КАФЕ ПАУЗА

Tag: диета

  • Можете ли да ослабете пиејќи алкохол?

    Можете ли да ослабете пиејќи алкохол?

    Празните калории од алкохолот многу брзо можат да станат проблем, барем кога станува збор за вашите килограми. Само еден час поминат со весело друштво и некоја пијачка, може да резултира со внесување стотици непотребни калории.rnrnМожете ли да ослабите пиејќи алкохол?rnrnНо, доколку сметате дека мора целосно да се откажете од алкохолот додека сте на диета, грешите.rnrnСе разбира, доколку целосно го отстраните алкохолот од вашиот живот можно е да ослабете побрзо, но нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да се почестите со некоја пијачка.rn

    „Не мора целосно да се откажете од уживањето во пијачка со пријателите додека се обидувате да ослабeте. Меѓутоа, имајте на ум дека консумирањето алкохол придонесува во вашиот вкупен дневен внес на калории, а истовремено има малку хранливи материи како што се протеини, витамини, минерали и хранливи влакна, што му се потребни на телото за да остане здраво“, изјавила нутриционистката Елора Базанел.

    rnПокрај тоа, според нејзината колешка Џули Апто, пиењето алкохол го зголемува вашиот апетит. Па, добро е да размислите и за тоа доколку сакате да пиете додека сте на диета.rn

    „Чаша вино неколку пати неделно не би требало да биде проблем. Но доколку пиете две или три чаши секоја вечер, тие калории можат да направат голема разлика во вашите обиди за слабеење“, изјавила нутриционистката Синди Далоу.

    rnДоколку сепак се одлучите да пиете алкохол додека сте на диета, осигурете се дека тоа ќе биде пијалак со помалку калории кој нема да има многу големо влијание на вашата цел.rnrnДали знаете што ќе се случи ако целосно се откажете од алкохолот?

  • 14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

    14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетата

    Голема е веројатноста барем еден од вашите пријатели да се обидува да ослаби со кето диетата или ви има зборувано за нејзините магични резултати. Причината е што моментално ова е најпопуларниот тренд за исхрана. И не ја пробуваат само обичните луѓе, туку и познатите како Хали Бери, Ванеса Хаџенс и Меган Фокс наводно ѝ дале шанса.rnrnСо кето диетата треба да јадете многу масти, умерено количество протеин и малку јаглехидрати. На кратко, ова е сосема поразличен начин на исхрана од оној на којшто речиси сите сме навикнати. Ако планирате да ја пробате и вие, важно е да ги знаете овие 14 нешта.rn

    1. Целосно ќе се промени начинот на којшто се храните

    rn14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетатаrnrnАко се храните како повеќето луѓе, најверојатно од 50% до 65% од внесената храна се јаглехидрати. Ако ја почнете кето диетата, калориите ќе се состојат од околу 75% масти, 20% протеини и 5% јаглехидрати.rn

    2. Ќе се промени начинот на којшто вашето тело ја користи храната

    rn14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетатаrnrnЗа време на кето диетата, вашето тело ќе влезе во состојба наречена кетоза, односно телото не добива доволно енергија од јаглехидрати, туку го согорува салото. Поради ова ќе почнат да се лачат кетони што ќе ви ја даваат потребната енергија.rn

    3. Можете да ја прилагодувате

    rn14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетатаrnrnИако е кажано колкав е соодносот на хранливите материи што ги внесувате, овие бројки се со цел да постигнете кетоза. Сепак ако ова не ви помага да ја постигнете посакуваната цел, лесно можете да ја прилагодите диетата со менување на соодносот.rn

    4. Потребно е време за телото да се прилагоди

    rn14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетатаrnrnКето диетата ќе направи и големи промени во функциите на вашето тело. Ова значи дека ќе биде потребно подолго време за да ги видите посакуваните резултати. Важно е да знаете дека ако не можете да влезете во состојба на кетоза и ако не ги гледате резултатите за кратко, немојте да се откажувате. Само дајте си повеќе време.rn

    5. Нејасно е дали диетата е долгорочна опција

    rn14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетатаrnrnЗасега не се знае дали кето диетата е долгорочна или треба да ја држите само одреден период. Додека некои сметаат дека е добро да се држите до неа за телото да не мора постојано да се прилагодува, не е познато какво влијание има диетата ако ја држите подолго. Затоа е најдобро да се консултирате со вашиот лекар.rn

    6. Ќе ви помогне да ослабите

    rn14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетатаrnrnСлабеењето е најчестата причина што луѓето ја започнуваат оваа диета. Кога јадете многу добри масти, вашето тело знае како да ги согорува и ова прави да се чувствувате сито подолго време. Исто така, повеќе нема да зависите од храна што ве дебелее.rn

    7. Има бројни здравствени придобивки

    rn14 нешта што би требало да ги знаете за кето диетатаrnrnПокрај слабеењето, кето диетата нуди и многу здравствени придобивки. Таа го подобрува нивото на шеќер во крвта, нивото на инсулин и холестеролот. Некои дури ја препорачуваат за пациенти со рак бидејќи наводно го спречува растењето на туморот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Антистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатоста

    Антистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатоста

    Храната може да го намали стресот на неколку начини. Некои намирници го поттикнуваат лачењето на серотонин во организмот, други го намалуваат лачењето на кортизол и адреналин, стрес хормони кои можат да му наштетат на вашето здравје, да го ослабат имунитетот и да го покачат крвниот притисок. Па, што е потребно да направите за да ослабете со антистрес диета?rn

    Сложени јаглехидрати

    rnАнтистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатостаrnrnЈаглехидратите го поттикнуваат лачењето на серотонин во мозокот. Најдобро е да консумирате сложени јаглехидрати кои побавно се дигестираат. Овде спаѓаат интегрален леб, интегрални тестенини и овесни снегулки кои се најдобри за појадок.rn

    Едноставни јаглехидрати

    rnАнтистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатостаrnrnИсхраната со едноставни јаглехидрати не се препорачува никому, особено не на луѓето со дијабетес. Најчесто ова се продукти што содржат шеќер и бело брашно, брзо се дигестираат и пружаат краткотрајно задоволство. Ограничете го внесот на едноставните јаглехидрати за да го намалите стресот и да се ослободите од вишокот килограми.rn

    Портокали

    rnАнтистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатостаrnrnПортокалите се богати со витамин Ц кој го зајакнува имунитетот и го намалува лачењето на стрес хормоните. Истражувањата покажале дека витаминот Ц го намалува крвниот притисок, го намалува лачењето на кортизол и го забрзува метаболизмот. Портокалите се одлични и во борбата против целулитот.rn

    Спанаќ

    rnАнтистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатостаrnrnНедостатокот од магнезиум може да предизвика замор, честа одлика на стресот. Една порција спанаќ има доволно магнезиум за цел ден. Покрај тоа спанаќот има многу хранливи влакна кои го намалуваат чувството на глад.rn

    Риба

    rnАнтистрес диета со која ќе ги стопите килограмите и ќе се ослободите од напнатостаrnrnЗа да го намалите стресот, потребно е да внесувате доволно омега 3 масни киселини кои ги има во рибата. Овие здрави масти го спречуваат лачењето на стрес хормоните и го штитат организмот од кардиоваскуларни болести и депресија. Покрај тоа, рибата е одлична во борбата против килограмите. Протеините и мастите ќе го намалат чувството на глад и желбата за ужина. Се препорачува да консумирате риба барем два пати неделно.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Диета со грав што ќе ви помогне да ги намалите килограмите и да го подобрите здравјето

    Диета со грав што ќе ви помогне да ги намалите килограмите и да го подобрите здравјето

    Начинот на исхрана во кој е застапен гравот е најдобар за постудениот дел од годината. Гравот е одличен за црниот дроб и жолчката и ја подобрува нивната функција. Покрај тоа ја спречува авитаминозата којашто е карактеристична за зимските денови и држењето диети.rnrnДиета со грав што ќе ви помогне да ги намалите килограмите и да го подобрите здравјетоrnrnГравот го зајакнува кардиоваскуларниот систем и ја подобрува состојбата на кожата. Се препорачува во текот на диетата гравот да биде главно јадење, а истовремено потребно е да го намалите консумирањето леб и слатка храна.rnrnГравот е богат со протеини, витамини Б, Ц и Е, како и со калциум, фосфор, бакар и цинк. Исто така има изобилство од аминокиселини.rn

    Прв ден

    rnПојадок: 50 грама тврдо сирење и парче интегрален леб.rnrnУжина: Шолја обезмастен јогурт.rnrnРучек: 100 грама младо сирење, салата од мешан зеленчук, лимонада или чај без шеќер.rnrnВечера: 200 грама сварен грав, 150 грама овошје по ваш избор.rn

    Втор ден

    rnПојадок: 100 грама младо сирење, кафе или чај.rnrnУжина: 100 грама какво било овошје.rnrnРучек: 100 грама варен грав, варен зеленчук по ваш избор или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај без шеќер.rnrnВечера: Исто како и ручекот, плус 100 грама печена риба.rn

    Трет ден

    rnПојадок: Шолја обезмастен јогурт или кефир, парче интегрален леб и 50 грама тврдо сирење.rnrnУжина: Шолја кефир.rnrnРучек: 100 грама варен грав, варен зеленчук или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај.rnrnВечера:Исто како и ручекот, плус 230 милилитри сок од домати.rn

    Четврти ден

    rnПојадок: 100 грама младо сирење, чај или кафе без шеќер.rnrnУжина: 100 грама какво било овошје.rnrnРучек: 100 грама варен грав, салата од морков и јаболка со една лажица мед.rnrnВечера: 100 грама печени пилешки гради, 50 грама варен ориз, чај или кафе без шеќер.rn

    Петти ден

    rnПојадок: 100 грама младо сирење или 100 милилитри јогурт, чај или кафе.rnrnУжина: Шолја обезмастен јогурт.rnrnРучек: 100 грама варен грав, варен зеленчук или голема салата, 100 милилитри свеж сок од јаболка или чај.rnrnВечера: Исто како и ручекот плус два варени или печени компири и 230 милилитри сок од домати.rnrnДоколку оваа диета не е за вас, пробајте некоја од 5-те најпопуларни диети.

  • Што е флекситаријанската диета и дали треба да ја пробате?

    Што е флекситаријанската диета и дали треба да ја пробате?

    Секојдневно се појавуваат нови и необични диети и понекогаш е навистина тешко да ја одбереме онаа што е најдобра за нас и за нашето тело. Но, изгледа дека се појави еден нов тренд што може да биде навистина здрав за вас, додека истовремено и ќе ви помогне да изгубите по некое кило. Еве што сè треба да знаете за флекситаријанската диета.rnrnrnrnПоимот флекситаријанска настанал со комбинација на два збора – флексибилно и вегетаријанска. Со други зборови, вие во поголемиот дел од времето го избегнувате месото, но повремено си го дозволувате во мали количини. Оваа диета била популаризирана од нутриционистката Дон Џексон Блатнер кога била издадена нејзината книга „Флекситаријанска диета“ во 2010 година. Како што нејзиното име кажува, таа е навистина флексибилна и ви дава многу можности.rnrnСпоред Блатнер, вие сте почетник ако издржувате без месо два дена во неделата, додека пак, станувате напреден корисник кога не јадете месо три до четири дена во неделата и сте експерти кога сте „вегетаријанци“ пет или повеќе дена неделно.rnrnКои се придобивките на оваа диета? Според нутриционистот Келилин Фиерас, токму флексибилноста во оваа диета е причината поради која треба да ја одберете. Наместо постојано да бидете ограничени на одреден вид храна, вам ви е дозволено да ги користите и протеините од животинско потекло. Тоа секако е во мали количини, но сепак си носи своја низа придобивки.rnrnШто се однесува до вегетаријанскиот дел од диетата, според истражувањата, оваа исхрана е поврзана со подобрување на општото здравје, намалување на тежината, намалување на ризикот од развивање срцеви заболувања, понизок крвен притисок, како и зголемување на животниот век. Звучи одлично, се согласувате?rnrnПа, што всушност можете да јадете? На кратко, сè ви е дозволено. Само треба да имате на ум дека повеќето од оброците треба да ви бидат базирани на растенија, додека пак, останатите групи на храна треба да бидат сведени на минимум.rnrnДали е безбедна за вас? Дефинитивно! Таа е добра за вас најмногу затоа што инспирира разновидна храна, без исфрлање на ниту една група. Сепак треба да внимавате дали внесувате доволно протеини и железо, исто како и со секоја друга диета.rnrnДознајте и кои се 5-те најздрави смудиња што сите нутриционисти ги препорачуваат за појадок.

  • Експертите тврдат дека ова е најлесната диета за следење

    Експертите тврдат дека ова е најлесната диета за следење

    Дали некогаш сте се запрашале зошто диетите делуваат невозможни и ретко функционираат? Сепак, изгледа постои барем една „диета“ што не ве изгладнува, не е скапа и не ве прави мизерни до крајот на втората недела. Експертите ја нарекле најлесната диета за следење.rn

    Зошто е тешко држењето диети?

    rnЕкспертите тврдат дека ова е најлесната диета за следењеrnrnПричината е што многу луѓе имаат нереални очекувања. Диетата не е нешто што го правите 2 недели и веднаш потоа го добивате телото од соништата. Речиси е невозможно брзо да ослабете, a да не ги вратите килограмите. Покрај тоа, скратувањето на калориите и хранливите материи создава повеќе проблеми отколку што помага.rnrnПа зошто некои диети функционираат, а некои не? Бидејќи не се навистина диети, барем не од видот што го бараат луѓето кои сакаат да ослабат за неколку дена.rnrnМедитеранската диета на пример, е повеќе начин на исхрана наместо традиционална диета. Нема планови за оброк, нема забранета храна, ниту нереални ветувања.rn

    Зошто медитеранската диета е најлесна за следење?

    rnЕкспертите тврдат дека ова е најлесната диета за следењеrnrnОваа диета не само што е балансирана и безбедна за сите, туку не е скапа и е едноставна.rn

      rn 011

    • Не елиминира цели групи храна.
    • rn 011

    • Не го ограничува внесот на калории.
    • rn 011

    • Можете да јадете десерти и да пиете вино.
    • rn 011

    • Можете да јадете во ресторан.
    • rn 011

    • Храната ќе ве заситува.
    • rn 011

    • Можете да заштедите на време со приготвување оброци однапред.
    • rn 011

    • Нема потреба да трошите екстра пари на одредени видови храна или програми.
    • rn

    rn

    Како функционира медитеранската диета?

    rnЕкспертите тврдат дека ова е најлесната диета за следењеrnrnБидејќи оваа диета подразбира начин на исхрана, а не строг режим, вие самите треба да одредите колку калории ќе внесувате за да ослабете или за да ги одржите килограмите, колку ќе бидете активни и како ќе го обликувате вашето медитеранско мени. За да започнете да ја следите, доволно е да ја погледнете пирамидата на медитеранската диета. Таа ги нагласува овошјето, зеленчукот, целите житарици, мешунките, јатките, маслиновото масло, тревките и зачините на дното, потоа се рибата и морската храна барем два пати неделно; пилешко, јајца, сирење и јогурт се внесуваат во умерени количини, додека благото и црвеното месо се само за специјални прилики. Ако сакате можете да консумирате вино, исто така умерено, а водата е секако задолжителна. Не заборавајте да уживате во оброците заедно со други луѓе и да бидете и физички активни.rn

    Дали медитеранската диета е добра за слабеење?

    rnЕкспертите тврдат дека ова е најлесната диета за следењеrnrnМедитеранската диета е рангирана како 41-ва диета за слабеење. Не ви нагласува да јадете помалку калории за да ослабете, па ако самите не го направите тоа најверојатно нема да забележите голема промена во тежината.rnrnНа некој начин оваа диета не била дизајнирана за слабеење. Ако вашата цел е да ослабете што е можно побрзо, тогаш можеби ова не е диетата за вас. Но, ова не значи дека од неа нема здравствени придобивки. Таа е добра за вашето срце и го намалува ризикот од ментални болести како деменција. Исто така ве поттикнува да консумирате здрави масти и протеини.rnrnАко сте подготвени за долгорочно посветување и сакате да следите поздрав начин на исхрана, нема причина зошто да не ослабете и да се чувствувате подобро. Разликата е што можеби промената ќе настане по неколку месеци наместо по неколку недели.rnrnДознајте и кои се 4-те најздрави диети.

  • Што е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?

    Што е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?

    Принципите на интуитивното јадење не наликуваат на ниту една диета. Според нив ограничувањето на храната е неефективен и нездрав начин на слабеење. Професорот Стив Хокс од Универзитетот Бригам Јанг изгубил над 20 килограми со овој начин на исхрана и оттогаш овој пристап кон храната станал уште попопуларен. Погледнете што всушност претставува интуитивното јадење и какво влијание има на вашето тело.rn

    1. Ментално одбијте ја диетата

    rnШто е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?rnrnСпоред нутриционистите Евелин Трибол и Елис Реш, авторите на книгата за интуитивно јадење, неопходно е да разберете дека сите диети се неефективни и дека не постои диета што може да ви помогне. Важно е да ја одбиете секоја надворешна контрола над вашата исхрана и да прифатите дека постои само едно нешто што ве контролира – вашето чувство за глад.rn

    2. Слушајте го чувството за глад

    rnШто е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?rnrnСпоред овој принцип, потребно е да јадете веднаш штом почувствувате глад. Не треба да чекате да прегладнете бидејќи тоа може да води до прејадување. Важно е да изградите здрава врска со храната и да ја користите само за да го задоволите чувството на глад.rn

    3. Почитувајте ја ситоста

    rnШто е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?rnrnВажно е да го слушате телото за време на оброците и да престанете кога треба. Чувството на ситост треба да биде удобно, а стомакот не треба да ви биде преполн. За да го забележите овој сигнал, правете мали паузи за време на оброците. Престанете да јадете дури и ако сè уште има храна на чинијата.rn

    4. Престанете да го контролирате вашето мени

    rnШто е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?rnrnПрестанете да се обвинувате ако сте изеле парче торта или да се восхитувате ако сте се држеле до ограничениот број калории. Заборавете дека храната може да биде со малку масти, лоша или добра. Важно е да разберете дека храната ви е пријател бидејќи ви дава енергија. Од сите критериуми за одбирање храна важно е да следите само еден – јадете го она за коешто имате желба во тој момент.rn

    5. Станете пријател со храната

    rnШто е интуитивно јадење и зошто е подобро од која било диета?rnrnНе плашете се од храната и не гледајте ја како непријател кој не му дозволува на телото да го добие она што го сака. Дозволете му на телото да ви праќа сигнали и слушајте ги. Ако постојано го одбивате она што го сакате најмногу, можно е да се соочите со неконтролирана опсесија. Како резултат ќе се прејадете од она што не си дозволувате ни да го пробате.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 7-дневна детокс диета препорачана од нутриционисти

    7-дневна детокс диета препорачана од нутриционисти

    Целта на детокс диетите е чистење на организмот од многуте токсини. Тие најчесто се на основа на овошје, зеленчук, протеини, житарици и корисни масти. Во оваа диета првите неколку денови се состојат од 80% течности во комбинација со обилни вечери.rnrn7-дневна детокс диета препорачана од нутриционистиrnrnСе препорачува секој ден да го започнете со чаша млака вода со лимон за да го спречите намалувањето на шеќерот во крвта. Покрај тоа, не заборавајте секојдневно да пешачите барем по еден час. Туширајте се наизменично со топла и ладна вода.rnrnНапомена: Оваа диета не е погодна за деца, тинејџери, постари личности, како и за жени кои се бремени или дојат.rnrnЗнаци кои вашето тело ви ги дава кога ви е потребен детокс:rn

      rn 011

    • Ви недостига енергија
    • rn 011

    • Не можете да слабеете
    • rn 011

    • Имате проблеми со кожата
    • rn 011

    • Не можете да заспиете
    • rn

    rnПогледнете како изгледа планот за исхрана за 7 дена.rn

    Ден 1

    rn

    Појадок

    rnОсвежувачко смуди: Измешајте 250 милилитри кокосово млеко, 1 банана, 50 грама кељ, 80 грама замрзнати малини, 2 лажички овесни снегулки и малку цимет.rn

    Ужина

    rnЗингер сок: Направете сок од 1 портокал, 2 моркови, 100 грама спанаќ, половина лимон, половина лажица ѓумбир и 1 краставица.rn

    Ручек

    rnЗелена супа: Динстајте 1 главица лук со сок од половина лимон и 1 стапче целер. Додајте половина лажица ким, половина брокула и карфиол и малку презла и коријандер. Додајте половина конзерва грав и измешајте во блендер со 30 милилитри вода.rn

    Ужина

    rnМента смуди: Измешајте 1 праска, краставица, целер, 100 грама кељ, една дланка свежо нане и половина лажица ѓумбир.rn

    Вечера

    rnЛосос/пилешко со зеленчук: Подгответе го лососот или пилешкото за печење во фолија. На него нанесете исечкана жолта пиперка, 1 тиквичка и 3 печурки. Додајте суви зачини и прелијте со сок од лимон. Печете на 180 степени Целзиусови, 20-тина минути. Сервирајте со 100 грама спанаќ.rn

    Ден 2

    rn

    Појадок

    rnПротеинско смуди: Измешајте 250 милилитри бадемово млеко, 100 грама боровинки, 1 лажица протеински прашок, 2 лажици овесни снегулки и 1 лажичка масло.rn

    Ужина

    rnСок од цвекло: Направете сок од 1 цвекло, 2 стапчиња целер, 2 моркови, јаболко и краставица.rn

    Ручек

    rnГаспачо супа: Измешајте половина краставица, половина црвена пиперка, половина жолта пиперка, 1 главица лук, половина кромид и половина конзерва сос од домати. Мешајте додека не добиете кремаста смеса.rn

    Ужина

    rnЗингер сок.rn

    Вечера

    rnПилешки гради: Испечете парче пилешки гради со зачини по желба и сервирајте со 100 грама грашок и 100 грама кељ.rn

    Ден 3

    rn

    Појадок

    rnКокосово смуди: Измешајте 80 милилитри масло од кокос, 200 милилитри кокосова вода, банана, 100 грама спанаќ, лажица ленено семе, лажица овесни снегулки и крем од кокос.rn

    Ужина

    rnМента смуди.rn

    Ручек

    rnЗелена супа: Искористете ги остатоците од претходните денови.rn

    Ужина

    rnСок од цвекло.rn

    Вечера

    rnОслич: Направете маринада со половина лажица ким, цимет, куркума и кокосово масло. Прелијте го осличот и печете 15 минути на 180 степени Целзиусови. Во меѓувреме направете пире од 1 морков. Сервирајте го осличот со пирето и 100 грама кељ.rn

    Ден 4

    rn

    Појадок

    rnЈајца: Згответе ги јајцата, препечете едно парче интегрален леб и исечкајте аспарагус подготвен на пареа.rn

    Ужина

    rnДве мандарини и лажица индиски ореви.rn

    Ручек

    rnСупа од спанаќ и леблебија: Динстајте главица лук со лимонов сок, стапче целер, половина ситно исечкан морков и пиперка, половина конзерва леблебија, 100 грама спанаќ и додајте една рака коријандер. Ставете сè во блендер со 300 милилитри вода.rn

    Ужина

    rnПоловина авокадо и една лажица бадеми.rn

    Вечера

    rnЛосос/пилешко со зеленчук.rn

    Ден 5

    rn

    Појадок

    rnОвесни снегулки: Комбинирајте 40 грама ореви и 40 грама разни семиња. Додајте 200 грама овесни снегулки, пола лажичка мускатно оревче и оставете да отстои. Сервирајте со 4 лажици боровинки и 100 милилитри бадемово млеко.rn

    Ужина

    rnЈаболко и лажица путер од ореви.rn

    Ручек

    rnПита од морков: Изрендајте 5 големи моркови и измешајте ги со 2 лажици кокосово масло, сок од лимон и лажица чиа семе. Ставете го филот во дебела кора и печете.rn

    Ужина

    rnКрцкав кељ: Во тава ставете 250 грама кељ и нанесете повеќе кокосово масло. Печете во рерна на 220 степени.rn

    Вечера

    rnПилешки стапчиња со пипер: Спремете ги пилешките гради со 250 грама сечкани жолти и зелени пиперки. Ставете го месото во сад и маринирајте го во растопено кокосово масло измешано со половина лажица пипер и цимет. Исечете го месото на стапчиња и печете на 180 степени. Сервирајте со салата.rn

    Ден 6

    rn

    Појадок

    rnКајгана на тост: Направете кајгана од 2 јајца и сервирајте ја со парче интегрален леб. Згответе 100 грама спанаќ и сервирајте го со кајганата.rn

    Ужина

    rnПасирана банана намачкана на препечен интегрален леб.rn

    Ручек

    rnКрцкава салата: Измешајте зелена салата со 1 рендан морков, 30 грама краставица, 3-4 домати, 100 грама поточарки и 2 лажици леќа.rn

    Ужина

    rnАнанас и лажица индиски ореви.rn

    Вечера

    rnШкампи: Гответе 100 грама шкампи со половина пакување мешано овошје. Додајте сок од лимета и лажица сос од соја. Сервирајте со 40 грама зготвена киноа.rn

    Ден 7

    rn

    Појадок

    rnАвокадо на леб: Испасирајте едно авокадо и измешајте го со 2 ситно исечкани домати. Намачкајте на 2 парчиња интегрален леб.rn

    Ужина

    rnПраска и лажица бадеми.rn

    Ручек

    rnТортилја: Исечкајте цвекло, половина морков и 4 домати. Ставете ги во сад со 50 грама рукола и измешајте. Ставете го зеленчукот во интегрална тортилја.rn

    Ужина

    rnКрцкав кељ.rn

    Вечера

    rnПесто ослич: Испржете го осличот со малку масло и една лажичка песто сос. Сервирајте со обарен кељ, 50 грама грашок и 1 исечкано цвекло.rnrnПробајте ги и овие одлични рецепти за детокс вода.

  • 5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за вас

    5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за вас

    Некои видови храна, како што се компирите, бананите и јајцата, се неправедно етикетирани како нездрави и лоши за нас, без многу да се истражува тоа тврдење. Многу храни, пак, можат да бидат дел од вашиот режим на исхрана и совршено да го надополнуваат, а постојат и такви кои ги сметаме за здрави, а всушност можеби не ви одговараат вас. Ова се петте видови храна кои неправедно се ставаат во групата лоша храна за вас:rn

    1. Обичен, бел компир

    rn5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за васrnrnДолго време се веруваше дека компирот е грутка скроб со малку нутритивни вредности, но тоа не е точно, бидејќи токму белиот компир, за разлика од своите нови роднини, има висок гликемиски индекс. Кога е добро сварен или испечен и ако го јадете ладен, придобивките за вашиот организам се уште поголеми.rnrnЕден средно голем печен компир содржи 952 милиграми калиум, 4 грама растителни влакна, 4,5 грама протеини, мали количини витамин Б и Ц, калциум, магнезиум и само 164 калории.rn

    2. Јајца

    rn5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за васrnrnИзминатите години беше популарно верувањето дека жолчката е премногу калорична и дека омлетот од белка е здрава варијанта на појадокот со јајца. Вистина е, јајцето содржи холестерол, но во разумна количина и избалансиран е со уште многу други нутритивни материи, особено корисни протеини за клетките и за функцијата на црниот дроб.rn

    3. Тестенини

    rn5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за васrnrnВо зависност од какво брашно е подготвена, тестенините и нивните варијанти можат да бидат важен дел од вашиот диететски план. Во комбинација со зеленчук, сос, печурки и различни видови сирење, еднаш до два пати во неделата, тестенините можат да ви бидат идеја за брза подготовка на оброк.rn

    4. Јатки

    rn5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за васrnrnИако веќе е докажано дека не се штетни, кај многумина уште важи верувањето дека јатките се богати со масти кои може да ѝ наштетат на диетата. Но, во овој случај се работи за корисни масти кои му се потребни на нашето тело, а освен тоа, јатките се богати и со многу други хранливи материи, како омега 3, магнезиум, калциум и железо.rn

    5. Чоколадо

    rn5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за васrnrnОвој производ предизвикува голема среќа, особено ако го пронајдеме во некој диететски план. Темното чоколадо со висок процент какао е богато со флавониди кои го намалуваат стресот, но и со антиоксиданси. Постои верување дека редовното консумирање темно чоколадо, во разумна количина, позитивно влијае врз когнитивните функции.rnrnДознајте уште и како да се храните за да се подмладите.

  • Каква е шведската диета и како може да се применува секој ден?

    Каква е шведската диета и како може да се применува секој ден?

    Шведската диета е една од најпопуларните во светот и храната ја дели во три групи: онаа која смееме да ја јадеме, онаа која не смееме и онаа која е повремено дозволена. Оваа диета вклучува многу зеленчук, а мала количина јаглехидрати, го забрзува метаболизмот и ја применуваат многу од успешните топ-модели.rnrnКаква е шведската диета и како може да се применува секој ден?rnrnЗа време на оваа диета препорачливо е да се јаде зеленчук кој расте над земјата, како што се пиперки, домати, зелка, спанаќ или краставици, потоа авокадо, риба и месо, јатки и семиња, јајца, млечни производи со ниска масленост, а смеете да пиете вода и незасладен зелен чај. Поретко е дозволено компири, моркови и цвекло, темно чоколадо со најмалку 70% какао во составот, а еднаш на ден можете да изедете овошје што не содржи многу шеќер, како што се јагодите и лубеницата.rnrnНамирници кои се апсолутно забранети се маргарин, рафинирани масла, алкохол, вештачки засладувачи, снегулки, индустриски сокови, засладени житарици, скроб, слатки и пекарски производи. Клучни во оваа диета се здравите масти кои ги има во зеленчукот и рибата. Сите дозволени намирници содржат доволно минерали, витамини и протеини. Оваа диета може да се следи најмалку три недели или повеќе, доколку е потребно. Желбата за слатко можете да ја задоволите со малку темно чоколадо или покалорично овошје еднаш во неделата.rnrnКаква е шведската диета и како може да се применува секој ден?rnrnВо продолжение, предлог мени за една недела:rn

    Понеделник

    rnПојадок: Хељда сварена во вода и една чаша млекоrnРучек: Салата од пиперки, домати, кромид и сирење. Можете повторно да испиете чаша млекоrnВечера: Сварено цвекло со павлака, еден сварен компир и парче ‘ржан лебrn

    Вторник

    rnПојадок: Житарица по избор и чаша млекоrnРучек: Салата од марула и спанаќ со еден варен компир и филет печена или варена рибаrnВечера: Чаша млеко, две варени јајца и салата од зелка и кромид зачинета со малку маслоrn

    Среда

    rnПојадок: 60 грама сирење, парче леб и чаша млекоrnРучек: Чаша свежо цеден сок од јаболки, парче пилешко месо без кожата и мала порција салата по избор од препорачаните зеленчуциrnВечера: Чаша млеко, две варени јајца и салата од зелка со или без кромидrnrnКаква е шведската диета и како може да се применува секој ден?rn

    Четврток

    rnПојадок: Две парчиња ‘ржан тост леб и чаша млекоrnРучек: 200 грама овошје по избор, парче месо со прилог сварена житарицаrnВечера: Чаша млеко, 100 грама рижото подготвено со вода и салата од домати и кромидrn

    Петок

    rnПојадок: Една чаша млеко и две варени јајцаrnРучек: Едно парче риба со салата од домати и кромидrnВечера: Салата со авокадо, марула и доматrn

    Сабота

    rnПојадок: Парче леб по избор, маслинки и едно варено јајцеrnРучек: Салата од марула или спанаќ, збогатена со краставица, домат, печурки и семки од сончогледrnВечера: Чаша млеко и мала порција јаткиrn

    Недела

    rnПојадок: Два варени компири и чаша млекоrnРучек: Парче месо и салата од морков, зелка и цвеклоrnВечера: Едно парче леб со сирење и маслинкиrnrnПогледнете ја и оваа брза диета за најзафатените.