КАФЕ ПАУЗА

Tag: десерт

  • Рецепт за брза торта: Повкусна е и од сладолед!

    Рецепт за брза торта: Повкусна е и од сладолед!

    Доколку ви се најават неочекувани гости, а немате доволно време, ова е рецептот за вас. Станува збор за сочна, освежителна и вкусна торта која може да се направи со секое овошје. Готова е за само 15 минути!rnrnРецепт за брза торта: Повкусна е и од сладолед!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 500 грама слатка павлака
    • rn 011

    • 400 грама кисела павлака
    • rn 011

    • 130-150 грама шеќер во прав или друг засладувач
    • rn 011

    • 400 грама мелени бисквити (по избор)
    • rn 011

    • 100 грама кокосово брашно
    • rn 011

    • 400 грама замрзнати бобинки (шумско овошје, јагоди или капини…)
    • rn 011

    • шлаг за декорација (по избор)
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Прво изматете 500 милилитри слатка павлака. Во друг сад ставете 400 грама павлака, додадете 130 грама шеќер во прав и кратко измешајте со миксер. Потоа, додадете ја киселата павлака во садот со слатката павлака, измешајте и префрлете во поголем сад.rnrn2. Додадете 100 грама кокос. Доколку не ви се допаѓа кокосот, можете да ја зголемите количината на мелените бисквити за 100 грама.rnrn3. Додадете 400 грама мелени бисквити и 400 грама замрзнати малини или замрзнато овошје и измешајте.rnrn4. Префрлете ја смесата во калапот и покријте со проѕирна фолија.rnrn5. Ставете ја тортата во фрижидер или замрзнувач, а по еден час извадете ја тортата и декорирајте со шлаг. Одозгора можете да посипете малку кокос или рендано чоколадо, чоколадни трошки или капки. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за торта со боровинки и чоколадо.rnrnИзвор: atma.hr

  • Вкусна, превкусна: Рецепт за домашна пита со јаболка

    Вкусна, превкусна: Рецепт за домашна пита со јаболка

    Денес ви споделуваме рецепт за брза и едноставна пита со јаболка. Сигурни сме дека ќе му се допадне на целото семејство!rnrnВкусна, превкусна: Рецепт за домашна пита со јаболкаrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 килограм јаболка
    • rn 011

    • 1 шолја масло
    • rn 011

    • 1 шолја гриз
    • rn 011

    • 6 лажици шеќер (може и кафеав)
    • rn 011

    • кори за пита
    • rn 011

    • цимет
    • rn 011

    • ореви
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnИзлупете ги и изрендајте ги јаболката. За секој ролат земете по 3 кори. Секоја кора попрскајте ја со масло и посипете со малку шеќер, а на третата кора ставете од смесата со рендани јаболка, па додадете малку масло, цимет, две лажици гриз и додадете малку ореви. Завиткајте го ролатот, па ставете го на плех обложен со хартија за печење. Ако не сакате ролат, можете да ги наредите сите кори една врз друга. Потоа со нож пресечете ја питата на парчиња, премачкајте ја со масло и испечете ја на температура од 220 степени целзиусови. Можете да ја посипете со шеќер во прав. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за највкусната пита со вишни и пудинг од ванила.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Вкусни и сочни: Рецепт за мафини со кајсии

    Вкусни и сочни: Рецепт за мафини со кајсии

    Доколку обожавате кајсии, зошто не го пробате нашиот денешен рецепт за вкусни и сочни мафини со кајсии? Прочитајте го во продолжение!rnrnВкусни и сочни: Рецепт за мафини со кајсииrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 2 јајца
    • rn 011

    • 100 грама шеќер
    • rn 011

    • 80 милилитри масло
    • rn 011

    • 210 милилитри јогурт
    • rn 011

    • 300 грама брашно
    • rn 011

    • 1 кесичка прашок за пециво
    • rn 011

    • 300 грама кајсии
    • rn 011

    • шеќер во прав
    • rn 011

    • бадеми
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Во сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво. Измијте ги, исчистете ги и исечете ги на помали парчиња кајсиите. Најдобро е кајсиите да се средно меки, а не тврди и кисели. Оставете ги настрана.rnrn2. Во друг сад изматете ги јајцата со виљушка, додадете шеќер и убаво измешајте. Додадете масло, измешајте, па додадете јогурт и убаво измешајте. Во таа смеса додадете брашно измешано со прашок за пециво, па сè убаво промешајте.rnНа крај додадете ги сечканите кајсии.rnrn3. Во секоја дупка од калапот за мафини ставете хартиени корпи и во нив прелијте ја подготвената смеса и наросете сечкани бадеми. Печете во рерна загреана на 180 степени целзиусови сè додека не добијат убава кафена боја одозгора. Печените мафини оставете ги во калапот околу 5-10 минути, а потоа извадете ги. Пред сервирање посипете ги со шеќер во прав. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог за рецепт за мафини со кајсии, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за колач од кајсии.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Едноставен, но превкусен: Француски колач со јогурт

    Едноставен, но превкусен: Француски колач со јогурт

    Денес ви споделуваме француски рецепт за колач со јогурт кој е толку едноставен што е идеален избор за сите оние кои не сакаат да губат многу време во кујната, а за него ви се потребни само неколку состојки.rnrnЕдноставен, но превкусен: Француски колач со јогуртrn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 125 милилитри полномасен јогурт
    • rn 011

    • 3 големи јајца
    • rn 011

    • 200 грама шеќер
    • rn 011

    • 180 грама брашно
    • rn 011

    • 2 лажички прашок за пециво
    • rn 011

    • 108 милилитри масло
    • rn 011

    • путер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Загрејте ја рерната на 175 степени целзиусови, а калапот за печење премачкајте го со путер.rnrn2. Измешајте го јогуртот, додадете ги јајцата и изматете ги состојките.rnrn3. Додадете шеќер и измешајте. Додадете брашно, прашок за пециво, масло и одново измешајте.rnrn4. Истурете ја смесата во подготвениот калап и печете 35-45 минути. Посипете со шеќер во прав. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за колач со пудинг и банани.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Вкусни и здрави: Рецепт за посни коцки од кокос

    Вкусни и здрави: Рецепт за посни коцки од кокос

    Можете ли да го замислите летото без кокос? Ако ви се допаѓа вкусот и мирисот на кокосот во комбинација со чоколадо, пробајте го овој рецепт за вегански и без глутен коцки од кокос.rnrnВкусни и здрави: Рецепт за посни коцки од кокосrn

    Потребни состојки:

    rn

    За темна кора:

    rn

      rn 011

    • 80 грама мелени ореви
    • rn 011

    • 80 грама мелена овесна каша
    • rn 011

    • 10 свежи урми
    • rn 011

    • 7-10 лажици вода
    • rn 011

    • 1 полна лажица какао
    • rn

    rn

    За светла кора:

    rn

      rn 011

    • 50 грама мелена овесна каша
    • rn 011

    • 25-30 грама кокосово брашно/рендан кокос
    • rn 011

    • 1 зрела банана
    • rn 011

    • малку вода
    • rn

    rn

    За глазура:

    rn

      rn 011

    • 30-40 грама чоколадо
    • rn 011

    • малку масло
    • rn 011

    • кокос
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Оставете ги урмите да отстојат во топла вода околу 20 минути. Потоа исчистете ги, додадете 7 лажици вода и добро сомелете ги. Додадете ги јаткастите плодови, овесната каша и какаото, па соединете. По потреба додадете уште малку вода за да добиете компактна, но цврста смеса. Добиената смеса префрлете ја во сад со хартија за печење.rnrn2. За посветлата кора, измешајте ги овесната каша, бананата и кокосот во процесор за храна, додадете една лажичка вода (само додека не се соединат сите состојки) за да добиете кремаста текстура. Нанесете ја смесата врз темната кора. За глазурата растопете го чоколадото на пареа, со додавање на неколку капки масло. Прелијте го колачот со чоколадо, посипете со кокос и ставете го во фрижидер да отстои неколку часа. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и овој домашен рецепт за кокосово млеко.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Едноставен, но толку вкусен: Рецепт за џем од кајсии

    Едноставен, но толку вкусен: Рецепт за џем од кајсии

    Џемот од кајсија е идеален за правење колачи, а и најдобрите кифлички се прават со него. Ние пронајдовме рецепт за џем кој ќе ве врати во детството.rnrnЕдноставен, но толку вкусен: Рецепт за џем од кајсииrnrnБез разлика дали ќе одлучите да направите џем или мармалад, важно е да изберете здрави и зрели плодови. Колку е позрело овошјето, толку е поголема содржината на овошни шеќери, па затоа ќе има помала потреба од додавање шеќер.rnrnРазликата помеѓу мармаладот и џемот е во тоа што во џемот се додава помала количина шеќер, овошјето се сечка и се готви подолго на ниска температура.rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 1 килограм исчистени кајсии
    • rn 011

    • 300-400 грама шеќер
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Исечкајте ги кајсиите – исечете ги на помали парчиња, додадете шеќер и нежно изгмечете ги со раце. Гответе на пониска температура околу еден час.rnrn2. Времето за готвење е приближно бидејќи не се сите кајсии исти, некои се посочни, а некои не.rnrn3. Ако готвите голема количина одеднаш, користете поголем тенџере. Во овој случај, вашиот џем од кајсии ќе се готви подолго отколку кога готвите помала количина.rnrn4. Доколку одлучите да подготвите вистински џем, исчистените кајсии посипете ги со шеќер (можете да ставите повеќе од 300-400 грама), измешајте ги и оставете ги да отстојат неколку часа.rnrn5. Потоа варете ги на вообичаен начин.rnrn6. И мармаладот и џемот од кајсии треба да се чуваат на ист начин – истурете го во стерилизирани тегли, добро затворете ги, а потоа пастеризирајте ги.rnrnОткако го прочитавте нашиот рецепт за џем од кајсии, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за највкусниот летен десерт: колач од кајсии.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Рецепт за посни бомбици со леблебија: Се топат во уста!

    Рецепт за посни бомбици со леблебија: Се топат во уста!

    Дали знаевте дека наутот може да биде одлична состојка за колачи? Ви споделуваме рецепт за здрави и посни бомбици кои можете да ги подготвите уште денес!rnrnРецепт за посни бомбици со леблебија: Се топат во уста!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 100 грама сварена леблебија
    • rn 011

    • 100 грама ореви
    • rn 011

    • 10 свежи урми
    • rn 011

    • 1 и пол лажица какао во прав
    • rn 011

    • 1-2 лажици рум
    • rn 011

    • 40 грама цреши
    • rn 011

    • 20 грама леблебија
    • rn 011

    • 2 свежи урми
    • rn 011

    • 200 грама темно чоколадо
    • rn 011

    • малку масло
    • rn 011

    • сечкани ореви
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Потопете ги урмите во топла вода половина час пред да почнете со готвење. Сомелете ги оревите, исчистете ги урмите и исечкајте ги во блендер и додадете 3 лажици вода, за да добиете хомогена смеса. Додадете ги леблебијата и румот, па продолжете да ги мешате состојките. Доколку е потребно, додадете уште малку вода. Водата мора да се додава постепено, колку да се сврзе смесата.rnrn2. Потоа додадете какао и половина од количеството ореви мешајте и на крајот додадете ги останатите ореви. Смесата треба да биде кремаста, компактна и густа. Префрлете ја во сад и ставете ја во фрижидер. Во блендер ставете ги исчистените вишни, двете исчистени урми (кои исто така беа во вода) и леблебијата (20 грама), па ситно исечкајте ги.rnrn3. Колачињата можете да ги направите во форма на топчиња, така што во средината ќе ставите малку смеса од вишни, но многу поедноставно и побрзо е да ја намачкате темната смеса на хартија за печење, во форма на квадрат, нанесете ја одозгора смесата со вишни, додадете чоколадо растопено на пареа и посипете со јаткасти плодови. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за рецепт за здрави чоколадни бомбици без шеќер.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Готова е за половина час: Рецепт за највкусната кремпита!

    Готова е за половина час: Рецепт за највкусната кремпита!

    Денес ви споделуваме рецепт за сочна и кремаста торта за која ќе ви бидат потребни 30 минути. Многумина мислат дека за подготовка на кремпитите е потребно многу време и состојки, но за овој рецепт потребни ви се само седум состојки, а кремпитата ќе биде готова за половина час!rnrnГотова е за половина час: Рецепт за највкусната кремпита!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 200 грама шеќер
    • rn 011

    • 1 лиснато тесто
    • rn 011

    • 2 пудинзи од ванила
    • rn 011

    • 6 јајца
    • rn 011

    • 4 лажици брашно
    • rn 011

    • 1,4 литри млеко
    • rn 011

    • шеќер во прав
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Најпрво се одвојуваат жолчките од белките, па се мешаат одвоените жолчки со 150 грама шеќер, пудинг, брашно и 4 децилитри млеко. Смесата се вари во литар врело млеко како пудинг.rnrn2. Изматете ги белките и измешајте ги со преостанатиот шеќер, па измешајте ја добиената смеса со претходно направениот крем.rnrn3. Развлечете го лиснатото тесто, избоцкајте го со виљушка и печете на 180 степени целзиусови околу 10-15 минути.rnrn4. Пресечете го на половина готовото лиснато тесто и едната половина премачкајте ја со готовата смеса, а другата половина исечете ја на квадрати и наредете ги врз кремот.rnrn5. За декорација, посипете ја кремпитата со шеќер во прав. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за наједноставната крем торта со кафен шеќер.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Здрави и вкусни: Урми потопени со чоколадо

    Здрави и вкусни: Урми потопени со чоколадо

    Тешко е да им одолееме на слатките, но се чувствуваме помалку виновни кога јадеме нешто здраво, нели? Денес ви предлагаме рецепт за вкусен и брз десерт од урми и чоколадо кој нема да ви одземе многу време. Овој рецепт е идеален за сите оние кои постат или се вегани.rnrnЗдрави и вкусни: Урми потопени со чоколадоrnrnУрмите содржат многу влакна кои се важни за здравјето на цревата. Во однос на сувите смокви, урмата содржи многу повеќе антиоксиданси, како и важни витамини и минерали. Истражувањата покажале дека урмите имаат корисен ефект врз зачувувањето на мозочните функции.rnrnТие содржат свој природен шеќер, па нема да има потреба дополнително да ги засладувате, а доколку додадете темно чоколадо, овој десерт ќе биде сосема здрава храна!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 100 грама урми
    • rn 011

    • 100 грама темно чоколадо
    • rn 011

    • 2 лажици масло по избор
    • rn 011

    • 50 грама бадеми
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rnОтстранете ги семките од урмите и ставете по еден печен бадем внатре. Направете ја чоколадната глазура така што чоколадото со масло ќе го стопите на пареа или во микробранова печка. Ставете ги урмите на дрвена подлога или виљушка и потопете ги во чоколадото. Оставете ги на хартија за печење или на решетка да се исцедат и да се стврдне чоколадото, па префрлете ги во фрижидер да отстојат неколку часа.rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за здрави чоколадни бомбици без шеќер.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Колач со капини и боровинки: Толку е вкусен!

    Колач со капини и боровинки: Толку е вкусен!

    Како што се зголемуваат температурите, полека ќе почнеме да ги одбегнуваме тешките и преслатки десерти, па затоа денес ви споделуваме рецепт за овошен колач кој не само што не се пече туку е и неверојатно вкусен.rnrnКолач со капини и боровинки: Толку е вкусен!rn

    Потребни состојки:

    rn

      rn 011

    • 320 грама бисквити
    • rn 011

    • 80 грама стопен путер
    • rn 011

    • 230 грама боровинки и капини (или други бобинки)
    • rn 011

    • 230 грама маскарпоне
    • rn 011

    • 1/3 чаша шеќер
    • rn 011

    • 2 лажички екстракт од ванила
    • rn 011

    • 240 милилитри шлаг
    • rn 011

    • 1/4 чаша млеко
    • rn 011

    • 1 лажичка желатин
    • rn

    rn

    Начин на подготовка:

    rn1. Сомелете ги бисквитите во блендер, па измешајте ги со растопениот путер и префрлете ги во калап со дијаметар од 24 см.rnrn2. Оставете ги во фрижидер 30 минути или во замрзнувач 15 минути.rnrn3. Изматете го шлагот и оставете го во фрижидер.rnrn4. Подгответе го желатинот според упатството.rnrn5. Во блендер измешајте боровинки и капини, додајте маскарпоне, шеќер, млеко и екстракт од ванила и повторно мешајте додека сè се соедини.rnrn6. Додадете го желатинот во овошниот крем и прелијте го врз смесата.rnrn7. Оставете го десертот најмалку четири часа во фрижидер.rnrn8. Декорирајте со боровинки, капини и цветови. На здравје!rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за кремаст колач со овошен фил кој не се пече.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr