КАФЕ ПАУЗА

Tag: диета

  • Победете ги стриите со помош на авокадо и камилица

    Победете ги стриите со помош на авокадо и камилица

    Доколку држите диета пред летната сезона, никако не смеете да заборавите дека ненадејната и брза промена на килограмите, може да влијае на кожата и да се појават стрии.rnrnПобедете ги стриите со помош на авокадо и камилицаrnrnСтриите се појавуваат како последица од нагло растегнување на кожата и претставуваат еден од најголемите проблеми на изгледот на жените. Доколку некогаш во краток период имате изгубено поголем број килограми, сигурно сте се соочиле со појавата на стрии на стомакот, градите, задникот и на бутовите.rnrnДали ќе ви се појават стрии најчесто зависи од гените и од тоа колку вашата кожа е растеглива, односно колкаво количество на колаген и витамин Е содржи. За да ги победите стриите, потребно е да јадете што е можно повеќе храна богата со витамин К, Е и Ц. Истовремено, местата на кои веќе се појавиле стриите треба да ги премачкувате со препрати кои можете да си ги подготвите и дома. Ова се два сосема природни начини како да го решите овој естетски проблем.rn

    Масло со камилица

    rnПомешајте камилица со масло од лаванда и масло од јојоба. Со смесата секојдневно мачкајте ги местата на кои ви се појавиле стрии.rn

    Масло со авокадо

    rnИзмешајте авокадо, лимон и маслиново масло. Два пати неделно со помош на газа, нанесувајте ја смесата врз местата на кои имате стрии и нежно тријте.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадна диета

    Чоколадна диета

    Чоколадото можеби и не е толку опасно за вашата линија колку што мислевте. Новите студии покажуваат дека луѓето кои почесто јадат чоколадо имаат понизок индекс на тежина од оние кои јадат поретко. Истражувачите сè уште не можат да објаснат зошто нешто што содржи толку големо количество на шеќер, маснотии и калории може позитивно да влијае врз тежината. Но, се сомневаат дека антиоксидансите и останатите компоненти во чоколадото придонесуваат за забрзување на метаболизмот кое влијае врз намалување на калориите.rnrnЧоколадна диетаrnrnЗависниците од чоколадо најдобро знаат дека во последниве неколку години чоколадото сè почесто се додава на листата „добро по здравјето“. Веќе е докажано дека редовното јадење чоколадо може да го намали високиот притисок, да помогне при кардиоваскуларни проблеми, да го подобри холестеролот и да го регулира инсулинот. И покрај тоа што студијата која го истражува влијанието на чоколадото врз индексот на тежината е релативно нова, сепак добиените резултати ветуваат многу.rnrnНо, не гледајте на ова како дозвола за неограничено јадење на чоколадото кое го обожавате. Неговите ефекти врз индексот на тежината доаѓаат од редовноста на јадењето чоколадо, не од изедената количина.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    Секојдневието на кучињата се состои од играње, пешачење, трчање, спиење и јадење. Но, сакајќи постојано нешто да грицкаат помеѓу забите, и кучињата исто како и луѓето, можат да се здебелат од консумирање нездрава храна и да станат тромави и мрзливи. Доколку сакате да се погрижите вашето куче повторно да има добра линија, прочитајте како да му помогнете да ги стопи вишокот масти, со помош на здрава диета.

    rn

    Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    rnrn

    Дали вашето куче е дебело?

    rnАко не сте сигурни дали е вашето куче полно или има таква природна конструкција, прво посоветувајте се со ветеринар, да видите што тој мисли. Ако и тој утврди прекумерна тежина, тогаш време е да преземете нешто. На кучињата кои имаат нормална телесна тежина, мешето не треба да им виси повеќе од градниот кош кога ќе го погледнете во профил. Исто така грбот не треба да му биде многу обемен.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Измерете му ги килограмите на вага

    rnПред да го стартувате здравиот режим на живот на вашето куче, кренете го внимателно во раце и качете се на вага. Потоа едноставно, одземете ја вашата телесна тежина и ќе ја добиете неговата маса. Проверете која е идеалната тежина за расата на вашето куче, според табелата направена од американското здружение за спречување на здебелувањето на животните.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Не му давајте да јаде од вашата храна

    rnПрвата работа која треба да ја направите за да ја ставите под контрола тежината на вашето куче, е да престанете да му давате храна за луѓе. Миленичето можеби на почетокот ќе биде вознемирено, ќе ви се лути, а можеби и ќе ве моли со тажниот поглед во очи, да му фрлите некое мевце под трпезата. Но, доколку сакате да му помогнете со проблемот со килограмите, тогаш не треба да му попуштате. Човечката храна многу лесно се таложи на кучињата. Можеби си мислите „ако јас ја јадам, зошто да не може и моето куче?“, но неговото тело не е исто како вашето и нему не му е потребна вашата храна, си има своја.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Избегнувајте да му давате да грицка помеѓу оброци

    rnДиетата за вашето куче не мора да биде многу строга. Откако ќе престанете да му давате од вашата храна, внимавајте да не му давате многу често да грицка меѓу оброците. Почекајте да видите дали ќе има некаква промена во неговите килограми. Вие ќе можете и понатаму да го почестите зашто на пример, дента многу послушно реагирало на вашите наредби, а притоа да не внесува непотребни калории. Дајте му здрави грицки како морков или целер. Не сте сигурни дали вашето куче ќе сака да јаде морков? Обидете се, можеби ќе се изненадите од неговата реакција.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rnrnАко и понатаму е доста полно вашето кутре, тогаш ќе мора да ја намалите количината на кучешка храна која му ја давате, но за ова е подобро прво да се посоветувате со неговиот ветеринар, за да не дозволите тоа да прегладнува.rn

    Избегнувајте ја диеталната кучешка храна

    rnНе користете диетална кучешка храна за поедноставно да го решите овој проблем. Основните хранливи состојки се отстранети од оваа храна, за да се намали нејзината калоричност. Проблемот се состои во тоа што, основните масти се неопходни за вашето мило животинче да има здрава кожа, убаво крзно и високо енергетско ниво. Ако сепак решите да му давате диетална храна, правете го тоа постепено, а не одеднаш. Првите денови мешајте му ја со регуларната храна која ја јаде.rn

    Носете го секојдневно на прошетка во паркот

    rnТерајте го вашето куче повеќе да вежба за да ја намали неговата тежина. Секако, тоа не значи дека треба да го носите вашето куче на едночасовна прошетка, доколку тоа досега било навикнато на 15 минути движење на ден. Исто како и кај луѓето, и на вашето куче му е потребно прво да стекне малку кондиција, за да не се исцрпува и да нема болки во телото. Постепено, од ден на ден, покачувајте ги минутите наменети за прошетка и трчање. Така, ако тоа е навикнато на 15 минути спортување дневно, тогаш покачете го ова време на 20-25 минути на ден. После една недела покачете го уште за 5-10 минути и така секоја седмица.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Терајте го да трча кога ќе му фрлите играчка

    rnВо продавниците за миленичиња, ќе најдете разнообразни играчки за кучиња. Сите играчки кои се лесно преносливи, се одлични за неговата диета. Користете топчиња, фризби, плишани играчки или некоја друга ваша омилена играчка. Фрлете ја во тревата еднаш, два пати, пет пати, сè додека вашето кученце не се растрча малку.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Шетајте го по трева и песок, а не по асфалт

    rnСекогаш земајте ја предвид површината по која вашето куче пешачи. Оние кучиња кои секогаш пешачат по тротоари и асфалтни површини, ги абат нивните зглобови и шепи. Пешачењето по трева и песок е добро за неговите зглобови, а зелената околина ментално ќе ја стимулира неговата љубопитност и ќе го направи потолерантно за подолго движење.rn

    Вежбајте го вашето куче наутро

    rnАко го терате вашето куче да вежба рано наутро, пред да јаде појадок, ефектите ќе бидат многу поголеми отколку ако вежба поручек или навечер. Однесете го на прошетка во зеленило рано наутро што ќе му овозможи да согорува калории во текот на целиот ден, дури и кога ќе одмора. Доколку ова го практикувате секој ден и вие паралелно ќе одржувате здрава линија на вашето тело.rn

    Стимулирајте го психички

    rnУпотребувајте мили зборови и погалете го вашето куче пред, за време и по вежбањето, за тоа да знае дека ја прави вистинската работа и ги исполнува вашите желби. Колку и да ве сака кучето, ако му претставува тешкотија да вежба, ќе треба повеќе да се потрудите со менталната стимулација.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rnrnАко вашето куче има здравствени проблеми, слушајте ги исклучиво советите од ветеринарот. Доколку тоа е сосема здраво, а има проблем само со тежината и сакате да создадете здрави навики во неговото, а со тоа и во вашето секојдневие, тогаш правилно следејќи ги овие освети, очекувајте резултати за неколку месеци. Идеално е вашето куче, на неделно ниво да губи од 1-2% од телесната тежина.rnrnПрочитајте и како правилно да го чешлате вашето бушаво куче.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да препознаете нарушување во исхраната?

    Како да препознаете нарушување во исхраната?

    Познавате некој кој за многу кратко време ја намалил телесната тежина? Честопати ги избегнува оброците? Прочитајте ги основните знаци за нарушување во исхраната и спречете ги на време.Како да го препознаете нарушувањето во исхраната?1. Преокупација да изгледа перфектно и да има идеална тежина и облик на телотоrn2. Чувства на тага, фрустрација и гнев за надворешниот изгледrn3. Често споредување со другитеrn4. Прекумерна загриженост за делови од телото кои не изгледаат перфектноrn5. Зголемена самосвесностrn6. Тајни навики поврзани со исхраната и вежбањетоrn7. Драматично губење на телесната тежина (со големи подеми и падови)rn8. Сериозно ограничување во внесувањето на хранатаrn9. Лумпувањеrn10. Одбивање да се јадат одредени продуктиrn11. Опсесија со информации за телесна тежина, исхрана, диети, калории..rn12. Невообичаени ритуали во исхраната (забрзано џвакање, преуредување на храната во чинијата, јадење продукти по определен редослед)rn13. Одбегнување на главните оброциrn14. Често жалење за прекумерната телесна тежинаrn15. Прекумерно вежбањеrn16. Користење лаксативи, повраќање, земање апчиња за слабеењеrn17. Често мерење на телесната тежинаrn18. Одбивање да јаде во присуство на други луѓеrn19. Негирање дека настапува гладrn20. Обид за сокривање на фигурата со широка облекаrn21. Депресија и често менување на расположениетоrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Храна која предизвикува надуеност

    Храна која предизвикува надуеност

    Внимавате на исхраната, вежбате во теретана, сакате да постигнете идеална телесна тежина… Не уништувајте го целиот ваш труд и напор, заборавајќи ги оние нешта кои за миг ќе предизвикаат надуеност во пределот на стомакот.Храна која предизвикува надуеностrn

    1. Рафиноза (храна со галактоза, фруктоза и глукоза)

    rnТука спаѓаат следниве производи: зелка, проќељ, брокула, аспарагус и други зеленчуци и продукти со цели зрна. Овие предизвикуваат надуеност во стомакот само ако се јадат свежи, затоа прво згответе ги па потоа конзумирајте ги.rn

    2. Лактоза

    rnТука станува збор за продукти во кои има природни шеќери како млекото и млечните производи (павлака, јогурт, сладолед, сирење, кашкавал). Имајте на ум дека во млекото има поголемо количество лактоза отколку во сирењето, кашкавалот и јогуртот.rn

    3. Сорбитол (шеќерен алкохол кој бавно се раствора во метаболизмот на човекот)

    rnГо има во овошјата, вклучувајќи ги и јаболката, крушите, праските и сувите сливи.rn

    4. Скроб

    rnКомпир, пченка, ориз, леб, тестенини и храна направена од брашно. Освен што предизвикуваат подуеност, овие продукти предизивкуваат и гасови.rn

    5. Продукти со комплексен состав од скроб и протеини (зрнеста храна)

    rnПред употреба на продукти од овој тип, најдобро е да се потопат во вода неколку минути пред да почнат да се готват.rnrn——————————————————————————————————————————————————————–rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

    Краткотрајни овошни диети за прочистување на вашето тело

    Зошто да се измачувате со разни тешки диети  кои ќе ве истоштат, кога можете да бидете здрави и витки со едноставна реорганизација на вашите оброци и внесување многу витамини преку овошје, кои ќе ви дадат елан и свежина?! Испробајте ги овие четири детоксикациски диети, препорачани од професионални нутриционисти, кои истовремено ќе ви помогнат брзо да ги изгубите килограмите, но и да го прочистите вашето тело од отровните материи.rnrnКраткотрајни овошни диети за прочистување на вашето телоrn

    Дводневна диета со јаболка

    rnДоколку сакате да симнете неколку килограми и истовремено да ги отстраните отровите од вашето тело и да се чувствувате поздраво, сè што треба да направите е да јадете само јаболка. Звучи страшно, но диетата трае само два дена и плус секогаш кога ќе почувствувате глад можете да каснете јаболко, бидејќи нема ограничување на количината. Покрај тоа што јаболката располагаат со многу витамини, тие создаваат и чувство на ситост. За да не ви досади од едноличната исхрана уште после првите три јаболка, купете од различни сорти за да ви биде диетата поразнообразна.rnrnКраткотрајни овошни диети за прочистување на вашето телоrn

    Петдневна диета со лубеници

    rnДоколку сте љубители на лубеница, тогаш токму таа е одговорот на сите ваши молитви за добро обликувано тело. Во оваа диета треба да почитувате едно едноставно правило: консумирајте најмалку половина килограм лубеница дневно. Исто така, пожелно е во текот на диетава да јадете по пет помали оброци дневно. Додека ја држите оваа диета е многу препорачливо да избегнувате пиење пијалаци во кои има шеќер и осигурете се дека немате висок крвен притисок. Оние кои имаат проблеми со бубрезите или со црниот дроб, исто така треба да го избегнуваат овој алтернативен план со оброците. За да не ви се смачи од јадење лубеница, во текот на овие денови можете понекогаш да си направите свежо исцеден сок од овошје или да си направите овошна салата.rnrnКраткотрајни овошни диети за прочистување на вашето телоrn

    Седумдневна диета со ананас

    rnДетоксирајте го вашиот организам со еден здрав и едноставен режим на исхрана. Со оваа диета нема потреба да се лишувате од храна за да ги намалите вишокот килограми. Напротив, сè што треба да сторите е да јадете по три нормални оброци и да консумирате само две парченца ананас дневно. Нутриционистите кои ја креирале оваа диета исто така препорачуваат дводневна сесија на комплетно чистење на организмот од отрови, за кое време ќе јадете само ананас. Доколку се решите на овој чекор, детоксикацијата на организмот направете ја во два последователни дена од седмицата додека ја држите диетава. И покрај тоа што ова не е режим на исхрана кој треба да се следи на долг рок, сепак оваа диета може да биде многу корисна за оние кои сакаат брзо да ги намалат килограмите.rnrnКраткотрајни овошни диети за прочистување на вашето телоrn

    Седумдневна диета со црвени боровинки

    rnЦрвените боровинки се богати со растителни влакна, витамини и антиоксиданси. Поради тоа, тие се одлични за „исчезнување“ на вашите килограми и за ослободување на вашиот организам од штетните токсини. Исцедете сок од половина килограм боровинки. Потоа, помешајте две супени лажици од сокот во 200 грама свежа изворска вода и пијте ја таквата течност секое утро на гладно. Резултатите ќе бидат неверојатни. Исто така е препорачливо да консумирате „полесни“ оброци во текот на овие седум дена, за да не биде вашиот дигестивен систем под голем притисок во текот на детоксикациската диета.rnrnКраткотрајни овошни диети за прочистување на вашето телоrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нутриционистичка чинија

    Нутриционистичка чинија

    Дали се храните правилно? Оваа едноставна нутриционистичка чинија е потсетник на фундаменталните вредности на здравата исхрана. Чинијата може да се најде во три вида и тоа диетална, нормална и обилна.rnНутриционистичка чинијаСите овие видови чинии имаат различни пропорции, според потребите на луѓето. На опачината на чинијата се наоѓа легенда, која ги објаснува боите и полињата на кои таа е поделена. Како на пример, зеленото поле означува зеленчук, а розовото, протеините кои треба да го сочинуваат оброкот. Овој продукт е создаден од Хафштајн Јулиусон во соработка со Жоана Паис, за потребите на неговата фирмата „HAF“.Нутриционистичка чинијаНутриционистичка чинијаНутриционистичка чинијаНутриционистичка чинијаНутриционистичка чинијаНутриционистичка чинијаНутриционистичка чинија

  • Кафе-позадина за вашиот десктоп #27

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #27

    Се откажавте од чоколади, гирцки и секакви слатки, но калорични задоволства во име на летото што следува. Не би сакале да ве стрвиме, но оваа кафе позадина, може да ви послужи како замена за она што ви недостасува во исхраната. Поставувајќи ја оваа позадина на вашиот десктоп, ќе имате чувство дека во секој момент можете да шмркнете од преубавото кафе, да замезите од крупните лешници и на крајот да се засладите со две коцки чоколадо. Оваа кафе позадина, одлично му прилега на десктопот, но не преземаме одговорност за прекршени диети :).rnrn

    Кафе-позадина за вашиот десктоп #27
    Кликнете на сликата за да ја видите во оригиналната големина (1519×1012) и преземете ја за да ја поставите на вашиот десктоп.

  • Митови поврзани со диетите

    Митови поврзани со диетите

    Во денешно време, на интернет може да најдете многу совети, трикови и диети кои можат да ви помогнат да ја намалите вашата телесна тежина за кратко време и со многу малку напор. Но за жал, многу од тие „гаранции“ за брзо губење на килограмите се само обични митови, па и доколку има мал дел вистина во нив, сепак нема да ви го дадат успехот кој го очекувате. Ова се најчестите митови поврзани со диетите.rnrnМитови поврзани со диетите

    rnrn

    Јадењето касно навечер е главна причина за зголемување на телесната тежина

    rnВистината: Некои диети препорачуваат да избегнувате да јадете доцна во ноќта, за да ја намалите тежината. Но една неодамнешна истрага спроведена од центарот „Dunn Nutrition“ во Кембриџ, покажала дека внесувањето на обилен оброк навечер не прави да се складираат повеќе маснотии во организмот одошто јадењето помалку во истото време. Избегнувањето на нездрави закуски доцна во ноќта ќе ви помогне да не ја накачувате вашата маса, но истото важи за кој било период од денот, не само за вечерните часови. Легнувањето во кревет со празен стомак може да се одрази и на вашиот сон, а истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат добар сон имаат помали шанси да се здебелат.rnrnМитови поврзани со диетитеrn

    Избегнувањето на појадокот е добар начин за слабеење

    rnВистината: Сите научни истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат редовен здрав појадок се послаби од оние кои го прескокнуваат. Ова се случува бидејќи оние кои редовно појадуваат имаат поголеми шанси да не огладнат подоцна во денот, а појадокот го забрзува метаболизмот и им дава повеќе енергија за извршување на дневните активности (ова значи и согорување на калории за време на извршување на истите). Клучот е во избирањето на здрав и балансиран појадок и избегнување на високо калоричен оброк, полн со масти и шеќери.rnrnМитови поврзани со диетитеrn

    Важно е да се јаде специјална храна за да се намали тежината

    rnrnВистината: Постојат многу диети во кои е вклучено јадење на специјална храна или пак замена на храната со разни шејкови, штангли, напитоци и слично. Сите овие работи можат да ви помогнат да ослабете, но на краток рок. Тие исто така можат да бидат и многу скапи, здодевни и невкусни, а многу од нив не ја обезбедуваат ни потребната дневна доза на витамини, минерали и други хранливи материи во организмот. Покај тоа, брзото губење на килограми го зголемува ризикот за здравствени проблеми, како што е камен во жолчката. Исто така, ваквите диети и замени за храната не ги учат луѓето на здрави навики при исхраната, па затоа изгубените килограми брзо се враќаат, а понекогаш и зголемуваат по завршувањето на режимот.rnrnМитови поврзани со диетите

    rnrn

    „Имам склоност кон дебелеење, тоа ми е во гените“

    rnrnВистината: Тенденцијата за зголемување на телесната тежина може да е фамилијарна работа. Но без разлика какви и да ви се гените, сепак причина за прекумерната тежина секогаш ќе биде, повеќе внесени калории во организмот, отколку потрошени. Иако за некого ова е потешка работа, сепак правилната исхрана помага за намалување и одржување на идеалната и здрава тежина.rnrnМитови поврзани со диетитеrnrn

    Целерот има негативни калории и претставува одличен главен оброк

    rnrnВистината: Јадењето свеж целер согорува повеќе калории отколку што тој содржи. Ова е многу точно, бидејќи целерот е од цврст растителен материјал, па неговото варење, всушност согорува повеќе калории отколку што содржи (околу 8 калории). Но, иако тој е одлична закуска, во него нема доволно храна за тој да стане главен оброк во вашата диета, па така овие негативни калории кои тој ги има нема да имаат никаков позитивен ефект, а вие ќе бидете без енергија и гладни.rnrnМитови поврзани со диетитеrnrn

    Пиењето заледена вода согорува калории

    rnВистината: При пиењето заледена вода, вашето тело ќе потроши некоја калорија за да ја стопли онаа што сте ја испиле. Тоа отприлика би било помеѓу 8 и 20 калории во зависност од тоа по кое истражување се водите. Внесувањето на поголеми количини вода додека сте на диета е одлична идеја, но доколку мислите дека заледената вода би направила некоја поголема разлика, се залажувате себе си.rnrnМитови поврзани со диетитеrn

    Пиењето зелен чај секојдневно, помага при слабеењето

    rnrnВистината: Зелениот чај традиционално се пие при намалување на телесната тежина. Една студија објавена во медицинското списание „Obesity“ во 2009 година покажала дека катехините кои ги содржи зелениот чај помагаат при слабеењето. Но, луѓето врз кои се извршувало истражувањето, спонзорирано од Lipton, морале да пијат по десетина чаши зелен чај на ден, што е огромна количина. Исто така, секогаш треба да се има на ум дека, без разлика колкава количина ќе испиете, доколку се прејадувате, никогаш нема да ги осетите ефектите. Сепак, останува фактот дека незасладениот зелен чај е ниско калоричен пијалак, кој е добар за вас.rnrnМитови поврзани со диетите
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    Дали ви се случило со недели да консумирате само зеленчук и овошје и да сфатите дека сте ослабеле само 1 килограм? Не сте единствени. Всушност, има голем број грешки кои жените ги прават додека држат диети, а не се свесни за истите, па на крајот од режимот се депримирани и без ронка надеж дека некогаш ќе ја намалат телесната тежина.rnrnЕве кои се најчестите грешки во вашата диета според врвните диететичари:rn.rnrn

    Размислување на краток рок

    rn„Единствениот начин да се придржувате до вашиот здрав режим на исхрана е да гледате кон него како кон нов начин на живот“ – вели д-р Венди Дојл од Британското Диететско Здружение. Според неа, луѓето кои јадат многу помалку од вообичаено во краток временски период со цел набрзина да ослабат неколку килограми, најверојатно ќе се откажат од таа идеја после неколку дена, бидејќи ќе увидат колку е тешко да се гладува. Единствен спас на вашата фигура, Венди гледа во диетите базирани на здрава храна кои е возможно да се поднесат.rnrnЗошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати? Повеќето диететичари на жените им препорачуваат да внесуваат 1 300 до 1 500 калории дневно, доколку сакаат да ја намалат телесната тежина.rn.rn

    Храна која „заборавате“ дека сте ја изеле

    rnМожеби мислите дека се придржувате до секоја буква од вашата диета. Но, ако забележувате дека не ги губите килограмите, тогаш некаде мора да грешите. Многу жени „забораваат“ дека се почестиле некоја бисквита, чоколатце или дека биле на роденден и јаделе торта. Како и да е, ако имате телесен проблем кој ви е навистина битно да го решите, тогаш водете дневник за вашата диета, во кој ќе запишувате сé што сте јаделе и пиеле. На крајот од првата недела ќе можете да увидите од каде доаѓаат тие „мистериозни“ калории во вашата исхрана.rn

    Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    rn

    Диета без физичка активност

    rnАко мислите дека со постојано намалување на калориите во исхраната и лежење по дома ќе постигнете голема промена во вашата тежина – навистина се лажете. Исклучувањето на каква било спортска активност од вашата диета е голема грешка, бидејќи вежбањето го забрзува метаболизмот и вашето тело ги согорува калориите многу побрзо. Одењето на аеробик или фитнес еднаш во неделата исто така не е доволно за да ослабете. Најдобра солуција за одржување на вашата линија е да вежбате по 20-30 минути секој ден.rn

    Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    rn

    Пропуштање оброци

    rnДоколку понекогаш ви се случува да сте „премногу зафатени“ за да јадете, најверојатно мислите дека пропуштањето на еден оброк ви е само бонус во вашата крајна цел – намалување калории. Но, диететичарите велат дека на овој начин само се залажувате себеси. Кога прескокнуваме оброци нивото на шеќерот во крвта се намалува, што за возврат ја зголемува нашата потреба и желба за јадење благо. Тоа значи дека во подоцните часови ќе изедете нешто благо, кое најчесто дебелее многу повеќе во однос на оброкот кој не сте го изеле. Истражувањата покажале дека жените кои не појадуваат, всушност внесуваат многу повеќе калории во текот на денот, отколку оние кои јадат наутро.rn

    Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    rn

    Здрава храна не е исто што и нискокалорична храна

    rnПовеќето диети препорачуваат во салатата да се користи маслиново масло наместо сончогледово бидејќи е помалку калорично, а за ужина наместо мрсен чипс да јадете јаткасти плодови. И покрај тоа што тие се здрави за вас, многу е важно да јадете ограничена количина од нив. На пример, една супена лажица маслиново масло содржи цели 100 калории, а дланка полна со јаткасти плодови – 150 калории и 13 грама масти.rnЗошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?Друга класична грешка е јадењето пилешко месо заедно со кожата, каде што има најмногу масти и истата ја зголемува калоричноста на вашиот оброк за цели 3 пати. Салата во комбинација со мајонез, павлака, месо, кашкавал и сл. исто така се опасни за вашата диета.rn

    Зошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?

    rn

    И пијалаците содржат калории

    rnМожеби се храните здраво за појадок, ручек и вечера и избегнувате да грицкате калорични ствари во останатите часови од денот, но ако пиете благи сокови, кафе со додатоци и особено алкохолни пијалаци – ете зошто не можете да ослабете. Стандардно капучино со шлаг и чоколаден прелив содржи 120 калории и 8 грама масти, а оние луѓе кои пијат алкохол додека јадат внесуваат 350 калории плус. Затоа избегнувајте калорични преливи во вашето кафе, пијте природно цедени сокови со малку шеќер и немојте да консумирате алкохол повеќе од 1-2 пати во неделата. Друг совет е да пиете нискокалорични коктели, да мешате алкохолен со безалкохолен пијалак или шприцер, бидејќи чистиот алкохол дебелее повеќе и го зголемува апетитот.rnЗошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?rn

    Пречесто мерење на вага не е добро

    rnНема ништо што повеќе ќе ве мотивира и охрабрува да продолжите да ја држите вашата диета од секојдневното гледање како се намалува бројката која ја покажува вагата. Но, диететичарите предупредуваат дека премногу честото мерење може да донесе негативни резултати. Голем број жени забележуваат дека нивната тежина варира во текот на месецот, што ги доведува до разочарување, мислејќи дека повторно качиле некој килограм. Но, варијацијата во килограмите е од друга причина – задржување на вода во организмот во текот на менструалниот циклус, поради што вагата може да покажува повеќе.rnЗошто вашата диета не ги дава посакуваните резултати?Здравото слабеење е доста долг процес кој не можете секојдневно да го „мерите“, а воедно не смеете да заборавате дека мускулите тежат повеќе од салото. Качувајте се на вага еднаш неделно, веднаш откако ќе станете од спиење. 500 грама е еднакво на 3 500 калории што значи дека дури и ако вагата покаже дека сте ослабеле само половина килограм, значи дека во текот на изминатата недела сте консумирале 500 калории помалку од вообичаено, на дневно ниво.