КАФЕ ПАУЗА

Tag: диета

  • Каде најмногу грешите додека се обидувате да ослабете?

    Каде најмногу грешите додека се обидувате да ослабете?

    Доколку сакате да ја достигнете вашата идеална линија, а потоа и да ја одржите вашата тежина, треба да го смените животниот стил. Она што е неопходно за да стигнете до посакуваната цел е да ги избегнувате нездравите намирници, секојдневно да вежбате и доволно да спиете.rnrnКаде најмногу грешите додека се обидувате да ослабете?rnrnМногумина најголемата грешка ја прават обидувајќи се за кусо време да изгубат голем број килограми, па токму затоа ви ги претставуваме најголемите грешки кои се прават при слабеењето.rn

    Изгладнување

    rnОва е најчестата грешка, која многумина ја прават обидувајќи се да постигнат големи резултати. Со изгладнувањето настанува мачење на мускулното ткиво и на целото тело, што може да резултира со голем број промени на метаболизмот, а не е исклучена можноста и да покачите некое кило плус. Сите доктори и експерти често потсетуваат дека сите екстремни диети се лоши за здравјето и невозможно е да се издржат на долг рок.rn

    Таблети, шејкови и многу други препарати за слабеење

    rnКолку и да имаат привлечна и добра реклама, атрактивна продавачка која и самата ги „користи“ производите и одлични препораки и искуства од претходните корисници, за жал сѐ уште не постои магична таблета, шејк или прашок кој може да ви ги скрати маките со вишокот килограми. Токму затоа не фрлајте ги вашите пари џабе, а инвестирајте ги во здрава храна, справа за вежбање или личен тренер.rnrnКаде најмногу грешите додека се обидувате да ослабете?rn

    Потење преку пасивност

    rnДоколку пријателката ви раскажала дека ослабела 2 сантиметри во струкот со секојдневно одење во сауна, не летајте се веднаш и вие да пробате. Вештачкото потење во сауна или замотувањето со целофанска фолија, нема да ве ослободи од масните наслаги. Потењето е добар показател, но само доколку се работи за потење поради вежби, а не седејќи во сауна.rn

    Еднолична исхрана

    rnНајверојатно сите сте чуле за диета која препорачува внесување само на одредена храна во организмот. Токму затоа голем број од луѓето веруваат дека едноличната исхрана ќе им помогне во постигнувањето на идеалната тежина, но со тоа можете да го постигнете само спротивното. Последните истражувања покажале дека најдоследен начин за губење килограми и одржување на посакуваната тежина е комбинацијата од разновидна здрава храна и редовно вежбање. Доколку исклучите едно од овие нешта џабе си го трошите времето.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1

    Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1

    Многумина се чудат зошто Формула 1 и останатите категории на авто-мото трки важат за спорт кога возачите само си седат на седиштето и го вртат воланот. Одговорот е дека една Формула 1 трка бара голем физички напор од возачот за да може да ја издржи цела, па затоа тие мораат да бидат физички извонредно спремни и да поседуваат сила и издржливост како да се војници.Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1rn

    Многу потење

    rnУправувањето на Формула 1 болид при огромни брзини бара од возачот успешно да контролира повеќе различни физички сили и притисоци кои влијаат на тоа како се движи самиот болид. Покрај тоа, моторот создава голема жештина, која заедно со овие сили предизвикува многу потење кај пилотот. Во некои трки може да се случи тој да изгуби и до 3 килограми од својата тежина само поради исфрлањето течност преку потењето.rn
    rn

    Кардио-васкуларен тренинг

    rnЗа да може да го издржи овој напор, секој возач мора да го користи сиот свој физички потенцијал. Нивниот тренинг се состои од активности како трчање, пливање, возење велосипед или ролање. И одењето во теретана е задолжително за секој од нив. Потребни им се силни раце за да не им побегне воланот додека возат, а нивниот врат и градите треба да ги издржат разните притисоци, кои се особено силни при возењето во свијоците. За нив нема соодветна фитнес опрема која ќе им овозможи соодветно да ги развијат тие делови од телото и затоа користат додатна опрема дизајнирана специјално за нив.Врвната физичка спремност на возачите во Формула 1rn

    Режим на исхрана

    rnКако и сите други спортисти, така и возачите во Ф1 почитуваат строг режим на исхрана кој им овозможува да извадат максимум од своите тела. Постојано внимаваат на тоа колку внесуваат јаглени хидрати, а колку протеини. За време на тркачките викенди во нивната исхрана доминираат јаглехидрати, но и огромни количини вода затоа што потењето може да доведе до дехидрација. Поради тоа во болидот имаат шише со вода од кое пијат преку цевка која се пробива преку нивната кацига во делот кај устата. И секако, и шампањското после трка добро им доаѓа за гасење на жедта.rn
    rn

    На денот на трката

    rnЕден тркачки ден за возачот изгледа отприлика вака:rn

      rn011

    • во 07.30: појадок составен од житарки, млеко и овошје;
    • rn011

    • во 08.00: масажа за будење и загревање на мускулите;
    • rn011

    • во 09.00: возење на сесија за загревање на тркачката патека;
    • rn011

    • во 10.00: ПР активности пред трката;
    • rn011

    • во 11.30: лесен оброк, најчесто тестенини и супа од зеленчук;
    • rn011

    • во 12.00: време за одмор, некои успеваат и да заспијат;
    • rn011

    • во 12.40: масажа за повторно будење на мускулите;
    • rn011

    • во 13.15 : влегување во болидот и подготовки за трката;
    • rn011

    • во 14.00: почеток на трката;
    • rn011

    • по крајот на трката: богат оброк во кој доминираат протеини и витамини, а потоа масажа за обновување на мускулите.
    • rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 одлични пролетни диети

    5 одлични пролетни диети

    Зимата пројде, па време е конечно да се ослободиме од вишокот килограми, кои ги наталоживме во овој период од годината. Ова се 5 одлични диети кои ќе ви помогнат да изгледате и да се чувствувате подобро и поудобно во сопственото тело за време на прекрасната пролет.rnrnПет одлични пролетни диетиrn

    Сончева диета – жолта боја за витка става

    rnСончевата диета не треба да трае повеќе од 8 дена, а за нејзиното времетраење можете да изгубите до четири килограми. Основно правило е да консумирате само жолти производи, како диња, банана, тиква, крушки, кашкавал и слично.rn

    Алкална диета – препорака од холивудските ѕвезди

    rnАлкалната диета е хит помеѓу холивудските ѕвезди, а се заснова на одржување рамнотежа во организмот на база на кисели продукти. Оваа диета не само што може да ви помогне да ослабете, туку го штити и здравјето. Суштината е во тоа што секојдневно, покрај оброкот, морате да внесувате и кисела храна, во сооднос 4:1, за да го постигнете посакуваниот баланс во организмот.rn

    Лимон диета – експресно слабеење

    rnЛимонската диета е вистинска бомба од витамин Ц, а со еднонеделно придржување можете да изгубите еден конфекциски број. Додадете 2 лажици сок од лимон во 30 децилитри вода заедно со две лажички јаворов сируп и малку чили. Овој сок пијте го во текот на целата недела, 5 пати дневно. Во текот на неделата не смеете да јадете ништо друго, а дополнително смеете да консумирате домашна супа од зеленчук и билни чаеви.rn

    Диета со туна – 1,5 килограми помалку за само 3 дена

    rnОваа диета можа да ви помогне без голем напор да загубите 1,5 килограми за само 3 дена. Звучи одлично, зарем не? Диетата се држи 3 дена, а потоа треба да се јаде нормално. Секој ден се јаде по една порција туна, а дополнително можете да јадете салата и супа. Дозволени се и чајот, црното незасладено кафе и водата.rn

    Банана диета – лесно и слатко

    rnПотребно е секое утро да јадете една банана и да пиете чаша вода, а во текот на денот можете нормално да јадете. Додека трае диетата не смеете да консумирате алкохол, да јадете сладолед и други слатки работи. Исто така препорачливо е да пиете поголемо количество вода во текот на денот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Астрологија: Како да ја задржите витката линија?

    Астрологија: Како да ја задржите витката линија?

    Каква храна му одговара на вашиот хороскопски знак и која е вашата тајна за витка линија?rnrnАстрологија: како да ја задржите витката линија?rn

    Овен

    rnПоради вашата енергична природа, лесно ги согорувате калориите и не ви е потребно многу време за да ја намалите вашата тежина. Меѓутоа, кога ќе здогледате фина трпеза, не можете да ѝ одолеете. Ќе имате проблем со тежината доколку работата ви е врзана со бирото, поради што ѕвездите ви советуваат да постите една седмица во месецот. Јадете многу овошје и внесувајте доста течности, особено чаеви кои ќе ви помогнат да ја отстраните надуеноста од стомакот. Внесете супа од зеленчук и интегрални житарки во вашата редовна исхрана, за да создадете навика за здрав живот. Не бидете нетрпеливи кога пред вас гледате вкусна, а тешка храна, бидејќи последиците од тоа ќе бидат долгорочно видливи на вашето тело.rn

    Бик

    rnБорејќи се против својата тежина, вие го поминувате поголемиот дел од животот во битка за добра линија. Проблемот е тоа што, честопати уживајќи во храната се прејадувате. Како познати гурмани во зодијакот, вие обожавате да готвите како за себе, така и за своите најблиски. Вие можете и понатаму да ја јадете највкусната храна и да јадете сѐ што ќе посакате, но не во преголеми количини. Слатката храна заменете ја со комбинација од овошје и интегрални кекси. Бидејќи честопати имате кризни моменти, гледајте во секој момент да ви се наоѓа суво овошје при рака. Од месото не треба да се откажувате, само треба да го приготвувате без масло, а зеленчукот потпечете го на скара, исто така без масло.rn

    Близнаци

    rnДоколку имате проблеми со тежината, причината е веројатно тоа што секогаш јадете додека одите. Не ви е грижа за храната и не размислувате за неа. Поради тоа честопати се храните нездраво. Во своите оброци треба да вклучите храна која ќе му помогне на вашето здравје и линија. Во ситуациите кога ќе решите да нарачате сендвич од некаде, одлучете се за некој со салата и интегрален леб. На вашиот организам му одговара бело месо, јогурт и сирење. Уживајте честопати во салата со неколку парченца пилешко или мисиркино месо или пак во грчка салата со солено сирење.rn

    Рак

    rnОбожавате да готвите, а најинтересниот дел од тој процес ви претставува декорирањето на чинијата. Сакате убаво поставена трпеза, која мами со мирисот и изгледот. Во вашата кујна преовладуваат емоциите, па честопати додека ја подготвувате храната, си поткаснувате и кога не треба. Кога ќе сфатите дека храната не треба да ви биде утеха, вашата фигура ќе заблеска во својот полн сјај. Слава точка ви се колачите и грицките. Ако направите торта, немојте да ја изедете целата сами. На вашиот организам одлично ви одговара месечевата диета, бидејќи Месечината управува со вашиот хороскопски знак. Пијте многу чаеви и вода и разграничете ги емоциите од чувството за глад.rn

    Лав

    rnВие обожавате „тешка“, совршено приготвена храна: убаво сирење, сувомеснати производи, бифтеци и сласни чоколадни торти. Можеби не се храните од златна лажичка, но вие дефинитивно сакате да го имате најубавото парче „злато“ во својата чинија. Кога јадете лоша храна, така и се чувствувате. Ѕвездите ве советуваат секогаш да имате разнобојна храна во вашиот оброк. Зелена, жолта, црвена – шарената храна е вистинскиот избор за вас, бидејќи таа е вистинскиот луксуз за вашиот организам. Пробајте ја кинеската или тајландската кујна, кои може да ви се допаднат, поради чудните комбинации од благо и кисело.rn

    Девица

    rnВие сте свесни за доброто здравје кое следува од состојките што секојдневно ги консумирате. Покрај јадењето здрава храна, вие се занимавате и со вежбање јога или пилатес. Девиците најчесто е толку витки, што им е потреба диета за дебелеење. Ваша евентуална слаба точка, се пороците како алкохол и цигари. Потребно ви е повеќе сон и помалку вечерни излегувања. Пијте овошни сокови и чај од слез, за да ги прочистите вашите дишни патишта. Постете еден ден во неделата, со сокови од свежо овошје и зеленчук. Во текот на празниците, немојте да претерувате со тортите и колачите, бидејќи за вас и две парчиња можат да бидат премногу.rnrnАстрологија: како да ја задржите витката линија?rn

    Вага

    rnКога вие се поправате имате вистинска среќа, бидејќи вишокот килограми ви се распоредува на вистинските места. Сепак, треба да се воздржите од јадењето месо. Вие обожавате да седите во друштво во комбинација со добра храна, па често ви се случува да седите во ресторан со часови, да разговарате и да јадете, а потоа со денови да се оправувате. Сепак, доколку тоа го правите, не заборавајте дека клучна работа е рамнотежата. Одлучете се за овошна детоксификација или за десетдневен пост во месецот. Немојте да заборавите да внесувате и многу течности. Исто така, јадете кисела храна, која најлесно можете да ја вклучите преку салатите. За десерт практикувајте компот.rn

    Скорпија

    rnИли гладувате, јадете нешто лесно и немате потреба од сериозен оброк или напаѓате сѐ пред себе и јадете како за двајца. Скорпиите имаат апетит кој често зависи од околности кои не се поврзани со кујната. Поради целулитот кој ги напаѓа и кој им смета во текот на летото, најубаво е да пијат зелен чај во што поголеми количества. Лененото масло исто така може да им помогне брзо и лесно да се ослободат од наталожените маснотии. Поради својата голема сила, тие се најбројни во секоја сала за вежбање. За нивниот организам, одлични се овошните коктели во комбинација со малку млеко.rn

    Стрелец

    rnПрипадниците на овој знак обожаваат да се хранат надвор од дома. Без разлика дали се во друштво, на романтична вечера или во град, важно им е секогаш добро да се најадат. Не сакаат да работат во кујна, но сакаат вкусен оброк кој не е послужен во хартиена чинија. Познати се по својата љубов спрема спортот, па одржувањето линија не им е слаба точка. После вежбањето, веднаш се упатуваат кон фрижидерот, што подоцна страшно ги лути. Сепак доколку имаат свежи и здрави состојки или некој здрав зготвен оброк, тоа не е некој голем проблем. За здрав изглед на стрелците, им е потребно повеќе варена храна и супи.rn

    Јарец

    rnВашата природна линија е за завидување. Обожавате јадења кои брзо се приготвуваат, но и кои се многу здрави. Затоа во вашето идеално мени, се наоѓа рибата. Рибата ја сакате приготвена на секаков начин, но најмногу во прилог со варен зеленчук. Многу често сте самокритични, повеќе отколку што е потребно. Изгледате свежо, а тенот ви е секогаш чист. Треба да правите вежби за бутовите и нозете, па немојте да заборавите да пешачите, да трчате, да возите велосипед, а доколку сте во можност и да одите на пливање.rn

    Водолија

    rnВие имате тенденција да јадете неконтролирано, но само кога сте во друштво. Бидејќи не поднесувате досада, често сакате да ја победите посетувајќи интересни ресторани, во кои сакате да пробувате од сѐ по нешто. За среќа, досадата знаете да ја победите и со спортување, па правите некаква рамнотежа. Водолиите често работат како дегустатори или како шефови на кујни, но само во ресторани кои нудат нешто ново и специјално. Подготвувајте си за себе повеќе мали оброци и јадете слатки во кои има овошје. Искористете ја својата имагинација во готвењето.rn

    Риби

    rnВие сакате слатки и мрсна храна, како на пример тестенини прелиени со неколку врсти растопено сирење. Акумулираните килограми најлесно ќе ги изгубите со танцување. Одберете го вашиот омилен стил и наместо посета на ресторан, определете два дена во неделата во кои ќе одите на танцување. Тука се крие вашата фигура од соништата, но и насмевката која ќе ве растера од вашата сонлива состојба. Познати сте како љубители на појадокот, па во првиот оброк во денот, внесувајте повеќе прочистувачи на организмот. Покрај парче тост со мед, изедете една шолја пире од јаболка и испијте една чаша сок од цитрус.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Диета за детоксикација

    Диета за детоксикација

    Диетите со течности се одличен начин да изгубите некој килограм без изгладнување, а диетите за детоксикација ќе ви помогнат да се стабилизирате после празниците. Оваа диета се препорачува да се држи од три до пет дена неколку пати годишно, најчесто после празници, за да се прочисти организмот.rnrnДиета за детоксикацијаrn

    Внесувајте многу течности

    rnТечностите се корисни бидејќи помагаат за нормално функционирање на бубрезите, црниот дроб, дебелото црево и лимфните жлезди, односно сите органи кои ги филтрираат токсините од вашето тело. Не пијте премногу ако не сте воопшто жедни, но целете кон тоа да пиете од еден до два литри дневно, плус две шолји кафе или чај.rn

    Намалете со калориите, но не драстично

    rnВнесувајте од 1.400 до 1.600 калории дневно. Ќе изгубите малку тежина, но ќе имате енергија. Доколку внесувате помалку од 1.200 калории дневно, вашето тело ќе почне да согорува од мускулната маса наместо маснотии, и плус нема да внесувате доволно витамини.rnrnДиета за детоксикацијаrn

    Започнете го денот со здрав и обилен појадок

    rnОва го слушате постојано, но вистина е. Доколку го пресконете појадокот, вие не го започнувате денот со доволно енергија и подоцна ќе внесувате повеќе храна. Започнете го денот со обилен, но пред сè здрав појадок. Пожелно е да содржи некои од следниве состојки: овесни житарици, млеко, јогурт или други млечни производи, јајца, путер…rn

    Зелена храна

    rnЗеленолисните растенија се здрави и го подобруваат метаболизмот. Вашиот ручек и вечера комбинирајте ги со зелечук. Наместо купечки сок, направете си домашен сок од зеленчук. Еве рецепт за одличен здрав пијалак. Во блендер измешајте неколку зеленчуци (како спанаќ, брокули, морков…), неколку билки и зачини (свеж ѓумбир, магдонос, цимет, морско оревче…), малку овошје за да засладите (може пола јаболко или портокал) и протеини (белка од јајце, јогурт, млеко од соја…).rn

    Кога имате потреба од обилен оброк

    rnКога сте на состанок, деловен ручек или кога едноставно чувствувате потреба за внес на повеќе калории, во ред е вашиот оброк да биде обилен, но само под услов да биде здрав. Обрнете внимание на протеините, како риба или бело пилешко месо, и на зеленчукот.rn

    Внимавајте што грицкате

    rnКога ќе добиете желба за грицки или меѓуоброк, направете си пуканки или консумирајте јаткасти плодови, овошје или сосема малку чоколадо доколку имате голема желба за благо.rn

    Не внесувајте…

    rnДодека трае овој период на детоксикација, од вашата исхрана исфрлете ги рафинираните шеќери, бело брашно, ориз, месни и млечни производи со висока масленост и газираните сокови (без разлика дали се диетални или обични).rnrnДиета за детоксикацијаrn

    Движете се

    rnДури и кога не сте расположени за тешки и долготрајни вежби и џогирање, направете макар кратки вежби и практикувајте ги секој ден. Најдете начин да се движите и пијте многу вода. На овој начин ќе ја регулирате циркулацијата на крвта и ќе ги исфрлите токсините.rn

    Глутенот и не е толку лош

    rnСекако дека треба да го избегнувате, но може да биде корисен доколку е во мали и ограничени количини. Може да ви помогне во детоксикацијата, да го намали холестеролот и да ги регулира гасовите во цревата. Внесувајте го во вид на житарици преку две мали порции дневно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Диета со течности која нема да ве изгладнува

    Диета со течности која нема да ве изгладнува

    Многумина имаат желба да симнат некое килце пред Нова година. Секако, би можеле да изгладнувате со ригорозни диети, или би можеле да консумирате повеќе течности. Ова е диета со течности со која не би морале да гладувате, почесто пијте:

    rn

    Диета со течности која нема да ве изгладнува

    rnrn

    Млеко со пониска масленост

    rnМлекото е одлична напивка за вашето здравје, како и за вашата линија. Содржи многу протеини, па со неговото консумирање ќе се чувствувате сити без да внесувате многу калории. Докажано е дека луѓето кои во просек пијат чаша млеко секој ден, имаат поголема шанса да ослабат отколку оние кои пијат половина чаша.rn

    Вода

    rn

    Две чаши вода пред секој оброк заситуваат, така што би можеле слободно да ја консумирате омилената храна, само што организмот ќе се чувствува сит и ќе изедете помалку. Одлично, нели?

    rnrn

    Какао

    rn

    Едно истражување, неодамна ја откри поврзаноста на какаото со индексот на телесните масти. Секако, со никој од наведените пијалаци не би требало да се претерува, а посебно какаото не треба да го консумирате премногу често.

    rn

    Диета со течности која нема да ве изгладнува

    rnrn

    Зелен чај

    rnЗелениот чај е познат по своите антиоксидантни дејства, го забрзува метаболизмот и помага при согорување калории.rn

    Шејк од јогурт и банана

    rnЈогуртот покрај другите благотворни дејства, често е поврзан со забрзувањето на метаболизмот. Изблендирајте половина чаша јогурт и една банана.rn

    Кафе

    rnУште една предност за консумирање кафе, неговите дејства се одлични кога станува збор за намалување на тежината. Кафето ве заситува и го забрзува метаболизмот. Секако, ви дава и повеќе енергија за да си ги извршувате обврските, а со тоа и да потрошите многу калории. Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно пијат кафе, подолго и подобро ги издржуваат вежбите во теретана.rn

    Топла супа

    rnОброк кој ќе ве загрее и стопли. Истражувањата покажуваат дека топлата супа пред ручекот би го намалила количевството на калории кое ќе го внесете со оброкот. Супата, исто така, е „убиец“ на јаглехидратите.rn

    Сок од зелечнук

    rnВаквите напитоци изобилуваат со растителни влакна и содржат многу калиум – состојки кои се клучно поврзани со контролирањето на тежината.rnrnДиета со течности која нема да ве изгладнуваrn

    Газирана вода

    rnМеурчињата во минералната вода даваат чувство на ситост во стомакот.rn

    Чај од ѓумбир

    rnИзмешајте една четвртина лажица сушен чај во шолја со врела вода. Чајот од ѓумбир делува како регулатор на апетитот.rn

    Млеко со бадеми

    rnУниверзитетот во Барселона, во едно истражување покажа дека луѓето кои пијат бадемово млеко доживуваат пад на чувството на глад. Направете го сами со додавање грст исечкани бадеми во чаша со млеко.rn

    Млечна сурутка

    rnИзмешајте една лажичка во чаша со вода, додадете една четвртина замрзната банана и малку екстракт од ванила или бадем. Млечната сурутка не е пожелна само за билдерите, благодетното дејство е тоа што содржи речиси исто протеини како и месото, само што нема толку масти и јаглехидрати.rn

    Чај од нане

    rnМирисот на нане дејствува како регулатор на ситоста. Нането е билка која помага при варењето, така што храната побрзо поминува низ организмот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 4 причини зошто вашето тело одбива да ослаби

    4 причини зошто вашето тело одбива да ослаби

    Постојано сте на диета, вежбате редовно веќе неколку месеци, но резултатите речиси и да ги нема. Наместо да избрзате со обвинувања на сметка на генетиката, прочитајте кои други причини можат да ве спречуваат да ослабите.rnrn4 причини зошто вашето тело одбива да ослабиrn

    Не се трудите доволно

    rnТренингот мора да биде квалитетен. Ако трошите многу време на трчање или теретана, не значи дека тоа го правите правилно.rnrnИсто така, неопходно е постојано да си поставувате нови цели. Штом една вежба ви стане лесна, не задоволувајте се со тоа. Почнете да кревате потешки тегови или трчајте побрзо или на подолга патека. Постојаниот напредок и квалитет во вежбањето ќе обезбеди и напредок во слабеењето.rn

    Стрес

    rnОрганизмот, едноставно, знае кога имате некој емоционален проблем и ќе го саботира вашето симнување килограми. Стресот многу лошо влијае на слабеењето со тоа што ги задржува мастите во организмот, а посебно оние околу стомакот. Затоа, погрижете се работите и луѓето кои ве прават незадоволни да ги држите што подалеку од себе.rnrn4 причини зошто вашето тело одбива да ослабиrn

    Нетолеранција на одредена храна

    rnМожеби се храните правилно, со разновидна храна, но килограмите и понатаму остануваат. Една од можните причини за тоа е вашата нетолеранција кон одредени намирници. Внесувањето храна која вашиот организам не ја толерира доведува до одредени воспаленија внатре во организмот кои оневозможуваат тренингот да даде резултат. Познат е примерот на Новак Ѓоковиќ кој откако откри дека е нетолерантен на глутен значително ја подобри својата игра по што стана најдобар тенисер во светот. Тестот за толеранција на храна кој го нудат одредени клиники ќе ви покаже која храна ви пречи во слабеењето, доколку воопшто постои таква.rn

    Изложени сте на премногу отрови

    rnОтровите кои се внесуваат преку загадениот воздух, цигарите, лековите, хемиските супстанци кои се користат во козметиката итн., се таложат во масните ќелии во организмот. Доколку нашето тело ги искористи овие масни ќелии како енергија отровите ќе се ослободат и ќе направат хаос. За среќа, организмот е доволно паметен да не ги користи, но така мастите остануваат наталожени на места каде што не ги посакуваме. Решението лежи во ослободување на отровите, по што организмот ќе може слободно да ги согори. Во тоа ќе ви помогне диета за детоксикација со многу течности, а посебно чаеви и какао. Исто така, може да ги земете предвид и третманите за ослободување на токсините.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тенката линија помеѓу диетата и анорексијата

    Тенката линија помеѓу диетата и анорексијата

    Секој од нас барем еднаш во животот поминал низ некаква диета. Но, до каде ќе се движи таа зависи само од начинот на кој се гледаме себеси во огледалото. Желбата да се биде слаб и верувањето дека ниската телесна тежина се изедначува со убавината може да доведе до сериозни проблеми кои во најлош случај завршуваат со смрт. Постои тенка линија помеѓу диетата и анорексијата која никако не смеете да си дозволите да ја поминете.rnrnТенката линија помеѓу диетата и анорексијатаrnrnАнорексија (anorexia nervosa) е нарушување во исхраната и се карактеризира со екстремно ограничување на внесените калории при што личностите и покрај тоа што се премногу слаби се доживуваат како дебели.rn

    Кои се симптомите на анорексија?

    rnАнорексијата честопати се појавува покрај други психолошки состојби како депресија, анксиозности и/или булимија. Нејзините најчести симптоми се:rn

      rn011

    • Екстремно ограничување на внесените калории – јадење помалку калории (во текот на неколку дена) отколку што е потребно за одржување на здрава телесна тежина.
    • rn011

    • Изобличена себе-перцепција и силна желба да се биде слаб.
    • rn011

    • Употреба на лаксативи за да се елиминираат што повеќе калории од диетата.
    • rn011

    • Прекумерено растење тенки влакна на телото, срцева аритмија и онесвестување.
    • rn

    rn

    Што ја предизвикува анорексијата?

    rnСè уште не е познато што точно стои позади анорексијата. Но, постојат неколку фактори кои ја зголемуваат потенцијалноста на одредена личност да ја развие, како:rn

      rn011

    • перфекционисти – анорексијата им овозможува да имаат чувство на целосна контрола на нивните животи и тела.
    • rn011

    • родители кои премногу контролираат
    • rn011

    • учествувањето во спортови каде што е потребна контрола на тежината, како танцот и гимнастиката
    • rn011

    • жените се посклони на анорексија од мажите
    • rn011

    • изложеност на нездрави фотографии од премногу слаби модели, глумци, пејачи…
    • rn011

    • адолесценти – анорексијата е премногу често присутна помеѓу младите девојки кои пробуваат да се прилагодат на промените на телото кои доаѓаат со пубертетот.
    • rn

    rn

    Кој е третманот за анорексија?

    rnБидејќи анорексијата може да биде фатална, првиот чекор во лекувањето е фокусирањето на диетата. Во најлош случај, личностите со премногу ниска телесна тежина добиваат интравенозно течности или цевка за исхрана. Наредниот чекор е терапија, посебно групна терапија која има голем успех при лекување на анорексијата. Доколку не постои желба за терапијата, тие се сместуваат во специјални установи за нивно добро, каде што можат да добијат поддршка и совети од личности кои исто така поминуваат низ тој проблем.

  • Што не смеете да правите додека сте на диета?

    Што не смеете да правите додека сте на диета?

    Не е лесно да се биде на диета. Не постојат ниту магични апчиња кои ќе ви помогнат да изгледате совршено. За тоа е потребен голем напор, но и карактер да се издржи. Меѓутоа, добро е да знаете што не смеете и што е ефикасно, за да стигнете до целта побрзо и полесно. Овие осум работи е препорачливо да не ги правите додека се трудите да спуштите некој килограм.rnrnШто не смеете да правите додека сте на диетаrn

    Прескокнување оброци

    rnОва со сигурност нема да ви помогне при губењето на килограмите. Напротив, прескокнувањето оброци е лошо за вашето тело. Затоа подобро јадете повеќе мали оброци дневно, отколку неколку обилно.rn

    Не исклучувајте ги јаглехидратите

    rnТие се многу потребни за правилно функционирање на мозокот. Хранливите влакна се важни за целокупното здравје на организмот.rnrnШто не смеете да правите додека сте на диетаrn

    Не изгладнувајте се

    rnДоколку се изгладнувате постојано ќе се чувствувате поспано, мрзеливо и анемично. Според многу анализи, гладувањето го ослабува и срцето.rn

    Немојте да вежбате повеќе од еден час

    rnБез оглед на тоа колкава е вашата желба да изгубите што е можно поголем број од килограмите, немојте да се форсирате. Еден час вежбање е сосема доволно, особено ако сте на диета.rn

    Одберете режим за тренирање кој вам ви одговара

    rnИако не треба да тренирате напорно за време на држењето диета, тоа не значи дека треба тотално да ги занемарите физичките активности, бидејќи без нив ќе се чувствувате исцрпено.rnrnШто не смеете да правите додека сте на диетаrn

    Не поставувајте си нереални цели

    rnСекогаш размислувајте реално, кога станува збора за губењето на тежината. Ова е важно за да не се разочарате и да се откажете. Напредувајте постепено и без форсирање.rn

    Немојте да се мерите на вага секој ден

    rnОва сигурно може да ве обесхрабри. Тежината, особено кај жените, може да варира и по неколку пати дневно, особено за време на ПМС или во првите денови од менструалниот циклус.rnrnШто не смеете да правите додека сте на диетаrn

    Не земајте лекови и апчиња за слабеење по нечија препорака

    rnДоколку некој пријател ви раскаже како некој ослабел со помош на апчиња, не залажувајте се веднаш да ги купите. Советувајте се со лекар, бидејќи вашиот организам може да функционира на сосема различен начин и да не ги поднесува тие апчиња.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Здрава и брза диета за слабеење без напор

    Здрава и брза диета за слабеење без напор

    Доколку конечно се решивте да симнете некој килограм, овој режим на исхрана ќе ви биде одличен начин без мачење да стигнете до посакуваната цел. Со оваа диета ќе ги изгубите килограмите на природен и здрав начин, без да гладувате. За разлика од голем број диети, во кои после нивното завршување можат да се појават контра ефекти, оваа диета подразбира балансирање на хранливите материи и одржување на калориите на стандардно ниво. После само 14 дена, резултатите ќе бидат евидентни.rnrnЗдрава и брза диета за слабеење без напорrn

    Пред појадок

    rnПочнете го денот со чаша млака вода во која ќе исцедите еден лимон. Ваквата лимонада ќе го прочисти телото и ќе помогне во разградувањето на мастите.rnrnВо наредниот час и половина испијте уште три чаши вода за да го исчистите телото од токсини. Препорачливо е во текот на денот да се напиете барем 2 литри вода, но не по секоја цена.rn

    Појадок

    rnЗапомнете дека никогаш не треба да го прескокнувате појадокот. Постојат неколку опции за овој оброк.rn

      rn011

    • Варено јајце или кајгана
    • rn011

    • Овес или житарки со млеко
    • rn011

    • Овошје (доколку јадете банана, ограничете се на една)
    • rn

    rnЗдрава и брза диета за слабеење без напорrn

    Ручек

    rnЗа ручекот подгответе си оброк кој содржи многу протеини и искомбинирајте ги со свежа салата. Еве неколку предлози:rn

      rn011

    • Печено или варено пилешко, мисиркино или телешко месо
    • rn011

    • Печена риба или исцедена туна
    • rn011

    • Супа од спанаќ и интегрални тортиљи
    • rn

    rn

    Вечера

    rnВечерата треба да биде најлесниот оброк. Можете да подготвите супа со зеленчук, салата или мала порција тестенини. Исто така можете да подготвите и печен зеленчук со минимална количина маслиново масло или да направите пуканки.rn

    Помеѓу оброците

    rnДоколку огладнете помеѓу оброците, можете да исцедите сок од свежо овошје или да изедете мала количина интегрални грицки.rnrnЗдрава и брза диета за слабеење без напорrn

    Строго забрането

    rn

      rn011

    • Шеќер
    • rn011

    • Сокови во амбалажа кои содржат адитиви
    • rn011

    • Чипсови и закуски
    • rn011

    • Чоколади и слатки од секаков вид
    • rn011

    • Леб
    • rn

    rn

    Препорачливо

    rnПокрај ваквиот вид исхрана, препорачливо е и да спортувате. Каква било активност 3 пати неделно може да ви помогне да се чувствувате уште поудобно во сопственото тело.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.