КАФЕ ПАУЗА

Tag: длабочина

  • 5 причини зошто „тивката љубов“ е најдобра

    5 причини зошто „тивката љубов“ е најдобра

    Застрашувачки се фактите кои говорат дека сè помал број од паровите остануваат заедно повеќе од 20 години, но оние кои успеваат да одржат долгорочен однос имаат нивоа на активност на мозокот слични на оние кои се вљубени! Тоа значи дека „мирната и тивка љубов“ е одговорот за среќна и долговечна врска.rnrn5 причини зошто „тивката љубов“ е најдобраrnrnСекој дел од среќата на еден пар бара напор, а т.н. „тивка љубов“ е всушност најсигурниот вид на љубов од сите. А еве зошто е тоа така:rn

    1. „Тивката љубов“ не е синоним за досадна и „бајата“ љубов

    rnИстражувачот Арон Бен-Зеев ја опишал смирената врска како релација ослободена од негативни елементи, како што се тешки судири, љубомора и вознемиреност. Ова не значи дека вашиот развој како пар престанал или дека нема возбудливи емоции и ова сигурно не значи стагнација.rnrnСекако, сè уште може да чувствувате „пеперутки во стомакот“, но тивката љубов главно значи дека се чувствувате безбедно и удобно да доживеете нови фази во животот, да растете поединечно и како пар и да се поддржувате еден со друг.rn

    2. „Тивката љубов“ значи безбедно опкружување

    rnИстражувачот Арт Арон открил дека паровите во дога врска кои изјавиле дека уживаат во мирна романтична блискост имаат повисоки нивоа на активност на мозокот што биле слични на оние кога сме заљубени! Причината зошто „тивката љубов“ е најдолготрајна е затоа што партнерите учат да не ги кршат меѓусебните граници, да не губат трпение, да се воздржат од критики и пресуди, и да бидат трпеливи и толерантни за да создадат безбедно и љубовно опкружување.rn

    3. „Тивката љубов“ не е можна без доверба

    rnТивката љубов се гради врз основа на голема доверба и отвореност, како и чувство на безбедност. Со други зборови, вие се согласувате никогаш да не се повредите еден со друг бидејќи агресијата од саканата личност е најболна. Без поддршка, транспарентност, емоционална поткрепа, разбирање и почитување, никогаш не можеме да бидеме смирени или да се чувствуваме вистински безбедни и сакани.rn

    4. „Тивката љубов“ е сепак романтична

    rnСпоред Арон Бен-Зеев, кој пишува на оваа тема во „Psychology Today“, треба да ја разбереме разликата помеѓу романтичниот интензитет и длабочината на чувствата. Првото нешто е моментална страст и желба. Краткотрајно е и нема понатамошен развој. Романтичната длабочина, од друга страна, е тековно искуство кое опфаќа и интензитет и траен развој и „процут“ на двајцата партнери и целата нивна врска.rn

    5. Тивкоста и нејзината возбуда

    rnВо денешниот свет кој се заснова врз површни релации со сите можни апликации за дружење и прикажување на социјалните медиуми, длабоката „тивка љубов“ е многу важна работа. Со неа го имате вашиот партнер на подлабоко, посложено ниво, учите нови работи еден за друг, имате заеднички активности и споделувате емотивни искуства – тоа носи нешто ново во врската без да се врткате околу партнерот облечени во високи потпетици.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоа дека начинот на кој вашиот партнер ви искажува љубов покажува колку тој ве цени.

  • Неколку факти за „женските“ центиметри

    Неколку факти за „женските“ центиметри

    Често се разговара за центиметрите на мажите кога станува збор за секс, но што е со жените? Јасно е дека мажите се свесни за нивната должина, но што можеме да кажеме за длабочината на жените?rnrnНеколку факти за „женските“ центиметриrnrnКако што секоја жена има различни гради, исто постои разлика и во големината, односно во длабочината на вагината. Според најновите истражувања, просечната длабочина на вагината е 9,6 центиметри, но може да биде од 7,6 до 17,7 центиметри.rnrnДлабочината и широчината на вагината се менуваат во зависност од околностите. Вагината може да биде тесна, па да се рашири доволно за во неа да се стави тампон или за време на секс.rnrnИстражувањата не пронашле поврзаност помеѓу длабочината на вагината и возраста на жените. Од друга страна, може да дојде до намалување на срамните усни со текот на времето бидејќи се намалува нивото на естроген во телото. Поради ова се намалуваат мастите и колагенот.rnrnХормоналните нарушувања можат да влијаат и на бојата на усните, односно тие да станат потемни или посветли.rnrnВагината се менува и во текот на бременоста и по породувањето. Но откако ќе помине породувањето се враќа во првобитната состојба. Се открило дека не постои разлика во длабочината на вагината кај жени кои родиле и жени кои не родиле.rnrnПросечниот пенис во ерекција е 33% подолг од просечната длабочина на вагината. Сепак, и едниот и другиот орган варираат во должина и се прилагодуваат меѓу себе. Едно истражување од 2015-та година покажало дека просечната должина на пенисот во ерекција е 13,12 центиметри. Многу жени изјавиле дека пенисот со поголема должина им предизвикува болка и неудобност.rnrnПогледнете ги и митовите за вагината во кои треба да престанете да верувате.

  • Погледнете ги најдобрите фотографии под вода за 2016 година

    Погледнете ги најдобрите фотографии под вода за 2016 година

    Тешко е да се направат добри фотографии под вода, затоа и ги нема во толкав број. Малкумина фотографи го имаат потребното знаење и вештини за да успеат да ги доловат најголемите длабочини на океанот, без оглед на квалитетот на опремата.rnrn

    Погледнете ги најдобрите фотографии под вода за 2016 година
    Мали сребрени рипчиња формираат вртлог околу мангровите дрвја
    rnrnДејвид Дубилет и Брајан Скери се едни од најуспешните фотографи и нуркачи. Дубилет ги направил неговите фотографии додека работел на проект поврзан со екосистемите на бреговите на Куба. Скери, пак, пливал со ајкули на Бахамите. Останатите фотографии се на Чарли Хамилтон Џејмс и тие ги покажуваат дивите дабари во движење, како и усната празнина на пастрмката.rnrn
    Погледнете ги најдобрите фотографии под вода за 2016 година
    Змијозабата ајкула може да распарчи секакви цврсти предмети, од оклопи на желки па сѐ до професионални апарати
    rnrnСледниве подводни фотографии покажуваат една друга страна на планетата Земја, досега невидена. На нив ќе можете да видите многу ретки животни и растенија до кои навистина е тешко да се дојде. Не треба ни да се занемари фактот дека реткиот подводен живот е најважната животна форма што постои во светот. Според многу експерти, ние зависиме од здравјето на водните површини и ако ги заштитиме нив, ќе се заштитиме и себеси. Првиот чекор ќе го направиме доколку погледнеме што се крие во нивните длабочини. Погледнете ги овие неверојатни фотографии и дознајте какви чуда крие подводниот свет…rnrn

  • Филозофијата на животот

    Филозофијата на животот

    Финската фотографка Jenni Holma има дарба за создавање слатки и оригинални сцени за нејзините фотографии. Нејзина најголема инспирација е најсовршеното, но и најкомплицираното чувство наречено љубов и сите слатки и горчливи вкусови кои таа во себе ги крие. Покрај љубовта, Jenni им дава визуелна смисла на сите оние длабоки емоции кои се дел од животот на секој човек. Дваесет и две годишната студентка по фотографија вели дека нејзиното срце „лежи“ во концептуалната фотографија, но има страхопочит кон сè што ќе ја натера да почувствува некаква емоција.rnrn

    Филозофијата на животот
    „Пропуштени прилики“
    rn
    rn

    „Светот го гледам низ „детски“ очила, што понекогаш ми се удира од глава, но во подобрите денови е ОК. Сакам да ги набљудувам нештата околу мене и притоа да си фаќам прибелешки за себе. Не сакам да ја сметам фотографијата како еден куп правила кои секој артист мора да ги следи…  Нови идеи и свежи перспективи се многу подобар избор, во однос на неколку прави хоризонтални линии и многу нападни бои.“

    rn

    Филозофијата на животот
    „Време е за ручек“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Учам да летам“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Врнат срца“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Силно срце“
    rn
    rn

    „Го следам сето она кое сметам дека изгледа добро или прави да се чувствувам добро… Не можам да тврдам дека сум тотално оригинална, многу од моите идеи биле употребени стотици пати до сега. Како и да е, навистина се гордеам со себе, секојпат кога ќе почувствувам дека сама сум дошла до некаква идеја и постојано се трудам да стигнам до оној момент, кога повеќе нема да црпам инспирација од работата на другите луѓе, туку од мојот сопствен живот“.

    rn

    Филозофијата на животот
    „Цвеќиња за појадок“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Чекорење во воздух“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Сети се да кажеш“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Тишина“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Снежна бура во моите мисли“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Ја <3 зимата“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Стриптиз“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Размислувај едноставно“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Зошто?“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Избледено сеќавање“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Спротивностите се привлекуваат“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Проголтани чувства“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Моето срце е твое“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Невидлива“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Немој да зборуваш“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Секој победник има лузни“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Самоубиство“
    rnrn
    Филозофијата на животот
    „Смрзнато срце“

    rnrnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Надворешен изглед на рибите

    Надворешен изглед на рибите

    Општи карактеристики

    rnПрипадниците на хороскопскиот знак риби се најчесто слаби, но имаат тенденција да ги зголемат килограмите во текот на животот. Тие имаат овален облик на лицето, убави обравчиња, мал нос, густи веѓи и полни, сензуални усни, а нивниот поглед е длабок, мечтателски и истовремено детски. Овие личности најчесто имаат крупни, убави, забележителни очи, со „воден изглед“, кои претставуваат огледало на нивните силни емоции. Рибите имаат „топла“, шармантна насмевка, нежна кожа, тркалезни или мускулести рамена и најчесто ниски, а дури и оние високите припадници на овој хороскопски знак, делуваат како да се малечки. Движењата на рибите се брзи, но грациозни.rn

    Карактеристични стапала

    rnНајкарактеристичен и најчувствителен дел од телото кај рибите се стапалата. Некои припадници на овој хороскопски знак имаат убави, малечки стапала, кои одлично се вклопуваат на телото, а други имаат необични, специфични или големи стапала, кои отскокнуваат од контурите на другите делови на телото. Како и да е, кај рибите можат да се јават проблеми со овој дел од телото, па затоа треба да ги негуваат со разни креми и секогаш да носат удобни обувки. Овие луѓе најчесто имаат потреба од почеста масажа на стапала во однос на другите знаци.rnrnНадворешен изглед на рибитеrn

    Влажни дланки

    rnНежноста и интуитивноста на рибите се забележува во нивните очи, но и во нивните меки, влажни дланки. Прстите им се тенки и конусни на врвовите кај ноктите, а дланката им е подебела и цврста. Токму дланките ги симболизираат двете планети кои управуваат со рибите, Јупитер (огнен елемент) и Нептун (воден елемент).rnrnНадворешен изглед на рибитеrn

    Очи кои сонуваат

    rnПрипадниците на хороскопскиот знак риби имаат длабок, далечен поглед во нивните очи, па делуваат како да сонуваат некој убав сон, а отсликуваат слобода, мистерија и спиритуална длабочина. Нивниот поглед е „вкочанет“ во далечина и изгледа како да живеат во утопија, која одеднаш постанала реалност. Поради овие причини, очите на рибите се најверојатно најубавите очи во зодијакот.rnrnАко се заљубите во некоја риба, најверојатно ќе се прашувате себеси, „Како може да имаш толку убави очи?“rnrnНадворешен изглед на рибитеrnrnВсушност, сите водени знаци имаат карактеристични очи. Скорпијата има продорен поглед, кај ракот очите изгледаат како тој штотуку да се разбудил од спиење, а на рибите се искрени, длабоки и нежни и особено ако се сини или зелени, изгледаат како едно бескрајно море. Затоа, на секој би му било тешко да го тргне погледот настрана од очите на рибите.rn

    Нежни, благи кадрици

    rnКосата на рибите е најчесто нежна и брановидна, а варира од руса до темно кафена боја.rnrnМашките претставници на овој знак најчесто имаат благи кадрици, поради што личи како да носат венец на главата. Поради тоа, тие најчесто ја потстрижуваат нивната коса многу кратко или ја пуштаат да им порасне долга.rnrnЖенските риби го прават токму истото како и машките, ја носат косата долга или кратка, а не со средна должина. Таа е нежна и мека на допир и им дава една грациозност и женственост.rnrnНадворешен изглед на рибите
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како треба да се облекуваат слабите мажи?

    Како треба да се облекуваат слабите мажи?

    Облекувањето според формата на телото е една од вештините која мажите ја потценуваат и не се трудат да ја научат. Водечкиот принцип зад оваа вештина е да се истакнат добрите страни, а да се сокријат недостатоците. За слабите мажи, целта е да додадат малку длабочина на витката конструкција на телото и малку ширина која ќе помогне да не изгледаат како да пливаат во нивната облека, туку како возрасни мажи кои знаат како да се носат.Како треба да се облекуваат слабите мажиrn

    Спортско сако

    rnПронајдете спортско сако со минимална постава во пределот на рамениците. Додавајќи потполнки на рамениците, сакото ќе личи како да виси на вас и целосно ќе го привлекува вниманието на тој дел од вашето тело. Бидете сигурни дека сакото ви одговара и дека одлично се вклопува од рамениците до половината.Како треба да се облекуваат слабите мажиrn

    Панталони

    rnИако тесните фармерки и панталони навидум го зазедоа светот на модата, во вашиот случај, ова не треба да го практикувате. Обидете се да носите панталони и фармерки кои делуваат уредно, во стилот на класични „Levi’s 501’s“.Како треба да се облекуваат слабите мажиrn

    Маици, блузи и кошули

    rnСамо затоа што сте слаби, не значи дека треба максимално да го истакнувате тоа. Купувајте тенки маици, кошули и блузи, но внимавајте тие да не бидат толку млитави, па да личат како да се држат за вашето тело. Важно е тие да ви го истакнат телото без да го пренагласат. Во постудените денови, слабите мажи кои сакаат да ја следат модата можат да практикуваат облекување во слоеви, комбинирајќи парчиња облека за да им биде потопло. Доколку ова се прави успешно резултатите се фантастични.Како треба да се облекуваат слабите мажиrn

    Општи совети

    rnСлабите мажи можат да се извлечат многу полесно за да изгледаат добро, но треба да внимаваат затоа што тенките парчиња облека можат да го зголемат ризикот тие да изгледаат многу послаби отошто се. Но, витките мажи ја имаат можноста да експериментираат со облекувањето во слоеви, кое не само што е одлично за променливата клима, туку максимално ги зголемува модните можности.Како треба да се облекуваат слабите мажиrn

    Брзи совети

    rn

      rn011

    • Избегнувајте непријатни кроеви кои изгледаат премногу накитено и масивно на вашата конструкција.
    • rn011

    • Купувајте облека која се вклопува со вашето тело, но да не е премногу прилепена.
    • rn011

    • Облекувајте се во парчиња облека, која додава ширина и длабочина во пределот за кој мислите дека ви е потребно.
    • rn011

    • Избегнувајте шаблони и бои кои ви го издолжуваат телото.
    • rn


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.