Оваа техника, позната како Декартов квадрат, се покажала како многу успешна кога станува збор за донесување тешки одлуки. Поентата е да се направи анализа на проблемот или ситуацијата согледувајќи ги од различни агли со помош на само четири прашања.rnrn
rnrnСè што треба да направите е искрено да ги одговорите следниве 4 прашања:rnrn1. Што ќе се случи ако го направам тоа? (Што ќе добијам од тоа?)rnrn2. Што ќе се случи ако не го направам тоа? (Дали сè ќе остане исто? Кои се предностите ако не го направам тоа?)rnrn3. Што нема да се случи ако го направам тоа? (Кои се негативните последици ако го направам тоа?)rnrn4. Што нема да се случи ако не го направам тоа? (Кои се негативните последици ако не го направам тоа?)rnrnОсобено бидете внимателни кога ќе го одговарате четвртото прашање. Мозокот ќе се обиде да ја игнорира дуплата негација и вашиот одговор може да биде сличен како оној на првото прашање. Не дозволувајте да се случи ова!rnrnСигурно се прашувате зошто оваа техника е толку ефективна? Проблемот е во тоа што кога ќе се најдете во ситуација која бара од вас да донесете тешка одлука, најчесто заглавувате на првото прашање „што ќе се случи ако го направам тоа?“. Декартовиот квадрат ни овозможува да го согледаме проблемот од четири различни гледни точки со цел одлуката што ќе ја донесеме да биде што е можно порационална.rnrnНареден пат кога ќе се најдете пред тешка животна дилема и нема да знаете како да постапите, сетете се на Декартовиот квадрат. Проширете ги вашите видици и разгледајте го проблемот од секој можен аспект. Одлуката што ќе ја донесете несомнено ќе биде онаа вистинската.
Tag: дилема
-

Неверојатно лесна техника која ќе ви помогне при донесувањето тешки одлуки
-

Дознајте што тој мисли за вас според времето кое му е потребно да ви врати на пораката
Му пративте СМС порака и по 4 часа сè уште нема одговор. Милион мисли ви се вртат во глава: каде е, што прави, со кого е, зошто не враќа, да не е со друга, да не ви е лут… Одеднаш почнувате да паничите и се доведувате себеси до лудило! Знаете дека не е на работа, но непријатно ви е да му заѕвоните затоа што сè уште не сте толку блиски и не сакате да изгледате параноично и опсесивно. Овие неколку совети ќе ви ја разрешат дилемата околу тоа што тој чувствува за вас според тоа кога ви вратил на пораката.rnrn
rnАко ви врати веднаш
rnОдговорот тука е повеќе од очигледен. Навистина многу му се допаѓате и вие сте му приоритет. Единствениот проблем е дали и вам толку многу ви се допаѓа или мислите дека е малку нападен и очаен? Постојат две можности: Или е некој кој нема работа, хоби и пријатели, па секогаш е достапен и одвај чека некој да му пише, или е некој чија реакција е „Еј, супер! Сандра ми пиша. Многу е интересна.“ Тука се зависи од погледот кон работите и од тоа дали сте на иста бранова должина.rn
Ако ви врати за неколку минути
rnОва е нормално за повеќето луѓе кои имаат чувства еден за друг, бидејќи значи дека не дремат со телефонот во рака, но го проверуваат доволно често за да видат да не случајно некој важен (вие) им пишал. Или тоа, или спие на телефон, но чека да поминат барем 5 минути пред да врати за да не изгледа премногу очајно.rn
Ако ви врати еден час подоцна
rnПовторно и овој случај е сосема нормален. На сите ни се случува понекогаш да видиме дека некој ни пишал, но сме премногу изморени и не сакаме да вратиме веднаш, или едноставно ни е потребен одмор од каква било интеракција со луѓе. Како и да е, сепак е во границите на нормалата и можете да бидете сигурни дека тој е заинтересиран за вас.rn
Ако секогаш ви враќа во истиот временски интервал точен како часовник
rnСте забележале ли некогаш дека некој ви враќа точно за 67 минути и тоа секогаш се случува? Постои можност да се работи за случајност, но можно е и да прочитал некаде дека 67 минути е идеалното време да се врати на порака ако сака да ја освои девојката. Во секој случај, станува збор за благо опсесивно компулсивно нарушување за кое вреди да поразговарате.rn
Ако понекогаш ви враќа веднаш, но се случува да ви врати и 12 часа подоцна
rnАко почесто се случува да ви врати веднаш, а тогаш кога ви вратил подоцна имал добра причина за тоа, тогаш нема за што да се грижите. Но, ако тој не дава никакво образложување зошто толку доцна вратил на пораката, ќе почнете да се чувствувате збунето и да се прашувате дали тој можеби се гледа со уште неколку девојки истовремено. За да не се измачувате себеси, најдобро е отворено да го прашате на што сте.rn
Ако ви врати наредниот ден
rnДоколку ова се случи, може да делува малку чудно и загрижувачко но сè уште немојте да кревате паника. Понекогаш се случува луѓето да се премногу зафатени и едноставно да заборават да одговорат на пораките или се премногу уморни и веднаш откако ќе се вратат дома заспиваат, без да остават ни трага ни глас. Се случува, без грижи.rnrn
rnАко ви врати неколку дена подоцна
rnОва е малку загрижувачко бидејќи речиси секој човек на планетава „виси“ на телефон 24/7. Така што ако чекал неколку дена да ви одговори, или не сака да помислите дека е премногу заинтересиран за да не изгледа очајно или едноставно не му се допаѓате толку.rn
Ако ви врати недела подоцна како да работи во сервис за јавни услуги на огромна корпорација
rnОсвен ако пораката не гласи: „Еј, цело мое семејство загина во драматична авионска несреќа“, ова најверојатно значи дека воопшто не е заинтересиран да разговара со вас, но тогаш се почувствувал осамено и си помислил дека една недела е сосема прифатливо време за да си ги проба шансите. Вие не сте на закачалка! Не му одговарајте!rn
Ако ви врати после толку долго време што вие сте му го избришале телефонскиот број
rnОва е дефинитивно едно големо не. Можете да бидете сигурно дека тој воопшто не бил заинтересиран за вас, продолжил понатаму, се гледал со неколку други девојки, раскинал со нив, и една вечер се почувствувал осамено и си рекол: „Еј сè уште го имам бројот на девојкана од пред неколку месеци. Ќе ѝ пратам СМС, сигурно ќе умре од среќа.“ Не. Не паѓајте на ова, заслужувате многу подобро.
-

Конфузии и дилеми – мистеријата на првиот состанок
По малку нервозно шмркам од кафето навлегувајќи во една тема за размислување. Стојам и гледам во празно, како некој чудак, Бог знае како изгледам од страна… Си мислам колку би било добро да си имаме прирачници за однесување. Не зборам за бонтон или некакви културни изрази на највисоко ниво, туку за она најобичното секојдневие. Сите оние „непишани правила“ да си бидат запишани некаде и тоа нека се продава како книга, како прирачник, како правилник…rn
Постојат купишта текстови кои те советуваат за одредени теми, конкретно она за што јас размислувам во последно време – првите состаноци. И јас самата сум пишувала совети за првиот состанок, но сето тоа применето во пракса не е толку едноставно, признавам. Ниту во тоа што јас сум го пишувала, ниту во еден куп други текстови кои сум ги читала, не е јасно кажано за очекувањата од првиот состанок и како тој треба да заврши. Некои си експерти ќе набројат одредени изрази, движења со телото и знаци кои покажуваат одобрување, но од кај да знаеш дека тоа е тоа? А најчесто ова паѓа на товар на мажите.
rn

rn
Што очекуваме од првиот состанок? Мажите со сигурност очекуваат секс, или не? Во ред, можеби и други работи им се значајни, но пред сè – секс! А жените? Најверојатно бакнеж за добра ноќ… И колку всушност тој прв состанок може да биде опуштен? Јас би рекла дека не поминува баш во најопуштена атмосфера, зашто се ставаме под притисок да импресионираме некого. Свесно или не, без разлика дали ќе признаеме, нашата цел е таа – да импресионираме и бидеме импресионирани.
rnНајлошиот совет за прв состанок – бидете свои! Всушност тоа воопшто не е некој совет, ни за првиот состанок ниту за што било во животот. Според мене, кога некој ќе ти го рече ова, нема многу време да се занимава со тебе – Биди свој, и тоа е тоа! Да, сигурно, е тикви е тоа тоа! Не велам дека треба да бидеме големи хипокрити, лажливци и преправачи, но мора да имаш одредена доза на претпазливост и да не се откриваш целосно. Ако уште веднаш си ја соголиш душата пред некого, готово е – ти ја откри „цаката“ и нема бегање. Плус, да бидеш свој значи и откривање на твоите луди страни, а не секој може да ги поднесе доколку не те познава добро. Затоа мафнете го овој совет, не бидете свои, бидете претпазливи, вистински ќе ве запознае оној кој ќе го заслужи тоа. Но не навлегувајте во преправање дека сте нешто што ни од далеку не сте!rnrnЕ сега, како ќе заврши состанокот, тоа е веќе дилема, па и трилема, и колку повеќе му ја мислиш, толку позафркнато излегува. Сигурно сте се соочиле со ситуација каде од авион се гледа колку и на двете страни им е непријатно при поттикнувањето на тој фамозен „прв чекор“. На мажите, кои отсекогаш сум ги сметала за визуелисти и фантазери, се обложувам дека сè и сешто им се врти во умот. Додека ти им зборуваш за твоето омилено хоби, во нивните мисли сте заедно во кревет. Па така е, да не се лажеме, не сме деца. А во денешно време како да сме уморни од излегување и запознавање, од правење муабет, па веднаш преминуваме на „главното“, како да ќе ни избега возот. Но дали ние жените сме така добри и наивни и колку храброст ù треба на жената за да го преземе првиот чекор, да даде до знаење дека е подготвена за нешто повеќе? Е не е исто со мажите и жените. Се сеќавате на зборовите на Кери Бредшо во „Сексот и градот“?rnrn
„Кога мажите употребуваат храбри потези, тоа се смета за романтично, а кога жените го прават тоа, тие изгледаат очајно.“
rnИ навистина е така, а мажите се подготвени на толку многу работи за да го добијат посакуваното. Кога жената се стреми кон она што таа го посакува тоа веќе е друга приказна. Јас би предложила да почнеме храбро да си ги преземаме првите чекори, ама со онаа наша женственост и самоувереност, кај ќе бегаат тогаш?rnrnИ како да се заврши тој фамозен прв состанок, и што после него? Јас би советувала да не се презема пребрзо првиот чекор. Другата страна може да биде несигурна или да оформи погрешно мислење за вас. Но ако го одложувате, со сигурност ќе останете во онаа фаза на пријатели. Никако не ја бива… И што правиме сега, ќе ни треба тој прирачник кој го споменав на почетокот? Ма не, вака ни е позабавно. И да избрзаме можеме да се повлечеме, да си кажеме шега на наша сметка… а ако ни се завлечкаат работите ќе ги убрзаме. Некогаш без никакви финти и скриени знаци отворено ќе си позборуваме, картите на маса и тоа е тоа! Ништо страшно! Значи, намерно ја оставаме оваа конфузија околу првиот состанок неразрешена, чисто онака за да ни биде поинтересно.rnrnСега кафето можеме на раат да го пиеме и да не му ја мислиме многу, што бидне нека бидне.rnrnДо следното читање, она што јас ви го посакувам е успешен прв состанок. 🙂rnrnВашата Ели.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Дилемата (The Dilemma)
Филм за неверството и за дилемите кои можат да произлезат од него и да нè доведат во многу непријатни ситуации…rnrn
Режија: Рон ХауардrnrnСценарио: Алан ЛебrnrnУлоги: Винс Вон, Кевин Џејмс, Винона Рајдер, Џенифер Конели, Квин ЛатифаrnrnВреметраење: 118 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 14 јануари 2011rnrnЖанр: драма, комедијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
Неретко денот ни започнува со дилеми. Некои се навистина смешни, но некои ни задаваат вистински главоболки. Се двоумиме што да облечеме, по кој пат да одиме на работа, дали да пиеме кафе или чај… Ова ви звучи лесно решливо, но како би постапиле ако сте сведок на неверство? rnrnШто би направиле ако сопругата на вашиот најдобар пријател ја затекнете со нејзиниот љубовник? Би му кажале ли дека го изневерува или би премолчиле и би продолжиле понатаму како ништо да не се случило? Сте се довеле ли некогаш во таква дилема? Оваа тема е интересна и за филмаџиите. Режисерот Хауард, преку овој филм се обидува на неверството да му даде една комична нишка, низ згодите и незгодите на главниот лик, кој од една дилема влетува во нова…rnrn
rnrnrnПриказна: Бизнисменот Рони (Винс Вон) и инженерот Ник (Кевин Џејмс) се пријатели од студентските денови и бизнис партнери во мала фирма за дизајн на автомобили. Работат на сериозен проект за моќна компанија, со цел конечно да се пробијат на пазарот и добро да заработат. Рони се подготвува да ù предложи брак на неговата девојка Бет (Џенифер Конели), мотивиран од сопругата на најдобриот пријател, Џенева (Винона Рајдер).rnrnИ сè е како во бајките, додека Рони не ја здогледа Џенева како се бакнува со друг, во ботаничката градина во која тој го планира романтичното запросување на Бет. Тука започнуваат проблемите. Станува свесен дека Џенева води двоен живот, во еден момент е мила и скромна сопруга на неговиот најдобар пријател и колега, а во друг таа се претвора во опасна љубовница.

Рони бара начин како да му соопшти на Ник дека сопругата го изневерува. На тој пат од една дилема влетува во нова. Ѝ кажува на Џенева дека знае за нејзината љубовна афера и ја убедува дека тоа мора да му го признае на сопругот. Но, наидува на жесток отпор. Таа му се заканува дека ако се обиде да ја издаде нејзината тајна, ќе му го расипе пријателството со Ник.

Пред воопшто да се забавува со Ник, Џенева била во куса врска со Рони. Но, нивната авантура никогаш не му ја откриле на Ник, за да не го повредат и да го поштедат од непријатностите. Ова Џенева подоцна го користи како оружје против Рони, со цел нејзината афера да остане во тајност. Рони започнува да ја следи и да собира докази, надевајќи се дека со тоа ќе им стави крај на лагите во кои живее неговиот најдобар пријател, кој пак, е убеден дека одлично ја познава сопругата. Додека го прави тоа, Рони се доведува во безброј незгодни ситуации, со кои ризикува да ја изгуби Бет. Дел од нив и не се толку комични…
Глума: Ова е уште една одлична глума на Винс Вон и на Кевин Џејмс. Повторно покажаа дека овој жанр е нивното вистинско лице. Воопшто не се спорни ниту актерските способности на Винона Рајдер и на Џенифер Конели. И двете актерки одлично го одиграа својот дел, иако ќе се согласите дека комедиите не им лежат баш најдобро. Но, да речеме дека сме навикнале да ги гледаме во едно поинакво светло, па премногу очекуваме од нив кога ќе ги видиме надвор од него. Незаборавно е и појавувањето на Квин Латифа. Ја има во само неколку куси сцени, но доволни за да остави силен впечаток со нејзината неверојатна харизма. Тука е и младиот Ченинг Метју Тејтум, кој одлично глуми наивен љубовник. Улогата е како скроена за него.
Кога и како да го гледате: „Дилемата“ може да го гледате во кое било време, но најдобро е тоа да го сторите на крајот од работната недела или за викенд. Можеби и вам ќе ви разбуди некоја дилема, но и слатко ќе ве изнасмее и опушти после напорната работна недела.
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.