Ако се сметате себеси за добро образован љубител на уметност, тогаш сигурно верувате дека многу добро ги познавате овие дела. Сте ги гледале во книги, на компјутерските екрани, а некои од нив можеби дури и во живо, во уметничките галерии ширум светот. Токму затоа и решивме да го тестираме вашето познавање на уметноста, како и способноста за забележување детали. Па, ајде, дали ќе успеете да ги забележите деловите кои не припаѓаат на овие ремек-дела?rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Папучите
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn
rn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Ламбата
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Копчињата
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Галебот
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Седлото на црвениот преден коњ
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Гавранот на дрвото
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Шолјата со чај
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Дизајнот на чаршавот
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Чадот од оџакот
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Чашата со вино
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор:” active=”false”]Капата на човекот кој танцува
[/toggle_item]rn[/toggle_box]
Tag: детали
-

Дали можете да ги забележите деталите кои не припаѓаат на овие познати уметнички дела?
-

Татко за своите деца дизајнира неверојатно детални костими од познатите ликови на Дизни
Модниот дизајнер Нефи Гарсија го користи својот талент за да создаде неверојатни костими за своето семејство. Тој ја започнал својата кариера произведувајќи фустани за високата мода, но тој фокус се префрлил кон неговите деца. Мината година, откако фамилијарно го посетиле Дизниленд, неговата 6-годишна ќеркичка Лили го прашала дали може да ѝ направи костум кој ќе може да го носи додека е таму.rnrn
rnrnЗа пригодата, Нефи ѝ направил костим од Добрата вила користејќи разни остатоци од материјали. Како што шетале низ паркот, многу луѓе биле воодушевени од нејзиниот фустан па дури и ѝ побарале автограм.rn„Наредниот ден добив нарачка за повеќе од 10 костими. Сфатив дека модната индустрија повеќе не е за мене“, вели Нефи.
rnСо секој дизајн тој се труди да воведе нешто ново и необично како што е случајот со еден фустан кој содржел и превез што изгледал како да е држен од сини птици кои „летаат“ со секое движење.rnrn
rnrnТака, Нефи ја пронашол својата вистинска кариера и доследно на неговата поранешна работа, за да ги изработи костимите тој користи високо квалитетни материјали, како органска свила, и го практикува истиот менталитет со кој работел и за високата мода. Тој вели дека му се потребни околу 4-6 часа работа за да направи еден костим кој варира од принцези и крзнени животинки до ликовите од „Војна на ѕвездите“.rnrn -

4 пропусти поради кои ќе бидете етикетирани како лоши во кревет
Повеќето мажи се доста самоуверени кога станува збор за нивните техники во креветот и поради тоа честопати занемаруваат некои ситници кои можат добриот секс да го претворат во лошо искуство. Недостатокот на хигиена, занемарувањето на желбите на партнерката и бегството од предиграта се само мал дел од нивните навики кои жените воопшто не ги сакаат.rnrn
rn1. Мајсторот кој знае сѐ
rnОна што жените најчесто го истакнуваат како голема маана кај нивните партнери е фактот дека не слушаат, а истиот проблем се случува и во кревет. Експертите наведуваат дека мажите имаат преголемо его во најголемиот број од случаите, па така и деталите поврзани со интимните односи ги земаат здраво за готово. Како во секојдневните ситуации, така и во креветот преовладува нивното големо „јас“ кое знае сѐ, па секој обид за разговор во врска со деталите за време на сексот завршува со познатата реченица „Јас го знам тоа подобро од неа“.rn
2. Секс без загревање
rnЖените ја обожаваат предиграта! Моментите на галење и опсипување со бакнежи се високо на листата на приоритети кај сите жени кои предиграта ја сметаат за исто толку важна како и самиот љубовен чин. Но, мажите овој податок многу често го занемаруваат. Тие го сакаат тоа брзо и без увертира што на дамите баш и не им е по волја.rn
3. Лоша хигиена
rnМрзеливоста кај мажите честопати се одразува и во креветот каде нивните „опојни“ мириси, кои ги сметаат за доказ за машкоста, на жените воопшто не им се примамливи. Глетката на испотено машко тело е привлечна само оддалеку или на филмови, бидејќи жените во креветот сакаат негувано машко тело со убав мирис.rn
4. Ќути и работи
rnМоментот на молчење за време на жешките игри во креветот со задоволство е практикуван од страна на посилниот пол, но на жените тоа не им се допаѓа. Затоа време е мажите да почнат да ги користат своите длабоки секси гласови и во креветот со истиот жар како кога навиваат на спортски натпревар.
-

5 начини да обрнете внимание на малите нешта дури и кога сте премногу зафатени
Не постои човек кој не сака да биде среќен, но, за жал, секојдневието е исполнето со премногу обврски, при што понекогаш се заборава како изгледа уживањето во животот. Еден од најдобрите начини да се биде среќен е да се ужива во моментот. Затоа обрнете внимание на деталите и ќе откриете дека дури и најмалите нешта кријат многу убавини. Погледнете неколку предлози коишто ќе ви овозможат уживање во животот дури и во моментите кога сте премногу зафатени.rnrn
rn1. Уживајте во храната
rnНе дозволувајте храната да биде само уште една обврска на вашата дневна листа. Наместо тоа, одвојте доволно време и уживајте во вашиот оброк.rn
2. Извадете ги слушалките
rnДали и вие спаѓате во повеќето луѓе коишто ги користат слушалките сè додека не стигнат до посакуваната дестинација? Ако е така, тогаш вие пропуштате многу. Можеби по патот ќе слушнете нечие смеење или пак ќе забележите како некој го шета своето милениче, па на тој начин ќе се потсетите на вашите убави моменти. Не дозволувајте да ги избегнете овие мали радосни работи.rn
3. Понекогаш бидете мрзливи
rnПостојат обврски коишто не може да бидат одложени, како на пример работните обврски, оние поврзани со семејството и слично. Но, постојат и обврски чиешто времетраење можете да го скратите. На пример, понекогаш дозволете си да го скратите времето за подготвување вечера, па тие слободни минути искористете ги за медитирање или за нешто друго што ве исполнува.rnrn
rn4. Забавете
rnЗабавете, бидејќи само така ќе можете да ги забележите малите нешта коишто се случуваат во текот на денот. Верувајте, ова ќе направи да бидете повеќе продуктивни и мотивирани за извршување на дневните обврски.rn
5. Слушајте
rnСекојдневно поминувате многу време во разговор, без разлика дали сте на состанок, разговарате со вашите пријатели или семејство. Но, дали навистина слушате? Не дозволувајте во вакви моменти да ви лебдат мислите. Фокусирајте се на моментот и слушајте, тоа ќе ве направи подобар пријател.
-

10 мали работи што тој секогаш ги забележува кај вас
Општото мислење е дека мажите немаат око за детали и вообичаено од нив не се очекува да забележат дека сте ја промениле фризурата, дека сте купиле нови фармерки или дека сте биле на маникир. Да, точно е дека не разликуваат сина боја од тиркизна, меѓутоа верувале или не тие сепак забележуваат некои мали работи кај вас.rnrn
rn1. Кога многу ќе ја скратите косата
rnМажите можеби навистина нема да забележат дека сте биле на фризер и сте ја скратиле косата еден сантиметар, но дефинитивно ќе забележат ако се работи за подрастична промена. Ако косата ви била долга, а сега ви е кратка или одеднаш станала виткана и зелена, сигурно дека тоа ќе им падне во очи.rn
2. Кога се преправате дека сè уште спиете и божем случајно му се втурнувате во прегратка
rnЗошто да се преправате? И мажите сакаат малку гушкање рано наутро.rn
3. Начинот на кој се смешкате кога се преправате дека сте изнервирани
rnПартнерот ви кажал некоја крајно безобразна и шовинистичка шега која ви била смешна, но сепак сакате да го зачувате своето женско достоинство, па глумите лути и изнервирани. Едноставно признајте дека ви било смешно, никој нема да ви замери.rn
4. Кога не носите градник
rnНе мора ни да видат дека не носите градник, едноставно чувствуваат дека е така. Како да имаат шесто сетило.rn
5. Начинот на кој го гледате кога мислите дека направил нешто многу слатко
rnНе е тоа само поглед со кој му го одобрувате она што го прави. Со тој поглед сакате да му кажете и „еве зошто толку те сакам“. Мажите го обожаваат овој поглед кој кажува сè.rnrn
rn6. Кога ќе купите нова долна облека
rnМожеби не го знае секое парче облека што го поседувате, но бидете сигурни дека многу добро ја знае вашата долна облека. Посебен печат во меморијата му оставаат оние градници кои страшно тешко се откопчуваат.rn
7. Кога ќе се сетите на ситниците кои ги споделил со вас
rnМажите обожаваат кога обрнувате внимание на случките што ви ги раскажува. Ним многу им значи фактот што го памтите нивниот омилен филм или тоа што точно знаете кога и како ја добиле незабележливата лузна на коленото.rn
8. Кога ќе почувствувате дека имале лош ден
rnМажите најмногу од сè сакаат кога ќе почувствувате дека имале лош ден и ќе разберете дека не сакаат да разговараат за тоа. Ова е знак за добра врска, особено ако не пробате да ги исмејувате и едноставно прифатите дека се вознемирени. Во овој момент тие не сакаат да ги решаваат нивните животни дилеми и стравови, туку едноставно сакаат да ги насмеете и развеселите.rn
9. Кога отворено ќе им кажете што ви пречи
rnМажите не сакаат да мораат да ви ги читаат мислите секој ден и да ве гледаат како се муртите без да имаат поим зошто е тоа така. Тие се секогаш многу директни и затоа пробајте и вие отворено да разговарате со нив и да ги искажете вашите чувства. Ќе се изненадите од тоа колку добро ќе ве разберат.rn
10. Начинот на кој вашата рака секогаш ја наоѓа нивната кога се шетате
rnИ начинот на кој дланките толку добро се вклопуваат во една нераскинлива целина…
-

30 перфекционисти на работното место
Премногу перфекционизам на работното место може да делува претерано организирано, но точната количина од него може да биде совршена. Особено ако станува збор за детално, прецизно и симетрично наредени производи во супер маркет што ќе ве натера да се запрашате дали пазарите или се наоѓате во некоја уметничка галерија.rnrn
rnrnВо продолжение погледнете ги 30-те најдобри примери на перфекционизам на работното место од вработените кои сигурно заслужуваат покачување на платата!rnrn -

8 детали кои за нас кажуваат многу повеќе одошто сме свесни
Понекогаш, малите нешта кои ги правиме и кои ги сметаме за секојдневни говорат многу повеќе за нас како личност отколку што можеме да замислиме. Можеби вие никогаш не би помислиле дека вашата омилена боја или начинот на кои правите селфи може да каже нешто повеќе за вас, но одредени истражувања сепак потврдуваат дека тоа е можно.rnrn
rnrnНавистина постојат неколку ситници кои можат да потврдат дали сме невротични, отворени или можеби имаме проблеми со контролата. Овие 8 начини на кои го привлекуваме вниманието на другите се извлечени од неодамнешни истражувања кои го покажале нивното влијание врз луѓето. Погледнете за што точно станува збор…rnЧистотата и уредноста на вашиот дом
rnСпоред една неодамнешна британска студија, на луѓето им е потребно само 26 секунди да добијат впечаток за вас врз основа на начинот на кој изгледа вашиот дом. Наводно, овие луѓе најпрво судат според миризбата, што значи дека домот кој пријатно мириса може да биде еден од факторите за позитивен впечаток. Второто нешто кое го забележуваат е колку вашиот простор е натрупан со објекти. Нема да им треба многу време да ги забележат расфрланите чевли и капути во ходникот, како и купчето неиспрани алишта.rn
Начинот на кои правите селфи
rnИстражувањата ни покажуваат дека многу луѓе донесуваат заклучоци за вашата личност според начинот на кој правите селфи фотографии. Вистината е дека овие претпоставки не се секогаш точно, но луѓето на вашите фотографии забележат позитивни емоции и насмеан лик, ќе стекнат и позитивно мислење за вас.rn
Музиката која ја слушате
rnЕдно истражување од 2003 година ни покажало дека оние кои слушаат комплексна музика се многу поотворени за нови искуства и се политички послободни од останатите. Од друга страна, оние кои слушаат музика која е повеќе конвенционална, често се позатворени и спортски типови.rn
Омилената боја
rnПостои една интересна теорија која тврди дека вашата омилена боја говори многу за вашата личност. На пример, ако станува збор за црвената, според оваа теорија вие барате некаков вид физичко задоволство и исполнување, а ако е жолта, вам ви е многу важна логиката и индивидуалноста. Според една друга теорија, оние кои преферираат црвена боја се поодлучни и поцврсти, додека пак оние кои сакаат жолта, уживаат во учењето и лесно наоѓаат среќа.rn
Дали повеќе сакате мачки или кучиња?
rnЕдна студија покажала дека оние кои повеќе сакаат кучиња се многу поенергични и посоцијални. Од друга страна, оние кои преферираат мачки, најчесто се позатворени и почувствителни.rn
Начинот на кои изгледаат вашите чевли
rnСостојбата на вашите обувки исто така може да открие нешто повеќе за вас. Според една теорија, оние кои се несигурни во себе за време на разговорите, стоењето или одењето, најчесто се навалени кон напред. Оние кои со својата тежина се потпираат кон предните делови на стапалата, би можело да се сфатат како личности кои се подготвени за бегство. Оние кои се посигурни во себе, се навалуваат кон назад. Со текот на времето, начинот на кои стоите се одразува и на вашите чевли.rn
Начинот на кои се однесувате кон животните
rnПристапот и однесувањето кон животните може многу да кажува за нечија личност. Доколку тој или таа сакаат да зборуваат за животни или им помаат на животните во неволја, тоа значи и дека станува збор за луѓе кои се отворени и пријателски настроени.rn
Потребното време за поставување прашања
rnАко некој не каже премногу нешта за себе во текот на разговорот со вас, тоа не значи дека вие не знаете ништо за него/неа. Кога ќе се запознаете со одредена личност, погледнете колку време му/ѝ е потребно за да ви возврати со прашање. Вие би се изненадиле колку тоа говори за фактот дали некој е повеќе склон кон давање или земање. На тој начин можете да направите разлика помеѓу оние на кои им се допаѓате и оние кои ве гледаат само како начин да добијат нешто од вас.
-

Подобрете ги фотографиите од вашите патувања: 5 начини да создадете подобри спомени
Денес, во ерата на социјалните медиуми, тешко е да најдете некој кој не ги споделува своите фотографии од патувањата. Не сите се сликаат секојдневно и поставуваат фотографии онлајн, но скоро сите ги редат своите фотографии од местата каде што биле. Затоа, следниот пат кога ќе заминувате на патување, имајте ги на ум овие 5 совети за да ги подобрите вашите фотографии од патувањето, без разлика дали ќе сликате со нов DSLR фотоапарат или со телефон.rnrn
rn1. Имајте уникатен пристап кон фотографирањето
rnВо ерата на Инстаграм, лесно е да погледнете 100 луѓе кои отишле во истиот град или местото на кое и вие сте тргнале и да се чувствувате како да има „фотографии кои мора да се направат“. Наш совет? Заборавете на сето тоа. Најдоброто нешто што можете да го направите додека патувате е да заборавите на тоа што другите го направиле и да се фокусирате на вашето лично искуство. Затоа, кога фотографирате од вашата уникатна перспектива, вие всушност се тренирате да ги гледате работите поинаку.rnrn
rnrnЕдноставните нешта како фотографирање од ниско гледиште, уникатен агол или фотографирање на изолирани субјекти можат да направат голема разлика во вашата фотографија т.е. да ја подобрат. Запомнете – сакате да го уловите она што сте го виделе и она што вам ви се допаднало, а не на некој друг. Не дозволувајте фотографиите на социјалните медиуми да ви создаваат рамка и правила според кои треба да фотографите.rn2. Уловете ги деталите
rnСекое место има единствени карактеристики по кои се двои од останатите. Малите нешта како знаци на странски јазик или производ кој никогаш претходно не сте го виделе можат да им дадат неодолив шарм на вашите фотографии. Има нешто убаво во уникатноста на новите места, а ако сакате да направите совршена фотографија тогаш пронајдете ги овие разлики.rnrn
rnrnКога патувате, внимавајте на она што се издвојува од околината. Не само што тоа ќе ви помогне да ја забележите убавината и уникатноста на новото место, туку и ќе ве натера да ги цените ситните детали кои вообичаено би ги пропуштиле. За да бидете посвесни за нив, почнете да барате типични бои, дезени и дизајнерски елементи. Звучи многу едноставно, но тоа може многу да ви открие за местото кое го посетувате.rn3. Намалете го притисокот
rnЕдна грешка која скоро сите ја прават е вршењето притисок врз себеси да направат слики од апсолутно сѐ за да имаат 1.000 неверојатни фотографии кои ќе можат истата секунда да ги објават на интернет. Ова ќе ве умори од фотографирање, ќе се вратите дома со илјадници слики кои дури и нема да ви се допаѓаат, ќе потрошите премногу скапоцено време зад објективот наместо да го истражувате местото и сл.rnrn
rnrnНемојте да мислите дека мора да сликате апсолутно сѐ или да го носите вашиот фотоапарат насекаде со вас. Одвојте време за едноставно да уживате и да се препуштите на моментот. На тој начин, поголема е веројатноста да создадете фотографии кои ви се допаѓаат само затоа што нема да се чувствувате обврзано да сликате „на слепо“. Ако патувате со фотоапарат и плус ја користите камерата на телефонот, (знаеме колку тежи DSLR апаратот) понекогаш оставете го апаратот во хотелот и понесете го само телефонот. Ќе се изненадите колку повеќе ќе уживате и колку повеќе ќе искусите.rn4. Имајте познавања за фотоапаратот и основите на фотографијата
rnЗвучи очигледно, но додека трае возбудата поради патувањето, многу од нас ја надградуваат опремата за фотографирање баш пред големото патување. Една од најлошите грешки кои можете да ги направите е да не одвоите време да го научите вашиот апарат пред да тргнете. Одвојте неколку часа за да ги разгледате можностите на апаратот.rnrn
rnrnДури и обичните апарати и камерата на паметниот телефон имаат опции како отвореност на блендата и сл. Проучувањето на овие алатки можат да ви го подобрат целокупното искуство. Ако фотографирате со вашиот телефон, селектирајте неколку техники за уредување или филтри уште пред да тргнете. Олеснете си ги нештата колку што можете повеќе така што ќе планирате однапред – последното нешто што би го сакале е да го трошите скапоценото време за да бирате филтри или да барате каде се вметнува мемориската картичка.rn5. Мислете на целокупната приказна
rnМожеби ви се има случено – отворате списание за патувања, гледате одличен едиторијал од некоја прекрасна дестинација и си помислувате „Зошто моите слики не изгледаат вака?“ Она што ги одвојува овие слики од останатите меѓу другото е и тоа што тие раскажуваат приказна за местото. Честопати ќе видите фотографии од типична храна за некој регион, пејзажи од природата, фотографии од локалните жители, детали од хотелот и сл. Вака, читателите можат да ја доживеат целосната приказна.rnrn
rnrnКористете го овој концепт за вашите слики следниот пат кога ќе патувате за да бидете целосно задоволни од вашите фотографии. Едноставните нешта како фотографирање на бирото во хотелот или некои незначајни графити на ѕид во центарот на градот можат да ги претворат вашите слики од обични во прекрасна кохерентна приказна. -

Ѕирнете во фракталниот универзум на деталите од Силвија Кореда!
Фракталната уметност е вид дигитална уметност која се смета за нова во уметничкиот свет. Фракталните објекти не се ниту нацртани ниту насликани со рака, туку се создадени со помош на софтвер кој се базира врз математички пресметки за визуелно прикажување на објектите.rnrn
rnrnФракталите се геометриски објекти чија фрактална димензија е многу поголема од тополошката димензија. Со други зборови, фракталите се објекти кои даваат исто ниво на детали без разлика на резолуцијата која ја користиме. Значи, можете да ги зголемувате бесконечно многу, а при секое ново зголемување ќе видите некој детаљ кој претходно не бил видлив, при што количината на новите детали ќе остане скоро иста.rnrn
rnrnСилвија Кореда од Италија се запознала со фракталната уметност во јануари, 2012 година, но веќе го восхити светот со својата прекрасна работа. Нејзината 3Д апстрактна уметност, честопати насочена кон цвеќињата, изгледа како некој магичен свет.rnrn -

Дом од соништата со прекрасен поглед на океан
Некој спомна рај на земјата? Што велите за прекрасен дом со кралски амбиент и поглед кон океан кој го одзема здивот? Оваа вила има сè што ви е потребно за кралско уживање, од раскошна трпезарија и елегантно декориран камин до голема тераса за пријатни пладневни дремки под топлото сонце.rnrn
rnrnЦелокупниот дизајн го прави ова место луксузно а сепак пријатно, а малите детали ја надополнуваат целата слика креирајќи вистински дом од соништата кој пружа одмор, релаксација и уживање од изгрејсонце до зајдисонце.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.




































































