Дали се работи за жестока пурпурна нијанса, која наликува на зрела слива или пак за некоја поблага варијанта налик на лаванда, виолетовата боја отсекогаш била една од поинтересните бои за декорација на централниот дел од домот – дневната соба.rnrn
rnrnОд една страна е идеална боја за да се нагласат омилените делови, а од друга страна совршено се вклопува во секој агол. Оваа боја како да има супермоќ, таа секој простор го прави ни премногу сериозен, а ни премногу разигран.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnВиолетовата боја одамна се поврзува со елеганција, префинетост и духовност, но и со мудрост и рационалност. Поради својата поврзаност со лавандата, која делува смирувачки, виолетовата е боја која треба да ја внесеме во животот кога имаме потреба од ведрина и оптимизам.rnrnСовршена е во комбинација со бела боја, особено во летниот период, а одлично се вклопува и со темносина, темносива, жолта и бледо зелена боја.rnrnДоколку не сте расположени за драстични промени, како што е менување на бојата на ѕидовите, обидете се да ја воведете виолетовата боја преку некои декорации во домот, на пример перничиња, прекривки, ситни украси итн.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПовеќе инспирација на следната страница…rnrn
Tag: дневна соба
-

Виолетова боја – идеален избор за декорација на дневната соба
-

10 фотографии што ќе ве натераат да посакате да имате нишалка во дневната соба
Висечките нишалки се додаток што ќе ве воодушеви и ќе ве натера да седнете на нив и да уживате. Ваквите нишалки најчесто ги има на балконите, но луѓето сè почесто ги ставаат во дневните соби. На овој начин, тие добиваат совршено место за уживање.rnrnДобрата работа е што воопшто не е тешко висечките нишалки да се вклопат во станот, најмногу поради фактот што перничињата и другите додатоци за уредување може лесно да се спојат со остатокот од вашиот ентериер. Погледнете ги фотографиите во продолжение кои докажуваат дека нишалката го заслужува своето место во дневната соба.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете кои се 10-те додатоци за ентериер што Французинките ги обожаваат. -

10 докази дека пастелните бои ја претвораат дневната соба во оаза на мирот
Додека многумина ќе речат дека пастелните бои во домот се премногу светли, нежни и монотони за нив, овие бои можат да обезбедат поголемо чувство на удобност и спокојство. И тоа е она што го сакаме од дневната соба, нели?rnrn
rnrnЗатоа дизајнерите на ентериер сè повеќе ги охрабруваат своите клиенти да вметнат барем неколку детали во пастелни бои во овие простории каде го поминуваме поголемиот дел од денот. Пастелните бои во дневната соба ќе ги релаксираат вашите очи со нивната мекост и неутралност и ќе го направат просторот посветол. Правилно комбинирани, пастелните бои ќе бидат дел од привлечната и удобна дневна соба. Одличен почеток за воведување пастелни бои во вашиот дом е купување перници во пастелни нијанси. Ако вашиот дом е полн со неутрални нијанси како бела или сива, пастелните нијанси се одлична опција малку да го осветлат просторот.rnrnДобрата работа е што не мора да вложувате голем трошок и целосно реновирање за да внесете пастелни нијанси во вашиот дом. Украсни перници, ламби, рамки за фотографии, ќебиња – тоа ќе биде доволно.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие фотографии кои се доказ дека вазната со цвеќе може да го разубави домот. -

Како да ја украсите дневната соба со растенија?
Растенијата ја разубавуваат секоја просторија во која се наоѓаат, а особено ќе ја разубават дневната соба која повеќето ја сметаат за срцето на домот. Пред да започнете со украсување на оваа просторија, информирајте се за потребите и карактеристиките на растенијата.rnrn
rnrnИако некои растенија, како што е сансеверијата, можат да преживеат и на светлина и во темнина, на други им се потребни одредени услови за да ги пречекаат пролетта и летото. Затоа, растенијата на кои им треба сонце поставете ги покрај прозорците и вратите што пропуштаат природна светлина.rnrnМожете да ставите растенија во интересни саксии на прозорецот, во висечки корпи, на масата, на полиците за книги итн. Високите растенија може да послужат како природна преграда на дневната соба од кујната или трпезаријата.rnrnНе само што растенијата ќе ве опуштат од стресот и вознемиреноста, туку и некои имаат можност да го филтрираат воздухот од прашина, чад, па дури и од мувла.rnrnПогледнете ги фотографиите за да пронајдете инспирација како да ги користите домашните растенија за украсување на дневната соба и домот.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како да ги комбинирате дрвените детали и да му дадете топлина и исполнетост на ентериерот. -

Дали има нешто поубаво? 15 дневни соби со камин за кои сигурно фантазирате
Во зимските месеци не можете да се заситите од фотографиите од убаво уредени дневни соби со камини. Има ли нешто поубаво во зима од сцената со камин во кој гори оган и сè е полно со топлина и светлина создадени од огнот – и собата и душата.rnrn
rnrnКога замислувате идилично место за живеење, сигурно има камин во дневната соба. Ништо не внесува толку многу топлина и слатка романса во домот како каминот што му дава допир на антички шарм дури и на најмодерниот простор. Иако камините речиси исчезнаа од нашите домови во денешно време, тие сепак се желба на многумина и многу луѓе фантазираат како седат покрај каминот за време на студените зимски вечери, со топол пијалак и книга во рацете.rnrnВо продолжение погледнете ги фотографиите од дневни соби со камин што веднаш ќе ви го стоплат срцето.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn -

10 докази дека кујната и дневната соба споени во едно се одлична идеја
Кујната поврзана со дневната соба веќе некое време е тренд што може да се види во сè повеќе станови и куќи. Овој тренд почна да станува многу популарен, што не е изненадување со оглед на тоа што е многу практичен и модерен, а отворениот простор создава впечаток на поголема квадратура и пространост.rnrn
rnrnКога размислуваат за вакво просторно уредување на домот, најголемата дилема на многумина им е тоа дали мирисите од кујната ќе се чувствуваат и во дневната соба, но за тоа има сигурно решение – добар кујнски аспиратор.rnrnКујната во комбинација со дневната соба ќе ви овозможи да подготвите јадења во друштво на вашите најблиски и ќе можете да разговарате со пријателите кои пристигнале да ве посетат додека подготвувате закуска. Во продолжение погледнете ги фотографиите што ќе ви докажат дека кујната и дневната споени во едно се навистина добра идеја.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како да го уредите домот во тиркизна боја за свеж и модерен ентериер. -

Гламурозните дневни соби се најновиот тренд на Инстаграм
Гламурозното е омилено на многумина, а деновиве Инстаграм е преплавен со фантастични фотографии од гламурозни ентериери. Ако ви се допаѓа гламурозното, споделуваме со вас неколку идеи кои можете да ги испробате во вашата дневна соба.rn
Бои
rnАко мислите дека гламурозниот стил лежи во розовата боја, многу грешите. Можете да користите нијанси на розова боја ако навистина сакате женска дневна соба. Но, она што можете да го пробате се неутрални и чисти бели нијанси кои никогаш не излегуваат од мода. Сите нијанси на сива боја се исто така добредојдени. Можете да направите и комбинација на црно и бело со розови нијанси.rnrn
rnТекстура
rnДури и ако сте избрале некои други нијанси, сепак можете да го направите ентериерот гламурозен и разигран. Од суштинско значење е да ги користите вистинските материјали и текстури за да го постигнете посакуваното чувство на гламурозност. Кристалниот лустер, на пример, стана неопходен дел од многу гламурозни простории. Огледалата се исто така добредојдени. Тие можат да бидат закачени на ѕидовите, а дури и како масички за кафе. Перниците и килимите со крзно се вообичаени.rn
Други стилови
rnДизајнирањето на ентериер исклучиво во гламурозен стил е скоро невозможно, бидејќи секогаш има мебел од други стилови. Може да биде модерен и ретро стил, скандинавски и готски или било кој друг што сметате дека е соодветен за оваа комбинација.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и овие 20 дизајни со кои вашиот дом ќе изгледа уникатно. -

Најголемата причина поради која паровите избегнуваат да имаат секс на каучот во дневната соба
Понекогаш е навистина убаво да ги разгорите страстите помеѓу вас така што ќе имате однос на друго место во вашиот дом наместо во спалната. До пред некое време, каучот во дневната соба беше омилениот избор на паровите кои сакаат да воведат малку новости во својот однос, но можеби после читањето на овие информации ќе размислите 2 пати пред да се одлучите да водите љубов таму.rnrn
rnrnИмено, во последно време сè повеќе се зборува за поврзување на хакерите со камерата од телевизорот и снимање сексуални односи без знаење на паровите. Што е полошо од фактот тотален странец да ве набљудува за време на сексот? Можеби идејата да налетате на себеси на некој од популарните порнографски веб-сајтови? Доколку не сте сигурни за вашата приватност, информирајте се повеќе за начините на кои можете да се заштитите. И најважно од сè, погрижете се вашата спална соба биде мало и сигурно засолниште, без никаква технологија во неа. -

Модерно дизајнирани дневни соби во сиво и жолто
Сивите тонови најчесто се комбинираат со бело и црно, но додавањето на жолта боја на ентериерот му дава свежина и разиграност. Разгледајте ги овие неколку модерно дизајнирани дневни соби во сиво-жолта комбинација и нека ви бидат инспирација за уредување на вашиот дом.rnrn
rnrn -

Станче во Париз во кое оптимално се искористени неговите 16 м2
И порано сме виделе станови со мала квадратура кои се уредени паметно и со вкус. Но овој стан од само 16 м2 навистина воодушевува, особено што целиот тој простор е всушност поранешна бања од еден поголем простор за живеење. За уредувањето заслужни се архитектите Марк Бајаржо и Џули Нобусет.rnrn
rnrnВо станот се употребени некои несекојдневни дизајнерски решенија кои се креативни и инспиративни. На пример платформата која ги дели дневниот престој и кујната има неочекувана примена – го крие креветот или софата, во зависност од моменталните потреби на неговите станари. Скалите кои водат до кујната пак, умешно го кријат просторот за складирање, што е многу практично за брзо средување на собата.rnrn












