Според најновите истражувања, кафето, зелениот и црниот чај можат да помогнат во намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Поточно, кофеинот во тие пијалаци и ефектот што може да го има врз телесните масти и тежината, може да биде причина за намалениот ризик.rnrn
rnrnОсвен што го поттикнува метаболизмот, кофеинот има и голем број други потенцијални здравствени придобивки, како што се зголемување на будноста и концентрацијата, подобрување на перформансите за време на вежбањето и подобрување на расположението.rnrnСепак, експертите предупредуваат дека консумирањето премногу кофеин може да има и негативни ефекти, како што се анксиозност, несоница и нервоза.rnrnКафето, зелениот и црниот чај се богати со антиоксиданси, природни соединенија кои се карактеризираат со голем број здравствени придобивки.rn
Кофеинот е поврзан со помал ризик од дијабетес тип 2
rnДосегашните студии покажале дека умереното консумирање кафе (три до пет шолји дневно) е поврзано со помал ризик од дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести.rnrnДруга студија покажала дека внесот на кофеин резултира со намалување на телесните масти. Авторите на оваа студија користеле генетски метод наречен Менделова рандомизација за да го испитаат влијанието на нивото на кофеин во крвта врз телесните масти и врз ризикот од дијабетес тип 2 и ризикот од кардиоваскуларни болести вклучувајќи коронарна артериска болест, мозочен удар, срцева слабост и неправилен срцев ритам.rnrnПритоа, истражувачите се фокусирале на две вообичаени генетски варијанти за два гена поврзани со тоа колку брзо телото го метаболизира внесениот кофеин.rnrnЛуѓето кои ги носат генетските варијанти поврзани со побавен метаболизам на кофеинот, во просек пијат помалку кафе. Сепак, тие имаат повисоки нивоа на кофеин во крвта во споредба со луѓето кои побрзо го метаболизираат кофеинот.rnrnЗа оваа студија, истражувачите испитувале генетски и други податоци од речиси 10.000 луѓе со претежно европско потекло, кои учествувале во шест долгорочни студии. Тие откриле дека луѓето кои се генетски предиспонирани да имаат повисоко ниво на кофеин во крвта имаат поголема веројатност да имаат понизок индекс на телесна маса (ИТМ) и телесни масти.rnrnПокрај тоа, тие имале помал ризик од дијабетес тип 2. Истражувачите процениле дека околу половина од намалениот ризик од дијабетес се должи на пониското ниво на ИТМ.rn
Премногу рано за да се утврди со сигурност дека кофеинот го намалува ризикот од дијабетес тип 2
rnРезултатите од новата студија ја покажале врската помеѓу внесот на кофеин и помалиот ризик од дијабетес тип 2. Сепак, истражувачите не ја разгледале конкретно врската помеѓу метаболизмот на кофеинот и нивото на гликоза во крвта. Но, на научниците им е познат фактот дека кофеинот има својства на зголемување на ситоста, што значи дека ја потиснува желбата за јадење, а тоа доведува до понизок ИТМ. Сепак, научниците не им препорачуваат на пациентите консумирање кофеин како метод за намалување на ризикот од дијабетес. Наместо тоа, тие им препорачуваат да се фокусираат на редовна физичка активност и здрава исхрана.rn
Умереното консумирање е клучно
rnСпоред научниците, консумирањето премногу кофеин може да има негативни ефекти, како што се анксиозност, несоница и нервоза. Повеќето здрави возрасни луѓе можат да консумираат до 400 милиграми кофеин дневно, односно четири или пет шолји сварено кафе. Зелениот и црниот чај, пак, содржат помали количини на кофеин по чаша.rnrnОткако прочитавте за ова најново истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто утринското кафе не ја зголемува продуктивноста.rnrnИзвор: healthline.com





rn
rn
rnrnНамирниците со висок гликемиски индекс би требало да ги консумирате само во одредени ситуации, и тоа после тренинг, додека е зголемена инсулинската чувствителност. Доколку имате лоша инсулинска чувствителност или пак недоволно лачење на инсулин, гликозата не може да се потроши, па се зголемува нивото на шеќер во крвта. Ова е нарушување што на сите ни е познато како дијабетес. За да го намалите ризикот од појава на дијабетес, важно е да внимавате на гликемискиот индекс на храната што ја консумирате.rn
rnrnЗголемената жед и честото уринирање се најчестите симптоми за дијабетес. Кога имате дијабетес, вашите бубрези не можат да го апсорбираат вишокот шеќер. Поради ова, тој завршува во вашата урина и ги „собира“ течностите од ткивата. Ова ве тера почесто да одите во тоалет и ве дехидрира. За да ја изгаснете жедта пиете уште повеќе течности, а ова води до уште почесто уринирање. Во просек, луѓето одат во тоалет 6-7 пати дневно. Од 4 до 10 пати дневно е нормален број за здрава личност.rn
rnrnЗголемениот глад, заедно со претходните симптоми, е уште еден знак за дијабетес. Ако вашето тело не произведува доволно инсулин, не може да ја претвора храната во глукоза, која пак им е потребна на клетките за енергија. Поради ова, вашиот глад не исчезнува дури и после оброк. Всушност, јадењето само ќе го зголеми нивото на шеќер во крвта. Ако постојано јадете, а гладот не престанува, можеби е најдобро да го посетите вашиот лекар.rn
rnrnДруг чест симптом за дијабетес е постојаниот замор. Ако го имате ова нарушување ќе се чувствувате заморно и поспано, и тоа од истата причина од која чувствувате глад – вашите клетки немаат доволно глукоза за енергија. Дехидрацијата поради честото уринирање исто така може да биде причина за заморот. Заморот често е симптом и за други нарушувања, но во комбинација со овие знаци, можеби станува збор за дијабетес.rn
rnrnКога замаглениот поглед не е поради проблеми со очите, може да биде ран знак за дијабетес. Ова се случува поради менување на нивото на течност во телото, а ова прави леќите во вашите очи да ја менуваат формата. Оваа промена влијае на способноста за фокусирање, па работите ви изгледаат замаглено. Овие промени не се трајни и вашиот вид ќе се врати во нормала штом ќе се стабилизира нивото на шеќер во крвта. Сепак, ако болеста не се лекува, овие промени може да доведат до слепило.rnrnПродолжува на 
rn
rn