Тешко е да се поверува дека Филипините не се топ туристичка дестинација во светот, а имаат толку многу да понудат. Ова место е едноставно рај на земјата со своите острови и неизмерното богатство од природни убавини, а како едно од најпрекрасните локација може да се издвои островот Палаван.rnrnrnrnПалаван е скриено парче од рајот, поради што се наоѓа на врвот од листите на најубави острови во светот. Неодамна „Travel + Leisure“ го прогласи овој остров за најубавиот во светот.rnrnrnrnОстровот е познат по прекрасниот спектар на бои кои меѓусебно се испреплетуваат – сината боја со неверојатните зелени нијанси, планините со џунглите и ретката шума кои се издигаат над океанот, како и неверојатните пејзажи на малите рибарски села расфрлани по островот.rnrnrnrnrnrnСе верува дека овој остров е стар околу 50 илјади години, а до него може да се стигне со брод и со авион. Тој не е ни многу оддалечен од главниот град на Филипините, Манила. Најубаво време за посета на овој остров е во периодот од октомври до мај. Доколку одлучите да го посетите, воопшто нема да ви биде здодевно, затоа што ќе можете да нуркате и да се искачувате на прекрасните планини.rnrnrnrnНа островот можете да видите виолетови ракови, филипински елени, филипински панголин, како и прекрасните пеперутки кои внесуваат дополнителна магија во пејзажите.rnrnrnrnПалаван изобилува со богата флора и фауна, кои можат да се најдат и на другите острови во близина, но во помал степен.rnrnrnrnДоколку не сте подготвени за нуркање и искачување, можете со чамец да патувате меѓу прекрасните острови или да ја посетите подземната река, една од најуникатните во светот.rnrn
Оние кои сакаат да уживаат во убавините на дивата Африка, а притоа да ја избегнат нечистотијата што доаѓа со сафари-авантурата, имаат можност да отседнат во прекрасниот хотел Маратаба во Јужна Африка, сместен во националниот парк Маракеле во областа Лимпопо.rnrnrnrnМаратаба всушност е комплекс од дванаесет огромни луксузни шатори изградени од камен, дрво и платно, во кои ентериерот е декориран така што целосно го доловува духот на дивата околина во која што се наоѓа. На секој од нив има тераса на која што гостите можат да се сместат во удобните фотелји и да уживаат во спектакуларната глетка на реки, долини и планини.rnrnrnrnПокрај тоа, хотелот нуди можност и за разладување во базенот, кој се наоѓа во неговиот двор. Таму гостите можат да ја добијат и традиционалната африканска вечера, доколку не сакаат на јадат на терасите.rnrnrnrn rnrn
Јамајка е добро познат тропски рај во Карипското Море прославен по хедонистичкиот стил на живеење. Разгледајте ги следните фотографии и факти од преубавиот остров кои ќе ви го доближат тамошниот егзотичен амбиент.Јамајка важи за една од најпопуларните туристички дестинации. Изобилува со национални паркови, брзи реки, водопади, пешачки патеки и, се разбира, прекрасни плажи, меѓу кои најпознати се Севен Мајл, Бостон Беј, Докторс Кејв, Очо Риос, Негрил, итн. Шарениот подводен свет околу островот е магнет за нуркачите, а пешачките патеки во спектакуларните џунгли ги привлекуваат авантуристите од целиот свет.Тропската природа на островот е извонредно место за живот на многу егзотични животински и растителни видови. Сепак, прошетките во дивината не се опасни, особено ако се земе предвид дека змиите таму се многу ретки. Истребени се од мунгосите, кои претходно биле донесени за да ги истребат стаорците.rnrnЖивописните предели од бели песочни плажи над кои се издигаат планини со разновиден див свет се резултат на тропската клима и повремените поројни дождови. Затоа од првите доселеници островот бил наречен „Xaymaca“, што значи „Земја на шуми и вода“.Првиот народ кој ја населил Јамајка биле Араваките. Тоа бил мирољубив народ дојден од Јужна Америка чиј живот поминувал во хармонија со природата. Нивното хедонистичко секојдневие било исполнето со јадење, пиење, танцување и пеење.rnrnДенеска во Јамајка живеат народи со најразлично потекло: доминираат оние со африканско потекло, а има и такви со ирско, либанско, сириско, шкотско, германско, итн. Сите тие комуницираат главно на англиско-африканско-креолскиот јазик наречен јамајкански патоа, иако официјален е англискиот.rnrnЗнамето на Јамајка има три бои: црна, жолта и зелена. Црната ги означува пребродените тешкотии од историјата и оние кои допрва ќе дојдат, жолтата ги симболизира тропското сонце и природните богатства, а зелената ги означува надежта и дивата природа на островот.Народот во Јамајка е многу религиозен, а тоа се обидува да им го пренесе и на децата. Затоа секое утро во јавните училишта започнува со молитва.rnrnИако островот не е многу голем, дел од него сè уште е неистражен. Има еден мал дел кој е населен од Маруните, африкански робови кои по бунтот и ослободувањето од Британците оформиле свои населби длабоко во џунглата, а по извесно време стекнале и извесна автономија.rnrnСамо Американските атлетичари имаат освоено повеќе олимписки медали од јамајканските. И покрај тоа, Јамајка важи за земја од која доаѓаат најбрзите луѓе на светот. Од таму доаѓа најбрзиот спринтер на светот Јусеин Болт, а од седумте најбрзи спринтери во историјата, дури пет се од Јамајка.На Зимската олимпијада во Калгари во 1988 година, тимот на Јамајка во бобслед (санкање) на оваа островска земја ѝ даде статус на прва тропска земја која учествувала на Зимски Олимписки игри. Нивниот подвиг беше инспирација за филмот Cool Runnings.rnrnСелото Најн Мајл во рурална Јамајка е родното место и вечното почивалиште на најпознатиот Јамајканец и крал на реге музиката, Боб Марли. Таму му е изграден мавзолеј кој на посетителите им дава можност да видат многу предмети кои му припаѓале нему, меѓу кои и „рок перницата“ на која легнувал секогаш кога барал инспирација.rnrnЈамајканските убавици се на четвртото место на вечната листа според наградите освоени на Мис на светот (што не е исто со Мис Универзум), веднаш зад Индија, Велика Британија и Венецуела. Во случајов се сметаат и титулите за прва и втора придружничка и разните награди кои ги доделуваат организаторите.Јамајканците често можат да уживаат во феноменот сина месечина. Оваа појава се случила дури шест пати во последните 40 години.rnrnИако одгледувањето и поседувањето марихуана е забрането, законите поврзани со неа ретко се почитуваат, што само го зацврстува статусот на хедонистички остров.rnrnСпоред извештаите на Обединетите Нации, Јамајка има една од највисоките стапки на убиства и на улично насилство во светот.rnrnВо Јамајка сè уште се практикува обеахизмот, вуду магиски ритуал кој може да донесе добро или зло. Се казнува со затвор согласно Кривичниот закон на земјата.rnrn
„Бунарот на вештерката“ е несекојдневно атрактивно место во естонското село Тухала. Овој бунар во поголемиот дел од времето изгледа многу нормално и не е поразличен од кој било друг. Но кога има силен наплив, тој почнува да исфрла огромни количини вода над површината и го поплавува целиот предел околу него. Според легендата, вештерките од Тухала се собираат во подземната сауна и меѓусебно жестоко се тепаат со брезови гранчиња, несвесни за урнебесот што го предизвикуваат на површината.rnrnrnrnВистината е дека бунарот се наоѓа над подземна река, а не дека станува збор за некаква чудна „ферка“ помеѓу вештерки :). Кога поројните дождови ќе го преполнат коритото на реката, притисокот на водата станува толку силен, што од бунарот почнува да блика огромна количина вода. Ова чудо на природата најчесто трае неколку дена.rnrnrnrnБунарот е само 2,5 метра длабок, но поради силниот подземен притисок, млазот вода може да достигне висина до половина метар над површината. Се вели дека од овој бунар може да се излеат до неверојатни 100 литри вода во секоја секунда.rnrn„Бунарот на вештерката“ кога нема прелевање на водаrnrnНо, бунарот не кипи после секој посилен дожд. Последен пат тоа се случило во април, 2010, а претпоследен пат во 2008, по пауза од 3 години.rnrnrnrn„Бунарот на вештерката„ е многу популарен во Европа и секоја година е посетуван од 15.000 – 20.000 љубители на дивата природа, вклучително и голем број туристи кои одат на крстарење низ светот и доаѓаат да го посетат атрактивното место.rnrnrnrn rnrn