КАФЕ ПАУЗА

Tag: десерт

  • Чоколаден тост со путер од кикирики

    Чоколаден тост со путер од кикирики

    За појадок, вечера или ужина, овој чоколаден тост ќе ви покаже дека комбинацијата од чоколаден крем и путер од кикирики е совршена, а бананата само ќе го надополни ефектот. Направете го кога сте во брзање, кога не знаете што благо да јадете или кога не можете да му најдете соодветна примена на путерот од кикирики. Верувајте, ова е тост кој нема да го направите само еднаш.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 2 парчиња леб
    • rn011

    • 2 големи лажици путер од кикирики
    • rn011

    • пола банана
    • rn011

    • 60 г чоколадо за готвење
    • rn011

    • 1 лажица стопен путер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnДвете парчиња леб намачкајте ги со путер од кикирики.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирикиrnrnПоловина од чоколадото за готвење грубо исечете го со нож, а другата половина ситно изрендајте ја. Исечете ја бананата ја на 4 тркалца кои ќе ги распоредите врз едното парче леб. Врз бананата, ставете го грубо исецканото чоколадо, а останатите рендани трошки распоредете ги подеднакво на двете лепчиња.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирикиrnrnПреклопете ги парчињата леб внимателно. Горното парче намачкајте го со растопениот путер и ставете го на тостер или на тефлонско тавче (за палачинки) ако немате тостер. Почекајте чоколадото да почне да се топи. Потоа превтрете го тостот на другата страна и намачкајте го другото парче леб со путер. Кога тостот ќе добие убава златна боја, исечете го на два тријаголници.rnrnЧоколаден тост со путер од кикирики
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадна крем-пена за 5 минути

    Чоколадна крем-пена за 5 минути

    Ви се јаде нешто благо, а не сакате да експериментирате со торти и колачи? Сè што ви треба се чоколадо, вода и 5 минути слободно време. Да, баш така. Еве како да ја направите оваа брза чоколадна крем-пена:rnrnЧоколаден мус за 5 минутиrnrn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • 265 г чоколадо со 70% какао маса
    • rn011

    • 240 мл вода
    • rn011

    • 4 дополнителни лажички вода (во случај ако чоколадото ви е многу горчливо)
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnЗемете два длабоки сада, еден голем и еден помал. Помалиот наполнете го со мраз и врз него ставете го поголемиот. Во тенџерче на оган со средна температура, ставете го чоколадото, претходно искршено на коцки, да се стопи заедно со водата. Мешајте повремено додека чоколадото сосема не се растопи и поврзе со водата. Стопеното чоколадо ставете го во големиот сад и со миксер или жица за мешање почнете да ја матите смесата додека не стане густа. Мешајќи, чоколадото ќе се згусне затоа што топлината од чоколадната смеса ќе почне да се поврзува со мразот врз кој матите. Ако во смесата со текот на матењето почнат да се појавуваат грутки, не грижете се – додадете уште малку вода и мешајте додека не добиете густа чоколадна смеса. Сервирајте во омилените десертни чаши.rnrnЗабелешка: Оваа чоколадна крем-пена освен како десерт, може да ви послужи и како убав и богат фил за во некоја торта.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кафе калуа

    Кафе калуа

    Богато кафе после вкусен ручек или деликатен десерт со интензивен вкус на кафе? Ова калуа-кафе може да биде и двете, а вие само треба да одберете.Кафе калуа

    rn

    Потребни состојки за две калуа-кафиња:

    rnrn

      rn011

    • 200 мл сварено еспресо кафе
    • rn011

    • 100 мл калуа (мексикански ликер со вкус на кафе)
    • rn011

    • едно пакетче шлаг, цврсто изматен
    • rn011

    • 100 г млечно чоколадо, растопено со малку млеко
    • rn011

    • стапчиња цимет за декорација
    • rn

    rn

    Подготовка: Прво, сварете го кафето, па изматете го шлагот. Земете ги вашите омилени шолји за млеко, кафе или какао. Најпрво, сипете по 100 мл кафе, па ставете по 50 мл калуа. Потоа, ставете го стопеното чоколадо, претходно поделено на два еднакви дела (за секоја шолја).Кафе калуаОд горе, ставете малку изматен шлаг и декорирајте со едно стапче цимет.Кафе калуа

  • Тирамису

    Тирамису

    Тирамису или  на италијански Tiramisù е еден од најпопуларните десерти во Италија. Некои сметаат дека се појавува помеѓу 18 и 20 век во близината на Тоскана, а други дека е создаден во градот Тревисо. Ова е десерт кој е карактеристичен по тоа што има интензивен вкус на еспресо во кое се натопуваат плазма бисквитите. Деликатниот вкус на маскарпонето, какаото и ликерот го прави овој рецепт толку вкусен и специфичен.rnrnТирамисуrnrn

    Потребни состојки за двајца:

    rn

      rn011

    • 2 големи жолчки
    • rn011

    • 1 голема лажица коњак
    • rn011

    • 4 големи лажици шеќер
    • rn011

    • + 1 голема лажица шеќер
    • rn011

    • 200 мл маскарпоне сирење
    • rn011

    • 1/2 слатка павлака
    • rn011

    • 1 мала лажичка сол
    • rn011

    • 200 мл еспресо кафе
    • rn011

    • 2 лажици ликер од кафе
    • rn011

    • едно пакетче плазма кекси
    • rn011

    • какао во правrn
    • rn

    rn

    Подготовка:

    rnrnНаполнете едно тенџере со вода. Оставете водата да зоврие. Во сад ставете ги жолчките, солта и 4 лажици шеќер. Садот ставете го врз тенџерето со вода и на пареа со миксер изматете ги жолчките додека не бидат бледо жолти. Потоа, додајте го коњакот и измешајте. Садот со жолчките ставете го во тавче со мраз за да се олади смесата.rnrnТирамисуrnrnВо друг сад ставете го маскарпоне сирењето и со миксер изматете го се додека не добиете мазна смеса. Во маскарпонето, додајте ги жолчките. Настрана, помешајте ја павлаката со една лажица шеќер. Кога ќе се стопи шеќерот во павлаката, додајте ја во смесата со маскарпоне и жолчки. Мешајте ја смесата се додека не биде изедначена.rnrnТирамисуrnrnВо мал сад, помешајте ги ликерот од кафе и еспресото. Земете две чаши за десерт, ставете една лажица од кремот на дното и малку какао. Плазма кексите натопете ги во миксот од кафе и ликер и наредете еден ред во чашата. Потоа, ставете ред крем и потоа какао. Потоа, пак уште еден ред плазма, па крем и какао. На крај, десертот треба да заврши со крем и какао одозгора. По желба, најгоре може да изрендате чоколадо.rn
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Крем-кафе (Panna Cotta)

    Крем-кафе (Panna Cotta)

    Ако не како десерт, Panna Cotta можете да го подготвите и како незаборавно, инспиративно кафе.Кафе Panna CottaПотребно за 6-8 кафиња:rn

      rn011

    • 3 големи лажици вода
    • rn011

    • 200 мл млеко
    • rn011

    • едно ливче желатин
    • rn011

    • 4 шолји еспресо
    • rn011

    • екстракт од ванила
    • rn011

    • 1/2 шолја шеќер
    • rn011

    • 2 лажици мелено кафе
    • rn

    rnПодготовка: Во мал сад турете малку вода и ставете го желатинот. Оставете десет минути да омекне желатинот. Не мешајте за тоа време. Во меѓувреме, во тенџере на оган ставете го млекото, ванилата, меленото кафе и шеќерот. Оставете смесата да зоврие (овој процес на вриење е ист како и за правење пудинг). Потоа, истиснете го желатинот со раце за да се исцеди водата и ставете го во тавчето со пудингот. Исклучете од оган и мешајте додека не се стегне смесата како пудинг. Готовата смеса ставете ја во огноотпорни чаши за десерт. Оставете да се олади два часа во фрижидер. Потоа, ставете ги чашите во сад со врела вода 10 секунди за пудингот да добие текстура како фил од торта, а не како цврст пудинг. Од горе, прелијте со еспресото и декорирајте по желба.rnrnЗабелешка: Ова не е класичен рецепт за правење Panna Cotta. Оригиналниот рецепт содржи хопла, а процесот на правење е речиси ист како горе напишаниот. Во овој рецепт за крем-кафе, меленото кафе и еспресото се тие кои му даваат автентичен вкус и италијански шмек.

  • Маршмелоу

    Маршмелоу

    Овие мали меки колачиња се толку слатки и вкусни што ќе ве освојат од прва. Американците ги јадат како тост со бисквити и топено чоколадо, а најдобри се во комбинација со топло чоколадо.МачмалоуПотребно:rn

      rn011

    • 2 1/2 лажички желатин
    • rn011

    • 1 1/2 шолји шеќер
    • rn011

    • 1 шолја сируп од пченка
    • rn011

    • 1/4 лажичка сол
    • rn011

    • 2 лажички екстракт од ванила
    • rn011

    • шеќер во прав
    • rn

    rnПодготовка: Во сад за матење ставете пола чаша вода и желатинот. Со миксер мешајте додека не се соединат водата и желатинот. Оставете да отстои 30 минути. Во тенџере ставете ги шеќерот, сирупот, солта и 1 1/2 чаша вода. Тенџерето ставете го на слаб оган и мешајте со дрвена лажица додека не се стопи шеќерот. Навлажнете ја лажицата со вода и соберете ги кристалите од шеќер кои ќе се направат од страните на тенџерето. Ставете кујнски термометар во тенеџерето и кога сирупот ќе достигне температура од 117 степени Целзиусови, тргнете го тенџерето од оган. Додека го правите ова, никако не мешајте. Сирупот полека сипувајте го во смесата со желатин, при тоа мешајќи со миксер на најмала брзина. Мешајте со миксер додека не добиете мазна смеса. Додајте ја ванилата и измешајте со лажица. Во тавче за печење ставете подебел слој шеќер во прав. Овде ставете ја смесата и одозгора пак ставете шеќер во прав. Оставете да се исуши целата смеса. Со тркалезни калапи направете парчиња во форма на маршмелоу.Мачмалоу
    rnrnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Суфле со кафе

    Суфле со кафе

    Печено колаче со мека внатрешност и неверојатно силна арома на кафе rnrnОва суфле, освен што е брзо и лесно за подготовка, е одличен десерт со кој ќе ги изненадите вашите најблиски.rn

    Суфле со кафе

    rnПотребни ви се:rn

      rn011

    • 150 мл млеко
    • rn011

    • 60 г омекнат путер
    • rn011

    • 50 г кафе (еспресо, нес – какво имате)
    • rn011

    • 40 г брашно
    • rn011

    • 40 г шеќер
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • сол
    • rn

    rnПодготовка: Прво, во поголемо тенџере сварете ги кафето и млекото. Помешајте ги путерот и брашното и ставете ги во вареното млеко. На слаб оган, мешајте ја целата смеса. Тргнете ja од оган и почекајте малку да се олади. Потоа, ставете ги двете жолчки и шеќерот  и убаво промешајте додека сè не се соедини и олади. Белките изматете ги со миксер и ставете еден прстофат сол и една супена лажица шеќер. Шлагот ставете го во смесата со кафе, притоа мешајќи од дното на тавчето кон горе. Земете калапи, намачкајте ги со путер и брашно и наполнете ги со по две третини од смесата. Од горе, попрскајте со шеќер. Печете на 200 целзиусови степени, 15 минути. Суфлето ставете го во чинија за десерт и послужете го со шоља еспресо.

  • Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    Ручекот е најглавниот оброк во денот кога се претпоставува дека целото семејство треба да е собрано и да ужива во оброкот. Но, некои од нас за време на ручекот не се дома заради работни или други обврски. Тогаш јадеме во ресторани и најчесто, не водиме грижа за тоа колку ќе изедеме. Разни студии покажале дека оние луѓе кои почесто јадат надвор во ресторани, внесуваат повеќе маснотии, сол и калории во организмот. Па така, ако не бидете внимателни со тоа што ќе го нарачете за јадење, таа невнимателност ќе резултира со пополнување на вашата половина.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rnrnСо овие неколку совети ќе научите како оброците што ги нарачувате може да бидат еднакво здрави како и домашно зготвената храна.rn

    1. Немојте да сте изгладнети

    rn

    Ако не појадувате или не земете некоја здрава ужина во времето до ручекот, тоа може да резултира со прејадување во ресторанот. Вие ќе бидете гладни и ќе сакате да нарачате сѐ што ќе ви изгледа примамливо од менито. Затоа, пред да ручате во ресторан, каснете некое овошје, бадеми, ореви или некој крекер.

    rnrn

    2. Не посегајте по лебот

    rnМногу ресторани служат парчиња леб или фурнаринки во кошница и го даваат заедно со салата или некое макало. Замолете го келнерот да го тргне од масата (освен ако некој колега не сака да го јаде, па понудете му го нему). Така, нема да паднете во искушение и трпеливо ќе чекате да пристигне нарачаното. Побарајте чаша вода и пијте сѐ додека не ви стигне главниот оброк.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rn

    3. Внимателно разгледајте го менито

    rnКога келнерот ќе ви го донесе менито, не брзајте веднаш да му кажете што ќе нарачате. Прочитајте го секое јадење кое ви звучи примамливо, и најважно–прочитајте го начинот на кој се подготвува (дали се пржи, пече, вари…). Скенирајте ги оние оброци кои се подготвени на скара, на пареа, јадења кои се поширани, без тешки сосови. Секогаш има здрави опции во менито. Избегнете ги оние кои се пржени, сотирани или јадења на база на путер или млеко.rn

    4. Прашувајте

    rnНе се плашете да прашате како некое јадење е подготвено или да му кажете на келнерот како главниот готвач да ви го подготви јадењето кое сакате да го нарачате. На пример, наместо пржено пилешко, да биде динстано. Исто така, сосовите кои ќе ги нарачате консумирајте ги во многу мали количини, за да го почувствувате вистинскиот вкус на јадењето.rn

    5. Изберете помали порции

    rnРечиси во сите ресторани има мала, средна, голема и екстра голема порција (или фамилијарна). Разумни порции се малата и средната порција. Ако нарачате голема порција, не мора да изедете сѐ од неа. Побарајте да ви го спакуваат остатокот за дома. Така ќе имате еден вид самоконтрола за тоа колку јадете количински. Друг трик е наместо од одделот за главни оброци, да нарачате од одделот за предјадења. Така, ќе може да нарачате и салата или зеленчук настрана.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rn

    6. Бидете отворени за различни кујни

    rnНе знаете што да нарачате ако сте во Кинески, Мексикански, Јапонски ресторан? Сите кујни имаат пржени јадења или јадења кои содржат многу калории. Еве како вашиот избор да биде поздрав:rn

      rn011

    • Кинески ресторан: Нарачајте сѐ што е готвено на пареа, зеленчуци, тофу, риба, пилешко со сос настрана.
    • rn011

    • Француски ресторан: Месо или морски плодови на брускети или на скара.
    • rn011

    • Индиски ресторан: Пилешко или морска храна, леќа, јадења со кари и басмати ориз.
    • rn011

    • Италијански ресторан: Паста примавера, мариниран мускул, шпагети со доматен сос, морски плодови на скара, пица со тенко тесто.
    • rn011

    • Јапонски ресторан: Суши, шашими, теријаки, јакитори, мисо супа.
    • rn

    rn

    Како да ручате во ресторан, а да не се здебелите?

    rn

    7. Не нарачувајте мезе

    rnАко нарачате разни мали мезиња заедно со главниот оброк, тоа ќе доведе несвесно да изедете повеќе одошто е потребно. Запомнете: На мозокот му се потребни 20 минути да добие сигнали за ситост, велат експертите. Затоа, не брзајте додека јадете – јадете полека и мирно.rn

    8. Не нарачувајте десерт веднаш

    rnПрво изедете го главното јадење, па дури потоа, размислувајте да нарачате десерт. Не се знае, може ќе бидете најадени и нема да сакате да јадете повеќе. Ако веќе нарачате, поделете го со колегата или пријателот. Така ќе заштедите и калории и пари.rnrnКако да ручате во ресторан, а да не се здебелите?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.