КАФЕ ПАУЗА

Tag: диета

  • 10 најчести грешки што ги правите додека сте на диета

    10 најчести грешки што ги правите додека сте на диета

    Нутриционистот Никола Вајтхед ни открива каде ги правиме наголемите грешки кога се обидуваме да слабееме, и тоа не само во врска со исхраната, туку и кога е во прашање вежбањето. Ова се 10-те најчести заблуди во кои веруваме и грешки кои поголемиот дел од нас упорно ги прават.rnrn1-10-najchesti-greshki-koi-gi-pravite-dodeka-ste-na-dieta-www.kafepauza.mk_rn

    1. Храна со ознаки „содржи малку масти“ и „диетално“

    rnНе дозволувајте да ве прелажат маркетиншките триковите – „здравиот“ бисквит и понатаму е бисквит, и во него најверојатно има исто толку калории и шеќери како во стандардната верзија (а особено ако изедете неколку). Секогаш читајте ги состојките пред купување и сетете се дека и салатата е здрава, но не и ако доаѓа со крем или слатки преливи, бидејќи тогаш може да има поголем број калории и од еден хамбургер. Фокусирајте се на непреработената храна, а доколку веќе купувате спакувани производи задолжително прочитајте ги информациите за хранливите вредности.rn

    2. Избирање кардио вежби и избегнување тегови

    rnСтудиите покажуваат дека дигањето тегови е една од најефективните вежби за добивање мускулна маса и забрзување на метаболизмот. Покрај тоа, ја зајакнува целокупната градба на телото и го олеснува губењето на масните наслаги, особено во стомачниот појас.rn

    3. 1 час трчање на лента, наместо 15-минутен интензивен тренинг

    rnМногу луѓе сметаат дека едноставното развлекување на времето поминато на лента е добар начин за да се изгубат килограмите. Тоа не секогаш е вистина. Алтернативна опција е тренинг со висок интензитет, таканаречениот „HIIT“ тренинг. Се вежба со низок или среден интензитет, со надополнување на неколку интервални вежби со висок интензитет, понекогаш и со цела сила. Се смета дека таквото вежбање е временски поефикасно, а истражувањата покажуваат и дека така се доаѓа до побрзи промени во метаболизмот и намалување на телесната маснотија.rn

    4. Недоволен сон

    rnАко не спиете доволно, без разлика дали станува збор за квалитет или квантитет на сонот, тешко ќе издржите на полето на вежбање и зафркава исхрана. Истражувањата покажуваат дека личностите кои спијат помалку од 6 часа во текот на ноќта наредниот ден внесуваат повеќе калории од оние кои спиеле од 7 до 8 часа.rnrn3-10-najchesti-greshki-koi-gi-pravite-dodeka-ste-na-dieta-www.kafepauza.mk_rn

    5. Поставување нереални цели

    rnОва често води до разочарување. Наместо да се надевате дека повторно ќе го облечете фустанот што ви стои 10 години во гардероберот, поставете си цели кои ќе можете да ги постигнете. За да издржите на патот кон главната цел, поставете си мини цели кои ќе можете да ги постигнете за месец дена. Сетете се дека сте на патот кон подобрување на квалитетот на вашиот живот и преземање контрола над својата тежина. Не барајте совршеност!rn

    6. Фокусирање на губење тежина наместо губење масни наслаги

    rnКога некој ќе каже дека сака да изгуби килограми, најчесто мисли на губењето масни наслаги. Мускулната маса е погуста отколку салото — гледано од грам за грам зазема помалку место, што значи дека во текот на „отпорниот“ тренинг вашата тежина може да остане иста. Задолжително фотографирајте го вашиот процес на губење килограми, но и често мерете се, бидејќи можете да слабеете без оглед на тоа што броевите на вагата не се менуваат.rn

    7. Не внесувате доволно течности

    rnХидрирањето е доста важно кај губењето телесни маснотии, бидејќи водата ви помага да ги почувствувате знаците на вистинската глад. Водата помага и при спречување на главоболките и го одржува телесниот часовник, а тоа ви помага да се чувствувате подобро и при вежбањето. Вашата урина треба да биде со боја на бледо сено доколку сте оптимално хидрирани.rnrn2-10-najchesti-greshki-koi-gi-pravite-dodeka-ste-na-dieta-www.kafepauza.mk_rn

    8. Премногу често се мерите

    rnМногу лесно можете да станете опседнати со пречестото мерење на вагата, но факт е дека можете да задржите и одредена количина тежина во стомакот и цревата, што значи дека на крајот од денот ќе тежите повеќе отколку на почетокот. Ќе бидете потешки и доколку скоро не сте го посетиле тоалетот. Не дозволувајте дневните варијации на тежината да ви ја уништуваат желбата за вежбање. Фокусирајте се на неделното мерење и тоа само наутро, пред што било да изедете или испиете.rn

    9. Јадете премалку

    rnНашето тело не сака да гладува и доколку не внесувате доволно калории тоа може да започне да забавува со варењето на храната, за да ја сочува енергијата. Ако јадете премалку можете да се чувствувате безволно и да се откажете од вежбањето, што е лошо за вашето обидување да изгубите килограми. Обидете се да изедете што е можно повеќе калории додека чекорите кон својата цел, бидејќи таа количина секогаш може да се намали кога губењето на килограми ќе почне да забавува.rn

    10. Не внесувате доволно протеини

    rnНа нашите тела им се потребни протеини на дневна база и доколку не ги внесуваме доволно нашата мускулна маса може да ослаби, особено ако сте во фаза на губење килограми. За да го зголемите губењето масни наслаги, а да го намалите губењето мускулна маса на минимум, задолжително јадете соодветна количина протеини – најмалку 0,8 грама за килограм телесна маса, или повеќе доколку вежбате.

  • Едноставен начин на исхрана за лесно губење вишок килограми

    Едноставен начин на исхрана за лесно губење вишок килограми

    Ниту една жена на светот не е целосно задоволна со изгледот на нејзиното тело. Но, ретко кој сака да се откаже од омилената храна, па затоа обично дамите бараат начин да јадат колку што сакаат без да се здебелат. Една современа жена со малку време и многу обврски ја пронашла совршената диета за сите урбани припаднички на понежниот пол. Не станува збор за големи промени во начинот на исхрана, туку за замена на одредени прехранбени продукти со поздрави. Во продолжение прочитајте го нејзиното неверојатно откритие…rnrnЕдноставен начин на исхрана со чија помош ќе го изгубите вишокот килограмиrn

    Леб

    rnТаа го заменила лебот со бисквити, крекери и црн леб. Како што минувало времето, таа почнала малку по малку да ги намалува порциите и открила дека не ѝ требало толку леб иако порано го обожавала.rn

    Газирани сокови

    rnКога не можела да ги одбегне газираните сокови, таа ја одбирала нискокалоричната варијанта. Сепак, се обидувала да го сведе пиењето газирани сокови на минимум.rnrnЕдноставен начин на исхрана со чија помош ќе го изгубите вишокот килограмиrn

    Алкохолни пијалаци

    rnТаа се обидувала воопшто да не пие алкохол, но понекогаш тешко е да се одбегнат овие пијалаци, особено ако присуствувате на некој настан или сте излегле со пријателите. Во такви случаи, таа пиела вино, поради неговите здравствени придобивки.rn

    Шеќер

    rnЛесно било да се замени шеќерот, бидејќи постојат многу видови нискокалорчини засладувачи. Требала да обрне само малку повеќе внимание за да ги вклучи во нејзините редовни оброци.rnrnЕдноставен начин на исхрана со чија помош ќе го изгубите вишокот килограмиrn

    Сокови

    rnОва било голема промена за целото семејство. Таа целосно ги отфрлила вештачките сокови од исхраната и почнала да пие само природни. Нејзините деца ги обожавале!rn

    Кафе

    rnЦрното кафе исто така лесно го заменила со зелено кафе. Зеленото кафе има повеќе здравствени придобивки, но најдоброто е тоа што е природен производ кој ти топи мастите. Има малку поразличен вкус, но брзо ќе свикнете на него.rnrnЕдноставен начин на исхрана со чија помош ќе го изгубите вишокот килограмиrn

    Појадок

    rnСигурно сте чуле дека појадокот е најважниот оброк во денот кој никако не смеете да го прескокнувате. Мора да појадувате доколку не сакате да се здебелите. Така, таа решила дека ќе појадува секое утро без оглед на сѐ и воедно вовела некои промени во оброкот. На пример, ги заменила јајцата и сланината со јајца и зеленчук.rn

    Чоколадо

    rnДоколку сте големи љубители на чоколадото, сигурно не ви ни паѓа на памет целосно да се откажете од него. Кој би се откажал од ова вкусно задоволство?! Најдобро е да се префрлите на темно чоколадо. Колку што е потемно и погорчливо чоколадото, толку помалку маснотии содржи.rnrnЕдноставен начин на исхрана со чија помош ќе го изгубите вишокот килограмиrn

    Овошје

    rnСекако дека овошјето е корисно за здравјето, но постојат некои висококалорични овошја кои би требало да ги одбегнувате ако сакате да ослабите. Почнете да јадете црвено овошје, бидејќи тоа е одличен извор на антиоксиданси. Зеленото овошје како што е кивито и јаболката содржат голем број витамини кои ќе направат чуда за вашата линија.rn

    Преливи

    rnДоколку обожавате мајонез, лесно можете да го замените со многу алтернативи како што се крем сирење, авокадо, маслиново масло и слично. Резултатите со сигурност нема да изостанат!rnrnЕдноставен начин на исхрана со чија помош ќе го изгубите вишокот килограмиrn

    Јогурт

    rnНе треба да се откажувате од јогуртот, туку да го замените со домашен или нискокалоричен. Оваа мала промена за кратко време ќе ве доведе до посакуваните резултати.rnrnОсвен тоа, добро би било да почнете да пешачите по 30 минути секој ден. Применувајте ги овие златни правила и без никаков напор ќе забележите позитивни промени во изгледот на вашето тело и здравје.rnrnДоколку навистина сакате да се ослободите од вишокот килограми, прочитајте ја оваа здрава и брза диета за слабеење без напор.

  • Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 дена

    Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 дена

    Диетите што не даваат долготрајни резултати најчесто се засноваат на изгладнување. Од друга страна пак, не е добро ни да се вложува премногу време и пари за нешто што не води кон видливи резултати, а понекогаш дури и предизвикува дополнително зголемување на тежината. За жал многу од овие диети сè уште се користат од страна на голем број жени што сакаат брзо да ослабат и да ја добијат посакуваната фигура.rnrn(1) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 денаrnrnПа, ако се пронаоѓате во тој опис, имаме изненадување за вас – најдовме брза диета што нема несакани последици и штета на вашето здравје. Станува збор за умерен и шарен режим на исхрана. Во продолжение прочитајте како со помош на боите можете да дојдете до совршено балансирана исхрана што ќе ви помогне да ги изгубите несаканите килограми.rn

    Бел ден

    rn(2) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 денаrnrnПојадок: Фрапе од 200 милилитри немасно млеко и две бананиrnrnУжина: БананаrnrnРучек: Крем супа од печурки, пилешко филе подготвено на скара и парче интегрален лебrnrnВечера: Тестенини со сирењеrn

    Жолт ден

    rn(3) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 денаrnrnПојадок: Фрапе од 200 милилитри соино млеко и парче дињаrnrnУжина: ГрејпфрутrnrnРучек: Крем супа од тиква и рижото со телешко месоrnrnВечера: Омлет со жолта пиперкаrn

    Зелен ден

    rn(4) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 денаrnrnПојадок: Парче леб од ‘рж, паштета од туна и шолја зелен чајrnrnУжина: Зелено јаболкоrnrnРучек: Чорба од брокули и парче леб од ‘ржrnrnВечера: Две шницли бело пилешко месо, подготвени на скара и зелена салатаrn

    Црвен ден

    rn(5) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 денаrnrnПојадок: Фрапе од 200 милилитри млеко и 250 грама малини (може и замрзнати)rnrnУжина: Шумско овошјеrnrnРучек: Две полнети црвени пиперки, парче интегрален леб и салата од доматиrnrnВечера: Тестенини прелиени со сос од домати и пармезан, шолја чај од хибискус

  • Рецепт што ниту една жена нема да го игнорира: Палачинки што не дебелеат!

    Рецепт што ниту една жена нема да го игнорира: Палачинки што не дебелеат!

    Палачинките се десерт без кој многумина не би можеле да живеат, дури ни за време на диетата

    rnРецепт што ниту една жена нема да го игнорира: Палачинки што не дебелеат!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 45 грама овесни снегулки
    • rn011

    • 55 грама кокосово брашно
    • rn011

    • 45 грама просо
    • rn011

    • Прстофат сол
    • rn011

    • 1 лажица кафеав шеќер или мед
    • rn011

    • Половина пакување прашок за печиво или 1 лажица сода бикарбона
    • rn011

    • 1 лажица безглутенско брашно
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 200 милилитри млака вода
    • rn011

    • 1 лажица маслиново масло
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnВо мелница за каде смелете ги овесните снегулки, кокосовото брашно и просото. Погрижете се сите состојки да бидат фино измелени, особено овесните снегулки. Потоа префрлете ги во поголем сад и додајте ги и останатите состојки. Оставете ја смесата да отстои 15-тина минути во фрижидер.rnrnСледен чекор е подготовката на палачинките. Внимавајте да не сипете преголема количина во тавата, бидејќи во тој случај палачинката ќе ви излезе дебела и не толку вкусна. Печете од едната страна додека не порумени и потоа свртете од другата.rnrnПалачинката можете да ја сервирате со комбинација од мед и какао во прав – совршен додаток на овој необично вкусен десерт. По желба, декорирајте со свежо овошје.

  • За оние кои се многу зафатени: Најбрзата и најделотворната диета во светот!

    За оние кои се многу зафатени: Најбрзата и најделотворната диета во светот!

    Не само тоа што оваа диета е најбрза, туку е и најлесна, бидејќи можете да јадете сè! Меѓутоа, само 8 часа во текот на денот, додека следите одредени правила. Делува доста едноставно, но всушност не е така. Но, за добра фигура вреди да се жртвува.rnrn1-za-site-onie-koi-postojano-docnat-najbrzata-i-najdelotvornata-dieta-vo-svetot-www.kafepauza.mk_rnrnЕпа ајде да почнеме. Првото правило е да ја консумирате храната само 8 часа во текот на денот, додека останатите 16 часа треба да консумирате само вода или евентуално билни чаеви, со тоа што понекогаш можете да си дозволите и по некоја чаша незасладена лимонада.rnrnНутриционистите тврдат дека секој ден во текот на тие осум часа храната треба да се консумира во ист период, а најдобро би било од 9 до 17 часот, бидејќи тогаш резултатите се најдобри.rnrnСепак, во зависност од вашиот животен ритам и работно време, логично е дека можеби нема да ви одговара да јадете во спомнатиот период, па затоа слободно можете да го поместувате времето. Тоа може да биде, на пример од 10 до 18 часот, или од 11 до 19 часот.rnrnСепак, треба строго да се држите до правилото да го консумирате вашиот оброк најдоцна до 19 часот.rnrn2-za-site-onie-koi-postojano-docnat-najbrzata-i-najdelotvornata-dieta-vo-svetot-www.kafepauza.mk_rnrnОткако ќе завршите со јадењето, повеќе не ви е дозволен ниту еден кекс, но затоа пак можете да пиете вода и чаеви во неограничени количини.rnrnУште едно важно правило – просторот помеѓу оброците секогаш мора да биде четири часа.rnrnОграничување во врска со храната нема – дозволено е сè, дури и брза храна. Сепак, ова не значи дека треба да претерувате, бидејќи внесувањето на храна не треба да преминува повеќе од 2.000 килограми дневно.rnrnКолку поздраво се храните, толку подобар ќе биде резултатот, а вие ќе се чувствувате прекрасно. Доколку бидете умерени со овој режим на исхрана ќе можете да ослабите и до 4 килограми за една недела. Во спротивно, бројката на вагата ќе покаже само 2 килограми помалку.

  • Диета со варени јајца со која ќе изгубите до 10 килограми за 14 дена

    Диета со варени јајца со која ќе изгубите до 10 килограми за 14 дена

    Доколку сте во потрага по едноставен начин да изгубите килограми, по можност до новогодишната ноќ, а притоа тие да не се вратат, можеби диетата со варени јајца е токму за вас. Ако досега сте испробале разни диети, зошто тогаш не би ја испробале и оваа? Освен килограмите, ништо друго нема да изгубите!rnrn1-dieta-so-vareni-jajca-so-koja-kje-izgubite-do-10-kilogrami-za-14-dena-www.kafepauza.mk_rnrnДиетата со варени јајца не вклучува многу намирници, но гарантира дека ќе го забрза вашиот метаболизам, ќе ги согори мастите, а изгубените килограми нема да се вратат. Што е и најважно, нели? Освен тоа, со оваа диета можете да изгубите и до 10 килограми за две недели, па ајде да започнеме! Додека сте на диета, би требало да пиете многу вода (од 8 до 10 чаши дневно) за да го хидрирате вашиот организам, но и да го ослободите телото од токсини. Би требало да ја избегнувате брзата храна, алкохолот и претераното внесување сол и шеќер (дури и во облик на сокови). Исто така многу може да помогне и половина час вежбање дневно.rn

    МЕНИ ЗА ПРВАТА НЕДЕЛА

    rn

    Понеделник:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: 2 компира, 2 јаболка.rnrnВечера: Голема чинија салата со пилешко.rn

    Вторник:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Зелен зеленчук и пилешка салата.rnrnВечера: Салата од зеленчук, 1 портокал, 2 варени јајца.rn

    Среда:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Сирење со низок процент млечна маст, 1 домат, 1 компирrnrnВечера: Салата со пилешко.rn

    Четврток:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Овошје.rnrnВечера: Салата и пилешко.rnrn2-dieta-so-vareni-jajca-so-koja-kje-izgubite-do-10-kilogrami-za-14-dena-www.kafepauza.mk_rn

    Петок:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Варен зеленчук, 2 варени јајца.rnrnВечера: Салата со печена риба.rn

    Сабота:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Овошје.rnrnВечера: Пилешко и зеленчук.rn

    Недела:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Салата од домати, варен зеленчук, пилешко.rnrnВечера: Варен зеленчук.rnrn3-dieta-so-vareni-jajca-so-koja-kje-izgubite-do-10-kilogrami-za-14-dena-www.kafepauza.mk_rn

    МЕНИ ЗА ВТОРАТА НЕДЕЛА

    rn

    Понеделник

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Салата со пилешко.rnrnВечера: 1 портокал, зелена салата, 2 варени јајца.rn

    Вторник:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: 2 јајца, варен зеленчук.rnrnВечера: Салата со печена риба.rn

    Среда:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Салата со пилешко.rnrnВечера: 1 портокал, салата, 2 варени јајца.rn

    Четврток:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Варен зеленчук, немасно сирење, 2 варени јајца.rnrnВечера: Салата со пилешко.rnrn4-dieta-so-vareni-jajca-so-koja-kje-izgubite-do-10-kilogrami-za-14-dena-www.kafepauza.mk_rn

    Петок:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Салата со сардина.rnrnВечера: Салата, 2 варени јајца.rn

    Сабота:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Салата со пилешко.rnrnВечера: Овошје.rn

    Недела:

    rnПојадок: 2 варени јајца, 1 цитрусно овошје.rnrnРучек: Варен зеленчук и пилешко.rnrnВечера: Исто како за ручек.rnrnКако што забележавте, оваа диета скоро и да не содржи јаглехидрати и поради тоа толку добро успева. И уште една напомена, задолжително посоветувајте се со доктор пред секоја промена на исхраната, без оглед на тоа која диета сакате да ја започнете!

  • Строга војничка диета: Намалете 4 килограми за 3 дена (дозволен е и сладолед!)

    Строга војничка диета: Намалете 4 килограми за 3 дена (дозволен е и сладолед!)

    Доколку одлучивте дека сакате на брз начин да симнете неколку килограми, а не сакате да гладувате и да се откажете од омилената храна во текот на еден подолг период, тогаш решението се строгите и ефикасни диети. Но, не заборавајте дека она што е брзо, тоа трае и кратко, така што брзо можете да го почувствувате и јо-јо ефектот.rnrnВојничка строга диета: Намалете 4 килограми за 3 денаrnrnНо, за да го облечете вашиот омилен фустан за некој посебен повод што доаѓа, тогаш брзите диети кои траат од три до пет дена понекогаш се покажуваат како најдобро решение. Војничката диета подразбира строг режим на исхрана до кој морате точно да се придржувате доколку сакате вагата навистина да покаже и до 4 килограми помалку, за само три дена. Не обидувајте се да прескокнувате оброци или одредени да ги замените со други, затоа што тоа може да не ви даде задоволителни резултати. Затоа, многу е важно целосно да го следите овој распоред. Потребно е секој ден да вечерате во исто време, без разлика дали сте гладни или не. Утврдете некој свој распоред и придржувајте се до него. Со диетата се препорачува умерена физичка активност и пиење повеќе количество вода. Од зачини се дозволени само сол и бибер.rnrnВојничка строга диета: Намалете 4 килограми за 3 денаrn

    Еве како изгледа оваа диета

    rn

    Прв ден

    rnПојадок: Половина грејпфрут, парче тост со две лажици путер од кикирики, незасладено кафе или чај.rnrnРучек: 115 грама туна, парче тост, незасладено кафе или чај.rnrnВечера: 80 грама од кое било месо, 100 грама грашок, половина банана, мала јаболка и 300 грама сладолед од ванила.rn

    Втор ден

    rnПојадок: Јајце, половина банана, парче тост.rnrnРучек: Свежо сирење, тврдо варено јајце и пет солени крекери.rnrnВечера: Две виршли без леб, брокула, 115 грама рендан морков, половина банана и 100 грама сладолед од ванила.rn

    Трет ден

    rnПојадок: Кафе или чај со една до две лажички шеќер, пет солени крекери, 30 грама сирење и една мала јаболка.rnrnРучек: Тврдо варено јајце и едно парче тост.rnrnВечера: 115 грама туна, половина банана и 200 грама сладолед од ванила.

  • 4 причини да не се одлучите за диета

    4 причини да не се одлучите за диета

    Повеќето луѓе сакаат да имаат слабо и затегнато тело. Доколку и вие сте во потрага по вашата идеална тежина, тогаш можеби ќе се одлучите да бидете на диета. Сепак, тоа не е секогаш најдобриот одговор што ви треба. Иако не сите од нив имаат лошо влијание, во зависност од вашата моментална здравствена состојба, некои од нив може да ги влошат работите. Еве неколку причини кои ќе ви покажат зошто е подобро да размислите повеќе пати пред да се решите за каква било диета.rnrn4 причини кои покажуваат кога не би требало да се одлучите за диетаrn

    1. Немате медицинска дозвола

    rnНе е паметна идеја само да започнете да следите некоја диета без да се консултирате со вашиот лекар, особено ако имате некоја хронична болест. Одредени диети може да имаат негативно влијание врз вашето здравје. На пример, грејпфрутот може да има интеракција со некои лекови, како што се оние кои се користат за лекување на високиот холестерол и крвниот притисок. Значи, ако имате сериозна хронична болест, најдобро е прво да се консултирате со вашиот лекар. Покрај медицинските консултации, препорачливо е да се консултирате и со нутриционист. Тој може да ви помогне да дознаете колку калории треба да внесувате дневно, како и тоа која е најдобрата храна за вашите потреби. Нутриционистот исто така може да ви каже колкава е вашата идеална тежина врз основа на возраста, висината и видот на телото.rn

    2. Ако сте под притисок

    rnАко вашиот партнер или другите околу вас се жалат во врска со вашата тежина и ви велат дека треба да ослабете неколку килограми, застанете и размислете пред да почнете да ги броите калориите што ги внесувате. Дури и ако треба да изгубите некој вишок килограм, тогаш тоа е одлука што треба да ја направите вие под надзор на вашиот лекар. Не дозволувајте вашата самопочит да се заснова на бројките кои ги покажува вагата. Ако вашиот партнер не може да го прифати ова, тогаш сигурно време е да се разделите.rnrn4 причини кои покажуваат кога не би требало да се одлучите за диетаrn

    3. Слаби сте

    rnДоколку веќе сте прилично слаби, диетата е лоша идеја. Треба да имате одредена количина резервни масти во телото во случај потешко да се разболите или пак, да ви е потребна операција. Губењето повеќе тежина може да предизвика вашето тело да ги користи складираните протеини. Од друга страна, доколку веќе имате здрава телесна тежина, најдобро е да застанете овде. Желбата да изгубите повеќе кога тоа не е физички корисно, најчесто ја покажува вашата намалена самодоверба. Можеби начинот на кој се гледате себеси не е во согласност со реалноста? Можеби имате нарушување на сликата за телото кое лекарите го објаснуваат како состојба каде поединците се фокусирани на нивните недостатоци. Ако се пронаоѓате овде, подобро е да се консултирате со стручно лице кое ќе ви го одреди начинот на исхрана и ќе ви помогне да постигнете здрава слика за себе.rn

    4. Мислите дека ако ослабете животот ќе ви биде подобар

    rnВсушност, губењето на тежината нема да ви го направи животот подобар. Она што ќе ви помогне е директно да се соочите со ситуацијата во вашиот живот која ве наведува да настојувате да ослабете. Дали се занимавате со стресна работа? Дали вашиот брак не функционира најдобро? Ако храната ви станува утеха, тогаш време е да се справите со ситуациите кои ви предизвикуваат стрес. Откако ќе се погрижите за ова, поголема е веројатноста да ја добиете посакуваната тежина кога еднаш веќе ќе го прилагодите начинот на исхрана.

  • Не залажувајте се: Овие 3 диети немаат никаков ефект!

    Не залажувајте се: Овие 3 диети немаат никаков ефект!

    Интернетот е полн со различни совети за тоа како најбрзо и најефикасно да ги изгубите непосакуваните килограми и за тоа која диета е најдобра за вас. Сепак, не смеете да им верувате на сите совети што ќе ги прочитате. Во продолжение прочитајте ги 3-те најлоши диети што се препорачуваат за брзо слабеење, но во реалноста немаат никаков ефект!rnrn1-ne-zalazhuvajte-se-ovie-3-dieti-voopshto-nemaat-nikakov-efekt-www.kafepauza.mk_rn

    1. Диета со зелка

    rnМногу познатата диета со зелка главно се базира на супа, овошје и зеленчук. Додека сте на оваа диета можете навистина да изгубите неколку килограми, но, тие ќе се вратат веднаш штом почнете да јадете нормално.rn

    2. Грејпфрут диета

    rnГрејпфрут диетата е прилично строга и дозволува само незасладен сок од грејпфрут, црно кафе, зеленчук (без компир, пченка, морков и цвекло), риба и месо. Оваа диета се заснова на уверението дека грејпфрутот ги „согорува мастите“. Да, овој режим на исхрана помага да изгубите некое кило, бидејќи подразбира силно намалување на калориите, но скоро е невозможно да се одржи стабилна тежина штом се вратите на нормалната исхрана.rn

    3. Диета со пет залаци

    rnДиетата со пет залаци се заснова на јасно поделена исхрана на пет мали порции. Помеѓу оброците се препорачува да пиете многу вода. Иако оваа диета ја пофалија и ја одобрија многумина нутриционисти, важно е да обрнете внимание на соодветните големини на порциите и нивната содржина. Во спротивно, доколку не внимавате, овој режим на исхрана може да доведе до сериозно изгладнување.

  • 2+1 диета за која малкумина чуле: Ослабете до 5 килограми за 2 недели

    2+1 диета за која малкумина чуле: Ослабете до 5 килограми за 2 недели

    Постојат толку многу диети што веќе сè потешко станува да се избере соодветната за вашето тело. Но, за да ви помогнеме во изборот, решивме да ја споделиме оваа 2+1 диета што е малку позната, но неверојатно ефикасна.rnrnДиета 2+1 за која малкумина чуле: Ослабете до 5 килограми за 2 неделиrnrnСтанува збор за режим на исхрана што се води по принципот консумирање повеќе храна со помала калориска вредност. Тоа значи дека во центарот на вашата исхрана треба да биде зеленчукот. За време на следниот оброк, наполнете ја чинијата со 75% зеленчук, а остатокот со некој протеин – месо, риба, јајце, соја…rnrnНутриционистите тврдат дека доколку се придржувате до оваа диета 2 недели, вие можете да изгубите и до 5 килограми, а потоа, организмот ќе ви се навикне и сам ќе бара поздрава храна. Со цел да постигнете оптимални резултати, ограничете ја порцијата со протеини на 80 грама по оброк – јадете бело месо, печено со минимално количество масло, риба богата со омега 3 киселини, додека остатокот од чинијата може да се покрие со моркови, целер, зелка, краставица или кој било друг зеленчук.