КАФЕ ПАУЗА

Tag: дискусија

  • Знаете ли да учествувате во отворени дискусии? Со став, но и со спремност да го промените

    Знаете ли да учествувате во отворени дискусии? Со став, но и со спремност да го промените

    Автор: Калин БабушкуrnrnПред некој ден, на една од охридските плажи, имав една убава дискусија со пријателка која го имаше прочитано советот за срамот. Дискусијата беше многу отворена (едно мало појаснување: кога зборувам за отворена дискусија, мислам на искрена и без некоја позадина, без некоја зла намера или идеја дека треба некого да уверам во тоа дека мојот став е правилен, но и да бидам отворен и подготвен на промена на мојот став) и искренa, можеби поради тоа што долго време се познаваме, но мене ме поттикна да истражувам малку повеќе околу тоа – дали водиме отворени или затворени дискусии.rnrnznaete-li-da-uchestvuvate-vo-otvoreni-diskusii-so-stav-no-i-so-podgotvenost-za-promena-na-stavot-kafepauza.mkrnrnЗа жал, испадна дека во поголемиот број случаи, дискусиите не се многу отворени и се со однапред предвиден крај од тој/таа што ја започнале дискусијата. Тоа е така затоа што на соговорниците со кои имаме дискусија не им даваме многу време за подготовка, а и гледаме да си го истераме своето, но и поради тоа што не сме многу отворени за различни ставови од нашите. Ова последното е многу поврзано со нашиот став, генерално кој се сведува на: или ќе биде како што јас ќе кажам или нема да биде никако!rnrnПоттикнат од резултатите од тоа микроистражување, решив да споделам со вас совети како да имате отворена и искрена дискусија со вашите колеги, пријатели, роднини и итн.rnrn1. Одредете ја темата – Во зависност од тоа што сакате да се дискутира, ќе треба да ја дефинирате темата. Темата ќе помогне многу на сите барем малку да се подготват.rnrn2. Подготовка – Подгответе се за темата за која сакате да дискутирате, но споделете и со оние со кои сакате да дискутирате за темата, за да може и тие да се подготват.rnrn3. Одберете почеток – Ако веќе вие ја наметнувате дискусијата, тогаш бидете подготвени за почеток. Одберете прашања или аргументи што сакате да ги споделите со сите, и убаво образложете ги.rnrn4. Одржувајте ја живоста на дискусијата – Имајте секогаш „џокер“ во ракав и бидете подготвени да се „извадите“ со него кога ќе замре дискусијата. Одржувајте го тонусот на дискусијата цело време.rnrn5. Имајте аргументи – Со тоа што убаво ќе се подготвите. Немојте да бидете површни.rnrn6. Учете – Има многу работи кои можеби не ги знаете и бидете подготвени за учење. Не сте секогаш во право! Ако сакате може да ја водите дискусијата од познато во непознато, па пак во познато.rnrn7. Пријателски однос – Во зависност од дискусијата и дискутантите, имајте секогаш пријателски и отворен однос. Нормално, сето ова зависно од позицијата и од околината.rnrn8. Сумирајте – Сумирајте си сами на себе си или групно. Дополнително на ова, ако сте научиле нешто ново, гледајте да го запишете тоа или некако да го меморирате.rnrnШто и да правите, бидете од сега натаму отворени во дискусиите. Немојте завиено да зборувате. Никој не ви мисли лошо, а тие што ви мислат лошо, колку и да се пазите од нив, ви мислат лошо. Немојте поради таквите вие да се менувате.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како се однесува секој хороскопски знак во студентската клупа?

    Како се однесува секој хороскопски знак во студентската клупа?

    Кој од хороскопските знаци е најдобар студент? Кој поставува милион прашања за време на предавањата? Кој мисли дека знае повеќе од професорот? Прочитајте како се однесува секој хороскопски знак на факултет.rnrnКако се однесува секој хороскопски знак во студентската клупаrn

    Овен

    rnСе расправа со професорот и се обидува да поттикне страсна дебата помеѓу колегите, дури и ако темата на дискусија (на пример алгебра) не е баш спорна.rn

    Бик

    rnТрудољубиво си фаќа белешки и тивко се жали за недостатокот на структура на часот и за тоа како професорот ставил некое прашање во тестот минатата недела, кога рекол дека нема да го стави.rn

    Близнаци

    rnИмате некој колега кој постојано поставува еден тон прашања, а пред секое од нив дава вовед со некоја негова лична приказна во времетраење од 10 минути? Мора да е близнаци!rn

    Рак

    rnРаковите најчесто седат на средина од предавалната или се кријат зад нечиј грб, обидувајќи се да не бидат на радар, доколку професорот сака да им постави некое прашање на студентите. Претставниците на овој знак делуваат смирено и спокојно, но однатре всушност се постојано под стрес, поради можноста да треба да зборуваат пред целата група студенти.rn

    Лав

    rnЛавот е секогаш кловнот во групата, постојано кажува некои откачени смешки и вицови и така ја претвора најдосадната презентација на светот, во фантастичен перформанс, кој ќе го натера целиот клас да се смее на цел глас.rn

    Девица

    rnЖестоко фаќа забелешки и е целосно фокусирана на предавањата. За секоја нова лекција има пенкало во различна боја и постојано прашува за потврда кога ќе биде следниот тест, а симултано го проверува паметниот телефон, за да види што прават неговите/нејзините пријатели на социјалните мрежи.rn

    Вага

    rnМуабети со луѓето околу неа за сѐ и сешто, од оценки до планови за викендот. Дури на третото предупредување од професорот се смирува и почнува да следи со внимание.rn

    Скорпија

    rnСекогаш седи во последните клупи, набљудува и слуша внимателно. Можете да не чуете глас од неа, сè додека не се случи нешто за кое има цврсто изграден став. Тогаш гласно и јасно ќе чуете што има да каже.rn

    Стрелец

    rnБез разлика за што се дискутира, стрелците секогаш имаат да додадат нешто. Иако седат во школските клупи, со оглед на нивното знаење и сигурноста со која настапуваат, слободно можат да го заменат професорот.rn

    Јарец

    rnСекогаш седат во првите неколку клупи, обидувајќи се да ја следат лекцијата и запишувајќи сè што зборува професорот, за да не пропуштат нешто. Инстантно стануваат омилен студент на професорот.rn

    Водолија

    rnСекогаш се во улога на адвокат на ѓаволот, особено доколку е вмешано и мислењето на професорот. Постојано поставуваат предизвикувачки прашања и наоѓаат начин како да го привлечат вниманието кон другата страна на проблемот.rn

    Риби

    rnПостојано чкрткаат, обидувајќи се да воспостават контрола на нивниот ум кој постојано размислува. До крајот на часот, можеби немаат запишано ништо што кажал професорот, но сигурно имаат нацртано некое ремек-дело.

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #56

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #56

    Само една работа е сигурна за кафето… Каде и да се одгледува, продава, вари и консумира, таму ќе има жива дискусија, јаки размислувања и добра конверзација. – Марк Пендерграст

    rn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #56
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (2560×1600) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.
    rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?

    Како разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?

    Стоите во крукче од 5-6 луѓе. Случајно се најдовте таму, но се впуштивте во дискусијата и сè е добро до тука. Наеднаш заминуваат сите по нова порција јадење, а вие останувате во присуство на само една личност, која не ја познавате од претходно, на која дури ни името не ѝ го знаете. Незгодно… Како да го продолжите муабетот? Што да зборувате со некој за кого немате никакви сознанија? Дали и вие да појдете по нова порција јадење?rnrnКако разговарањето со непознати луѓе да ви биде помалку незгодно?rnrnСигурно многупати сте се нашле во ваква ситуација, без разлика дали сте на конференција од работа, на роденден кај другар/ка или на свадбата на вашиот втор братучед. Победете ги непријатните тишини и благото учтиво подигнување на врвовите на устата со сила. Еве неколку совети..rnrn1. Разговарајте за вас, за луѓето кои ги познавате од настанот на кој присуствувате, за да утврдите кој ви е заеднички познаник, дали некој колега, пријател или роднина.rnrn2. Поставувајте му прашања на соговорникот. Прашајте го нешто општо за животот, од каде е, со што се занимава, дали има некое хоби. Актуелните настани се секогаш добар двигател на разговори со непознати, па и со подобро познати луѓе. Нова градба, културна манифестација, актуелност од големо значење… Почнувајте ги речениците со: „Што мислиш за…“; „Имаш слушнато…“ и сл. Но, избегнувајте контроверзни теми и воздржувајте се од долги здодевни приказни.rnrn3. Ако забележите дека ви станува здодевно од она што го зборувате, веднаш престанете и преминете на друга тема.rnrn4. Слушајте повеќе одошто зборувате.rnrn5. Кога се среќавате со луѓе кои не ги знаете од порано, ограничете ги приказните што имате да им ги раскажете, зборувајте за скорешни случувања од вашиот живот. Од време на време, спомнувајте нешто во врска со она што моментално ве опкружува, интересната музика во позадина, вкусната храна што е сервирана итн.rnrn6. Имајте во ракав неколку интересни историски факти, на пример:rn

    Како дете, Алберт Ајнштајн ретко зборувал. Кога зборувал, тоа го правел многу бавно, дури ја вежбал секоја реченица во главата пред да ја каже како што треба на глас. Ова му се случувало до деветгодишна возраст. Неговите родители биле загрижени. Но, на крајот, една вечер додека јаделе, ја прекинал тишината велејќи: Супава е премногу жешка. На родителите многу им олеснило, па веднаш го прашале зошто дотогаш не проговорил ни збор, а тој одговорил: Бидејќи досега, сè беше како што треба.

    rn7. Сепак, не претерувајте. Никој не сака човек кој мисли дека знае сè.rnrn8. Долгите паузи се најдобар момент за „уфрлување“ некој историски факт. Повеќето луѓе би ве слушале со задоволство што и да имате да кажете, отколку да ја слушаат непријатната тишина.rnrn9. Следете си го сопствениот говор на телото. Луѓето кои изгледаат како да паднале од небо им предизвикуваат непријатно чувство на другите. Делувајте самоуверено и удобно во сопствената кожа, дури и кога не се чувствувате така.rnrn10. Дозволете им на непознатите луѓе да ве прекинат. Тие не се непристојни, туку ви помагаат во меѓусебното запознавање. Дозволете им да зборуваат и почекајте сигурен знак од нив за да ја продолжите вашата приказна.  Добро е ако тие ве поттикнат на ова, значи дека сакаат да ве слушаат.rnrn11. Ако сè друго не успее, зборувајте за времето бидејќи луѓето секогаш со леснина се поврзуваат на оваа тема. Секако, имајте предвид од какво место доаѓа соговорникот. Не сакате да му дадете несоодветен коментар за заладувањето на некој кој живее на север и во моментот седи спроти вас со кратки ракави.rnrn12. Имајте резервни изговори за културно да се тргнете настрана. Ова може да е нешто од типот: „Извини, ќе појдам да земам уште една пијачка“; „Ќе одам да земам нешто за јадење“ или „Би требало да одам да се поздравам со…“rnrnСè додека избегнувате лични, политички или контроверзни теми, барем додека се запознавате со луѓето, и имате идеја за прашањата кои сакате да ги поставите, вие можете да разговарате како вистински социјална личност.rnrnДополнително, може да ви бидат од помош и 12-те златни правила за пријатен разговор и 5-те чекори до поздрав социјален живот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што ги нервира колегите од работа?

    Што ги нервира колегите од работа?

    Погледнете што ги нервира вашите колеги од работа. Ако се пронајдете во некој дел од текстот, се разбира, потрудете се да не го правите тоа повеќе на работното место.rn

    Прислушување

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnКолегата зборува на мобилен, се допишува на скајп или пишува СМС, а вие упорно се врткате околу него обидувајќи се да дознаете што и на кого му пишува. Таквото однесување многу брзо се забележува, па затоа немојте да мислите дека вашата љубопитност ќе остане незабележана. Воздржете се од такви дејствија, особено на работа, бидејќи сигурно не сакате да ве бие лош глас на прислушкувач, нели?rn

    Фалење

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnИнформациите за тоа каква облека носи вашето момче, кој козметички салон го посетува вашата девојка, колку се паметни, интелигентни  и добри вашите деца оставете ги за поблиските, освен ако имате некоја многу блиска колешка која во исто време ви е и добра пријателка. Фалењето остава негативен впечаток во очите на колегите, па затоа држете се до некои општи теми кои сите би ги интересирале.rn

    Флертување по телефон

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНикој не сака да ве слуша како гласно флертувате со вашето момче или девојката. Тоа ве истакнува како личност, но во негативна смисла. Ако колегите ве слушнат како гласно флертувате по телефон, верувајте дека ќе бидете предмет на потсмев помеѓу колегите. Оставете ги нежните зборови за после работа.rn

    Чистење на грлото (хкм-кање)

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОва е можеби најфрустрирачката работа што дефинитивно ги нервира колегите. Доколку тоа го направите еднаш или двапати не е проблем, но ако го правите на секои две минути претставува и тоа каков проблем. Нервира и вознемирува. Ова важи и за другите звуци кои имате навика често да ги испуштате: шмркање, гласно воздивнување и сл.rn

    Злоупотреба на слушалките

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnДури и вашиот вкус за музика да се совпаѓа со вкусот на музика на вашите колеги, сепак не ги злоупотребувајте слушалките. Звукот нека биде подесен така да само вие ја слушате музиката. Ништо не ви дава за право да правите „журка“ кога другите работат. Ова исто така значи дека не е дозволено да си ги потпевнувате омилените референи од песните кои ги слушате на слушалките.rn

    Не јадете храна со зајадлив мирис

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНепријатно е ако јадете храна со зајадлив мирис кој ќе се шири низ работната просторија. Тука влегуваат хамбургери, виршли, зачинете сосови. Оваа храна оставете ја за дома, а на работа јадете јадења кои нема да предизвикаат гадење кај другите.rn

    Бесконечни дискусии за фудбалски натпревари и ТВ серии

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОвие разговори би биле прифатливи ако ги правите тивко за да не слушаат сите околу вас и со колеги кои ја делат истата страст за фудбал или серии. Сепак, обидете се овие муабети да не ви бидат секојдневни.rn

    Внимавајте на парфемите

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnСилните парфеми оставете ги за вечерните излегувања. На работа ставајте лесни и нежни парфеми кои нема да предизвикаат гадење кај колегите. Има некои луѓе кои се алергични на јаки и опојни мириси. Одржувањето на лична хигиена се подразбира.rn

    Не се смејте гласно

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnОбидете се да не се смеете гласно за сите колеги да ве слушнат. Освен што е непристојно, тоа дава слика за вас како несеризона личност и работник кој не е посветен доволно на работата.rn

    Гласно џвакање храна

    rnШто ги нервира колегите од работа?rnrnНикој не сака да ве слуша како џвакате мастика, како шмркате додека го пиете кафето или како сочно го јадете сендвичот. Тоа е непристојно и предизвикува нервоза кај тие кои се наоѓаат околу вас.