КАФЕ ПАУЗА

Tag: десерт

  • Чудо од чоколадо

    Чудо од чоколадо

    Вкусен колач со многу чоколадо

    rnЧудо од чоколадоrn

    Состојки за пандишпанот:

    rn

      rn011

    • 4 јајца
    • rn011

    • 100 г шеќер
    • rn011

    • 200 г маргарин
    • rn011

    • 100 г чоколадо за готвење
    • rn011

    • 4 супени лажици брашно
    • rn011

    • 1 прашок за печиво
    • rn

    rn

    Состојки за кремот:

    rn

      rn011

    • 0,5 л слатка павлака
    • rn011

    • 200 г чоколадо за готвење
    • rn011

    • 1 супена лажица шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПандишпан: Издвојте ги жолчките од јајцата и измешајте ги заедно со шеќерот во поголем сад. На оган стопете ги чоколадото и маргаринот и потоа сипете ги во садот со жолчките. Пополека и мешајќи, додадете ги и брашното и прашокот за печиво. Белките од јајцата изматете ги рачно и додадете ги како последна состојка. Смесата исипете ја во тава и печете 20 минути на температура од 180 Целзиусови степени. Повремено проверувајте, за да не ви изгори.rnrnКрем: Слатката павлака, чоколадото и шеќерот загревајте ги на тивок оган и повремено мешајте. Кога состојките ќе се соединат тргнете го садот од оган. Печениот пандишпан избоцкајте го со виљушка на неколку места и додека е сè уште топол, посипете го со кремот. Кремот иако ќе биде поредок не треба дополнително да се меша или нешто да му се додава. Најпрво оставете го колачот да се да се олади на собна температура, а отпосле ставете го во фрижидер за да се стегне кремот. Откако десертот убаво ќе се стегне, исечете го на коцки и уживајте во неговиот вкус.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Снежни мини ванила тортички

    Снежни мини ванила тортички

    Направете слатки снежни колачиња кои одлично одговараат со снежната покривка надвор, но се многу повкусни кога ги јадете внатре, на топло. 🙂Снежни мини ванила тортичкиrnrnПотребни состојки:rn

      rn 011

    • 160 г брашно
    • rn 011

    • 180 г путер (на собна температура)
    • rn 011

    • 150 г шеќер
    • rn 011

    • 1 и пол лажичка прашок за пециво
    • rn 011

    • 1/4 лажичка морска сол
    • rn 011

    • 60 мл млеко (на собна температура)
    • rn 011

    • 60 мл матеница
    • rn 011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    • 1 големо јајце, плус 1 белка (на собна температура)
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на температура од 180 степени. Подгответе стандарден калап за печење мафини со 12 дела.rnrnВо длабока чинија измешајте ги брашното, прашокот за пециво и солта. Во друга длабока чинија измешајте ги млекото, матеницата и екстрактот од ванила. Потоа во посебен сад ставете ги путерот и шеќерот и мешајте со миксер околу 2-3 минути на средна брзина. Намалете ја брзината на минимум и додека мешате додадете го целото јајце, а потоа зголемете повторно до средна брзина и мешајте сè додека не добиете еднолична мешавина. Додадете ја белката и повторете го истото.rnrnНа средна брзина додадете ја сувата мешавина (брашното, прашокот за пециво и солта), потоа течната мешавина (млекото, матеницата и екстрактот). Додавањето нека биде полека, во три наврати, наизменично. Кога ќе завршите продолжете со мешање сè додека таа не стане скоро мазна.rnrnНаполнете ги местата за мафините на калапот со мешавината, но нека не зафаќаат повеќе од 3/4 од просторот.rnrnОставете ги да се печат околу 20 -25 минути (пред да ги извадите, боцнете со чепкалка во средината, ако на неа не остане ништо, значи се готови). Овој вид тортички има рамен врв, нема да пораснат кружно како мафините.rnrnОткако ќе ги извадите од рерната, почекајте комплетно да се оладат. Потоа можете да ги покриете со шлаг или времето да го искористите за да подготвите фил од ванила.rnrnСнежни мини ванила тортичкиrnrnЗа подготовка на фил од ванила, потребно е:rn

      rn 011

    • 230 г маргарин
    • rn 011

    • 320 г шеќер во прав
    • rn 011

    • 2 лажички млеко
    • rn 011

    • 1 лажичка екстракт од ванила
    • rn 011

    • внатрешноста на една мешунка од ванила (за најдобар вкус или дополнителна количина екстракт од ванила)
    • rn 011

    • 1 прстофат сол
    • rn

    rnПодготовка на филот од ванила: Миксирајте го путерот на средна брзина додека не стане пенест. Потоа, намалете ја брзината на најслабо и додавајте го шеќерот на 10 пати. Додадете го млекото, ванилата и солта. Зголемете ја брзината до средина и мешајте минута-две додека да добиете лесна и пенеста смеса.rnrnОладените тортички наполнете ги со подготвениот ванила-фил, а по желба можете да ги декорирате со  рендано бело чоколадо, кокос и слично. Ставете  ги во фрижидер. 20 минути подоцна ќе ве очекува вкусно и снежно задоволство. Уживајте!rnrnСнежни мини ванила тортички

  • 100% чоколадни колачи

    100% чоколадни колачи

    За љубителите на чоколадото (а зарем не сме сите?!), овие колачиња ќе бидат вистинско задоволство.100% чоколадни колачиПотребно е:rn

      rn011

    • 370 г темно чоколадо
    • rn011

    • 160 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 60 г путер
    • rn011

    • 110 г брашно
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 1/2 лажиче прашок за пециво
    • rn011

    • 1/4 лажиче сол
    • rn011

    • + 50 г темна чоколада, ситно сечкана
    • rn

    rnПодготовка: Исечкајте 220 грама темно чоколадо и заедно со путерот ставете ги да се растопат на пареа или во микробранова печка. Преостанатото чоколадо исечкајте го на многу ситни коцки. Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа, додадете ги оладената смеса од чоколадо и путер, брашното, солта и прашокот за пециво. На крај, додадете ги коцките чоколадо. Целата смеса убаво измешајте ја. Тестото треба да биде многу меко.rnrnВо тавче обложено со хартија за печење, со лажица ставајте од смесата. Со мазниот дел од лажицата расплескајте ги колачите за да бидат рамни и врз нив ставете по неколку коцки од чоколадото (од дополнителните 50 грама). Печете ги во рерна загреана на 160 Целзиусови степени, 15 до 20 минути, во зависност од големината на колачињата. Кога ќе бидат печени, оставете ги малку да се оладат, па потоа префлете ги на чинија за колачи.100% чоколадни колачи100% чоколадни колачи
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мали и вкусни мафини

    Мали и вкусни мафини

    Автор: Бојана МандевскаrnrnМафини е американско-англиско име за брз леб што се пече во мали порции. Постојат многу форми на мафини. Некогаш се во форма на мали колачиња, колачиња во чаши, колачиња во одредени облици (срциња, ѕвезди, мечиња итн.). Мафините може да бидат со сладок или пак солен вкус.Мали и вкусни мафиниВкусовите на мафините може да бидат различни во зависност од состојките од кои ќе се направат: од чоколадо, боровинки, бадеми, моркови, костени, портокал, јагоди, банани, малини, цимет, лимон, јаболки, краставички, тиква, разни видови сирења. Исто така може да се комбинираат и видовите брашно од кои ќе се направат мафините: од пченица, пченка, ’рж, овес, костен.rnrnМафините може да се консумираат ладни, топли, со додатоци од шлаг, чоколадо, павлака. Пијалаци кои најдобро се вклопуваат со мафините, зависно од нивниот вкус, се чај, кафе, бело вино за благите мафини и црвено вино со солените.rn

    Засукајте ги ракавите и подгответе некоја од предложените рецепти. Изненадете ги вашите блиски, поканете ги заедно да ги вкусите подготвените мафини. Идеален начин за дружба во ладните зимски денови.Мали и вкусни мафини

    rnrn

    Солени мафини

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 3 јајца
    • rn011

    • 3 дл јогурт
    • rn011

    • 0,5 дл масло
    • rn011

    • 80 г крем-сир
    • rn011

    • 200 г бело брашно
    • rn011

    • 100 г пченкарно брашно
    • rn011

    • 1 прашок за пециво
    • rn011

    • 100 г шунка, печеница (по избор)
    • rn011

    • 60 г кашкавал
    • rn011

    • 1 помала црвена пиперка
    • rn011

    • 1 лажица сол
    • rn011

    • малку оригано и босилек
    • rn

    rnНачин на подготовка: Во една чинија помешајте ги двата видови брашно со прашокот за пециво. Во друга чинија, со жица за матење изматете ги јајцата, потоа додајте ги јогуртот, маслото и крем-сирот и сето тоа измешајте го. Исецкајте ги ситно кашкавалот, печеницата и пиперката. Во чинијата со јајцата додадете го брашното и сето тоа измешајте го додека да се соедини. Потоа додадете ги исецканата печеница, кашкавалот, пиперката и зачините. Калапите за мафини намачкајте ги со масло, па потоа проросете малку брашно и додајте ја смесата за печење. Ставете ги мафините да се печат во загреана рерна на 180 степени, 30 минути, додека не добијат златна боја.Мали и вкусни мафиниrn

    Чоколадни мафини

    rnПотребни состојки:rn

      rn011

    • 200 г брашно
    • rn011

    • 2 лажици прашок за пециво
    • rn011

    • 2 лажици какао во прав
    • rn011

    • 150 г шеќер
    • rn011

    • 1 ванилин шеќер
    • rn011

    • 125 г путер
    • rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 1 дл млеко
    • rn

    rnНачин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Во една чинија ставете ги брашното, прашокот за пециво и какаото и промешајте ги. Потоа додадете ги сите останати состојки и со миксер матете, прво на слабо, да се промешаат состојките, а потоа ставете го миксерот на најсилна брзина и матете така 2 минути. Готовата смеса истурете ја во претходно подмачкани калапи и ставете ги да се печат. Печете на температура од 180 степени, 25 минути. Готовите мафини можете да ги декорирате со шлаг, слатка павлака, чоколаден прелив и шеќер во прав.rnrnРазбудете ги вашите кулинарски вештини, подготвените мафини декорирајте ги водени од вашата фантазија. Bon Apétit!Мали и вкусни мафини
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадни палачинки

    Чоколадни палачинки

    Толку се лесни за подготовка… Вкусни – со гаранција! Ставете ги на листата на десерти со кои мора да ги изненадите најблиските…Чоколадни палачинкиПотребно е:rn

      rn011

    • 2 јајца
    • rn011

    • 150 г брашно
    • rn011

    • 300 мл млеко
    • rn011

    • 30 г путер
    • rn011

    • 40 г темно чоколадо (со 70% какао маса)
    • rn011

    • 1 лажица какао
    • rn011

    • 2 лажици шеќер
    • rn011

    • 1/4 лажиче сол
    • rn

    rnПодготовка: Чоколадото исечкајте го на парчиња и заедно со путерот ставете ги да се растопат на пареа. Во сад ставете ги јајцата, шеќерот и солта, па со миксер изматете ги. Ставете половина од брашното помешано со какаото, 1/3 од млекото, па остатокот од брашното и на крај полека додавајте го остатокот од млекото, мешајќи за да добиете ретка смеса. На крај, во оваа смеса ставете ја растопената смеса од путер и чоколада. Добиената смеса оставете ја да отстои 1 час во фрижидер. Печете ги палачинките, широки и тенки. Од оваа смеса излегуваат околу 10 палачинки. Чоколадни палачинкиФилувајте ги со свежо или карамелизирано овошје.Чоколадни палачинки
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Капучинолини

    Капучинолини

    Меки, полнети и вкусни колачиња, кои дефинитивно треба да ги направите за вашите најмили…КапучинолиниПотребно е:rnrn(за тесто):rn

      rn011

    • 400 г брашно
    • rn011

    • 200 г путер, ладен
    • rn011

    • 100 г кафеав шеќер
    • rn011

    • 50 г бел шеќер
    • rn011

    • 2 големи лажици капучино во прав
    • rn011

    • 25 г какао
    • rn011

    • 50 мл млеко
    • rn

    rn(за полнење):rn

      rn011

    • 100 г шеќер во прав
    • rn011

    • 1 голема лажица + 1 мала лажица капучино во прав
    • rn011

    • 1 голема лажица + 1 мала лажица млеко
    • rn

    rnПодготовка: Во голем и длабок сад ставете ги сите суви состојки (брашно, шеќер, какао и капучино). Измешајте ги со жица за матење. Потоа, додадете го путерот, сечејќи го на помали кокци. Со раце гмечете го путерот во сувите состојки за да добиете тесто. Додека го формирате тестото, додавајте го млекото. Кога од состојките ќе направите тесто, завиткајте го во платична фолија и ставете го во фрижидер да отстои 30 минути.rnrnРерната загрејте ја на 180 Целзиусови степени. Земете едно тавче за печење и обложете го со хартија за печење. Од тестото формирајте мали топчиња со големина на орев и во секое топче направете мала вдлабнатина. Колачињата редете ги на хартијата за печење и ставете ги да се печат во загреаната рерна, 10 минути. Важно е да не ги препекувате, затоа што тие треба да бидат меки. За време на печењето, направете го филот за полнење.rnrnВо мал сад ставете ги сите состојки потребни за филот и измешајте ги. Треба да добиете густа смеса. Кога ќе се испечат колачињата, оставете  ги малку да се оладат и кога ќе бидат оладени наполнете ги во вдлабнатината со подготвениот фил. Пред да ги сервирате, оставете филот да се стегне. Супер се со чај или најдобро, со голема шолја кафе.Капучинолиниrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чоколадни еспресо колачиња

    Чоколадни еспресо колачиња

    Меки и воздушести, овие чоколадни колачиња може дури и да ве расонат наутро, заради зрнцата еспресо кои ги содржат.Чоколадни еспресо колачињаПотребно е:rn

      rn011

    • 450 г темно чоколадо со над 65% какао маса
    • rn011

    • 4 лажици омекнат путер
    • rn011

    • 265 г шеќер
    • rn011

    • 1 лажиче екстракт од ванила
    • rn011

    • 60 г брашно
    • rn011

    • 4 јајца
    • rn011

    • половина лажиче прашок за пециво
    • rn011

    • 1 лажица еспресо
    • rn011

    • 200 г чоколадо, исечено на мали коцкички
    • rn

    rnПодготовка: Рерната загрејте ја на 180 Целзиусови степени. Темното чоколадо исечкајте го на парчиња и на пареа растопете го заедно со путерот. Во сад изматете ги јајцата со ванилата и шеќерот. Низ голема цедалка просејте ги брашното, еспресото и прашокот за пециво. Смесата од путер и чоколадо полека додавајте ја во смесата со јајца, мешајќи во исто време. Потоа, во таа смеса полека додавајте го брашното и мешајте додека да се формира тесто. На крај, ставете ги коцкичките чоколадо и измешајте ја целата смеса. Тестото ставете го во фрижидер да се стегне околу 1 час. Потоа, во тавче за печење обложено со хартија за печење, ставајте по една лажица од тестото, со доволно растојание од едно до друго колаче. Ставете да се пече во загреаната рерна околу 8-10 минути, додека колачињата да бидат цврсти однадвор, а меки и воздушести однатре. Чоколадни еспресо колачињаrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Индиски пудинг со афион

    Индиски пудинг со афион

    Почувствувајте го вкусот на Индија преку пудинг од ориз со индиски ореви и зрнца афион…Индиски пудинг со афионПотребно е:rn

      rn011

    • 50 г басмати ориз
    • rn011

    • 30 г индиски ореви
    • rn011

    • 60 г афион
    • rn011

    • 180 шеќер
    • rn011

    • 340 мл млеко
    • rn011

    • 200 мл вода
    • rn011

    • 4 зрна кардамом зачин
    • rn

    rnПодготовка: На тефлонско тавче ставете го оризот да се тостира малку. Кога ќе добие убава медова боја, тргнете го од оган. На истото тавче тостирајте ги индиските ореви, па кога ќе бидат тостирани, истото направете го и со афионот. Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и млекото и ставете го оризот да се свари. Во меѓувреме, истолчете ги оревите, зрната кардамом и афионот. Ставете малку од течноста во која се вари оризот во смесата од ореви, кардамом и афион за да се добие нешто како паста. Кога оризот ќе биде сварен, извадете малку од течноста (за да не биде многу течно) и ставете ја претходно подготвената паста. Сето измешајте го и сервирајте го во длабоки чаши.Индиски пудинг со афионrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сладолед удавен во топло кафе

    Сладолед удавен во топло кафе

    Едноставен рецепт кој се базира на италијанскиот десерт „affogato al caffe“, што во превод значи „удавен во кафе“

    rnСладолед удавен во топло кафеrn

    Потребно време за подготовка: 5 минути

    rn

    Потребни состојки за 4 порции:

    rn

      rn011

    • 1/2 кг сладолед од ванила, чоколадо или кафе
    • rn011

    • 1 шолја тазе сварено јако кафе
    • rn011

    • бисквити (опционо)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnПоделете го сладоледот во 4 чашки. Сипете по 1/4 од свареното кафе врз секоја порција. Опционо додадете бисквити или некој друг тип суви колачи.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најбрзиот чоколаден колач

    Најбрзиот чоколаден колач

    Ви се најавиле ненадејно гости? Ви се јаде нешто благо, но немате време за приготвување торти и колачи? Ова е најбрзиот и најлесниот чоколаден колач кој некогаш воопшто ќе го направите.

    rnНајбрзот чоколаден колачrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn011

    • 250 бисквити (може и чајни колачиња или друг вид колачи)
    • rn011

    • 85 г несолен путер
    • rn011

    • 400 г темно чоколадо со над 60% какао маса
    • rn011

    • 180 мл хопла
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnСо мало парче путер намачкајте го долниот дел од правоаголното тавче. Покријте го со хартија за печење. Скршете ги бисквитите на мали парченца. Остатокот од путерот растопете го во мало тенџере. Кога ќе се стопи, ставете ја хоплата. Кога и хоплата ќе се загрее, ставете го чоколадото скршено на коцки. Мешајте со дрвена лажица за да се стопи чоколадото. Кога ќе добиете хомогена смеса, тргнете го од оган, ставете ги скршените колачи и измешајте за да се соедини сè. Смесата претурете ја во намрсениот и обложен со хартија калап и ставете го колачот да отстои во фрижидер 3 до 4 часа.rnrnНајбрзот чоколаден колачrnrnПред да го сервирате, исечете го на подебели кришки.rnrnНајбрзот чоколаден колачНајбрзот чоколаден колачrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.