Врската помеѓу луѓето и нивните домашни миленици може да биде многу моќна и интензивна. Иако со животните не може да се комуницира преку говор, врската со нив може да биде многу подобра отколку со луѓето со кои живеете. Бидејќи мачките и кучињата можат да ја почувствуваат негативната енергија тие на неа реагираат на одредени начини.rnrn
rn
Која е духовната цел на животните?
rnКучињата имаат своја цел – овде се за да ги бранат луѓето и да им помагаат. Освен што ве штитат физички тие исто така ве чуваат и од уроци и проклетство. Кучето ќе се обиде да ја спречи лошата енергија која доаѓа кон вас и ќе се обиде да ја апсорбира. Тие ќе ве заштитат и од невидливи и од видливи нешта.rnrnБидејќи мачките се малку поинакви, нивната функција на овој свет е исто така поинаква. И тие се тука за да му помогнат на човештвото, но имаат малку поразлична функција. Нивната функција во овој свет е да ја исчистат околината во која живееме, да ја восприемаат негативната енергија и да ја отстранат. Но, ако енергијата е претешка тие ќе побегнат.rn
Мачки – Реики мајстори
rnЗа мачките се вели дека се Реики мајстори и исцелители. Реики е техника за духовно исцелување која ја користи енергијата на срцето што тече низ нашите раце. Мачките се во состојба да ја усогласат нерамнотежата на вашите чакри користејќи го нивното тело и шепите. Познати се случаи во кои домашните миленици се болни од истата болест како и нивните сопственици. Затоа мора да знаете какви негативни енергии се присутни во вашите домови.rn
Животните се природно емпатични
rnСекое животно е чувствително на одредена енергија. Тие можат многу лесно да ги откријат вибрациите коишто се случуваат во вашето тело. Како што ве сакаат, така тие ја впиваат чудната енергија која им ја претставувате. Ако не ги одведете на прошетка, во контактот со луѓето или природата тие ќе бидат преоптоварени со штетна и тешка енергија.rnrnДомашните миленици не можат да поднесат многу негативност во нивните тела или во околината во која живеат. Тие вистински ве сакаат и би направиле сè што можат за да ве задоволат и да ве направат среќни. Ја апсорбираат негативната енергија од вас или која било друга енергија која ви доаѓа и на тој начин ве штити од болести, депресија, умор.rnrnАко сакате да ги заштитите вашите домашни љубимци од болести мора да се грижите за вашиот внатрешен свет – за вашите емоции, чувства, мисли и ставови. Исто така мора да го заштитите вашето тело од некои енергетски напади кои доаѓаат од надворешниот свет: треба да медитирате, да проучувате и да се поврзувате со подобри извори. Поради тоа вашето тело, домашниот миленик и домот заедно со вашето семејство ќе ви бидат неизмерно благодарни.rn
Какво е духовното значење кога сакате мачка или куче?
rnАстролошки, мачите се поврзани со вашиот месец кој ги претставува мајчинските чувства, грижа и љубов. Луѓето чувствуваат потреба од чување мачка кога им недостигаат таквите чувства.rnrnКучињата се поврзани со сончевата енергија. Оние луѓе кои сакаат да имаат куче често бараат слобода, енергија и независност. Децата ќе посакаат да чуваат куче кога повеќе им се потребни дружба и внимание. Меѓутоа, возрасните ќе почувствуваат потреба да имаат куче кога бараат нови почетоци во нивниот живот.rnrnДознајте и зошто луѓето повеќе ги бакнуваат своите кучиња отколку партнерите.




rnrnСериозната депресија на родителот може негативно да влијае на децата. Истражувањата покажуваат дека постои врска меѓу родителската депресија и појавата на анксиозност кај децата. Не само што децата се склони кон овој тип ментална болест, туку и самата депресија на родителот создава една стресна средина во домаќинството, нешто што има негативни последици за најмладите членови на семејството.rnrnДоколку страдате од депресија, сигурно и самите сте свесни за тоа колку симптомите неповолно влијаат на вашето секојдневно функционирање. Депресијата е сложена ментална болест, а знаците на болеста варираат од личност до личност. Ако родителот нема енергија, ни волја ни желба да стане од кревет, нему ќе му биде тешко да ги исполни и основните потреби на децата. Играта, забавата и квалитетно поминатото време со малите, во тие моменти се мисловна именка. Таквата ситуација може да доведе до тоа децата да се снаоѓаат сами или да бараат помош и внимание од другите членови на семејството.rnrnОпшто е познато дека децата се малечки сунѓери кога се работи за собирање информации од околината. Набљудувајќи го депресивниот родител, детето ги учи погрешните механизми за справување со стресот и животните проблеми. Ако забележи несакани промени во однесувањето на детето, како последица на својата ментална болест, депресивниот родител ќе чувствува вина, нешто што пак, дополнително ја отежнува борбата со депресијата. На овој начин се создава еден магичен круг од кој тешко се излегува.rnrn
rnrnСекогаш кога ќе се соочите со некој проблем, побарајте помош и решение на проблемот. Депресијата го отежнува секојдневниот живот, а некогаш и наједноставните обврски делуваат како огромен товар и тортура. Симптомите на депресијата бараат медицинска помош, а неа можете да ја добиете кај психотерапевт, кој ќе ви препише соодветна медикативна терапија, придружена со сеанси на кои ќе разговарате за проблемот. Покрај тоа што ќе побарате помош од стручно лице за депресијата, посоветувајте се и во врска со родителството. Од него побарајте упатства за тоа како подобро да се носите со улогата на родител, додека се соочувате со оваа тешка состојба.rnrnПобарајте помош и за вашето дете. Иако чувствувате дека проблемот е во вас и вашата психа, детето, исто така, ги чувствува последиците од болеста. Психотерапевтот може да му помогне на детето и да го научи како да се носи со ситуацијата, како да комуницира и како да ја зајакне врската со родителот.rnrnНа овој начин ја олеснувате ситуацијата за себе, но и за вашето дете. Откако ќе ги намалите симптомите на депресијата, вие повторно ќе можете да уживате во животот, а со тоа и да бидете најдобри родители на вашите деца. Не губете надеж, излез постои.rnrnПогледнете ја објавата на една млада мајка, со која ја покажува 
rnrnНаводно, со ова би се намалило препишувањето антидепресиви, особено на луѓето кои сакаат да престанат да ги земаат. Кралскиот колеџ решил да го промени ставот после изјавите на стотици пациенти кои се пожалиле на криза после прекинувањето на терапијата, а симптомите најчесто се мачнина, несоница и раздразливост.rnrnИмено, од сите лекови постојат несакани ефекти, бидејќи нема совршен лек кој би делувал само на еден дел од организмот. Антидепресивите се лекови кои делуваат на промена во хемијата на мозокот, а се користат за лекување на симптомите на болестите како депресија, анксиозност, шизофренија и многу други.rnrnДенешните лекови имаат подносливи несакани ефекти кои најчесто исчезнуваат после една недела. После ова се развива толеранција на несаканите ефекти. Пациентите воглавно се жалат на главоболки, мачнина или други телесни сензации, кои претходно ги немале. Но, не се инсистира на терапија доколку нетолеранцијата е преголема.rnrnПациентите секогаш се информирани за несаканите ефекти од лековите и лекарите ги предупредуваат. Покрај тоа, за време на терапијата треба редовно да се следи крвта, метаболизмот и нивото на шеќер.rnrnАнтидепресивите се лекови кои се земаат најмалку шест месеци, а можат да се пијат и во текот на целиот живот. Неретко пациентите мислат дека ова се магични пилули кои веднаш ги решаваат проблемите и ретко сфаќаат дека на лекот му се потребни најмалку две недели за да почне да делува.rnrnНаводно, антидепресивите не создаваат зависност и немаат таков потенцијал, па може да се земаат подолго време. Но, кога се прекинува лекувањето, се појавуваат симптоми слични како од лековите кои создаваат зависност.rnrnСпоред Светската здравствена организација, околу 300 милиони луѓе ширум светот страдаат од депресија, а во побогатите слоеви, секој шести пациент зема терапија.rn
nnПомеѓу младото население на возраст од 14 до 25 години, постојат два пати повеќе депресивни девојки за разлика од машки. Научниците решиле да откријат која е причината за ова.nnАнхедонијата, односно недостатокот од радост и уживање во активности кои некогаш ни причинувале задоволство, е еден од главните симптоми на депресивното нарушување. На невролошко ниво, анхедонијата претставува намалена активност во областа на мозокот која реагира на наградувањето.nnСпроведеното истражување ни дава увид за тоа како половите разлики кај депресијата се манифестираат во мозокот. Имено, научниците откриле дека воспаленијата имаат влијание врз различни области на мозокот кај мажите и жените.nnИспитаниците биле поделени во две групи – контролна, односно плацебо група и група на која ѝ дале ниска доза ендотоксин. Два часа подоцна, откако дејството на ендотоксинот било најсилно, на испитаниците им биле дадени задачи за кои требало да добијат парична награда.nnПритоа, нивниот мозок бил набљудуван со магнетна резонанца. Мозокот на мажите, во делот кој реагира на наградување, се однесувал поразлично од мозокот на жените.n
rnrnДепресијата е болест предизвикана од хемиска нерамнотежа во мозокот. Таа е болест исто како и проблемите со срцето или тироидната жлезда. Причината за чувството на очај и безнадежност не е поради вашата слабост или неуспех, туку поради хемискиот состав на вашиот мозок. Доколку се чувствувате депресивно без некоја очигледна причина, можно е да станува збор за клиничка депресија. Во овој случај најдобро е да се обратите кај професионалец, но постојат и неколку совети што ќе ви помогнат да се изборите со вашата состојба.rn
rnrnПациентите со хронични болести имаат 2-3 пати поголем ризик од депресија, за разлика од остатокот од населението. Кога овие пациенти стануваат депресивни, често нивната хронична болест се влошува и се зголемува ризикот од смрт.rnrnВо истражувањето, научниците ги разгледувале податоците од 24 други истражувања со вкупно 4.111 пациенти кои имале хронични болести и симптоми на депресија. Во сите помали истражувања, испитаниците биле поделени во две групи од кои едната била контролна, а другата изведувала аеробни вежби. Пациентите кои вежбале најмалку 2 до 3 пати неделно, имале поголеми шанси за ублажување на симптомите на депресија за разлика од оние во контролната група.rn
rnrnМожете да погледнете во тоа огледало и да ја видите истата девојка, без разлика дали го имате најдобриот ден од животот, или буквално се распаѓате. Дури и кога вашето срце боли и кога очите ронат тивки солзи, истата „прибрана“ девојка гледа во вас. Истата девојка која се појавува, која го лаже светот, но не може да ве излаже и вам.rnrnНикој не ја знае вистината освен вие… сè додека не ја кажете. Никој не знае колку сте повредени или колку празно се чувствувате. Другите само гледаат убава девојка, со совршена коса и совршена шминка. Никој не гледа доволно блиску за да ги забележи сенките под вашите очи. Никој освен вас не го чувствува дополнителниот напор што го вложувате, само за да му се насмевнете на колегата или да вратите на пораката од пријателот. Никој освен вас не знае дека сте спиеле само три часа вечерта или дека ви било потребно речиси сè за да станете од вашиот кревет. Никој не знае, освен вие.rnrnСепак, овде сте. Се појавувате. Се појавувате со неверојатната облека и лажната насмевка. Се појавувате без разлика колку лошо се чувствувате и без разлика колку анксиозноста ве јаде однатре. Се појавувате дури и кога вашите срце и тело се целосно исцедени од енергија и живот. Се појавувате и покрај тоа што сакате да исчезнете во вашата осамена спална. Се појавувате, несигурни и разочарани, осамени и анксиозни. Се појавувате без разлика на сè.rnrnМожеби не мислите дека сте постигнале нешто со појавувањето. Можеби се чувствувате целосно победено и слабо бидејќи сакате да плачете, кога всушност треба да работите.rnrnМожеби ви е срам што ви е тешко наутро да станете од креветот. Можеби сте анксиозни поради самата анксиозност, или сте засрамени бидејќи се чувствувате лошо. Можеби сте депресивни поради депресијата. Можеби сте мизерни и тажни. Безнадежни и тажни. Сè што сакате да направите е да си заминете, да се сокриете од сите. Да се сокриете од мизеријата, да се сокриете од срамот. Да се сокриете од притисокот што ве тера да помислите дека ќе ви експлодира главата.rnrnНо, сепак сте овде. Сепак се појавивте. Успеавте да станете од кревет, што значи воопшто не сте победени. Вие воопшто не сте слаби и нема потреба да се срамите од ништо. Нема потреба да се чувствувате слабо бидејќи се чувствувате тажно, исплашено или осамено. Не треба да се обвинувате себеси за овие чувства. Овие чувства се реални, но тие се привремени. Тоа што ги чувствувате, а сепак станувате од кревет значи дека вие сте неверојатно силни. Ги чувствувате овие ужасни нешта, а сепак излегувате надвор. Ги чувствувате, а сепак правите чекор напред, понатаму од креветот. А за ова, треба да бидете особено горди.rnrnДа се појавите е огромен подвиг. Појавувањето е дело на чиста храброст. Појавувањето кога ви се плаче од замор значи дека вие сте неверојатно силни. Појавувањето значи дека вие сте похрабри отколку што мислите. Иако е тешко, иако можеби ова е најтешкиот ден од вашиот живот, сепак успеавте.rnrnА штом сте стигнале олку далеку, длабоко во вас постои надеж. Надеж дека ќе се случи нешто подобро, надеж за посреќни денови. Надеж за денови без депресија, без самотија. Таа надеж постои, во вас е, во спротивно не би станале од кревет.rnrnПа ако се појавивте, ако станавте од кревет, треба да знаете дека доаѓаат подобри нешта. Подобрите денови се пред вас. Денови во кои ќе можете да ја погледнете девојката во огледало и да видите искрена насмевка. Денови во кои одразот во огледалото нема да крие толку многу болка. Денови во кои девојката во огледалото не го лаже светот. Денови во кои девојката во огледалото конечно се чувствува добро…rnrnПрочитајте ги и овие