Од депресија страдаат милиони луѓе ширум целиот свет. Но, не страдаат само луѓето со депресија, туку влијанието го чувствуваат и нивните сакани. Препознавањето на депресијата и добивањето соодветна професионална помош е првиот чекор кон подобрувањето. Но, многу често ова е полесно да се каже отколку да се направи.rnrn
rnrnДепресијата може да биде последица од животен настан. Таа може да биде и резултат на хемиски промени во вашиот мозок. Исто така, депресијата може да потекнува и од тага, траума или хронична болка. Некои докази покажуваат дека депресијата може да биде и наследна болест.rnrnПричините зошто некоја личност е подложна на депресија се разновидни и ја манифестираат депресијата на различни начини. Жените покажуваат разни знаци на депресија за разлика од мажите. Опасноста е во тоа што депресијата кај мажите понекогаш воопшто не изгледа како депресија.rnrnМажите настојуваат да ги кријат нивните емоции и поретко сакаат да зборуваат за нив за разлика од жените. Тие би отишле на лекар поради физичките симптоми на депресија, но поретко поради менталните. Забрзаното чукање на срцето и дигестивните проблеми поверојатно ќе го мотивираат мажот да побара професионална помош, за разлика од постојаното чувство на анксиозност.rnrnМажот со депресија може да биде необјасниво раздразлив, гневен, па дури и агресивен. Неговиот распоред на спиење најверојатно ќе биде лош. Може да изгуби интерес за семејството, а може да ѝ стане и странец на неговата сопруга. Депресијата може да влијае и на неговата способност да биде татко. Може да почне да прави опасни работи, па дури и да побара утеха во алкохолот.rnrnМажот со депресија се чувствува безвредно и изгубено. Најчесто мисли дека неговото постоење е товар за другите. Може да биде неодлучен и често да заборава и да ги игнорира секојдневните обврски. Можно е значително да ослаби. Може да страда од сето ова во тишина и целосна изолација. Најверојатно ни самиот нема да ги препознае знаците на депресија.rnrnНајчесто саканите се оние кои забележуваат дека има некаков сериозен проблем. Но да го убедите мажот со депресија дека има депресија не е секогаш лесно, а тоа е само првиот чекор од долгото патување.rnrnДоколку сте маж и страдате од депресија, имајте на ум дека таа нема да си замине самата. Не плашете се и не срамете се да побарате помош, без разлика дали од партнерот, пријателите, семејството или професионалец.rnrnПогледнете ги и работите што треба да ги запомните доколку сте вљубени во маж кој страда од депресија.
Tag: депресија
-

Зошто депресијата е непрепознатлива кај повеќето мажи?
-

Дождот сепак помага во борбата против депресијата
Дождливото време може да делува депресивно, па често го поврзуваме со чувство на тага. Но изгледа дека ова е погрешно. Имено, луѓето кои страдаат од анксиозност и депресија истакнуваат како им годи дождливото време. Во овие моменти тие не доживувале напад на депресија или анксиозност.rnrn
rnrnИстото важи и за луѓето кои се импулсивни и нервозни. Овие луѓе често спомнуваат дека сакаат дожд, а причината е што тој ги опушта и смирува. Доколку размислите, зад ова има и некаква логика.rnrnНашиот мозок го перцепира звукот од дождот како смирувачка и безопасна врева. Токму поради ова постојат многу видео и аудио записи за опуштање и медитација кои содржат звуци од дожд.rnrnДодека врне, обично луѓето немаат желба да излегуваат, но затоа пак во затворен простор го прават она што најмногу го сакаат. Звукот на дожд ги смирува па полесно им е да читаат книга или да се релаксираат со топла купка.rnrnПокрај тоа, многу луѓе го поврзуваат мирисот на дождот со позитивни мисли и сеќавања од минатото. Интензивниот и суптилен мирис ве враќа во време кога сте биле на топло и сигурно.rnrnНаучниците истакнуваат дека во хормонските промени важен е и звукот на дождот. Кога звукот е тивок или умерено силен, мозокот го толкува како сигнал за смирување. Покрај тоа, овој смирувачки звук ја прикрива и непријатната врева којашто може да ве разбуди или вознемири, како на пример вревата од автомобилите.rnrnПа на следниот дожд обидете се да се опуштите, заборавете на депресијата и уживајте.rnrnПогледнете и кои се симптомите на скриена депресија кои може да се појават кај секого. -

Дали вашата вагина е депресивна?
Не е тајна дека животот е многу подобар со редовни сексуални односи. Позитивните влијанија на сексот во однос на здравјето се многубројни – посилен имунитет, подобар сон, намалување на нивото на стрес… Сексот исто така е добар и за нашето срце, бидејќи се смета за физичка активност. Но, што се случува со телото и вагината кога нема секс?rnrn
rnrnНовите истражувања откриле дека може да се случи вашата вагина да стане депресивна, ако долго време сте немале секс. Другото име за оваа состојба е атрофирана вагина, а може да ја предизвикаат повеќе фактори, меѓу кои еден е недостаток на секс. Мускулите на вашата вагина, како и секој друг мускул на вашето тело, патат кога не ги користите.rnrnСексот и оргазмот ви помагаат да ја зајакнете циркулацијата во тие мускули, што е нужно за да добиете доволна количина кислород. Вагината може да стане депресивна во секоја животна доба на жената, но најчеста е кај жените во менопауза. Симптомите се ослабени и тенки ѕидови на вашата вагина, па дури и чувство на болка или иритација иако немате никаква инфекција.rnrnЕден од начините да се справите со овој проблем е да почнете повторно да ја „употребувате“ вашата вагина. Почнете со нежни масажи со многу лубрикант, бидејќи атрофираното ткиво е многу чувствително.rnrnКолку подолго апстинирате од секс, толку повеќе ќе се намалува и вашата желба за секс. Објаснувањето е многу едноставно – токму затоа што немате секс, вие почнувате сè помалку и помалку да се чувствувате како сексуално битие, и затоа ја губите и желбата. Затоа и кога повторно ќе се впуштите во тие води, ќе ви биде потребно повеќе време за да го почувствувате нагонот, но и за ткивото да се опушти. Добрата вест е дека штом се вратите во акција, ќе ви се врати и вашата желба за секс!rnrnЗа жени на сите возрасти: Сè што треба да знаете за вагиналната атрофија. -

9 знаци дека вашиот партнер ве прави депресивни
Ако често сте несреќни со партнерот, ако ви е непријатно, ако сте под стрес и ако се чувствувате исцрпено, тоа се знаци за деструктивен однос. Проблемот само се зголемува по некое време бидејќи поради овој однос вие станувате депресивни.rnrn
rnrnДепресивните луѓе често веруваат дека проблемот е во нив, а со тоа само си ја влошуваат состојбата. Обидете се да се ослободите од стравот од самотија и емотивната зависност кои често ги држат луѓето заробени во вакви врски. Доколку препознаете некои од следниве знаци, можеби најдобро е да се збогувате се вашиот партнер.rnrn1. Чувствувате како партнерот да има моќ над вас и да не можете да одбиете што и да ви побара.rnrn2. Постојано ве критикува, а поради ова ја губите вашата самодоверба.rnrn3. Тврди дека само тој е во право и за него е вистина само она што тој смета дека е вистина.rnrn4. Ви кажува што да правите и како да се однесувате.rnrn5. Се обидува да ве контролира. Овој проблем може да настане, а вие воопшто да не го забележите. Овие мажи најчесто на почетокот контролираат само неколку работи и постепено го зголемуваат бројот. Додека да сфатите за што станува збор, може да биде предоцна и единствениот излез да биде раскинувањето.rnrn6. Ве уценува – или ќе биде по негово или ќе раскинете.rnrn7. Секогаш наоѓа нови причини за караница. Мирот во врската со ваква личност е речиси невозможен.rnrn8. Ве убедува дека тој е најдоброто нешто што ви се случило во животот.rnrn9. Правите работи кои му се допаѓаат само нему, со цел да ги избегнете расправиите.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашиот партнер не ве цени доволно. -

Прочитајте го ова ако се чувствувате изгубено поради вашата депресија
Депресијата може да биде многу нешта покрај постојаното чувство на тага. Понекогаш таа е фантазирање за смртта бидејќи тоа ви изгледа како единствениот начин да почувствувате мир. Понекогаш таа е лежење во темна соба и спиење со часови, а потоа ви е тешко да сфатите како сепак се чувствувате изморени. Понекогаш депресијата значи и да не чувствувате ништо.rnrn
rnrnПостојат периоди кога депресијата ќе се сруши врз вас и ќе почне да влегува во секој дел од вашиот живот. Постојат периоди кога и не е толку лоша, кога успевате да отидете на училиште или на работа, но го минувате остатокот од слободното време во кревет. Не е лесно да се излезе од овој циклус, а можеби и никогаш нема целосно да се ослободите од депресијата. Потребна е напорна работа за да излезете од темнината и доколку се чувствувате вака, веднаш побарајте помош.rnrnИако депресијата е болна и прави да се чувствувате празно, не заборавајте дека таа не ве дефинира. Без разлика колку мислите дека ве обземала, сепак не може да ви ги одземе убавите нешта што ве прават личноста којашто сте. Сè уште сте сочувствителни и силни. Секогаш ќе бидете личност којашто се грижи, личност која внимателно ги одбира зборовите и личност која ги прашува другите како се чувствуваат. Сакате искрени одговори бидејќи знаете колку разлика можат да направат. И покрај тоа што минувате низ пекол, сепак не сте го изгубиле вашето срце.rnrnИако можеби сте изгубиле некој дел од вас, никогаш не сте биле целосно изгубени. Тешко е да се објасни оваа болест, а причините речиси никогаш не се познати. Важно е да разберете дека сепак вие не сте само вашата депресија. Секој кој знае како изгледа да чекори на Земјата со болка невидлива за другите и кој воглавно не е разбран, секогаш е понежен со другите луѓе. Иако понекогаш се чувствувате изгубено, најдобрите делови од вас не исчезнуваат, ниту пак вашата желба да им помогнете на другите. На овој свет му се потребни луѓе што ја разбираат темнината, бидејќи тие можат да ја донесат најсилната светлина.rnrnПогледнете ги и овие чудни терапии против депресија за кои не сте помислиле дека би можеле да ви помогнат. -

Исхраната богата со овошје и зеленчук ја спречува депресијата
Депресијата може негативно да влијае на вашиот апетит и на вашиот избор на храна. Но, дали лошата исхрана може да влијае на вашето расположение? Неколку истражувања покажале силна поврзаност помеѓу квалитетот на исхраната и ризикот од депресија. Начинот на исхрана не само што влијае на вашето физичкото здравје, туку може да влијае и на менталното.rnrn
rnrnОвие истражувања ги земале предвид возраста, полот, приходот, телесната маса, генералното здравје и физичката активност во нивните анализи. На овој начин се издвојува влијанието на овие фактори врз менталното здравје.rnrnИстражувањата покажале дека здравата исхрана богата со растенија може да ја спречи депресијата. Биле разгледани 41 истражување, од кои 4 ја барале поврзаноста помеѓу традиционалната медитеранска исхрана и депресијата кај 36.556 возрасни. Луѓето кои повеќе консумирале медитеранска храна, имале 33% помали шанси да развијат депресија за разлика од другите. Медитеранскиот начин на исхрана значи избегнување преработена храна и храна богата со заситени масти и шеќери и консумирање продукти богати со омега 3 масни киселини, хранливи влакна, витамини и магнезиум.rnБиолошко објаснување
rnИсхраната може да влијае на менталното здравје со тоа што предизвикува оштетување на мозокот. Ова може да биде поради стрес, отпорност на инсулин, промена во дотокот на крв и воспаленија. Исхраната богата со антивоспалителни состојки, како и со антиоксиданси кои најчесто се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, јаткастите плодови и виното, може да има директно влијание на мозокот. Овие продукти го штитат мозокот од стрес и воспаленија. Воспаленијата можат да влијаат и на невротрансмитерите кои се одговорни за регулирање на емоциите.rnrnЕдно истражување покажало дека начинот на исхрана може да има влијание на формирањето мозочни клетки (неврони), особено во делот од мозокот одговорен за регулирање на емоциите.rnrnПостојат и докази поврзани со микробите во вашиот стомак. Овие микроби ги раствораат хранливите материи и создаваат молекули кои можат да предизвикаат воспаление или да ја стимулираат активноста на невроните. Тие комуницираат со стомакот и невроните, па на овој начин влијаат на однесувањето.rnrnВо истражувањата спроведени на животни се покажало дека растителната храна ја подобрува состојбата на микробите во стомакот. Исхраната богата со масти ја нарушувала рамнотежата на микробите. Кога има нерамнотежа кај микробите во стомакот, во крвта навлегуваат големи молекули кои можат да влијаат на мозочната функција.rn
Нутритивна психијатрија
rnНеодамна се појави областа позната како нутритивна психијатрија и зема сè поголем замав. Резултатите од истражувањата и покрај тоа што даваат некаква насока во врска со влијанието на храната врз менталното здравје, не можат да кажат дали врската е постојана.rnrnПрвото истражување што докажало дека исхраната може да влијае на депресијата, следело луѓе кои консумирале медитеранска храна. Нивните симптоми на депресија се подобриле по 12 недели, за разлика од луѓето кои продолжиле да ги применуваат старите навики за исхрана. Најверојатно треба да го земете предвид вашиот начин на исхрана, особено доколку кај вас постои поголем ризик од депресија.rnrnДознајте нешто повеќе за поврзаноста помеѓу депресијата и храната.
-

Што значи ако се разбудите чувствувајќи се депресивно без причина и што можете да направите?
Дали и ова утро ви беше такво? Дали повторно бевте депресивни без некоја причина? Дали можеби ова се повторува пречесто, па се прашувате што се случува? Можеби животот ви е одличен, вашите врски се среќни, здравјето и работата ви се добри, но сепак поради некоја причина се чувствувате депресивно.rnrn
rnrnПостојат неколку работи што можете да ги направите, а што ќе ви помогнат да сфатите што навистина се случува. Од голема важност е да се ослободите од депресијата, а кога ќе ја знаете причината ќе ви биде многу полесно.rn1. Погледнете преку прозорецот
rnВерувале или не, годишните времиња имаат навистина големо влијание на расположението, па можеби токму тоа ве прави депресивни. Сезонското депресивно нарушување е предизвикано од промената на сезоните. Некои луѓе се чувствуваат депресивно поради намалувањето на денот, а некои поради промената на температурата.rnrnМожеби најефективниот начин да се справите со ова е ламба со цел спектар. Оваа ламба ќе му помогне на вашето тело да се адаптира на промената на сезоните со тоа што ќе го изложува на целиот спектар на светлината.rnrnИсто така размислете дали ви се случило нешто во овој период, како болест или смртен случај. Можно е целата сезона да ве потсетува на тој настан, па да се чувствувате лошо.rn
2. Проверете ја тироидната жлезда и нивото на витаминот Д
rnНајголемите причинители за депресија можат да бидат нивото на тироидните хормони и ниското количество на витаминот Д во телото. Кога рамнотежата на тироидните хормони е нарушена се појавуваат разни симптоми, од кои еден е депресијата.rnrnНедостатокот од витамин Д исто така често е одговорен за појавата на симптоми на депресија. Во постудените месеци секој чувствува недостаток од сончева светлина. Бидејќи витаминот Д го добиваме од сонцето, намаленото изложување на сонце значи и недостаток од овој витаминrnrnИ во двата случаи тестирањето е навистина едноставно, а вашиот лекар ќе ви помогне да се справите со состојбата.rn
3. Дали водите добра грижа за себе?
rnДали се храните добро? Дали вежбате? Дали се дружите со пријателите? Ако одговорот е не, можеби тоа е причината што се чувствувате лошо. Грижата за менталното и физичкото тело е клучна за менталното и физичкото здравје. Ако не се грижите за себе и живеете од вино и сладолед, кога-тогаш вашето тело ќе почне да реагира. Телото што не е добро нахрането и што не е активно ќе почне да се врти против себе и да предизвика разни проблеми, вклучувајќи и депресија.rnrnПа ако одеднаш сте се почувствувале депресивно, размислете каква грижа водите за себе. Ако не сте многу добри во таа област, обидете се да направите некаква промена.rn
4. Дознајте за разните видови депресијата
rnПостојат два основни вида депресија – ситуациска и хемиска депресија. Симптомите им се слични, но имаат разни причинители.rnrnСитуациската депресија е предизвикана од нешто што се случило или се случува во вашиот живот. Кога ќе се случи нешто големо што ве прави тажни, како смртта на родител, развод или губење на работното место, може да се појави ситуациска депресија. Обично овој вид депресија има почеток, одредена причина и крај и често се третира различно од хемиската.rnrnХемиската депресија е резултат од нарушување на рамнотежата на хемијата во вашиот мозок. Најчесто сте родени со хемиска депресија, но може да се „активира“ и од некој трауматичен настан. Оваа депресија може да се појави и кога сè во животот ви оди одлично. Добар начин да откриете дали имате или немате хемиска депресија е да си ги поставите следниве прашања.rn
- rn 011
- Дали живеете со чувства на тага, празнотија и безнадежност?
- Дали сте пораздразливи од обично?
- Дали сте изгубиле интерес во нештата што ве правеле среќни?
- Дали имате проблеми со спиењето?
- Дали има промена во начинот на спиење? Дали минувате повеќе време во кревет?
- Дали има промена во начинот на исхрана? Дали сте ослабеле или сте се здебелиле?
- Дали сте поанксиозни од обично?
- Дали се чувствувате безвредно?
- Дали ви е тешко да се фокусирате?
- Дали размислувате за самоубиство?
- Дали имате нови физички проблеми, како главоболки и болки во грбот?
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnАко одговорите потврдно на повеќето прашања, можеби страдате од хемиска депресија.rn
5. Побарајте помош
rnБез разлика со каква депресија се соочувате, од голема важност е да побарате помош. Без страв раскажете му на вашиот лекар што чувствувате и тој ќе ви каже што понатаму.rnrnМногу луѓе се соочуваат со срам кога имаат депресија. Мислат дека треба да можат да ги потиснат чувствата и да се справат со нив како и секој друг. Но, никој со депресија не може да ги потисне чувствата и често луѓето се лекуваат „на своја рака“ со алкохол или лекови што не им се препишани, наместо да побараат помош од професионалец.rnrnШто и да правите, немојте да ги игнорирате симптомите на депресија и да се надевате дека ќе помине. Депресијата само се влошува доколку не се третира, па колку побрзо делувате, толку подобро за вас.rnrnПогледнете и кои се 7-те знаци за депресија што не смеете да ги игнорирате.
-

Како овој маж успеал да најде мотивација за да ја надмине депресијата и да изгуби 30 килограми?
Џеф Кендал страдал од депресија и се борел против вишокот килограми уште откако знае за себе.rnrn
rn„Минував поголем дел од ноќите буден во креветот прашувајќи се дали некогаш ќе ослабам и ќе станам личноста што сакам да бидам“, изјавил 26-годишникот од Торингтон, Конектикат.
rnОткако мајка му имала проблем со здравјето што ѝ го променил животот, Џеф го здогледал ова како можност да преземе одговорност за неговото здравје.rn
„Мајка ми имаше мозочен удар на 4-ти јули, 2015-та година. Помина месеци во центри за рехабилитација и не можеше да прави ништо.“
rnКога мајка му конечно се вратила дома, имала потреба од 24-часовна нега. Џеф бил преплавен од емоции. Со неговата тогашна тежина од 113 килограми, тој знаел дека ако не може да се грижи за неговото здравје, нема да може да ѝ овозможи соодветна нега на мајка му.rnrnВо истиот период, еден негов пријател минувал низ раскинување, па решиле заедно да се вратат во форма. Наскоро овој систем со пријател за вежбање почнал да се исплати. Џеф почнал да му се радува на вежбањето, но не само поради слабеењето, туку и за намалување на стресот.rn
„Здравјето на мајка ми ги стави моите проблеми во перспектива. Малите болки не се толку лоши, а со вежбањето се стекнува навика. Сега само се обидувам да се однесувам како личноста што сакам да бидам. Се обидувам да бидам смирен и искрен со себе.“
rnНеговото патување го научило да се сака себеси. Бавно, но сигурно, тој научил дека иако менувањето на секојдневната рутина може да го промени вашиот надворешен изглед, не значи дека ќе ја промени и вредноста што си ја придавате себеси. Но бидејќи одлучил да прави поздрави избори, Џеф веќе изодел половина од патот.rnrnДенес Џеф има изгубено над 30 килограми и има повеќе самодоверба од кога било.rn
„Во најмала рака, се прошири мојот поглед кон животот. Гледам нова можност и се чувствувам исполнето.“
rnНеговиот совет за слабеење и градење самодоверба? Бидете искрени со себе и дајте го најдоброто.rn
„Почнете бавно и создавајте навики. Немојте да се преморувате.“
rnПрочитајте ги советите за слабеење од луѓето кои се ослободиле од вишокот килограми.
-

Што го депримира секој хороскопски знак?
Колку и да сакаме да биде, животот не е секогаш розов. Понекогаш може да биде навистина тешко, а колку побрзо го сфатите тоа, толку подобро. Но бидејќи секој е различен, чувствата за одредени нешта се различни кај секого. Додека на некој му е проблем да остане сам, друг можеби ужива во самотијата. Дознајте што ве депримира најмногу според вашиот хороскопски знак.rnrn
rnОвен
rnОвните се длабоко повредени кога луѓето не им обрнуваат внимание и кога мислат дека некој ги игнорира. Во овие ситуации нивното расположение се влошува за секунда. Бидејќи тие постојано бараат признание, навистина не знаат како да се справат кога нема да го добијат.rn
Бик
rnИако најчесто самите си го прават ова, Биковите мразат предолго да останат на едно место. Тие често ја наоѓаат нивната зона на удобност и остануваат таму и покрај тоа што им е навистина здодевно. Сепак, Биковите се свесни дека не напредуваат, а ова навистина ги депримира.rn
Близнаци
rnНишто не може да го разочара Близнакот како скршеното срце. Сите се тажни кога ќе ја изгубат саканата личност, но на Близнаците им е десет пати потешко да ја преболат. Чувството дека се предадени ќе остане со нив до крајот на животот. Ќе изгледаат храбро пред другите, но длабоко во себе се навистина повредени.rn
Рак
rnБидејќи Раковите се несигурни за својот изглед, секогаш се разочарани кога не изгледаат баш најдобро. Ова е можеби тривијално за другите, но изгледот им е од големо значење на овие луѓе. Сепак, често се ослободуваат од лошите чувства со вежбање, па брзо се подобруваат.rn
Лав
rnКога нештата не се одвиваат по нивно, Лавовите чувствуваат вистински очај. Како родени лидери тие сакаат да преземаат одговорност над сите ситуации, а кога ќе ја изгубат контролата стануваат тажни.rn
Девица
rnКако луѓе кои претерано размислуваат, Девиците можат да западнат во депресивна епизода само со тоа што ќе размислуваат за нештата што им се случуваат во животот. Можат да смислат безброј ситуации што не се случиле, од кои сите го имаат најлошиот исход. Иако ова им помага да предвидат што може да се случи во иднина, сепак ги спречува да уживаат во сегашноста.rn
Вага
rnБидејќи се прецизни и сакаат да контролираат, Вагите се чувствуваат навистина лошо кога нештата излегуваат надвор од нивна контрола. Дури и најмалата промена во нивниот план може целосно да ги полуди. Оваа чувствителност ги прави навистина очајни.rn
Скорпија
rnСкорпиите се најдепресивни кога се исплашени. Обично го минуваат животот без страв, ризикувајќи секогаш кога можат и уживајќи во придобивките од тоа. Но, авантуристичкиот живот ги тера да сфатат дека сè има крај. Свесноста за нивна смртност и знаењето дека ништо не трае засекогаш навистина ги депримира Скорпиите.rn
Стрелец
rnОсаменоста е најголемиот непријател на Стрелците. Иако овој знак навистина се чувствува добро кога е сам, страв му е дека нема да најде блиска личност. Го планираат целиот живот во самотија, но не сакаат предолго да живеат на тој начин. Стрелците сакаат да бидат сами, но сè додека не сфатат дека можеби на крајот од патот повторно ги чека самотија.rn
Јарец
rnПомислата дека стареат навистина им го расипува расположението на Јарците. Понекогаш не можат да се помират дека тоа е дел од нивниот живот и секогаш упорно се обидуваат да го избегнат стареењето. Можеби никогаш нема да отидат под нож за да го зачуваат нивниот изглед, но кога ќе сфатат дека почнале да стареат ќе се чувствуваат навистина лошо.rn
Водолија
rnНема ништо поубаво за Водолиите од тоа да знаат дека се во право. Ако некогаш им посочите на некоја грешка што ја направиле, ќе останат будни многу ноќи барајќи начин да ви докажат дека вие сте грешка. Оваа постојана битка навистина ги растргнува бидејќи Водолиите не знаат добро да се бранат. Целиот труд ги прави тажни и цинични.rn
Риби
rnНајчесто расположението на Рибите им го расипуваат нивните семејства. Ова не секогаш е вина на семејството, туку Рибите чувствуваат поинтензивно ако има расправии помеѓу членовите. Тие сакаат кога нештата се одвиваат беспрекорно и ако почувствуваат напнатост помеѓу членовите, и тие се чувствуваат напнато. Навистина се чувствителни кога станува збор за семејството, па токму поради ова семејството ги прави најдепресивни.rnrnПогледнете и како хороскопските знаци се справуваат со нивната тага.
-

Како да му помогнете на пријателот кој страда од депресија?
Ширум светот, милиони страдаат од депресија. Но, само 35% од заболените бараат професионална помош. Овој факт е вистина и покрај тоа што третманот може да води до целосно закрепнување и значително подобрување на квалитетот на животот.rnrn
rnrnМногу луѓе се збунети и анксиозни за тоа како да се справат со саканата личност која изгледа како да страда од депресија. Дали можете да познаете дека некој има депресија? И како треба да ѝ пријдете на таа личност? Што ако ви се налути кога ќе прашате? Иако е речиси невозможно да ја предвидите реакцијата, експертите советуваат дека секогаш е најдобро барем да се обидете.rn„Луѓето кои извршуваат самоубиство се двоумат до самиот крај. Тие сакаат да ѝ стават крај на болката и ако има друго решение освен самоубиството, би го прифатиле. Секогаш има надеж“, изјавил Мет Онорато, лиценциран социјален работник.rnrn„Ќе направите мал гест, ќе му кажете на некого дека сте овде за него и тоа може да спречи обид за самоубиство. Малите нешта навистина имаат големо влијание.“
rn
Како да знаете дали некој страда од депресија?
rnРечиси секој се чувствува лошо и тажно во текот на животот. Разликата е тоа што кај депресијата лошите чувства не поминуваат и не се подобрува расположението по поминување време со пријатели или правење нешто што ви причинува задоволство.rn
„Луѓето со сериозна депресија ја чувствуваат тагата подолго (повеќе од две недели), а ова на некој начин им го попречува функционирањето во животот“, изјавила доктор Кетрин Бурнет.
rnНекои од познатите симптоми на депресија вклучуваат тага, губење интерес за хобија, слабеење или дебелеење, проблеми со спиењето или претерано спиење, како и проблеми со концентрација, замор и суицидни мисли или коментари. Генералната раздразливост е помалку познат и често пропуштен симптом.rnrnВажно е да ги забележите и вербалните изјави за чувство на безвредност и празнина, како и физичките проблеми. Болката, заморот и главоболките можат да бидат предизвикани од депресијата. Ако забележите дека личноста не ги прави нештата што ги правела со задоволство и не може да се придвижи напред, можеби ситуацијата е сериозна.rn
Како да пристапите?
rnНа многу луѓе им е страв да им пријдат на саканите и да разговараат за депресија и самоубиство. Можеби бидејќи не сакаат да ја навредат личноста, страв им е дека ќе ја направат ситуацијата премногу „реална“ или мислат дека ќе има караница. Секогаш кога станува збор за чувствителна тема, постои опасноста од одбрана или гнев. Секој реагира различно и на многу луѓе ќе им биде полесно откако ќе разговараат за нивните проблеми, особено ако им пристапите нежно и без судење. Ако личноста сепак не е среќна со вашиот пристап, внимателно одбирајте ги вашите зборови. Кажете нешто како: „Разбирам дека минуваш низ многу, но кога ми викаш и ме игнорираш се чувствувам тажно.“rnrnНема никаква гаранција дека еден разговор ќе резултира со акција. Понекогаш ако пријателот ве игнорира, доволно е само да му потврдите дека се грижите и дека сте овде за него доколку сака да разговара. Можеби нема веднаш да добиете одговор, но вашата грижа го отворила патот за идни разговори. Кога ќе иницирате разговор, внимателно покажете ја вашата загриженост. Дозволете му на пријателот да зборува повеќе. Обидете се да слушате пред да почнете да давате предлози за решенија. Кога слушате, му покажувате на пријателот дека навистина се грижите за него. Штом ќе заврши, поставете му прашања како овие:rn
- rn 011
- Колку ти се влошува ситуацијата?
- Дали се влошува повеќе отколку што ми кажуваш?
- Дали си свесен/на дека чувствуваш многу вина или срам?
rn 011
rn 011
rn
rnОвие прашања ќе ѝ помогнат на личноста да се отвори за нејзината депресија.rn
Работи што не треба да ги кажувате
rnЕкспертите се согласуваат дека најлошите нешта што можете да ѝ ги кажете на личноста е да преболи, да гледа на светлата страна на животот или да кажете како сте ја излечиле вашата тага со прошетки. Депресијата е болест што е систематична и многу лична и може да влијае на целото тело. Потребен е третман направен посебно за таа личност. Исто така немојте да му кажувате на пријателот дека не е толку лошо. Од ваша перспектива можеби навистина не изгледа толку лошо, но важно е да разберете дека тој води внатрешна битка и се чувствува ужасно.rn
Што да направите откако ќе прифати помош?
rnШтом ќе се најдете на иста страница, постојат неколку опции за третман во зависност од сериозноста на ситуацијата. Ако не е потребна итна професионална помош, разговарајте за третманите кои се најудобни за пријателот. Ова може да започне со посета на семејниот лекар, особено ако личноста не сака да оди кај терапевт. Обично повеќето прифаќаат прво да посетат општ лекар.rnrnИ општите лекари можат да ја дијагностицираат депресијата и да препишат лекови, а можат да се обратат и кај професионалци за ментални нарушувања. Друга предност на посетата на општ лекар е тоа што може да се отстрани можноста депресијата да е предизвикана од друга болест. Понекогаш ниското ниво на железо, анемијата и проблемите со тироидната жлезда можат да предизвикаат блага депресија.rnrnПотребно е да станеме поотворени за разговор на тема депресија и самоубиство. Луѓето треба да знаат дека се разбрани и дека има помош. Потребно е да бидат свесни дека не се сами и дека никој нема да им суди.rnrnДознајте и кои работи ги прават луѓето кои ја маскираат нивната депресија.