Родендените се депресивни. На тој ден сфаќате колку малку луѓе се грижат за вас. Сфаќате колку малку ве познаваат луѓето кои се грижат за вас. Сите имаат некакви очекувања за вашиот роденден и се однесуваат како да е нивен. Никогаш не го добивате тоа што сте го сакале. Ако решите да не славите, луѓето секогаш се појавуваат ненајавени. Ако кажете дека не сакате подароци, и навистина го мислите тоа, луѓето ви подаруваат нешто многу скапо и сосема погрешно. Ако кажете што сакате, никогаш не го погодуваат вистинскиот подарок.rnrn
rnrnЗа него роденденот беше само уште една обврска што мораше да ја заврши за да ги исполни туѓите очекувања. Требаше да глуми изненаден поради тоа што најблиските му подготвиле роденденска забава без негово знаење. Требаше да глуми дека му е драго што ги гледа сите тие луѓе на едно исто, иако некои од нив не можеше ни да ги поднесе. Требаше да глуми дека му се допаѓаат подароците што ги добил, иако ниту еден од нив не му е погоден. Требаше да глуми дека таа вечер не би сакал да прави ништо друго освен да биде со своите најблиски.rnrnЗнаеше дека не му мислат ништо лошо. Знаеше дека го сакаат и го ценеше нивниот труд. Но, тоа што го правеа за него не беше она што му треба. Тоа што го правеа го принудуваше да стави маска на задоволен, силен и исполнет човек. Маска на среќен човек. Маска што ќе ја скрие неговата рамнодушност и неспособност да почувствува каква било емоција.rnrnНе можеше да ја извади маската иако очајно сакаше. Се плашеше дека ќе биде погрешно разбран. Се плашеше дека ќе му речат дека драматизира, дека е неблагодарен и дека нема причина да биде несреќен. Се плашеше дека ќе почнат да го споредуваат со некои луѓе кои имаат помалку од него, но сепак се среќни и задоволни. Се плашеше дека ќе звучи патетично.rnrnКако да му кажеш некому дека не ти е гајле за него? Како да кажеш некому дека не можеш да почувствуваш ништо? Сакаш, но не можеш. Наместо тоа, тој реши да носи маска на силен човек кој може да ги издржи сите потешкотии. Човек кого другите го земаат за пример и му се восхитуваат поради храброста, силата и интелигенцијата. Но, веќе беше изморен од тоа. Сето тоа мислење и грижење за туѓите потреби го истошти. За прв пат во својот живот реши да се стави себеси на прво место.rnrnСи замина од забавата без збор. Мораше да се ослободи од судбинските окови. Не сакаше да живее според туѓи правила и очекувања. Животот во кој беше фрлен без да биде прашан не ги исполнуваше неговите суштински потреби. Неговиот сон талкаше некаде во длабочините на мистериозниот универзум. Се измори и не можеше повеќе да се преправа дека не е така.rnrn
rnrnНеколку часа по полноќ. Немаше жив човек на мостот. Ѕвездената светлина полека згаснуваше во придушениот трепет на небесните памукчиња. Неговиот поглед беше закован за водната шир. Непокорливите бранови го следеа ритамот на неговите очи. Беше смирен, бидејќи имаше донесено цврста одлука во која воопшто не се сомневаше. Реши да стане слободен човек. Реши да се одмори од сето тоа преправање и да му стави крај на животното незадоволство за кое немаше апсолутно никаква причина.rnrn„Што правиш тука во ова време? Да не мислиш да се фрлиш?”, еден рапав глас ја разбранува мртвата тишина.rnrn„Не е твоја работа”, мирно одговори незадоволниот човек.rnrn„Дете, ај не се глупирај и оди си дома.”rnrnЧовекот се сврте во правецот од каде што доаѓаше гласот. Виде стар бездомник со вреќа полна партали. Му упати страшен и сериозен поглед кој велеше „Остави ме, не можеш да ми помогнеш. Никој не може да ми помогне”. Бездомникот никогаш немаше видено помрачни сини очи.rnrn„Добар си?”, праша бездомникот.rnrnНикогаш никој не му го имаше поставено ова прашање толку загрижено и искрено. Секојдневното „Како си?” не можеше да се спореди со ова, бидејќи луѓето му го поставуваа туку-така, без да очекуваат вистински одговор.rnrn„Не сум добар”, му одговори како да чекал со години некој да му го постави ова прашање.rnrnМу раскажа сѐ. Ја симна маската и го покажа своето вистинско лице на безнадежен човек кој изгубил волја за живот. Не мораше да се преправа. Беше целосно искрен. Соголен.rnrnКако што изгреваше сонцето, така тој стануваше слободен човек. Никогаш претходно го немаше дочекано изгрејсонцето. Џиновскиот портокал гордо се издигнуваше на небото. Прв пат гледаше такви бои. Каква убавина!rnrnПонекогаш обичниот разговор може да спаси живот. Едноставните прашања како што е „Како си?” во себе кријат голема длабочина и не треба да се занемаруваат. Редовно поставувајте им го ова прашање на вашите најблиски и немојте да претпоставувате дека се добро, само затоа што гледате насмевка на нивното лице. Депресијата може да се јави во многу видови и не подразбира секогаш плачење и изолација од светот. Постојат луѓе кои успеваат да функционираат нормално иако секое утро се мачат да најдат причина за да станат од кревет.rnrnПонекогаш депресијата се појавува толку подмолно што никој не може да ја забележи додека не стане предоцна. Не дозволувајте да стане предоцна и бидете тука за вашите најблиски. Почнете со тоа што ќе ги прашате дали се добри. Им го поставивте денес тоа прашање?rnrnЗа да добиете повеќе информации на оваа тема, прочитајте ги 7-те работи што ги прават луѓето кои ја маскираат својата депресија.
Tag: депресија
-

„Добар си?“: Едноставно прашање што го спаси човекот без волја за живот
-

8 симптоми на скриена депресија кои може да се појават кај секого
Депресијата е сериозна болест. Може да мислите дека само сте уморни, несвесно да ја прекривте состојбата со премногу работење, или пак да се преправате дека сте среќни. Тагата, демотивацијата, губењето физичка сила, се само некои од карактеристиките на оваа болест. Само лекар може да ви ја даде точната дијагноза, но некои од следниве симптоми можете да ги забележите и самите.rnrn
rn1. Филозофски мисли
rnЛуѓето кои страдаат од скриена депресија обично разговараат за филозофски теми и користат апстрактни реченици. „Овие работи секогаш ми се случуваат мене…“ наместо „Не спијам доволно.“ „Ова нема смисла…“ наместо “Може да пробам со нешто друго.“ Како некое правило, луѓето со депресија сакаат да зборуваат за значењето на животот, и често го прават тоа. Нивните зборови може да бидат апстрактни и нејасни. Психолозите велат дека колку поконкретни се нечии мисли, толку се и поголеми шансите тој/таа да биде среќен/среќна.rn
2. Барање изговори
rnЛуѓето со депресија често користат изговори за да ги прикријат нивните вистински желби и тага. На пример, често ќе смислат многу добра приказна за тоа зошто не можат да дојдат на роденденот на некој пријател, или пак зошто не можат да отидат на ручек со колегите. Убедливите изговори им се како маска бидејќи не сакаат да ги вознемируваат другите со нивната емоционална состојба.rn
3. Недостаток од соодветни реакции
rnОние со депресија ја гледаат реалноста на поинаков начин. Тие може да се сложуваат со секого, да престанат да ги кажуваат своите мислења, да не забележуваат работи или пак воопшто да не чувствуваат болка во стресни ситуации, како на пример некој смртен случај.rn
4. Психосоматски нарушувања
rnКога се во депресија, луѓето обично се жалат на болка во срцето, напнатост во рацете и нозете, потешкотии при дишењето, главоболки, болки во забите и други симптоми. Кога ќе отидат на лекар, резултатите покажуваат дека сè е во ред. Чувствувањето болка може да укажува на нестабилност. Болката предизвикува анксиозност и напнатост, а сето ова се претвора во еден циклус и личноста страда од психосоматска болка.rn
5. „Ментално џвакање“
rnКога се во депресија, луѓето може да се опседнат со некои работи. Знаат дека бараат одговор, но овие опсесивни мисли нема да им ги решат проблемите. Наместо тоа, овие луѓе си создаваат илузија дека се обидуваат да најдат решение. Лесно е да забележите ако некој близок страда од опсесивни мисли. Често овие луѓе се отсутни, разговараат само за еден проблем, и наместо да делуваат, само зборуваат за проблемот.rn
6. Несреден изглед
rnДепресијата влијае и на изгледот на една личност. Ако некој престане да ја одржува својата хигиена или хигиената во домот, треба да се запрашате дали тој е во ред. Ова особено важи за луѓето кои се познати по нивната педантност.rn
7. Промена во продуктивноста
rnИ овој знак е лош. Ако некој не може да се справи со секојдневните рутински обврски, заборава информации, често е уморен и смета дека бесцелно работи, сигурно има некој проблем. Важи и спротивното. Ако претходно неактивна личност почне премногу да работи, и тоа е знак за проблем. На овој начин луѓето со депресија се обидуваат да избегаат од нивните чувства и да најдат некакво значење во нивниот живот.rn
8. Голема среќа
rnЛуѓето често ја кријат својата депресија зад доброто расположение. Поради ова, тие може да изгледаат како најсреќните луѓе на светот. Тие избегнуваат сериозни разговори и прават шеги од тешките теми. Обидете се да ги разберете и да им помогнете со долг и доверлив разговор.rn
Како да си помогнете себеси и на другите?
rn
- rn011
- Ако сметате дека некој од вашите блиски страда од депресија, обидете се да разговарате со нив. Понудете ја вашата помош. Ако ве одбијат, оставете ги некој период и набљудувајте го нивното однесување.
- Немојте да ги игнорирате проблемите на пријателите и роднините и никако не се шегувајте. Фразите како „Расположи се“, „Престани“ или „Смири се“ немаат никаков ефект во оваа ситуација.
- Помогнете им со домашните обврски и секојдневните задачи. Депресијата користи голем дел од емоционалната и физичката сила на луѓето.
- Не ја терајте личноста во депресија да води активен живот ако не е подготвена за тоа.
- Земајте паузи ако сте во врска со личност во депресија за да не ја придобиете нивната состојба.
- Заборавете на митот дека нема потреба од лекар. Побарајте професионална помош.
- Бидете внимателни. Секоја насмевка или совршена објава на Инстаграм може да крие сериозни проблеми.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnПогледнете ги и работите кои ги прават луѓето за да ја маскираат својата депресија.
-

Интервју што ќе ви ги отвори очите: Џим Кери ја открива вистината за неговата битка со депресијата
Актерот Џим Кери е познат по неговите комични ликови кои секогаш успевале да извлечат насмевка од нашето лице, но и по многубројните сериозни улоги во филмови како што се „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“ (The Eternal Sunshine of a Spotless Mind) и „Бројот 23“ (The Number 23). Сепак, малкумина знаат дека овој извонреден глумец долго време страдал од депресија. Тој отворено зборува за неговата битка во најновото интервју.rnrn
rn„Не сум депресивен во овој момент. Не сум во состојба на депресија. Страдав од неа со години, но сега, кога ќе падне дожд, тој само паѓа, не се задржува. Повеќе не се задржува доволно долго за да ме потопи и удави“, изјавил Џим Кери.
rnКери го споделил неверојатното откровение до кое дошол после години слава. Сосема е бесмислено да ги минуваме нашите животи создавајќи и негувајќи одредени лични идентитети.rnrnСето тоа е последица на егото, желбата да се биде важен, да се биде некој и нешто. Во реалноста, ова посегнување по еден единствен идентитет ни носи само болка и страдање од 3 главни причини. Прво, тоа ја претставува разделбата помеѓу нас и сите останати битија што не ја почитуваат нашата својствена и меѓусебно поврзана природа. Второ, нѐ фрла во заблуда да мислиме дека работите не треба да се променат, дека ние не треба да се промениме. Трето, нѐ води далеку од нашата основна добрина, бидејќи нѐ тера да мислиме дека не сме доволно добри такви какви што сме, сега во моментов.rnrnПротивотровот за ова страдање лежи во ослободувањето од желбата да се биде „некој“.rn
„Чувството на целосност е многу поинакво од чувството на исполнетост со себе.“
rnЏим Кери многу убаво објаснил дека за да бидеме целосни, мора да престанеме да ја одржуваме сликата за „себе“.rn
„Луѓето постојано зборуваат за депресија. Разликата помеѓу депресија и тага е во тоа што тагата произлегува од нешто што ви се случило или не ви се случило, или жалењето по што и да е. Депресија е кога вашето тело ви вели ’Оди по ѓаволите, не сакам да го играм веќе овој лик, не сакам да го одржувам овој аватар што си го создал/а во светот. Премногу е тоа за мене“, објаснил Џим Кери.
rnЏим Кери смета дека во таквите случаи, на телото му треба да биде депресивно. Му треба да се одмори од ликот што сте се обидувале да го играте.rn
„Во мојот живот нема апослутно никаква депресија. Има тага, радост, занес, задоволство, благодарност и верба. Нo, сето ова е само време кое се врти околу планетата. Не се задржува во мене доволно долго за да ме убие. Тоа се самo идеи“, заклучил Џим Кери.
rnПогледнете го целото интервју со Џим Кери што дефинитивно ќе ви ги отвори очите и ќе ви помогне да ја разберете депресијата…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=wTblbYqQQagrnrnПрочитајте ги и овие неколку реченици кои совршено го отсликуваат чувството на депресија.
-

10 предупредувачки знаци дека вашата врска ве прави депресивни
Депресијата е чувство како постојано да сте под некој темен облак. Може да направи да се чувствувате навистина лошо, уморно и да немате интерес за ништо. Депресијата исто така предизвикува лоши мисли за вас, за другите и за вашата иднина. Таа може да биде предизвикана од недостаток на моќ, но причината може да биде и друга личност. Ако се чувствувате немоќно и повредено во врската, без разлика дали е постојано или поради некој настан, големи се шансите да бидете депресивни. Погледнете ги 10-те знаци кои покажуваат дека е можно вашата врска да е причина за вашата депресија. Немојте да ги игнорирате овие предупредувања за да можете да си помогнете навреме.rnrn
rn1. Се чувствувате доминирано
rnДепресијата може да се појави кога се чувствувате помало и помалку моќно од личноста со која сте. Не секоја разлика во моќ предизвикува депресија. На пример, кога родителот ја има моќта во здрава врска со неговото дете и ја користи таа моќ за да му помогне наместо да доминира, детето ќе биде во ред. Слично и работодавците имаат моќ над вработените. Но, во романтичната врска помеѓу двајца возрасни важно е моќта да биде иста наместо да постои нерамнотежа.rn
2. Се чувствувате критикувано
rnДавањето мислење не е проблем, но критикување е. Давањето мислење обично започнува со „Јас“, како на пример: „Јас се чувствувам нервозно кога другите те сметаат за привлечна“ или пак „Јас се чувствувам непријатно во врска со твојата нова облека бидејќи не знам дали ќе имаме доволно пари за сметки овој месец.“ Критиките од друга страна имаат тон на судење и тоа претставува проблем.rn
3. Партнерот ви кажува што да правите
rnДури и едноставна наредба како: „Подај ми го весникот“ може да иритира. Никој не сака да му биде кажувано што да прави, па ако ова се случува постојано, може да се појави депресија. Депресијата се појавува кога чувствувате дека вашата моќ не е важна. Кога партнерот постојано ви кажува што да правите, веројатно ќе се чувствувате како слуга. Кога сака да направите нешто, тоа треба да биде молба која ќе можете и да ја одбиете.rn
4. Партнерот се обидува да ве контролира
rnКонтролира над вашето слободно време, финансии, пријатели и излегувања, сето ова може да предизвика чувство на депресија. Ако ви се налути затоа што не сте ги измиле садовите или пак не сте ја средиле вашата облека, тоа може да биде знак дека партнерот се обидува да ве контролира. Ова однесување од негова страна може да предизвика чувства на депресија.rn
5. Вашиот партнер е „секогаш во право“
rnВо ред е партнерот да биде во право, сè додека не бара постојано да биде во право. Во овој случај тој никогаш нема да си ги признае грешките, а тоа е проблем. И ако вашиот партнер постојано е во право, тоа значи дека вие постојано грешите. Внимавајте на ова однесување.rn
6. Важно е само мислењето на партнерот
rnСлушањето во здравата врска е потребно бидејќи важни се мислењата и на двајцата. Ова важи без разлика дали мислите каде да јадете или каде да купите куќа. Ако вашето мислење никогаш не се зема предвид, постои ризик да се чувствувате немоќно и депресивно.rn
7. Вашиот партнер е во депресија
rnДепресијата е заразна. Кога некој страда од ова нарушување тој го гледа светот, вклучувајќи ве и вас, низ темни очила. Ако го прифатите гледањето на вашиот партнер, големи се шансите и вие да потонете емоционално.rn
8. Вашиот партнер лесно се иритира
rnОва значи дека многу лесно станува гневен. Гневот шири токсична негативна енергија, а оваа токсичност може да предизвика депресија. Навистина е вознемирувачко и непријатно да сведочите на гнев, особено ако е насочен кон вас.rn
9. Партнерот ве малтретира
rnМалтретирањето може да биде емоционално (со контролирање, нарекување имиња и критики) или пак физичко (туркање, удирање и слично). Секое од овие малтретирања е неприфатливо во врската. Импулсот да повредите некого е спротивен од импулсот на љубов, грижа и интимност. Малтретирањето, нормално, може да предизвика депресија. Секој вид ценење предизвикува добри чувства.rn
10. Партнерот не го завршува неговиот дел
rnПартнерот кој активно учествува во врската, кој ве сака и кој ви помага е совршен. Без разлика дали ви прави појадок или ви помага во домашните обврски, помагањето е секогаш знак на љубов. Но, партнерот кој не го завршува неговиот дел е пасивно провокативен. Иритацијата и гневот кои ќе ги чувствувате се поради тоа што сметате дека немате созреан партнер. Ова ќе направи да се чувствувате лошо и може да предизвика чувства на депресија.rnrnПогледнете ги и знаците кои укажуваат на токсична врска.
-

Најсилните жени многу често страдаат од високо функционална депресија
Не е лесно да се биде силна жена во денешното општество, а уште потешко е ако имате проблем со високо функционална депресија. Менталните болести се честопати потценувани иако не би требало. Луѓето со високо функционална депресија преживуваат секој ден како роботи. Речиси воопшто не чувствуваат радост и им се чини дека нивното постоење нема смисла. Тие не чувствуваат апсолутно ништо, а сепак можат да функционираат. Силните жени кои се соочуваат со овој проблем постојано имаат насмевка на лицето иако не чувствуваат внатрешен мир.rnrn
rnrnТие се обидуваат да останат силни поради нивното семејство и нивните блиски. Се чувствувате пријатно во нивно друштво и ви се чини дека нивниот живот е во совршен ред, но однатре, тие мораат да се борат многу повеќе одошто можете да си замислите. Постојано водат битка со самите себеси, обидувајќи се да продолжат да одат по патот што го одбрале и одбиваат да се препуштат на она што го чувствуваат и не го чувствуваат истовремено.rnrnОстануваат будни до доцна навечер и плачат, бидејќи не знаат дали ќе имаат сила да станат од кревет наредниот ден, но успеваат да го сторат тоа, бидејќи мораат. Чувствуваат голема болка, целото нивно тело и коски ги болат. И покрај тоа, тие се смеат и ставаат маска на среќна и исполнета личност за да не ги загрижат нивните сакани. Тие се мачат, но никој не го знае тоа. Се преоптоваруваат многу повеќе одошто би требало.rnrnТие се смеат иако не се среќни, бидејќи би требало да си поминуваат убаво. Продолжуваат понатаму како да немаат никаков проблем, бидејќи знаат дека ќе се сменат работите на подобро. Силните жени се свесни дека имаат поддршка од нивните блиски и покрај тоа што тие не знаат низ што поминуваат. Нивните сакани се единствената причина зошто тие продолжуваат да се борат.rnrnПонекогаш, само за момент се чувствуваат малку подобро и покрај нивната состојба. Се обидуваат да ги исполнат потребите на сите луѓе околу нив, поради што понекогаш се ставаат себеси на последно место. Се обидуваат да бидат најдобрата верзија од себе и покрај нивната болка и страдање.rnrnСилните жени можат да го подобрат светот и покрај тоа што се соочуваат со вакво тешко нарушување кое воопшто не е за потценување. Некои луѓе можеби ќе помислат дека овие жени не се толку силни бидејќи одбрале сами да поминуваат низ сето ова, но вистината е дека тие не се сами. Тие имаат сѐ што им треба. Некои херои не носат наметки.rnrnПонекогаш се премногу строги кон себеси, понекогаш се многу нервозни, но знаат кои се нештата што им значат и каде се наоѓаат во животот. Знаат дека имаат проблем и дека единствениот начин да поминат низ тешкиот период е да влезат директно во пеколната дупка со насмевка на лицето и да чекаат да заврши. Токму тука се гледа нивната сила која е неизмерна и која ќе им помогне да излезат како победници од битката.rnrnПрочитајте ги и следниве 7 знаци за депресија кои не треба да ги игнорирате. -

Кој е најголемиот симптом на депресија што честопати се занемарува?
Сите ги знаеме очигледните симптоми на депресија, но постојат уште многу други работи поврзани со оваа состојба и повеќето од нив не се видливи за човечкото око. Дури и ден денес, многумина го занемаруваат најголемиот симптом што ја открива депресијата кај луѓето.rnrn
rnrnНајтешкиот дел од депресијата е осаменоста. Сите луѓе копнеат по остварување поврзаност. Дури и на поединците кои не сакаат да излегуваат и да се дружат им требаат пријатели. Депресивните луѓе понекогаш не можат да се натераат да вратат на нечија порака или да одговорат на повиците, а тоа се одразува негативно на нивните врски и пријателства.rnrnВи треба друштвото на луѓето кои ви значат, но се плашите да го побарате. Сметате дека не го заслужувате и мислите дека сте лоши пријатели, поради тоа што не сте биле тука за нив кога ве викале да излезете и да правите нешто. Поединците кои страдаат од депресија се соочуваат со длабоки конфликти.rnrnТие не сакаат да им пречат на другите, па затоа ги потиснуваат своите емоции и се чувствуваат виновно поради тоа што им треба друштвото на најблиските. Иако сакаат да кажат милион работи, не кажуваат ништо. Депресијата ги заробува во нивниот мозок и ги изолира од надворешниот свет.rnrnДепресијата ги опкружува со темнина во моментите кога најмногу им треба туѓата светлина. Ако никој не покаже интерес за нив, најверојатно ќе останат заглавени во сопствениот мрак. Осаменоста е еден од најчестите и најскриените симптоми на депресија. Депресијата ве оддалечува од сите луѓе околу вас, бидејќи не сака да заздравите. Таа е како чудовиште што се обидува да се храни од вас што е можно подолго.rnrnУште еден голем симптом на депресија, што честопати се заборава, е омразата кон самиот себе. Депресивните луѓе не само што се чувствуваат безвредно, туку и се критикуваат себеси на најлошиот можен начин. Тие мислат дека се виновни за сите лоши работи што им се случуваат. Ова чувство во комбинација со осаменоста доведува до катастрофа.rnrnМногу прекрасни луѓе паѓаат во челуста на ѕверот што го нарекуваме депресија. Некои од нив успеале да се извлечат, но многумина не добиле никаква помош. Оние коишто имале поддршка од луѓето кои одбиле да се откажат од нив, успеале да застанат на нозе и да ги остварат своите цели. Сознанието дека имате некој покрај себе може да направи огромна разлика! Бидете тука за вашите блиски што се сомневате дека страдаат од депресија и не кревајте раце од нив колку и да ја одбиваат вашата помош!rnrnПрочитајте ги и следниве 7 знаци за депресија кои не треба да ги игнорирате. -

6-те хороскопски знаци кои се најсклони кон депресија
Депресијата е често и сериозно нарушување кое предизвикува долготрајно чувство на тага, безвредност, анксиозност и губење интерес за секојдневните активности. Депресијата е нарушување кое може да се појави кај секого, и тоа од разни причини. Според астролозите, депресијата е поврзана и со нашиот хороскопски знак, па поради ова некои знаци се посклони кон депресија од другите. Најчесто овие знаци се почувствителни и поинтуитивни. Покрај тоа улога играат и неколку лични одлики, како ниска самодоверба, самокритичност, песимизам и слично. Погледнете за кои знаци станува збор.rnrn
rn1. Риби
rnРибите имаат најголеми шанси да страдаат од депресија. Тие се склони кон тоа да бидат маченици и да се жртвуваат. Овие луѓе се многу добри, но можат самите да се уништат, премногу да зависат од другите, а понекогаш и да изгубат допир со реалноста. Обично светот го гледаат преку „розови очила“ и нивниот поглед кон животот не е реален. Токму ова многу често ги остава разочарани. Кога Рибите се депресивни, тоа е најчесто поради тоа што не можат да го контролираат својот живот колку што сакаат. Сепак, тие секогаш одбираат да страдаат во тишина, дури и кога им е најтешко. За да ја избегнат депресијата, Рибите би требало да престанат да се жртвуваат и да не се обидуваат да ги задоволат сите околу нив.rn
2. Рак
rnРакот е уште еден знак кој е навистина склон кон депресија и тага. Овие луѓе се многу чувствителни, грижливи и сочувствителни. Но, често се чувствуваат како никој да не се грижи за нив. Бидејќи Раковите се „мајките“ во астрологијата, тие имаат потреба да бидат потребни и да бидат сакани. Потребно им е признание и внимание за да се чувствуваат среќно и сигурно во животот. Нивната депресија често е резултат на тоа што премногу се вклучуваат во животот на другите и тоа што не можат да ја контролираат својата тага. На Раковите им е навистина тешко да се отворат пред другите и да ги кажат своите потреби, па и тие одбираат да страдаат во тишина. Ова се разбира, резултира со депресија. Лекот за нивната тага е да се опкружат со луѓе и семејство кои ќе ги поддржуваат и кои ќе ги разберат нивните чувства.rn
3. Скорпија
rnСкорпиите се луѓе кои ги чувствуваат емоциите длабоко и интензивно, па не е ни чудно што се склони кон депресија повеќе од другите знаци. Скорпиите секогаш се емоционално вклучени во нивните врски. Ова значи дека ако нешто не е во ред во врската, тие веднаш стануваат тажни и анксиозни. Едни од најголемите причини за појава на депресија кај овие луѓе се осаменоста, загубата и разделбата. Сепак, Скорпиите никогаш нема да признаат дека се депресивни или ранливи бидејќи се плашат дека некој ќе го искористи ова против нив. За да ја избегнат тагата, важно е да научат да ги контролираат нивните интензивни емоции. Исто така ќе им биде од корист ако имаат пријател со кој ќе можат да ги споделат нивните најдлабоки мисли и чувства.rn
4. Јарец
rnЈарците се склони кон депресија поради неколку причини. Иако овие луѓе обично остануваат смирени и под голем притисок, кога нивните емоции не се искажани тие може да завршат со депресија. Јарците најчесто се со мрачно расположение и позатворен ум и речиси се навикнати на депресивни ситуации. Па, депресијата не е нешто сериозно за нив. Овие луѓе често се чувствуваат одговорни за сè и секого, и кога не ги достигнуваат нивните високи очекувања, чувствуваат вина, па стануваат депресивни. Тие треба да научат да си веруваат и себеси и на другите. Треба да одберат неколку блиски и верни пријатели со кои ќе можат да ги споделуваат своите чувства кога се тажни.rn
5. Близнаци
rnБлизнаците се комплицирани луѓе кои се склони кон интензивни емоции, без разлика дали се добри или лоши. Самото име на овој знак кажува дека тие имаат 2 различни страни на нивниот карактер. Близнаците се интелигентни, динамични и разговорливи, па стануваат депресивни ако се најдат во здодевна рутина, или пак ако се во позиција кога не можат слободно да зборуваат и да ги кажат своите идеи. Во поголемиот дел од времето, нивната бујна фантазија им помага да не се најдат во рутина, но дури и најкреативните умови може да се соочат со ова. Додека некои знаци преферираат да страдаат во тишина, Близнаците ја проектираат својата депресија на надворешниот свет или се справуваат со неа правејќи разни работи кои им го одвлекуваат вниманието.rn
6. Бик
rnИ Биковите се луѓе кои имаат големи шанси да страдаат од депресија. Овие луѓе го сакаат познатото и уживаат во рутинската удобност на нивниот живот. Најдобро се чувствуваат кога се дома или кога се опкружени со своите сакани. Кога кај нив ќе се појави депресијата, таа може да биде навистина интензивна. Тогаш овие луѓе спијат многу, склони се кон прејадување и сакаат да бидат оставени на мир. Сепак, дури и ако се чувствуваат премногу тажно и безнадежно, Биковите се многу приватни со нивните емоции и имаат многу мал круг луѓе на кои им веруваат. Готвењето или кој било вид ароматерапија може многу да им го подобри расположението кога се во ваква ситуација.rnrnДознајте кои се најлошите карактеристики на вашиот хороскопски знак и како да се справите со нив.
-

5 здравствени состојби со симптоми слични на депресија
Депресијата е нешто што сè почесто го гледаме во модерното општество. Сè повеќе и повеќе луѓе страдаат од неа, но ретко застануваме да размислиме што всушност е причината за тоа. Без разлика дали е резултат на некоја траума или се појавила без посебна причина, депресијата е навистина ужасна. Не само што останува долго, туку многу луѓе страдаат од неа. Депресијата е нешто што никој не би требало да го искуси.rnrn
rnrnПостојат многу работи кои резултираат со чувства слични на депресија, а понекогаш е и нормално да имате такви чувства. Некои здравствени проблеми можат имаат симптоми многу слични со оние на депресијата. Според едно истражување од 2012 година, околу 45% од пациентите со депресија не ги исполнувале условите за оваа болест. Тоа е речиси половина од дијагностицираните. Ова значи дека луѓето примаат лекови за депресија дури и кога не страдаат од неа.rnrnАко имате симптоми на депресија, не сте единствените. Но ова не мора да значи дека страдате од депресија. Во продолжение погледнете ги 5-те здравствени состојби чии симптоми се премногу слични на оние на депресијата.rn1. Недостаток од витамин Д
rnВитамините се неопходни за нашето здравје, но многу често забораваме на нив. Едно истражување покажало дека само во САД 3/4 од тинејџерите и возрасните имаат недостаток на витамин Д. Недостатокот од овој витамин прави да се чувствувате заморно, депресивно и тажно. Еден извештај направен од 14 разни истражувања покажал дека недостатокот на витамин Д ви ги зголемува шансите за развивање депресија.rn
2. Хипертироидизам
rnОваа состојба претставува прекумерна функција на тироидната жлезда и може да направи да се чувствувате депресивно. Симптомите кои се придружени со ова нарушување се депресија, замор, чувство на безвредност и раздразливост. Може да го отежни и извршувањето на наједноставните секојдневни активности. Во светот има околу 300 милиони луѓе кои страдаат од ова нарушување, па можеби и вие сте едни од нив. Проверете ја вашата тироидна жлезда пред да почнете терапија со антидепресиви.rn
3. Ниско ниво на шеќер
rnДури и ниското ниво на шеќер во крвта може да направи да се чувствувате безвредно. Гладот е примитивно чувство кое го „вклучува“ стресот, слично како и депресијата. Ако вашата исхрана не е добра, може да резултира со низок шеќер во крвта, а ова пак да го направи вашето расположение многу променливо.rn
4. Дехидратација
rnДехидратацијата може да направи да се чувствувате многу лошо. Според едно истражување, се покажало дека и благата дехидратација може значително да влијае на расположението. Лоренс Е. Армстронг, еден од научниците кои работеле на истражувањето изјавил:rn
„Нашето чувство за жед не се појавува сè додека не сме 1% или 2% дехидрирани. До тогаш дехидратацијата веќе започнала и влијае на перформансот на нашите ум и тело.“
rn
5. Недостаток од кофеин
rnДали пиете многу кафе? Ако одговорот е да, можно е да страдате од недостаток на кофеин. Кофеинот е како дрога и кога вашето тело ќе се навикне на него, а потоа ќе престанете да го внесувате, може да настанат некои компликации. Ова може да влијае на вашето расположение и да предизвика симптоми многу слични на депресија. „Расонувањето“ од еспресото може да има несакани ефекти како и секоја друга дрога. Пред да посегнете по антидепресиви, пробајте прво да го намалите внесувањето на кофеинот.rnrnДознајте кои се знаците за депресија кои не треба да ги игнорирате.
-

20 начини на кои поп културата ја прикажува депресијата на погрешен начин
Депресијата е многу посериозна состојба од тагата, бидејќи ги опфаќа сите аспекти од животот, меѓу кои и врските со луѓето, кариерата и физичкото здравје. Депресијата е дел од нашата реалност, па затоа популарната култура многу често се обидува да ја прикаже на телевизиските екрани. Актерите, сценаристите, режисерите и продуцентите се обидуваат да ја споделат нивната замисла за тоа како изгледа животот на луѓето со оваа болест.rnrn
rnrnИ покрај нивните обиди, холивудската слика за депресијата не е веродостоен приказ на тешката, хаотична и макотрпна реалност, туку романтизиран поглед на болеста. Доколку не сте уверени во тоа, следниве 20 примери ќе ви докажат дека Холивуд ја прикажува депресијата на сосема погрешен начин…rnrn1. Секогаш кога се прикажува лик кој страда од депресија, тој е претставен како да е неспособен да функционира во секојдневниот живот. Нема примери на живот со високо функционална депресија. Секако дека депресијата го нарушува нормалното функционирање, но постојат многу луѓе што поминуваат низ оваа ментална состојба и истовремено успеваат да ги извршуваат секојдневните обврски, без никој да забележи што им се случува.rnrn2. Филмовите ги прескокнуваат сите „здодевни“ или тешки делови од процесот на справување со депресија и ги прикажуваат само најдраматичните моменти. Можеби сцените во кои ликовите не можат да станат од кревет или едвај собираат енергија за да се исчешлаат не би биле многу интересни за на телевизија, но сигурно постои некаков начин за да се прикажат.rnrn3. Депресијата секогаш води до самоубиство. Можеби затоа што тоа е „подраматично“? Иако депресијата го зголемува ризикот од самоубиство, постојат депресивни луѓе кои немаат самоубиствени намери.rnrn4. Депресивните моменти секогаш се поттикнати од некој значаен настан во дејството. Нешто големо и трауматично се случува во животот на ликот и одеднаш тој има депресија. Секако дека депресијата може да биде поттикната од некои животни настани, но многу луѓе немаат причина за да бидат депресивни, туку едноставно им се случува тоа.rnrn5. Холивуд создава стереотипи за депресивните луѓе. Депресијата секогаш ги погодува мрачните и чудните ликови или пак „емо“ тинејџерите. Во реалноста, депресијата може да му се случи секому.rnrn6. Лесно можат да бидат забележани и препознаени луѓето со депресија. Секогаш можете да дознаете кои луѓе се борат со ова ментално нарушување. Сепак, не постои огромен знак до поединците кои имаат депресија. Луѓето очекуваат дека ако имате депресија, треба да изгледате и да се однесувате на одреден начин и доколку не ги исполнувате тие стереотипи, тогаш сигурно лажете за вашата ментална состојба.rnrn
rnrn7. Депресијата се покажува како привлечна особина, како нешто убаво и мистериозно што ја привлекува љубовта на другите луѓе. Само трагично убавите луѓе можат да имаат депресија. Тоа нема никаква врска со реалноста!rnrn8. Сите ликови што страдаат од депресија во холивудските филмови се бели. Депресијата може да ги погоди сите луѓе, без оглед на нивната раса или етничка припадност.rnrn9. Депресијата на големите екрани секогаш се прикажува како нешто убаво. Убави луѓе плачат на сликовит начин, зјапаат низ прозорецот на романтичен начин и секогаш изгледаат убаво. Треба да знаете дека депресијата е многу повеќе од убава девојка која плаче на црно-бела слика.rnrn10. Лековите, како што се антидепресивите, се прикажани како нешто ужасно што може да ги уништи емоциите на личноста, па затоа најчесто ликовите се советуваат дека треба да ги одбегнуваат. Не се прикажани придобивките од земањето вакви лекови. Ниту еден филм за депресија не е целосен без сцената во која ликот драматично ги фрла антидепресивите во тоалетна шолја.rnrn11. Депресивните луѓе ја бараат вистинската личност која ќе им помогне да си ги решат проблемите, да ги поправи и да им овозможи среќен живот. Многу е едноставно да се прикаже депресијата на ваков начин. Но, вистината е дека тоа е дел од животот со кој депресивните луѓе треба да се справат, а не да го игнорираат и да го прифатат како нешто нормално.rnrn12. Депресијата секогаш се лекува со помош на љубовта. Заборавете на терапијата и лековите! Сѐ што ви треба е љубов за да го победите ова ментално нарушување. За жал, работите се малку покомплицирани во реалноста.rnrn13. Само креативните луѓе, како што се музичарите, уметниците и поетите, може да страдаат од депресија. И тие најчесто одбиваат да се лекуваат, затоа што најдобро работат кога се депресивни.rnrn
rnrn14. Примерите на депресија секогаш кулминираат со голем нервен слом поради еден драматичен момент. Одеднаш депресивниот лик почнува да плаче, да крши огледала и да вреска на сиот глас. Во реалноста, депресијата полека се прикрадува во животот на луѓето и додека да ја забележите, таа веќе станала дел од вас.rnrn15. Ликовите со депресија секогаш кажуваат некоја излитена животна лекција што едноставно „мораат“ да ја споделат со публиката. Оваа лекција обично не може да ги долови сите страдања што ги предизвикува депресијата.rnrn16. Терапијата за депресија секогаш се претставува како нешто лесно и едноставно. Некој од ликовите посакал терапија? Нема проблем! Никогаш не се спомнува тоа како депресивните луѓе наоѓаат пари за терапија и како го наоѓаат вистинскиот психијатар.rnrn17. Ситуациите што ја претставуваат депресијата во филмовите и на телевизија се случуваат во краток временски период или во една епизода. Откако ќе се дискутира на таа тема, веднаш се заборава, како никогаш да не постоела во животот на ликот. Тешко е да се прикаже депресијата како борба што нема крај, барем на телевизиските екрани.rnrn18. Кога некој лик се прикажува како депресивен, неговото искуство се претставува како обична состојба на тага. Лутината, рамнодушноста, физичката болка, губењето интерес, неспособноста за концентрација, промените во навиките за спиење и сите други симптоми на депресија изгледа не се доволно интересни за да бидат прикажани на телевизија.rnrn19. Терапевтите и медицинските лица се претставени како бескорисни и недоволно информирани. Тешко е да се најде добар терапевт, но далеку од тоа дека сите психијатри се непрофесионални и неспособни.rnrn20. Терапијата се претставува како неверојатно брз процес, без никакви пречки на патот. Зар не би било прекрасно кога сите луѓе со депресија би можеле да го прифатат проблемот, да побараат помош и да го средат тоа за неколку недели?rnrnЗа да можете да го препознаете ова ментално нарушување, прочитајте ги следниве 7 работи што ги прават луѓето кои ја маскираат својата депресија. -

Стрес или депресија? Дознајте ја разликата
Поимите стрес и депресија многу често се користат како да имаат исто значење. Иако симптомите се слични, и едното често може да води до појава на другото, стресот и депресијата се две сосема различни состојби. Но понекогаш само професионалец може да ви открие дали страдате од стрес или пак од депресија.rnrn
rnШто е стрес?
rnСтресот е чувство на ментален и емоционален притисок. Најчесто е предизвикан од моменталната ситуација во вашиот живот кога ви се чини дека треба да се справите со повеќе отколку што можете. Може да станува збор за сметки кои не можете да ги платите, премногу материјал за учење, семејни проблеми, врска во која немате контрола и слично. Стресот е премногу блага состојба за да биде класифициран како нарушување, но многу лесно може да се претвори во тоа доколку не се справувате правилно со него. Да чувствувате малку стрес е нормално, а понекогаш дури е и од помош. Може да ве мотивира да преземете нешто, како на пример да го завршите проектот пред крајниот рок. Од друга страна, доколку сте изложени на премногу стрес, тоа има негативно влијание на вашиот целокупен живот.rn
Што е депресија?
rnДепресијата е многу потешка состојба од стресот и трае значително подолго. Таа е нарушување поради кое се чувствувате нерасположено поголемиот дел од времето. Се чувствувате несреќно, немотивирано и незаинтересирано за работите кои обично ви причинуваат задоволство. За разлика од стресот кој секогаш си има причина, депресијата може да се појави од нигде. Може да биде резултат на некое болно искуство, или пак да избие поради натрупувањето на многу потиснати и стари емоции. Поради нејзината ирационална природа, депресијата прави да се чувствувате како да немате контрола над ништо. Ако не се третира, оваа состојба може да биде навистина опасна и да предизвика суицидни мисли.rn
Кои се симптомите на стрес и депресија?
rnМногу е тешко да се разликуваат симптомите на овие две состојби. Понекогаш тие се совпаѓаат, па може да ви биде навистина тешко да одредите дали се справувате со стрес или со депресија. Но сепак, симптомите на депресија се секогаш поизразени и траат со недели и повеќе. Симптомите на стресот поминуваат по неколку денови.rn
Симптоми на стрес:
rn
- rn011
- Чувство на нервоза и гнев
- Чувство на преплавеност
- Проблеми со опуштање и спиење
- Проблеми со концентрација
- Изнемоштеност
- Чести главоболки
- Триење на забите
- Постојана грижа
- Губење интерес за социјален живот
- Чувство дека не можете да се справите со тешкотиите во животот
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Симптоми на депресија:
rn
- rn011
- Чувство на тага и безнадежност
- Изнемоштеност, недостаток на мотивација и енергија
- Чувство на постојан срам и вина
- Променливо расположение
- Промена во навиките за јадење, намалување или покачување на телесната тежина
- Мисли за самоубиство
- Проблеми со меморијата
- Проблеми со донесување одлуки
- Губење интерес за социјален живот
- Чувство дека не можете да се справите со тешкотиите во животот
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Кои се сличностите помеѓу депресијата и стресот?
rn
- rn011
- И двете состојби се случуваат различно кај секоја личност. Причината за нивната појава е различна кај секого.
- И двете имаат влијание на вашето расположение и енергија. Прават да се чувствувате лошо и изнемоштено.
- И двете состојби влијаат на вашиот сон. Може да предизвикаат несоница, или пак да спиете повеќе од вообичаено.
- Влијаат на вашиот апетит. Може да почнете да се прејадувате или пак, да изгубите секаков интерес за храна.
- Попречуваат на вашето нормално функционирање. Потешко ви е да се концентрирате и да ги извршувате вашите секојдневни обврски.
- Прават да изгубите интерес за социјалниот живот. Сакате да останете изолирани и не сакате да бидете блиски со семејството и пријателите.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Кои се разликите помеѓу стресот и депресијата?
rn
- rn011
- Причината за стресот секогаш е очигледна, додека депресијата може да се појави кога било.
- Стресот исчезнува кога се променува ситуацијата во вашиот живот. Депресијата може да остане и со години, без разлика на промените во вашиот живот.
- Стресот е предизвикан од сегашните настани, додека депресијата може да настане од емоции или проблеми од минатото.
- Ако не се лекува, стресот може да води до депресија или анксиозност. Ако не се третира правилно, депресијата може да предизвика суицидни мисли.
- Стресот е социјално прифатен, а понекогаш дури и охрабруван. Депресијата сè уште претставува табу тема.
- Малку стрес може да ви биде од корист. Но дури и благата депресија многу изнемоштува.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Како да се справите со стрес и депресија?
rnДобрите вести се тоа што и стресот и депресијата може да се излечат. Постојат многу начин да се справите со стресот, како решавање на проблемот што го предизвикал, или пак подобра грижа за вашето тело. За жал, депресијата е посериозно нарушување и може да ви биде тешко сами да се справите со неа. Најдобро е да побарате професионална помош. Сепак, некои од методите за ослободување од стрес може да ги намалат симптомите на депресија.rn
Како да го ублажите стресот?
rnНаправете план: Откријте што го предизвикува вашиот стрес и побарајте решение на кое ќе почнете да работите уште веднаш.rnrnИзбегнувајте стресни ситуации: Земајте пауза кога се чувствува анксиозно, преморено или загрижено.rnrnГрижете се за вашето тело: Кога вашето тело е во форма, ќе ви биде полесно да се справите со стресот. Вежбајте редовно, хранете се здраво и подобрете го квалитетот на вашиот сон.rnrnПобарајте помош: Немојте да страдате во тишина. Ако ви изгледа дека ситуацијата излегла од контрола, побарајте помош од професионалец или од некого кому му верувате.rn
Побарајте помош ако сте во депресијата
rnДепресијата е сериозна ментална состојба. Важно е да запомните дека не треба да се срамите од неа. Ако забележите барем еден симптом на депресија, веднаш побарајте помош. Колку порано почнете со нејзино третирање, толку подобро.