КАФЕ ПАУЗА

Tag: дигитален

  • Трикови и совети за подобри фотографии

    Трикови и совети за подобри фотографии

    Дигиталните фотоапарати имаат сè поголема улога во нашиот живот. Без разлика дали пред некој ден сте го купиле вашиот прв фотоапарат или веќе со години ги фотографирате најдобрите моменти од вашиот живот, погледнете ги овие неколку трикови и совети. Доколку се придржувате до нив, вашите фотографии ќе бидат многу подобри, повпечатливи и попрофесионални од досегашните…rnrnТрикови и совети за подобри фотографииrn

    Проверете ги поставките пред да почнете со фотографирање

    rnВеднаш по притискањето на копчето „on“ проверете ги „сетинзите“ на вашиот фотоапарат. Можеби последниот пат кога сте го употребиле сте биле на затворено или пак, било навечер. Доколку поставките не одговараат добро за фотографирање во околината, би можеле целосно да ги уништите наредните неколку фотографии.rn

    Забрзајте го вашиот фотоапарат

    rnНајголемите жалби се однесуваат на недостиг од брзина помеѓу фотографиите. Секако вие не можете да го претворите фокусот во ферари, но има неколку трикови кои ќе ви помогнат да не притискате бесцелно со прстот на копчето за сликање додека чекате претходната фотографија да се запомни.rnrnПрво најдете ја опцијата „Burst“ или „Continuous mode“ во менито и одберете ја најголемата брзина. Потоа исклучете ја опција за преглед на фотографиите (да не се појавуваат на мониторот после секое снимање). Добар додаток на овие трикови би било и доколку имате побрза мемориска картичка.rnrnТрикови и совети за подобри фотографииrn

    Секогаш одбегнувајте дигитален зум

    rnИ покрај тоа што ја имате таа можност, фотографиите со дигитален зум изгледаат ужасно. Најдобро би било доколку не го надминувате оптичкото зголемување кое го нуди вашиот фотоапарат или едноставно исклучете ја таа можност од менито.rn

    Одлични портрети – во секое време

    rnВградениот блиц на вашиот фотоапарат би требало да се употребува за повеќе работи, а не само за внатрешни забави. Наредниот пак кога ќе сликате портрет, погрижете се да ви биде вклучена опцијата „Fill Flash“ или „Forced Flash“ во зависност од моделот. На овој начин и покрај дневната/собната светлина, вашиот блиц ќе се активира и ќе ви го осветли секој дел од ликот рамномерно, елиминирајќи ги несаканите сенки.rnrnТрикови и совети за подобри фотографииrn

    Трикови за штедење на батеријата

    rnНема ништо полошо од празна батерија во критичен момент. Секако дека најдоброто решение за ова би било доколку ги наполните батериите вечерта пред да излезете. Но, постојат и други начини на дополнително искористување на батеријата доколку таа е при крај.rnrnДоколку на вашиот фотоапарат имате WiFi или вграден GPS, исклучете ги целосно. Исто така доколку имате оптички стабилизатор за фотографиите, исклучете го и него. Можеби фотографијата на крај ќе ви излезе малку матна, но барем ќе ја имате. Намалете ја и светлината на мониторот и исклучете ја и опцијата за преглед на фотографиите.rnrnНе пробувајте да заштедите батерија така што ќе го исклучувате фотоапаратот после секоја фотографија, бидејќи на тој начин само побрзо ќе ја дотрошите.rn

    Секогаш фотографирајте со најдобар квалитет

    rnВеднаш по купувањето на нов фотоапарат, проверете ја оваа опција. Бидете сигурни дека квалитетот на фотографијата (резолуцијата или пикселите) се на највисоко ниво, а потоа проверете ја компресијата доколку ви е достапна. Тука можете да наидете на многу ѕвезди, броеви и зборови како добро, подобро, најдобро. Секогаш одбирајте го највисокoто ниво, што е еднакво на најмала компресија, бидејќи тоа значи и попрецизна фотографија во поглед на деталите.rnrnТрикови и совети за подобри фотографииrn

    Вклучете ја координатната мрежа на мониторот

    rnОваа можност ќе ви помогне да не правите „криви“ фотографии. Поставете ги линиите на мониторот паралелно со хоризнтот и ќе добиете совршено „права“ фотографија. На овој начин пејзажите, вертикалните и групните фотографии ќе ви изгледаат многу попрофесионално. Дополнително, точките каде што се пресекуваат линиите се добра позиција за поставување на вашите предмети на фотографирање.rn

    Совети од Холивуд

    rnРежисерите од Холивуд постојано работат напорно за усовршување на нивната работа, но и вие можете многу лесно да направите добро видео. Прво, проверете дали ви е вклучен стабилизаторот за фотографиите и дали се наместени поставките на највисок квалитет. Откако ќе започнете со снимање, секогаш одржувајте го вашиот фотоапарат во хоризонтална положба и воздржувајте се од нагли движења лево-десно или горе-долу, како и од многу брзо зумирање. Доколку сакате да снимите убав пејзаж, секогаш движете го фотоапаратот многу бавно од лево кон десно.rnrnТрикови и совети за подобри фотографииrn

    Не бидете премногу сензитивни

    rnПроизводителите секогаш се фалат за сензитивноста на нивните фотоапарати, тврдејќи дека тие можат да прават одлични фотографии на многу слаба светлина. Во некои случаи тоа е вистина, но во повеќето не е.rnrnСензитивноста се мери преку ISO рејтинг кои се движи од 100 до 16.000 и повеќе… Кога опцијата ви е поставена на „Auto“, фотоапаратот ќе избере максимална ISO вредност при услови на слаба светлина. Но, ова може да даде ужасни резултати како дигитални точки кои ја прекриваат фотографијата, на која едвај може да се види што се наоѓа.rnrnДоколку вашиот фотоапарат има лимит во овој поглед, изберете од 400 до 800 и на тој начин ќе имате почисти фотографии. Но, доколку имате време тестирајте во затворени простории, без блиц, со различна сензитивност и потоа проверете ги фотографиите да видите со кој ISO рејтинг ќе имате најдобри резултати и во иднина употребувајте го него.rn

    Експериментирањето е одлично

    rnУбавината кај дигиталните фотоапарати е што можете да направите илјадници фотографии за многу брзо време. Испробајте ги сите комбинации на копчиња кои ви изгледаат примамливо, па ако нешто не ви се допаѓа можете многу брзо и лесно да го избришете и да почнете од почеток.rnrnДоколку притиснете нешто погрешно и после не знаете како да се вратите на првичните опции, не грижете се… Отидете во менито и од поставките изберете ја опцијата „Reset All“. Во ретки случаи при вакви експерименти може да ви се замрзне мониторот на фотоапаратот и тогаш најдобро би било да ја извадите батеријата и повторно да ја вратите. Кога ќе го вклучите фотоапаратот ќе биде како ништо да не се случило.

  • Како да направите фотки за паметење?

    Како да направите фотки за паметење?

    Сакате да им дадете професионален шмек на вашите фотографии? Кен Кобре, професор по фоторепортерство на државниот универзитет во Сан Франциско, објаснува дека посветувањето внимание на неколку детали може да направи многу голема разлика. Книгата на Кобре „Фоторепортерство: професионален пристап“ се изучува на повеќе од 125 универзитети низ земјата.rnrn

    Претворете го вообичаеното во извонредно

    rnrnДигиталната фотографија ви овозможува да правите многу обиди, така зголемувајќи си ги шансите да добиете перфектна фотографија.rn
    rn

    Првиот чекор за да постанете професионалец е да сликате двојно повеќе.“

    rnrnКако да направите фотки за паметењеrnrnКобре презентира 10 совети за трансформирање на обидите во фотографии за паметење:rnrn

    1. Доближете се

    rnОва е совет од легендарниот воен фотограф Роберт Капа кој рекол:rn
    rn

    „Доколку твоите слики не се доволно добри, не си бил доволно блиску.“

    rnЧесто клучот за да и дадете привлечност на фотографијата, е да му се доближите на субјектот и да ги фатите неговите детали, притоа оставајќи ги ирелевантните нешта во позадина.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

    2. Кога фотографирате луѓе, имајте трпение

    rnОставете време луѓето да се навикнат на вас, пред да почнете да сликате. Кога тие ќе заборават дека апаратот е тука, со сигурност ќе добиете поприродни и искрени слики.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

    3. Пред да почнете да сликате, фиксирајте ја позадината преку визирот

    rnОсигурајте се дека аглите и рабовите се интересни, не само централниот дел. Најдете интересни и комплементарни форми по должина на рабовите, за да бидете сигурни дека фотографиите нема да бидат досадни и пренатрупани. Откако ќе ја фиксирате позадината, поставете го субјектот и сликајте.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

    4. Избегнувајте го „ефектот џунгла“

    rnОва се случува кога околните форми и бои го преземаат вниманието од субјектот на фотографијата. Еден трик за изоставување на позадината надвор од фокусот е да останете блиску до субјектот и да му се доближувате.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

    5. Не употребувајте блиц, доколку не е неопходен

    rnСветлото изгледа неприродно и ги мие боите и цртите од лицата. Дигиталната фотографија нуди широк спектар на опции кои можат да ви помогнат да го извлечете максимумот во ситуации со послабо светло. Експериментирајте малку! Исто така земете ги предвид различните видови блиц, кои нудат поприродна светлина.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

    6. Избегнувајте да сликате на отворено, среде бел ден

    rnБлескавата дневна светлина е непријатна и го избледува вашиот субјект. Наместо ова, обидете се да го фатите вашиот субјект за време на изгрејсонце и зајдисонце кога има богати нијанси на бои и долги сенки. Доколку морате да сликате среде ден, поместете го вашиот субјект под сенка каде што нема да е директно изложен на сончевата светлина.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

    7. Пробајте да сликате повеќе вечерни фотографии

    rnНоќта нуди интересни сенки и светлина за да направите уникатни фотки. Навечер можете да го искористите блицот, уличното светло или пак празничните светилки доколку даваат задоволителна светлина. При недостаток на светлина можете да употребувате и триногарка за да дозволите подолга експозиција.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

    8. За поинтересни слики, не инсистирајте луѓето да ви позираат

    rnНаместо тоа, обидете се да ги фатите за време на некоја активност, така што фотографијата ќе кажува нешто за нивната личност или за нивните интереси.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

    9. Доколку сакате субјектот да ви позира, оставете го да заземе комфорна, природна позиција

    rnИзбегнувајте да фотографирате некој кој стои или седи исправено, затоа што овие напнати пози изгледаат непријатно и не кажуваат ништо за личноста.rnrnКако да направите фотки за паметењеrn

    10. Доколку фотографирате портрет, вклучете предмет кој ќе кажува нешто

    rnОмилениот предмет или играчка поврзана со хобито, навиките или бизнисот на субјектот ќе ви помогнат да ја комплетирате неговата приказна.rnrnКако да направите фотки за паметењеrnrnДодека дигиталните камери почнуваат да се употребуваат сè почесто, многу луѓе се запрашуваат дали дигиталното работи подобро од филмот. Кобре слика и со дигитален и со апарат кој работи на стандарден филм, велејќи дека и двата имаат свои предности.rn
    rn

    „Една голема предност на дигиталниот апарат е тоа што можете веднаш да го видите резултатот. Минус е што кај поевтините апарати, има задоцнување помеѓу притискање на копчето и замрзнување на сликата. Тоа го отежнува процесот на добивање искрени фотографии.“


    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • iPod nano како часовник на вашата рака

    iPod nano како часовник на вашата рака

    Новиот iPod nano со Multi- Touch технологија е прекрасен малечок гаџет со тенок екран, кој е практичен да го носите секаде со вас. Но, за никогаш да не ви се случи да го заборавите дома, компанијата iLoveHandles неодамна го стави на продажба кожното ременче наречено „The Rock Band“, кое го претвора вашиот iPod nano во дигитален рачен часовник – iWatch (се појави како концепт  пред 5 месеци).rn

    Запознајте се со iWatch

    rnРеменчето има специјален жлеб кој е соодветен за прицврстување на гаџетот iPod nano. Не знаеме колку е удобно, но ременчето навистина го прави ова многунаменско високо-технолошко уретче да изгледа како рачен часовник.rnrnЗапознајте се со iWatchrnrn„The Rock Band“ чини 19.95 долари, што е ниска цена доколку одамна сонувате да носите производ на Apple на вашиот рачен зглоб.rnrnСо овој едноставен, но многу креативен изум, не само што ќе имате фенси часовник на вашата рака, туку на истиот ќе можете и да сурфате, да зборувате, да слушате музика и што ли уште не.rnrn