Идејата за промена може да биде застрашувачка, особено ако е голема. Меѓутоа, промената може да биде и неверојатно возбудлива и да ви овозможи да го искористите целосно својот потенцијал. Прашањето е, како се чувствувате во однос на вашиот живот? Мислите ли дека ви е потребна промена? Прочитајте ги следниве 8 знаци кои кажуваат дека ви е итно потребна промена.rnrn
rn
1. Немате чувство на цел
rnРазлични луѓе ја наоѓаат смислата на животот во различни работи. На пример, можеби имате сестра на која семејството ѝ е на прво место, додека пак на некои ваши пријатели највисоко рангирана им е кариерата. Има ли нешто во вашиот живот што ве исполнува? Ако не, треба да размислите кои се работите што навистина ве усреќуваат и да го промените животот со цел да ги постигнете.rn
2. Рамнодушни сте
rnАко се чувствувате целосно рамнодушни, најверојатно ви е потребна радикална промена, но неретко може да биде знак и само на моментно незадоволство. Доколку подолго време не се чувствувате среќни или инспирирани, запрашајте се зошто е тоа така. Овој процес ќе ви помогне да ги идентификувате причините за рамнодушноста.rn
3. Имате ниска самодоверба
rnКога живеете со цел и добро се однесувате кон себеси, вашето самопочитување расте. Но, од друга страна, доколку од ден во ден се чувствувате сѐ повеќе бесцелни, вашата самодоверба ќе почне да ви се намалува и ќе помислите дека не вредите. Можеби ќе се прашувате дали воопшто ги заслужувате подобрувањата кои ги посакувате…rn
4. Љубоморни сте
rnМногу е непријатно да чувствувате органска завист, но тоа е исто така и знак на предупредување од организмот дека нешто не е во ред со моменталната ситуација во вашиот живот. Што го предизвикува тоа чувство на завист? Дали се тоа среќни парови кои вас ви праќаат порака дека го имаат она што вие го немате? Или е тоа слободата што ја уживаат другите луѓе, додека вие се чувствувате заробени во вашите обврски? Наместо да ја потиснувате, можете многу да научите од вашата љубомора.rn
5. Се смирувате на нездрав начин
rnСите имаме свои методи на опуштање, но доколку се движите кон дрога и алкохол за да избегате од сопствената ситуација или за да ги неутрализирате неудобните чувства, тогаш, сигурно е дека е време за промена. Размислете за тоа што точно се обидувате да потиснете и запрашајте се што треба да смените за да немате веќе потреба од такви потиснувања.rnrn
rn
6. Ве депримираат ситници
rnКога сте задоволни од вашиот живот, мал застој и незадоволство се појавува на вашиот радар. Но, кога сте постојано незадоволни, овој мал застој и незадоволство веднаш ве огорчуваат. Доколку сте забележале дека вакви ситници длабоко ве вознемируваат, тогаш треба да застанете и да размислите дали е време за темелна промена.rn
7. Немате енергија
rnДоколку секое утро се будите со чувство на умор, а вашите лекари ве убедуваат дека не постои здравствен проблем зад него, можеби сте само исцрпени бидејќи трошите енергија на работи кои не се толку важни. Кога последен пат се чувствувавте силни и живи? Што правевте тогаш? Одговорите на овие прашања се витални знаци за какви промени ви се потребни во животот.rn
8. Се прашувате „Дали е ова тоа?“
rnСе прашувате, дали е ова тоа што животот ви го нуди? Одговорот е, само ако вие тоа го сакате. Бидејќи ако сте спремни доволно напорно да работите за да го промените својот живот и начинот на којшто размислувате, тоа и ќе се случи.


rnrnЗимата е период од годината кога деновите се кратки и облачни, ветерот силно дува, а студот ви се вовлекува во коските. Не ви се станува од кревет и немате доволно енергија за ништо, па само чекате што побрзо да дојде лето. Професорката Кари Лебовиц се обидела да открие како жителите на гратчето Тромсо се прилагодуваат на зимата. Овој град се наоѓа на остров каде што сонцето не изгрева два месеци во годината, но и покрај тоа, таму живеат 70.000 луѓе.rnrn
rnrnШто е тоа што го поседуваат Норвежаните и со кои трикови се служат за да му пркосат на целиот свет? Се работи за високото ниво на ментална дисциплина и сила. Меѓутоа професорката тврди дека Норвешка е една од најнапредните земји, а градот Тромсо е центар на нафтената и ИТ индустрија. Останува само уште прашањето е дали и финансиската состојба на жителите има влијание врз нивната ментална сила и доброто расположение?
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

rnrnПри истражувањата за тоа како јадењето риба влијае одделно кај двата пола, истражувачите забележале посилна поврзаност помеѓу честото консумирање риба и намалувањето на депресијата токму кај мажите. Одредени студии покажале дека кај посилниот пол ризикот за депресија се намалува дури за 20%. Што се однесува до жените, ризикот за депресија се намалил за 16%. Сепак, она што треба да се испита во понатамошните истражувања е тоа дали оваа поврзаност варира во зависност од видот на рибата.rnrn
rnrnДенес депресијата напаѓа околу 350 милиони луѓе ширум светот, а се предвидува да стане и втора водечка причина за лошо здравје од 2020 година, па затоа, вклучувањето на рибата којашто содржи висококвалитетните протеини, витамини и минерали во секојдневната исхрана, може значително да го подобри нашиот живот.