Еден од најдобрите начини за справување со менталните болести е зголемување на свеста за истите. Симптомите за клиничка депресија стануваат сѐ попознати и сѐ потешко се кријат и се игнорираат. Но, важно е да се знаат и знаците кои се појавуваат на почетокот на оваа болест, а кои лесно е да се скријат. Погледнете 7 симптоми кои може да укажуваат дека личноста има депресија.rnrn
rn
1. Болка
rnДепресијата и болката имаат некои заеднички хемикалии во мозокот, а ова значи дека депресијата може да ја смени чувствителноста на болка. Необјасниви главоболки, болки во стомакот и грбот и слично може да бидат знак за лошо ментално здравје. Болката е многу реална па голем број луѓе го посетуваат нивниот доктор а не добиваат дијагноза за депресија, кога всушност таа е вистинскиот проблем.rn
2. Спиење
rnБез разлика дали ви е потешко да заспиете, се чувствувате неуморно во текот на ноќта или пак не можете да станете наутро, секоја промена во вашата рутина на спиење може да биде знак на депресија. Спиењето им овозможува на луѓето да функционираат правилно, па вистинскиот проблем со депресивна личност е тоа што тие не се чувствуваат наспиено и одморено.rn
3. Либидо
rnГубење на желбата за секс може да биде знак за депресија, бидејќи оваа појава често е поврзувана со стрес и замор. Во депресијата хемискиот состав многу често не е како што треба. Мозокот е важен за сексуалноста поради хемијата, но исто така е важен и за идеи. Тој ви помага да ги чувствувате и дефинирате задоволствата.rn
4. Збунетост
rnБавното размислување, заборавеноста и неспособноста за донесување одлуки се нормални одлики на човекот, но исто така можат да бидат и знак за депресија. Понекогаш депресивните луѓе не можат да седат повеќе од 30 минути гледајќи телевизија, читајќи или правејќи што било што бара концентрација.rn
5. Претерано мислење/грижење
rnОва значи претерано грижење и мислење за целиот ваш живот, што може да предизвика ниска самодоверба и ниско мислење за себе. Размислувањето за себе е добро, но кога е претерано може да им го отежни разговорот на другите со вас.rn
6. Тежина и храна
rnПочетокот на депресијата може да биде придружен со зголемување или намалување на телесната тежина. Вашата рутина на јадење исто така може да се промени – прејадување или губење на секаков интерес за храна може да биде знак дека депресијата му влијае на вашиот центар за задоволство и апетит. Многу луѓе уживаат во добар оброк, но луѓето со депресија губат енергија и интерес дури и за јадење.rn
7. Повлекување од социјални случувања
rnСоцијалните луѓе кои ќе почнат да се повлекуваат од активности кои вклучуваат други луѓе, многу е веројатно да страдаат од депресија. Изолацијата е многу чест симптом за депресија. Исто така треба да се внимава на „празниот“ израз на лицето. Депресијата може да предизвика намалена активност на мускулите на лицето, со ова намалувајќи го емоционалното изразување преку лицето.rnrnПогледнете и како луѓето ја маскираат нивната депресија.


rnrnДепресијата не ги одминува луѓето чиј живот е среден. Не е важно она што го имате, бидејќи може да имате сѐ, но сепак да се чувствувате безвредно. Депресијата е психички проблем. Не станува збор за материјалните нешта што ги поседувате, туку за хемиската неурамнотеженост во мозокот.rnrnДепресијата е оној глас во вашата глава кој ви вели дека не сте доволно добри. Тоа се оние солзи кои течат без причина, недостатокот на мотивација што ве принудува целиот ден да го изгубите лежејќи во кревет. Таа е секогаш присутна во вашите мисли, дури и за време на најсреќните денови. Станува збор за непрестајна борба со демони која не може да се објасни. Депресијата секогаш го има последниот збор, дури и кога мислите дека контролата е во ваши раце.rnrnСамо затоа што вашиот живот делува убав однадвор, не значи дека имате убав живот однатре. Ако им кажете на депресивните луѓе дека сѐ е во ред само затоа што имаат сѐ, воопшто нема да им помогнете, бидејќи иако навидум ништо не им недостасува, тоа не значи дека можат да се изборат со депресијата што владее со нивните емоции.rnrnДепресивни се најчесто оние луѓе кои се обидуваат сите околу нив да ги направат среќни, бидејќи знаат колку е болно чувството на осаменост. Тоа се луѓето кои секогаш им помагаат на другите, бидејќи длабоко во себе посакуваат некој да им помогне ним. Тоа се луѓето кои секогаш први ве прашуваат дали е сѐ во ред, бидејќи и тие самите посакуваат некој да ги праша истото и внимателно да ги сослуша.rnrnДепресивни се оние луѓе за кои сите мислат дека им оди одлично во животот, бидејќи тие самите се обидуваат да се уверат себеси дека се среќни иако тоа е далеку од вистината. Само затоа што ви се чини дека некој има „убав“ живот, не значи дека тој човек автоматски треба да се чувствува добро. Бидете тука за таа личност и сослушајте ја пред да ѝ кажете дека ништо не ѝ е, само затоа што има „убав“ живот.rnrnДоколку познавате некој кој поминува низ тежок период или самите се соочувате со оваа тешка психо-физичка состојба, прочитајте ги 
rnrnКога сте болни можете да одите на доктор, да земете лекови и да оздравите, и сето тоа релативно брзо. Секако има лекови и за овие проблеми, но ситуацијата не е толку едноставна. Особено кога станува збор функционална личност која секојдневно се бори со овие „демони“.rnrnНе е воопшто лесно да им се објасни на луѓето. Некогаш може да биде многу тешко да се обидете да му објасните некому дека страдате од депресија и анксиозност кога сте функционален член на општеството што секојдневно се буди и оди на работа и воедно одржува здрави врски со другите луѓе. Токму затоа и им е многу тешко да го разберат овој дел. За голем дел од нив е речиси невозможно да разберат како може да страдате кога вашиот живот изгледа успешен и исполнет со среќа.rn




rn

rn
rn
rn
rn