Агентите за недвижности се чувари на многу клучеви. За време на нивната работа, тие гледаат куќи во најразлични димензии и облици, од најскромни дизајни до величествени палати, па често им се случува да налетаат на некои интересни архитектонски избори. Исто како и кај модата, така и во архитектурата секој има свои идеи за што може да биде функционално, а што не. Понекогаш се случува тој избор да биде погрешен, а агентите за недвижности се во прв ред за да го видат тоа лудило.rnrn
rnrnАгентот Ванеса Ван Винкл одлучила да сподели чудни ентериери на некои куќи, па ги повикала своите колеги кои биле исто така продавачи на куќи, да споделат со неа фотографии од лоши, грозни и бизарни ентериери. Во продолжение погледнете дел од најневеројатните домови што таа ги добила.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете ги и најсмешните фотографии направени од агенти за недвижности.
Tag: дизајн
-

Агенти за недвижности ги споделуваат најлошите ентериер дизајни во домовите
-

Магично дизајнирани нокти кои раскажуваат цели приказни
Постојат многу талентирани девојки и жени кои знаат да направат вистинска уметност од ноктите. Сепак, дизајните што ги избравме во оваа колекција се разликуваат бидејќи овде петте нокти на раката раскажуваат цела мини приказна.rnrnУметноста на ноктите е секако за почит. Бара многу креативност и трпение, а „платното“ за работа многу го ограничува просторот. Во овие приказни илустрирани на нокти, уметноста се издигнува чекор погоре.rnrnУживајте и инспирирајте се.rnrn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rnrnrn rn
rn
-

Компанија прави домашни влечки кои изгледаат како миленичињата на купувачите
Миленичињата се едно од најубавите нешта што постојат. Тие се овде за вас кога се чувствувате лошо, ве мотивираат да бидете одговорна личност и ве забавуваат со нивното однесување. Поради ова многу луѓе се обидуваат на целиот свет да му ја покажат нивната љубов кон милениците.rnrn
rnrnНекои купуваат храна и играчки и постојано споделуваат фотографии од нив, а некои пак си купуваат домашни влечки кои наликуваат на нив.rnrn
rnrnКомпанијата Cuddle Clones е одговорна за овој дизајн. Линијата домашни влечки наречена „Plush Slippers“ е составена од персонализирани модели кои се прават според изгледот на миленичето на купувачот. Иако овој рачно изработен предмет е скап (околу 170 евра) и потребни се 8 недели за негова изработка, сепак можеби вреди кога ќе ги погледнете резултатите. Па, што мислите? Би сакале вакви влечки?rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

23 креативни идеи што ќе ви се најдат за следното реновирање на домот
Постојат многу интересни и паметни начини да го трансформирате вашиот дом во мал рај. Секој би сакал неговиот дом да изгледа како сцена од филм, но имајте на ум дека вашата куќа не е дом сè додека не ја исполните со многу љубов и имагинација. Па доколку планирате да реновирате, овие креативни идеи сигурно ќе ви се најдат.rn
1. Можеби е време за лулка над скалите
rn
rn2. Направете ја домашната канцеларија како тајно скривалиште со таванска библиотека
rn
rn3. Буквално претворете го дворот во оаза
rn
rn4. Скалите можете да ги украсите и со аквариум
rn
rn5. Одлична идеја доколку не сакате здодевна боја на ѕидовите
rn
rn6. Направете посебно место под скалите за вашиот крзнен пријател
rn
rn7. Можете да направите и тајна соба
rn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

7 музеи со иконска архитектура што секој би требало да ги знае
Со векови, музеите се едни од најважните културни институции. Покрај тоа што тие се место каде што се чуваат и изложуваат уметнички дела, артефакти и други предмети, музеите се познати и по нивните програми за едукација, забава, но и неверојатна архитектура. Иако ширум светот постојат бројни музеи кои се неверојатно дизајнирани, овие 7 се најпознатите и би требало да ги знаете.rn
1. Лувр
rn
rnrnПознатиот музеј во Париз е еден од најпознатите примери каде што се сретнуваат старата и новата архитектура. Колекцијата на Лувр содржи уметнички дела и предмети од праисторијата до 19-тиот век и е сместена во поранешна француска ренесансна палата, чии крила се наоѓаат околу два огромни дворишта. Во еден од овие дворишта се наоѓа и познатата Пирамида на Лувр, модерна структура од стакло и челик.rnrnВо 1983-та година, претседателот Франсоа Митеран го задолжил архитектот И. М. Пеи да дизајнира нов влез за музејот. Пеи ја смислил пирамидата која ги носи посетителите во осветленото подземно лоби на музејот. Неговиот концепт бил одобрен и изградбата завршила во 1989-та година. Оттогаш пирамидата е универзален симбол за популарниот музеј.rn2. Соломон Р. Гугенхајм
rn
rnrnПокрај неверојатната колекција на модерна и современа уметност, музејот во Њујорк е познат и по неговиот архитект – Френк Лојд Рајт.rnrnКако и другите дела на Рајт, и Гугенхајм го прикажува интересот на архитектот во органските форми. За разлика од острите рабови на околните градби, музејот има кружна силуета поделена на делови. Атриумот на музејот е врамен во спирална рампа инспирирана од школка, а на врвот се наоѓа прозорец што наликува на пајакова мрежа. Рајт започнал со проектот во 1943-та година. 15 години и 200 нацрти подоцна, музејот конечно бил отворен за јавноста.rn3. Тејт Модерн
rn
rnrnОвој музеј не е изграден од нула. Градбата од тули и челик била станица за електрична енергија сè до 2000-та година. Станицата била изградена во 20-тиот век на јужниот брег од Темза. Откако затворила во 1981-ва година, постоел ризик од рушење. Но во 1994-та година, Галеријата Тејт изјавила дека овде ќе ги чува уметничките дела, а архитектите Херзог и де Меурон биле задолжени за реновирањето.rnrnЗградата задржала голем дел од оригиналната архитектура, вклучувајќи го оџакот во средината. Во 2016-та година била додадена кула од 11 ката наречена Блаватник. Овој додаток нуди панорамски поглед кон Лондон.rn4. Музејот на современа уметност Нитерои
rn
rnrnНитерои е една од најпознатите туристички дестинации во Рио. Во лебдечката структура во форма на летачка чинија се влегува преку надворешна рампа и е едно од најпознатите дела на Оскар Нимајер.rnrnПознат како „Пикасо за бетон“, Оскар е пионер во модерната архитектура и експерт за апстракција. Тој најчесто е фасциниран од природните форми. Оваа неверојатна структура од бел бетон била завршена во 1996-та година, а изградбата траела 5 години.rn5. Музејот за уметност Денвер
rn
rnrnОвој музеј има неверојатна колекција која се протега низ многу векови и култури. Но архитектурата на главната зграда, градбата Фредерик К. Хамилтон, е современа.rnrnГрадбата била дизајнирана од Даниел Либескајнд и била завршена во 2006-та година. Структурата има 20 плочи од титаниум и челик кои се поврзани на тој начин што создаваат апстрактна форма. Даниел изјавил дека природната естетика е со намера, а една од музите била „веселата“ заедница на музејот.rn6. Центарот Помпиду
rn
rnrnЦентарот Помпиду во Париз е дестинација за уметност од 20-тиот век. Во музејот се наоѓа најголемата колекција на модерна уметност, па неговата архитектура совршено се совпаѓа.rnrnМузејот бил дизајниран од Рензо Пиано, кој добил и наградата за дизајн во 1971-ва година. Неговиот дизајн вклучува „изложен“ екстериер што ја открива шарената инсталација – цевките за вентилација се со сина боја, струјата е со жолта, цевките за вода се зелени, а ескалаторите и лифтовите црвени. Со овој концепт, музејот е буквално превртен наопаку.rn7. Гугенхајм
rn
rnrnВо 1991-ва година фондацијата Соломон Р. Гугенхајм изјавила дека планира да направи нов Гугенхајм музеј во Билбао. За дизајнот бил задолжен Френк Гери. Барајќи инспирација во локалниот пејзаж, Френк замислил екстериер кој врамува атриум во форма на свет. Материјалите користени за изградбата – стакло, камен и титаниум, совршено се вклопуваат со индустриското опкружување на музејот. Од отворањето во 1997-ма година, градбата била пречекана со многу позитивни критики.rnrnПогледнете и кои се музеите што можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот дом. -

Како би изгледал познатиот Централ парк во Њујорк, доколку друг дизајн победел на натпреварот?
Без разлика дали некогаш сте биле во најпопуларниот парк на светот или пак, само сте го виделе на телевизија, Централ парк без сомнение ја разгорува сечија фантазија. Тоа е едно од ретките места на планетата за коешто „целиот свет има чуено“, па затоа е и многу чудно да се замисли во која било форма освен таа во којашто е денес. Но, дали сте знаеле дека овој дизајн на Централ парк бил всушност победник на натпревар што се одржал пред 150 години?rnrn
rnrnОд 33 апликации, бил избран токму овој дизајн што го гледате денес. Еден љубопитен тим од дизајнери сакале да дознаат како би изгледал паркот доколку нештата тргнале во друга насока, и успеале да најдат само една преживеана губитничка апликација. За жал, останатите се изгубени, но барем можеме да видиме барем една алтернатива на познатиот парк. Дизајнерите ја рекреирале со помош на дигиталната технологија и ги споделиле резултатите.rnrnШто мислите за овие фотографии? Дали би сакале да се прошетате некогаш и во поинаков Централ парк?rnrn
rnrnПогледнете и кои се најпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на Интернет. -

Неверојатни 3Д подови што ќе ги посакате во вашиот дом
Во декорирањето на домот, главна улога има личниот избор, па многу луѓе одбираат необичен и храбар декор. Од необични форми, до подови што ги мамат вашите очи, постојат многу дизајни кои докажуваат дека човечката имагинација не знае за граници. Фотографиите во продолжение ќе ви покажат како комбинацијата од посебни материјали и 3Д цртање може да направи да се чувствувате како да сте во некој друг свет.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Примери за урбан дизајн што секој би сакал да ги види во неговиот град
Урбанистичкото планирање не е модерен феномен, но еволуира уште од почетокот на цивилизацијата. На пример, кога прв пат биле измислени шините, тоа било големо достигнување за човештвото. Слично на ова, малкумина мислеле дека некогаш ќе градиме високи облакодери. Но, човештвото многу напредувало и почнало да создава разни нешта со кои ни се олеснува животот. Па, погледнете неколку модерни иновации во урбаните зони што сигурно ќе сакате да ги видите и во вашиот град.rn
1. Семафор на тротоарот за пешаците кои постојано гледаат во телефонот
rn
rn2. Чадот ќе ви припаѓа само вам
rn
rn3. Јапонија ги претворила старите телефонски говорници во аквариуми
rn
rn4. Клупа во вид на машина за пишување
rn
rn5. Шарен терен за кошарка во Париз
rn
rn6. Одморање сред улица
rn
rn7. Постарите граѓани можат да го продолжат зеленото светло на семафорот
rn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn -

Првиот Старбакс во Италија ги изненадува љубителите на кафето со неверојатен дизајн
Како може најголемиот синџир за кафе во светот да се пробие во држава што има своја сопствена кафе-култура? Тоа било прашањето со кое се бореле сопствениците уште пред да ја отворат кафетеријата во Милано. Соочени со многу скептицизам од страна на Италијанците, што уживаат во совршеното еспресо и имаат длабока поврзаност со нивните локални кафетерии, компанијата била пречекана со многу високи стандарди. И кога конечно се отворил првиот Старбакс во Милано, сите љубители на кафето биле воодушевени од самиот дизајн.rnrn
rnrnЛоциран во историска зграда што порано била пошта, богато дизајнираниот ентериер ги спојува традиционалното и сестраното, правејќи комбинација од тоа што е вистински италијанско со останатиот свет. Погледнете ги следните фотографии и ќе посакате следниот викенд да го поминете токму тука, во срцето на Милано, пиејќи вкусно Старбакс еспресо!rnrn
rnrnПробајте го и овој рецепт за оригинално италијанско кафе од областа Фриули. -

Хрватска инспирација: Уредете ја вашата нова кујна според овие неверојатни дизајни
Добро уредените и опремените кујни можат да ве инспирираат на кулинарски експерименти, да ги пробудат вашите спомени и да предизвикаат силни емоции. Кујната е идеалното место за опуштање, особено доколку уживате во готвењето, па затоа и треба да обрнете повеќе внимание при уредувањето. Доколку планирате нова кујна во која би можеле да уживате, тогаш погледнете ги овие одлични дизајни што ни доаѓаат директно од Сплит, Хрватска.rnrn

rnrnПродолжува на следната страница…rn