КАФЕ ПАУЗА

Tag: дијабетес

  • Науката ја реши долгата дебата: Полномасните млечни производи се поздрави од немасните

    Науката ја реши долгата дебата: Полномасните млечни производи се поздрави од немасните

    Како многу други здрави работи така и немасното млеко, односно млекото со 0% заситени масти не изгледа толку привлечно и се толерира како додаток во исхраната исклучиво поради тоа што се смета за здраво. Но, што ако полномасното млеко е поздраво? Резултатите добиени од последните научни истражувања спроведени на оваа тема конечно го ставија крајот на долготрајната дебата помеѓу немасните и полномасните млечни производи.rnrnНауката ја реши долгата дебата: Полномасните млечни производи се поздрави од немаснитеrnrnСпоред студијата објавена во научниот журнал „Circulation“, луѓето кои консумираат полномасни млечни производи како што се млекото, јогуртот и сирењето имаат многу помала шанса да заболат од дијабетес тип 2 отколку оние кои практикуваат да јадат немасни млечни производи.rn

    „Луѓето кои имаат најмногу полномасни млечни производи во нивната диета имаат дури до 50% помал ризик да развијат дијабетес, во споредба со оние кои консумирале малку млечни производи или немасни млечни производи“ , вели еден од истражувачите.

    rnСтудијата не објаснува зошто ризикот е намален освен тоа дека е, но еден фактор кој придонесува може да биде кога луѓето се одлучуваат за навидум незаситени, немасни млечни производи, ги заменуваат мастите кои не ги внесуваат со консумирањето шеќери и јаглени хидрати, што е многу полошо.

  • Дијабетeс: Факти и митови за шеќерната болест

    Дијабетeс: Факти и митови за шеќерната болест

    Шеќерна болест? Сите веруваме дека знаеме што е дијабетесот. Заболените секојдневно вбризгуваат инсулин и се хранат исклучиво со посебна храна за дијабетичари. Но, не е баш така. Дојде време да видиме кои се фактите, а кои само митовите за оваа болест.rnrn(1) dijabetis-fakti-i-mitovi-za-shekjerna-bolest-kafepauzamkrn

    1. Дијабетес? Па тоа е неизлечлива шеќерна болест

    rnИ точно и погрешно. Точно е дека дијабетесот е познат и како шеќерна болест. Своето второ име, дијабетесот го должи на фактот што луѓето кај кои дијабетесот не е третиран, урината има сладок мирис. До оваа појава доаѓа поради постоење вишок количини шеќер во крвотокот и неможноста на телото тоа добро да го филтрира и во овој случај, бубрезите се принудени да работат прекувремено. Дијабетесот може да се држи под контрола. Но сепак, ова хронично нарушување на метаболизмот не е безопасно. Висок крвен притисок, инфаркт или мозочен удар се само некои од последиците кои може да настанат како придружни елементи на ова заболување. Бубрезите и очите, исто така, не се поштедени. Секоја шеста секунда во светот умира по една личност заболена од дијабетес.rn

    2. Секој што јаде премногу слатки, ќе добие дијабетес. Или?

    rnНе баш. Важно е да се нагласи дека постојат различни видови на дијабетес кои имаат различни механизми на појавување. Кај дијабетесот тип 1, телото како последица на генетско нарушување, произведува недоволна количина инсулин. Кај дијабетесот тип 2, телото не е во можност правилно да го обработи инсулинот. Освен овие два основни типа, постојат и помалку распространети варијанти, како што е на пример, дијабетесот во бременост. Дијабетес тип 2 е наследен и го имаат 90% од вкупната бројка на дијабетичарите. Овој тип дијабетес настанува во комбинација со прекумерна тежина, недоволна физичка активност и неправилна исхрана богата со слатки кои содржат „лоши“ масти и „лоши“ јаглехидрати. Значи, интеракцијата на сите овие фактори резултира со појава на дијабетес, а шеќерот сам по себе не е причинител.rn

    3. Од дијабетес заболуваат само луѓето со прекумерна тежина

    rnОвој податок воопшто не е точно. Точно е дека ризикот од заболување, кога зборуваме за дијабетес тип 2 е двојно поголем кај луѓето со прекумерна тежина. Кај изразито покрупните луѓе тој ризик е дури трипати поголем. Сепак, метаболизмот на повеќе од една четвртина од луѓето со прекумерна тежина останува здрав. Со други зборови, ова значи дека и други фактори, како што се генетските предиспозиции и годините влијаат на појавата на дијабетесот.rnrn(2) dijabetis-fakti-i-mitovi-za-shekjerna-bolest-kafepauzamkrn

    4. Дијабетес е болест на богатите земји

    rnСосема неточно. Дијабетесот и заболувањата поврзани со него се светски проблем кој е константно во пораст. Ова особено се однесува на дијабетес тип 1. Причините за тоа се нејасни. Меѓународното здружение на лица заболени со дијабетес во 2014 година броело 387 милиони членови, од кои 80% живееле во средно развиени земји и земји во развој.rn

    5. Од дијабетес заболуваат само старите луѓе

    rnНеточно. Вистина е дека мелитус дијабетесот почесто ги погодува старите луѓе, но дијабетес тип 1 и тип 2 ги има кај сите старосни групи. На годишно ниво, се регистрираат околу 2.000 нови случаи на тип 1 кај деца до 14 години.rn

    6. Сите дијабетичари мораат секојдневно да примаат инсулин

    rnТочно и неточно. Дијабетичарите од тип 1 мораат секојдневно да внесуваат инсулин бидејќи нивното тело веќе не е во состојба да го произведува овој хормон. Кај дијабетичарите од тип 2 тоа не е неопходно во моментот на дијагноза бидејќи телото некое време успева да ја компензира инсулинската резистенција со тоа што произведува повеќе количини од хормонот. После неколку години, панкреасот се заморува и количината на хормон што ја произведува, драстично опаѓа. Тоа е моментот кога дијабетичарите од тип 2 мора да почнат со внесување инсулин во своето тело.rnrn(3) dijabetis-fakti-i-mitovi-za-shekjerna-bolest-kafepauzamkrn

    7. А кога ќе снема инсулин, станува драматично

    rnНедостатокот на инсулин не се доживува толку драматично колку што е прикажано во филмовите. Сцените на грчење кои најчесто се прикажани во филмовите како последица на невнесен инсулин, всушност се хипергликемија, односно недостаток на гликоза во крвта. Хипергликемијата, патолошки зголеменото ниво на гликоза во крвта, кај дијабетичарите предизвикува жед, главоболка, исцрпност, па дури и мачнини поврзани со грчеви во желудникот.rn

    8. Луѓето што боледуваат од дијабетес мора да консумираат специјална храна за дијабетичари

    rnПогрешно. Во последно време, на полиците на супермаркетите, имаме прилика да видиме сè повеќе производи со ознака „за дијабетичари“, „без шеќер“ или „со малку масти“. Ниту еден од овие производи не се препорачува за личност што боледува од дијабетес. Во некои земји, дури и со закон е забрането декларирање на прехранбени производи „за дијабетичари“, бидејќи така се доведуваат заболените во заблуда. За дијабетичарите важат истите правила за здрава исхрана, како и за здравите луѓе: Многу вода и овошје, а шеќер и сол во разумни количини.rn

    9. Дијабетесот е неизлечлив

    rnТочно. Лицата кои се заболени од дијабетес тип 1 се зависни од инсулин до крајот на својот живот. Ситуацијата кај дијабетес тип 2 е малку поинаква. Прекумерната тежина и недоволната физичка активност ја забрзуваат болеста, но здравата исхрана може многу да ја забави. Тоа значи дека со многу самоконтрола, дијабетесот може да се доведе до состојба на мирување, но хируршки интервенции или целосно отстранување на болеста е сè уште невозможно.

  • Митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате

    Митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате

    Сигурно многупати сте прочитале дека консумирањето шеќер е штетно за здравјето, дека од него страдаат забите и се појавуваат акни и мозолчиња. Но, постојат многу митови и невистини дека консумирањето шеќер предизвикува одредени последици и дека влијае на здравјето воопшто.rnrn2-mitovi-za-shekjerot-vo-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_rnrnПрвиот таков мит е дека шеќерот е одговорен за хиперактивноста. Овој мит е толку популарен и всаден во мозокот на луѓето ширум светот, па многу родители веруваат дека ако им дадат парче кекс или чоколадо на своите деца тие ќе „полудат“, ќе добијат енергија и ќе започнат да дивеат по куќата. Ова верување настанало поради тоа што слатките најчесто се консумираат на прославите како што се: родендени, забави, слави, венчавки или крштевки. Па затоа, логично е тогаш луѓето, но и децата малку да „полудат“, повеќе да се расположат и да подиват. Доброто расположение нема врска со шеќерот или слатките, а секако шеќерот не е одговорен за доброто или лошо расположение.rnrnУште едно погрешно верување е дека шеќерот предизвикува дијабетес. Дијабетесот најчесто е наследен, а го предизвикуваат и нездравите навики, начинот на живот и лошиот избор на производи. Имајте на ум дека ако јадете многу чоколади тоа не ве прави кандидат за дијабетичар.rnrn1-mitovi-za-shekjerot-vo-koi-vednash-treba-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_rnrnВо желба да ослабете, сигурно најпрво ќе се определите во чајот или кафето да ставате кафеав наместо бел шеќер, бидејќи некаде сте прочитале дека е поздрав и помалку калоричен од белиот шеќер. Кафеавиот шеќер содржи многу адитиви, вештачки бои и многу е понездрав од белиот. Лага е дека белиот шеќер е високо калоричен и дека се дебелеете од него.rnrnУште едно верување кое не само што е обичен мит, туку и ќе влијае штетно врз вашето здравје е дека треба да го избегнувате овошјето, бидејќи е преполно со сахароза. Овошјето е полно со влакна и да, содржи шеќер, но тој шеќер е природен и не е исполнет со адитиви и нездрави состојки од кои се направени некои слатки, џемови, кремови и слично. Овошјето содржи влакна кои ќе ви помогнат да го стабилизирате холестеролот и да го изедначите шеќерот во крвта. И затоа треба да консумирате овошје секогаш кога ќе имате прилика.

  • Болести кои може да ги предизвика долгото седење

    Болести кои може да ги предизвика долгото седење

    Дали сте знаеле дека долготрајното седење носи дополнителен ризик од одредени болести и дека тој проблем не може да се реши со вежбање? Истражувањата покажале дека ризикот од болести со шеќерот и заболување на срцето расте за 1/4 со секој час поминат на столица, без разлика дали сте физички активни или не. Експертите велат дека е многу важно по 45 минути седење да направите барем 5-минутна пауза со цел да го спречите лошото влијание врз вашето тело.rnrnБолести кои може да ги предизвика долгото седењеrn

    Рак

    rnСедењето може да биде причинител на неколку видови рак. Според една теорија, неактивните клетки можат да се зголемат вон контрола и на крај да резултираат со појава на карцином.rn

    Болести на срцето

    rnОваа болест се развива со децении. Луѓето кои поминуваат многу време во седечка позиција имаат дупло поголема опасност за развивање срцеви заболувања.rn

    Нарушување на работата на панкреасот

    rnСедењето им оневозможува на мускулите ефективно да комуницираат со панкреасот, а со тоа се губи и контролата на нивото на гликоза. Во овие ситуации се лачи многу повеќе гликоза отколку што е потребно и токму тоа може да доведе до дијабетес.rn

    Насобирање сало околу стомакот

    rnСедењето е совршен начин да соберете маснотии околу вашиот стомак. И покрај тоа што ова не е здраво, тоа и не изгледа убаво на вашето тело.rn

    Слаба циркулација

    rnСлабата циркулација доведува до појава на тромбоза, што може да резултира со згрутчување на крвта која може да се прошири и до другите делови на телото.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Претераното спиење може да доведе до голем број ризици за вашето здравје

    Претераното спиење може да доведе до голем број ризици за вашето здравје

    Малку е тешко да се поверува дека може да постои премногу спиење, бидејќи поголемиот дел од нас понекогаш се чувствуваме како постојано да ни фали сон. Но, за големо изненадување, може да се претера и со сонот. И покрај тоа што е екстремно тешко да се одреди колку е „вистинската“ количина на сон, голем број истражувања покажале дека на повеќето возрасни им е потребно некаде помеѓу 7 и 9 часа за да можат потоа да функционираат оптимално. Доколку редовно спиете повеќе од 9 часа, тоа може да биде знак на одредена медицинска состојба, но дури и сè да е во ред со вас, се изложувате на голем број ризици по вашето здравје. Откријте кои се најголемите проблеми кои можат да настанат доколку премногу спиете…rnrnПретераното спиење може да доведе до голем број ризици за вашето здравјеrn

    Се зголемува ризикот од депресија

    rnВо 2014 година била спроведена една студија на возрасни близнаци каде што истражувачите откриле дека спиењето повеќе од 9 часа во текот на ноќта може да го зголеми ризикот за развивање депресија и до 49%.rn

    Може да влијае негативно врз вашиот мозок

    rnЕдна студија од 2012 година ни открива дека постарите жени кои континуирано спиеле повеќе од 9 часа секоја вечер (или помалку од 5) во период од 6 години искусуваат влошување на функционалноста на нивниот мозок.rn

    Потешко е да забремените

    rnВо 2013 година, истражувачки тим од Кореа ги анализирал навиките за спиење на повеќе од 650 жени кои поминувале низ ин витро оплодување. Тие откриле дека шансите за бременост биле поголеми кај оние жени кои спиеле од 7 до 8 часа, а најмали кај оние кои спиеле од 9 до 11 часа.rn

    Претераното спиење може да го зголеми ризикот за дијабетес

    rnВо една мала студија спроведена во Квебек, истражувачите откриле дека луѓето кои спиеле повеќе од 8 часа во текот на вечерта имале поголеми шанси при развивање дијабетес од тип 2 или намалена толерантност на гликозата во период од 6 години, за разлика од оние кои спиеле помеѓу 7 и 8 часа во текот на вечерта.rn

    Може да предизвика покачување на телесната тежина

    rnИстите истражувачи од Квебек во период од 6 години ја набљудувале и телесната тежина на своите испитаници. Тие откриле дека оние кои спиеле од 9 до 10 часа секоја вечер имале 25% повеќе шанси да качат 5 килограми, дури и доколку биле на одреден режим на исхрана и физички активни.rn

    Негативно влијание врз срцето

    rnЕдно истражување од 2012 година ни покажува дека спиењето над 8 часа секоја вечер може да се поврзе со зголемен ризик од различни срцеви заболувања. Истражувачите ги анализирале податоците од над 3.000 луѓе и откриле дека оние кои спијат многу имаат поголем ризик од развивање ангина како и болест на коронарната артерија.rn

    Претераното спиење може да доведе до рана смрт

    rnВо 2010 година истражувачите направиле ревизија на 16 различни студии кои вклучувале 1.382.999 испитаници и откриле дека ризикот од рана смрт кај оние кои спиеле повеќе од 8 часа во текот на вечерта е 1,3 пати поголем.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • 7 причини да го загубите големиот стомак што побргу

    7 причини да го загубите големиот стомак што побргу

    Изгледот е првата причина поради којашто многумина копнеат да го загубат својот стомак. Сепак, има уште причини поради кои треба повеќе да се ангажирате околу тоа.rnrn7 причини да го загубите големиот стомак што побргуrn

    1. Најлошото сало е на стомакот

    rnСалото кое се складира на стомакот е поинакво од она на другите делови од телото. Тоа носи повисок ризик за заболувања поради тоа што испушта воспалителни соединенија коишто ја зголемуваат можноста за појава на голем број болести. Покрај тоа, се зголемува и ризикот од смрт од која било причина.rn

    2. На пат кон проблеми со метаболизмот

    rnАко имате стомак, веќе сте на пат кон сите проблеми со метаболизмот, односно неспособност на телото да ја складира и троши енергијата која се внесува во него. Кога ова ќе се случи, тоа е прогноза дека во иднина ќе дојдат проблеми со кардиоваскуларни болести, дијабетес и рак.rn

    3. Го зголемува ризикот за рак на дојката

    rnСалото на стомакот го зголемува ризикот од рак на дојката, и тоа не само кај жените туку и кај мажите. Тоа е можно поради тоа што високиот процент на масти во телото стимулира создавање на ензим кој тестостеронот го претвора во естроген. Колку повеќе масти имате, толку повеќе ќе имате естроген во телото, а тој ги храни заболените клетки од рак во дојката. Други последици на зголеменото излачување на естроген кај жените се и болен менструален циклус, лошо расположение и проблеми со спиењето. Кај мажите поради недостатокот на тестостерон се забележува зголемување на градите, недостаток на енергија и неможност за сексуално возбудување.rnrn7 причини да го загубите големиот стомак што побргуrn

    4. Драстично се зголемува ризикот од дијабетес

    rnПри едно истражување, научниците од Сингапур откриле дека од 2.000 испитаници дури 643 ги имале развиено факторите кои водат до дијабетес уште пред да наполнат 33 години. Тие ја докажале врската помеѓу масните наслаги и дијабетесот и потврдиле дека оние кои имаат проблем со стомакот додека се млади и имаат помалку од 30 години, имаат и многу поголеми шанси да заболат од оваа болест.rn

    5. Предизвикува еректилни дисфункции

    rnОсвен што ја намалува самодовербата поради изгледот, салото на стомакот се поврзува и со еректилните дисфукнкции. Кај овие мажи тие се појавуваат 10 или повеќе години порано отколку кај мажите кои имаат нормална телесна тежина. Кога тоа ќе се искомбинира со дијабетесот, процентот на мажи со ваков проблем се искачува на 75%.rn

    6. Проблеми со срцето

    rnДобро е познато дека голем стомак значи големи проблеми со срцето. Зголемената телесна тежина е голем стрес за срцето. Замислете здрав човек кој постојано на грбот носи вишок од 15 килограми кои не се негови. Неговото срце сигурно брзо би се уморило. Така е и во оваа ситуација. Срцето работи најдобро на нормална телесна тежина, а доколку не е така тоа има проблеми со примањето на крв и кислород. Последица од тоа е срцев удар.rn

    7. Ризик од деменција и Алцхајмерова болест

    rnЛуѓето со стомаци имаат неверојатни 250% поголеми шанси да заболат од деменција и Алцхајмерова болест во споредба со здравите луѓе. Еден ист ензим е одговорен за црниот дроб да ги обработи мастите и за мозокот добро да учи и да памети. Проблемот е во тоа што големата количина масти го исцрпува овој ензим и не останува многу од него за мозокот.

  • Магнезиум: Зошто токму вам ви е многу потребен?

    Магнезиум: Зошто токму вам ви е многу потребен?

    Магнезиумот е можеби еден од најпотценетите минерали. Тој сè уште не е популаризиран на некој едноставен начин кој ќе ни овозможи да го памтиме, како што се случува со калиумот и бананите, калциумот и здравјето на коските и натриумот и крвниот притисок. За разлика од сите овие примери, магнезиумот влијае позитивно на многу нешта поврзани со нашето здравје и е толку важен што голем број доктори, нутриционисти и истражувачи веруваат дека тој е можеби најважната хранлива материја за човекот која постои.rnrnМагнезиум: Зошто токму вам ви е многу потребен?rnrnМагнезиумот е клучен за над 300 различни хемиски реакции во вашето тело, вклучувајќи го и одржувањето на вашето ниво на енергија, помагањето да се опуштите и одржувањето на здравјето на вашето срце и крвни садови. За жал, во денешниот модерен свет, недостатокот на магнезиум е можеби еден од најчестите проблеми на луѓето. Бидејќи тој има клучна улога во многу функции на нашето тело и бидејќи изгледа дека нè штити од сериозни состојби кои преовладуваат ширум светот, магнезиумот навистина може да се нарече „чудотворен минерал“.rn

    Зошто токму вас ви е потребен магнезиум?

    rn1. Една од најчестите употреби на магнезиумот е ослободувањето од тврдата столица, сигурно сте го забележале во состојките на различни лаксативи. Тој исто така е и природен блокатор на калциумовите канали, односно голем дел од медицината се користи со додатоци од магнезиум со цел да се намали крвниот притисок до здравото ниво.rnrn2. Често слушаме за важноста на калциумот за коските, но ретко кој говори за клучната улога на магнезиумот при одржувањето на вашите коски здрави. Но, бидејќи многумина земаат калциумови медикаменти без магнезиум, тоа може да доведе до поголема потреба за магнезиум отколку за калциум кај луѓето кои се најранливи за артритис.rnrn3. Магнезиумот е можеби еден од најважните хранливи материи кои помагаат при одржувањето на човековото срце. Тој му помага на срцето да функционира многу подобро. Магнезиумот исто така им помага и на крвните садови, каде што се случуваат поголем дел од срцевите заболувања. Тој исто така и природно го спречува згрутчувањето на крвта, како што ѝ влијае аспиринот, па многу доктори и истражувачи веруваат дека може да помогне и при спречување на срцеви и мозочни удари.rnrn4. Областа во која магнезиумот може да има најголемо влијание е во спречувањето на дијабетес. Научниците покажале дека нивоата на магнезиум се многу ниски кај оние кои страдаат од ова заболување, додека пак, оние кои имаат високо ниво на магнезиум едноставно не развиваат дијабетес.rnrnКако и сите останати минерали во храната, тој мора да биде присутен во почвата каде што самата храна се израснува. Најдобрите извори на магнезиум се зрната, особено сојата, но може да се најде и во триците, бадемите, бразилските ореви, па и во одредени семки, како сусамот и сончогледот. Тој исто така е дел и од какаото во прав, односно од темното чоколадо.

  • Со текила во борба против дијабетесот и зголемената телесна тежина

    Со текила во борба против дијабетесот и зголемената телесна тежина

    Изгледа дека текилата прави многу повеќе од подобрување на вашето расположение. Според едно ново истражување, овој пијалак може да ви биде од голема корист кога станува збор за вашето здравје.rnrnСо помош на текилата во борба против дијабетесот и зголемената телесна тежинаrnrnСпоред група истражувачи од Мексико, природните шеќери кои произлегуваат од растението агаве, наречено агавинс, завршиле одлична работа при заштитувањето на група глувци од дијабетес тип 2 и од покачување на телесната тежината.rnrnВо новата студија, која била презентирана на годишниот настан „American Chemical Society (ACS)“, глувците биле поделени во 7 групи. Едната група добила диета со чиста вода, додека пак другите групи добивале вода со аспартам, глукоза, фруктоза, сукроза, агаве сируп или агавинс. Глувците кои конзумирале агавинс покажале намалено внесување на храна, намалување на телесната тежина како и намалување на нивото на глукоза во крвта. Бидејќи агавинсот не го подигнува шеќерот во крвта, истражувачите веруваат дека оваа состојка може да биде употребена и како алтернативен засладувач.rn
    rn

    „Ние веруваме дека агавинсот има огромен потенцијал како диетален засладувач,“ вели Мерцедес Г. Лопез, истражувач од Гуанахуато, Мексико. „Станува збор за шеќери кои се лесно растворливи, со низок гликемичен индекс и неутрален вкус. Токму овие особини ја сместуваат оваа состојка на висока позиција кај дијабетичарите и луѓето со преголема телесна тежина.“

    rnАлкохолниот пијалак текила е направен од сино агаве растение, кое се наоѓа во околината на градот Текила во Мексико. Но, исто така Лопез изјавила дека агавинсот не е толку широко достапен и не е толку сладок како останатите нормални шеќери.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува ако често јадете виршли, колбаси и салами?

    Што се случува ако често јадете виршли, колбаси и салами?

    Месната преработена храна како виршлите, колбасите и саламите има многу калории, масти и сол. Со редовно конзумирање, по неколку пати неделно, го доведувате организмот до ризик од дебелеење, дијабетес, срцеви болести и рак.rnrnСигурно многупати сте чуле дека сувомесните производи не се добри за вас, но веројатно целата вистина за тоа колку се всушност нездрави не сте ја знаеле досега. Месната преработена храна ги опфаќа сите месни производи кои го поминале процесот на солење и хемиска обработка со кои се продолжува нивниот рок на траење. Еве ги ризиците од нив.rnrnШто се случува ако често јадете виршли, колбаси и салами?rn

    1. Дебелеење

    rnСувомесните производи се полни со сол, калории и масти. Премногу сол во вашето тело доведува до задржување на водата и надуеност. Уште повеќе сол и масти внесувате ако ги јадете овие производи во сендвич со многу сирење, мајонез и слични додатоци.rnrnУште еден проблем со месните производи е што со внесувањето на сол и масти ви се забавува системот за варење што ве прави потроми, па наместо да се позанимавате со физичка активност, ви доаѓа да си поспиете.rn

    2. Срцеви болести

    rnЗнаете ли колкав товар за вашиот организам претставува кога ќе изедете една виршла или некое друго преработено месо? Добивате трипати поголема количина сол отколку кога ќе изедете сендвич со печено пилешко месо. Солта внесена во преголеми количини во организмот е опасна бидејќи тоа ги ослабува крвните садови, а тоа доведува до срцеви болести.rnrnВашето тело не може да преработи толкава количина сол. Задржувањето на водата заради внесената сол го зголемува протокот на крвта и тука доаѓаме до проблемот – што поголем проток на крв, толку вашето срце мора да испраќа повеќе крв до вашите артерии – заради што тие многу се оптоваруваат.rn

    3. Дијабетес

    rnИстражувањата покажуваат знаци на опасност во нитритите кои се содржани во месните производи. Имено, според експертите за дијабетес, нитритите го намалуваат излачувањето на инсулин и негативно влијаат на нивото на глукоза во крвта. Според едно недамнешно истражување на Харвард, само една порција со преработено месо на ден (2 парчиња салама или една виршла), го зголемува ризикот од појава на дијабетес за 29%.rn

    4. Рак

    rnШведските научници откриле дека помеѓу оние кои јадат месни производи е зголемен ризикот на рак на желудникот. Долгогодишна студија спроведена на Хаваи покажала дека оние кои најмногу јаделе преработено месо имале за 67% поголем ризик за рак на панкреасот во однос на оние кои јаделе ретко или никогаш.rnДоколку сакате да продолжите да јадете месни производи, препораката од стручњаците е да не го правите тоа повеќе од еднаш неделно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали треба да пиеме помалку кафе?

    Дали треба да пиеме помалку кафе?

    Позитивните или негативните влијанија од кафето врз нашето здравје е постојан предмет на истражување на универзитетите ширум светот. Повеќето од добиените резултати велат дека кафето не е штетно по нашето здравје, туку напротив може и да го подобри, борејќи се против заболување од некои болести. Сепак, некои доктори на науки имаат поделено мислење околу оваа тема. Погледнете кој е одговорот на двајца професори на прашањето: дали треба да пиеме помалку кафе?rnrnДали треба да пиеме помалку кафе?rn

    НЕ

    rnСпоред проф. д-р Роб Ван Дам, доцент по здрава исхрана на харвардскиот факултет за јавно здравје, не треба да пиеме помалку кафе, бидејќи од него имаме големи здравствени придобивки. Еве што вели тој на оваа тема:rn

    За повеќето од нас, кафето не е штетно

    rnТочно е дека кафето може да го покачи крвниот притисок, така што ако имате хипертензија, паметно е да се префрлите на кафе без кофеин. Кофеинот исто така може да ви го наруши спиењето. Ако забележите дека од кафето сте вознемирени навечер кога ќе си легнете и не можете да спиете, намалете ја количината кафе која ја пиете на дневна база.rn

    Кафето може да го намали ризикот од заболување од дијабетес

    rnСекоја шолја кафе која ќе ја испиете, го намалува ризикот од заболување од дијабетес. Според истражувањето на архивите од интернационалната интерна медицина, откриено е дека после 3-4 испиени шолји дневно, го намалуваме заболувањето од дијабетес за 25%. Друго истражување покажало дека кафето без кофеин може исто така да го намали ризикот од заболување од дијабетес, што сугерира на тоа дека не е кофеинот тој кој што се бори против оваа болест, туку нешто друго во кафето, најверојатно антиоксидансот таканаречен хлорогенска киселина. Консументите на кафе, исто така поретко заболуваат од цироза и рак на црниот дроб.rn

    Кофеинот има свои предности

    rnКофеинот може да го намали ризикот од заболување од Паркинсонова болест, а најверојатно и од Алцхaјмерова болест. Тоа не е причина да почнете да пиете кафе доколку тоа не го правите сега, но е добра вест за оние кои уживаат во овој пијалак.rn

    ДА

    rnСпоред Џејмс Д. Лејн, професор, д-р на науки и директор на универзитетскиот медицински центар „Дјук“ во лабораторијата за психофизиологија, кафето е штетно и треба помалку да се консумира. Тој смета дека:rn

    Истражувањата поврзани со бенефициите од кафе се слаби

    rnГлавниот проблем во многубројните истражувања, е тоа што во нив се компарираат групи луѓе кои редовно пијат кафе и оние кои не пијат воопшто. Консументите на кафе можеби имаат нешто друго заедничко покрај пиењето кафе, што е вистинската причина зад која стојат овие здравствени придобивки. Само затоа што две нешта се доведени во корелација, не значи дека едното го предизвикува другото.rn

    Кафето може да ја влоши здравствената состојба

    rnКофеинот во кафето има негативни последици, особено кај луѓето кои имаат висок крвен притисок или дијабетес. Во едно истражување, хипертензичниот крвен притисок бил намален кај пациентите кои не пиеле кафе една седмица. Во друго истражување, откривме дека кај дијабетичарите на кои им се даде кофеин пред да им се направи гликоза толеранс тест (ОГТТ) им бил повеќе покачен шеќерот, отколку кога не им се даваше кофеин. Со други зборови, кај луѓето кои веќе имаат дијабетес, по сè изгледа дека кофеинот само им ја влошува состојбата. Кафето без кофеин пак, е сосема безбедно за овие пациенти.rn

    Кафето може да ви го зголеми стресот

    rnМоите истражувања имаат покажано дека адреналинот ќе влијае повеќе на стресот доколку сте се напиле кафе, отколку ако не сте пиеле. Тоа може да ве направи да се чувствувате напнато, вознемирено и нервозно и да ви направи проблеми со спиењето.rn

    Заклучок:

    rnДоколку немате дијабетес или висок крвен притисок, навиката за коснумирање кафе најверојатно нема да ви наштети, а може дури и да го подобри вашето здравје. Додека некои истражувања сугерираат на тоа дека некои луѓе се почувствителни на кофеин во однос на други, сепак немате причина да ја намалувате количината кафе која ја внесувате на дневна база, освен доколку сметате дека тоа ви создава несоница или чувство на вознемиреност. Ако тоа е случај, можеби треба да се префрлите на кафе без кофеин. Од друга страна, ако не пиете кафе воопшто, немате ни причина допрва да почнувате. Додавањето повеќе овошје, зеленчук и зрнеста храна во вашата секојдневна исхрана, е посигурен начин за намалување на ризикот од заболување од некоја болест.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.