Речиси и да не постои човек кој не сака тестенини, но и покрај тоа, најпознатите диети вклучуваат исхрана со намалени јаглехидрати. Имајќи го тоа на ум, колку и да внимавате на исхраната, понекогаш тестенините се совршениот оброк за вас. Едно неодамнешно истражување покажало дека тестенините можеби и не се толку лоши за вашата линија како што претходно се мислело.rnrn
rnrnЗа истражувањето спроведено од страна на Универзитетот во Торонто, истражувачите испитувале докази од 32 случајни истражувања во кои учествувале 2.488 луѓе. Испитаниците во просек јаделе тестенини 3,3 пати неделно наместо други јаглехидрати. Исто така тие биле на исхрана со низок гликемичен индекс. Храната со низок гликемичен индекс побавно се вари. Ова значи дека шеќерот во крвта се покачува побавно во споредба кога консумирате рафинирани јаглехидрати како ориз и бел леб. И тестенините имаат низок гликемичен индекс.rnrnРезултатите покажале дека испитаниците не само што не ја покачиле својата тежина, туку во просек изгубиле околу половина килограм во наредните 12 недели.rnrnСепак, пред да се опуштите со тестенините, потребно е да знаете неколку клучни детали. Секоја порција на испитаниците била околу 70 храма зготвени тестенини, а истражувањето било фокусирано на исхраната со низок гликемичен индекс. Сепак, понекогаш и ова е доволно како изговор за вечера да ги приготвите омилените тестенини.rnrnПогледнете и кои се најпопуларните диети и откријте која е вистинската за вас.
Tag: диета
-

Најдоброто истражување: Тестенините се одлични за слабеење
-

Диета што е подобра дури и од вежбање за вашиот мозок
Истражувањата покажале дека држењето диета со внесување малку масти може да ги зачува мозочните клетки подоцна во животот и потенцијално е поефикасна од вежбањето. Диетите кои имаат 40% помалку калории од препорачаното дневна доза, се верува дека го намалиле воспалението во мозоците на глувците и го одржале мозочното ткиво.rnrn
rnrnОвие откритија се резултат на истражување на Универзитетот и медицински центар во Холандија. Особено внимание се посветило на клетките микроглија. Овие клетки го одржуваат правилното функционирање на мозокот. Доктор Барт Еген, главниот автор на истражувањето, изјавил:rn„Дебелината и стареењето се доминантни и се зачестуваат во општествата ширум светот, но последиците на централниот нервен систем не се добро разбрани. Одредивме дали исхраната со многу или малку масти, во комбинација со вежби и рестрикција на храна има влијание на клетките микроглија во текот на стареењето на глувците.“
rnВоспалението на мозочните клетки е поврзано со болестите како мултиплекс склероза и деменција, па ова откритие може да биде од голема важност.rnrnВо експериментот на 6-месечни глувци им се давало храна со низок или висок процент на масти со цел да се види какво влијание имаат калориите на мозочните воспаленија. На 2-годишни глувци се спровел сличен експеримент каде што можеле да одберат да трчаат или да јадат храна со помалку масти.rn
„Воспалението се спречуваше само кога глувците јадеа храна со малку масти во комбинација со ограничено внесување на калории. Исхраната со малку масти не можеше да ги спречи овие промени. Сепак, резултатите покажуваат дека кај глувците, количеството масти е важен параметар за стареењето на мозокот, исто како и внесувањето калории. Само кога ќе се ограничи и внесувањето на масти и бројот на калории може да се спречат промените кај микроглијата.“
rnДознајте и кои се некои од најпопуларните диети во светот.
-

Фритата со зеленчук и сирење: Појадок според најпребаруваната диета за 2017-та година
Што е катогена диета? Ова е најпребаруваниот здравствен поим во 2017-та година според Гугл. Станува збор за специфичен начин на исхрана кој им дава предност на здравите масти и го ограничува внесувањето на јаглехидрати на максимално 50 грама дневно.rnrn
rnrnЗаради намаленото внесување на јаглехидрати во црниот дроб се разградуваат масните киселини и се произведуваат кетони. Не само што во овој тип исхрана е забрането консумирањето леб, тестенини и ориз, туку истото важи и за шеќерите, што благотворно делува на рамнотежата на хормоните во организмот, создава подобар тен, како и предизвикува топење на масното ткиво. Ви откриваме рецепт за вкусна фритата која е одличен оброк за почеток на денот.rnПотребни состојки за 6 до 8 личности:
rn
- rn011
- 450 грама мешан зеленчук по желба (спанаќ, кељ, блитва, пиперки)
- 2 лажици маслиново масло
- 150 грама моцарела, исечкана на коцки
- 110 грама фета сирење
- 100 грама млад кромид
- 12 јајца
- сол и бибер по желба
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЗагрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови. Премачкајте огноотпорна тава со една лажица маслиново масло, за да ја подготвите за печење на фритатата. Во голема тава, на ниска температура, загрејте ја втората лажица маслиново масло. Додајте го зелениот зеленчук и мешајте го до две минути додека не омекне. Префрлете го зелениот зеленчук во огноотпорната тава.rnrnИсечкајте ја моцарелата на коцки, сирењето изгмечете го на ситни парчиња и исечкајте го младиот кромид. Ако при рака немате млад кромид можете да употребите и обичен кромид. Сирењето и кромидот посипете ги преку зелениот зеленчук.rnrnСкршете ги јајцата и нежно мешајте додека не добиете еднолична смеса. Прелијте ја смесата од јајца врз зелениот зеленчук, сирењето и кромидот. Ставете сол и бибер по желба. Имајте на ум дека сирењето е солено и не морате да претерувате со додавањето на тој зачин.rnrnСтавете во загреана рерна и печете од 40 до 45 минути. Послужете со лажица кисела павлака. Пријатно јадење!
-

Како популарните диети си поигруваат со вашиот организам?
Единствена здрава и правилна диета е онаа која застапува умереност. Од оној момент кога ќе се откажете дури и од една намирница која претходно сте ја сакале, знајте дека не сте на вистинскиот пат. Умерената диета која нема да го наруши вашиот организам подразбира намалување од максимално 500 калории дневно. Тоа значи дека од препорачаното дневно внесување калории (2.200 калории) треба да одземете 500. Во преостанатите 1.700 до 1.800 калории и понатаму имате слобода да консумирате сѐ што досега сте сакале, но во умрени количини.rnrn
rn„Ретко кога на луѓето им исфрлам нешто од исхраната. Од клучна важност е изборот на намирници, а многумина кои сакаат да ослабат дури и ја збогатуваат својата исхрана со нова. Постојат некои намирници кои ни овозможуваат да внесуваме сѐ што ни е потребно, а притоа да го избегнеме сето она што ни е непотребно. Во тоа најмногу помага големата количина зеленчук затоа што има ниска енергетска вредност. Така ги добивате сите минерали, витамини и хранливи влакна, додека истовремено и слабеете“, истакнува професор д-р Будимка Новаковиќ.
rnДиетите кои се засноваат на рестрикција на јаглехидратите, течните шеќери, па и мастите на повеќе начини го нарушуваат енергетскиот баланс, а најмногу влијаат на правилната работа на организмот. Во продолжение погледнете како.rn
1. Нерасположени сте
rnНе е потребна некоја наука за да сфатите дека гладот предизвикува нерасположение и нервоза. Многу е едноставно – поголемиот дел од диетите се засноваат на рестрикција на важните натриени, а нивниот недостаток во организмот предизвикува лачење на хормонот за стрес. Хормонот на стрес го прави вашиот имунитет послаб и поподложен на болести. Уште ако со рестриктивната диета во која не добивате доволно натриени и вежбате, тогаш целосно ќе го истрошите вашиот организам. rnrnСо други зборови, услов за здрава диета и килограми кои нема да ви се вратат после неа е благосостојба на организмот, поточно негово задоволство. Да се чувствувате добро е чувство на задоволство во животот, а основа за задоволен живот е чувство на добро физичко и ментално здравје. Па, две коцки од вашето омилено чоколадо никако нема да ја забават вашата диета, баш напротив, ќе ве мотивираат да не се откажувате и да продолжите понатаму.rnrn
rn2. Не го слушате вашето тело
rnТелото ви кажува што сака и секогаш е во право, а диетите го прават спротивното – ве тераат да не го слушате вашето тело! Исхраната не е вештина која сите на ист начин ја практикуваат, туку инстинкт кој го има секој од нас. Не сте родени со калкулатор за броење калории, туку со природно чувство да знаете кога сте гладни, а кога ви е доста. rnrnУште како дете сте научиле што ви се допаѓа, што не ви се допаѓа, и колку можете да јадете додека „не пукнете“. Храната е храна, а вие сте изградиле свој начин на кој ја примате и внесувате. Не мора никој повторно да ве учи на тоа. Секогаш имајте на ум дека вие сте тие кои најдобро сами на себе ќе си создадете диета според вашето животно мени.rn
3. Храната станува центар на светот
rnКога сте на диета вие постојано мислите на храна. Што да однесете на работа за да јадете? Како ќе ја издржите вечерата со пријателите кога на ред ќе пристигне десертот? Како ќе се контролирате на свадбата на која треба да одите? Сето ова во вас создава нервоза и од храната правите непријател. rnrnТоа не смее да се случи. Храната треба да биде вашиот најголем пријател, а само со баланс и умереност таа може и тоа да стане. Во оној момент кога ќе одлучите да ја намалите големината на порциите од сето она што го сакате и да не мислите воопшто на тоа, нема ниту да забележите како килограмите исчезнуваат.rnrn
rn4. Имате чувство дека постојано грешите
rnДа, денес можеби сте биле добри и сте го почитувале планот на исхрана кој ви е препишан. Но, веќе утредента сте погрешиле и сега се чувствувате многу лошо заради тоа. Се чувствувате помалку вредно и имате чувство дека ништо не ви помага да ги отстраните тие неколку вишок килограми. Тоа ќе доведе до избегнување на социјалните настани заради храната која се служи на нив, а на крај ќе предизвика да верувате дека нечиј туѓ план на исхрана го крои вашиот живот. rnrnВо оној момент кога ќе ја постигнете посакуваната цел ќе се вратите на старите навики, а така ќе се вратат и килограмите. Во сето ова страда само вашиот организам што диетата го шокира и му ја нарушува нормалната работа.rnrnДоколку сте започнале диета, погледнете кои се најчестите грешки што ги правите додека сте на диета.
-

Есента е идеално време за да ја испробате диетата со печурки
Печурките содржат хранливи влакна кои ја стимулираат работата на цревата и допринесуваат за чувство на ситост, па така нема да посегнувате по нездрава брза храна која допринесува за создавање масти во организмот. Оваа диета е совршена за оние кои не можат да го поднесат чувството на глад.rnrn
rnrnПечурките уште се нарекуваат „месо за вегетаријанци“ и тие се идеална замена за месото, особено доколку сакате да ослабете на здрав начин. Печурките се состојат од протеини и влакна кои создаваат чувство на ситост, а имаат многу малку калории – 150 грама шампињони содржат само 30 калории. Оваа диета ќе ви помогне да го подобрите вашиот изглед, бидејќи печурките содржат витамин Б, железо, цинк, калиум и селен кои се одлични за кожата, косата и ноктите.rnrnДиетата со печурки трае 5 недели, а за ова време можете да изгубите околу 5 килограми. Не треба да внесувате дневно повеќе од 1.550 калории, а покрај печурките диетата содржи и 5 порции овошје и зеленчук и половина литар млеко за да му обезбедите на организмот доволна количина хранливи материи. Се препорачува за еден оброк да изедете околу 250-300 грама свежи печурки.rnrnЦелта на оваа диета е да го замените месото со печурки секогаш кога ќе имате можност за тоа. На пример, подгответе ориз со печурки, испечете печурки на жар како предјадење, наместо мелено месо за шпагети користете исечкани печурки, направете вкусен гулаш со печурки или пита. На Интернет можете да пронајдете многу рецепти за вкусни оброци со печурки.rnrnДоколку подолго време водите битка со килограмите, погледнете ги овие заповеди за трајно губење на килограмите. -

Научно докажано: Кои се најдобрите, а кои најлошите денови за започнување диета?
Една од најтешките одлуки кои ги имаат луѓето со вишок килограми е одлуката кога да започнат со диета. „Од утре ја почнувам диетата“ или „За викенд вртам нова страница од мојот живот“, се речениците кои барем еднаш сме си ги кажале животот, но што велат научниците – кога е најдобро да се започне со диета?rnrn
rnНАЈДОБРО ВРЕМЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ДИЕТА:
rn
После роденденот
rnИстражувањата покажуваат дека луѓето се подготвени да се посветат на своите зададени цели после одредени датуми кои се одбележуваат, вклучувајќи ги празниците и родендените. Ако размислувате за диета, тогаш тоа е идеално време за да ја започнете. Со тек на време ќе научите како да не ги повторувате грешките и така полесно ќе го усогласите вашето однесување со вашето „ново јас“.rn
Понеделник
rnСекој понеделник е идеален за нов почеток. Луѓето гледаат на овој ден како „копче за рестартирање“ и имаат мотивација која ќе ги поттикне за остварување на целите кои ги имаат на почетокот од неделата. Покрај тоа, после викендот откако со сигурност сте се почестиле со слатки и калорични залаци, сигурни сме дека сте подготвени да прифатите полесна храна.rn
После некоја голема животна промена
rnДа речеме дека сте се преселиле во нова куќа или во друг град поради работата. Новата рутина и новиот начин на живот е совршено време за почеток на некои нови навики. Можете да започнете со мали чекори кон вашата голема цел која сте ја зацртале. На пример, денот започнете го со здрав појадок или намалете ја количината на шеќер која обично ја ставате во кафето.rnrn
rnНАЈЛОШО ВРЕМЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ДИЕТА:
rn
Нова година
rnПроблемот со новата година е тоа што си даваме голем број цели кои тешко можеме да ги постигнеме. Токму затоа и не треба да ја мешаме диетата со останатите скоро невозможни цели. Ако тоа не функционирало претходно, зошто со новогодишната одлука би било поразлично? Ако сакате да поставите цел откако стрелките на часовникот ќе отчукаат полноќ, планирајте полека. Донесете само една одлука, на пример, одлука дека повеќе нема да јадете пред телевизорот или да јадете слатки секојдневно. Откако ќе ја спроведете таа одлука, на вашата листа додајте го ѝ започнувањето на диетата.rn
Кога имате голем проект или рок на работното место
rnКога во еден период од животот ќе ве „затрупаат“ разни обврски како што е породувањето, преземањето одговорност за одреден член од семејството или па, кога едноставно имате навистина напорни денови и седмици на работа, тогаш дефинитивно не е време за диета. Стресните околности се најлошото време кога можете да ја тестирате вашата издржливост, упорност и ограничување. За почеток можете да усвоите неколку здрави навики кои ќе ви помогнат во врска со вашата цел да ослабете.rn
Петок
rnДоаѓа викенд, а на распоредот имате забави на кои ќе се послужува пица, сладолед и останата храна која е богата со калории. На таквите искушенија е тешко да одолеете. Но, можеби тоа и не е толку лоша работа ако сте веќе на диета, а имате забави на кои нема да можете да ја избегнете таквата храна. Почестете се за време на викендот, а потоа во текот на седмицата повторно држете диета. Најважно е да бидете истрајни и резултатот нема да изостане.rnrn
rnВикенд
rnВикендот е лошо време за почеток на диетата, бидејќи едноставно имате премногу слободно време. Немате „густ“ распоред, па затоа ќе ви биде потешко да се држите до здравите навики кои сте ги вежбале во текот на неделата. На пример, можеби нема да појадувате овесни снегулки, туку ќе изберете кафе и некој десерт. Наместо готвењето дома, најверојатно ќе излезете надвор и ќе изедете некоја брза храна.rn
После годишниот одмор
rnЗа многу луѓе, ова е време кога се опуштаат и слободно јадат. Но, ако планирате да бидете на диета веднаш после годишниот одмор тоа и не е баш најдобра идеја. Можеби ќе помислите дека кога ќе се вратите дома од одморот ќе бидете поригорозни кон себе, па сега ќе можете да јадете малку повеќе, а тоа можеби ќе ве стави на полошо место од почетокот. Немојте да планирате толку однапред, бидејќи ќе се прецените и ќе јадете многу повеќе, а насобраните килограми можеби нема толку лесно да ве напуштат како што сте мислеле.rnrnЗа да бидете успешни во својата диета, ви предлагаме да погледнете кои се најчестите грешки во текот на диетата.
-

7 пијалаци кои ќе ви помогнат да се збогувате со непосакуваната тежина
Секој кој држел диета знае колку е тешко да се ослободите од непосакуваните килограми. Но, постои и скратен пат за кој ви се потребни најосновни продукти. Погледнете неколку пијалаци кои ќе ви помогнат да се ослободите од килограмите за многу кратко време.rn
1. Пијалак од сливи
rn
rnrnСливите ги отстрануваат токсините, а со тоа го забрзуваат процесот на слабеење. Тие содржат витамин А, калиум, магнезиум и железо и нè одржуваат во форма. Но, немојте да пиете повеќе од 1 чаша од пијалакот, бидејќи сливите се моќни лаксативи.rn2. Пијалак со мед и цимет
rn
rnrnЦиметот го намалува нивото на шеќер во крвта, помага во дигестијата и го забрзува метаболизмот. Научниците велат дека заменувањето на шеќерот со мед може да го спречи здебелувањето.rn3. Пијалак со никулци од пченица
rn
rnЧувајте го настрана од сонце и пијте 150 милилитри пред секој оброк. Рецептот треба да има каллив и малку цитрусен вкус. Овој пијалак го забрзува вашиот метаболизам, помага во дигестијата и ги отстранува токсините.rn4. Пијалак со лимон и ѓумбир
rn
rnrnМногу нутриционисти сметаат дека ѓумбирот е одличен продукт во борбата против дебелината бидејќи ја намалува подуеноста и го отстранува вишокот течности од телото. Лимоните ги стимулираат бубрезите, го поддржуваат отстранувањето на токсините и ја регулираат дигестијата.rnrnПродолжува на следната страница…rn -

Дали сте слушнале за нордиската диета и зошто таа станува сè попопуларна?
Таа е позната како нордиска, скандинавска или викиншка диета, а станува збор за вид исхрана што е застапен во Скандинавските земји, кои во последно време се сѐ попопуларни поради својот благотворен ефект врз здравјето и помошта околу слабеењето. Заговорниците на нордиската диета се строго против изгладнувањето, но затоа пак се залагаат за умереност. Го пропагираат враќањето на прехранбените навики кои ги имале нашите предци, како и избегнувањето на нездравата и преработената храна кои се главните виновници за вишокот килограми.rnrn
rn1. Свежо, сезонско и органско
rnНордиската прехрана ја поттикнува консумацијата на органски и сезонски производи, внесување житарки од цело зрно, омега-3 масни киселини, добри масти од јаткастите плодови и семки, и многу овошје и зеленчук. Истражувањата покажуваат дека нордиската исхрана може значително да го регулира нивото на холестерол и да ја подобри чувствителноста на телото на инсулин. rnrnОсновни правила за консумирање на нордиската исхрана се употребата на локални, сезонски и органски производи. Со консумирањето сезонски и свежи производи всушност избегнувате да јадете конзервирана храна што е зачинета со масти и претерана количина шеќер.rn
2. Клучни производи
rnНордиската диета спаѓа помеѓу подобрите во светот, бидејќи истражувањата покажуваат дека дава енергија, помага при отстранувањето на вишокот килограми и урамнотежување на маснотијата во крвта и крвниот притисок. Како всушност се спроведува? Во нордиската диета главна улога имаат житарките, зеленчукот и рибата кои даваат сила, енергија и го подобруваат квалитетот на животот. rnrnВо нордиската диета одредени производи се користат секојдневно. Тоа пред сѐ е зеленчук со корења, како што е компирот, цвеклото, репката и морковите кои даваат чувство на ситост благодарение на тоа што содржат здрава комбинација на хранливи влакна и бавно варливи јаглехидрати. Покрај тоа, цвеклото е одличен избор и поради тоа што е силен антиоксиданс кој помага во детоксикацијата на организмот. rnrnПотоа, важна улога и задолжителен производ во нордиската диета е ‘ржениот леб. Интегралниот леб од ‘рж е побогат со прехранбени влакна од белиот леб, подолго се џвака и вари, па затоа нема ненадејни скокови на нивото на шеќер во крвта и гарантирано е подолгото чувство на ситост. Бидејќи ‘ржта е богата со манган, минерал кој е важен за создавање енергија, нормална работа на тироидната жлезда и цврстина на коските и забита, па во него се кријат многу здрави користи за организмот.rnrn
rn3. Масло од репка
rnМаслото од репка е вистинска конкуренција на маслиновото масло, бидејќи е исклучително богато со незаситени омега-3 масни киселини. Маслото од репка има неутрален вкус и е одлично за печење, поховање, скара… Совет е да се користи ладно цедено масло од репка. Она што е необично во оваа диета, за разлика од медитеранската, е тоа што се препорачува масло од репка наместо маслиново масло, поради поголемата концентрација на омега-3 масни киселини.rn
4. Повеќе билки, помалку месо
rnПотребно е да внесете повеќе калории од билките, а помалку од месото. Оваа диета резултира со помало внесување заситени масти и поголемо внесување незаситени масти, хранливи влакна, витамини и минерали. Билките имаат малку калории, па можете да ги јадете во поголеми количини, што значи дека во оваа диета нема чувство на глад, а поради здравиот избор на производи се слабее. Важен дел се речните и морските риби, кои зависно од видот, овозможуваат цело богатство протеини, витамини, минерали и масни кислини.rnrnПокрај тоа, потребно е да јадете и доста локална, сезонска храна. Печурките, шумското овошје и месото од локални произведувачи имаат многу повеќе хранливи материи, додека месото има помалку нездрави маснотии. Дозволени се помали количини немасно месо, но за разлика од медитеранската диета, во нордиската се препорачува и месо од дивеч како што е месо од срна или вепар. Покрај дивечот се препорачува и колку е можно поголемо консумирање шумски плодови, вклучувајќи ги бобинките и печурките.rnrn

-

Сериозни последици од јо-јо диетите на кои треба да внимавате
Колку пати во животот сте биле на диета? Колку килограми сте изгубиле? Дали тие килограми повторно се вратиле и тоа се случило, во кој временски период? Кога ќе одговорите на овие прашања, брзо ќе дознаете дали сте „жртва“ на јо-јо диетите. Всушност, станува збор за брзи и навидум ефикасни диети, со кои во краток период се губат поголем број килограми, но кога ќе престанете со нив, изгубеното брзо се враќа назад, па често доаѓа до тоа да се насоберат во поголем број од претходно. Освен самото несакано повторно враќање на килограмите, таквиот начин на слабеење и повторно дебелеење има и психички и физички опасности за вашето здравје.rnrn
rnrn1. Количината на маснотии што се враќа во телото со секоја нездрава диета и повторното враќање на килограмите се зголемува. Кога некоја личност за брзо време ќе изгуби многу тежина, заедно со маснотиите ја губи и мускулната маса. Кога повторно ќе започне да се враќа старата тежина, има тенденција да се насоберат повеќе маснотии од претходно, а помалку мускулна маса, па поради тоа таа личност станува подебела од претходно.rnrn2. Еден од ефектите на јо-јо диетите е зголемената желба за мрсна храна. Со други зборови, телото многу полесно ги преработува калориите од маснотиите отколку од протеините и јаглехидратите.rnrn3. Постојаното губење и добивање тежина, кое може да трае со години, а кај некои личности и со децении, може да има сериозни психички последици. Односно, неуспехот во одржувањето на посакуваната тежина може да се доживее како личен пораз. Одвреме-навреме може да дојде до проблеми со самодовербата, а кај некои личности може да се појави и депресија.rnrn
rnrn4. Личностите кои често губат и добиваат килограми имаат и ослабен имунитет. Односно, истражувањата покажуваат дека жените кои се обидувале повеќе од пет пати да изгубат тежина имаат за една третина послаб имунитет од останатите. Од друга страна пак, жените кои имаат иста, „здрава“ тежина, повеќе од пет години по ред, имаат за 40% подобар имунитет од личностите чија тежина постојано варира.rnrn5. Некои понови истражувања покажаа дека јо-јо диетите може да предизвикаат бројни здравствени проблеми, како што се зголемен крвен притисок, зголемен холестерол, дијабетес, а може да дојде и до срцеви аритмии.rnrnПоради тоа, здравата исхрана од свежи, нетретирани и разновидни намирници, готвењето дома, поточно помалку процесирана храна, слатки и грицки, но и редовното вежбање се вистинскиот начин за здраво губење килограми, кое може да донесе бројни добрини на организмот.rnrnИзгладнувањето на организмот со брзи диети го доведува телото во „извонредна“ состојба во кое метаболизмот забавува, бидејќи се гасат или забавуваат функциите на органите поради штедењето на енергија. Кога повторно ќе се започне со консумирање поголема количина храна, метаболизмот останува бавен, поради што доаѓа до повторно насобирање на килограмите. -

Тајната за беспрекорниот изглед на Моника Белучи: 7-дневна диета и режим на вежбање
Филмската дива Моника Белучи која е мајка на две ќеркички и понатаму го воодушевува светот со својата убавина. „Јас сум како зрела круша, преубаво зрела. Многу слатка и сочна“, изјави Италијанката која кон вежбањето има однос во кој се мешаат љубовта и одбојноста. Себеси не се смета за дебела, ниту слаба, па затоа најверојатно никој нема да ја види оваа 173 сантиметри висока и 58 килограми тешка актерка на лентата за трчање.rn
„Невозможно е да го ускладам одењето во теретана со мојот начин на живот. Да се разбудам во 5 наутро за да започнам да вежбам во 6? Не доаѓа предвид! Наместо напорното вежбање во теретана, ја често облекувам црно. Многу е попрактично и позабавно“, изјави убавата актерка.
rn
rnrnРежимот за вежбање на Моника е умерен и лежерен, а вклучува пливање, трчање и јога. 4 пати неделно плива по 45 минути и уверена е дека тоа е најдобриот начин за да остане во одлична форма. Привремено се занимава и со кикбокс и капуера (африканско-бразилска боречка вештина) под влијание на својот бивш сопруг, големиот вљубеник во спортот, францускиот актер Винсент Касела.rn„Јас сум како морско куче. Секогаш сум во движење, морам да бидам за да живеам. Сепак, понекогаш, за свое добро, жената мора да пронајде начин да мирува и да биде мрзлива. Всушност, би рекла дека сум половина морско куче, а половина Медитеранка.“
rnИталијанската убавица сигурно не е една од оние актерки кои се изгладнуваат. Ако е потребно за одредена улога да изгуби некој килограм, јаде месо, риба и зеленчук и многу брзо ослабува. Но, помило ѝ е кога ќе ѝ се укаже улога за која мора да се здебели.rnrn
rnrnШто се однесува до љубовта кон храната, таа е вистинска Италијанка: Јаде сѐ, но најмногу ја сака италијанската кујна. Најомилено јадење ѝ се тестенини со пармезан. Нејзиниот план за исхрана е одреден со големината на порциите, а не со видовите на производи. Овој план ѝ овозможува да јаде сѐ што ќе посака, под услов да ја контролира големината на порциите.rnМЕНИ ЗА 7 ДЕНА
rnОва диета е единствена во својата разновидност. Покрај тоа, не морате да барате егзотична храна и да подготвувате комплицирани јадења.rn
Ден 1
rnПојадок: 150 милилитри природен и незасладен јогурт со парчиња јаболка.rnrnРучек: 200 грама квалитетно говедско месо, 200 грама салата од зелен зеленчук со 1 лажичка маслиново масло, парче пченкарен леб.rnrnВечера: Шака свежи бобинки, 150 грама варен ориз со една лажичка маслиново масло и 50 грама рендано биено сирење, 150 грама салата од зеленчук и кој било вид овошје.rn
Ден 2
rnПојадок: 1 шолја кафе без шеќер, тост и лажичка бобинки или овошен џем.rnrnРучек: Омлет од 3 јајца, 2 мали варени тиквички и парче интегрален леб.rnrnВечера: 150 грама варено посно месо и салата.rn
Ден 3
rnПојадок: 1 шолја зелен чај со лимон, тост намачкан со мед, грејпфрут.rnrnРучек: 200 грама варен или печен компир со магданос или мирудија, 100 грама сирење со ниска содржина на масти.rnrnВечера: 170 грама шпагети со маслиново масло и домати, кое било овошје.rnrn
rnДен 4
rnПојадок: Природно незасладен и ниско масен јогурт со 2 лажички мед, 40 грама сирење.rnrnРучек: 100 грама варен ориз, 100 грама варени тиквички, 100 грама варено говедско месо.rnrnВечера: Шака од кое било овошје, 200 грама варена посна риба, салата од зеленчук со маслиново масло, парче леб.rn
Ден 5
rnПојадок: 230 милилитри свежо исцеден сок, два солени крекери.rnrnРучек: 100 грама шпагети, салата од свеж зеленчук со маслиново масло, портокал или грозје.rnrnВечера: 250 грама салата од зеленчук со варен грав, кое било овошје.rnrnЗа преостанатите денови за исхрана повторете некој претходен ден од менито.rnrnНе очекувајте од оваа диета шокантни резултати. За една недела со ваква исхрана, ќе ослабете од 2 до 3 килограми. Но, ќе се чувствувате одлично и нема да му наштети на вашето тело. Диетата на познатата актерка е добра, бидејќи содржи доволна количина овошје и зеленчук кои се богати со витамини, минерали и влакна. Ваквата исхрана помага да се нормализира работата на цревата, да се исчисти телото од токсините и да се регулираат метаболичните процеси. Со оглед на тоа дека медот се користи во диетата, нема постојано да чувствувате потреба за слатки. Сите јадења се приготвуваат доста едноставно, па е совршена доколку имате малку слободно време.rnrnКога зборуваме за недостатоците на оваа диета, мора да нагласиме дека таа вклучува многу малку протеини. Овен тоа, големиот број растителна храна го активира процесот на ферментација, што може да доведе до нарушувања во дигестивниот систем. Долгите интервали помеѓу оброците може да предизвикаат постојано чувство на глад. За да се изборите со тоа, можете да испиете 1 чаша топла вода секојпат кога ќе почувствувате потреба за храна.