни со натпросечна интелигенција. Нивните изрази на лицето наликуваат на нашите. Нивната ДНК е од 95% до 99% слична со човечката.Извонредни фотографии и факти за горилата2. Тие се копнени и тревопасни животни, кои најмногу ги има во тропските шуми во централна Африка. Постојат три видови горила: западнонизински (централно и западноафриканските земји), источнонизински (источниот дел на Демократска Република Конго) и планински.rnrnОд првиот вид има преку 100.000 единки кои живеат во дивината, а 4.000 во зоолошките градини низ светот. Од вториот вид пак, 4.000 се регистрирани во нивното природно живеалиште и 24 во зоолошките. И од третиот и најзагрозен вид, постојат само 620 и сите живеат во дивината, односно во планините, на надморска височина од 4.000 метри. Последниот вид е воедно и најголем од сите три.Извонредни фотографии и факти за горилата3. Возрасните мажјаци, кога ќе се исправат можат да достигнат висина до 1,75 метри, а женките до 1,4 метри, но реалната должина на нивните тела е многу поголема, бидејќи нозете им остануваат свиени. Постои значителна разлика и во нивната тежина. Женките тежат до 100 килограми, а мажјаците до 275 килограми, додека пак добро чуваните и хранети горила во зоолошките, достигнуваат тежина и до 350 кг.rnrnКрзното им е главно црно, но со годините влакната на грбот кај повозрасните мажјаци стануваат сивкасти. Тие кај планинските горила се значително подолги од оние кај низинските. Челото на горилата е драстично испакнато.Извонредни фотографии и факти за горилата4. Горилата се движат на сите четири екстремитети, притоа потпирајќи се на средните прсти од предните екстремитети. Во вечерните часови тие прават гнезда за спиење од лисја и од гранки. Секоја вечер прават ново гнездо и за секое од нив трошат по околу пет минути. Планинските горила гнездата ги прават на земјата, а низинските во крошните на дрвјата.Извонредни фотографии и факти за горилата5. Тие најчесто живеат во групи од по еден мажјак, неколку женки и нивните млади. Но, понекогаш можат да се видат и повеќе мажјаци во една група, која во просек брои 15 горила. Премногу се ретки, но можат да се сретнат и групи од само два примата или од дури 30.rnrnИ онаму каде што живеат повеќе мажјаци, сепак во улога на лидер е само еден од нив, и само тој има право да се пари со женките. Лидерот е одговорен за безбедноста на сите во групата, за тоа каде ќе се движат и каде ќе преноќат.Извонредни фотографии и факти за горилата6. Движењето на групите е доста флексибилно, односно привремено се разделуваат во потрага по храна. За оваа цел, низинските горила се искачуваат на дрвја високи и до 20 метри. За разлика од другите видови примати, горилата можат и целосно да се одвојат од групата и да формираат нова.rnrnСепак, групите се долговечни и понекогаш доаѓа до борба меѓу мажјаците за позицијата на лидер. Ако победи нов мажјак, тој ги убива сите деца на неговите претходници, бидејќи женките не можат да се парат и не се плодни додека ги дојат нивните малечки.Извонредни фотографии и факти за горилата7. Кај горилата не е изразено територијалното однесување. Повеќе групи можат да бараат храна во една иста област, притоа избегнувајќи директен контакт едни со други. Со оглед на тоа што храната им се состои главно од лисја и овошје (во зависност од сезоната), потрагата не е долга и не опфаќа големи и далечни подрачја. Една од причините е тоа што лисјата ги има во изобилство, а другата тоа што тие имаат ниска хранлива вредност, па затоа горилата се принудени да ја минимизираат активноста.rnrnЕдно возрасно животно дневно може да изеде околу 25 килограми. Често лисјата ги голтаат цели за да ги уништат празитите. Несвесно јадат и инсекти, кои се наоѓаат во лисјата.Извонредни фотографии и факти за горилата8. Горилата произведуваат повеќе гласови, како за комуникација со членовите на групата, така и за да ги информираат другите групи за својата позиција или пак да изразат агресија.rnrnЗа горилата е типично удирањето во градите. Порано се верувало дека тоа го прават само постарите мажјаци, но денес е познато дека го практикуваат сите горила. Најверојатно тоа им служи за обележување на местото на кое се наоѓаат или пак се работи за некој ритуален поздрав.Извонредни фотографии и факти за горилата9. Тие немаат фиксно одреден период за парење во годината. Бременоста кај женката трае од 8,5 до 9 месеци. Малечките се раѓаат тешки околу два килограми, но брзо се развиваат. Тие се многу ранливи и целосно зависат од грижата на мајката. Таа за своето бебе се грижи до неговата 4-та година, па потоа повторно се пари. Мажите не учествуваат активно во одгледувањето на младите. Горилата живеат до 50 години, а оние во зоолошките градини можат да доживеат и 54 години.Извонредни фотографии и факти за горилата10. Горилата е многу тешко да се припитомат. За да се постигне тоа, тие мора да живеат со човекот уште од раѓањето. Доколку доволно ги храните тие ќе бидат послушни, но ако не им се обезбеди доволно храна ќе подиват од глад.rnrnНа возрасните горила им е потребен голем простор, па затоа е невозможно да се чуваат во домашни услови. Како што стареат, желбата за слобода им е сè поголема. Затоа оние кои чуваат горила, кога ќе пораснат им ги препуштаат на зоолошките градини или ги враќаат назад во дивината.Извонредни фотографии и факти за горилата
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растеме

    Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растеме

    Гените играат поголема улога во детерминирање на клучните делови од карактерот, како социјалните способности и способноста за учење отколку воспитувањето од нашите родители – велат истражувачите. Природата е „виновна“ за вашиот карактер, воспитувањето скоро и нема никаква улога, карактерот е нешто со што сите ние се раѓаме… Добиените резултати се сосема спротивно од она што досега се верувало помеѓу психолозите, дека околината во која растеме игра поголема улога од генетиката во обликување на нашиот карактер.rnГените го одредуваат карактерот, не околината во која растемеИстражувачите од Универзитетот Единбург кои ја спровеле оваа студија на повеќе од 800 еднојајчани и двојајчани близнаци за да ги откријат ефектите на гените, сакале да дознаат дали тие имаат некаква улога во успешноста на луѓето во животот. Близнаците се многу корисни во ваков вид студии, бидејќи покрај тоа што растат во иста околина, тие исто така и ги делат истите гени.rn

    rnrnНа учесниците во истражувањето им биле поставувани одредени прашања: „Како се перцепирате себеси и луѓето околу вас?“, „Дали лесно потпаѓате под влијание на луѓе со цврсти ставови?“ Потоа нивните одговори биле проучувани според добро познати психолошки скали, дизајнирани за детектирање на различни видови психолошки црти кај секоја личност посебно.Гените го одредуваат карактерот, не околината во која растемеИстражувачите откриле дека еднојајчаните близнаци имале два пати повеќе шанси за делење на истите психолошки црти и карактеристики, отколку двојајчаните – што укажува дека нивната ДНК го има „последниот збор“ во оваа дебата. Генетиката се покажала како највлијателна за самоконтролата, социјалните способности, способностите за учење, како и за решителноста. Професорот Тимоти Бејтс, кој ја водел оваа студија вели:rn

    rn
    rn

    „Претходно, улогата на фамилијата и околината околу домот честопати доминираше кај размислувањата на луѓето за што влијае врз психолошката благосостојба. Но, оваа студија покажа многу помоќно влијание од страна на генетиката.“

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 години

    Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 години

    Научниците велат дека можат да предвидат дали некој може да ја доживее 100-та година од својот живот и тоа со точност од 85%. Ова е возможно со помош на тестот за здраво генетичко стареење. Тие дошле до сложена формула, по проучување на ДНК кај стогодишници и ги идентификувале генетските варијации кои им овозможиле да ја достигнат оваа возраст. Откриени се серија маркери, за кои се мисли дека ги прават луѓето генетски предиспонирани за долг и здрав живот, со тоа што се одолговлекува процесот на стареење на кожата како и спречување на можноста за појава на кардиоваскуларни болести. Овие гени помагаат во разбирањето на фактот дека појавата на подолг животен век, се манифестира во повеќе генерации од истата фамилија, додека кај други луѓе тоа не е пример, иако се внимавало на начинот на живеење, пушењето цигари, пиењето алкохол и други параметри.rnГенетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 годиниОвој тест е со точност од 60-85 % во зависност од годините на испитаникот, но малку е веројатно дека може со сигурност да потврди колку точно ќе живеете. Сепак, можноста да се одберат група луѓе кои имаат голема веројатност да ја достигнат 100-та година е корисна за научниците, кои ќе можат понатака да се усовршуваат во изнаоѓање третмани кои ќе се борат против болестите кои се појавуваат во староста.rn
    rn

    „Понатамошните студии на овие генетски карактеристики, можат да доведат до подобро разбирање на генетските и биолошките основи за одложување на  болестите поврзани со стареењето и овозможување подолг опстанок.“ – вели Д-р Томас Перлс.

    rnГенетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 годиниОваа студија е започната во 2010 година на Бостонскиот универзитет и резултатите од неа биле објавени во научниот магазин „Sciencе“, но поради проблеми со подадоците, овој артикл бил повлечен. Во новиот документ, кој бил независно потврден од Универзитето Јеил, се додаени дополнителни податоци за исклучително стари луѓе, со просечна старост од 107 години. Овие луѓе, биле идеален модел за здраво стареење, бидејќи тие генерално не чуствувале потешкотии или дисфункции на организмот се до нивната 90-та година.rnrnДодека генетските фактори се само мала влијателна сила за доживување на 85-та година (20-30%), студијата сугерира дека тие би имале многу поголема улога после 85-тата година од животот. Научниците ги скенирале геномите на 801 стогодишник и ги споредиле резултатите на 914 „нормални“ испитаници. Биле откриени 216 генски варијации кои се наоѓале само кај постарата група и се верува дека тие играат улога во побавното стареење. Овие варијации може да се сместат во 26-те т.н „генски потписи“ кои биле карактеристични за 90% од испитаниците во постарата група.Генетски тест може да ви ги предвиди шансите за достигнување 100 годиниrnТим Спектор, професор на Кралската академија во Лондон изјави:rn
    rn

    „Ова е интересна студија на ретки стогодишници. Таа укажува дека гените се многу помоќни од вашата одлука за тоа дали ќе живеете 100 години или пак 85 години. Со стотици гени кои одлучуваат за вас, личните претпоставки за тоа колку години би живееле никогаш не излегуваат точни. Големата вест е тоа дека нема еден ген кој е одговорен за стареењето, туку се буквално илјадници од нив, но сè уште не се знае како тие функционираат и како го даваат свој допринос. Кoга ќе се разјасни таа мистерија, ќе биде многу полесно во наоѓањето соодветни терапии и третмани против стареењето“.

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.