КАФЕ ПАУЗА

Tag: дина

  • Јапонската пустина

    Јапонската пустина

    Кој би помислил дека и во Јапонија има пустина? Ова всушност не е вистинска пустина, туку огромен песочен нанос кој изгледа фантастично. Дината се наоѓа во близина на градот Тотори на островот Хоншу, Јапонија. Распространета е на 30 квадратни километри, што воопшто не е мала површина.rnrnЈапонската пустинаrnrnПесочните дини во Тотори се создадени преку пренесување на наталожениот песок на планините Чугоку преку реката Сендаи во Јапонското море. Морските струи потпомагаат песокот од дното на морето да се искачува кон брегот, каде што ветерот го прераспределува во различни форми. Највисоката дина е со надморска височина од 90 метри. Иако технички ова не е пустина, сепак во летните топли денови, температурата на песокот може да се искачи до 50 Целзиусови степени. На нејзе растат и растенија кои можат да успеат во тие услови, а може да се најде и по некое специфично животно.rnrnЈапонската пустинаЈапонската пустинаrnrnДините постојат повеќе од 100.000 години, но нивната површина постојано се намалува поради владината програма за пошумување, која е направена по Втората светска војна. Покрај тоа, има и бетонски бариери подигнати за заштита на брегот од цунами, кои ги спречуваат морските струи да доведуваат нови количества песок на брегот.rnrnЈапонската пустинаЈапонската пустинаrnrnОваа мини пустина привлекува повеќе од 2 милиони посетители секоја година, главно од Јапонија или од Источна Азија.rnrnЈапонската пустинаЈапонската пустинаЈапонската пустинаЈапонската пустинаЈапонската пустинаЈапонската пустинаЈапонската пустинаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.