КАФЕ ПАУЗА

Tag: депресија

  • Анксиозноста е најголемото зло што му се случило на модерното општество

    Анксиозноста е најголемото зло што му се случило на модерното општество

    Анксиозните луѓе го опишуваат чувството како нешто што им ја јаде душата однатре. Депресивните, пак, како душата да им е веќе изедена. Луѓето кои имаат проблеми со анксиозност и депресија честопати преминуваат од едната во другата негативна психичка состојба. Причини за појава на чувството на анксиозност има многу: Штотуку сте завршиле факултет, сте останале без работа или, пак, поминувате низ болно раскинување. Сигурно претпоставувате дека анксиозноста е последица на животната борба што ја водите во моментот и откако ќе успеете да ја добиете битката, ќе можете да земете здив. Но, тоа не е вистина. Веднаш по оваа борба следува друга. Исто како во видео игра кога треба да ги поминете „главните“ за да стигнете до наредното ниво.rnrnАнксиозноста е најголемото зло што му се случило на модерното општествоrnrnАнксиозноста не оди никаде. Ако не најдете начин да се справите со неа, таа може да доведе до сериозни здравствени последици. Истражувањата покажуваат дека анксиозноста е еден од главните причинители за самоубиство кај 30-годишните луѓе, а понекогаш се смета за симптом кај луѓето чија смрт била предизвикана од предозирање со дрога, заболувања на црниот дроб и труење со алкохол. Смрт предизвикана од целото ѓубре што го внесуваме за да ги смири штетниците што нѐ јадат однатре.rnrnВо текот на изминативе 70 години, стапката на извршени самоубиства кај средношколците и студентите се зголемила за цели 800%, а бројот на препишани антидепресиви пораснал за 400% кај возрасните во периодот од 1988 до 2011 година. Најинтересно е тоа што терапиите со антидепресиви стануваат сѐ помалку ефективни. Сигурно си мислите дека тоа е така затоа што целиот свет полудел и сите се анксиозни и депресивни со причина.rnrnТочно е тоа дека анксиозноста се јавува со причина, но не затоа што светот станал полошо место за живеење. Имало многу полоши професии, бракови и здравствени проблеми пред 100 години. Анксиозноста се појавува затоа што носи профит. Постојат и цврсти аргументи кои ја докажуваат оваа хипотеза.rnrnИмено, кога луѓето во една анкета биле прашани дали се задоволни со власта во општеството, околу 70% одговориле негативно и сметале дека сѐ оди надолу. Само една четвртина од испитаниците одговориле дека се задоволни. Но, кога истите луѓе биле прашани дали се задоволни од нивниот живот, неверојатни 85% од луѓето одговориле потврдно. Оттука би можело да се извлече заклучок дека светот е полн со луѓе кои имаат убав живот и уживаат во него. Луѓето не би прифатиле туку-така по случаен избор да го заменат нивниот живот со животот на друг човек на Земјата или во историјата, бидејќи знаат дека тие живеат многу подобро од милиони други. И покрај тоа, тие постојано ги слушаат гласовите кои тврдат дека би можеле да изгубат сѐ во секој момент.rnrnАнксиозноста е најголемото зло што му се случило на модерното општествоrnrnНа биолошко ниво, анксиозноста постои со причина. Анксиозноста делува како поттик за дејствување. Кога пештерскиот човек ќе забележел дека му снемува храна, почнувал да станува анксиозен поради тоа и тоа го мотивирало да лови. Потоа, како награда, анксиозноста се повлекувала.rnrnСовремените мас-медиуми откриле како да го искористат овој биолошки инстинкт во нивна полза. Не станува збор за теорија на заговор бидејќи не постои една заедничка цел, туку сите дејствуваат во различна насока. На пример, многу често весниците објавуваат наслови кои предизвикуваат страв од типот „Серискиот убиец може да нападне и во вашето соседство“ со цел да ги натераат луѓето да го купат весникот. Некои, пак, предизвикуваат чувство на вина поради тоа што консумирате одредени производи со помош на различни слогани, како што се веганските кампањи.rnrnОвој хор од гласови ќе ве убеди дека треба да посветувате повеќе време и енергија на вашата кариера со тоа што ќе ве натера да помислите дека сте сиромашни, но и дека треба да посветувате повеќе време и енергија на вашиот социјален живот со тоа што ќе ве натера да поверувате дека немате доволно пријатели. Гласовите ќе направат да се чувствувате лошо поради вашата телесна тежина, но истовремено ќе ве уверат дека сите урбани луѓе јадат и пијат до заборав. Тие ќе ја исмеваат вашата старомодна облека и истовремено ќе ве прекоруваат поради тоа што сте опседнати со физичкиот изглед.rnrnНо, тие не сакаат да паничите, бидејќи тоа би довело до неконтролирано однесување. Тие само сакаат да живеете со мала доза на анксиозност која ќе зуе во вашата глава како здодевна пчела 24 часа дневно. Човечкиот организам не може да ја издржи таа тортура и како последица на тоа луѓето бараат нешто што би можело да ја намали нивната анксиозност, а тоа најчесто е дрога или алкохол.rn

    Што можете да направите?

    rnСупер би било кога целиот проблем би можел да се реши само со една проста реченица. Можеби сте ја чуле реченицата „Не се замарај“, но тоа нема да ви помогне. Луѓето кои не се „замараат“ обично имаат некој кој се „замара“ наместо нив. Психолозите советуваат дека треба да го направите следново:rn

      rn011

    • Разберете дека вашето внимание е ограничено и треба да го трошите внимателно. Ако премногу се форсирате, тоа може да доведе до негативни последици.
    • rn011

    • Разберете дека поголемиот дел од работите што сакаат да ви привлечат внимание се непотребни и бескорисни. Тие се на исто рамниште со спам пораките што ги добивате на вашиот имејл. Клучот е да научите да ги филтрирате информациите.
    • rn

    rnДоколку намената на анксиозноста е да ве мотивира, тогаш мора да ја трошите на нешта што навистина би можеле да ви помогнат да постигнете позитивни резултати. Секоја друга причина за појавата на анксиозност можете да ја сметате за спам порака. Не треба да чувствувате анксиозност доколку некој се обидува да ве засрами поради физичка карактеристика на која не можете да влијаете (висина, црти на лицето). Не треба да се вознемирувате доколку се однесувате фино кон некоја личност, а таа не сака да биде во ваше друштво (не можете да влијаете врз тоа како ве доживуваат другите).rnrnАнксиозноста е најголемото зло што му се случило на модерното општествоrnrnВо случај кога чувствувате анксиозност поради нешто на кое би можеле да влијаете, но тоа би било во нечија туѓа корист, исто така се смета за непотребно. Можеби некој се обидува да ве засрами поради вашата работа или партнер иако вие сте задоволни со нив. Или, пак, некој ве осудува поради тоа што живеете живот поинаков од нивниот и имате различни интереси.rnrnЗа да ја совладате анксиозноста мора прво да се соочите со неа, да признаете дека сте анксиозни и да се запрашате дали би требало да бидете анксиозни. Доколку заклучите дека нема оправдана причина за вашата анксиозност, треба да престанете да се „замарате“.rnrnТоа не е лесно и треба да го вежбате до крајот на животот. Сепак, самото тоа што ќе препознаете каде лежи проблемот е огромен чекор, со оглед на фактот што повеќето од нас ја прифаќаат анксиозноста како неминовен дел од секојдневниот живот до тој степен што се чудиме кога отсуствува. Треба да научите да го третирате вашиот внатрешен мир како скапоцено богатство кое некој постојано се обидува да го нападне, а вие би требало инстинктивно да го браните. Наликува на некој вид боречка вештина на умот која подразбира стратешко планирање кога треба или не треба да се „замарате“.rnrnНе се обесхрабрувајте доколку оваа техника не ви успее од прва. Поентата е да не се откажувате и да ја повторувате додека не станете вистински мајстор на оваа боречка вештина на умот која може да ви помогне да го победите најголемото зло на модерното општество.

  • 11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивни

    11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивни

    Депресијата е психолошко нарушување што негативно влијае на начинот на кој се чувствувате, размислувате или пак, на тоа како се однесувате. За среќа, таа може да се лекува, но само доколку личноста ја прифати оваа состојба. Депресијата предизвикува чувства на тага и изгубен интерес за активностите во кои некогаш сте уживале. Па, тоа може да доведе до различни емоционални и физички проблеми, а исто така може во голема мера да ја намали способноста да се функционира дома и на работа. Иако симптомите на депресијата во некои случаи може да не бидат многу видливи, постојат и некои секојдневни работи кои го покажуваат тоа. rnrn11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивниrnrnНекои луѓе може лесно да ја препознаат оваа состојба, додека пак другите не. Депресивните личности најчесто не ја признаваат својата состојба пред останатите, па се обидуваат да направат сѐ што е во нивна моќ да го сокријат тоа. Доколку се сметате себеси за депресивна личност, погледнете ги овие знаци кои можеби оние околу вас не сфаќаат дека ги правите со цел да ја прикриете вашата состојба.rnrn

    1. Правите сѐ што можете за да го скриете фактот дека сте депресивни

    rnКога имате депресија, ќе се обидете дури и да се уверите себеси дека сѐ е во ред со вас. Ќе ставате лажна насмевка на лицето, каде и да одите и вашите пријатели ќе ви завидуваат на ентузијазмот и енергијата кои се чини дека секогаш ги имате. Но, вистината е дека внатрешно вие се чувствувате исцрпени, изгубени и тажни.rn

    2. Им викате на вашите најсакани

    rnМногу често се случува да им викате на оние кои воопшто не се виновни. Вие имате премногу негативна енергија во вас и понекогаш викањето е единствениот начин за да се ослободите од неа.rn

    3. Повторувате сѐ

    rnБез разлика на што се однесува, вие ги повторувате работите повторно и повторно, сѐ додека не се изморите. Вие сте перфекционист и не можете да престанете да се обидувате да ги задоволите останатите околу вас.rn

    4. Се лекувате самите

    rnДоколку се чувствувате депресивно, не можете да испиете само една чаша вино за време на вечерата. Алкохолот прави барем накратко да заборавите на вашите проблеми, па иако знаете дека ова не е вистинското решение, сакате барем една вечер да заборавите на случувањата.rn

    5. Ги откажувате плановите кои навистина сакате да ги остварите

    rnБез разлика дали тоа е свадбата на која едвај чекавте да отидете или пак концертот за кој вашите пријатели веќе долго ви зборуваат, понекогаш не би можеле да се справите со ваквите ситуации па затоа ги откажувате планирањата. Ова не значи дека вие сте сакале да го направите тоа, но во вашата ментална состојба, сѐ што ви треба е да бидете сами.rnrn11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивниrn

    6. Чувствувате болка насекаде

    rnДепресијата, исто како и анксиозноста, може да предизвика и физички симптоми. Понекогаш оваа ментална болест може да направи да чувствувате како вашето тело да тежи еден тон и како да ве болат сите коски.rn

    7. Не можете да останете будни

    rnДепресијата дефинитивно може да ви предизвика проблеми со спиењето. Може да ви биде тешко да останете будни дури и за време на денот, затоа што немате мотивација и се чувствувате премногу уморни за да направите што било.rn

    8. Јадете сѐ што ќе здогледате

    rnКога не се чувствувате ментално добро, тогаш храната може да биде единственото нешто што ви нуди удобност.rn

    9. Губите апетит

    rnИсто така може да се случи и спротивното. Со депресијата доаѓа голема загуба на енергија и ентузијазам за учествување во одредени активности. Јадењето може да биде една од тие работи.rn

    10. Правите надворешно вашиот живот да изгледа совршен

    rnНе сакате никој да се грижи за вас, па правите сѐ што можете за да ги убедите вашите пријатели дека сте добро. Објавувате позитивни статуси и слики на социјалните мрежи и избегнувате каков било знак кој може да предизвика другите да ве прашаат за вашата состојба.rnrn11 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите поради тоа што сте депресивниrn

    11. Плачете без причина

    rnПонекогаш, ќе се разбудите и ќе забележите солзи на вашето лице. Некои денови можете да бидете среќни во еден момент, а веќе наредниот да плачете без причина. Може постојано да мислите „Зошто сум тажен/а?“, „Зошто плачам?“, „Би требало да бидам среќен/а“. Но, депресијата е болест и тоа не е ваша вина.rnrnНајдобро е да го согледате своето однесување и доколку сметате дека покажувате знаци на депресија, обратете се до стручно лице. Не срамете се да разговарате за вашите проблеми, затоа што после сѐ, ќе можете животот да го гледате појасно!

  • Отворено писмо од девојка која се обидела да изврши самоубиство до сите кои поминале низ истото

    Отворено писмо од девојка која се обидела да изврши самоубиство до сите кои поминале низ истото

    Во денешно време, самоубиствените мисли се многу чест проблем кај младите луѓе иако речиси воопшто не се зборува за тоа. Депресијата има земено голем замав, но за жал не се сфаќа сериозно и се занемарува како психичко нарушување кое треба да помине само од себе. Младите луѓе кои страдаат од депресивни мисли не се осмелуваат да зборуваат за тоа од страв дека ќе бидат исмеани и несериозно разбрани. Поради тоа, тие решаваат самите да поминуваат низ тој тежок период од животот што на крајот може да доведе до помисла на самоубиство и обид за истото. Оваа девојка решила отворено да проговори за тоа како се чувствувала во тие тешки моменти, со цел да им помогне на сите кои минуваат низ истото и да ги увери дека не се сами. Во продолжение прочитајте го нејзиното трогателно и неверојатно искрено писмо…rnrnОтворено писмо од девојка која се обидела да изврши самоубиство до сите кои поминале низ истотоrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnЗдраво,rnrnСамиот факт што го читате ова е доказ дека сте живи. Знам дека тоа не го сметате за голем успех, но дозволете ми да ви кажам дека сте го направиле вистинскиот избор. Сте го направиле вистинскиот избор кога сте решиле да се борите за себеси.rnrnСте го направиле вистинскиот избор кога сте одбрале да станете од кревет без оглед на тоа колку сте сакале да се сокриете под ќебе и никогаш да не го видите сонцето надвор. Сте го направиле вистинскиот избор кога сте отишле на советување иако самата помисла на тоа ви предизвикувала чувство на немир. Сте го направиле вистинскиот избор кога сте решиле да разговарате со најблиските пријатели и семејство за тоа колку лошо се чувствувате и кога сте ја прифатиле нивната помош. Сте го направиле вистинскиот избор кога сте се одбрале себеси.rnrnСте се одбрале себеси. Зар не тоа нешто со кое сите се мачиме? Имаме проблеми со дозволувањето. Не си дозволуваме себеси да прифатиме љубов затоа што мислиме дека не ја заслужуваме. Не си дозволуваме себеси да признаеме дека ни е тешко и дека ни треба помош за да се извлечеме од бездната во која полека тонеме. Но, вие сте го направиле тој избор. Сте го направиле денес. Знам дека не е лесно да се прави тоа секој можен ден, но вие успеавте. И искрено верувам дека можете да го направите истото и утре и задутре, затоа што навистина заслужувате.rnrnЗаслужувате да се борите за себе. Заслужувате да бидете сакани. Заслужувате да одберете.rnrnДа, знам колку ви е тешко да им поверувате на овие зборови. Знам дека тешко ви е да ги проголтате, а камо ли прифатите. Но, тоа е во ред. И сите знаеме (иако понекогаш не сме целосно уверени) дека вистината победува на крајот. А вистината е дека мракот никогаш не може да ја надвладее светлината. Сенката е доказ за постоењето на сончевата светлина. Сѐ уште не можеме да ја видиме сончевата светлина затоа што сѐ уште се движиме напред-назад во навидум бесконечниот тунел. Не ги чувствуваме топлината и надежта кои ги носи сончевата светлина затоа што навидум бесконечниот тунел е мрачен, страшен и навидум непрооден исто така.rnrnНо, постои светло на крајот од тунелот и вие сте доволно силни за да стигнете до таму. И ќе успеете без разлика колку невозможно ви се чини тоа, затоа што вашата приказна вреди да се раскаже. Затоа што постојат и други ранети кои не веруваат во љубов, надеж и заздравување и вие ќе бидете тие кои ќе им кажат дека успехот не е мит. Вие самите сте го докажале тоа.rnrnДа, заздравувањето е возможно.rnrnНо, патот до него не е рамен. Ако ви кажам дека патот е само незгоден, ќе ве излажам. Ќе биде хаотично. Напнато. Многу болно. Ќе има денови кога ќе сакате да кренете раце од сѐ и да ставите крај. Ќе има денови кога состојбата ќе ви се влошува. Ќе има денови кога ќе сакате да се откажете од целиот процес и да заборавите на тоа колку далеку сте стигнале. Но, ќе продолжите понатаму без оглед на незамисливата агонија, затоа што знаете дека сите ние имаме улога на овој свет и никој не би можел да ја одигра вашата подобро од вие самите. Вие сте незаменливи.rnrnТреба со нетрпение да го очекувате вашето заздравување. И не се брзајте. Кому му е гајле ако ви се потребни години за да стигнете до таму? Никој нема право да го става вашето заздравување во временска рамка. Ќе излезете од тунелот и еден ден ќе го видите величественото сонце, а за кој ден станува збор, не е ничија грижа. Затворете ги очите и престанете да се нервирате поради туѓите зборови. Отворете ги ушите (и срцето) само за оние кои можат да ви помогнат да ја преживеете болката.rnrnДа, уште се мачите. Но, само затоа што сѐ уште се мачите тоа не значи дека не сте на правиот пат кон вашето заздравување. Таму сте. Само продолжете да одите. Само продолжете да живеете.rnrn[/message_box]

  • Неверојатни јога пози што помагаат при справување со анксиозноста и депресијата

    Неверојатни јога пози што помагаат при справување со анксиозноста и депресијата

    По долго страдање од анксиозност и депресија, кое следела по грабнувањето на своето шест месечно бебе, Хајди Вилијамс конечно нашла мир во јогата. Таа се чувствувала толку лошо што дури се обидела и да се самоубие, но сепак, практикувањето јога ѝ помогнало да го врати назад својот живот, па затоа сега сака да им помогне на оние коишто се наоѓаат во иста или слична ситуација.rnrnНеверојатни јога пози коишто помагаат при справување со анксиозноста и депресијатаrnrnОткако почнала подобро да се чувствува, таа го посветила својот живот да ги инспирира другите преку процес на самолекување, при што водела онлајн група за поддршка каде што луѓето можеле да се поврзат едни со други. Нејзината главна цел е да се прикажат терапевтски часови по јога што се специјално дизајнирани за депресија и анксиозност. Таа исто така ги користи и социјалните медиуми со цел нејзината мисија да допре до што повеќе луѓе. Нејзините Инстаграм фотографии се придружени од инспиративни цитати за оние кои сѐ уште го бараат својот емоционален мир. Погледнете дел од неверојатните јоги пози кои оваа млада девојка ги препорачува на сите.rnrn

  • Децата можат да ја наследат депресијата и анксиозноста од своите родители

    Децата можат да ја наследат депресијата и анксиозноста од своите родители

    На сите ни е познат фактот дека физичките здравствени проблеми можат да бидат наследни, па затоа лекарите постојано ги предупредуваат своите пациенти да бидат запознаени со медицинската историја на своето семејство. Но, едно неодамнешно истражување покажало дека дури и менталните болести можат да бидат наследни, а тука спаѓаат и депресијата и анксиозноста, односно, децата на родителите коишто страдаат од ментална болест, имаат предиспозиции за развој на истата.rnrnrnrnВо студијата објавена во „Зборникот на националната академија на науките“, експертите заклучиле дека децата можат да ги наследат оние делови од мозокот на своите родители коишто ги прават поподложни на развој на депресија и анксиозност. Студијата ги посочила трите области на мозокот коишто се одговорни за пренесување на анксиозноста од родителот на своето дете: Амигдалата, центарот за страв во мозокот и префронталниот кортекс, којшто луѓето го користат за размислување на повисоко ниво. Бидејќи денес нивото на стрес е значително зголемено, научниците веруваат дека следната генерација може во големи размери да доживее проблеми со менталното здравје.rn

    Како да му помогнете на дете коешто има предиспозиции за развој на депресија и анксиозност?

    rnВажно е да се има предвид дека иако во семејството има членови со депресија, не мора да значи дека и децата ќе бидат депресивни, но и обратно, децата коишто во семејството немаат лица со депресија, може да развијат депресија и анксиозност.rnrnrnrnСепак, треба да се има предвид и дека кога семејната историја бележи лица со депресија, веројатноста за децата да бидат депресивни е зголемена. Но, овде влијаат и уште многу други фактори. Како и да е, без оглед на факторите коишто може да придонесуваат за депресија или анксиозност, тие бараат долгорочно третирање. Затоа, доколку се чувствувате депресивни или пак забележувате некои симптоми кај вашето дете, разговарајте со професионални медицински лица коишто ќе ви дадат точна дијагноза и правилен третман.

  • 8 совети коишто не треба да им ги давате на депресивните луѓе

    8 совети коишто не треба да им ги давате на депресивните луѓе

    Оние кои не страдале од депресија, на оваа состојба гледаат поразлично од оние кои се соочуваат со неа. Ако сте среќници и ако во животот не сте соочиле со депресија, и покрај сите напори, вам потешко ќе ви биде да им помогнете на оние кои ја искусуваат оваа состојба. Многу совети, навидум полни со љубов, честопати се покажуваат како неефикасни. Доколку во ваша близина имате некоја личност којашто страда од депресија, обидете се да ги избегнувате овие реченици.rnrnrn

    1. „Можеби треба да се исплачеш, така сигурно ќе се чувствуваш подобро“

    rnДепресијата не е само еден момент на тага, туку тоа е постојано чувство што овозможува гледање на животот „како низ филтер“. Токму поради оваа причина, плачењето нема да им помогне на депресивните личности да се ослободат од неа. Всушност, во повеќето случаи тие ниту имаат способност, ниту пак желба за плачење.rn

    2. „Треба да се исправиш и да продолжиш – откако ќе имаш добар ден, ќе се вратиш во нормала“

    rnАко навистина сакате да им помогнете на луѓето кои страдаат од депресија, морате да сфатите дека ним им е потребен долготраен третман. Излегувањето може само привремено да им помогне, но далеку од тоа дека е вистинското решение. Можеби не можејќи да се соочите со ваквите ситуации вие ќе се откажете од плановите со нив и ќе ги оставите. Но, треба да сфатите дека тие не секогаш знаат како може да се однесуваат со вас, а токму поради тоа може да се појават проблеми во вашите пријателски врски.rn

    3. „Престанете да мислите негативно и фокусирајте се на позитивните работи околу вас“

    rnЗа жал, ова не е толку едноставно, пред сѐ поради тоа што депресијата може значително да ја наруши перцепцијата за реалноста. Всушност, на овие личности негативните мисли им се нивната реалност. Тие може да бидат толку доминантни што честопати не можат да пронајдат гордост и во нивните претходни успеси и достигнувања.rnrnrn

    4. „Не грижи се, сподели со нас како се чувствуваш и ќе ти помогне“

    rnИако понекогаш споделувањето на проблемите може значително да ја олесни ситуацијата, депресивните луѓе честопати немаат желба да ја споделуваат својата тежина со другите. Тие се многу чувствителни на оваа тема, особено ако другите не ги разбираат како се чувствуваат. Последното нешто што го сакаат е да мислат дека другите на нив гледаат како на личност која премногу драматизира. Тие се свесни за фактот дека повеќето луѓе не знаат како да реагираат на нивната состојба и дека не ги разбираат нивните чувства.rn

    5. „Смени ги дневните навики и ќе се чувствуваш подобро уште пред да сфатиш“

    rnНа депресивните луѓе им е мачна дури и дневната рутина. Едноставното станување од кревет, подготвувањето за новиот ден, јадењето, па дури и повторното легнување им стануваат измачувачки навики. Ваквите личности се премногу депресивни за да може да излегуваат и да се дружат, па затоа најчесто остануваат целосно изолирани. Дури и со третмани, лекови, вежби или пак здрава исхрана, на овие личности воопшто не им е лесно да се справат со депресијата.rn

    6. „Обиди се да бидеш позитивен, знам дека така би се чувствувал подобро “

    rnЗа жал, патот на закрепнување од депресијата може да биде долг и не е без последици. Оние кои страдаат од депресија честопати се несигурни, затоа што кога се чувствуваат добро, знаат дека веќе наредниот ден може повторно да бидат вратени назад. Ова е сосема фрустрирачко искуство, па затоа, доколку само им кажете да се обидат повторно да бидат позитивни, нема да им понудите разбирање за нивните проблеми.rnrnrn

    7. „Поставете си свои цели и фокусирајте се на нивно остварување, па тоа ќе ви помогне да излезете од рутината“

    rnДепресивните луѓе не го чувствуваат слаткото задоволство на остварувањето на своите цели на таков начин како што го чувствуваат останатите. Досадниот тон на депресијата не им дозволува да ја вратат среќата и енергијата откако ќе доживеат некој успех. Оние коишто страдаат од депресија може да бидат и најуспешни во нивното поле на делување, но успехот не секогаш ја олеснува нивната депресија.rn

    8. „Откако ќе ја вратите контролата на вашите емоции, ќе се ослободите од депресијата“

    rnТешкото нешто кај депресијата е тоа што таа станува не само емоционална, туку и физичка борба. Кога депресивните личности ќе помислат дека ја повратиле контролата на своите емоции, физичките проблеми, како што се болките, заморот, губењето апетит и слично, може да се појават повторно.rnrnАко сакате да ги разберете депресивните луѓе, треба да сфатите дека тие постојано водат борба на два фронта!

  • 10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаат

    10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаат

    Депресијата е сѐ почест проблем во денешно време и многу млади луѓе страдаат од неа. Но, и покрај нејзината голема застапеност, сѐ уште не се посветува доволно внимание на неа. Луѓето кои имаат ваков проблем не се сфатени сериозно и честопати другите мислат дека се преправаат и дека ги преувеличуваат работите. Реалноста е дека проблемот е многу посериозен отколку што мислите. Иако секој човек различно поминува низ депресијата, сепак постојат неколку универзални вистини кои можат да ви помогнат подобро да го сфатите ова нарушување. Во продолжение прочитајте кои работи треба да ги знаете за депресијата…rnrn10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаатrn

    1. Депресијата може да е генетски предодредена

    rnНајновите истражувања покажуваат дека можно е да постојат биолошки предиспозиции за појава на депресија. Пронајдени се одредени локации во човечката ДНК кои можат да се поврзат со ова нарушување. Научниците откриле дека постојат околу 15 гени кои можеби се виновници за појавата на депресија. Станува збор за истите гени кои се одговорни за развојот на невроните во мозокот.rn

    2. Депресијата е физичка болест

    rnДепресијата има многу физички симптоми кои ги надополнуваат емотивните компоненти. Луѓето со ова психичко нарушување честопати имаат промени во апетитот, главоболки и нарушен сон.rn

    3. Научниците постојано наоѓаат нови, ветувачки терапии

    rnНеодамнешните истражувања откриле дека нов вид на терапија преку разговор може да им помогне на пациентите да научат како да се справат со ситуациите кои ја поттикнуваат депресијата. Станува збор за ефикасна терапија која нема да чини многу. Одредени лекови исто така можат да бидат корисни за луѓето кои страдаат од ова психичко нарушување.rn

    4. Депресијата е многу честа појава

    rnОколу 350 милиони луѓе на глобално ниво страдаат од депресија. Таа една од најчестите психички нарушувања во светот.rn

    5. Може сериозно да влијае на работата на човекот

    rnЕден од главните симптоми на депресијата е недостатокот на мотивација, што може да остави белег на професионалниот живот на еден човек. Ова психичко нарушување значително ја намалува продуктивноста на вработените, што доведува до намалена заработка па дури и губење на работата.rnrn10 работи за депресијата кои сите треба да ги знаатrn

    6. Секому може да му се случи

    rnДепресијата, како и секое друго психичко нарушување, може да му се случи секому, без разлика на возраста, општествената класа или националната припадност. Познато е дека еден од најпопуларните комичари во светот, Робин Вилијамс, пред две години го одзема животот токму како последица од ова нарушување. Деми Ловато и тенисерот Андре Агаси исто така имаат јавно говорено за нивното искуство со депресијата.rn

    7. Постојат многу стереотипи поврзани со депресијата

    rnНегативните стереотипи кои кружат околу психичките нарушувања се многу чести. Термините за менталните заболувања се користат како навредувачки имиња или туку-така се споменуваат во секојдневните разговори. Исто така, многумина ги поврзуваат и со насилство. Сите овие предрасуди можат да доведат до лажна перцепција за психичките нарушувања.rn

    8. Многумина не зборуваат отворено за она што им се случува

    rnСтравот од осудување и срам честопати ги замолчува оние кои страдаат од психички нарушувања. Тоа може да ги спречи да побараат помош и соодветна терапија, што е особено честа појава кај мажите. Според едно истражување од 2015 година, постои голема веројатност дека мажите нема да зборуваат отворено доколку размислуваат за самоубиство.rn

    9. Во најлош можен случај може да доведе до самоубиство

    rnПсихичките нарушувања можат да бидат многу сериозни. Поради тоа, многу е важно да се добие потребната лекарска помош и сочувство од блиските. 90% од самоубиствата се последица од некакво ментално заболување.rn

    10. Депресијата не ја дефинира личноста

    rnДепресијата не е личен недостаток или маана. Идентитетот на еден поединец не зависи од неговото психичко нарушување. Менталните заболувања можат да се контролираат со вистинската терапија. Сосема возможно е да се живее среќен, здрав и исполнет живот и покрај депресијата.

  • Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?

    Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?

    Отсекогаш се сметало дека причините за депресија се првенствено невролошки или потекнуваат од мозокот, но една неодамнешна студија посочува на тоа дека коренот на депресијата може да е поврзан со бактерија пронајдена во стомакот на луѓето. Лекарите и нутриционистите уште одамна ги поврзувале мозокот и цревата. Некои истражувања потврдуваат дека стомакот си има свој посебен невролошки систем. Според британскиот нутриционист Ив Калиник мозокот и цревата се директно поврзани преку одреден нерв, што објаснува зошто чувствуваме „пеперутки во стомакот“ кога се соочуваме со стресни и провокативни ситуации.rnrn(1) Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?rn

    Како таа бактерија во стомакот предизвикува депресија?

    rnНаучниците успеале да откријат дека причините за депресија, анксиозност и други детски болести, како што се аутизмот и хиперактивноста, се поврзани со гастринтестинални абнормалности. Како и останатите хронични болести, дебелина, срцеви заболувања, рак и дијабетес, депресијата првенствено е воспалителна состојба. Односно, да бидеме попрецизни, воспаление во цревата е коренот на депресијата.rnrnОва откритие има потенцијал да изврши големо влијание во областа на медицината и да значи чекор нанапред кон ефективното третирање и можното излекување на луѓето со депресија. Иако, секогаш кога ќе почувствувате симптоми на депресија треба да се обратите на лекар и да побарате соодветен третман, можете и дома, со промена на начинот на исхрана да си го подобрите, како физичкото, така и менталното здравје.rn

    Начин на исхрана

    rn(2) Семето на депресијата лежи во стомакот, а не во мозокот?rnrnПостојат неколку начини на кои можете да ги намалите лошите бактерии во вашите црева и да создадете плодна основа за развој на добрите бактерии.rn

      rn011

    • Јадете свежа храна – Свежата храна полна со хранливи витамини, минерали и протеини ќе овозможи полесна работа на вашите црева. Избегнувајте или сведете ја на минимум преработената храна.
    • rn011

    • Избегнувајте храна со вештачки шеќери – Оваа храна содржи многу вештачки хемикалии и додатоци кои ја нарушуваат работата на флората во вашите црева. Таа ја оптоварува работата на цревата и му праќа сигнал на вашиот мозок дека сте гладни, поради што често ќе се прејадувате.
    • rn011

    • Консумирајте здрави масти и протеини – Не значи дека сите масти се нездрави за вашето тело. Научниците посочуваат дека мастите што ги содржат пилешкото и мисиркиното месо, бразилските оревчиња, јајцата, авокадото и рибиното масло имаат големо позитивно влијание врз нашето ментално здравје. Тие се извор на важни аминокиселини, витамини и минерали, кои ја поттикнуваат работата на мозокот.
    • rn011

    • Големо количество витамин Д – Витаминот Д е многу важен за развојот и работата на мозокот, а неговиот недостаток често се поврзува со депресија и други нарушувања на расположението кај луѓето. Сонцето, житарките, лебот, природно цедените сокови и млекото се големи извори на овој витамин.
    • rn011

    • Избегнувајте ги вештачките додатоци во исхраната – Ова е особено важно, затоа што речиси сите хранливи материи кои му се потребни на нашиот организам, можеме да ги пронајдеме во продукти од природата. Наместо да ги оптоваруваме цревата со вештачки додатоци, зошто да не применуваме здрава храна, којашто лесно се вари и е полна со здравје?
    • rn

  • Едноставна вежба која ќе ви помогне да ги урамнотежите вашите мисли кога се чувствувате депресивно

    Едноставна вежба која ќе ви помогне да ги урамнотежите вашите мисли кога се чувствувате депресивно

    Нормално дека не може секоја секунда од денот да ви биде исполнета со насмевки и сонце. Ќе се соочувате со многу предизвици и одвреме-навреме ќе се чувствувате лошо. Без тие падови не би ги ценеле успесите, така што не очајувајте ако понекогаш животот ви е тежок. Наместо тоа, кога ќе ви се случува нешто што не ви се допаѓа баш, запаметете дека можете и од тоа искуство да научите нешто и да созреете. Важно е да го урамнотежите вашиот ум, така што нема да ѝ дозволите на негативноста да доминира со вашето размислување.rnrnЕдноставна вежба која ќе ви помогне да ги урамнотежите вашите мисли кога ќе се чувствувате депресивноrn

    Како да го направите тоа?

    rnЌе се изненадите од тоа колку е всушност едноставно. Идејата потекнува од психијатарот Виктор Франкл кој говорел за процесот „од волја до смисла“. Тој предлага наместо ние да очекуваме нешто од животот, да се запрашаме што очекува животот од нас.rnrnВо нацистичкиот концентрационен логор тој бил сведок на човечката способност да пронајде смисла во животот, дури и во случај на најголема мака и патење. Тој го искористил неговото искуство за да изгради сопствен начин на психотерапија, позната како логотерапија.rnrnПоентата е следнава: Треба да се обидете да ја сфатите смислата на секој момент во животот, без оглед на тоа дали искуството е негативно, неутрално или позитивно.rnrnТрите магични збора кои ќе ви помогнат наредниот пат кога ќе почувствувате очај и пустош се: „Гледам смисла во…“rnrnОткако ќе ги изговорите овие зборови, обидете се ја да завршите реченицата со тоа што ќе пронајдете смисла во вашата ситуација. Без оглед на тоа колку лошо ви изгледа целата ситуација, секогаш постои ронка позитивност скриена во секој момент. Сѐ што треба да направите е да ја пронајдете.rnrnОвие три збора можат да ви помогнат да ги надминете мрачните времиња со кои се соочувате и подобро да го разберете планот што универзумот го има за вас.rnrnМорате да се запрашате: „Во овој момент, додека се соочувам со овие предизвици, што очекува животот од мене?“rnrnПонекогаш животот ќе очекува да бидете тажни и да тагувате поради вашата загуба, да почувствувате очај. Но, кога еднаш ќе сфатите дека постои смисла и во вашата мака, многу полесно ќе ја поднесете. Не ги заборавајте овие зборови и довршувајте ја реченицата секогаш кога ќе поминувате низ тежок период во животот.

  • Моќни цитати кои ќе ви помогнат да ја победите депресијата

    Моќни цитати кои ќе ви помогнат да ја победите депресијата

    Сите луѓе понекогаш се чувствуваат депресивни, осамени или едноставно чувствуваат омраза кон сѐ без никаква причина. Тоа е неизбежен дел од животот. Начинот на кој одбираме да се соочиме со тешкотиите го открива нашиот вистински карактер и ја гради нашата личност. Доколку се наоѓате во тежок период од вашиот живот, прочитајте ги следниве неколку цитати кои говорат за тоа колку е убав животот дури и во најстрашното невреме…rnrnМоќни цитати кои ќе ви помогнат да ја победите депресијатаrn

    „Со позитивен став вие ќе можете да владеете со околностите, наместо околностите да владеат со вас.“ – Џојс Мајер

    rnИ на најдобрите им се случува да се најдат во тешка ситуација, но она што тие го разбираат подобро од останатите е внатрешната контрола која ја поседуваат и негуваат. Не можете да контролирате ништо друго освен себеси, па затоа владејте одлучно со вашиот живот.rn

    „Човекот е склон кон набројување на неговите проблеми, но тој не ги набројува неговите радости. Кога би ги набројувал како што треба, тогаш би сфатил дека секој има доволно среќа во животот.“ – Фјодор Достоевски

    rnДоколку имате проблем, се плашите и не знаете што да направите, направете листа на нештата за кои сте благодарни. Набројте најмалку 20 примера на големи луѓе во вашиот живот и 60 до 80 аспекти од вашиот живот кои ги цените. На почетокот можеби ќе ви биде тешко, но бидете упорни и ќе ја завршите листата.rn

    „Најголемиот степен на внатрешен мир доаѓа од развојот на љубовта и сочувството. Што повеќе се грижиме за среќата на другите, толку поголемо ќе биде нашето сопствено чувство на благосостојба.“ – Тенцин Ѓацо

    rnДоколку не сте го доживеале ова, време е за еден експеримент. Кога ќе се чувствувате многу тажни, наместо да се фокусирате на вашите проблеми, помогнете му на некого. Можете да му помогнете на вашиот постар сосед да го исчисти дворот или едноставно да му бидете рамо за плачење на вашиот пријател.rn

    „Карактерот не може да се развие во едноставност и тишина. Само преку постојаните обиди и патење ќе можете да ја направите душата посилна, да ја зголемите вашата амбиција и да постигнете успех.“ – Хелен Келер

    rnНесреќата е арена во која се соочуваме со непознатото, со нашите стравови. Мораме да го живееме животот под негови услови и правила, а тоа ќе ни помогне да созрееме и да постигнеме личен развој.rn

    „Бисерот е убава работа која настанала од оштетениот живот. Тој е солза на школката создадено од нејзините повреди и рани. Вредноста на нашето постоење на овој свет исто така настанува од оштетениот живот. Да не сме биле ранети и повредени, не би го произвеле бисерот.“ – Стефан Хелер

    rnНеочекуваните и негативните аспекти од нашиот живот се оние кои можат да не натераат да станеме подобри и посилни. Се зависи од перспективата: Дали проблемот ќе го гледате како можност или пречка?rnrnМоќни цитати кои ќе ви помогнат да ја победите депресијатаrn

    „Понекогаш радоста е извор на вашата насмевка, но понекогаш и вашата насмевка може да биде извор на вашата радост.“ – Тик Нат Хан

    rnПреправајте се, сѐ додека тоа не стане вашата реалност. Ако ништо друго, смеењето е заразно и несомнено е дека спонтаните насмевки го подобруваат расположението.rn

    „Добриот хумор е тоник за умот и телото. Тоа е најдобриот лек за анксиозност и депресија. Тој ги привлекува и ги задржува пријателите. Ги олеснува човечките тешкотии. Тој е рамниот пат до спокојот и задоволството!“ – Гринвил Клајсер

    rnХуморот е една од најголемите сили. За некој да се насмее, мора да имате позитивни намери и свесност за ситуацијата и личноста. Треба да бидете свесни за добрите и лошите елементи во околината. Откако ќе се случи тоа, сите податоци ќе бидат признаени и ослободени низ смеа.rn

    „Дојде денот кога ризикот да се остане во цврстата пупка е поболен од ризикот да се расцути.“ – Анаис Нин

    rnПромената е единствената константа во универзумот. На крајот, сѐ ќе биде принудено на промена. Вашата депресија нема да трае засекогаш, иако тоа сега можеби не ви изгледа така. Кога ќе станете свесни за вашата ситуација, засадете го семето на промена во неа и поттикнете го да расте под ваши услови.rn

    „Најубавите луѓе кои сме ги запознале се луѓето кои почувствувале што е пораз, болка, борба и загуба и сепак го пронашле својот пат. Тие поседуваат благодарност, чувствителност и разбирање за животот, кој ги исполнува со сочувство и длабока грижлива љубов. Најубавите луѓе не станале најубави туку-така!“ – Елизабет Кублер-Рос

    rnГолемиот број на емоции кои една личност ги има доживеано е видлив дури и за странците кои секојдневно ве одминуваат. Депресијата може да ве направи слаби, но по некое време ќе морате да станете од кревет и да се вратите назад во светот. Враќањето секој пат е сѐ потешко и потешко, а понекогаш не сте ни сигурни дека го поседувате она што е потребно за да успеете. Сепак, тука сте. Треба да бидете горди што го разбирате тој дел од себе и што се борите против него. Вашата внатрешна личност ќе станува сѐ посилна со секој нареден пат кога ќе се извлечете од калта и ќе зачекорите кон светлата иднина.