КАФЕ ПАУЗА

Tag: депресија

  • 5 работи што треба да ги запомните доколку сте вљубени во маж кој страда од депресија

    5 работи што треба да ги запомните доколку сте вљубени во маж кој страда од депресија

    Кога започнувате нова врска и се вљубувате, целиот свет ви се чини како цртан филм полн со виножита, распеани птички и небесни ѕвезди. Животот е прекрасен и одеднаш дознавате дека човекот во кого сте вљубени страда од депресија. Нормално е тоа што ваквото сознание ве шокирало! Депресијата е многу тешка состојба која предизвикува тага и ги обојува разнобојните виножита во најтемните нијанси на сиво. Меѓутоа, само затоа што вашиот партнер е депресивен, не значи дека врската е осудена на пропаст.rnrn5 работи што треба да ги запомните доколку сте вљубени во маж кој страда од депресијаrnrnДепресијата е многу често нарушување што може да се излечи, доколку имате солидни познавања за неа. Не заборавајте дека иако оваа состојба и вам ви влијае, тоа е сепак негов проблем и сам се соочува со него. Она што можете да го направите е да му дадете поддршка и да бидете тука за него. Ова се 5-те работи што треба да ги запомните доколку сте вљубени во маж кој страда од депресија…rn

    1. Не е до вас

    rnАко ви побара простор, дајте му го тоа. На депресивните луѓе им треба време за себе. Иако можеби ќе сакате да инсистирате дека не е паметно да биде сам, тоа не е ваша одлука. Не сте му мајка и нема магично да го излечите ако се појавите кај него дома и ги тргнете завесите извикувајќи „Добро утро, сонце!“. Вистина е дека предолгото спиење и изолацијата не се најздравите механизми за справување со депресијата, но можеби вашето момче бара време и простор зашто не сака неговото моментално расположение да има негативно влијание на вашата врска. Тој можеби знае дека токму тоа му треба на неговиот ум за да ги преброди депресивните епизоди. Верувајте му и почитувајте го неговиот избор.rn

    2. Знајте си ја улогата

    rnКога љубите некого, природно е тоа што сакате да се грижите за него. Станува збор за инстинкт од кој нема да можете да се ослободите така лесно. Но, иако навистина можете да бидете тука за него, не сте му психијатар. Можете да се грижите за вашиот партнер така што ќе го сакате, слушате и советувате, но тука треба да повлечете линија. Нема да можете да го излечите колку и да сакате. Можете да бидете неговото рамо за плачење, но не можете да му бидете сѐ на светов. Нема да му помогнете на тој начин, а нема ни да ја зачувате вашата врска.rn

    3. Грижете се за себе

    rnАко врската почне да се распаѓа, не мора да останете до крај. Можеби ви звучи сурово, но многу е важно да запомните дека не мора да бидете со овој маж доколку нештата станат премногу комплицирани. Ако тој одбива да побара помош или заглавува во депресивниот циклус без да го признае тоа, немате обврска да се грижите за него само затоа што има ментално нарушување. Точно е тоа дека и депресивните луѓе заслужуваат да бидат сакани, но и вие го заслужувате истото. Па така, ако не го добивате тоа што ви треба, слободно можете да ја прекинете врската.rnrnДали ова ќе му падне тешко на вашиот партнер? Апсолутно, но тоа не е ваша одговорност. Вашиот партнер самиот треба да преземе нешто во врска со неговата состојба и да побара помош, а не да тоне во депресија очекувајќи дека вие ќе го извлечете од темната бездна. Доколку тој не покажува интерес да си ја подобри ситуацијата, нема зошто вие да го правите тоа за него. Не можете да му бидете сѐ во животот, дури и да сакате. На крајот на краиштата и вие сте обичен човек.rnrn5 работи што треба да ги запомните доколку сте вљубени во маж кој страда од депресијаrn

    4. Образувајте се

    rnТреба да научите нешто повеќе за депресијата доколку вашиот партнер или друг некој близок има проблеми со ова психичко нарушување. Не само што тоа ќе ви помогне да ја разберете целата ситуација, туку и ќе ви даде сила заеднички да ги пребродите потешкотиите низ коишто минуваат вашите сакани. Постојат многу погрешни теории за депресијата и затоа од клучно значење е да се здобиете со вистинските информации кои навистина би можеле да им бидат корисни на сите луѓе кои имаат слични проблеми.rn

    5. Не мора да го правите сето ова сами

    rnНе плашете се да побарате помош. Тој можеби се плаши самиот да побара помош, но тоа не значи дека вие не смеете да побарате ако сметате дека ви треба. Можете да побарате совет од вашите пријатели и семејство или од луѓе кои исто така се справуваат со депресивен партнер. Можно е во одреден момент да се почувствувате изолирани, заробени или исплашени и во таков случај ќе мора да се избавите од ситуацијата. Токму затоа, многу е важно да имате ваш круг на луѓе кои ќе ви даваат поддршка. Само затоа што не страдате од депресија, не значи дека не треба да се грижите за себе.rnrnМожеби некои од овие совети ви звучат бесчувствително, но треба да знаете дека вашата цел не е да го излечите партнерот, туку да станете свесни со што си имате работа, што се очекува и што не се очекува од вас и што не смеете да толерирате по ниедна цена. Не постои изговор за лошото и насилното однесување, а тука спаѓаат и емоционалната манипулација, како и заканите за самоповредување. Тој може да помине низ сето ова и вие можете да му помогнете да го стори тоа. Обајцата ќе бидете посреќни кога целиот кошмар ќе заврши, а врската ќе ви стане уште поцврста и постабилна.rnrnПрочитајте ги и следниве 11 знаци што покажуваат дека вашиот партнер е несреќен.

  • Моќни цитати кои ќе ве подигнат кога енергијата во вашето тело ќе биде на најниско ниво

    Моќни цитати кои ќе ве подигнат кога енергијата во вашето тело ќе биде на најниско ниво

    Секоја година, повеќе од милион луѓе ширум светот се самоубиваат. Понекогаш дури ни нивните најблиски не знаат зошто се случило тоа, и дали би можеле да ги спречат доколку забележале нешто порано. Тоа се случува бидејќи луѓето кои се депресивни и сакаат да извршат самоубиство, ретко изгледаат тажно. Доколку познавате некого за кого мислите дека пати од депресија или едноставно вие сте тој кому му недостига енергија, задолжително опкружете се со позитивна енергија, пронајдете причина за насмевка и секако, читајте мотивирачки цитати. Имајте ги на ум овие цитати кои секогаш ќе ве потсетуваат дека без разлика колку е голема болката, дека секогаш постои надеж.rnrn2-motivirachki-citati-koi-kje-ve-podignat-koga-energijata-vo-vasheto-telo-kje-bide-na-poslednoto-nivo-www.kafepazua.mk_rn

    „Двата најважни дена во вашиот живот се денот кога сте се родиле, и денот кога ќе дознаете зошто сте родени.“ – Марк Твен

    rnrn

    „Кога е најтемно, тогаш можеме да ги видиме ѕвездите.“ – Ралф Валдо Емерсон

    rnrn

    „Ако се убиеш себеси, ќе ги убиеш и луѓето што те сакале.“ – Непознат автор

    rnrn

    „Најхрабрата работа која некогаш сум ја направила е што продолжив да живеам кога сакав да умрам.“ – Џулиет Левис

    rnrn

    „Никогаш, никогаш не се откажувајте.“ – Винстон Черчил

    rnrn

    „За сите оние кои се повредени – барањето помош не е знак на слабост. Тоа е знак на сила.“ – Барак Обама

    rn1-motivirachki-citati-koi-kje-ve-podignat-koga-energijata-vo-vasheto-telo-kje-bide-na-poslednoto-nivo-www.kafepazua.mk_rn

    „Светот е подобро место со тебе во него.“ – Непознат автор

    rnrn

    „Не плачи, бидејќи е крај. Смеј се, бидејќи се случило.“ – Д-р Сеус

    rnrn

    „Се надевам дека ќе живеете живот на кој ќе бидете горди. Ако дознаете дека не сте, се надевам дека ќе имате сила да почнете од почеток.“ – Ф. Скот Фицџералд

    rnrn

    „Доколку вашето срце чука, Господ сѐ уште не завршил со вас.“ – Дилан Буроус

    rnrn

    „Доколку поминувате низ пекол, продолжете да чекорите.“ – Винстон Черчил

    rnИсто така, ви предлагаме да ги прочитате овие инспиративни цитати кои ќе ве поттикнат да ја внесете потребната промена во животот.

  • Вистинска приказна: Маж се оженил со жената која пред 10 години му го спасила животот

    Вистинска приказна: Маж се оженил со жената која пред 10 години му го спасила животот

    Дали би се венчале со некој што ве спасил од сигурна смрт? Изгледа дека хероите не се секогаш со наметка, а тоа може да ви го потврди овој маж кој сакал да си го одземе животот. Сега, една деценија подоцна, тој сфатил дека сака остатокот од животот да го помине со неговиот херој.rn

    Кога Кевин имал 17 години страдал од ужасна депресија

    rn(1)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mkrnrnСредношколецот од Чикаго се чувствувал изолирано, чудно, осамено и одделено од неговите врсници, како и од целиот свет. Со тек на време, осаменоста станала премногу за него. Блиските на Кевин знаеле дека е добар аналитичар, па кога ќе наумел нешто секогаш го правел.rn

    Сметал дека имало само еден начин да си помогне

    rn(2)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mkrnrnТој почнал да размислува за самоубиство. По некое време не му било доволно само размислувањето и решил конечно да стави крај на неговата болка. Па, напишал писмо и отишол на местото на коешто планирал да си го одземе животот.rn

    Но нешто се случило

    rn(3)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mkrnrnКевин добил телефонски повик само 10 секунди пред да го изврши самоубиството. Кога го погледнал бројот, пишувало дека е непознат. Тој можел и да го игнорира повикот, но си помислил дека би го поминал задгробниот живот мислејќи кој му ѕвонел.rn

    Кога одговорил го слушнал гласот на Блејк

    rn(4)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mkrnrnКевин и Блејк се сретнале во Мичиген во летен камп и станале добри пријатели. Но, двајцата немале разговарано повеќе од една година. Па, кога во тој момент поразговарал со неа, почувствувал како некој да се грижи за него, а токму тоа му било потребно за да му помогне да се избори со депресијата.rn

    Кевин ѝ кажал на Блејк за самоубиството, а таа му поверувала

    rn(5)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mkrnrnБлејк успеала да го наговори да не го направи тоа. Оттогаш тие останале пријатели, и иако се гледале со други луѓе, сепак често разговарале по телефон.rn

    Конечно, Кевин ја признал својата љубов

    rn(6)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mkrnrnНа 17-ти септември, 2016 година, околу 10 години откако Блејк му го спасила животот, тие двајца се венчале, и сега после една година нивната љубов сè уште цути.rnrnАко знаете некој што се мачи со чувства на безнадежност и мисли за самоубиство, преземете што било. Разговарајте со него или со неа, со нивното семејство и обидете се да помогнете. Дури и најмалиот гест може да спаси живот.rnrnПрочитајте ги и овие вистински приказни кои ќе ви покажат дека вистинската љубов сепак постои.

  • Гугл воведува нова алатка што ќе им помогне на луѓето кои се сомневаат дека страдаат од депресија

    Гугл воведува нова алатка што ќе им помогне на луѓето кои се сомневаат дека страдаат од депресија

    Доколку го побарате зборот „depression“ на Гугл, нема да добиете само резултати од пребарувањето. Овој Интернет пребарувач отсега натаму ќе го нуди најдобриот прашалник создаден во соработка со Националната алијанса за ментални болести, што ќе им помогне на корисниците да дознаат дали страдаат од депресија.rnrnГугл воведува нова алатка што ќе им помогне на луѓето кои се сомневаат дека страдаат од депресијаrnrnОд оваа недела на корисниците ќе им биде достапен клиничкиот тест PHQ-9 кој ќе се појавува на врвот од резултатите. Ако одберат да го направат тестот, ќе им бидат поставени стандардни прашања поврзани со депресија, како на пример колку често се незаинтересирани да прават одредени работи и дали имаат проблеми со концентрацијата.rnrnНе е никакво изненадување тоа што компанијата презеде ваква иницијатива. Гугл има изјавено дека сака да сконцентрира повеќе на здравјето и човечката благосостојба. Овој месец, компанијата инвестира во бизнис кој ги претвора смартфоните во алатки за поставување медицински дијагнози. Веќе долго време многу луѓе му се обраќаат на овој Интернет пребарувач за да добијат информации поврзани со нивното здравје, а истражувањата покажале дека бројот на луѓето кои бараат онлајн прашалници за здравје постојано расте.rnrnЗа Националната алијанса, партнерството со Гугл претставува можност да се подигне свеста за менталното здравје.rn

    „Сакаме да им ги дадеме овие информации на луѓето за да знаат дали треба да направат тест. Многу ќе им помогне доколку ги знаат нивните резултати од тестот PHQ-9“, изјавил Кен Дакворт, медицински директор на алијансата.

    rnСо други зборови, понудата на клинички информации кои доаѓаат од експерти наместо читањето секакви резултати од пребарувањето ќе им овозможи на луѓето да добијат соодветни и точни познавања.rnrnИсто така, информациите за ова нарушување можат да им помогнат на луѓето побрзо да добијат помош.rn

    „Статистичките податоци покажуваат дека оние коишто имаат симптоми на депресија ја одложуваат терапијата 6-8 години по почетокот на симптомите. Веруваме дека свеста за депресијата може да ве образува и да ви помогне полесно да добиете соодветна терапија“, објасниле експертите.

    rnИако оваа алатка е корисна и може да им помогне на луѓето да откријат дали покажуваат симптоми на депресија, не смее да се заборави дека Гугл не може да ги замени докторите. Ова е само првиот чекор, а не замена за официјална дијагноза.rnrnНо, Дакворт се надева дека оваа можност ќе им помогне на луѓето да станат свесни за нивната состојба и ќе ги поттикне да разговараат за тоа со нивните доктори. Околу 300 милиони луѓе ширум светот живеат со депресија, а некои од нив воопшто не се свесни за сериозноста на нивните симптоми.rn

    „Депресијата е здравствена криза за која многумина не бараат помош и многумина не знаат дека ја носат со себе. Менталните нарушувања се лекуваат и токму затоа се корисни овие информации. Сакаме луѓето да прават подобри здравствени избори за нивните животи“, открил Дакворт.

    rnДоколку се сомневате дека можеби имате проблеми со депресија, не двоумете се да побарате помош. Оваа нова алатка ќе ви помогне да го направите првиот чекор и да станете свесни за состојбата на вашето ментално здравје.rnrnПрочитајте ги и овие 7 знаци за депресија кои не треба да ги игнорирате.

  • Навиките на луѓето со прикриена депресија

    Навиките на луѓето со прикриена депресија

    Депресијата е сериозна болест која често останува незабележана со години. Луѓето кои страдаат од прикриена депресија се борат со нивните „демони“ и тоа сосема сами. Тие не ги споделуваат своите проблеми и не сакаат да им пречат на другите.rnrnnavikite-na-lugjeto-so-prikriena-depresija-kafepauza.mkrnrnЗа повеќето луѓе, раните не се нешто што може да се дискутира со секој. Повеќето луѓе ги чуваат проблемите во себе и сами се обидуваат да го најдат лекот. Ова се навиките кои имаат речиси сите луѓе кои страдаат од прикриена депресија.rn

    1. Тие се многу талентирани и сакаат да се искажуваат

    rnМногу познати луѓе страдале од ментални нарушувања, а ова страдање им помага да развијат подлабоки емоции. Ако добро размислите, овие проблеми се изворот на нивните најголеми дела. Можеби не се видливи за секого, но нивните страдања многу често се прикажани во нивните дела. Овие луѓе успеваат да направат нешто убаво од темнината која ги опкружува.rn

    2. Бараат цел

    rnСекој од нас сака да пронајде некоја цел во животот. Сакаме да знаеме дека сме овде со некоја причина. Луѓето кои страдаат од прикриена депресија не се отпорни на ова. И тие сакаат да ја знаат причината за нивното постоење. Тие се дури и поупорни да најдат некакво значење, а кога нема да успеат се разочаруваат.rn

    3. Понекогаш тивко бараат помош

    rnНа сите нас ни е потребна помош во некој дел од животот. Кога сметаме дека некому не му е потребна помош, ние не слушаме кога таа личност тивко ја бара. Сепак, ако го забележите ова и можете да помогнете на кој било начин, вие ќе создадете многу блиска врска.rn

    4. Различно ги интерпретираат супстанциите

    rnНекој што се справува со депресија обично знае што може да му ја намали болката. Тие знаат дека кофеинот и шеќерот, или пак некои лекарства можат да му го подобрат расположението. Всушност, овие луѓе треба да вложат многу напор за да се чувствуваат подобро. Кај нив ситуацијата не е толку едноставна како пиење апче за главоболка.rn

    5. Често размислуваат за животот и смртта

    rnЛуѓето со депресија многу често се соочуваат со нивната смртност во моментите на очај кога бараат одговор за некои од најдлабоките прашања. Тие минуваат од едни лоши мисли кон други. Се разбира, не сите луѓе со депресија се справуваат со суицидни мисли, но повеќето од нив го имаат и овој проблем.rn

    6. Имаат необични начини на исхрана

    rnЛуѓето со депресија можат и воопшто да не јадат кога им е најлошо. Или пак, некои од нив јадат многу повеќе од обично во овие моменти.rn

    7. Имаат необични навики за спиење

    rnЛуѓето со депресија спијат многу долго. Понекогаш за нив е невозможно да заспијат, а понекогаш ова е единственото нешто што можат да го прават. Тие се чувствуваат беспомошно, а ова ги спречува да прават многу работи.rn

    8. Обично имаат проблеми со идејата за напуштање

    rnАко некој ве напуштил, сигурно знаете колку е лошо тоа чувство. Но луѓето со депресија ова го чувствуваат уште посилно. Кога некој ќе ги напушти тие стануваат сè позатворени и потаинствени од страв да не ги напушти уште некој.rn

    9. Лесно смислуваат приказни за „прикривање“

    rnТие секогаш наоѓаат изговори и успешно ги прикриваат нивните проблеми. Знаат како да се извадат ако не ви се јавувале некое време. Секогаш ја менуваат темата ако ги прашате што е проблемот.rn

    10. Имаат навики што им помагаат

    rnПостојат неколку животни промени кои може да се направат со цел да се ослободи умот. Овие луѓе често вежбаат, слушаат музика, пешачат и слично, со цел да се ослободат од лошите мисли.rn

    11. Секогаш се трудат да изгледаат среќни

    rnЛуѓето кои страдаат од депресија знаат како да глумат разни расположенија. Тие речиси секогаш изгледаат среќни и сметаат дека ако ги кажат своите проблеми ќе им станат товар на другите.rn

    12. Бараат љубов и прифаќање

    rnОвие луѓе не ја кријат својата депресија бидејќи сакаат да лажат, тие едноставно ги заштитуваат своите срца. И тие сакаат да бидат прифатени како секој друг.rn

    13. Не можат да го „исклучат“ нивниот мозок

    rnМногу често луѓето со депресија претерано ги анализираат работите. Нивните мозоци се како сунѓери кои впиваат буквално сè што ќе им се случи.rn

    14. Тажни се кога некој друг е повреден

    rnКога гледаат дека некој друг како страда, луѓето со депресија страдаат уште повеќе. Ова многу често им предизвикува емоционална болка која понекогаш е неподнослива.rn

    15. Секогаш мислат на најлошите сценарија

    rnОвој начин на размислување е стресен, но понекогаш и корисен. Високата интелигенција често се поврзува со депресијата, па овие луѓе можат да се справат со многу проблеми.rnrnАко сметате дека страдате од прикриена депресија или познавате некоја ваква личност, веднаш побарајте или понудете помош. Борењето сами е тешко и речиси никогаш не е продуктивно. Вие не сте им товар на другите, и ако ви е потребна помош не плашете се да ја побарате.rnrnПогледнете и на кој начин луѓето ја прикриваат својата депресија.

  • 13 суптилни знаци дека вашата тага преминува во блага депресија

    13 суптилни знаци дека вашата тага преминува во блага депресија

    Ако сте нерасположени веќе неколку недели, вашата тага можеби е всушност блага депресија. Нормално е да се чувствувате лошо кога имате тежок ден, но не е нормално да се чувствувате така подолги временски периоди, особено ако не станувате од кревет и ги прескокнувате вашите омилени активности.rnrn13 суптилни знаци дека вашата тага преминува во блага депресијаrnrnВажно е да запомните дека тагата и депресијата не се едно исто. Според експертите, тагата е предизвикана од страна на еден или повеќе настани кои се тешки, страшни, болни или разочарувачки. На пример, можно е да бидете тажни по раскинување или по неуспех на работното место. Тоа е тага и станува збор за нормална емоција што поминува.rnrnОд друга страна, пак, депресијата оди подлабоко и е подолготрајна. Таа може да е поврзана со некој одреден настан, но и не мора. Депресијата ве обзема целосно и ги затемнува вашите мисли, чувства и однесување. За да бидете дијагностицирани со депресија, треба да имате 5 или повеќе од следниве симптоми…rn

    1. Цел ден спиете

    rnМожно е да сте уморни, но и депресијата предизвикува истоштеност. Можно е да спиете подолго од вообичаено или да се будите со потешкотии. И покрај тоа што сте лежеле во кревет цели 20 часа, вие сѐ уште се чувствувате уморно.rn

    2. Не спиете доволно

    rnДепресијата може да оди и во спротивна насока и да предизвика несоница. Може да спиете многу или да не спиете воопшто. Ако навечер лежите будни и зјапате во таванот цела ноќ, депресијата може да е причината за тоа.rn

    3. Не можете да престанете да јадете

    rnВо ред е да грицкате одвреме-навреме, но депресијата може да направи да се чувствувате ненаситни. Ако не можете да престанете да јадете глупости, особено ако сте гладни за храна што содржи многу јаглехидрати, треба да знаете дека тоа е знак на проблеми со вашето психичко здравје.rn

    4. Се чувствувате безвредно

    rnТагата може да ви го спушти расположението неколку дена, но депресијата ќе ве држи на дното. Можно е да се чувствувате безвредно и да мислите дека засекогаш ќе ви биде тешко. Исто така, можеби ќе помислите дека никој не сака да биде во ваша близина и дека никој не се грижи за вас.rn

    5. Не сте расположени

    rnДепресијата можеби нема да ве фрли во очај, но може значително да ви го влоши расположението. Не мора секоја секунда да бидете тажни, но поголемиот дел од денот ќе се чувствувате депресивно и безнадежно. Речиси сѐ станало сиво.rn

    6. Побавни сте

    rnДепресијата предизвикува еден вид „психомоторна ретардација“ што може многу да ве забави. Менталните задачи, како што е одговарањето имејлови, ќе ви одземаат многу енергија. Физичките активности како што се миењето заби или возењето во автобус ќе ви делуваат премногу тешки. Некои луѓе опишуваат дека се чувствуваат како да носат огромен товар додека се обидуваат да го поминат денот или како да чекорат по жива кал.rn

    7. Не се чувствувате добро

    rnАко се чувствувате лошо, но не знаете зошто, можеби депресијата е виновникот за тоа. Исто така, можно е да имате проблеми со чести главоболки, болки во стомакот и болна рамнодушност (летаргија).rnrn13 суптилни знаци дека вашата тага преминува во блага депресијаrn

    8. Не сте повеќе заинтересирани за секс

    rnСексуалната желба се зголемува и намалува и тоа е сосема во ред. Но, ако порано сте уживале во сексот, а сега едноставно не сте заинтересирани за него, обрнете внимание на овој симптом. Намалената сексуална желба е знак на депресија.rn

    9. Секогаш сте нервозни

    rnДепресијата може да доведе до анксиозност, лутина и нервоза. Ако забележите дека многу често избувнувате и станувате гневни поради ситни грешки и недоразбирања, можно е да имате проблеми со депресија.rn

    10. Сте се изолирале

    rnКога луѓето се тажни, најчесто сакаат да се видат со пријателите за да се развеселат и да заборават на проблемите. Но, тоа не важи за депресијата. Можно е да не се појавувате на работа или на училиште или да престанете да се гледате со пријателите и семејството. Ако цело време сте дома и не сакате да одговарате на повиците и да излегувате со друштвото, тоа не е добар знак.rn

    11. Не сте разумни

    rnАко претерувате со вашите мисли и обвинувања и мислите дека никој не ве сака и дека животот е за никаде, тоа е знак на депресија. Кога луѓето се депресивни, нивниот начин на размислување не е логичен, реален и корисен. Ако сте тажни, тогаш ќе можете да ја задржите логиката во вашите мисли.rn

    12. Не можете да се сконцентрирате

    rnДепресијата навистина може да си поигра со вашиот мозок и да го направи неспособен за концентрирање. Ако имате блага депресија, можно е да залутувате со мислите на работа или да заборавате што сте сакале да кажете среде реченица.rn

    13. Сте заборавиле како да се забавувате

    rnАко не се смеете повеќе, не посветувате внимание на вашите хобија и не излегувате со пријателите, тоа е еден од симптомите на депресија. Речиси ништо не ви причинува задоволство. Неспособноста да се почувствува задоволство се вика „анхедонија“ и тоа е симптом специфичен за депресијата, а не за тагата.rnrnДоколку се пронајдовте во некои од овие знаци, не двоумете се дали да побарате помош. Јавете се на некој терапевт или разговарајте со пријателите. Депресијата може да се излечи, само треба да го направите првиот чекор.rnrnПрочитајте ги и следниве 7 работи кои ги прават луѓето кои ја маскираат својата депресија.

  • Ослободете се од депресијата на природен начин и без лекови

    Ослободете се од депресијата на природен начин и без лекови

    Забрзаното темпо на живеење и сѐ поголемиот стрес се најголемите причини зошто голем број луѓе патат од депресија. И додека антидепресивите може да бидат единственото решение кога работите ќе излезат од контрола, ви откриваме неколку доста ефикасни начини како да се изборите со депресијата. Антидепресивите може да предизвикаат бројни несакани последици, во крајност дури и зависност, па затоа најдобро е прво да пробате да си помогнете на следниве алтернативни начини.rnrn2-oslobodete-se-od-depresijata-bez-zemanje-lekovi-www.kafepauza.mk_rn

    1. Квалитетен сон

    rnДоколку се борите со депресија, би требало да се погрижите да спиете доволно. За да можеме да функционираме нормално во текот на денот, потребни се најмалку 7 часа квалитетен сон. Спиењето и депресијата честопати се поврзани, а истражувањата покажале дека токму недостатокот на сон може да довде до депресија. Од друга страна, несоницата е една од честите симптоми на депресија. За да си овозможите мирен и цврст сон, обидете се да медитирате или изберете некои други техники за опуштање пред да заминете на спиење.rn

    2. Вежбање

    rnНа луѓето кои патат од депресија често им недостига мотивација, па затоа одењето во теретана и не е наједноставната работа на светот. Меѓутоа, важно е да бидете упорни и самите да се притискате. Вежбањето го подига нивото на ендорфин во телото, хормон кој е заслужен за доброто расположение и може да ви помогне да ги исфрлите насобраните фрустрации и да заборавите на негативните мисли.rn

    3. Сончева светлина

    rnИстражувањата покажале дека само 15 минути поминати на сонце може позитивно да влијае на нашето расположение. Токму затоа во лечењето на депресијата често се користи и терапија со светлина која се покажала како доста ефикасна. Без разлика на годишното време, доколку имате проблеми со депресија и анксиозност поминувајте повеќе време надвор, особено во текот на сончевите денови.rnrn3-oslobodete-se-od-depresijata-bez-zemanje-lekovi-www.kafepauza.mk_rn

    4. Медитација

    rnНе само што го редуцира нивото на стрес и ја подобрува концентрацијата, постојат докази и дека одредени облици на медитација помагаат во лечењето на депресијата. Медитирањето воопшто не е тешко, само треба да бидете упорни. Сместете се во мирна и тивка просторија, седнете на подот и само дишете длабоко. Бидете фокусирани на своето дишење и обидете се да не мислите на ништо.rn

    5. Пишување

    rn„Исфрлањето“ на мислите на лист хартија, исто така, се покажало како доста ефикасен начин за борба со депресијата. Тоа е начин да ги исфрлиме потиснатите емоции и да се соочиме со нив. Исто така, може да ни помогне подобро да сфатиме кои работи нè мачат, што точно нè нервира и што ни влијае негативно на расположението.rn

    6. Пријатели

    rnСоцијалната изолација е еден од симптомите на депресија и истата дополнително ја влошува, па затоа обидете се да бидете опкружени со позитивни и весели луѓе. Уживајте во активностите кои ги сакате, придружете се на некоја заедница што ги споделува вашите интереси и страсти и слично. Може дури и да се поврзете со други луѓе кои патат од депресија. Придружувањето на таквите групи е одличен начин за запознавање нови луѓе и создавање нови односи.rn

    7. Психотерапија

    rnВо краен случај, ако ништо друго не помага, а депресијата е сѐ поголема, разговорот со стручна личност може да биде најдоброто решение. Не плашете се да му признаете на вашиот доктор дека патите од депресија, но немојте веднаш да се согласите на антидепресиви. Благата депресија честопати може да се излечи со неколку терапија низ разговор. Пред земање антидепресиви задолжително испробајте неколку природни и многу поздрави начини за лечење на депресија.rnrn1-oslobodete-se-od-depresijata-bez-zemanje-lekovi-www.kafepauza.mk_rnrnНо, секогаш е добро да се информирате на време, па затоа ви препорачуваме да погледнете какви видови депресија постојат.

  • 5 видови депресија за кои треба да бидете добро информирани

    5 видови депресија за кои треба да бидете добро информирани

    Иако лошо е чувството кога не сте расположени, оние кратки моменти на тага не можат ни да се споредат со депресијата. Ова нарушување може да води до екстремен замор и толку силна тага што спречува уживање во кои било работи што личноста ги сакала. Постојат неколку видови депресија. Потребно е да ги познавате овие 5 вида за да знаете што се случува доколку вие, или некој што го познавате, страда од депресија.rn

    1. Клиничка депресијата

    rn(1)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnКлиничката депресија е сериозно нарушување на расположението и се појавува кај 20% до 25% од возрасните во некој период во животот. Ако не е третирана, клиничката депресија може да трае неколку недели, месеци, па дури и години. Таа пречи во секојдневните задачи, вклучувајќи ги работата, училиштето, јадењето и спиењето. Некои од симптомите се недостаток на енергија, несоница, чувство на вина и безвредност. Исто така може да предизвика намален интерес за дружење со пријателите и семејството, па дури и да влијае на промена во телесната тежина. Важно е да посетите лекар доколку некои од овие симптоми ви звучи познато.rn

    2. Дистимија

    rnSad womanrnrnОвој вид има слични симптоми како и клиничката депресија. Луѓето кои страдаат од дистимија имаат постојано чувство дека депресијата им поминува, па повторно им се враќа. Не е толку сериозна како клиничката, но обично трае подолго. Луѓето кои страдаат од овој вид може да бидат навистина нервозни и имаат шанси да развијат и клиничка депресија. Иако нема начин да се спречи, комбинацијата од лекови и терапија е обично добар третман.rn

    3. Постпородилна депресија

    rn(3)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnЖените кои родиле, може да го искусат овој вид депресија или неколку денови после породувањето, или пак неколку месеци подоцна. Овој вид обично предизвикува екстремна тага, замор и анксиозност. Жените може да плачат без причина, да спијат повеќе и може да имаат проблеми да се поврзат со нивното дете. Ако не се третира, може да трае со месеци, па дури и со години. Третманите обично вклучуваат терапија со антидепресиви или советување. Ако чувствувате некој од овие симптоми после вашето породување, веднаш отидете на лекар за да ја добиете потребната грижа.rn

    4. Сезонска депресија

    rn(4)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnСезонската депресија најчесто се појавува во зимските месеци. Луѓето кои страдаат од ова нарушување многу често имаат променливо расположение, се чувствуваат тажно и анксиозно во текот на студените месеци. Сезонската депресија може да ја зголеми желбата за храна полна со јаглехидрати, како леб или тестенини. Додека може да се појави кај секого, најчеста е кај жените и мажите на возраст од 15 до 55 години. Причината за нејзината појава не е целосно јасна, но најверојатно е поради недостатокот на сончева светлина. Терапија со светлина, антидепресиви и советување може да помогнат во справување со неа.rn

    5. Функционална депресија

    rn(5)5-vidovi-depresija-koi-treba-da-gi-znaete-kafepauza.mkrnrnДепресијата не е секогаш лесно да се забележи. Всушност, некои луѓе кои страдаат може да изгледаат навистина среќно и успешно. Но, зад затворени врати им е навистина тешко. Ова нарушување е познато како функционална депресија. Ова е ментална болест со која луѓето можат да ги извршуваат секојдневните обврски иако се чувствуваат депресивно. Најчесто се појавува кај жени кои тежнеат кон совршенство. Не е лесно да се препознае, но постојат некои показатели како нервоза, чудни шеги или постојана психичка отсутност. Медитација, разговор со лекар и лекарства можат да помогнат. Ако мислите дека го имате ова нарушување, не плашете се да побарате помош.rnrnПогледнете и како луѓето кои страдаат од депресија ја маскираат оваа болест.

  • Што треба да знаете пред да пробате природни лекови за депресијата?

    Што треба да знаете пред да пробате природни лекови за депресијата?

    Депресијата е една од најраспространетите болести. Додека природниот начин на лекување може да звучи примамливо, експертите препорачуваат дека „природните лекови“ не треба да ја заменуваат медицинската интервенција. Природните додатоци и витамини, како што се кантарион, куркума па дури и некои есенцијални масла се покажале како добри за подобрување на расположението, но нивното долгорочно дејство сè уште не е докажано.rnrn(3)shto-treba-da-znaete-pred-da-gi-probate-prirodnite-lekovi-za-depresija-kafepauza.mkrnrnПостојат некои докази кои покажуваат дека има алтернативни решенија, како на пример омега 3 масните киселини, но и тоа не е доволно потврдено. Природните лекови не само што не се поддржани со медицински докази, туку можат и да бидат опасни. Луѓето обично сметаат дека кога некој лек е природен мора да биде побезбеден од обичните лекарства. Ова не е секогаш точно бидејќи лековите кои се препишуваат се подложени на тестови за безбедност и се препишани од лекар кој ги знае потребите на пациентот. Од тоа можеме да заклучиме дека „природното“ не е секогаш и „безбедно“. На пример, арсенот е природен, но истовремено и многу опасен. Природните лекови можат да имаат негативни реакции во комбинација со други лекарства. Постојат неколку случаи кога природните лекови, особено кантарионот, негативно влијаеле на терапијата за ХИВ, трансплантација на органи и средствата за контрацепција. Додека оваа билка често се користи за третирање на депресијата, таа може да предизвика синдром на серотонин, опасна акутна состојба.rnrn(1)shto-treba-da-znaete-pred-da-gi-probate-prirodnite-lekovi-za-depresija-kafepauza.mk.jpgrnrnПриродните лекови може да се користат за блага депресија, но во посериозните случаи за пациентите е најдобро да побараат помош од лекар. Луѓето кои страдаат од депресија веќе се изложени на ризик од самоповредување, но оние кои одбиваат медицински третман или пак го заменуваат со природни лекови, се изложени на уште поголем ризик. Ризикот кај луѓето кои ги одбираат природните лекови е тоа што не го добиваат третманот кој е ефективен и нивната депресија може да се влоши. Лековите може да имаат и несакани ефекти, но тие значително ги намалуваат симптомите, особено кај посериозните случаи.rnrn(2)shto-treba-da-znaete-pred-da-gi-probate-prirodnite-lekovi-za-depresija-kafepauza.mkrnrnДури и ако пациентот не се чувствува подобро веднаш по почнувањето на терапијата, професионалната поддршка може значително да го намали ризикот од самоубиство. Ако страдате од депресија, вашата безбедност нека ви биде приоритет, а ова значи барање помош од професионалец и никогаш да не земате „природни“ лекови без претходно советување.rnrnПогледнете и неколку јога пози кои ги намалуваат симптомите на депресија и се безбедни.

  • 7 знаци на депресија кои луѓето не ги забележуваат

    7 знаци на депресија кои луѓето не ги забележуваат

    На сите луѓе им се случило да се почувствуваат понерасположено од вообичаено и сите поминале низ депресивни периоди во животот. Кај некои поединци овие фази траат подолго и се поизразени, но кај некои тие се кратки и незабележливи. Сепак, доколку поминувате низ тежок период постојат неколку работи кои ве „издаваат“, но луѓето околу вас најчесто не забележуваат дека се однесувате на таков начин затоа што минувате низ депресивна фаза. Во продолжение прочитајте за што станува збор…rnrn7 знаци на депресија кои луѓето не ги забележуваатrn

    1. Не сте мотивирани да ги довршите работите

    rnМислењето дека депресијата подразбира многу плачење е сосема погрешно. Депресијата е всушност отсуство на емоции. Станува збор за многу ужасно и „тапо“ чувство. Се чувствувате како сите внатрешни емоции да ви се извадени и мора да глумите некако. Оваа празнина многу ги отежнува работите, бидејќи мозокот постојано ви вели „Која е поентата?“.rn

    2. Не одговарате веднаш на пораките

    rnИсчезнувате од врските и тоа не само од љубовните. Едноставно ве снемува. Не знаете како да објасните што ви се случува без да повредите нечии чувства.rn

    3. Многу спиете

    rnНо, не спиете кога треба. Луѓето кои се депресивни страдаат од несоница. Постојано сте исцрпени и многу често дремнувате. Понекогаш спиете затоа што навистина сте уморни, а понекогаш затоа што спиењето ви се чини како единственото нешто што можете да го направите.rnrn7 знаци на депресија кои луѓето не ги забележуваатrn

    4. Ги пропуштате шансите што отсекогаш сте ги посакувале

    rnОткажувате дружби и социјални настани. Не ја прифаќате одличната понуда за работа. Се криете дури и тогаш кога посакувате да не го правите тоа. Дел од вас чувствува дека не заслужува среќа. Друг дел од вас мисли дека ќе најдете начин да уништите сѐ, па затоа најдобро е да кажете не.rn

    5. Пробувате сами да се лекувате

    rnЛекувањето не е секогаш поврзано со алкохол и дрога. Вежбањето со часови на лентата за трчање исто така може да биде еден вид лекување. Можеби маратонското гледање серии ви нуди можност за бегство. Ако станува збор за нешто што премногу го користите, тогаш тоа е вашиот порок. Знаете дека тоа не е најздравиот начин за да се соочите со депресијата, но ви треба нешто за да го преживеете денот.rn

    6. Делувате рамнодушно

    rnТоа не е така затоа што не се грижите за вашите пријатели и за она што се случува околу вас. Вие навистина се грижите до некаде, но вашата депресија ви го отежнува тоа. Сѐ е само една голема празнина.rn

    7. Се однесувате како да е сѐ во ред

    rnМожеби не сте подготвени за прашањата поврзани со вашето здравје и моментална состојба. Некои луѓе не знаат како да ја разберат депресијата. Некои се плашат. Некои се однесуваат како да се работи за заразна болест. Вие само се обидувате да преживеете без да правите голема драма од сето тоа.rnrnДознајте и кои 7 работи ги прават луѓето кои ја маскираат својата депресија.