КАФЕ ПАУЗА

Tag: дисплеј

  • Систем за навигација кој ги проектира насоките на шофершајбната

    Систем за навигација кој ги проектира насоките на шофершајбната

    Врвниот провајдер на услуги за сателитска навигација „Гармин“ излезе со нов GPS продукт кој овозможува конектирање на уредот со вашиот смартфон преку блутут и проектирање на податоците за навигација од телефонот на шофершајбната.Систем за навигација кој ги проектира насоките на шофершајбнатаУредот Head-Up Display (HUD) ги проектира инструкциите на транспарентен филм или на рефлектирачка леќа која е закачена за шофершајбната. На овој начин, „Гармин“ се обидува да им понуди на корисниците решение за држење на погледот право низ ветробранското стакло, односно им овозможува тие да не мора да гледаат настрана додека возат кога им е потребна навигациска помош.Систем за навигација кој ги проектира насоките на шофершајбнатаДисплејот може да се поврзе со секој компатибилен мобилен телефон преку блутут, а податоците кои ги користи се од апликациите на Гармин, StreetPilot за ајфон или NAVIGON за ајфон, андроид или Виндоус 8 телефон.Систем за навигација кој ги проектира насоките на шофершајбнатаУредот проектира индикатори за вртење, информации за сообраќајот, моменталната и дозволената брзина, па дури и локациите на безбедносните камери во близина.rnrnСпоред производителот, на дисплејот автоматски му се прилагодува степенот на осветленост за да може инструкциите секогаш да бидат добро видливи за возачот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“

    Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“

    Фотоапаратот „Ubi“ е уште еден несекојдневен изум на Јапонците. Овој фотоапарат нема ниту дисплеј, ниту визир (viewfinder). Што ќе содржи вашата фотографија зависи од тоа како ќе ги поставите прстите, бидејќи во овој случај тие ја преземаат улогата која ја имаат визирот и дисплејот. Значи, палците и показалците се поставуваат во форма на правоаголник и со тоа се обележува рамката на фотографијата, а за да сликате потребно е да притиснете со палецот на копчето кое се наоѓа од страна.Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“Фотоапаратот има сензор кој го мери растојанието помеѓу лицето на фотографот и самиот фотоапарат. Измереното растојание се користи за зумирање. Иако зумирањето се прави дигитално преку компјутерот, потребно е да се знае колкаво е растојанието за да се постави соодветно и зумот.

    rn

    Засега фотоапаратот е поврзан со компјутер, но во иднина планираат да дизајнираат самостојна верзија. Уште една работа која планираат да ја променат е сензорот за растојание. Засега тие користат инфрацрвен сензор кој може да направи проблем при детекцијата на лицето на фотографот поради светлина од околината, па затоа планираат да го заменат со техниката на препознавање ликови.Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“Овој концепт е развиен од истражувачката група во јапонскиот институт за современа уметност и наука. Моменталната верзија на фотоапаратот е 1.0. Иако „Ubi“ има недостатоци и изгледа доста чудно и недоволно софистицирано, тој има потенцијал да премине во нешто воодушевувачко во следната 2.0 или 3.0 верзија.Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“Сосема нов начин на фотографирање со фотоапаратот „Ubi“

    rnrn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • BendDesk – работна маса и монитор во едно

    BendDesk – работна маса и монитор во едно

    „Свитканата маса“ (BendDesk) е прототип на интерактивен екран којшто сеуште е во развојна фаза од страна на медија групата од универзитетот RWTH aachen. Најчесто, типичната работна околина се состои од работна маса и монитор (со десктоп компјутер) или лаптоп на неа. Имајќи го предвид ова, BendDesk успева работната површина и мониторот да ги спои во еден уред.rn(1) BendDesk - работна маса и монитор во едноКористејќи мултитач технологија, екранот се превиткува од хоризонтална во вертикална површина. BendDesk е визија за работните маси коишто ќе ги користиме во иднината, притоа овозможувајќи континуирана интеракција на двете површини (вертикалната и хоризонталната). Оваа работна околина може да се користи за работа со најразлична дигитална содржина и мултитач интеракција и манипулација со истата.rn(2) BendDesk - работна маса и монитор во едно(3) BendDesk - работна маса и монитор во едно(4) BendDesk - работна маса и монитор во едно(5) BendDesk - работна маса и монитор во едно(6) BendDesk - работна маса и монитор во едноrnrn