КАФЕ ПАУЗА

Tag: дизајн

  • Уметнички чевли

    Уметнички чевли

    Дизајнерот Коби Леви (Kobi Levi) се специјализирал во дизајнирање на невообичаени обувки кои се нешто помеѓу мода и уметност. Тој дипломирал на Академијата за уметност и дизајн Безалел во Ерусалим и оттогаш работи како фриленсер.Уметнички чевлиУметнички чевлиЛеви ги опишува своите креации како уметнички обувки кои ги изработува рачно во своето студио. „Чевелот е моето платно“, вели Леви.Уметнички чевлиУметнички чевлиПоттикот за создавање на еден ваков пар чевли доаѓа како идеја, концепт или слика која Леви ќе ја види во мислите. Комбинацијата од таа слика и пар чевли, создаваат хибрид и така дизајн-концептот станува реалност. Ваквите производи претставуваат своевидни скулптури кои можат да се носат.Уметнички чевлиУметнички чевлиУметнички чевлиУметнички чевлиУметнички чевлиУметнички чевли

  • Врата која ќе ве заштити од земјотрес

    Врата која ќе ве заштити од земјотрес

    Сите знаеме дека во случај на земјотрес, треба да најдеме сигурно место за да се засолниме од евентуалните рушевини кои можат да следуваат. Најсигурно место е влезот кај вратата, бидејќи тука конструкцијата на градбите е најцврста и најчесто е последно место што страда при силни потреси. Тесниот влез на вратите не врши баш голема работа во таа насока.rnrnВрата која ќе ве заштити од земјотресrnrnЗатоа, Younghwa Lee, студентка на постдипломски студии по дизајн на универзитетот Кингстон во Англија, измислила врата која е посебна зашто може да гарантира поголема безбедност во услови на земјотрес.rnrnНа оваа идеја Younghwa Lee дошла по катастрофите што ги доживеа Хаити, со цел да овозможи поголем број на преживеани случаи при катастрофални земјотреси.rnrnНејзиниот дизајн претставува врата која има носечка оска во централниот дел по хоризонтала. Тука вратата се витка и со тоа создава место каде можат да се засолнат луѓе при ваква елементарна непогода.rnrnДолниот дел од вратата останува прицврстен за подот, за да биде поцврста потпора. Бидејќи вратата ќе биде наведната под агол кога ќе се наоѓа во мод за земјотреси, рушевините ќе се лизгаат надолу, наместо да се собираат горе.Врата која ќе ве заштити од земјотресИ тоа не е сè. Вратата има мало кабинче во кое се складирани џебна батерија, вода и медицински резерви. Под една ваква врата може да собере до двајца луѓе.Врата која ќе ве заштити од земјотресYounghwa ја има дизајнирано вратата мислејќи, пред сè, на Истанбул, каде според едно истражување е пресметано дека има 70% шанси градот да биде погоден од земјотрес со јачина од 7.6 степени според Рихтеровата скала, пред 2030 година, кој може да резултира со 150 000 фатални случаи. Таа смета дека вратите ќе можат да се постават евтино низ многу домови во градот.

  • Далечински ТВ управувач од иднината

    Далечински ТВ управувач од иднината

    Некои далечински управувачи во домот се преголеми, со премногу копчиња, со незгодна форма, а други пак нудат совршено корисничко искуство. Иако, од вториве има помалку, еве еден поинаков модел со футуристички дизајн и функционалност која ја овозможуваат единствено гестикулациите на корисникот во просторот.Далечински ТВ управувач од иднинатаДалечински ТВ управувач од иднинатаДалечнискиот ТВ управувач Gesture Remote овозможува сурфање низ ТВ каналите и другите медиумски содржини само со едноставни гестикулации, без допири. Тој воопшто нема тастатура и е револуционерен токму поради тоа што нема ниту едно копче.rnrnНовата ера ги заматува границите помеѓу традиционалната телевизија и веб-базираните мултимедијални содржини, заради што нашиот однос со уредите кои ги користиме станува значително софистициран. Концептот за далечинскиот управувач Gesture Remote нуди сосема нов начин на интеракција помеѓу корисникот и ТВ приемникот во современиот дом. Гледањето телевизија со користење на Gesture Remote се претвора во  магично и интуитивно искуство.rnrnrnrnВиртуелни карактеристики на Gesture Remote:rnrn- овозможува  интеракција со телевизорот преку движење на палците и тоа за:rn

      rn011

    • лесно влечење и спуштање, позиционирање и селектирање на содржини, со помош на функционалноста на т.н. виртуелно глувче
    • rn011

    • лизгање, ротирање, зумирање, селектирање на канали и контрола на јачината на звукот благодарение на виртуелните лизгачи
    • rn

    rnGesture Remote ја користи технологијата GestIC од компанијата IDENT Technology за детектирање и следење на движењата на дланката, прстите или телото. Затоа е возможно контролирањето на уредите без потреба од допирање на екран, трекпед или тастатура.Далечински ТВ управувач од иднинатаДалечински ТВ управувач од иднинатаТехнологијата GestIC овозможува револуционерен кориснички интерфејс преку тридимензионално следење на позиционирањето и препознавање на гестикулациите. Тоа е уникатна технологија, не само заради тоа што може да ја одреди позиционираноста, туку и заради можноста за одредување на насоките и јачината на движењата во 3Д просторот.

  • Отворачи за пиво за луѓе со вкус

    Отворачи за пиво за луѓе со вкус

    Доколку сте вистински љубители на пивото, овие интересни отворачи ќе ве воодушеват. Необично смислените и креативни дизајни, можат да бидат корисни во многу ситуации, особено кога не се наоѓате во близина на кујната. Сите овие отворачи се достапни да ги набавите преку интернет, а истите можат да ве чинат од 6 до 64 американски долари.rn.rn

      rn011

    • Одлична комбинација: топол ден, сенка и ладно пиво.
    • rn

    rnОтворачи за пиво за луѓе со вкус.rn

      rn011

    • Секогаш во чекор со вашиот напредок. Ви ги брои отворените пива во случај вие да не памтите колку сте испиле.
    • rn

    rnОтворачи за пиво за луѓе со вкус.rn

      rn011

    • За вас и вашиот пријател. Секогаш е убаво да се пие во друштво.
    • rn

    rnОтворачи за пиво за луѓе со вкус

  • Модерни и креативни часовници

    Модерни и креативни часовници

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnrnКој би предвидел дека мерењето на времето некогаш би се престорило во уметничко изразување на човекот? Од астрономските часовници, па се до модерните часовници кои ги има денес, часовникот е интересен предмет во светот на дизајнот и современото живеење. Со цел да ја прославиме оваа прогресивност на модерните часовници, еве листа на десет модерни и креативни часовници дизајнирани од талентирани дизајнери.rn.rn

    1. Numbers LED Clock од Jonas Damon

    rnОвој часовник е дизајниран за оние кои сакаат да го мерат времето секцирано, односно да го моделираат и сечат времето на нивен начин. Овие четири индивидуални блокови презентираат самостојни бројки и дозволуваат да го наместите времето онака како што вие сакате.rnrnМодерни и креативни часовнициrn

    2. Milky Way Clock од Henrik Amberla

    rnОвој часовник е всушност модерен будилник. Освежен во неговиот стил и изглед, со симетричен облик, овој будилник го покажува времето на три одделни начини и има некои интересни карактеристики. Кога звукот на алармот ќе ве разбуди наутро, само свртете го будилникот од другата страна и тој веднаш ќе ја примени функцијата snooze за да си поспиете уште неколку минути. Ако сакате да го наместите алармот повторно да ѕвони, само свртете го будилникот од обратната страна.rnrnМодерни и креативни часовнициМодерни и креативни часовнициrn

    3. Furni Knox Chipboard Clock Radio

    rnОвој радио часовник е познат под името „стажантски часовник“ бидејќи е направен од стажанти во фирмата Фурни. Махагони, орев и бука се спојот од дрва од кој е направен овој часовник.rnrnМодерни и креативни часовници rn

    4. DigiMech Clock од Duncan Shotton

    rnДигиМек часовникот е оригинален по начинот на кој работи. Имено, на него се инсталирани четири слајдови на кои се испишани цртички. Како што работи часовникот, така цртичките се движат и на тој начин ги покажуваат часот и минутите во празнините од часовникот.rnrnМодерни и креативни часовнициrn

    5. Jaeger Le Coultre Atmos Clock

    rnОвој часовник е дел од 80-годишната традиција и работење на фабриката за производство на часовници, Jaeger Le Coultre. Тој е повеќе уметничко дело, со неговите мајсторски резби во внатрешноста, одошто уред за мерење на времето.rnrnМодерни и креативни часовнициrn

    6. Create Your Own Clock од Bomi Kim

    rnНема подобро чувство од она кога ќе дадете свој печат на нештата кои ве опкружуваат. Дизајнерот Боми Ким ви ја дава таа единствена можност да си создадете самите, ваш уникатен часовник. Тоа може да го направите ако на постоечкиот модел употребите секојдневен предмет, како молив, стапче или молив за очи. Откако ќе ставите нешто од наведеново во часовникот, тој ќе почне да работи, а вие ќе знаете дека сте дел од неговото движење.rnrnМодерни и креативни часовнициrn

    7. Segmentus Clock од Art Lebedev Studio

    rnДизајнерот Лебедев е добро познат во уметничките кругови. Овој часовник кој тој го дизајнирал е дигитален и го покажува времето преку серија внатрешни ротациони скалички, кои се менуваат секоја минута. Дисплејот на часовникот е проѕирен и јасно ги покажува движењата на бројките додека тие се поместуваат.rn

    Модерни и креативни часовници

    rnrn

    8. Nixie Concrete Clock

    rnОвој часовник  е своевидно сеќавање на аналогните часовници кои се заборавени. Тој има шест туби од кои се покажува времето, во секој блок одделно.rn

    Модерни и креативни часовници

    rnrn

    9. Minu Tuner Clock од Antrepo Design

    rnОвој дигитален колоритен часовник има LED светло и од левата страна го покажува часот, а од десната минутите. Достапен е во портокалова, црвена, зелена и сина боја.rnrnМодерни и креативни часовнициrn

    10. RollOClock Wall Clock

    rnОвој уникатен часовник има лизгачка површина на која времето се покажува преку црно-бели линии кои полека се лизгаат по површината, секоја секунда. За жал, овој часовник е само концепт и не е достапен за продажба. Брилијантно би изгледал вклопен во некој модерно уреден простор за живеење или деловна просторија и е одличен пример за нетрадиционален часовник кој би можел да постигне успех на пазарот.rnrnМодерни и креативни часовнициМодерни и креативни часовнициrnrn

  • Една маичка со различна порака секој ден

    Една маичка со различна порака секој ден

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnЗамислете си маичка на која секој ден ќе можете да пишувате различна порака според вашето расположение. Верувале или не, баш таква можете сами да си направите и така секогаш да „носите“ уникатни цртежи и кул слогани на себе.rn

    .rnЧекор 1

    rnПотребно:rn

      rn011

    • стара маичка
    • rn011

    • специјална ткаенина за пишување со креда
    • rn011

    • лента за прицврстување
    • rn

    rnЕдна маичка со различна порака секој денrn

    Чекор 2

    rnИсечете ја ткаенината според големината на маичката и според вашите пропорции.rn

    Една маичка со различна порака секој денЧекор 3

    rnЛентата за прицврстување закачете ја прво на ткаенината и потоа на маичката.rnrnЕдна маичка со различна порака секој денrn

    Чекор 4

    rnПозиционирајте ја ткаенината каде што сакате да биде поставена и залепете ја.rn

    Една маичка со различна порака секој ден

    rn

    Чекор 5

    rnСо машина за шиење, сошијте по краевите од лентата за прицврстување, од надворешната и од внатрешната страна на маичката.rnrnЕдна маичка со различна порака секој денrn

    Чекор 6

    rnСмислете некој интересен дизајн и нацртајте го замисленото.rnrnЕдна маичка со различна порака секој ден

  • 10 кул црно-бели тапети

    10 кул црно-бели тапети

    Дали знаевте дека црно-белите тапети можат да направат секоја соба да изгледа елегантно, стилски и модерно? Секако, такви тапети треба да се изберат многу внимателно бидејќи ако направите мала грешка во изборот, можат да ја направат собата темна и непријатна.(6) 10 кул црно бели тапетиОвие 10 тапети се продукт на Ferm Living. Компанијата е специјализирана за изработка, не само на тапети, туку на какви било ѕидни декорации. 10-те тапети подолу се одлична инспирација за луѓето што се занимаваат со дизајн на ентериер. Позитивно кај тапетиве е и тоа што многу лесно и брзо се поставуваат на каква било ѕидна површина.rnrn

  • 60 кул тинејџерски соби

    60 кул тинејџерски соби

    Навистина не е лесно да се направи кул и креативна тинејџерска соба. Затоа, решивме да собереме една колекција од 60 фантастични тинејџерски соби, кои можат да ви послужат како инспирација.rnrn(47) 60 кул тинејџерски собиrnrnИнаку, сите детски соби се дизајнирани со елементи од големиот италијански производител на мебел, Corazzin group. Најголемиот дел од нив се многу иновативни и стилски. Интересните дизајнерски решенија на мебелот дозволуваат создавање на ненатрупани делови од собата коишто тинејџерот може да ги искористи за учење, спиење или другарување.rnrn(12) кул тинејџерски собиrnrnОстатокот можете да го погледнете во галеријата подолу.rn

    rnrn rnrn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куќа во форма на школка

    Куќа во форма на школка

    Сте посакувале ли некогаш да живеете во изолирана куќа лоцирана на некоја непозната плажа, каде ќе се чувствувате заштитени од целиот свет?rnrnКуќа во форма на школкаrnrnКуќата-школка не ви гарантира безбеден живот, ниту е на плажа, но бидете сигурни дека ќе направи да се чувствувате волшебно.rnrnКуќа во форма на школкаrnrnОваа фасцинантна куќа е изградена во 2006-та година, од фирмата Аркитекура Органика. Млад брачен пар со две деца од Мексико Сити, решиле да го напуштат својот конвенционален дом и да живеат во куќа, која личи како да е составен дел на природата. Инспирацијата за овој проект е станарите да се чувствуваат заштитено како школката во својата куќарка, а воедно и да уживаат во луксузниот и уникатен дизајн.rnrn

    rnrn

  • Базен каков што би посакале да имате во вашиот двор

    Базен каков што би посакале да имате во вашиот двор

    Погледнете го овој ултрамодерен и уникатен базен, кој одлично се вклопил во просторот на едно аргентинско семејство, очигледно, со добар вкус.rnrnБазен каков што би посакале да имате во вашиот дворrnrnАрхитектите од „Andres Remy Architects“, за овој проект внимателно го анализирале движењето на сонцето и падот на светлината, за да можат идеално да го постават базенот во дворот.rnrnБазен каков што би посакале да имате во вашиот дворrnrnБазенот е издигнат над земјата и има стаклен ѕид, што овозможува глетка од двете страни. Опколен е со бродска палуба и делува како релаксирачко и забавно место. Одлична модерна комбинација за луѓе со урбан стил. Зар не би посакале и вие нешто вакво во вашиот двор?rnrn

    rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.