КАФЕ ПАУЗА

Tag: депресија

  • 5 раси на мачки кои можат да помогнат во борбата против депресијата

    5 раси на мачки кои можат да помогнат во борбата против депресијата

    Многу е тешко да се опише среќата што ја имаат сопствениците на домашни миленици. Кога сте среќни или пак тажни и нерасположени, тие секогаш се до вас со нивната дружба и безусловна љубов. Миленичињата ве охрабруваат да се будите, да јадете, да играте, да спиете и да вежбате редовно.rnrnОд домашните миленици ќе ги одделиме мачките, кои исто како и кучињата, се сметаат за едни од најдобрите пријатели на луѓето.rnrnСпоред едно истражување, некои раси на мачки можат да помогнат дури и во борбата против депресијата. Ако решивте да чувате мачка погледнете за кои 5 раси на мачки станува збор.rn

    1. Сфинкс

    rnОвие мачки немаат влакна како и другите, но не дозволувајте тоа да ве спречи од нивно посвојување. Според едно истражување, тие многу сакаат да се гушкаат и да бидат на топло, бидејќи обично имаат ниска телесна температура. Ако барате мачка и бескрајни прегратки, тогаш ова е расата за која треба да размислите.rnrn5 раси на мачки кои можат да помогнат во борбата против депресијатаrn

    2. Рагдол

    rnОвие меки мачиња се познати по тоа што постојано сакаат да бидат во прегратките на своите сопственици. Тие многу лесно се приврзуваат, а нивното свилено крзно ги прави одлични пријатели за гушкање.rnrn5 раси на мачки кои можат да помогнат во борбата против депресијатаrn

    3. Мејн Кун

    rnОвие мачки честопати се користат за терапија, бидејќи развиваат цврсти врски со нивните сопственици. Тие лесно се приврзуваат и го сакаат човечкото внимание, а поради својата големина, луѓето ги нарекуваат нежни џинови.rnrn5 раси на мачки кои можат да помогнат во борбата против депресијатаrn

    4. Сијамска мачка

    rnСијамската мачка е една од најпрепознатливите раси благодарение на нивните светло сини очи и клинести глави. Овие мачки сакаат да си играат и многу лесно се приврзуваат со своите сопственици.rnrn5 раси на мачки кои можат да помогнат во борбата против депресијатаrn

    5. Руска сина

    rnОвие мачки се лојални, тивки, слатки и ги следат своите сопственици насекаде дома, па немојте да се изненадите ако ве поздрават на влезната врата.rnrn5 раси на мачки кои можат да помогнат во борбата против депресијатаrnrnПрочитајте и кои 5 раси на кучиња можат да помогнат во борбата против депресијата.

  • 5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресијата

    5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресијата

    Сите можеме едногласно да се согласиме дека кучињата се одлични пријатели кои секогаш знаат како да ни го подобрат расположението, но едно ново истражување открило дека некои раси можат да помогнат дури и во борбата против депресијата.rnrnИстражувањето ги анализирало различните раси на кучиња фокусирајќи се на оние кои би можеле да го подобрат менталното здравје на луѓето. Повеќето раси на кучиња знаат како да ги направат среќни нивните стопани, но некои се посклони кон гушкање и љубов.rnrnТимот истражувачи вели дека домашните миленици можат да ни помогнат во тешките времиња, особено кучињата кои се многу интуитивни, па можат лесно да ја препознаат и почувствуваат промената на расположението кај нивните стопани.rn

    1. Лабрадор

    rnЛабрадорите се разиграни и среќни кучиња кои можат лесно да се издресираат. Поради овие нивни карактеристики тие се омилени кај многу семејства, особено кај оние со мали деца.rnrn5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресијаrn

    2. Вижла

    rnОвие кучиња се многу мили и многу лесно се приврзуваат со своите стопани. Ако сакате да посвоите куче кое секогаш ќе биде до вас и ќе сака да се гушка, тогаш одберете ја оваа раса.rnrn5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресијаrn

    3. Пудла (Пудлица)

    rnКучињата од оваа раса честопати се опишуваат како многу интелигентни, будни, лојални, активни и интуитивни. Сето ова ги прави одлични придружници!rnrn5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресијаrn

    4. Чихуахуа

    rnАко сакате кученце за гушкање, тогаш можете да посвоите чихуахуа. Тие се мали, но тоа не пречи во нивната способност да ви го подобрат расположението.rnrn5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресијаrn

    5. Кавалерскиот шпаниел на Кралот Чарлс

    rnДали сте се запрашале како оваа раса го добила името?rnrnКралот Чарлс Втори имал вакво кученце кое многу го сакал, па од таа љубов се родило и името на расата.rnrn5 раси на кучиња кои можат да помогнат во борбата против депресијаrnrnПогледнете ја оваа листа на филмови со кучиња кои сигурно ќе ве расположат.

  • Што предизвикува депресија кај секој хороскопски знак?

    Што предизвикува депресија кај секој хороскопски знак?

    Некој некогаш рекол дека животот е тежок, но во моментот кога ќе го прифатите тој факт тој станува полесен. И така може да почнете да се справувате со сè што ве измачува.rnrnШто предизвикува депресија кај секој хороскопски знак?rnrnНо, тука е хороскопот кој може да помогне да ви се смират мислите,  иако кога сте еден од депресивните хороскопски знаци, тој нема многу да влијае на вас.rnrnШто предизвикува депресија? Тоа зависи од личноста, но проблемите со кои се соочувате влијаат на вас на одреден начин. На некои луѓе депресија може да им предизвика седењето дома и неправењето ништо, додека други може да ги исполнува токму тој осамен живот.rnrnНекои луѓе навистина не се грижат и дозволуваат негативноста да остане зад нив, додека пак други ја негуваат и „хранат“ својата депресија со повеќе негативност.rnrnСите имаат моменти кога не се чувствуваат добро, а кога ќе се појават таквите моменти, човек се чувствува како да тоне.rnrnВо продолжение прочитајте кои се најдепресивните хороскопски знаци и што предизвикува чувство на депресија кај секој од нив.rn

    Овен

    rnОвенот е депресивен кога е игнориран.rnrnОвие луѓе блескаат, но ако вешето внимание не е насочено кон нив, тие запаѓаат во депресија. Тие се неуништливи кога се прифатени и признати од другите, а кога не го добиваат тоа, тонат.rn

    Бик

    rnСтагнацијата предизвикува депресија кај Бикот.rnrnТие се подготвени на тоа, бидејќи имаат тенденција да бидат во зоната на удобност која може да им здосади. Сепак, бараат повеќе, иако знаат дека тоа понекогаш не е возможно.rnrnНедостатокот на движење и неможноста за напредок може да го разочараат Бикот.rn

    Близнаци

    rnСкршено срце. Да, сите се чувствуваат депресивно кога срцето им е скршено, но Близнаците едноставно не можат да го надминат тоа. Тие ќе го паметат предавството и изгубената љубов цел живот.rnrnДодека можеби се смеат, запомнете: тие се луѓе-кловнови. Надворешното маскирано лице ја маскира внатрешната болка.rn

    Рак

    rnРакот е несреќен кога не изгледа добро.rnrnДа, тоа можеби ви звучи површно, но на Раковите многу им значи тоа како изгледаат и доколку не изгледаат идеално, тие паѓаат во депресија. Ја надминуваат оваа состојба со физичка активност и потоа сè е во ред.rn

    Лав

    rnЛавот многу се вознемирува кога не го добива она што го сака, без разлика дали тоа е личност, предмет или идеја.rnrnЛавот има потреба да контролира, а кога работите не одат според планираното, тој паѓа во депресија. Но, исто така, ви дава до знаење доколку забележи дека се насладувате на неговата несреќа.rn

    Девица

    rnДевицата станува многу депресивна кога размислува за сопствениот живот.rnrnТаа има тенденција да креира нереални сценарија во нејзината глава, а овие сценарија секогаш завршуваат катастрофално. Девиците ги предвидуваат лошите периоди однапред, а потоа паѓаат во депресија.rn

    Вага

    rnВагата е многу тажна, дури и депресивна кога не може да контролира сè што може.rnrnИ кога нејзиниот живот излегува од контрола, таа полудува поради неможноста да го контролира. Ова предизвикува депресија и вознемиреност кај овие чувствителни души.rn

    Скорпија

    rnКај Скорпиите стравот е она што им предизвикува депресија.rnrnТие уживаат живеејќи бестрашно, правејќи го она што го сакаат и ги „берат“ плодовите од нивниот труд, но свесни дека тоа нема вечно да трае.rnrnСтравот од смрт ја вознемирува Скорпијата и ѝ предизвикува депресија.rn

    Стрелец

    rnДа се биде сам е огромна причина за појава на депресија кај авантуристите Стрелци.rnrnНавистина чудно, знакот за кој се смета дека се чувствува најудобно кога е сам е знакот кој потајно се плаши да остане подолго сам. Тие си купуваат единечен кревет, но потоа се тажни зошто сами спијат во него.rnrnСтрелците се осамени луѓе и ја обожуваат самотијата сè додека не почнат да сфаќаат дека таа и не е толку пријатна.rn

    Јарец

    rnСтареењето предизвикува депресија кај Јарците.rnrnНикогаш целосно не прифаќаат дека стареењето е природен процес и секогаш се борат против процесот на стареење. Јарците први прават естетски операции за да го променат својот изглед, но порано или подоцна реалноста ги погодува и ги прави безнадежно депресивни.rn

    Водолија

    rnВодолиите не прифаќаат да не бидат во право.rnrnИ поради тоа, тие постојано ќе се обидуваат да ви докажат дека не сте во право, дури и ако им докажете дека тоа не е така.rnrnСамата борба ги изморува и уништува, бидејќи немаат одбранбен механизам. Кај нив безнадежните состојби најмногу предизвикуваат депресија.rn

    Риби

    rnСемејството им предизвикува депресија на Рибите.rnrnНе толку самото семејство, колку неможноста за усогласување меѓу сите членови. Тие се љубители на редот и традицијата, па кога им се чини дека семејната идила исчезнува, тие се чувствуваат лошо.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 3-те хороскопски знаци што најверојатно ќе ја прекинат долгата врска додека се во карантин.

  • 6 работи што треба да ги направите ако се чувствувате депресивно додека сте во карантин

    6 работи што треба да ги направите ако се чувствувате депресивно додека сте во карантин

    Оваа пандемија влијае врз сите луѓе и физички и емотивно, па сега не е време да ги потиснете вашите чувства. Ако чувствувате потреба да излезете надвор и да викате, сторете го тоа. Ако напорното вежбање или плетењето ви помагаат да се справите со стресот, тогаш сторете го тоа. Што и да треба да направите, немојте да се чувствувате лошо откако ќе го направите тоа. За време на оваа пандемија, најважно е да се грижите за себе, особено затоа што не можете да го живеете типичниот начин на живот.rnrn6 работи што треба да ги направите ако се чувствувате депресивно додека сте во карантинrnrnОвие неколку совети ќе ви помогнат да се грижите за себе кога ќе почувствувате појава на вознемиреност или депресија.rn

    1. Обидете се да немате „ништо“ денови

    rnОбидете се да ги избегнувате деновите во кои нема да правите ништо, иако сега е неверојатно тешко да се прескокнат. Важно е да правите нешто секој ден за да се чувствувате среќно и продуктивно. Затоа, направете список со неколку работи што сакате да ги направите во текот на денот.rnrnСписокот не мора да содржи некои големи цели, но запомнете дека нешто е подобро од ништо. Една порција зеленчук е подобро од ниту една, а пет минути медитација е подобро од нула.rnrnПрецртувањето дури и на најмалите работи од вашиот список ќе ви предизвика радост.rn

    2. Разговарајте со себе

    rnМоже да се обидете да разговарате со пријател за тоа како поминал вашиот ден или да се снимате себеси додека зборувате за одредени работи ако не сакате да пишувате. Ова е особено корисно, затоа што секојдневно ќе водите евиденција за вашиот живот, што би можело да биде прилично интересно да го чувате откако ќе заврши оваа пандемија.rn

    3. Излезете надвор

    rnОдете на прошетка, трчајте, возете велосипед или седете во дворот. Во овие моменти, на сите им е потребен свеж воздух, па не ви треба куче или пријател, едноставно зграпчете ги слушалките и излезете, дури и само на десет минути.rnrnНа тој начин ќе ја разбистрите главата, а освен тоа, прошетката може да смета како нешто што сте го реализирале од списокот на обврски за тој ден.rn

    4. Контактирајте со вашите најблиски

    rnНемојте да мислите дека ги вознемирувате најблиските или дека тие повеќе сакаат да направат нешто друго отколку да разговараат со вас. Буквално сите се во карантин, па што може да прават друго?rnrnСигурно и тие се чувствуваат исто како вас, па зошто да не се жалите заедно? Буквално никој не знае што ќе се случи, па зошто да не шпекулирате? Или едноставно разговарајте за тоа што направивте во текот на денот.rn

    5. Посветете се на вашето хоби

    rnШто и да сакате да направите, сторете го тоа. Имате многу слободно време деновиве.rnrnСега е идеално време да пробате и нешто ново, особено затоа што многу луѓе работат од дома или се без работа. Отсекогаш сте посакувале да направите леб? Сега имате можност да научите како се прави. Или можеби отсекогаш сте сакале да пробате да пеете.rnrnИмате многу слободно време, па затоа обидете се да бидете зафатени колку што е можно повеќе. Тоа не значи тека треба да се критикувате ако не пробате сè што некогаш сте посакувале или ако не сте совладале некоја нова вештина.rn

    6. Вежбајте сочувство кон себе

    rnОва е тежок и ранлив период за секого, па затоа не отежнувајте си го уште повеќе. Не е крај на светот ако имате „ништо“ ден. Вие не сте пропаст затоа што не го користите времето како вашиот најдобар пријател што шие маски за лице за медицинскиот персонал што нема заштитна опрема.rnrnПравете го тоа што можете и не се споредувајте со никој друг. Тоа што нема да излезете од карантин со стомачни мускули не ве прави лоша личност.rnrnПравете го тоа што мислите дека ќе ве утеши во овој период и не срамете се од тоа како ќе изберете да се справите со стресот.rnrnПогледнете кои се 11-те видови луѓе во карантин и нивните смешни описи.

  • Словенечкиот филозоф Славој Жижек вели: Ако сме сите среќни зошто сегде владее тегобност и депресија?

    Словенечкиот филозоф Славој Жижек вели: Ако сме сите среќни зошто сегде владее тегобност и депресија?

    Познатиот филозоф од Словенија, Славој Жижек неодамна објави текст во кој објаснува како трендот на здравата исхрана е поврзан со консумеризмот, а пред сè со одредената идеологија што ја „купуваме“ заедно со таквиот животен стил.rnrnrnrnЕве што вели тој во текстот…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rn„За време на една моја неодамнешната посета на Калифорнија, вечерав во куќата на еден професор, заедно со еден мој словенечки пријател, страстен пушач. Доцна вечерта, мојот пријател стана очаен и учтиво ги замоли домаќините да запали цигара на терасата.rnrnКога домаќинот, не помалку љубезно, рече ‘не’, мојот пријател рече дека ќе излезе на улицата. Домаќинот го одби и тоа. Рече дека пушењето во јавност може да му наштети на неговиот статус во соседството. Но, она што навистина ме изненади беше тоа дека по вечерата домаќинот ни понуди (не баш) лесна дрога. Пушењето не беше никаков проблем сега, како дрогата да не е поопасна од цигарите.rn

    Сè може, но…

    rnОвој чуден настан е сведоштво за безнадежноста на денешниот консумеризам… Од една страна е потрошувачот кој калкулира со задоволството, добро заштитен од сите форми на злоупотреба и закани по здравјето, а од друга страна, зависникот од дрога или самодеструктивниот пушач.rnrnУживањето се толерира, дури и се поттикнува, под услов да е здраво и да не ја загрозува нашата психолошка или биолошка стабилност: чоколадо, да, но без маснотии.rnrnКока пијалак, да, но диетален; кафе, да, но без кофеин; лименка пиво, да, но без алкохол; мајонез, да, но без холестерол; секс да, но безбеден…rnrnШто се случува овде? Во последнава деценија, отприлика, настана ‘културниот капитализам’. Купуваме производ, да речеме, органско јаболко бидејќи е слика за здрав начин на живот. Она што ние всушност го купуваме кога купуваме ‘органска храна’ е одредено културно искуство, искуство на ‘здрав, еколошки начин на живот’.rnrnИстото важи и за секое прикажување на ‘реалноста’. Во реклама што се емитуваше пред десет години ширум САД, група на обични луѓе беа прикажани како уживаат во скара и танцуваат на кантри музика.rnrnПридружниот текст беше: ‘Говедско месо. Вистинска храна за вистинските луѓе’. Иронијата е во тоа што месото, понудено како симбол на одреден животен стил (на ‘вистинската’ работничка класа во Америка), е повеќе хемиски и генетски манипулирано од органската храна што ја консумира „вештачката“ елита.rnrnКупуваме сè помалку и помалку производи (работи) што сакаме да ги имаме, и сè повеќе животни искуства како сексот, јадењето, комуникацијата, културата, начинот на живот. Ние ја купуваме нашата форма на телото во теретаните, купуваме духовно просветлување со запишување на трансцендентални курсеви за медитација и ја купуваме нашата јавна личност со одење во ресторани во кои одат луѓето со кои сакаме да се поврземе.rnrnИ антипотрошувачката екологија е случај на купување автентично искуство.rnrnИма нешто лажно смирувачко во нашата подготвеност да прифатиме вина за заканите по околината – сакаме да бидеме виновни, затоа што ако сме виновни, тогаш сè зависи од нас. Ние ги повлекуваме конците на катастрофата за да можеме да се спасиме живеејќи поинаку.rnrnОна што е навистина тешко да се прифати (барем за западњаците) е дека ни е дадена улогата на пасивен набљудувач кој може само да седи и да гледа каква ќе биде неговата судбина. За да се избегне оваа ситуација, ние имаме тенденција лудачки опсесивно да посакуваме да бидеме вклучени во разни активности, да рециклираме стара хартија, да купуваме органска храна, што и да е, само за да бидеме сигурни дека правиме нешто, да дадеме свој придонес – како кога љубител на фудбалот навива за неговиот тим пред телевизорот, викајќи и скокајќи како да тоа, некако ќе влијае на исходот од натпреварот.rnrnЗарем не купуваме органска храна од истата причина? Кој навистина верува дека полускапаните и скапи органски јаболка се навистина поздрави? Работата е во тоа што со нивно купување, не само што го консумираме производот, туку и го покажуваме нашето загрижено лице и глобалната свест и учествуваме во големиот колективен проект. Ние не купуваме производи заради нивната погодност или затоа што се статусни симболи. Ние ги купуваме за да го добиеме искуството што ни го нудат, ги трошиме за да ги направиме нашите животи попријатни и значајни.rn

    Експлозија на тегобност

    rnНеодамнешната реклама за хотелите ‘Хилтон’ содржи едноставна парола: ‘Патувањето не е само доаѓање од точката А до точката Б. Тоа треба да нè направи и подобри луѓе’.rnrnМожевте ли да замислите ваква реклама пред десет години? Последниот научен израз на овој нов дух е појавата на нова дисциплина, т.н. студија за среќата. Како е тогаш можно, во нашата ера на духовен хедонизам, кога целта на животот е јасно дефинирана како среќа, да експлодираат тегобноста и депресијата?“[/message_box]rnrnПрочитајте ги и овие инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да ја надминете токсичната врска.

  • 10 знаци на депресија кај вашето дете кои не треба да ги игнорирате

    10 знаци на депресија кај вашето дете кои не треба да ги игнорирате

    Депресијата е болест што ги обзема телото, мислите и расположението и влијае врз навиките за јадење и спиење, односот кон себеси и начинот на којшто ги доживуваме нештата наоколу. За жал, оваа болест може да се јави и кај децата.rnrn10 знаци на депресија кај вашето дете кои не треба да ги игнориратеrnrnДетската депресија не е исто што и вообичаеното нерасположение и другите секојдневни емоции што се јавуваат кај децата додека растат. Индикаторите за појава на депресија кај децата може да се воочат во секојдневните интереси, друштвените активности, дома и на училиште. Таа е лечлива, но сериозна состојба. Притоа, постои разлика меѓу депресија и дистимија кај децата. Доколку се работи за депресија, таа трае околу две недели и може да се јави неколку пати во животот на детето. Тоа може да минува низ депресија доколку, на пример, доживеало вознемирувачка трагедија, како губење роднина или пријател. Дистимијата не е толку тешка, но е пролонгиран вид депресија што може да трае околу две години.rnrnОва се 10 знаци на депресија кај децата на коишто мора да внимавате:rn

    1. Тага и млитавост

    rnДетето може да страда од безнадежност и тага. Можно е лесно и брзо да се расплакува, а некои деца ги чуваат солзите во себе и делуваат резервирани и тивки. Тие најчесто реагираат, се движат и зборуваат побавно. Може да бидат и помалку активни и игриви.rn

    2. Недостиг од внимание и незадоволство

    rnДетето коешто отсекогаш спортувало, на пример, може одеднаш да ги прекрати тие активности. Наеднаш веќе не сака да се занимава со нив и ги нарекува здодевни.rn

    3. Вознемиреност и тензичност

    rnДетето не може да седи мирно или покажува знаци на тензичност, анксиозност или паника. Изворот на анксиозност може да ви помогне да ја лоцирате причината за депресијата.rn

    4. Збунетост и нерасположение

    rnДетето може да стане неспокојно и со кратко трпение. Како последица на стресот, може нагло да избувнува во лутина или да се онерасположува. Може да стане цинично, зборувајќи негативно за себе, околината и за животот.rn

    5. Вина, себеповредување и чувство на небитност

    rnДетето може да се опседне со своите разочарувања и грешки, да се чувствува виновно или небитно и некорисно. Постои и ризик физички да си наштети себеси, на пример свесно повредувајќи се.rn

    6. Ранливост и очај

    rnДетето може да чувствува дека ништо не може да се преземе за состојбата во којашто се наоѓа. Конкретно, децата со дистимија често изјавуваат дека таа состојба е всушност нивниот „нормален живот“, затоа што не знаат за поинаков.rn

    7. Чувство на изолираност

    rnДетето може да стане пречувствително на каква било навреда или несогласување со другарите.rn

    8. Промена во телесната тежина или начинот на исхрана

    rnАпетитот може да се зголеми или намали кај повеќето депресивни луѓе. Оние што обично имаат голема желба за храна, одеднаш може да ја изгубат. Кај младите може да се случи истото, или пак обратно, да почнат да јадат многу повеќе отколку што јаделе за да ја надополнат емоционалната празнина.rn

    9. Нередовен сон

    rnДепресивните деца може да имаат проблем со заспивањето. Исто така, може да се успиваат наутро или пак да се будат премногу рано. Додека се на училиште може да имаат проблем да останат будни.rn

    10. Повлеченост и избегнување

    rnДетето може да избегнува секојдневни обврски или задачи кои во минатото не му биле никаков проблем. Може да се повлече и да не разговара со роднините и другарите. Најчесто се повлекува во својата соба за да има приватност.rnrnАко овие знаци траат кратко, тогаш можно е да се работи за нерасположение. Меѓутоа ако траат повеќе од 2 недели, детето може да страда од депресија.rnrnНе ги игнорирајте знаците кај вашето дете и не чекајте да помине време за да ги снема. Советувањето и соодветните третмани се суштински за да се надминат овие состојби.rnrnПрочитајте ги и овие 5 причини зошто не треба да им викате на децата.

  • Како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321?

    Како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321?

    Постојано имате негативни мисли, се чувствувате депресивно и ви се чини дека анксиозноста почнува да ве напаѓа? Психолозите го смислиле овој трик односно метод којшто на брз начин помага да ги надминете овие потешкотии. Овој метод помага да се пренасочи фокусот на моменталните случувања и одвраќа од негативните мисли што предизвикуваат чувство на тешкотии.rnrnrnrnМетодот 5-4-3-2-1 е едноставен, но многу ефикасен за повторно воспоставување контрола над умот кога ви се заканува тешкотија, а се состои од броење наназад почнувајќи од бројот 5. Методот им помага на луѓето што патат од тешкотии да се вратат во реалноста потпирајќи се на 5 сетила – вид, слух, допир, мирис и вкус.rnrnПрвиот чекор вклучува личноста да погледне околу себе и да идентификува 5 работи што во тој момент може да ги види. После тоа треба да идентификува 4 работи коишто можат да се слушнат, 3 работи што може да ги почувствува (тоа може да биде и стапала до прстените на прстот), 2 работи коишто може да ги помириса и 1 работа што може да ја вкуси.rnrnОвие чекори можат да се направат брзо, а ефикасноста на методата е потврдена.rnrnНасочувањето на вниманието на сетилата нè враќа во сегашноста, а броењето на предметите не дозволува мислите да ни залутаат. Методот што се потпира на сетилата освен при анксиозноста помага и во лекувањето депресија, го ублажува стресот и го снижува крвниот притисок.rnrnСледниот пат кога ќе почувствувате анксиозност обрнете внимание на она што можете да го видите, почувствувате и допрете, и така ќе ги занемарите негативните мисли што се појавуваат во вашата глава.rnrnДознајте како да ја намалите вашата анксиозност за само 30 дена.

  • Прекрасната порака на Стивен Хокинг за борбата против депресијата

    Прекрасната порака на Стивен Хокинг за борбата против депресијата

    На 14 март, 2018 година, светот стана посиромашен, бидејќи еден брилијантен, љубопитен и интелигентен ум, Стивен Хокинг, почина на 76-годишна возраст. Тој се смета за еден од најбрилијантните теоретски физичари веднаш по Ајнштајн. До моментот на неговата смрт, тој беше директор на истражување на престижниот Универзитет во Кембриџ.rnrnПрекрасната порака на Стивен Хокинг за депресијатаrnrnХокинг беше професор на колеџот Гонвил и Каиус, како и професор во Кембриџ (1979 – 2009). Хокинг исто така имаше дузина почесни дипломи, а во 1982 година, тој беше награден со ЦБЕ (командант на редот на Британската империја,) што е голема чест.rnrnПокрај тоа, Хокинг беше член на Кралското друштво, како и на Националната академија на науки во Америка.rnrnНеговите големи идеи и мисли, инспирираа голем број генерации, бидејќи ја споделуваше својата мудрост на лесен начин за учење. Исто така, Хокинг беше голем човек, личност која не стравуваше од борба.rnrnВо 1963 година, му беше дијагностицирана Амиотрофична латерална склероза, и на 21-годишна возраст, докторите му соопштиле дека има уште 2 години од неговиот живот. Како што знаеме, тој им докажа дека погрешија.rnrnЧовек кој се борел против сите шанси, е личност која знае многу за животот.rnrnВо 2016 година, тој одржа говор во Универзитетот на Јужна Калифорнија и неговите зборови допреа до секоја присутна личност во публиката.rnrnИако темата на неговото предавање беше за црни дупки, тој ја искористи можноста да ги поврзе со вистинскиот живот и да им помогне на луѓето кои страдаат од депресија. Пораката на предавањето била дека црните дупки не се така црни како што биле насликани. Таа гласи вака:rn

    „Сетете се да погледнете нагоре во ѕвездите, а не надолу во вашите стапала. Обидете се да имате смисла за она што го гледате и прашувајте се, што е тоа што го прави универзумот да постои. Бидете љубопитни. Иако се чини дека животот е тежок, секогаш постои нешто што можете да го направите и да успеете. Важно е да не се откажувате“.

    rnПрочитајте и дел од неговите инспиративни мисли за време на предавањето:rn

    „Работите можат да излезат од црната дупка, можеби во некој друг универзум, па доколку се чувствувате како да сте во црна дупка, не предавајте се – постои излез…“rnrn„Тие не се вечни затвори како што порано се мислеше.“

    rnХокинг објаснил дека доколку една личност е со инвалидитет, не треба да се обвинува светот или пак да се очекува сожалување. Луѓето мора да имаат позитивен став и да го извлечат најдоброто од ситуацијата.rnrnТој објаснил дека неговиот инвалидитет не бил значаен хендикеп во неговата работа (теоретска физика), туку му помагал на некој начин, со што бил поштеден од предавања и административни работи, со кои би требало да се занимава доколку не бил со инвалидитет.rnrnОсвен тоа, Хокинг тврдел дека тој добивал голема помош од неговата сопруга, децата, колегите и студентите.rn

    „Луѓето, генерално се спремни за помош, но потребно е некој да ги охрабри да се почувствуваат дека нивните напори за помош се вредни“, рекол тој.

    rnОвој совет не можеше да дојде од подобро место, бидејќи овој силен човек надминал бројни пречки и живеел храбар и неверојатен живот.rnrnПрочитајте го и ова доколку се чувствувате изгубено поради вашата депресија.

  • 6 практични нешта што треба да се прават секојдневно за полесно справување со депресијата

    6 практични нешта што треба да се прават секојдневно за полесно справување со депресијата

    Кога си задавате мали задачи што треба да ги извршите во текот на денот, тој автоматски е поисполнет и со повеќе смисла. Наједноставната работа што треба да ја прават сите луѓе се извршува веднаш неколку минути после будењето. Самата помисла дека сте исполниле една задача уште во првиот час од вашето будење ви дава самодоверба и чувство на задоволство од исполнување на толку едноставна и лесна цел. Но, кога некој страда од депресија дури и најосновните домашни обврски може да се чинат невозможни за изведување. Поради тоа, ние ви нудиме практични нешта кои ќе помогнат полесно да се справите со депресијата.rnrnrn

    1. Наместете го креветот

    rnЗвучи банално толку мало нешто како местењето на креветот да има какво било влијание врз справувањето со депресија. Но, овие мали нешта можат да направат голема разлика во менталната состојба. Првото нешто што треба да го направите наутро е да го наместите креветот. Не само што изгледа чисто и уредно туку ви дава чувство на постигнување поради фактот дека сте ја извршиле првата задача од денот. Кога ќе го започнете денот со вакво мало постигнување ќе бидете поттикнати да направите повеќе. Бидејќи на депресивните луѓе тешко им е да се тушираат и да си подготват јадење, самото местење на креветот ќе ги охрабри да ги прават сите неопходни работи за себе.rn

    2. Практикувајте дневна рутина за нега на кожа

    rnКожата поднесува многу бидејќи на нејзе ги „носиме“ емоциите на нашите лица. Соочувањето со стрес во секојдневието може да предизвика акни. Недостатокот на одмор има влијание врз имуниот систем и ја намалува хидратацијата на нашата кожа. Големата изложеност на сонце исто така може да ја влоши состојбата на кожата. Премалку сон исто така негативно влијае врз нејзе. Затоа е многу важно да се практикува регуларна, секојдневна рутина за нега на кожа и тоа двапати на ден. Искористете го тоа време за да бидете целосно присутни во тоа што го правите.rn

    3. Пијте многу вода

    rnКога некој е депресивен многу е лесно да заборави да се хидрира. Чаша вода може да даде дополнителна енергија во текот на денот. Кога се појавува чувство на безживотност и умор, човекот треба да се напие вода. Можеби не се чувствува во истиот момент, но пиењето вода во доволни количини може да го зголеми нивото на енергија. Дехидрацијата се случува кога не се внесуваат доволно течности, а таа го влошува чувството на безживотност – ненамерно, ако се земе предвид фактот дека луѓето можат да издржат само 3-4 дена без вода. Совет: носете шише со вода секаде каде што одите!rn

    4. Имајте исполнувачки моменти

    rnНишто не звучи како уживање кога некој е депресивен, особено за време на главната епизода, но мора да се принудите да уживате, барем за кратко. Може да биде што било, во зависност што сте навикнале да правите. Читање книги, пиење омилен чај во омилената шолја, гледање филм. Барем за момент. Не смеете да се чувствувате виновни и уживајте додека трае.rn

    5. Чистете

    rnЗнаеме дека ова не е првото нешто што би ви паднало на памет, но може да помогне за подобро чувство кога домот ќе биде чист и нема да биде потребно да се мијат садови вечерта. Подобро е да се започне порано за да може да се ужива во чистиот простор подоцна во денот. И под чистење не се мисли само на бришење на очигледните валкани садови и алишта за перење туку и делови кои изгледаат заборавени. Треба редовно да се менуваат јорганите и навлаките за перница. Кога ќе се почувствува мирисот на постелнината што била свежо испрана, вреди спиењето на нејзе.rn

    6. Разговарајте со некого на кој можете да му верувате

    rnЛесно е човек да се почувствува осамено и да чува во себе наместо да разговара. Лесно е да се заборави дека постојат луѓе што се грижат за некого и многу е полесно кога ќе можете да разговарате за сè со некој во кого имате доверба. Како да се симнува некој товар од рамената и се јавува мислата дека не сте изгубен случај во овој свет. Потребна е храброст за да го направите подобар секој ден, без оглед колку е тоа тешко.rnrnДознајте и зошто треба да чувате јасмин во вашата соба ако се борите со анксиозност, панични напади и депресија.

  • Се борите со анксиозност, панични напади и депресија? Чувајте јасмин во вашата соба!

    Се борите со анксиозност, панични напади и депресија? Чувајте јасмин во вашата соба!

    Мирисот на јасминот има неверојатен ефект на вашето тело. Кога станува збор за смирување на телото и умот, истражувачите велат дека мирисот на јасминот има слични ефекти како дрога.rnrn(1) rastenie-jasmin-pomaga-pri-ankcioznos-panichni-napadi-i-depresijarnrnОвој мирис има моќ да го подобри вашето расположение. Според неодамнешно истражување од страна на германски експерти, ова цвеќе помага при нарушување на сонот и негово подобрување.rnrnИстражувачите тестирале многу мириси на лабораториски глувци и луѓе во обид да откријат кој мирис влијае на невротрансмитерите во организмот. Дали сте знаете дека јасминот е исто толку ефикасен како и валиумот?rnrnЕве неколку интересни факти и неверојатни придобивки од ова растение:rn

      rn 011

    • Грците биле први кои ги откриле придобивките на јасминот.
    • rn 011

    • Есенцијалното масло од јасмин е одлично за масажа.
    • rn 011

    • Јасминот често се додава во козметичките производи, бидејќи има одличен ефект врз кожата.
    • rn 011

    • Мирисот на јасмин исто така помага при справување со депресија, стрес, вознемиреност и други ментални проблеми.
    • rn

    rn(2) rastenie-jasmin-pomaga-pri-ankcioznos-panichni-napadi-i-depresijarnrnЧувајте го ова растение во вашиот дом. Ќе ја обожавате неговата миризба и ќе спиете како бебе. Одлично е за во вашата спална соба, па не заборавајте да го поставите токму таму.rnrnШто се однесува до растенијата кои го прочистуваат воздухот во домот, можете да земете и алое вера, ѓаволски бршлен, бамбусова палма и многу други. Овие растенија ќе ви помогнат да спиете подобро и ќе ви го прочистат воздухот во вашиот дом.rnrnПрочитајте и зошто е важно вашиот дом постојано да биде полн со цвеќиња?.