КАФЕ ПАУЗА

Tag: диета

  • Диета со јаболка: Мени и ефекти од слабеењето

    Диета со јаболка: Мени и ефекти од слабеењето

    Диетата со јаболка е третман за детоксикација кој вклучува консумирање јаболка во неограничена количина во текот на 3 дена. Оваа диета е рестриктивна и не треба да се продолжува.rnrnДиета со јаболка – Мени и ефекти од слабеењетоrnrnНеколку дена пред да ја започнете диетата со јаболка, постепено намалете ги порциите од оброкот што обично го имате. Откажете се од месо, слатки, алкохол, кафе и црн чај целосно. Обидете се да го сведете на минимум внесувањето на сол. Јадете што е можно повеќе зеленчук, овошје и леб од целозрнести житарки и следете ги следниве насоки:rn

      rn 011

    1. Започнете го денот со чаша вода во која ќе додадете јаболков оцет.
    2. rn 011

    3. Во текот на денот внесете 2 литри течност. Одбегнувајте јаки чаеви. Се препорачуваат чаеви од билки и овошје.
    4. rn 011

    5. Јадете го јаболкото со лушпа, таа е богата со диетални влакна и витамини.
    6. rn 011

    7. Ако не се чувствувате добро, уморни сте или имате главоболка, земете дополнителна ужина. Ако тегобите продолжат или се влошат, прекинете ја диетата.
    8. rn 011

    9. Погледнете го тридневното мени на оваа диета.
    10. rn

    rn

    Прв ден

    rnМожете да изедете онолку јаболка колку што сакате. Испијте 3-4 шолји чај од камилица или нане и минерална вода (најмалку 2 литри). Во вечерните часови, може да почувствувате главоболка која е поврзана со намалувањето на шеќерот во крвта.rn

    Втор ден

    rnПродолжете да јадете само јаболка и пиете минерална вода. Може да ви се појави дијареа, која е поврзана со поголемото внесување на растителни влакна во исхраната.rn

    Трет ден

    rnЈадете само јаболка, испијте најмалку 8 чаши течност. Запомнете дека не треба да јадете само свежи јаболка, можете и да ги печете.rnrnПо 3 дена, постепено вратете се на секојдневната исхрана, но сепак оброк со јаболка најмалку двапати на ден.rn

    Како да ги вклучите јаболката во исхраната?

    rn

    Појадок:

    rn

      rn 011

    • Напиток со природен јогурт и јаболко;
    • rn 011

    • Јаболко со кефир и цимет;
    • rn 011

    • Овесна каша со јогурт, сирење и јаболко;
    • rn 011

    • Интегрален леб со бело сирење и јаболко;
    • rn 011

    • Палачинка со сирење и јаболко;
    • rn 011

    • Оризови вафли со јаболко.
    • rn

    rn

    Ручек:

    rn

      rn 011

    • Пилешки гради, печени јаболка, кафеав ориз;
    • rn 011

    • Мисиркини гради со печено јаболко, брокула со ориз, салата од кисела зелка;
    • rn 011

    • Лосос на скара со јаболка и кафеав ориз.
    • rn

    rn

    Ужина:

    rn

      rn 011

    • Двопек со сирење и јаболко;
    • rn 011

    • Компот од јаболка со цели парчиња овошје;
    • rn 011

    • Природен јогурт/ кефир со јаболка.
    • rn

    rn

    Вечера:

    rn

      rn 011

    • Ориз со печени јаболка;
    • rn 011

    • Варен спанаќ со парче леб од целозрнести житарки, печено јаболко;
    • rn 011

    • Шунка во комбинација со печено јаболко.
    • rn

    rn

    Ефекти од диетата со јаболка

    rnЕфектите од диетата со јаболка се значајни, иако не се трајни, освен ако не ги промените навиките во исхраната трајно. Според луѓето што се држеле до овој режим на исхрана, за 3 дена може да изгубите дури 5 кг. Јаболката имаат многу малку калории. Во просек една овошка содржи 90 калории. Губењето на тежината со диетата со јаболка е предизвикано од негативната енергетска рамнотежа и губењето на вода од телото. Дневно внесувајте до 1000 калории, иако ова дефинитивно не е доволно за повеќето жени!rn

    Предности и недостатоци на диетата со јаболка

    rnЕкспертите објаснуваат дека оваа диета може да предизвика замор, нарушена концентрација, дијареа и главоболка. Од друга страна пак, велат дека ги елиминира токсините од дигестивниот систем и го подобрува изгледот на кожата. Со редовна примена, се регулира столицата и се намалува ревматската болка. Оваа диета се препорачува за оние кои имаат проблеми со гастроинтестинални паразити.rn

    Контраиндикации на диетата со јаболка

    rn

    Запомнете дека оваа диета не може да ја применат луѓето:

    rn

      rn 011

    • со чувствителен стомак,
    • rn 011

    • кои страдаат од чир на желудникот,
    • rn 011

    • кои страдаат од синдром на раздразливи црева,
    • rn 011

    • кои страдаат од заболени црева.
    • rn

    rnА, доколку не сте љубители на јаболка можеби сакате да ја дознаете малата диета со јогурт со која ќе изгубите 2 килограми за 3 дена.

  • Мала диета со јогурт: 2 килограми помалку за 3 дена

    Мала диета со јогурт: 2 килограми помалку за 3 дена

    Иако календарски е зима, времето не е ладно. Најверојатно летото ќе пристигне многу побрзо од очекуваното, а каде што е летото, таму се и диетите или барем разговорите за нив.rnrnМала диета со јогурт: 2 килограми помалку за 3 денаrnrnПостои голема и мала диета со јогурт. Големата трае 7 дена, а малата диета трае само 3 дена. Диетата со јогурт се нарекува и диета на вработените затоа што е многу лесна за држење и секогаш има ефект. Се појадува и се вечера дома, а ручекот и ужината ги носите со вас на работа.rnrnАко не сте задоволни од резултатот или сакате да изгубите повеќе килограми, можете да ја повторите оваа диета по само 5 дена. Оваа диета е одличен избор ако немате многу вишок килограми затоа што ќе внесувате сè што му е потребно на вашето тело и ќе бидете полни со енергија, а ќе ја намалите тежината.rnrnСите знаат дека јогуртот е добар за варењето на храната и за здравјето на дигестивниот тракт. Ги раздвижува цревата на здрав начин и овозможува храната да се вари побрзо, благодарение на калциум лактатот. Исто така, јогуртот е добар за детоксикација на телото од сите штетни материи.rnrnЕфектот на оваа диета се заснова на способноста на пробиотските јогурти да го стимулираат здравјето на цревната флора, што резултира со подобро варење, елиминација на токсините и слабеење.rn

    Прв ден

    rnПојадок: јогурт со ниска масленост со житарки по ваш избор.rnrnРучек: варен зеленчук со ориз со маслиново масло, малку сол и бибер, 1 овошен јогурт.rnrnВечера: салата од 1 морков, 1 јаболко и 50 грама шунка. Сите состојки кратко пропржете ги во тава со маслиново масло, а кога ќе ги тргнете настрана, додајте јогурт со низок процент на масленост.rn

    Втор ден

    rnПојадок: салата од 1 краставица и благ пробиотски јогурт.rnrnРучек: малку зачинето мисиркино месо печено во маслиново масло со додаток од пиперки, домати и ситно сечкани печурки. Кога смесата ќе се излади, прелијте ја со 1 јогурт.rnrnВечера: јогурт со шумско овошје.rn

    Трет ден

    rnПојадок: Комбинација на цимет и јогурт – во јогуртот додајте 1 рендано јаболко, малку сирење и зачинете со сол по вкус.rnrnРучек: Испечете 150 грама риба ослич, потоа додајте салата од краставица, јогурт и малку сенф.rnrnВечера: Во 100 грама тестенини додајте 1 варено јајце и ситно сечкани пиперки и на крајот додајте јогурт со ниска масленост.rn

    За диетата:

    rnСо оваа диета ќе бидете сити и нема да се чувствувате исцрпено и уморно, напротив, ќе бидете полни со енергија. Оваа диета е вистински хит кај вработените затоа што е многу лесна за спроведување и дава одлични резултати за краток временски период.rnrnПогледнете ја и оваа тридневна диета со авокадо за ефикасен начин на слабеење.

  • Тридневна диета со авокадо: Ефикасен начин на слабеење

    Тридневна диета со авокадо: Ефикасен начин на слабеење

    Авокадото е идеален производ за слабеење. Технички овој плод спаѓа во видот мексикански бобинки, но, не е препорачливо да биде составен дел од овошните салати.rnrnТридневна диета со авокадо: Ефикасен начин на слабеењеrnrnМанекенките, на пример, ги прифатија масните „алигаторски круши“ (како што ги нарекуваат во Мексико), затоа што, и покрај нивната висока содржина на маснотии, исхраната со авокадо помага во губењето на телесната тежина за многу краток период.rnrnАко сакате авокадо, тогаш вашата мисија за слабеење пред новогодишната ноќ ќе биде прилично лесна за реализација. Авокадото може да ви помогне да изгубите телесната тежина и да согорите поголем дел од маснотиите на струкот. Секако, ќе треба и малку да се испотите со вежбање.rnrnАвокадото содржи многу калории, односно 100 грама производ содржи 160 калории. Но, 100 грама авокадо содржи и 29 грама здрави масти, 13,5 грама диетални влакна, 9 грама јаглени хидрати и 2 грама протеини. Исто така, авокадото е богато со витамини А, Е, К и Ц, со калциум и со железо. Истражувањата покажале дека содржината на маснотии во авокадото е токму тоа што го прави уникатен производ кој помага во намалување на тежината, лекување на кардиоваскуларните заболувања, на проблемите со кожата, на артритисот итн. Затоа, ако барате брза диета во текот на која не мора да бидете гладни, но може да јадете вкусна храна и да изгубите дел од телесната тежина истовремено, диетата со авокадо е најдоброто нешто што треба да го направите.rnrnАвокадото може да ви помогне во намалување на холестеролот, да ги намали воспаленијата во организмот, да го подобри варењето на храната, да го заштити интегритетот на клетките и да ги елиминира токсините. Манекенките на „Викторија Сикрет“ како што се Карли Клос, Роми Страјд, Емили Ди Донато и Жасмин Тукс, како и поранешниот ангел Адријана Лима, честопати пред ревија имаат детоксикација со авокадо. Девојките знаат дека авокадото ќе им помогне да имаат здрава кожа и коса и истовремено ќе им овозможи да се ослободат од вишокот маснотии околу стомакот.rnrnЗа среќа, авокадото е такво овошје што може да го јадете за појадок, за ручек и за вечера. Затоа, можете сами да креирате своја диета. Но, запомнете дека диетата со авокадо, како и другите кратки диети, нема да ви помогне да изгубите 10 килограми за една недела и да ги одржите килограмите. Ова е опција за оние што сакаат да изгубат 1-5 килограми. Ако треба да изгубите повеќе килограми, подобро е да преминете на урамнотежена исхрана и тренинг. Тоа е бавен, но сигурен и здрав начин да ја намалите телесната тежина.rn

    Правила на диетата со авокадо

    rnНема посебни правила затоа што може да ја применуваат и веганите и оние што јадат месо. Главното правило е креирањето мени со точно пресметан број калории. Дневниот внес на калории за здраво лице зависи од неговите физички параметри и начинот на живот. Но, за да изгубите килограми, мора да создадете дефицит од 500 до 700 калории. Ако просечниот дневен внес на калории кај жените е 2000, додека сте на диета треба да внесувате 1200-1500 калории. Бидејќи диетата со авокадо не е монохрона и во исхраната има и други намирници, во вашето мени не треба да има повеќе од 3 авокада дневно. Авокадото треба да биде присутно во секој оброк. Ако јадете месо, тогаш јадете пилешко со малку маснотии или мисиркино месо, а може да јадете и риба. Од житарките претпочитајте хелда и квиноја. Можете да јадете и леб од целозрнести житарки и пченични тестенини. Покрај тоа, на вашето мени треба да има многу зеленчук и јајца како извор на протеини. Овошје можете да јадете само наутро и тоа најдобро е внесот да се ограничи на 200-300 грама. Ако се обидувате да изгубите тежина, повеќето овошја што содржат сахароза и фруктоза може да го забават процесот на согорување на маснотиите.rnrnКако што можете да забележите, диетата со авокадо е многу вкусна, но здрава.rn

    Времетраење на диета со авокадо

    rnВреметраењето на диетата со авокадо варира од три до седум дена. Сепак, ова е диета за детоксикација и не треба долго да ја ограничувате вашата исхрана, бидејќи на вашето тело му се потребни најразлични витамини, минерали и други хранливи материи. За овој период можете да изгубите 1-5 килограми во зависност од физичките параметри, од должината на диетата и, се разбира, од нивото на активност. Затоа се препорачува диетата со авокадо, како и другите видови диети за слабеење, да ги комбинирате со вежбање. Кардио вежбите ќе бидат особено корисни бидејќи помагаат во согорувањето на маснотиите.rnrnДознајте го распоредот и составот на оброците на следната страница…rn

  • Највкусната диета за којашто некогаш сте чуле

    Највкусната диета за којашто некогаш сте чуле

    Диетата со кајгана звучи неверојатно, но функционира само доколку правилно се изведе. Познато е дека свежите јајца имаат многу белковини, витамини А, Ц, Е и Б, како и дека се богати со минерали. Можат да ве заситат, се подготвуваат многу едноставно и на различни начини, а претставуваат вистинска енергетска бомба, особено кога ги јадете за појадок.rnrnrnrnПа, ако секое утре појадувате кајгана со свеж патлиџан и лук, шансите дека ќе ослабете ви се зголемуваат за неверојатни 65% и тоа во рок од 2 месеци. Барем тоа го докажало едно интересно истражување што било објавено во списанието „National Institutes of Health“.rnrnСе препорачува да се јаде исклучиво кајгана, додека појадокот може да биде разновиден така што повремено ќе ги замените јајцата со овесна каша или јогурт со овошје.rnrnКајганата е одличен избор и за вечера, затоа што скоро и да не содржи јаглехидрати, па ќе ви помогне брзо да стигнете до посакуваната витка линија. Од друга страна пак, јајцата се одличен оброк и по тренингот, затоа што содржат доволно белковини да го поттикнат растот на мускулите. Само треба да ја обогатите кајганата со зеленчукот што го имате во својот фрижидер.rnrnКога од вашето мени ќе ги исфрлите јаглехидратите, вие ќе почнете да ги топите масните наслаги. За најдобри резултати, јадете кајгана баре 4 пати неделно. А ако сте едни од оние што не можат да јадат кајгана без леб, тогаш земете едно парче интегрален леб од цело зрно со цел да ја зголемите ситоста.rnrnОткријте го и овој едноставен трик за неверојатно вкусна кајгана.

  • Ова е вашето тело за време на кето диетата

    Ова е вашето тело за време на кето диетата

    Кето диетата не е нова, но стана популарна последниве години. Многумина се одлучија да се обидат да ја намалат својата тежина преку внесувањето повеќе здрави масти како замена за јаглехидратите. Ова се некои работи што треба да ги знаете за оваа диета пред да ја започнете.rnrnОва е вашето тело за време на кето диетатаrnrnДодека сте на кето диета, вашите клетки горат масти бидејќи немаат јаглехидрати, со што всушност најчесто „се хранат“. Оваа диета нема ограничувања како број на калории што не треба да го надминете или количество на храна која смеете да ја изедете. Плановите за кето исхрана имаат многу морска храна, црвено месо, пилешко месо, сирење, растенија кои немаат многу јаглехидрати, јајца, јогурт и здрави масти. Треба да се одбегнуваат намирници кои имаат шеќер и јаглехидрати.rnrnВаквиот начин на исхрана може да доведе до разни последици бидејќи на телото му е потребно време да се прилагоди на промената. Следуваат најчестите.rn

    Се чувствувате како да имате грип

    rnДодека се прилагодат на новата исхрана, многумина имаат симптоми слични на грипот или настинката, како главоболка, заматеност и вртоглавици. Во овој случај, најдобро е да пиете многу вода и да внесувате доволно сол.rn

    Чувствувате потреба за јаглехидрати

    rnНормално е да чувствувате потреба за јаглехидрати доколку претходно сте ги консумирале во огромно количество. Оваа потреба ќе се намалува со текот на времето. Сепак, јаглехидратите не се „непријател“ и може да внесувате малку од нив.rn

    Ви се намалува апетитот

    rnНајчесто, диетите прават да ни се јаде повеќе, но ова не е случајот со кето диетата. Тоа се случува бидејќи не го ограничувате количеството на храна кое го внесувате, туку само видот. Згора на тоа, на желудникот му треба повеќе време да ги преработи протеините и мастите отколку јаглехидратите.rn

    Почесто мокрите

    rnВо првите денови од кето диетата ќе исфрлате многу вода бидејќи телото ја гори резервната глукоза во црниот дроб и мускулите. При често мокрење се губат електролити и минерали, а тоа може да доведе до дехидратација. Пијте многу вода за да го одбегнете ова.rn

    Проблеми со столицата

    rnСекогаш кога се губат течности се појавуваат и проблеми со столицата. За да го спречите ова, пиењето доволно вода е многу важно. Исто така, се препорачува јадење намирници кои содржат многу влакна.rn

    Пад на енергијата

    rnЌе забележите пад на енергијата на самиот почеток на кето диетата. Меѓутоа, телото набргу ќе се врати во нормала и ќе се чувствувате енергични.rnrnПред да започнете со овој режим на исхрана прочитајте за 16-те можни опасности од кето диетата за кои треба да знаете.

  • 3 дена детокс со црно грозје за прочистување на организмот

    3 дена детокс со црно грозје за прочистување на организмот

    Оваа кратка диета е одлична за чистење на организмот од токсини после летото и претставува добра подготовка за постудените денови. Детоксот со црно грозје смирува и ја враќа енергијата, го подмладува организмот, ги разубавува кожата и косата, го регулира варењето и штити од болести.nn3 дена детокс со црно грозје за прочистување на организмотnnЦрното грозје има антиоксидантно, противвоспалително и антиалергиско дејство благодарение на флавоноидите чија концентрација е најголема во лушпата и во семчињата. Инаку флавоноидите кои се нуспроизводи на метаболизмот на растенијата, се богати со антиоксиданси и многу се здрави за човековиот организам, а помеѓу останатото, го чуваат здравјето на кардиоваскуларниот и нервниот систем.nnСтручњаците препорачуваат повремена кратка диета со црно грозје за прочистување и регенерирање на телото. Се работи за детокс во времетраење од еден до три дена, а овој период од годината е идеален за тоа бидејќи е сезона на грозјето.nnВажно е да се знае дека се работи за плод кој има изразито алкализирачки својства што во случај на преголема изложеност на стрес е доста корисно. Заради својот состав црното грозје се нарекува природен тоник кој го детоксицира човечкиот организам. Како и повеќето овошја, тоа е добар извор на вода, минерали и витамини. Во 100 грама грозје има околу 120 калории, што значи дека еден килограм од овие слатки топчести плодови имаат дури 1.200 калории.nnОваа диета е препорачлива само за здрави луѓе. Доколку не сте сосема сигурни дали сте соодветен кандидат за неа, консултирајте се со вашиот доктор. Здравите луѓе кои немаат ограничувања во исхраната по други основи, неколку дена на ваква селективна диета со грозје може да им делуваат доста благотворно. Грозјето ја поттикнува нормалната работа на цревата и делува диуретски. Детоскот со еднодневна или дводневна исхрана со грозје е најчестиот применуван овошен пост, пред сѐ заради високите вредности на оваа намирница, а и заради тоа што грозјето е овошје кое дава задоволувачко чувство на ситост.nnЗа оваа детоксицирачка диета треба да јадете по 1,5 килограми црно грозје на ден, распределено во 4-6 оброци. Тоа е оптималната количина. Исто така, важно е да се пие вода во текот на детоксот, најмалку неколку чаши на ден. Во случај на појава на треперење на рацете и нозете, како и каква било друга непријатност на телото, во исхраната треба да се вклучи и некој друг оброк.nnРесвератолот (природен антиоксиданс) е најпознатиот полифенол, а се препорачува за поздраво срце и крвни садови, како и при прекумерна тежина. Научната заедница детално ја има проучено оваа состојка која се произведува во грозјето во подоцнежната фаза од зреењето. Притоа, колку е поголема изложеноста на лозјето на УВ-зраци, толку повеќе ресвератол ќе се создаде во плодот.nnВажно е кога го јадете грозјето убаво да го џвакате и да се обидувате да ги загризувате семчињата бидејќи во нив се наоѓа мало количество многу здраво масло, кое во последниве години се продава како ладно цедено и држи доста висока цена.nnПрочитајте и кои се здравствените придобивки од грозјето.

  • Сте слушнале за трендот на исхрана 16:8 кој е мегапопуларен во цел свет?

    Сте слушнале за трендот на исхрана 16:8 кој е мегапопуларен во цел свет?

    Барате нов начин на исхрана што ќе ви даде ефикасни резултати? Можеби ние го имаме вистинското решение. Постојат повеќе верзии на овој начин на исхрана, а најважно е дека навистина делуваат и не за џабе се толку популарни во светот и практикувани од илјадници луѓе.rnrnСо оваа диета се вежба дисциплината, а личноста која се придржува на неа станува свесна за тоа што го јаде и така ги постигнува посакуваните цели.rnrnСте слушнале за трендот на исхрана „16:8“ кој е популарен во цел свет?rnrnДиетата 16:8 е тренд за слабеење, а се состои од секојдневно постење и умерено уживање во храната. Разни лекари и нутриционисти, па и некои самопрогласени фитнес стручњаци од интернет постојано вадат нови програми на диетата со тврдење дека нивната е најздрава и најефикасна.rnrnИмајте на ум дека не смеете да почнувате ниту еден режим на исхрана без претходно консултирање со лекар, а ако сакате да се потпрете на трендовите изберете го оној кој ви звучи најразумно.rn

    Како се спроведува овој режим?

    rnКонцептот е едноставен – секој ден се состои од 24 часа – во текот на 8 часа смеете да јадете умерено и колку што е можно поздрава храна по ваш избор, а останатите 16 часа мора да постите односно да не внесувате никаква храна освен вода, чај или кафе без шеќер.rnrnМожеби ви делува шокантно да бидете 16 часа без храна, но оние кои ја испробале диетата изјавуваат дека не е воопшто тешко. Најголемиот број луѓе што се придржуваат на овој режим на исхрана јадат од 8 до 17 часот или од 10 до 18 часот, што значи дека не јадат само попладне и навечер односно кога спијат. На таков начин ги исфрлаат непотребните грицки и калориите кои би ги внеле со прејадување.rnrnОрганизмот има безброј придобивки од постењето затоа што се забрзува метаболизмот и се подобруваат органите за варење, а заедно со килограмите се намалува и крвниот притисок.rnrnОва се најосновните податоци што треба да ги знаете за започнување на овој режим на исхрана, а секако постојат различни варијации и детали кои можете дополнително да ги истражите.rnrnИнформирајте се и за овие опасности од кето диетета.

  • „Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калории

    „Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калории

    Сакате да ослабете, а не знаете како да ги контролирате порциите храна? Во тоа ќе ви помогне едноставната „дланка диета“.rnrn„Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калорииrnrnКонтролирањето на големината на порциите и внесот на калории се двата најважни елементи во повеќето диети. Со т.н. „рачна“ диета нема потреба да размислувате за калориите, а порциите без проблем ќе ги држите под контрола.rnrnОваа диета се заснова на идејата за контролирање на порциите храна со помош на сопствената рака. Поточно, со помош на одредени делови од дланката. Така, препорачаната дневна количина месо, на пример, не би требало да биде поголема од големината на вашата раширена дланка.rnrnИстражувањето спроведено од Американското здружение за малигни болести покажало дека не сме вешти во менаџирањето на количината храна која ја внесуваме во организмот. На пример, просечната порција тестенини е пет пати поголема од препорачаната  количина.rnrnОтсекот за исхрана и студиите за храна на Универзитет Њујорк вината ја фрлаат на менталитетот „празна чинија“ кој ни создава погрешен однос кон храната. Луѓето од мали се учат дека мора да исчистат сѐ од чинијата пред себе, а таквото однесување подоцна преминува во навика, па во комбинација со преголемите порции доведува до натрупување вишок килограми.rnrn„Дланка диета“: Најбрзо слабеење без броење калорииrnrnМали промени во исхраната можат да доведат до големи резултати, само мора да научите како секојдневно да ја контролирате количината на храна што ја јадете.rnrnПарче путер големо колку врвот на прстот има максимум 40 калории и тоа е сосема доволно за појадок, а ако на парчето леб намачкате полна лажичка путер, непотребно ќе внесете минимум 110 калории.rnrnМала лажичка масло има 45 калории, а голема 135 калории. Заради една лажица масло вишок на ден, во годината можете да се здебелите 6 килограми.rnrnВо продолжение дознајте колкава количина од основните и популарни намирници смеете да консумирате во текот на еден ден.rnrnНа ист начин контролирајте ги и останатите намирници од иста група и запаметете дека во јадењето свежо овошје и зеленчук не постои ограничување.rn

      rn 011

    • Месо – отворена дланка
    • rn 011

    • Риба – отворен дланка
    • rn 011

    • Јаглехидрати (тестенини, компир, ориз, леб) – затворена дланка
    • rn 011

    • Путер – врвот на прстот
    • rn 011

    • Сирење – испружен показалец и среден прст
    • rn 011

    • Мајонез, кечап и други индустриски сосови – врвот на два прсти
    • rn 011

    • Чоколадо – три испружени прсти
    • rn 011

    • Сладолед – затворена дланка
    • rn

  • Диета 5:2: Одличен начин на слабеење со уживање во храната

    Диета 5:2: Одличен начин на слабеење со уживање во храната

    Диетата 5:2 е одличен начин да се ослободите од несаканите килограми без многу мака и без одрекување од омилената храна – најчестата причина за откажување од диетите.rnrnДиета 5:2: Одличен начин на слабеење со уживање во хранатаrnrnПравилата на диетата се навистина едноставни – потребно е да јадете нормално количество храна 5 дена во неделата, а останатите два дена намалете го внесот на калории на 500 за жените, односно 600 за мажите.rnrnНа овој начин телото не го чувствува стресот од постојаното гладување и не го собира вишокот калории. Во овие два дена, телото едноставно го согорува она што сте го насобрале од претходните денови. Ништо не се задржува и метаболизмот значително се забрзува, со тоа „топејќи“ ги килограмите.rnrnСепак, ова не значи дека можете да јадете неумерено во 5-те слободни денови. Најдобро е да ја исфрлите брзата храна, печивата и храната богата со шеќер. Дајте им предност на зеленчукот, немасното месо и интегралните тестенини и ориз.rnrnПовремениот пост има навистина позитивно влијание врз здравјето. Тој делува благотворно на крвниот шеќер и го нормализира нивото на холестерол во крвта. Диетата 5:2 го намалува ризикот од Алцхајмер, тумор, дијабетес и срцеви болести, а има позитивно влијание и на концентрацијата и работата на мозокот.rnrnПробајте ги и овие необични совети за слабеење кои навистина делуваат.

  • 16 опасности од кето диетата за кои треба да знаете

    16 опасности од кето диетата за кои треба да знаете

    Досега веројатно сте слушнале за кето диетата. Иако можеби овој начин на исхрана стана популарен неодамна, кето диетата постои уште од 1920-тите. Но, во овој период луѓето не се обидувале да ослабат, туку ја користеле диетата за деца со епилепсија.rnrn16 опасности од кето диетата за кои треба да знаетеrnrnОвој начин на исхрана е карактеризиран со многу мала доза јаглехидрати и се фокусира на храна богата со масти. Слично и како Аткинсоновата диета, и овој начин на исхрана помага при слабеењето така што го става телото во метаболичката состојба позната како кетоза. Доколку сте одлучиле да ја пробате оваа диета, погледнете кои се опасностите од неа за коишто треба да бидете свесни.rn

    1. Зголемено чувство на глад

    rnДржењето диета може да биде навистина тешко. Држењето диета во која се забранети јаглехидратите е уште потешко. Истражувањата покажале дека повеќе од половина луѓе кои ја пробале кето диетата се откажале во првите неколку недели. Покрај тоа, луѓето често враќаат повеќе килограми отколку што изгубиле.rn

    2. Променливо расположение

    rnЛуѓето кои ја пробале диетата се пожалиле на променливо расположение. Обидот да се справите со желбата за храна и чувството на глад и после оброкот може да предизвика нервоза. Кето диетата може да го намали и нивото на шеќер во крвта што го тера мозокот да „паничи“, а ова може да предизвика депресија и анксиозност.rn

    3. Кетоацидоза

    rnКетоацидозата настанува кога ќе се претера со кетозата. Штом кетозата ќе се акумулира во крвта, може да стане кисела и да предизвика кома или смрт.rn

    4. Намалено консумирање натриум

    rnНатриумот е добар за нашите тела – им помага на мускулите да се стегаат и ги регулира течностите во крвта. Многу луѓе кои ја држеле кето диетата, не внесувале доволно натриум во нивните тела. Ова резултирало со грчеви во нозете, ниско ниво на енергија и „замаглен“ мозок.rn

    5. Грип

    rnЗа здрав имунитет потребна е здрава исхрана. Храната богата со омега 3 масни киселини, како овошје и продукти од цело зрно, не е дел од кето диетата. Ова го изложува вашиот имунитет на ризик.rn

    6. Лош здив

    rnОткако телото ќе ја разгради храната со масти од кето диетата, ја претвора во состојки како ацетон и ацетоацетична киселина. Телото ќе се обиде да воспостави рамнотежа и ќе ги отстрани овие состојки преку дишењето, со тоа предизвикувајќи лош здив.rn

    7. Висок холестерол

    rnХолестеролот се наоѓа во мастите во вашата крв. Кето диетата содржи храна со многу масти, како протеини и млечни производи, што можат да го зголемат нивото на холестерол, доколку ги консумирате пречесто.rn

    8. Нередовни менструации

    rnЖените кои нагло ќе ослабат со кето диетата можно е да забележат нередовен менструален циклус, кој пак може да предизвика депресија и анксиозност.rn

    9. Проблеми со стомакот

    rnКето диетата е поврзана со дијареја и констипација. Избегнувањето храна богата со хранливи влакна, како овошје и продукти од цело зрно, предизвикува констипација. Од друга страна мрсната храна, како млечни производи и месо, може да предизвика дијареја.rn

    10. Ниско ниво на енергија

    rnМногу луѓе изјавиле дека се чувствувале летаргично откако ја започнале диетата. На телото му е потребно време да се прилагоди на недостатокот од јаглехидрати.rn

    11. Дехидратација

    rnКога ќе ја започнете кето диетата, вашето тело поинаку ќе се справува со водата и електролитите. На почетокот поретко ќе чувствувате надуеност, но само поради губењето вода од телото.rn

    12. Кето грип

    rnКога телото не прима јаглехидрати, бара други извори на енергија. Наместо да согорува гликоза, телото ќе почне да согорува кетони. Ова може да предизвика шок на телото и да се појават симптоми слични на грип, како болки во мускулите и замор.rn

    13. На телото му се потребни јаглехидрати

    rnЈаглехидратите се важен дел од исхраната. Тие треба да бидат главен извор за енергија во здравата и урамнотежена исхрана.rn

    14. Почнување и прекинување на диетата

    rnКето диетата е строга и тешка за следење на долг период. Луѓето кои ја пробале, најчесто им се враќаат на старите навики за јадење откако ги изгубиле килограмите. Докажано е дека почнувањето и прекинувањето на диетите води до зголемен апетит и дебелеење.rn

    15. Камења во бубрезите

    rnБидејќи кето диетата е со малку јаглехидрати и многу масти, преработеното месо е важен дел од неа. Кога телото ги преработува протеините, ја зголемува киселоста и калциумот во урината. На овој начин полесно се создаваат камења во бубрезите.rn

    16. Губење на мускулна маса

    rnИако е вистина дека мускулите тежат повеќе од салото, колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории ќе согорувате. Луѓето кои ја држеле кето диетата три месеци забележале дека ја изгубиле мускулната маса во нивните нозе.rnrnПрочитајте ги и овие нешта што би требало да ги знаете за кето диетата.