„Озборувачка“ (Gossip Girl) е една од најпопуларните ТВ серии за младата популација. За оние кои не ја гледале, се работи за приказна во која се раскажува за животите на неколку семејства од елитата на Мехнетн. Природно, во ваква приказна совршено се вклопуваат модерно и скапо облечени ликови кои живеат во прекрасни куќи и хотели со луксузно и гламурозно внатрешно уредување. Еве неколку различни стилови на ентериери кои можат да се видат во серијата, што сигурно би посакале да го одликуваат и вашиот дом:rnrnСобата на БлерrnrnСобата на БлерrnrnСобата на БлерrnrnСобата на СеринаrnrnСобата на СеринаrnrnПоткровјето на ВандервудсенrnrnПоткровјето на ВандервудсенrnrnГалеријата на ХамфриrnrnГалеријата на ХамфриrnrnГалеријата на ХамфриrnrnПоткровјето на ВолдорфrnrnПоткровјето на ВолдорфrnrnХотелот Палас, апартманот на ЧакrnrnХотелот Палас, апартманот на ЧакrnДоколку сте обожаватели на Gossip Girl, можеби ќе сакате да ги погледнете и нашите водичи во стилот на облекување на прекрасната Blair Waldorf и на неодоливиот Chuck Bass.rn
Во денешно време, домашните кина стануваат сѐ попопуларни. Благодарение на тоа, ваквите соби стануваат сѐ пософистицирани и се потехнолошки опремени, па сето тоа ги прави многу комплицирани за дизајнирање.rn
И покрај тоа, домашното кино треба да изгледа одлично, да пружа комфор, и секако, видеото и звукот да бидат со највисок можен квалитет. За да се постигне сето ова, се подразбира дека ќе ви треба голема инвестиција. Но, ако имате вистинска инспирација, таа инвестиција може драстично да се намали. Еве ви 15 кул домашни кина коишто можат да ви бидат баш таква инспирација. Уживајте!
Овој необичен мебел е направен од Питер Дондерс од Белгија. Неговите модели C-Bench и C-Stone изгледаат како 3-D шкрабаници, на кои можете да седите и лежите, а најинтересно е тоа што најверојатно никогаш нема да се оштетат.rnТоа е така бидејќи карбонските влакна се ултра силен материјал, кој се користи за изработка на многу нешта, од автомобили до вселенски бродови.rnДвата модела тежат по околу шест килограми и се направени во ограничен број.rn
Ова е куќа во која бегате од реалниот свет за целонеделна забава… куќа во која се будите и му се јавувате на шефот дека сте болни и дека не можете да дојдете на работа денес… бидејќи куќава е толку прекрасна што ги откажувате сите планови само за да потонете во неверојатно пријатниот софа бокс и така да останете цел ден и тоа само вие и избрана група на пријатели, шише Pinot Grigio и можеби некоја добра книга. Дизајниран од John Robert Nilsson Architects, овој дом е искачен погоре од неговата дрвена и природна околина, како некој светилник на модерниот и современ свет на архитектурата.Базенот којшто дава чувство дека е бесконечен поради тоа што претекува од едната страна, претставува вистински спој на модерната архитектура и природата онаква какво што е. Ентериерот е минималистички, мирен и јасен. Големи прозорци од подот до кровот ја приближуваат надворешната природа. Овој дом е толку комплетен што се вселувате без ништо и ги оставате сите полни кутии од стариот дом позади вас. Искрено, би се вселиле и би си направиле сопствен дом само во прекрасниот софа бокс во дворот. 🙂
Многу препознатливи мостови се изградени во изминатиов век – мостот Бруклин, мостот Голден Гејт, мостот Сиднеј Харбор се само дел од нив. Но, како ќе изгледаат мостовите во иднината? Одговорот ни го дава архитектонското студио со седиште во Сеул, Planning Korea.Освен тоа што ќе ја има добро познатата намена (да ги поврзува двата брега), мостот Paik Nam June Media во Сеул, Јужна Кореа, ќе служи и како парк, место за состаноци, трговски центар, музеј и многу повеќе од тоа. Оваа мега градба има должина од 1.080 метри. Воедно, а и многу битно за зачувување на природата, целиот мост ќе биде покриен со соларни панели за производство на сопствена енергија.Обликот на мостот е природен, флуиден и аеродинамичен. Овој мост, со сето она што го нуди, ги тера луѓето да ги остават своите автомобили и пешки или со велосипед да поминат преку него. На секој спрат ќе има хоризонтални и вертикални градини коишто ќе бидат наводнувани од реката и сезонските дождови. Исто така, конструкцијата на мостот може да се искористи како „платно” за разноразни видео проекции и секаков друг вид медија.
Овие едноставни компјутерски звучници, креација на дизајнерот Карсон Леонг (Carson Leong), се без копче за прилагодување на јачината на звукот. Карактеристични се бидејќи од исправени и тенки, можат да станат широки и сплескани.rnrnrn
Едноставно притиснете ги одозгора, на тој начин ширејќи ги сè додека не ја постигнете посакуваната гласност. Но, ако тие почнат да заличуваат повеќе на палачинки отколку на исправени конструкции, тогаш веројатно треба да ги поштедите вашите соседи и да инвестирате во добри слушалки.Концептот е всушност многу едноставен. Обвивката се лизга по должината на цилиндричен звучник, на тој начин, одредувајќи ја јачината на звукот.
Колку би било кул да возите велосипед со рам извиткан во форма на вашето име? За жал, вакви велосипеди сè уште не постојат, но, креаторот Juri Zaech работи на развој на ваков прототип.rnrnrnrnОдлична идеја која ќе им се допадне на оние кои јавно сакаат да се експонираат со своето име за да бидат препознатливи. Дополнително, може да ги спречи крадците во нивните походи.rnrn
Некои барови и ноќни клубови низ светот имаат навистина посебен шмек. Стилскиот ентериер и дизајн во комбинација со добра музика, се секогаш добитна комбинација за луд провод. Погледнете дел од светските елитни места за забава.rn.rn
rn011
rn
„Sound Phucket“ ноќен клуб во Пукет, Тајланд
rn
rn
rnНоќниот живот во Пукет, Тајланд, се измени засекогаш минатата есен, кога беше отворен ноќниот клуб Sound Phuket. Тој се наоѓа на третиот кат на трговскиот центар Jungceylon и собира 700 гости.rnrnДизајнот на клубот е инспириран од човечкото уво, па затоа во него сé е заоблено. Интензивната музика и јаките визуелни ефекти ќе ви понудат незаборавно Sci-Fi искуство..rn
rn011
rn
„L’Arc“ ноќен клуб, бар и ресторан во Париз, Франција
rn
rn
rnОтворен е пред нешто помалку од една година, а веќе е место во кое би отишле доколку сакате да бидете видени. Ресторанот работи одлично, а храната приготвена од врвниот мајстор Ентони Германи е неодолива.rn.rn
rn011
rn
„Blue Frog“ ноќен клуб, бар и ресторан во Мумбај, Индија
rn
rn
rnКомплексот е распослан на 1000 квадратни метри на кои се наоѓаат бар, ресторан, ноќен клуб, хала и музичко студио. Поранешниот магацин сега претставува празник за очите и одлично место за забава.rnrnrn rn
Што би рекле за возило во кое би можеле да живеете и комотен живот?A-cero е архитектонско студио кое има дизајнирано вакво возило, односно куќа на тркала наречена RV. Куќата е комотна и модерна, опремена со сите работи кои ги има во секој дом.Мебелот е направен од коријандиран материјал кој се вклопува во целокупниот дизајн. Мобилната куќа RV е дизајнирана така за да овозможи движење низ неа со стил и оптимален комфор. Воодушевувачкиот дизајн, прекрасниот комфорен мебел и мини гаражата го прават RV врвен мобилен дом.
Што мислите за автомобил брендиран од „Епл“ (Apple)? Италијанскиот дизајнер Ливиу Тудоран, инспириран од производите на „Епл“ создал концепт на автомобил за 2020 година, кој го нарекол iMove. Тој би работел на електрична енергија, а надворешно би ги имал истите стилски карактеристики како најновите Мекинтош производи.rnПоголемиот дел од колата е прекриен со проѕирен материјал, така што и целосно затворен би ви создавал чувство како да се возите во кабриолет. Транспарентниот материјал истo така е и сончев колектор. Во него би можеле да се возат тројца патници, а возилото ќе понуди и инвентивен багаж простор.rnОвој концепт исто така предвидува, разни можности за персонализација, така што сопственикот би можел да си го прилагодува возилото спрема своите потреби.rnrnВидео за концептот iMove (препорачливо е да го гледате на цел екран):rnrn