Расположени сте за едноставен визуелен тест што може да ви помогне да ја тестирате вашата способност за забележување детали? Оваа слика била направена од страна на Насир Кан и брзо го освои целиот Интернет, оставајќи многумина со поткренати веѓи. Мислите дека сте подобри од останатите? Пробајте да ги најдете трите бубамари и трите бебешки лица што се кријат меѓу зрната кафе. Имате само 15 секунди!rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Не успеавте? Погледнете го решението тука!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn rnrn[message_box title=”Бонус тест” color=”yellow”]Сакате уште една мозочна вежба? Постои само еден начин да се реши оваа логичка задача! За да го откриете решението, кликнете на сликата!rnrn
[/message_box]
Tag: детали
-

Само мал број ќе успеат: Можете да ги најдете бубамарите и бебешките лица меѓу зрната кафе?
-

Тест кој ќе ви покаже колку внимание им обрнувате на деталите
Кога имаме премногу работа, често паничиме и се обидуваме да направиме повеќе работи во исто време. На крај ништо не работи и остануваме збунети. Во овие ситуации способноста да се премине од една задача на друга не е толку важна како способноста за концентрација. Со оваа вежба ќе можете да ја развиете оваа вештина. Погледнете ја фотографијата од замокот и обидете се да најдете 10 предмети кои не припаѓаат таму. Имате 1 минута.rnrn
rnrnАко имате проблем, овие насоки ќе ви помогнат:rnrn1. Друго име за главаrnrn2. Ве штити од студено времеrnrn3. Ноќен ловецrnrn4. Спортска опремаrnrn5. Дава млекоrnrn6. Го користи дрвосечачrnrn7. Животно од кинеската астрологија, 2018rnrn8. Има гриваrnrn9. Влекач со долго тело, може да биде отровенrnrn10. Каубојците го имаатrnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Мислите дека ги пронајдовте сите предмети? Проверете тука!” active=”false”]rnrn
rnrn1. Черепrnrn2. Чадорrnrn3. Бувrnrn4. Топкаrnrn5. Козаrnrn6. Секираrnrn7. Кучеrnrn8. Лавrnrn9. Змијаrnrn10. Пиштол[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnОткријте и колку е добра вашата логика. -

Задача само за луѓето кои забележуваат детали: Можете ли да ги најдете сите грешки на сликата?
Сакате да се почувствувате како вистински детективи? Внимателно погледнете ја сликата и обидете се да видите дали сѐ е како што треба. Иако на прв поглед можеби сѐ ви изгледа нормално, на сликата има дури 25 грешки. Нема да ви биде лесно да ги најдете, па затоа влезете во улогата на Шерлок Холмс и разоткријте ја мистеријата.rnrn
rnrnСовет: Обрнете внимание на логиката на нештата што се случуваат на сликата. Има многу детали што не би можеле да постојат во реалноста (на пример, погледнете го полето!). Уживајте во потрагата! Доколку решите да се откажете од предизвикот, погледнете ги одговорите, но ние ве охрабруваме да дадете сѐ од себе!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговори” active=”false”]rnrn
rnrn1. Ветрот истовремено дува во спротивни насоки: Чадот се движи надесно, додека гранките се движат налево.rnrn2. Годишното време не е одредено: Некои дрвја немаат лисја, додека други имаат.rnrn3. Полињата се посеани и ожнеани истовремено.rnrn4. Коњот оди во во насока на веќе изораниот дел од полето.rnrn5. Нема човек што го држи ралото.rnrn6. Само дрвја растат на полето.rnrn7. Највисокиот бор има гранка од друго дрво.rnrn8. Сончевата светлина оди во различни насоки: Сенките на човекот и кучето паѓаат на различни страни.rnrn9. Портата има брановидна, а не правилна сенка.rnrn10. Портата има 5 хоризонтални редови, но на сенката има само 4.rnrn11. На портата нема желевце, ниту каква било направа за да се отвори.rnrn12. Грмушките растат точно на оградата.rnrn13. Куќата нема врата.rnrn14. Завесите се надвор од прозорците.rnrn15. Човекот е преголем во споредба со куќата.rnrn16. Кучето е преголемо во споредба со овците.rnrn17. На една овца ѝ недостасува нога.rnrn18. Една овца има црна опашка што личи на кучешка.rnrn19. Овците премногу брзо се намалуваат според дадената перспектива.rnrn20. Некои предмети немаат сенка.rnrn21. Дворот има ограда само од едната страна.rnrn22. Езерото е поставено повисоко од хоризонтот.rnrn23. Количката со сено е многу повисока од човекот.rnrn24. На рачната количка во предниот план ѝ недостасува едно тркало и рачка (ако е скршена, зошто би стоела на средина во шталата каде што се чува сеното?)rnrn25. Оџакот на покривот е направен од истиот материјал како и покривот.rnrn[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку ви се допадна овој предизвик, погледнете ги и следниве 7 мистериозни загатки што само вистинските детективи ќе можат да ги решат. -

Само за генијалци: Можете ли да забележите што е погрешно кај следниве 10 фотографии?
Колкава е вашата моќ за забележување детали? Понекогаш најочигледните работи се најневидливи за човечкото око. Можете ли да забележите што е погрешно кај следниве 10 фотографии? Станува збор за ситни детали кои сигурно нема да ви паднат во око на прв поглед. Погледнете ги сликите, најдете ги нивните неправилности и дознајте дали сте генијалци…rn
1. На плажа
rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Столчето нема шипка за да го држи наслонот. [/toggle_item]rn[/toggle_box]rn2. Венеција
rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Гондолите немаат едра.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn3. Велосипед
rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Педалите не се поставени како што треба. Едната мора да биде повисоко поставена од другата. [/toggle_item]rn[/toggle_box]rn4. Ножици
rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Погледнете ги ножиците во горниот лев агол. Рачките се споени, но сечилата не се. [/toggle_item]rn[/toggle_box]rn5. Вежбање
rn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Девојките немаат папоци.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnПродолжете на следната страница за останатите фотографии…rnrn -

Декоративни детали што секоја тренди девојка ги има во својата соба
Девојката не е модерна и во тренд само ако знае убаво да се облече и да ги одбере совршените аксесоари. Тука е вклучен целиот нејзин начин на живеење, односно стилот на живеење во тренд. Тоа значи дека и нејзиното однесување, како и нејзиниот дом и сето она што ја опкружува всушност е во чекор со времето! Па, доколку сакате да станете таква тренди девојка, најпрво треба да почнете од вашата околина, па затоа денес за вас издвоивме неколку детали кои најмодерните девојки ги имаат во своите домови и со кои го разубавуваат ентериерот онаму каде што живеат.rnrn1. Кај овие девојки собите се секогаш фино уредени, сѐ е убаво наместено и на своето место, без неред и некаков хаос. Меѓутоа, она што секогаш ќе се забележи во нивните простории, најчесто на креветот или на софата е меко, убаво ќебе кое е фрлено преку еден дел, така што дава еден навистина луксузен изглед.rnrn
rnrn2. Не само убавото, меко ќебе, туку и перниците со различни големини и дезени кои го украсуваат не само креветот, туку и целата просторија. Иако мали, тие функционираат како совршени детали кои кога ќе се наредат едни до други, даваат префинетост на целата просторија.rnrn
rnrn3. Еден детаљ е скоро секогаш присутен на нивните ноќни масички, комоди или масички за шминкање, а тоа се стаклените послужавници. Да, но на нив не стојат чаши за вода, туку вазни со цвеќе, декоративни свеќи и некои други, занимливи предмети кои се туку за да го разубават целиот простор.rnrn
rnrn4. Освен послужавникот, во модерно уредената просторија често се наоѓаат и некои „старомодни“ детали или парчиња мебел. Тоа може да биде некој стол, фотелја, некоја масичка или нешто сосема друго, но кое во целата таа современа концепција ќе создава одличен и доста убав контраст.rnrn
rnrnПреминете на следната страница за останатите декоративни идеи на модерните девојки…rn -

Само луѓето кои обрнуваат внимание на детали ќе забележат што е погрешно кај следниве илустрации
Доколку ви е здодеано од математичките и логичките загатки, а сепак сакате да направите кратка мозочна вежба, ова е идеалниот тест за вас. Следниве илустрации ќе ги тестираат вашите опсервациски вештини. Сѐ што треба да направите е да се сконцентрирате и да се обидете да ја пронајдете грешката во овие 10 илустрации. Со среќа!rn
1. Работна маса
rn
rn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”] Јуни има само 30 дена
[/toggle_item][/toggle_box]rn
2. Соблекувална
rn
rn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”]Погрешна рефлексија на рацете
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
3. Часовник
rn
rn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”] Броевите IX и XI си ги замениле местата
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
4. Грозје
rn
rn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”] Не постои грозје со листови на папрат
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rn
5. Деца на прошетка
rn
rn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Одговор” active=”false”] Девојчето би паднало ако јажето е заврзано на овој начин
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnПродолжете на следната страница за останатите 5 илустрации…rnrn
-

Колку сте добри во забележување детали?
Постојат луѓе со очи соколови, на кои едноставно ништо не може да им избега. Тие за само неколку секунди можат да скенираат цела соба, додека останатите не ја забележале ни бојата на вратата низ која влегле. Дури и да немате амбиции да го надминете Шерлок во своите способности за забележување детали, сепак учењето како да обрнете внимание на навидум незначајни нешта може да ви биде од голема помош во секојдневниот живот. Токму затоа и ги издвоивме овие слики, каде што целта е да се најде што е различно во двете навидум идентични примероци. Со среќа!rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Подготвен/а сум за решението!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Подготвен/а сум за решението!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box]
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Подготвен/а сум за решението!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box]
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Подготвен/а сум за решението!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box]
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Подготвен/а сум за решението!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box]
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Подготвен/а сум за решението!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box]
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Подготвен/а сум за решението!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box]
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Подготвен/а сум за решението!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box]
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Подготвен/а сум за решението!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box]
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Подготвен/а сум за решението!” active=”false”]
[/toggle_item]rn[/toggle_box] -

7 работи кои секоја двојка со добар стил ги има во својот дом
Дали обожавате кога ќе влезете во нечиј дом и ќе почувствувате дека тој простор изобилува со некоја посебна, топла атмосфера и едноставно, како да има душа? Ова искуство ве натерало да почнете да размислувате како и вашиот дом да го „украсите“ и средите на сличен начин. Без разлика дали станува збор за стар или нов дом, постојат неколку детали кои ќе го разубават и кои ќе му всадат живот. Доколку размислувате за уредување на вашиот дом, а плус на ова ја сакате модата, тогаш во согласност со тоа интересирање набавете неколку ситници кои ќе му дадат личен печат, но и неодолив модерен изглед.rnrn
rn1. Впечатлива подна ламба
rnБез разлика на тоа дали вашиот дом по површина е голем или мал, сигурно постои некој ќош кој можете да го украсите со голема, впечатлива подна ламба. На пример, ламбата можете да ја сместите во близина на креветот, како би можеле да читате навечер, но и за да создадете пријатна атмосфера. па дури и романтична. Кога просторијата е осветлена на овој начин, таа автоматски изгледа поубаво и дава впечаток на удобност и пријатност.rnrn
rn2. Комплет перничиња
rnКога сме веќе кај креветот, освен ламбата која ќе овозможи дискретно осветлување, можете да декорирате со симпатични перничиња кои ќе имаат некоја приказна. Не мораат да бидат идентични, но може да бидат со усогласени бои или дезени за да не изгледаат пренатрупано или премногу шарено. Повторно, сѐ зависи од уредувањето на остатокот од домот, како и од тоа каква атмосфера сакате да создадете. Секако, ова е еден личен печат во вашиот дом и симбол на удобност и опуштање.rnrn
rn3. Слики, слики, слики
rnНајдобриот начин за да ги украсите вашите ѕидови, особено оние кои се потполно бели, се сликите. Изберете слики во силни и впечатливи бои или пак црно-бели, во зависност од атмосферата од остатокот на просторијата. Доколку ја украсувате спалната соба, изберете слика од некој убав предел (природа или омилениот град), а доколку ја украсувате кујната или трпезаријата, пронајдете слика која ќе одговара на таа „тема“. Секако, доколку не сакате слики, уредете го вашиот дом со фотографии кои ќе ги ставите во интересни рамки.rnrn
rn4. Зеленило
rnАко ве мачи уште еден празен простор, а ламбата веќе сте ја обезбедиле, тогаш освежете го овој дел од домот со некоја билка. Нека тоа биде некоја собна, зелена билка, која ќе ја засадите во некоја интересна саксија. Одличен начин да ја освежите просторијата, а не знаете како да се грижите за билките, е кактусот. Лесно се одржува, а изгледа толку убаво.rnrn
rn5. Свеќи
rnАко вака убаво сте го уредиле вашиот дом, зошто не би додале уште една преубава нота, мирис? Заборавете на класичните освежувачи на воздухот, а наместо нив изберете декоративни, но миризливи свеќи и уживајте во вашето „гнездо“ со сите сетила.rnrn
rn6. Големо огледало
rnКоја девојка не сака огледала? Но, доколку сакате посебен печат, изберете што е можно поголемо огледало, со раскошна, уметничка рамка и ќе добиете совршен украс која секоја ваша другарка ќе го обожава. Но и вие, бидејќи има ли подобра селфи фотографија од онаа во огледалото?rnrn
rn7. Полица со книги
rnДобро, можеби не сакате да читате, но мора да признаете дека едноставната полица со разнобојни книги изгледа доста модерно. Сепак, доколку навистина не сакате да читате и не сакате да дојдете во ситуација кога некој од вашите гости ќе ве праша за некоја книга за која немате поим, своите полици исполнете ги со плочи, музички албуми, филмови, нешто што сакате и кое е ваше хоби. Секако, и автентичниот сувенири од патувањата доаѓаат предвид. Покажете ја вашата страст!rnrn

-

14 детали од Дизни цртаните што сигурно не сте ги забележале досега
Сите ги имаме изгледано Дизни цртаните по 100 пати кога сме биле деца, а можеби и сега ви се случува да си ги пуштите понекогаш. Ако мислите дека ги знаете на памет репликите и сите детали, размислете уште еднаш! Следниве 14 ситници сигурно ги немате забележано! Прочитајте за што станува збор и изгледајте си ги цртаните уште еднаш викендов за да се уверите и самите…rn
1. Од сите Дизни принцези, само Рапанзел има зелени очи
rn
rnrnПовеќето Дизни принцези имаат сини или кафеави очи. Единствено Рапанзел била нацртана со светло зелени очи.rn2. Ѕверот од „Убавицата и ѕверот“ поседува карактеристики на седум различни животни
rn
rnrnАниматорите долго време работеле на цртежот за Ѕверот. На крајот, решиле да му дадат физички карактеристики од 6 различни животни, со тоа што неговите сини очи се оние на принцот во кого се претвора.rn3. Ариел од „Малата сирена“ била инспирирана од актерката Алиша Милано
rn
rnrnКако прототип за главниот лик од „Малата сирена“ послужила Алиша Милано која тогаш имала 11 години, а станала светски позната по нејзината улога како Фиби во ТВ серијалот „Волшебнички“ (Charmed). Освен тоа, Ариел не го добила само физичкиот изглед на Алиша, туку и некои од нејзините карактерни особини.rn4. Ијор и Оптимус Прајм од „Трансформери“ зборуваат со истиот глас
rn
rnrnПитер Кален го позајмил гласот за Ијор, магарето од „Вини Пу“ и за Оптимус Прајм, роботот од блокбастерот „Трансформери“.rn5. Мршојадците од „Книга за џунглата“ биле инспирирани од Битлси
rn
rnrnМенаџерот на легендарниот квартет ги договорил членовите од Битлси да го позајмуваат гласот за овие ликови од „Книга за џунглата“, но Џон Ленон решително одбил во името на целиот бенд. Меѓутоа, мршојадците сепак го добиле изгледот на светски познатите музичари од Ливерпул.rn6. Симба од „Кралот лав“ не рика како лав
rn
rnrnНаместо крик на лав, Симба добил крик на тигар, бидејќи гласот на лавот бил премногу тивок.rn7. Можете да го видите Ханс од „Замрзнато“ (Frozen) во „Големиот херој 6“ (Big Hero 6)
rn
rnrnСе сеќавате на шармантниот злобен принц од „Замрзнато“? Креаторите на „Големиот херој 6“ решиле да се пошегуваат со него и ја ставиле неговата фотографија на таблата со барани криминалци во полициската станица.rnrnПродолжете на следната страница за да ги откриете и останатите детали што сте ги пропуштиле во Дизни цртаните филмови…rnrn -

Измерете ги вашите раце и дознајте важни карактеристики за себе
Раширете ги прстите и потоа со помош на средниот прст и палецот, измерете ја својата подлактница, како што е прикажано на оваа слика, па погледнете што открива за вас должината на рацете.rnrn
rnЛуѓето со мали раце се склони кон поголеми ризици
rnАко имате помали раце, тоа значи дека сте авантуристи, но исто така и великодушни личности. Што се однесува до односите со другите, вие сте драматични и експлозивни.rn
Малите раце исто така се одраз и на прагматичност
rnВие се водите според логиката, а проблемите ги решавате веднаш, без да ги одложувате.rn
Ако имате големи раце, тоа значи дека сте перфекционист
rnВие се фокусирате и на најситните детали, па поради тоа понекогаш сте бавни во извршувањето на задачите, но кога ќе ги завршите, никој не може да ви најде маана. Токму поради ова вашите шефови ве обожаваат!rn
Луѓето со големи раце се и чувствителни
rnВие често претерувате со своите реакции, но барем сте свесни за оваа своја карактеристика и се обидувате да ја подобрите. Се грижите за своите блиски и честопати нивните потреби ги ставате пред своите.rn
И дланките исто така се важни
rnАко дланката ви е четвртеста, вие сте одлични во работите кои бараат пресметки, свртени сте кон логиката и не верувате во интуиција.rnrnАко дланката ви е повеќе издолжена, во облик на правоаголник, тоа значи дека вие сте премногу чувствителни, но и личности со голем авантуристички дух.rnrnАко имате долги прсти, тоа значи дека сте многу љубопитни и создадени за лидерска улога.