КАФЕ ПАУЗА

Tag: депресија

  • Најчестите психолошки нарушувања

    Најчестите психолошки нарушувања

    Сите би се согласиле со тврдењето дека денешниот „модерен“ живот е многу тежок. Секој на сосема поинаков начин се соочува со потешкотиите и проблемите на кои секојдневно е изложен. Понекогаш, од често за нас необјасниви причини, се појавуваат промени во нашето расположение и однесување кои многу брзо поминуваат. Но, доколку тие промени почнат да влијаат на начинот на кој го живееме нашиот живот, тогаш големи се шансите да дошло до појава на некој вид психолошко нарушување. Погледнете ја оваа кратка листа на најчестите нарушувања и размислете дали можеби сте забележале некои симптоми кај вас или кај некој ваш близок…rnrnНајчестите психолошки нарушувањаrnrnДепресивно расположение – состојба на намалено расположение кое најчесто е проследено со безволност и безиницијативност. Препознатливи симптоми на ова нарушување се интензивни чувства на тага, немање волја за живот и губење на апетитот.rnrnЕуфорија и манично расположение – состојба на зголемено расположение. Симптомите на ова психолошко нарушување се немотивирана веселост, обземеност со мегаломански или експанзивни идеи. На кратко, личноста без никаква причина е хиперактивно пресреќна.rnrnАнксиозност – доживување на непријатна внатрешна напнатост која е проследена со чувство на непријатност, неодреден страв, исчекување на нешто непријатно и необјаснива загрозеност. Многу често се појавува паралелно со депресијата.rnrnНајчестите психолошки нарушувањаrnrnНапади на паника – синдром на повремени и временски ограничени, ненадејни и нагли напади на интензивен страв, исчекување и ужас. Проследена е со многубројни физички феномени меѓу кои доминира тахикардијата. Нападот на паника најчесто се јавува кога личноста „претчувствува“ несреќа во блиска иднина.rnrnАфективна раздразливост – зголемена моментална реакција која личностите едноставно не можат да ја контролираат. Таа настанува како последица од ниската емоционална толеранција на фрустрациите.rnrnФобично анксиозно нарушување – се карактеризира со интензивно чувство на страв кое ги надминува границите на потребите на дадената ситуација. Личностите кои го имаат ова нарушување, откако ќе се соочат со стравот, во иднина прават сè што е во нивна моќ за да ја избегнат таа непријатна ситуација. Во краен случај ова однесување може да доведе и до агорафобија – страв од отворен простор и сè она што е поврзано со него (целосно затворање во домот и појава на сериозни напади на паника доколку се излезе на отворено).rnrnНајчестите психолошки нарушувањаrnrnОпсесивно-компулсивно нарушување – се карактеризира со несакани и повторувачки мисли, чувства, идеи, импулси (опсесии) или однесувања кои ве тераат да направите одредено нешто (компулсии). Многу често личноста со овој вид нарушување смислува свои ритуали кои ù помагаат за момент да се чувствува подобро. Но, доколку таа не е во можност да го заврши својот ритуал, моментално доаѓа до појава на сериозна анксиозност проследена со многу негативни чувства.rnrnПострауматско стресно нарушување – одложен и/или продолжен одговор на стресна ситуација која на некој начин силно ја загрозила личноста. Се карактеризира со епизоди на повторно преживување на стресната ситуација во сеќавањето преку „флешбекови“, лоши соништа или ноќни стравови.rnrnПарасомнии – во оваа категорија на нарушувања спаѓаат одењето во сон, ноќните стравови (оние кои страдаат од ова нарушување нагло стануваат од кревет со паничен вресок и плач, често трчајќи накај вратата како да сакаат да побегнат) и кошмарите (повторувачки застрашувачки соништа исполнети со екстремна анксиозност и/или страв кои доведуваат до целосно будење, при што личноста се сеќава во неверојатни детали на целата содржина од сонот).rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 начини како да ги победите најдепресивните денови во годината

    6 начини како да ги победите најдепресивните денови во годината

    Можеби април се смета за најсуровиот месец во годината, но затоа јануари е месец во кој луѓето најмногу страдаат од сезонска депресија. Разочарувањето што следува после празниците се поврзува и со сè пократките денови, а за сметка на тоа и сè подолгите ноќи, со лошите временски услови и високите сметки. Зимската депресија е сезонско нарушување.rn
    rn

    „За време на зимските месеци, многу често луѓето се чувствуваат потиштено“, тврди психологот Дон Лафранс, помошник – директор на Центарот за советување во Њујорк.

    rnСе чини дека не е само јануари критичен месец, туку и февруари. Постои разлика помеѓу лошото расположение и потешката состојба – сезонското нарушување.rn
    rn

    „Разликата е во интензитетот на симптомите. Во ред е да се плаче, но не е добро да се плаче три дена по ред“, вели Лафранс.

    rn6 начини како да ги победите најдепресивните денови во годинатаrnrnЗимската депресија најчесто трае неколку дена, после кои обично се појавува некакво задоволство. Симптомите на зимска депресија се: брза промена во тежината, спиење повеќе од 9 или помалку од 5 часа, како и отсуство на волја. Овие симптоми може да се спречат на лесни и едноставни начини, како што се здравата исхрана, редовното вежбање и занемарување на временската состојба.rn

    1. Одредете што точно ве потиштува

    rnАвтоматски може да помислите дека лошото време и сè пократките денови е тоа што ве потиштува, но голем удел во тоа може да имаат и други фактори, како што се, на пример, финансиите. Високите сметки и празничните трошоци го поттикнуваат стресот што ги потиштува луѓето. Депресијата, што се јавува тогаш, зависи од поединецот. Кога тој ќе дознае која е вистинската причина за депресија, тогаш ќе може полесно да се справи со неа.rn

    2. Вашите планови да не зависат од вашето расположение

    rnВо периодот на зимска депресија, многу е важно да се одржуваат социјалните контакти. Луѓето најчесто се договараат со пријателите кога се добро расположени, но кога ќе станат нерасположени, ги откажуваат плановите, а потоа се чувствуваат уште полошо. Посебно треба да се внимава на постепеното оддалечување од пријателите. Потрудете се да ги исполните социјалните обврски и не плашете се да им се доверите на блиските пријатели дека ви е потребна помош во овој период од годината.rn

    3. Внимавајте на исхраната

    rnВо текот на зимата потешко е да се придржуваме кон здравата исхрана. Посклони сме кон храна богата со јаглехидрати, што е уште еден симптом за зимска депресија. Токму јаглехидратите се виновни за појавата на летаргија. Внесете повеќе овошје и зеленчук во исхраната (во недостаток на свежи, дозволени се и органски намирници). Во готвењето може да употребувате и замрзнати производи, или пак ако сте зависни од ресторани, не прескокнувајте ги здравите менија.rn

    4. Вежбајте

    rnВежбањето е одличен лек против зимската депресија, но е прилично тешко кога времето е премногу студено. Во таков случај, добро би дошла и кратка, брза прошетка, а не смеат да се заборават и зимските спортови, како што е скијањето. Дури и посетата на теретана е подобра, отколку седењето дома. Ако и тоа е голем предизвик, повикајте некој пријател да ви се придружи. Дополнителна мотивација нека ви биде намалувањето на килограмите.rn

    5. Внесете повеќе светлина во животот

    rnСветлинската терапија се користи за лекување на сите видови полесни и потешки сезонски нарушувања и е доста ефикасна. Вклучете повеќе светилки во работната просторија, подигнете ги ролетните од прозорците, излезете на пауза на пладне, кога сонцето е најјако, посебно ако е стемнето кога доаѓате и кога си заминувате од работа. Прескокнувањето на овие совети ќе ве чини 1.000 единици витамин Д помалку, што, секако, не е добро за организмот. Зимската депресија е директно поврзана со витаминот Д и неговото присуство или отсуство во организмот.rn

    6. Не донесувајте животни одлуки

    rnДоколку сметате дека зимската депресија влијае на вашата работа, на вашиот начин на живеење или на вашиот љубовен статус, во тој случај не обидувајте се да промените некоја од овие работи, сè додека не најдете време добро да размислите за нив. За време на зимската депресија, не правете нагли промени, без претходно согледување на сите можности. Најдобро е да почекате еден месец и да видите дали сè уште се чувствувате исто пред да донесете важна одлука.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Меланхолија (Melancholia)

    Меланхолија (Melancholia)

    Филм за судниот ден и за различниот однос кон смртта, за депресијата како болест, за комплицираните семејни односиrnrnrnМеланхолија (Melancholia)Режија: Ларс фон ТрирrnrnУлоги: Кирстен Данст, Шарлот Генсбур, Кифер Сатерленд, Александар Скарсгард, Шарлот РамплингrnrnВреметраење: 136 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 18 мај 2011rnrnЖанр: драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————–rnПо претпоследниот филм, „Антихрист“ на данскиот режисер Ларс фон Трир, речиси целата кинематографска индустрија си поставуваше прашања за тоа какви внатрешни демони ја измачуваат неговата душа. Откако тој објави во медиумите дека боледува од депресија и дека тоа дело е еден вид негова филмска терапија, сè доби совршена смисла. Е, па наликува дека Трир колку-толку излегува од тој екстремно себе-измачувачки период и почнува да се приближува кон своето старо режисерско „јас“ кое ни е познато од филмовите како „Догвил“ или „Наспроти брановите“. rnrnСите оние што погледнале негово дело, знаат дека не може да очекуваат леснотија. Тој отсекогаш заземал еден психијатриски однос кон своите ликови, но „Меланхолија“ е дефинитивно парче во кое многу поприбрано, полиниски ги поставува своите прашања. Иако и тука депресивната состојба на Трир се насетува од секоја страна, сепак не преовладува до тој степен да ја преврти филмската рамнотежа кон забележливо лудило.rn————————————————————————————————————————————————–rn

    rnПриказна: Главни протагонисти во „Меланхолија“ се двете сестри: Џастин (Кирстен Данст) и Клер (Шарлот Генсбур), а филмот е составен од два дела, секој фокусиран на една од нив. Во првата половина, Трир го прикажува денот на венчавката на Џастин каде пополека сведочиме на цела мрежа на комплицирани семејни односи. Уште во првите 10 минути очигледно е дека таа е ексцентричната, неурамнотежена сестра, а Клер е рационалната и прибраната, која се обидува да ги држи работите под контрола.rnrnБавното филмско темпо прави да се чувствуваш како да си ù во главата на Џастин која боледува од депресија. Иако многу неодговорени прашања лебдат во воздухот, се чини дека целта е повеќе да ни се донесе чувството на тегобност отколку да ни се разрешуваат дилемите. Во вториот дел од филмот се анализираат Клер и нејзиниот сопруг Џон (Кифер Сатерленд) во периодот додека се соочуваат со можноста планетата Меланхолија да удри во Земјата и да направи сè пепел и прав. Додека тие доаѓаат до состојба на лудило, веќе „лудата“ Џастин ја прифаќа смртта како таа да не е пострашна од работите низ кои веќе поминува.Меланхолија (Melancholia)И во двете филмски етапи, фокусот е на меланхолијата само гледана во поинаков контекст. Од една страна, на нејзината разорна моќ како болест во еден мини семеен универзум, а од друга, како планета која ќе не срамни со земја. Како и да е, ефектот е ист само прашањето е дали уништувањето е физичко или пак психичко. Покрај очигледните анализи, Трир наметнува и прашања за односот кон смртта, за тоа каде се, во одредени ситуации, границите на лудоста и на нормалноста, за безрезервните семејни односи. Сепак, успева да задржи цврста филмска линија која е (по)едноставна да се следи.Меланхолија (Melancholia)Глума: Комплетната екипа во „Меланхолија“ е со голема актерска заднина и грешки се неприфатливи. Данст и Генсбур се стожерите во приказната и повеќе од очигледно е дека сериозно поработиле на умствените состојби на своите ликови.rnrnКако што веќе споменавме, Трир сака да чепка по психичките состојби на карактерите, така што потребна е опсежна анализа за да можеш да одговориш на сите негови барања. А, трудот на овие две актерки е повеќе од видлив. Можеби во комплетниот впечаток, црна точка е непостојаноста во акцентите. Така, Данст ни зборуваат на американски, додека Генсбур на англиски јазик поради што кај гледачот се јавува мала збунетост. Па, сепак тие се сестри.Меланхолија (Melancholia)Кинематографија: Трир кој е познат по тоа што го започна правецот на нискобуџетни „догма“ филмови, во овој период од кариерата работи пак со огромна финансиска позадина. Така „Меланхолија“ е преполна со импресивни кадри кои буквално би сакал да ги ставиш во рамка и да ги закачиш на ѕид. Уникатната режисерска рака на Трир сè уште се чувствува, но вмешани се и многу доработки, специјални ефекти и што ли уште не.Меланхолија (Melancholia)Кога и како да го гледате: Пожелно е „Меланхолија“ да се проследи на големото филмско платно затоа што моќта на некои кадри така значително би се засилила. Поубаво е да го гледате ноќно време, во темна просторија. Доколку не обрнавте внимание на саатницата, да напоменеме дека филмот трае повеќе од два часа па бидете подготвени на тој чекор. Остатокот е ваш избор.Меланхолија (Melancholia)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • 10 начини за справување со депресијата

    10 начини за справување со депресијата

    Депресијата е тешка психо-физичка состојба, а претставува големо пореметување на вашето расположение. Симптомите на депресија се: повлекување на болниот во себе, чувство на потиштеност, пад на нормалното енергетско ниво, несоница, губење на апетитот, опседнатост со црни мисли, забавен тек на размислување, безнадежност и беспомошност. Доколку сметате дека се чувствувате депресивно и особено ако имате биполарно растројство и големи промени во стилот на живеење, треба да посетите доктор, но доколку веќе одите на психијатар и консумирате медикаменти, постојат многу работи кои можете да ги направите за да си помогнете себеси да се чувствувате подобро, а нема да ве чинат ниту денар.rnrnЗабелешка: Ако сте моментално нерасположени или тажни, не значи дека боледувате од депресија. Повеќето депресивни епизоди траат подолго од две седмици и можат да траат со месеци, па дури и со години. Сезонските депресии, најчесто се јавуваат кај луѓето во текот на зимскиот период од годината, а состојбата се подобрува кога ќе настапи пролетта и летото.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    1. Не обвинувајте се себеси

    rnОва е наједноставниот, најважниот и најевтиниот начин да се борите со депресијата. Самата депресија, плус чувството на вина и неисполнетост во животот, можат да се излекуваат, но за да се случи тоа, потребен е практичен, научен пристап и трпение.rnrn„Морате да научите да ја прифатите реалноста дека депресијата е телесна болест, исто како болеста на срцето, дијабетесот и ракот“ – вели проф. д-р Ричард Раскин, клинички психолог во Њујорк и Личфилд, Конектикат. „Можете да ја надминете така што ќе се трудите повеќе да се борите и ќе го приспособувате вашето однесување. Потребно е да прифатите дека имате физичка болест на која е потребно да ѝ обрнете внимание и нема никаква смисла да се обвинувате себеси за тоа.“rn

    2. Зборувајте за тоа

    rnНема да биде лесно, но ако им зборувате на луѓето за вашата депресија е подобро, отколку да ја чувате во тајност. „Нема секој да ве сфати и да ви даде поддршка“ – вели Раскин. „Ако имате скршена коска на рамото, болки во грбот или главоболка, сите кои го искусиле тој проблем ќе ве сфатат бидејќи можат да се споредат со вас, но не и кога станува збор за ментална болест. Но, и покрај тоа што не ве разбираат сосема низ што поминувате, пријателите и семејството можат да ви пружат емоционална поддршка и да ви помогнат да ги истражите опциите за третирање на болеста. „Немојте да си дозволите да се изолирате од луѓето во вашиот живот. Комуницирајте со луѓето, до степен до кој можете да издржите “- додава Раскин.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    3. Редовно вежбајте

    rnМожеби вежбањето е последната работа која ви се прави кога се чувствувате депримирано, но џогирањето или вежбањето фитнес може многу да ви помогне да си ја подобрите психичката состојба. Енергичното спортување може да се бори со симптомите на вашата депресија, доколку вежбате редовно по 30 или повеќе минути. Во едно истражување, депресивните пациенти кои вежбале редовно на лента за трчање или на статичен велосипед во текот на 12 седмици, забележале намалување на симптомите на болеста за околу 50%. Вежбањето има и краткотрајни бенефиции. Друго истражување покажало дека вежбањето може да го подобри вашето расположение во наредните 12 часа.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    4. Одложете ги крупните одлуки

    rnДепресијата може да влијае на вашата перцепција и проценка, така што најпаметно е да ги одложите одлуките поврзани со вашите персонални врски и кариерата, до оној момент кога ќе се чувствувате подобро.rnrn„Еден од симптомите на депресијата е да имате негативен став околу повеќето работи кои се случуваат во вашиот живот“ – вели Раскин. „Тоа влијае на вашиот суд за речиси сè, а вие може да не сте ни свесни за тоа. Така што, одложувајте ги важните одлуки колку што можете повеќе“. Ако морате да донесете некоја одлука, немојте да бидете импулсивни. Пред да ја донесете одлуката, Раскин советува да се консултирате со луѓе кои ви се блиски и во кои верувате, како што се вашиот терапевт, членовите на вашето семејство, пријателите…rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    5. Грижете се за вашето здравје

    rnАко се чувствувате депресивно, предизвикувачки ви е да му дозволите на вашето здравје да се „лизне“. Но, ако си дозволите да изгубите желба да се грижите за вашето здравје, тоа може да ги направи симптомите на депресијата уште полоши. Поврзаноста помеѓу депресијата и здравствените состојби како дијабетес и срцеви болести е голема. Истражувањата покажуваат дека депресијата може да ги влоши овие состојби, но и обратно, луѓето болни од овие болести, стануваат депресивни. Така, луѓето кои искусуваат компликации поврзани со дијабетесот, е многу веројатно да станат депресивни, а постојат и некои докази дека стресот предизвикан од срцевите болести доведува до депресија, особено после срцев удар.rn

    6. Одржувајте секојдневна рутина

    rnДржењето колку што е можно повеќе до некоја секојдневна рутина, е многу важно за луѓе кои се борат со депресијата, според Раскин.rnrn„Без разлика за каква активност ќе се определите, обидете се да ја извршувате секој ден во истото време. Рутината, без разлика дали е џогирање, пазарење или миење садови, ви помага да го избегнете синдромот на седење дома по цел ден во пижами, кој само може да ги отежни работите. Рутината ви докажува на вас, а и на останатите, дека ако сте способни да го издржите денот, ќе успеете да ја победите и депресијата.“rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    7. Јадете здрава храна

    rnХраната која ја внесуваме не делува само на телото, туку и на мозокот, па така доколку се чувствувате депресивно, многу е важно да јадете здрава храна. Тоа може да биде зрнеста храна, протеинска храна, зеленчук или овошје.rnrnХраната не може директно да ја победи депресијата, но сепак различни видови храна можат да влијаат врз расположението. Како на пример, јаглехидратите и храната која содржи витамин Д, можат да го зголемат нивото на серотонин, невротрансмитер директно поврзан со расположението. Некои истражувања докажуваат дека омега-3 мастите, кои можат да се најдат во рибата и рибиното масло, можат да помогнат во борбата против депресијата.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    8. Избегнувајте лекарства и алкохол

    rnИако депресијата полека ве тера да се фатите за чашката, попаметно ви е да не го правите тоа. Луѓето кои патат од ваква состојба, често се решаваат за вакви мерки за да ги сокријат симптомите, но сето ова може да биде многу штетно во иднина.rnrnПиењето и употребата на разни апчиња влијаат врз мозокот и подоцна можат да направат проблем во односите со партнерот и пријателите, работата и сите други аспекти на животот. Особено е опасно доколку се помешаат заедно со антидепресиви. Иако чаша вино одвреме-навреме нема да наштети никому, сепак луѓето во ваква состојба треба максимално да избегнуваат внесување на алкохол и лекарства.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    9. Обидете се да спиете убаво

    rnОбично депресијата и недостатокот на сон одат рака под рака. Проблеми при спиењето се чест симптом на депресијата, што е во директна релација со расположението.rnrnИако ова не е генерално правило, сепак ваквата комбинација може да биде краткотрајна. Лишувањето од сон кај некои луѓе кои се наоѓаат во состојба на депресија, може дури и да го зголеми расположението. Исто така може да создаде и манија кај некои луѓе со биполарно растројство.rnrnМногу работи остануваат непознати за конекцијата на депресијата и сонот, бидејќи секој има различна потреба за спиење, но сепак експертите препорачуваат, луѓето кои се соочуваат со депресија да спијат доволно и да воспостават редовно и точно легнување и станување.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    10. Не преземајте премногу обврски

    rnДоколку се борите со депресија, многу е важно да не си го преполнувате распоредот и времето со повеќе работи отколку што можете да направите. Доколку имате комплицирани задачи на работа или дома, работете ги чекор по чекор.rnrnСетете се: „Во ред е да го намалите темпото. Можеби не сте свесни дека не можете да работите со полн капацитет. Можеби можете да дадете само 75% од себе. Сепак и тоа е успех. Но, доколку навистина не можете да функционирате, мора да бидете внимателни со себе. Земете слободен ден, сепак заслужувате пауза.“ – вели Раскин.rnrn10 начини за справување со депресијатаrn

    Што да не му кажувате на некој кој е во депресија?

    rnНе му велете: „На многу луѓе им е моментално полошо отколку тебе.“ – Дури и ова да е вистина, лицето не се чувствуваа така во тие моменти и тоа воопшто нема да му помогне.rnrnНаместо тоа, речете: „Не си сам во ова.“rnrnНе велете му: „Никој никогаш не кажал дека животот е фер.“ – Ова значи дека сте безобѕирни за чувствата на вашиот пријател.rnrnНаместо тоа, речете: „Ти си ми важен.“rnrnНе велете му: „Не е твоја вина.“ – Нормално дека не е негова вина, никој не ја одбира депресијата.rnrnНаместо тоа, речете: „Ќе бидам цело време покрај тебе.“rnrnНе велете му: „Верувај ми, знам како се чувствуваш. Еднаш и јас бев во депресија неколку дена.“ – Депресијата е сосема различна состојба од онаа кога сте тажни.rnrnНаместо тоа, речете: „Ќе се обидам максимално да се ставам во твоја кожа.“rnrnНе велете му: „Престани да се самосожалуваш.“ – Вашиот пријател не може одеднаш да престане да биде депресивен. Депресијата е физичка болест, исто како дијабетесот и срцевите заболувања, и оние кои патат од неа не можат туку така да се ослободат од нејзе.rnrnНаместо тоа, речете: „Дозволи ми да ти помогнам.“

  • Подигнете го нивото на вашето расположение

    Подигнете го нивото на вашето расположение

    Доколку се чувствувате нерасположено или пак едноставно сакате малку да се освежите од секојдневието, време е да преземете активности за расположение. Досадата, малаксаноста и депресивноста можат силно да му наштетат на вашето психичко здравје. Секојдневните грижи можат да ви предизвикаат уште поголемо чувство на нервоза, нешто што воопшто не ви е потребно во таа состојба. Со овие неколку интересни совети, ќе можете да ги оставите овие чувства зад вас и повторно да гледате низ призмата на розовите очила.Подигнете го нивото на вашето расположение1. Исфрлајте ја негативната енергија преку разговор со најдобриот пријател или пишувајќи во дневник, во кој ќе си ја олеснувате душата. Искажувањето на чувствата е здрав начин за исфрлање на негативностите кои ги носите со себе, што е потребно за подобрување на расположението.rnrn2. Променете го неделното мени и почнете да консумирате храна која може да ви го зголеми расположението. Здравата и свежа храна секогаш треба да ви е приоритет, а оревите, лососот, леќата и овесот треба да ви се на врвот на листата.rnrn3. Појдете во теретана. Подобрете си го метаболизмот преку добро и здраво потење, што ќе го постигнете со кардио или боди-билдинг тренинг. Вежбањето ослободува ендорфин, хормон кој може да го подигне вашето расположение.rnrn4. Наспијте се убаво. Недостатокот на квалитетен сон, може да ве направи лесно избувливи и изморени во текот на целиот ден. Добриот сон секогаш позитивно ќе влијае врз вашето расположение.rnrn5. Фокусирајте се на позитивното. Ова звучи како најголемо клише, но праксата покажува дека фокусирањето кон нештата кои ги сакате може да ве извади од темните мисли. Ова не мора да значи дека наеднаш треба да постанете екстремно позитивни и оптимистички настроени, туку едноставно започнете да гледате на светлата страна.rnrn6. Излезете на сонце. Витаминот Д од сончевите зраци игра многу важна улога во регулирањето на вашето расположение, велат истражувањата на научниците од Универзитетот во Манчестер. Резултатите од истражувањето покажале дека учесниците со поголемо количество на витамин Д, биле емоционално постабилни отколку оние со пониско ниво на витаминот во себе.rnrn7. Шетајте на свеж воздух. На мозокот му е потребно повеќе свеж кислород за да ги расчисти мислите, за да се фокусира и да се ослободи од стресот. Излезете на кратка прошетка и уживајте во неа.rnrn8. Внимавајте на оброците. Како надополнување на втората точка, важно е да внимавате да не прескокнувате оброци и да останувате гладни предолго. Доколку нивото на шеќер во крвта ви падне многу ниско, може да се почувствувате нерасположени и уморни. Јадете мали оброци неколкупати во денот и следете си го нивото на шеќерот во крвта.rnrn9. Најдете нешто што ќе ви ја врати насмевката на лицето. Без разлика дали станува збор за разгледување стари слики и потсетување на убави спомени, каде што сте среќни и весели или пак гледање добра комедија, истражувањата покажале дека можете да станете среќни доколку почнете да се смеете.rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Започнете ја седмицата понеделнички

    Започнете ја седмицата понеделнички

    После еден мрзливо поминат викенд, со чипсот во рака, пружени на каучот пред телевизор, на повеќето од нас ни е депресивна мислата дека треба да почне уште една напорна работна седмица. Но, ако и дозволиме на понеделничката меланхолија да не обземе, постои опасност таа да ни ја уништи целата седмица. За да не се случи тоа, треба да излеземе од рутинското секојдневие и да ги прегрнуваме понеделниците исто онака како што ги прегрнуваме петоците. Прочитајте ги следниве 7 начини да ги победите понеделничките депресии. Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    1. Дотерајте се

    rnОдличен начин да ги победите негативните чувства, кои се обидуваат да ви ја исцицаат енергија на почетокот од седмицата, е да се погрижите за вашиот изглед. Облечете нешто во кое се чувствувате секси, средете си ја косата, ставете ја вашата омилена алка и прснете на себе од скапиот парфем кој го чувате за „посебни пригоди“. Со што и да решите да се почестите, гледајте тоа да биде нешто кое прави да изгледате и да се чувствувате волшебно. Маката која претходно ја чувствувате ќе исчезне за миг.Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    2. Разгалете се

    rnПронајдете начин да направите понеделник да ви биде ден наменет за нешто специјално. На пример, подгответе си го вашиот омилен појадок пред да излезете од дома или купете си го на работа/факултет вашиот највкусен оброк. Нема потреба да чекате да дојде викенд за да го направите тоа, бидејќи тие два дена и без тоа ви причинуваат задоволство сами по себе.rn

    3. „Рокнете“ го радиото

    rnМузиката може значително да го подобри вашето расположение. Попуштете го звукот додека ја слушате вашата омилена радио станица и дозволете му вашето тело и ум да се препуштат на ритамот. Честопати занимливите вести и шегите кои ќе ги чуете од радио водителот, во себе кријат интересна тема за разговор или смешка која ќе можете да ја раскажувате за да ги разведрите вашите колеги и другари. Преку веселата комуникација со вашите колеги, ќе ги заборавите сите причини зошто претходно се чувствувавте мизерно.Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    4. Филмска вечер

    rnЗошто треба гледањето филмови да биде резервирано само за во викендите? Ако сте филмски ентузијаст, викнете го вашиот партнер или некој другар/ка на пуканки и добро филмче. На овој начин, ќе ви се случува нешто интересно уште на почетокот од седмицата, поради што можеби ќе го засакате токму овој ден од седмицата.Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    5. Прегледајте ја вашата имејл пошта во недела навечер

    rnИ покрај тоа што во недела навечер сакате уште малку да поуживате во преостанатите слободни часови, попаметно е да ја победите мрзата и да завршите неколку ситни обврски, кои доколку се насоберат можат многу да ви ја преоптоварат работната седмица. Така, доколку во вашето имејл сандаче сè уште ви стојат неотворени неколку мејлови на кои морате да одговорите, зошто да не ја тргнете таа мисла од глава?! Плус со таквата постапка, веќе сте завршиле пола од работата која ве очекува во понеделник, со што го правите овој ден помалку меланхоличен.rn

    6. Купете си нешто ново во понеделник

    rnКупувањето нешто што ви треба или ви се допаѓа доволно за да ве развесели понеделнички, е одличен начин да го победите меланхоличното расположение. Не мора да биде нешто скапо, туку нешто во кое ќе уживате додека го употребувате во овој депресивен ден, како на пример убаво пенкало, паричник, лабело…Започнете ја седмицата понеделничкиrn

    7. Одете со пријател на ручек

    rnПред да заврши викендот, јавете се на некој пријател кој е исто толку очаен како вас зашто почнува нова работна недела и закажете за утредента ручек во ресторан. Ништо не може повеќе да го покрене расположението од добра храна и уште подобар муабет со вашиот другар/ка. Па, договорете средба и којзнае можеби понеделничкиот ручек ќе ви стане редовна пракса.

  • Мотивирајте ги колегите со помош на астрологијата

    Мотивирајте ги колегите со помош на астрологијата

    Дали вашата канцеларија ја делите со некој депримиран, нерасположен колега? Таквите луѓе не само што се повлекуваат во себе и се постојано намуртени, туку прават и вие да се чувствувате виновно ако сте весели и добро расположени во текот на работните часови. После неколку часа најверојатно и вие ќе се „заразите“ од таа негативна енергија која ја шири вашиот колега или колешка. Се прашувате како да го решите овој проблем? Дознајте го неговиот/нејзиниот хороскопски знак и научете како да го/ја вратите во оптимистичниот свет.rnrnМотивирајте ги колегите со помош на астрологијатаrnrnОние кај кои дефинитивно ќе има напредок од внесување малку позитивна енергија и ентузијазам на работното место, се луѓето родени во хороскопските знаци рак и бик. Ракот е пречувствителен, па поради тоа многу е можно нешто да има погрешно сфатено и да се чувствува повредено или пак да мисли дека не е доволно ценет. На бикот му е потребна редовна добра комуникација, бидејќи во спротивно се чувствува депресивно. За да ги расположите овие два знака на работното место, дајте им поддршка, гушнете ги или донесете им екстра колаче од кујната и тие инстантно ќе се разведрат.rnrnАко вашиот колега чиј хороскопски знак е близнаци понекогаш изгледа напнато, не тревожете се – можеби едноставно не му е денот. Во случајов е позитивно тоа што близнаците имаат променливо расположение, па најверојатно ќе се развеселат во текот на денот. Сличен е случајот и со водолиите. Кога ќе слушнат некоја интересна информација, веднаш се враќаат во форма. Ако успеат да го активираат својот натпреварувачки дух, водолиите забораваат на меланхоличното расположение.rnrnСкорпијата можете многу лесно да ја расположите доколку и откриете некој тајна. Скорпиите уживаат кога другите луѓе им се доверуваат и им ги откриваат емоциите. Исто така, „сочен“ трач воопшто не би им пречел.rnrnОгнените знаци овен, стрелец, лав и вага имаат тенденција да гледаат на светлата страна на животот, па најверојатно не би ви претставувало проблем да работите со нив. Лавот може да стане нерасположен ако го прекорите и искарате. За да ја вратите неговата ведра насмевка, поделете му некој комплимент и често кажувајте му пофални зборови. Чувството на возвишеност претставува најголем мотив за лавот.rnrnЛуѓето родени во знакот риби се многу длабоки личности, па ако ги видите замислени, тие најверојатно се загрижени за маките на други луѓе. Рибите како да имаат некоја замислена антена која ги детектира емоциите на сите луѓе околу нив и се обидува да најде начин да им помогне. Рибите сакаат нежни разговори и совети кои ќе им помогнат да ги решат сите проблеми во светот.rnrnДевицата и јарецот најверојатно ќе забележите дека премногу работат, па ако сакате да ги разведрите ќе мора да ги наговорите или натерате да сфатат дека покрај тоа што мора да се работи, мора да останува време и за живеење на животот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Справете се со вашиот неправеден шеф

    Справете се со вашиот неправеден шеф

    Справувањето со шефот, кој е често некоректен и безобзирен за вашите чувства, без аргумент е стресно. Истражувањата покажуваат дека постои причинско-последична релација помеѓу стресот од работата и психолошките пореметувања и болести, вклучително депресија, кардиоваскуларни заболувања, мускулно-скелетни пореметувања, самоубиства, рак и слабеење на имунолошкиот систем.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnНе се обвинувајте себеси, не дозволувајте да ве совлада некоја болест и никако не посегнувајте по оружјето за да му се спротивставите на стресот и депресијата. Има посуптилни начини, само треба редовно да помислувате на нив.rn.rn

    Реагирање на вашиот неправеден шеф

    rnШто треба да направите или кажете ако вашиот шеф ве третира поинаку?rnrnНекоректните шефови често се служат со психолошки навреди. Тие знаат да намигнат и саркастично да се насмеат на вашите предлози за да биде јасно дека тие ја имаат моќта и дека вашите идеи за нив се шега.rnrnШто друго некоректно прават шефовите?rn

      rn011

    • Праќаат имејл со лични напади
    • rn011

    • Комуницираат со сарказам или задевање
    • rn011

    • Јавно ги понижуваат вработените на суптилни начини
    • rn011

    • Ги игнорираат вработените
    • rn

    rnСите добри шефови понекогаш се однесуваат идиотски. Сепак, ако се чувствувате деморализирано секогаш кога ќе го сретнете вашиот претпоставен, веројатно се работи за неправеден шеф.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnМногу вработени, кога ќе се почувствуваат изиграно, нападнато или игнорирано од страна на нивниот претпоставен избираат да го оговараат пред другите колеги, да му враќаат со мали напади или да избегнуваат секаков контакт со него. Иако последново може да даде резултат на краток рок, долгорочно ќе заврши со пораз на своја сметка.rnrnНаместо тоа, препорачуваме:rn

      rn011

    • Развијте одредено ниво на емоционална оддалеченост.
    • rn011

    • Извојувајте мали победи докажувајќи се добро во повеќе задачи од помало значење.
    • rn011

    • Барајте поддршка – наместо со озборување, концентрирајте се на развивање позитивен однос со другите колеги.
    • rn

    rnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnПо дефиниција, шефовите имаат моќ врз вработените. Овие пак зависат од шефовите за информации, пристап, препораки, па и унапредувања. Но, ако вашата безбедност на работното место и вашите граѓански права се доведуваат во прашање, можеби е ред да преминете на следниот чекор.rn.rn

    Пријавување на неправеден шеф

    rnАко вашиот шеф се однесува некоректно, би требало да се обратите до личност одговорна за човечки ресурси во фирмата.rnrnНо, претходно треба да се подготвите:rn

      rn011

    • Ако сте се однесувале незадоволително како резултат на некоректниот третман од шефот, треба да си направите листа со сите инциденти и да бидете спремни да ги кажете доколку шефот го доведе во прашање вашето скорешно однесување.
    • rn011

    • Соберете докази – Чувајте ги електронските пораки во кои шефот ви се прави паметен и отворено покажува тенденција да ве иритира и фаќајте забелешки за ситуациите во кои сте биле објект во неправедна игра.
    • rn011

    • Подгответе пишана изјава, не подолга од една страна која ќе ги сумира сите ваши грижи.
    • rn011

    • Смирете се – Исчистете си ја главата и контролирајте ги емоциите пред да го нападнете шефот.
    • rn

    rnПред да го обвините шефот во одделот за човечки ресурси, обидете се да разговарате со него лично. Кажете му што ве прави загрижени и дајте му шанса да изреагира. Заедно направете план за подобрување на ситуацијата и договорете се повторно да се сретнете, на пример за 30 дена, за да видите што сте постигнале.rnrnСправете се со вашиот неправеден шефrnrnДоколку ова не успее, обратете се во одделот за човечки ресурси или, доколку се работи за помала фирма, до директниот претпоставен на вашиот шеф. Ќе бидете советувани за начините на кои можете да поднесете жалба.rnrnНајчесто нема да има потреба да дојде до ова, но некои работни релации се тешки за излегување на крај. Дискриминирачки шеф или шеф кој не би се извинил за своето дрско однесување може да ја направи работната средина непријатна, но и опасна.rnrnКако и да е, не си дозволувајте да ви се вжештува главата, бидете сталожени, водете евиденција за неправедностите и обратете му се на вашиот претпоставен на ведар, неборбен начин и ќе видите дека е возможно да се подобри дури и вака стресна и тешка ситуација.rnrnСправете се со вашиот неправеден шеф

  • Топ 20 песни за после раскинување

    Топ 20 песни за после раскинување

    Врските се убави додека траат, но раскинувањата знаат да бидат толку болни, што можат да не фрлат во депресија, да не остават без желба за преболување, без волја за што било…rnrnТоп 20 песни за после раскинувањеrnrnЕве еден брз рецепт: изнаслушајте ги овие 20 песни или изберете неколку кои ќе ги вртите постојано, дозволете си да се чувствувате така како што природно ви доаѓа, а кога веќе ќе ви се смачи од самите себеси, излезете надвор и почнете одново.rnrnАко некому му успее, може слободно да го сподели своето искуство подолу.rn

    1. The Smiths – “I Know It’s Over”

    rn

    2. Britney Spears – “Stronger”

    rn

    3. Destiny’s Child – “Survivor”

    rnrn

    4. Cee-Lo – “F**k You”

    rn

    5. Kelly Clarkson – “Since U Been Gone”

    rn

    6. Alanis Morissette – “You Oughta Know”

    rn

    7. Gloria Gaynor – “’I Will Survive”

    rnrn

    8. Stars – “Your Ex-Lover Is Dead”

    rn

    9. Ben Folds Five – “Song For The Dumped”

    rn

    10. 2Gether – “The Hardest Part Of Breaking Up”

    rn

    11. The Cure – “Pictures Of You”

    rn

    12. N Sync – “Bye Bye Bye”

    rn

    13. The Postal Service – “Against All Odds”

    rn

    14. The Get Up Kids – “Mass Pike”

    rn

    15. Rilo Kiley – “Breakin’ Up”

    rn

    16. Ace Of Base – “Don’t Turn Around”

    rn

    17. Janis Joplin – “Piece Of My Heart”

    rnrn

    18. No Doubt – “Don’t Speak”

    rn

    19. The Good Life – “ORourkes, 1: 20 A.M.”

    rn

    20. Grizzly Bear – “Knife”

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 10 работни места со највисок степен на депресија

    10 работни места со највисок степен на депресија

    Автор: Теодора ТрповскаrnrnНекои работни места продуцираат поголем степен на депресија од други. Депресијата не се манифестира веднаш, туку по некој изминат период. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат стресна работа, имаат поголема можност да се справат со тоа, ако се грижат за себе и ако свесно ги земат работите во свои раце. Сепак, стресноста не секогаш произлегува од одговорноста што ја носи работата. Во најголем случај, стресот произлегува од начинот на кој се однесуваме кон луѓето што ја работат таа работа. Затоа, насмевка и убав збор му се добредојдени на секого, па така и на девојката што работи во соседниот млечен ресторан, професорката и административниот работник.rnrn10 работни места со највисок степен на депресија.rn

    1. Работа во дом за стари лица и работа со новороденчиња

    rnКај речиси 11% од луѓето кои ја работат оваа работа е забележана голема депресија. Обичен ден во дом за стари лица вклучува хранење, бањање и грижа за оние кои не се во состојба самите да ги извршат овие секојдневни работи, бидејќи се изнемоштени или премногу мали. Иако е благородна работа, гледајќи ги луѓето болни, изнемоштени и неспособни, невозможно е да се прима позитивна енергија.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    2. Работа во ресторан, пекара, локална продавница

    rnЛуѓето кои ја работат оваа работа, најчесто се малку платени, а притоа имаат многу работа и целото работно време се опкружени со најразлични луѓе. Но, тие кои ја работат оваа работа понекогаш мислат дека таа е неблагодарна, бидејќи луѓето најчесто се непристојни и навредливи. Тоа ги доведува до депресија и речиси немаат мотивација и енергија да работат.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    3. Социјални работници

    rnОва веројатно не е никакво изненадување. Да се справувате со злоупотребени деца, малтретирани жени и семејства во финансиска криза, не е лесно за никого, особено ако работите 24/7. Оваа работа бара жртви од оние кои ја работат, па така често пати социјалните работници се запоставуваат себе си, сѐ со цел да помогнат на другите.rn

    10 работни места со највисок степен на депресија

    rnrn

    4. Доктори, медицински сестри, болничари

    rnТука е вклучен целиот медицински персонал. Медицинските сестри и докторите често пати немаат фиксно работно време бидејќи буквално кажано, животите на многу луѓе се во нивни раце. Тоа самото по себе е стрес. Секојдневно се соочуваат со смртта и се справуваат со фамилиите и најблиските.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    5. Уметници

    rnВо случајот на сликарите и писателите, депресијата многу често резултира со ремек дело. Креативците имаат голем степен на депресија, стрес и се изолирани од обичните луѓе. Биполарноста се јавува кај многу уметници, како вид ментално пореметување.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    6. Наставици

    rnЕдно е јасно. Оној кој ја носи работата дома, го носи и стресот. Дел од работата на наставниците е прегледување домашни, писмени, креирање наставни планови, а сето тоа тие го подготвуваат дома, во најчест случај. Имаат притисоци од родителите, децата, директорите, најразлични барања и желби треба да бидат задоволени, од што следствено се појавува депресијата.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    7. Административен персонал

    rnОд луѓето кои работат во ова поле секогаш се бара многу. Тие запишуваат сѐ и се грижат за сѐ. Но, административните работници се на дното на пирамидата и лесно се контролирани од врвот. Брзи, непредвидливи и стресни денови се дел од нивната работа.rn

    10 работни места со највисок степен на депресија

    rnrn

    8. Самостојни продавачи

    rnТие работат за себе и самостојно. Изгледа лесно и убаво, но доведува до депресија, бидејќи никогаш не знаат дали тој ден ќе остварат продажба.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    9. Финансиски советник

    rnСтрес! Стрес! Стрес! Овие луѓе ви кажуваат како е најдобро да ги вложите и инвестирате парите, колку да потрошите, каде да ги пренамените… А ни самите тие не знаат колку финансиски проблеми ги чекаат. Работата им е многу одговорна, бидејќи тие се одговорни за финансиите на нивните клиенти.rnrn10 работни места со највисок степен на депресијаrn

    10. Основни работници

    rnТука влегуваат оние вешти луѓе кои ни ги поправаат расипаните делови од домаќинството. Секојдневно се опкружени со луѓе и нивните побарувања. Работат во секое време кога ќе бидат повикани, па дури и ноќе. Најчесто се изолирани од причина што секојдневно работат. Сет тоа предизвикува стрес и потоа, депресија.rnrn10 работни места со највисок степен на депресија